Ален Ѓеорѓијев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alen-gjeorgjijev/ За подобро да се разбереме Thu, 02 Mar 2023 16:08:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ален Ѓеорѓијев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alen-gjeorgjijev/ 32 32 Пациентите со месеци чекаат за операција на жолчка во штипската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/patsientite-so-mesetsi-chekaat-za-operatsija-na-zholchka-vo-shtipskata-bolnitsa/ Thu, 02 Mar 2023 16:16:06 +0000 https://republika.mk/?p=615208

Граѓани од Радовиш и околината на Штип реагираат дека чекаат за операција на жолчка, од штипската болница добиле какошто велат образложение дека нема доволно медицински кадар. Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев потврдува дека има листа на чекање за елективни операции. Најголем проблем во случајов, посочува тој, е ограничениот број на лекари, односно недостатокот на анестезиолози, со кој се соочуваат на Одделението за анестезиологија.

Тоа не е хронична болест и поради тоа има простор за одложување на операцијата. Се чека по изготвена листа, кога пациентот ќе дојде на ред, истиот ќе се оперира. Нема анестезиолози и тоа е проблемот за кој веќе алармиравме и со кој се соочуваме изминативе месеци, вели Ѓеорѓијев.

Ѓеорѓијев во МИА интервју минатата недела откри дека за само два месеци од болницата си заминале 30 вработени, лекари, медицински сестри и друг здравствен персонал, со што болницата работи со сто испразнети работни места. Одделението за анестезиологија, функционира со само тројца анестезиолози, но лекари специјалисти, медицински сестри, болничари и хигиеничари недостигаат и на Ортопедија, Интерно, Очно, Инфективно и речиси сите останати одделенија. Дел од вработените заминаа во приватното здравство, друг дел се пензионираа. Во последниве две и пол години заминати се сто здравствени работници, а за истиот период нема вработувања.

The post Пациентите со месеци чекаат за операција на жолчка во штипската болница appeared first on Република.

]]>

Докторот и мајката дозволиле, ама директорот не го пушти Јорданов во посета на првото новороденче во Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/doktorot-i-majkata-dozvolile-ama-direktorot-ne-go-pushti-jordanov-vo-poseta-na-prvoto-novorodenche-vo-shtip/ Tue, 04 Jan 2022 15:14:47 +0000 https://republika.mk/?p=440571

Штипскиот градоначалник Иван Јорданов денеска остана пред вратата на Клиничката болница во Штип, каде не му беше дозволено да го посети првото новороденче во новата година. Девојче тешко четири килограми и 200 грама, од мајка радовишанка, е првата радост во штипското акушерско одделение за 2022 година, родено денеска, но нејзините и подароците за мајката се вратија во градоначалничкиот кабинет, затоа што директорот на болницата Ален Георгијев одби да го пушти градоначалникот внатре. Тој наводно не бил известен за посетата, која што е традиционална во сите градови од земјата.

Јорданов, пак, пред новинарите објасни дека посетата била најавена и одобрена од гинекологор и родилката.

Еден убав настан, се претвори во политичко препукување и реваншизам!
Наместо првото новороденче за 2022 година да донесе општа радост и да ги сокрие фрустрациите на Директорот на Клиничката болница, во најлош облик го откри нечовечкото во него.
Иако уредно најавени, со одобрение од дежурниот доктор и родилката, со традиционални подароци за првата среќа во нашиот град за оваа година, сепак по наредба на директорот, некултурно и дрско бевме оставени пред вратата на Акушерското одделение. Односно, наместо раководните лица годинава да смислеа како да се заврши Клиничката болница, наместо да внимаваа да не се изгубат парите за неа, очигледно повеќе енергија трошат како да унесреќат уште еден недолжен сограѓанин и во најсветлите моменти за него!, сподели тој на „Фејсбук“.

Иако и лани во ек беше пандемија, директорот заедно со тогашниот штипски градоначалник од редовите на СДСМ, Сашко Николов, го посетија првото новороденче за 2021 година, со цела екипа на новинари.

The post Докторот и мајката дозволиле, ама директорот не го пушти Јорданов во посета на првото новороденче во Штип appeared first on Република.

]]>

Штипскиот градоначалник Иван Јорданов денеска остана пред вратата на Клиничката болница во Штип, каде не му беше дозволено да го посети првото новороденче во новата година. Девојче тешко четири килограми и 200 грама, од мајка радовишанка, е првата радост во штипското акушерско одделение за 2022 година, родено денеска, но нејзините и подароците за мајката се вратија во градоначалничкиот кабинет, затоа што директорот на болницата Ален Георгијев одби да го пушти градоначалникот внатре. Тој наводно не бил известен за посетата, која што е традиционална во сите градови од земјата. Јорданов, пак, пред новинарите објасни дека посетата била најавена и одобрена од гинекологор и родилката.
Еден убав настан, се претвори во политичко препукување и реваншизам! Наместо првото новороденче за 2022 година да донесе општа радост и да ги сокрие фрустрациите на Директорот на Клиничката болница, во најлош облик го откри нечовечкото во него. Иако уредно најавени, со одобрение од дежурниот доктор и родилката, со традиционални подароци за првата среќа во нашиот град за оваа година, сепак по наредба на директорот, некултурно и дрско бевме оставени пред вратата на Акушерското одделение. Односно, наместо раководните лица годинава да смислеа како да се заврши Клиничката болница, наместо да внимаваа да не се изгубат парите за неа, очигледно повеќе енергија трошат како да унесреќат уште еден недолжен сограѓанин и во најсветлите моменти за него!, сподели тој на „Фејсбук“.