Алексеј Навални Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksej-navalni/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Apr 2024 11:11:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Алексеј Навални Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksej-navalni/ 32 32 Според американските разузнавачи, Путин директно не стои зад убиството на Навални https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/spored-amerikanskite-razuznavachi-putin-direktno-ne-stoi-zad-ubistvoto-na-navalni/ Sat, 27 Apr 2024 11:11:50 +0000 https://republika.mk/?p=771639

Разузнавачките агенции во САД утврдиле дека рускиот претседател Владимир Путин најверојатно директно не наредил да биде убиен опозицискиот лидер Алексеј Навални, објави денеска Волстрит џурнал.

Навални, еден од најжестоките критичари на Путин, почина во арктички казнен затвор во февруари на 47-годишна возраст. Неговите сојузници, вклучително и неговата сопруга, го обвинија рускиот лидер за неговото убиство - обвинение што Кремљ постојано го негира, пишува весникот.

Но, по неодамнешната проценка заснована на низа информации - вклучително и некои доверливи разузнавачки информации и анализа на јавни факти - американските разузнавачки агенции не веруваат дека Путин наредил убиство на неговиот противник.

Проценката, исто така, го зеде предвид времето на смртта и како таа го засени претседателскиот реизбор на Путин во март, пишува весникот, повикувајќи се на свои извори.

Весникот цитира извори кои велат дека заклучокот бил „нашироко прифатен во разузнавачката заедница и споделен од неколку агенции, вклучително и Централната разузнавачка агенција, Канцеларијата на директорот на националното разузнавање и разузнавачката единица на Стејт департментот“.

Коментирајќи го извештајот, Леонид Волков, висок помошник на Навални, ваквите заклучоци ги нарече наивни и смешни, објави Волстрит џурнал.

The post Според американските разузнавачи, Путин директно не стои зад убиството на Навални appeared first on Република.

]]>

Разузнавачките агенции во САД утврдиле дека рускиот претседател Владимир Путин најверојатно директно не наредил да биде убиен опозицискиот лидер Алексеј Навални, објави денеска Волстрит џурнал. Навални, еден од најжестоките критичари на Путин, почина во арктички казнен затвор во февруари на 47-годишна возраст. Неговите сојузници, вклучително и неговата сопруга, го обвинија рускиот лидер за неговото убиство - обвинение што Кремљ постојано го негира, пишува весникот. Но, по неодамнешната проценка заснована на низа информации - вклучително и некои доверливи разузнавачки информации и анализа на јавни факти - американските разузнавачки агенции не веруваат дека Путин наредил убиство на неговиот противник. Проценката, исто така, го зеде предвид времето на смртта и како таа го засени претседателскиот реизбор на Путин во март, пишува весникот, повикувајќи се на свои извори. Весникот цитира извори кои велат дека заклучокот бил „нашироко прифатен во разузнавачката заедница и споделен од неколку агенции, вклучително и Централната разузнавачка агенција, Канцеларијата на директорот на националното разузнавање и разузнавачката единица на Стејт департментот“. Коментирајќи го извештајот, Леонид Волков, висок помошник на Навални, ваквите заклучоци ги нарече наивни и смешни, објави Волстрит џурнал.

The post Според американските разузнавачи, Путин директно не стои зад убиството на Навални appeared first on Република.

]]>
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа опело за Навални https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/suspendiran-ruskiot-sveshtenik-koj-odrzha-opelo-za-navalni/ Wed, 24 Apr 2024 13:49:56 +0000 https://republika.mk/?p=770200

Рускиот православен свештеник кој во март одржа опело во спомен на починатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални е суспендиран на три години од извршувањето на неговите духовни должности, соопшти Московската епархија на Руската православна црква, цитирана од британските медиуми.

Во соопштението, кое беше објавено вчера на веб-страницата на епархијата, не е наведена причината за казната за отец, Дмитриј Сафронов, со која му се одзема правото да дава благослов и да носи расо и свештенички крст до 2027 година.

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

По истекот на периодот на покајание (казна – забелешка изд.), врз основа на повратните информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука дали е можно тој да продолжи со свештеничката служба, наведуваат од епархијата.

На 26 март, Сафронов одржа опело на која присуствуваа илјадници луѓе за Навални, кој беше најжесток критичар на руската територија на претседателот Владимир Путин и кој почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.

 

The post Суспендиран рускиот свештеник кој одржа опело за Навални appeared first on Република.

