алфи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alfi/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Jun 2023 12:10:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png алфи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alfi/ 32 32 Го казнувале во ладна када, бил пронајден со над 50 повреди – осудени за убиство родителите на Алфи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/go-kaznuvale-vo-ladna-kada-bil-pronajden-so-nad-50-povredi-osudeni-za-ubistvo-roditelite-na-alfi/ Fri, 16 Jun 2023 14:12:52 +0000 https://republika.mk/?p=650911

Мајка и очув се осудени за убиство на деветгодишниот Алфи Стил, кој почина по континуирано малтретирање. На судот во Ковентри, Англија, Дирк Хауел беше прогласен за виновен за убиство, а Карла Скот за убиство од небрежност, пренесува „Sky News“.

Станува збор за мачен случај од почетокот на 2021 година, кога малиот Алфи бил пронајден со 50 повреди, вклучително и модринки по целото тело и знаци дека бил лишен од кислород.

На судењето беше објавено дека откако неговата мајка се запознала со Хауел, Алфи „трпел напади и суровост, бил тепан, казнуван со ладна вода и принуден да живее живот како што ниедно дете не треба да живее“.

Мајката на Алфи се јавила на Брза помош на 18 февруари 2021 година и пријавила дека нејзиниот син не дише. Таа тврдела дека тој заспал во кадата во нивниот дом.

Кога пристигнала полицијата, Хауел не бил дома.

Мајката им рекла на полицајците дека го нашла Алфи „потопен“ во кадата, додавајќи дека тој претходно „се удрил во глава“. Детето не давало знаци на живот, а телото му било замрзнато.

Таа ја излажала полицијата дека последен пат го видела Хауел неколку дена пред трагедијата. Сепак, снимките од надзорните камери покажаа дека тој избегал од куќата околу времето кога била повикана полиција. Тој бил уапсен кратко време подоцна додека се обидувал да се качи на воз.

Карла Скот и нејзиниот партнер пред судот изјавиле дека сметаат дека било „прифатливо“ да се удира Алфи со ремен или да се казни на сличен начин.

Овие казни, меѓу другото, вклучувале и „потопување во ладни бањи“ или принудување на детето да стои надвор среде ноќ, по што би го полеале со студена вода.

На судењето беше пуштена снимката на соседот на која се слуша како Алфи постојано вика и ја моли мајка му да му ја отвори вратата откако ќе бил исфрлен од куќата.

Случајот со ова семејство им бил познат на надлежните служби, вклучително и на службата за социјална работа, бидејќи една година пред смртта на Алфи, соседите веќе пријавиле загриженост за момчето.

Еден сосед пред три години рекол дека детето стои како статуа во дворот, а други соседи пријавиле дека нешто чудно се случува во таа куќа.

Во август 2020 година, половина година пред да умре Алфи, друг сосед се јавил во полиција и пријавил дека „звучи како соседите да му прават нешто лошо на своето дете во кадата, како навистина да го повредуваат“.

Социјалните работници наредиле на Хауел да не му е дозволено да преноќува во куќата, но тој и Карла постојано ја прекршувале забрната. Се размислувало и да се преземе старателство од мајката, но тоа отфрлено бидејќи во тој период таа соработувала со надлежните служби.

Во меѓувреме, започна независна ревизија на практиките за заштита на децата за да се утврди дали можело да се направи повеќе за да се заштити Алфи.

The post Го казнувале во ладна када, бил пронајден со над 50 повреди – осудени за убиство родителите на Алфи appeared first on Република.

