Али Амхети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ali-amheti/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 09:58:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Али Амхети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ali-amheti/ 32 32 Taравари го брани, Ахмети го напаѓа Курти за изјавата за Законот за јазици https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-go-brani-ahmeti-go-napaga-kurti-za-izjavata-za-zakonot-za-jazitsi/ Tue, 19 Nov 2024 08:54:33 +0000 https://republika.mk/?p=839470

Арбен Таравари, министер за здравство во  Македонија, изјави дека косовскиот премиер Албин Курти не згрешил кога зборувал за улогата на албанскиот јазик во Македонија, додавајќи дека барањето е да се промени законот.

Според Таравари, во законот за јазици е прецизирано дека службен јазик се смета јазикот што го зборуваат повеќе од 20 отсто од населението, а според него, барањето е да се отстрани процентот.

Таравари, претседател на партијата Алијанса за Албанците, додаде дека проблемот е во три члена од Законот за јазиците.

„Премиерот Албин Курти беше коректен, тоа не е Законот за албански јазик. Во Уставот на Македонија, службен јазик е македонскиот јазик, и јазикот кој го зборуваат повеќе од 20 проценти од населението. Во законот е вклучен и албанскиот јазик. Стратешката грешка е што не инсистиравме во одредени моменти да се повлечат 20-те проценти“, рече Таравари во „Интерактив“ на КТВ.

Тој го обвини албанскиот политичар Али Ахмети дека не направил ништо во овој поглед, додавајќи дека тој бил на власт во изминатите години.

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, реагираше до премиерот на Косово, Албин Курти во врска со неговите коментари за Законот за јазиците.

Лидерот Ахмети истакна дека Охридскиот договор е постигнат со крвта на мачениците и е оживеан со најдобрите синови на ОВК кои го продолжија својот идеал во ДУИ, „додека ДУИ е жива, во опозиција или на позиција, нема да толерираме да биде погоден Охридскиот договор’.

The post Taравари го брани, Ахмети го напаѓа Курти за изјавата за Законот за јазици appeared first on Република.

]]>

Арбен Таравари, министер за здравство во  Македонија, изјави дека косовскиот премиер Албин Курти не згрешил кога зборувал за улогата на албанскиот јазик во Македонија, додавајќи дека барањето е да се промени законот. Според Таравари, во законот за јазици е прецизирано дека службен јазик се смета јазикот што го зборуваат повеќе од 20 отсто од населението, а според него, барањето е да се отстрани процентот. Таравари, претседател на партијата Алијанса за Албанците, додаде дека проблемот е во три члена од Законот за јазиците.
„Премиерот Албин Курти беше коректен, тоа не е Законот за албански јазик. Во Уставот на Македонија, службен јазик е македонскиот јазик, и јазикот кој го зборуваат повеќе од 20 проценти од населението. Во законот е вклучен и албанскиот јазик. Стратешката грешка е што не инсистиравме во одредени моменти да се повлечат 20-те проценти“, рече Таравари во „Интерактив“ на КТВ.
Тој го обвини албанскиот политичар Али Ахмети дека не направил ништо во овој поглед, додавајќи дека тој бил на власт во изминатите години. Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, реагираше до премиерот на Косово, Албин Курти во врска со неговите коментари за Законот за јазиците. Лидерот Ахмети истакна дека Охридскиот договор е постигнат со крвта на мачениците и е оживеан со најдобрите синови на ОВК кои го продолжија својот идеал во ДУИ, „додека ДУИ е жива, во опозиција или на позиција, нема да толерираме да биде погоден Охридскиот договор’.

The post Taравари го брани, Ахмети го напаѓа Курти за изјавата за Законот за јазици appeared first on Република.

]]>
Големо албанско и мало македонско знаме на средбата на Ахмети со ЕУ амбасадорот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/golemo-albansko-i-malo-makedonsko-zname-na-sredbata-na-ahmeti-so-eu-ambasadorot/ Thu, 07 Nov 2024 10:01:21 +0000 https://republika.mk/?p=835073

Претседателот на ДУИ Али Ахмети во седиштето на партијата во Тетово се сретна со евроамбасадорот Михалис Рокас.