]]>

Рускиот православен свештеник кој во март одржа опело во спомен на починатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални е суспендиран на три години од извршувањето на неговите духовни должности, соопшти Московската епархија на Руската православна црква, цитирана од британските медиуми. Во соопштението, кое беше објавено вчера на веб-страницата на епархијата, не е наведена причината за казната за отец, Дмитриј Сафронов, со која му се одзема правото да дава благослов и да носи расо и свештенички крст до 2027 година. Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.
По истекот на периодот на покајание (казна – забелешка изд.), врз основа на повратните информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука дали е можно тој да продолжи со свештеничката служба, наведуваат од епархијата.
На 26 март, Сафронов одржа опело на која присуствуваа илјадници луѓе за Навални, кој беше најжесток критичар на руската територија на претседателот Владимир Путин и кој почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.  

The post Суспендиран рускиот свештеник кој одржа опело за Навални appeared first on Република.

]]>
Рускиот свештеник кој држеше опело за Навални отстранет од црквата на три години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskiot-sveshtenik-koj-drzheshe-opelo-za-navalni-otstranet-od-tsrkvata-na-tri-godini/ Wed, 24 Apr 2024 08:55:09 +0000 https://republika.mk/?p=769931

Рускиот православен свештеник кој во март одржа комеморација во спомен на починатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални е суспендиран на три години од извршувањето на неговите духовни должности, соопшти Московската епархија на Руската православна црква, цитирана од британските медиуми.

Во соопштението, кое беше објавено вчера на веб-страницата на епархијата, не е наведена причината за казната за отец, Дмитриј Сафронов, со која му се одзема правото да дава благослов и да носи расо и свештенички крст до 2027 година.

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

-По истекот на периодот на покајание (казна - забелешка изд.), врз основа на повратните информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука дали е можно тој да продолжи со свештеничката служба, наведуваат од епархијата.

На 26 март, Сафронов одржа комеморација на која присуствуваа илјадници луѓе за Навални, кој беше најжесток критичар на руската територија на претседателот Владимир Путин и кој почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.

The post Рускиот свештеник кој држеше опело за Навални отстранет од црквата на три години appeared first on Република.

]]>

Рускиот православен свештеник кој во март одржа комеморација во спомен на починатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални е суспендиран на три години од извршувањето на неговите духовни должности, соопшти Московската епархија на Руската православна црква, цитирана од британските медиуми. Во соопштението, кое беше објавено вчера на веб-страницата на епархијата, не е наведена причината за казната за отец, Дмитриј Сафронов, со која му се одзема правото да дава благослов и да носи расо и свештенички крст до 2027 година. Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник. -По истекот на периодот на покајание (казна - забелешка изд.), врз основа на повратните информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука дали е можно тој да продолжи со свештеничката служба, наведуваат од епархијата. На 26 март, Сафронов одржа комеморација на која присуствуваа илјадници луѓе за Навални, кој беше најжесток критичар на руската територија на претседателот Владимир Путин и кој почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.

The post Рускиот свештеник кој држеше опело за Навални отстранет од црквата на три години appeared first on Република.

]]>
Руската полиција ja уапси новинарката која го сними последното видео на Навални https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskata-politsija-ja-uapsi-novinarkata-koja-go-snimi-poslednoto-video-na-navalni/ Sat, 30 Mar 2024 10:04:54 +0000 https://republika.mk/?p=760335

Новинарката која го сними последното видео на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални пред неговата смрт, Антонина Фаворскаја е во притвор, јавија денеска светските медиуми.

Фаворскаја неколку години ги следеше судењата на Навални, а меѓународната организација Репортери без граници во четвртокот соопшти дека таа е една од шесте новинари ширум земјата кои се уапсени овој месец.

Руските власти ја уапсиле Фаворскаја во средата вечерта и ја обвинија дека е дел од „екстремистичка организација“ поради објави на социјалните мрежи на фондацијата на Навални за борба против корупцијата, соопшти руската група за човекови права ОВД-Инфо.

Портпаролката на Навални, Кира Јармиш, рече дека Фаворскаја не објавила ништо на платформите на фондацијата и сугерираше дека е цел на руските власти затоа што ја извршува својата работа како новинар.

ОВД-Инфо соопшти дека Фаворскаја прво била уапсена на 17 март откако положила цвеќе на гробот на Навални.

Таа помина десет дена во затвор откако беше обвинета за непослушност кон полицијата, но кога заврши периодот на притвор, властите повторно ја обвинија и ѝ наредија да се појави во Окружниот суд Басман во Москва.

Таа е една од неколкуте руски новинари кои се на мета на властите. Привремено се приведени уште две новинарки, Александра Астахова и Анастасија Мусатова, откако дошле да се сретнат со обвинетата новинарка во притворот каде што била затворена.