]]>

Мајка и очув се осудени за убиство на деветгодишниот Алфи Стил, кој почина по континуирано малтретирање. На судот во Ковентри, Англија, Дирк Хауел беше прогласен за виновен за убиство, а Карла Скот за убиство од небрежност, пренесува „Sky News“. Станува збор за мачен случај од почетокот на 2021 година, кога малиот Алфи бил пронајден со 50 повреди, вклучително и модринки по целото тело и знаци дека бил лишен од кислород. На судењето беше објавено дека откако неговата мајка се запознала со Хауел, Алфи „трпел напади и суровост, бил тепан, казнуван со ладна вода и принуден да живее живот како што ниедно дете не треба да живее“. Мајката на Алфи се јавила на Брза помош на 18 февруари 2021 година и пријавила дека нејзиниот син не дише. Таа тврдела дека тој заспал во кадата во нивниот дом. Кога пристигнала полицијата, Хауел не бил дома. Мајката им рекла на полицајците дека го нашла Алфи „потопен“ во кадата, додавајќи дека тој претходно „се удрил во глава“. Детето не давало знаци на живот, а телото му било замрзнато. Таа ја излажала полицијата дека последен пат го видела Хауел неколку дена пред трагедијата. Сепак, снимките од надзорните камери покажаа дека тој избегал од куќата околу времето кога била повикана полиција. Тој бил уапсен кратко време подоцна додека се обидувал да се качи на воз. Карла Скот и нејзиниот партнер пред судот изјавиле дека сметаат дека било „прифатливо“ да се удира Алфи со ремен или да се казни на сличен начин. Овие казни, меѓу другото, вклучувале и „потопување во ладни бањи“ или принудување на детето да стои надвор среде ноќ, по што би го полеале со студена вода. На судењето беше пуштена снимката на соседот на која се слуша како Алфи постојано вика и ја моли мајка му да му ја отвори вратата откако ќе бил исфрлен од куќата. Случајот со ова семејство им бил познат на надлежните служби, вклучително и на службата за социјална работа, бидејќи една година пред смртта на Алфи, соседите веќе пријавиле загриженост за момчето. Еден сосед пред три години рекол дека детето стои како статуа во дворот, а други соседи пријавиле дека нешто чудно се случува во таа куќа. Во август 2020 година, половина година пред да умре Алфи, друг сосед се јавил во полиција и пријавил дека „звучи како соседите да му прават нешто лошо на своето дете во кадата, како навистина да го повредуваат“. Социјалните работници наредиле на Хауел да не му е дозволено да преноќува во куќата, но тој и Карла постојано ја прекршувале забрната. Се размислувало и да се преземе старателство од мајката, но тоа отфрлено бидејќи во тој период таа соработувала со надлежните служби. Во меѓувреме, започна независна ревизија на практиките за заштита на децата за да се утврди дали можело да се направи повеќе за да се заштити Алфи.

The post Го казнувале во ладна када, бил пронајден со над 50 повреди – осудени за убиство родителите на Алфи appeared first on Република.

]]>
Џолев: Барањето на Агим Ислами од случајот „Алфа” ќе се процесуира откако Aпелација ќе одлучи по жалба на сообвинет https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dzolev-baranjeto-na-agim-islami-od-sluchajot-alfa-kje-se-procesuira-otkako-apelacija-kje-odluchi-po-zalba-na-soobvinet/ Wed, 11 May 2022 14:35:39 +0000 https://republika.mk/?p=501084

Се додека Апелациониот суд – Скопје, не донесе пресуда по жалбата поднесена од обвинетиот Алмир Дрпљанин, Кривичниот суд – Скопје не може да постапува по барањето за повторување на постапката за случајот „Алфа”, поднесено од одбраната на Агим Ислами, осуден на доживотна казна затвор за нападот и убиството на припадник на единицата Алфа во ноември 2008-та година на паркингот пред Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Претседателот на Основен Кривичен суд – Скопје, Иван Џолев, на новинарско прашање дали е разгледано новото вештачење, новите докази поднесени од одбраната на осудениот Ислами, изјави дека во моментот предметот во врска со случајот „Алфа” се наоѓа во Апелациониот суд каде во втор степен треба да се одлучува по жалба на еден од сообвинетите, односно за Алмир Дрпљанин.

Истиот момент кога ќе биде изготвена пресудата во Апелациониот суд, ние ќе постапиме по барањето за повторување на постапката. Ќе го процесуираме, каква ќе биде одлуката не знам. Меѓутоа ќе се постапи по барањето за повторување, ќе се разгледа и доколку има основ ќе донесеме одлука соодветна, истакна Џолев одговарајќи на новинарско прашање по свеченоста организирана за приемот на осмата генерација слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители.

Јануари годинава од мозочен удар во затворот почина Реџаил Ќерими, кој заедно со Ислами беше осуден на доживотна затворска казна за случајот со нападот на полициските „Алфи“ кај ПМФ.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-redzail-kjerimi-osuden-na-dozivoten-zatvor-za-napadot-kaj-pmf/

На 26 ноември 2008 година, на паркингот на Математичко-природниот факултет во Скопје, во вооружен напад на полициските „Алфи“ еден припадник загина, а двајца негови колеги со кои бил на патрола беа повредени. Во април 2010 година, Реџаил Ќерими и Агим Ислами беа осудени на доживотен затвор.