Ахмети и Рокас, како што информира ДУИ, разговараа за сите политички прашања во нашата земја, за неопходните реформи за европска интеграција, за легитимитетот и Охридскиот договор и за изборите во Македонија.

Ахмети, како што се наведува, го информира амбасадорот Рокас дека ДУИ е партија која ни за момент не се колеба од својата евроатланска определеност и ориентација.

- За нас евроинтеграциите се без алтернативи и ДУИ дава целосна поддршка за продолжување на преговорите и спроведување на реформите без никакво одлагање и со политички консензус, изјавил Ахмети.

Во однос на Охридскиот договор, Ахмети потсети дека ЕУ и САД се гаранти на мировниот договор и дека меѓуетничките односи се, како што се наведува, многу оптоварени со непромислените чекори на владата во однос на албанскиот јазик, етничката припадност, правичната и соодветна застапеност итн.

- Македонија и Македонците не изгубија ништо од рамноправноста со Албанците, а државата воопшто не е загрозена од спроведувањето на Охридскиот договор. Политичкиот дијалог во државата мора да го почитува изборниот легитимитет на легитимните претставници на етничките заедници бидејќи тоа овозможува стабилност, безбедност и социјална кохезија, се вели во соопштението.

Ахмети, како што се наведува, повтори дека решението за оваа тешка ситуација се заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година

The post Големо албанско и мало македонско знаме на средбата на Ахмети со ЕУ амбасадорот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ДУИ Али Ахмети во седиштето на партијата во Тетово се сретна со евроамбасадорот Михалис Рокас. Ахмети и Рокас, како што информира ДУИ, разговараа за сите политички прашања во нашата земја, за неопходните реформи за европска интеграција, за легитимитетот и Охридскиот договор и за изборите во Македонија. Ахмети, како што се наведува, го информира амбасадорот Рокас дека ДУИ е партија која ни за момент не се колеба од својата евроатланска определеност и ориентација.
- За нас евроинтеграциите се без алтернативи и ДУИ дава целосна поддршка за продолжување на преговорите и спроведување на реформите без никакво одлагање и со политички консензус, изјавил Ахмети.
Во однос на Охридскиот договор, Ахмети потсети дека ЕУ и САД се гаранти на мировниот договор и дека меѓуетничките односи се, како што се наведува, многу оптоварени со непромислените чекори на владата во однос на албанскиот јазик, етничката припадност, правичната и соодветна застапеност итн.
- Македонија и Македонците не изгубија ништо од рамноправноста со Албанците, а државата воопшто не е загрозена од спроведувањето на Охридскиот договор. Политичкиот дијалог во државата мора да го почитува изборниот легитимитет на легитимните претставници на етничките заедници бидејќи тоа овозможува стабилност, безбедност и социјална кохезија, се вели во соопштението.
Ахмети, како што се наведува, повтори дека решението за оваа тешка ситуација се заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година

The post Големо албанско и мало македонско знаме на средбата на Ахмети со ЕУ амбасадорот appeared first on Република.

]]>
Ахмети се жали кај Рама, Макрон и Шолц зошто не е во властa https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-se-zhali-kaj-rama-makron-i-sholts-zoshto-ne-e-vo-vlasta/ Sun, 27 Oct 2024 15:41:13 +0000 https://republika.mk/?p=831429

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, испратил писма до претседателот и премиерот на Албанија, Бајрам Бегај и Еди Рама, претседателката и премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албин Курти, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, канцеларот на Германија Олаф Шолц, претседателот на Франција Емануел Макрон и државниот секретар на САД Ентони Блинкен.

Во овие писма, како што соопшти ДУИ, Ахмети ја изразува својата длабока загриженост за најновите политички и уставни случувања во Македонија, кои, како што се посочува, ги загрозуваат достигнувањата на Охридскиот договор и принципите на еднаквост и стабилност во мултиетничката држава.