The post Руската полиција ja уапси новинарката која го сними последното видео на Навални appeared first on Република.

]]>

Новинарката која го сними последното видео на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални пред неговата смрт, Антонина Фаворскаја е во притвор, јавија денеска светските медиуми. Фаворскаја неколку години ги следеше судењата на Навални, а меѓународната организација Репортери без граници во четвртокот соопшти дека таа е една од шесте новинари ширум земјата кои се уапсени овој месец. Руските власти ја уапсиле Фаворскаја во средата вечерта и ја обвинија дека е дел од „екстремистичка организација“ поради објави на социјалните мрежи на фондацијата на Навални за борба против корупцијата, соопшти руската група за човекови права ОВД-Инфо. Портпаролката на Навални, Кира Јармиш, рече дека Фаворскаја не објавила ништо на платформите на фондацијата и сугерираше дека е цел на руските власти затоа што ја извршува својата работа како новинар. ОВД-Инфо соопшти дека Фаворскаја прво била уапсена на 17 март откако положила цвеќе на гробот на Навални. Таа помина десет дена во затвор откако беше обвинета за непослушност кон полицијата, но кога заврши периодот на притвор, властите повторно ја обвинија и ѝ наредија да се појави во Окружниот суд Басман во Москва. Таа е една од неколкуте руски новинари кои се на мета на властите. Привремено се приведени уште две новинарки, Александра Астахова и Анастасија Мусатова, откако дошле да се сретнат со обвинетата новинарка во притворот каде што била затворена.

The post Руската полиција ja уапси новинарката која го сними последното видео на Навални appeared first on Република.

]]>
Путин: Навални требаше да биде ослободен во размената на затвореници со Западот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-navalni-trebashe-da-bide-osloboden-vo-razmenata-na-zatvorenitsi-so-zapadot/ Mon, 18 Mar 2024 08:15:42 +0000 https://republika.mk/?p=755761

Рускиот претседател Владимир Путин на синоќешната прес-конференција во неговиот изборен штаб изјави дека починатиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални требало да биде ослободен во размената на затвореници со Западот, јавува ДПА.

На прес-конференцијата, Путин рече дека се согласил на договор за размена на затвореници, вклучувајќи го и Навални пред неговата смрт минатиот месец. Претседателот истакна дека главен услов за размената би бил Навални да не се врати во Русија.

Путин го нарече покојниот со неговото презиме и рече дека неговата смрт е тажен настан.

Што се однесува до г-дин Навални: да, тој умре. Ова е секогаш тажен настан. Имавме и други случаи на луѓе кои умираат во притворските центри. Слични случувања „се случија и во Соединетите Држави, и тоа многу пати - рече Путин на прес-конференцијата.

Според руските власти, Навални починал на 16 февруари на 47-годишна возраст во арктичката казнена колонија „Поларен волк“, во близина на градот Салехард, кој се наоѓа веднаш на Арктичкиот круг, на околу 1.900 километри североисточно од Москва. Околностите околу неговата смрт остануваат нејасни. Неговата вдовица Јулија Навална верува дека нејзиниот сопруг бил убиен.

Долгогодишниот соработник на Навални, Леонид Волков, изјавата на Путин ја нарече „цинична“, забележа ДПА.

The post Путин: Навални требаше да биде ослободен во размената на затвореници со Западот appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин на синоќешната прес-конференција во неговиот изборен штаб изјави дека починатиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални требало да биде ослободен во размената на затвореници со Западот, јавува ДПА. На прес-конференцијата, Путин рече дека се согласил на договор за размена на затвореници, вклучувајќи го и Навални пред неговата смрт минатиот месец. Претседателот истакна дека главен услов за размената би бил Навални да не се врати во Русија. Путин го нарече покојниот со неговото презиме и рече дека неговата смрт е тажен настан.
Што се однесува до г-дин Навални: да, тој умре. Ова е секогаш тажен настан. Имавме и други случаи на луѓе кои умираат во притворските центри. Слични случувања „се случија и во Соединетите Држави, и тоа многу пати - рече Путин на прес-конференцијата.
Според руските власти, Навални починал на 16 февруари на 47-годишна возраст во арктичката казнена колонија „Поларен волк“, во близина на градот Салехард, кој се наоѓа веднаш на Арктичкиот круг, на околу 1.900 километри североисточно од Москва. Околностите околу неговата смрт остануваат нејасни. Неговата вдовица Јулија Навална верува дека нејзиниот сопруг бил убиен. Долгогодишниот соработник на Навални, Леонид Волков, изјавата на Путин ја нарече „цинична“, забележа ДПА.

The post Путин: Навални требаше да биде ослободен во размената на затвореници со Западот appeared first on Република.