The post Џолев: Барањето на Агим Ислами од случајот „Алфа” ќе се процесуира откако Aпелација ќе одлучи по жалба на сообвинет appeared first on Република.

]]>

Се додека Апелациониот суд – Скопје, не донесе пресуда по жалбата поднесена од обвинетиот Алмир Дрпљанин, Кривичниот суд – Скопје не може да постапува по барањето за повторување на постапката за случајот „Алфа”, поднесено од одбраната на Агим Ислами, осуден на доживотна казна затвор за нападот и убиството на припадник на единицата Алфа во ноември 2008-та година на паркингот пред Природно-математичкиот факултет во Скопје. Претседателот на Основен Кривичен суд – Скопје, Иван Џолев, на новинарско прашање дали е разгледано новото вештачење, новите докази поднесени од одбраната на осудениот Ислами, изјави дека во моментот предметот во врска со случајот „Алфа” се наоѓа во Апелациониот суд каде во втор степен треба да се одлучува по жалба на еден од сообвинетите, односно за Алмир Дрпљанин.
Истиот момент кога ќе биде изготвена пресудата во Апелациониот суд, ние ќе постапиме по барањето за повторување на постапката. Ќе го процесуираме, каква ќе биде одлуката не знам. Меѓутоа ќе се постапи по барањето за повторување, ќе се разгледа и доколку има основ ќе донесеме одлука соодветна, истакна Џолев одговарајќи на новинарско прашање по свеченоста организирана за приемот на осмата генерација слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители.
Јануари годинава од мозочен удар во затворот почина Реџаил Ќерими, кој заедно со Ислами беше осуден на доживотна затворска казна за случајот со нападот на полициските „Алфи“ кај ПМФ. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-redzail-kjerimi-osuden-na-dozivoten-zatvor-za-napadot-kaj-pmf/ На 26 ноември 2008 година, на паркингот на Математичко-природниот факултет во Скопје, во вооружен напад на полициските „Алфи“ еден припадник загина, а двајца негови колеги со кои бил на патрола беа повредени. Во април 2010 година, Реџаил Ќерими и Агим Ислами беа осудени на доживотен затвор.

The post Џолев: Барањето на Агим Ислами од случајот „Алфа” ќе се процесуира откако Aпелација ќе одлучи по жалба на сообвинет appeared first on Република.

]]>
Почина Реџаил Ќерими, осуден на доживотен затвор за нападот кај ПМФ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-redzail-kjerimi-osuden-na-dozivoten-zatvor-za-napadot-kaj-pmf/ Thu, 27 Jan 2022 09:49:26 +0000 https://republika.mk/?p=450129

Доцна синоќа починал Реџаил Ќерими кој беше осуден на доживотна затворска казна за случајот со нападот на полициските „Алфи“ кај ПМФ.

Од МВР за Курир потврдуваат дека кај нив е пријавена смрт на затвореник од КПУ „Идризово“, Ќ.Р. (52) од Куманово.

Ќерими починал како последица на мозочен удар. Бил пронајден без свест во затворската бања, а починал при транспортот во болница.

На 26 ноември 2008 година, на паркингот на Математичко-природниот факултет во Скопје, во вооружен напад на полициските „Алфи“ еден припадник загина, а двајца негови колеги со кои бил на патрола беа повредени. Во април 2010 година, Реџаил Ќерими и Агим Ислами беа осудени на доживотен затвор.

The post Почина Реџаил Ќерими, осуден на доживотен затвор за нападот кај ПМФ appeared first on Република.

]]>

Доцна синоќа починал Реџаил Ќерими кој беше осуден на доживотна затворска казна за случајот со нападот на полициските „Алфи“ кај ПМФ. Од МВР за Курир потврдуваат дека кај нив е пријавена смрт на затвореник од КПУ „Идризово“, Ќ.Р. (52) од Куманово. Ќерими починал како последица на мозочен удар. Бил пронајден без свест во затворската бања, а починал при транспортот во болница. На 26 ноември 2008 година, на паркингот на Математичко-природниот факултет во Скопје, во вооружен напад на полициските „Алфи“ еден припадник загина, а двајца негови колеги со кои бил на патрола беа повредени. Во април 2010 година, Реџаил Ќерими и Агим Ислами беа осудени на доживотен затвор.

The post Почина Реџаил Ќерими, осуден на доживотен затвор за нападот кај ПМФ appeared first on Република.

]]>