- Ахмети истакнува дека трите последни одлуки – плановите за укинување на Законот за употреба на јазиците, забраната за идентификација на етничката припадност во државните институции и формирањето на владејачко мнозинство без праведна застапеност на етничките заедници – претставуваат сериозни закани за мирот и стабилноста на земјата и регионот во целина. Тој повикува на заедничка акција на меѓународните лидери за заштита на достигнувањата на Охридскиот договор и правата на Албанците во Македонија, стои во соопштението.

За илустрирање на содржината на овие писма, кон соопштението е придружено писмото испратено до премиерот на Албанија, Еди Рама. Во него стои дека вознемирувачките планови, најавени од самата Влада, дека Уставниот суд ќе ги укине основните одредби на Законот за употреба на јазиците, кои го утврдија албанскиот јазик  како еднаков службен јазик според Амандманот 5 на Уставот, претставуваат сериозен удар врз Охридскиот договор, еднаквоста, меѓуетничката хармонија и стабилноста во земјата.

Се посочува на одлуката на Уставниот суд за забрана на идентификацијата на етничката припадност на граѓаните во државните институции, која се наведува, го крши принципот на колективни права на етничките заедници и, со тоа, ги поништува основните механизми на балансер и принципот на Бадинтер, кои се во сржта на Охридскиот договор. Уставниот суд, се посочува понатаму, со укинувањето на изјавувањето на етничката припадност, го крши самиот Устав, чии основни вредности вклучуваат праведна и соодветна застапеност, и нè враќа во состојбата пред Охридскиот мировен договор.

Во писмото Ахмети укажува и на, според него, прекршувањето на принципите на Охридскиот договор во однос на формирањето на политичкото мнозинство без праведна застапеност на етничките заедници по последните избори

The post Ахмети се жали кај Рама, Макрон и Шолц зошто не е во властa appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, испратил писма до претседателот и премиерот на Албанија, Бајрам Бегај и Еди Рама, претседателката и премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албин Курти, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, канцеларот на Германија Олаф Шолц, претседателот на Франција Емануел Макрон и државниот секретар на САД Ентони Блинкен. Во овие писма, како што соопшти ДУИ, Ахмети ја изразува својата длабока загриженост за најновите политички и уставни случувања во Македонија, кои, како што се посочува, ги загрозуваат достигнувањата на Охридскиот договор и принципите на еднаквост и стабилност во мултиетничката држава.
- Ахмети истакнува дека трите последни одлуки – плановите за укинување на Законот за употреба на јазиците, забраната за идентификација на етничката припадност во државните институции и формирањето на владејачко мнозинство без праведна застапеност на етничките заедници – претставуваат сериозни закани за мирот и стабилноста на земјата и регионот во целина. Тој повикува на заедничка акција на меѓународните лидери за заштита на достигнувањата на Охридскиот договор и правата на Албанците во Македонија, стои во соопштението.
За илустрирање на содржината на овие писма, кон соопштението е придружено писмото испратено до премиерот на Албанија, Еди Рама. Во него стои дека вознемирувачките планови, најавени од самата Влада, дека Уставниот суд ќе ги укине основните одредби на Законот за употреба на јазиците, кои го утврдија албанскиот јазик  како еднаков службен јазик според Амандманот 5 на Уставот, претставуваат сериозен удар врз Охридскиот договор, еднаквоста, меѓуетничката хармонија и стабилноста во земјата. Се посочува на одлуката на Уставниот суд за забрана на идентификацијата на етничката припадност на граѓаните во државните институции, која се наведува, го крши принципот на колективни права на етничките заедници и, со тоа, ги поништува основните механизми на балансер и принципот на Бадинтер, кои се во сржта на Охридскиот договор. Уставниот суд, се посочува понатаму, со укинувањето на изјавувањето на етничката припадност, го крши самиот Устав, чии основни вредности вклучуваат праведна и соодветна застапеност, и нè враќа во состојбата пред Охридскиот мировен договор. Во писмото Ахмети укажува и на, според него, прекршувањето на принципите на Охридскиот договор во однос на формирањето на политичкото мнозинство без праведна застапеност на етничките заедници по последните избори
 
The post Ахмети се жали кај Рама, Макрон и Шолц зошто не е во властa appeared first on Република.

