алергична Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alergichna/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Feb 2022 10:51:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png алергична Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alergichna/ 32 32 Британка развила ретка автоимуна болест: Била алергична на своето бебе https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/britanka-razvila-retka-avtoimuna-bolest-bila-alergichna-na-svoeto-bebe/ Tue, 22 Feb 2022 10:51:34 +0000 https://republika.mk/?p=461877

Британка раскажа како во текот на бременоста се борела со ретка болест поради којашто била „алергична“ на своето, сопствено бебе. Сепак, и бебето и мајката сега се чувствуваат многу подобро.

Сè почнало кога Фиона Хукер забележала осип на својот стомак лани во април, кога била во седмиот месец од бременоста. Лекарот ѝ препишал крема, но осипот набрзо се претворил во плускавци. Лекарите потоа ѝ ја дијагностицирале ретката автоимуна болест – пемфигоид гестационис (ПГ). Според наводите, тоа се случува кај една од 50.000 жени, а реакцијата е предизвикана од генот на нејзиниот син поради што имунолошкиот систем „ја напаѓа“ нејзината кожа.

Дерматолозите потоа ѝ препишале доза орални стероиди, кои требало да ги зема следните шест месеци.

Сè уште понекогаш чувствувам чешање, па користам крема на база на стероиди. Моето тело сè уште е во процес на опоравување. Истражувањата покажаа дека осипот ќе се врати во идните бремености и ќе биде многу поболен. Мислам дека не би можела повторно да минам низ сè ова, изјави Хукер за „Индепендент“.

Иако осипот е речиси повлечен, тој сега може да се појави и од одредени хормони и, во помала мера повторно избувнува, на пр., при менструација.

The post Британка развила ретка автоимуна болест: Била алергична на своето бебе appeared first on Република.

]]>

Британка раскажа како во текот на бременоста се борела со ретка болест поради којашто била „алергична“ на своето, сопствено бебе. Сепак, и бебето и мајката сега се чувствуваат многу подобро. Сè почнало кога Фиона Хукер забележала осип на својот стомак лани во април, кога била во седмиот месец од бременоста. Лекарот ѝ препишал крема, но осипот набрзо се претворил во плускавци. Лекарите потоа ѝ ја дијагностицирале ретката автоимуна болест – пемфигоид гестационис (ПГ). Според наводите, тоа се случува кај една од 50.000 жени, а реакцијата е предизвикана од генот на нејзиниот син поради што имунолошкиот систем „ја напаѓа“ нејзината кожа. Дерматолозите потоа ѝ препишале доза орални стероиди, кои требало да ги зема следните шест месеци.