]]>
Ахмети: Албанците се радуваа на одвојувањето од Југославија и ја креваа надежта за изградба на нова држава еднаква за сите, но тоа не се случи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-albantsite-se-raduvaa-na-odvojuvaneto-od-jugoslavija-i-ja-krevaa-nadezhta-za-izgradba-na-nova-drzhava-ednakva-za-site-no-toa-ne-se-sluchi/ Sun, 08 Sep 2024 15:05:36 +0000 https://republika.mk/?p=814420

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети по повод 33-годишнината од независноста на Македонија со статус на својата Фејсбук страница упати порака до политичките елити да работат за почит и еднаквост помеѓу заедниците.

-Пред 33 години Албанците се радуваа на одвојувањето од Југославија и ја креваа надежта за изградба на нова држава еднаква за сите. Но, тоа не се случи, новата македонска држава го продолжи српското наследство во Југославија, третирајќи ги Албанците како граѓани од втор ред. Ова доведе до војната во 2001 година и Охридскиот мировен договор. 23 години подоцна, гледаме дека сè уште има тенденции за мајоризација, за непочитување на демократската волја на Албанците од страна на партијата што ја претставува мнозинската заедница, за нарушување на етничкиот легитимитет со цел да се создадат слуги кај Албанците за нивната моноетничка политика.

Затоа, на оваа годишнина од независноста, ценам дека македонските политички елити треба да бидат свесни за големата одговорност што ја имаат во градењето на државата, почитувајќи ја политичката волја на Албанците и еднаквоста, бидејќи оваа држава ни припаѓа на сите нас и не може да биде изграден без почитуван етнички легитимитет, порачува Ахмети, стои во соопштението од ДУИ

The post Ахмети: Албанците се радуваа на одвојувањето од Југославија и ја креваа надежта за изградба на нова држава еднаква за сите, но тоа не се случи appeared first on Република.

Ахмети бара да го смениме Уставот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-bara-da-go-smenime-ustavot/ Tue, 19 Mar 2024 14:37:30 +0000 https://republika.mk/?p=756375

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска изјави дека продолжуваат да преговораат со сите партии кои не се дел од албанската опозиција за постигнување коалициски договор за приклучување на Европскиот фронт.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dui-objavi-deka-e-mozhno-da-ima-nemiri-po-izborite/

- Има време, уште сме во преговори и со други партии. Тоа е процес кој е отворен подолго време. Веруваме дека во иднина како што го направивме овој важен, како што рече и Зејид, историски настан, да продолжиме во следните денови...Зборуваме со сите и со Алијанса и со Тачи и со Аријанит Хоџа и со Турската партија, со Бошњачката партија, со Ромската партија за да се приклучат на овој фронт, рече Ахмети на новинарско прашање по промоцијата на колицискиот договор со Движењето на народот на Скендер Реџепи Зејид.

Прашан во однос на Законот за рестриктивните мерки по последното дополнување на „црната листа“ на Стејт департментот на САД, Ахмети рече дека Законот е во Собрание, но е блокиран, и изрази уверување дека во иднина ќе помине.

-Ние не ја оспоруваме одлуката на Стејт департментот апсолутно и ќе прифаќаме секаква проценка што ја прави Стејт департментот. САД за нас е најважниот стратешки партнер како што е и ЕУ, рече Ахмети на прашање во врска со градоначланикот на Струга Рамиз Мерко, кој исто така се наоѓа на „црната листа“ на САД, а се уште е активен.

The post Ахмети бара да го смениме Уставот appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска изјави дека продолжуваат да преговораат со сите партии кои не се дел од албанската опозиција за постигнување коалициски договор за приклучување на Европскиот фронт. https://republika.mk/vesti/makedonija/dui-objavi-deka-e-mozhno-da-ima-nemiri-po-izborite/