]]>
Роман Абрамович бил вклучен во преговорите за ослободување на Навални https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/roman-abramovich-bil-vkluchen-vo-pregovorite-za-osloboduvane-na-navalni/ Sat, 09 Mar 2024 17:11:18 +0000 https://republika.mk/?p=753078

Разговорите за размена на затвореници во повеќе земји, што вклучуваше можно ослободување на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, беа во тек кога тој почина во затвор минатиот месец, изјавија повеќе извори за „Си-ен-ен“, додавајќи дека рускиот олигарх Роман Абрамович бил директно вклучен во преговорите. .

Изворите забележаа дека преговорите за ослободување на Навални, кои траеле 2 години, почнале брзо да напредуваат кога Абрамович ја посетил Москва во последните месеци.

Предлогот сè уште бил во неформална фаза и се чинеше дека договорот за ослободување на Навални не е неизбежен, велат изворите.

 

The post Роман Абрамович бил вклучен во преговорите за ослободување на Навални appeared first on Република.

]]>

Разговорите за размена на затвореници во повеќе земји, што вклучуваше можно ослободување на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, беа во тек кога тој почина во затвор минатиот месец, изјавија повеќе извори за „Си-ен-ен“, додавајќи дека рускиот олигарх Роман Абрамович бил директно вклучен во преговорите. . Изворите забележаа дека преговорите за ослободување на Навални, кои траеле 2 години, почнале брзо да напредуваат кога Абрамович ја посетил Москва во последните месеци. Предлогот сè уште бил во неформална фаза и се чинеше дека договорот за ослободување на Навални не е неизбежен, велат изворите.  

The post Роман Абрамович бил вклучен во преговорите за ослободување на Навални appeared first on Република.

]]>
Русите продолжуваат да доаѓаат пред гробот на Навални https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusite-prodolzhuvaat-da-doagaat-pred-grobot-na-navalni/ Sun, 03 Mar 2024 18:15:03 +0000 https://republika.mk/?p=750810

Гробот на Алексеј Навални во Москва и денеска беше покриен со цвеќе, а неговите сонародници сè уште доаѓаат да му оддадат почит.

Редот на гробиштата Борисово во југоисточниот дел на руската престолнина е долг неколку стотици метри. Сами или во помали групи Русите го посетуваат гробот каде Навални во петокот беше погребан, што е преполн со венци и цвеќиња.

Француските медиуми пишуваат дека во споредба со изминатите два дена на гробиштата има помало присуство на полицијата.

Освен заради „тага“, „болка“ или „лутина“, многу Московјани пристигнуваат на гробот за да му „покажат наклонетост и љубов“ на поранешниот жесток противник на Путин, кој почина пред две недели во казнената колонија Поларниот волк во Карпо, околу 1900 километри североисточно од Москва, каде отслужуваше 19-годишна затворска казна заради „екстремизам“.

Оддавањето почит на критичарот на Путин доаѓа само две недели пред претседателските избори (15-17 март), на кои се очекува да победи Владимир Путин.

The post Русите продолжуваат да доаѓаат пред гробот на Навални appeared first on Република.

]]>

Гробот на Алексеј Навални во Москва и денеска беше покриен со цвеќе, а неговите сонародници сè уште доаѓаат да му оддадат почит. Редот на гробиштата Борисово во југоисточниот дел на руската престолнина е долг неколку стотици метри. Сами или во помали групи Русите го посетуваат гробот каде Навални во петокот беше погребан, што е преполн со венци и цвеќиња. Француските медиуми пишуваат дека во споредба со изминатите два дена на гробиштата има помало присуство на полицијата. Освен заради „тага“, „болка“ или „лутина“, многу Московјани пристигнуваат на гробот за да му „покажат наклонетост и љубов“ на поранешниот жесток противник на Путин, кој почина пред две недели во казнената колонија Поларниот волк во Карпо, околу 1900 километри североисточно од Москва, каде отслужуваше 19-годишна затворска казна заради „екстремизам“. Оддавањето почит на критичарот на Путин доаѓа само две недели пред претседателските избори (15-17 март), на кои се очекува да победи Владимир Путин.

The post Русите продолжуваат да доаѓаат пред гробот на Навални appeared first on Република.

]]>
Русија: Се зголемува бројот на приведени на митинзите во знак на сеќавање на Навални https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-se-zgolemuva-brojot-na-privedeni-na-mitinzite-vo-znak-na-sekavane-na-navalni/ Fri, 01 Mar 2024 19:59:58 +0000 https://republika.mk/?p=750201

Најмалку 56 лица се уапсени денеска низ Русија на собири по повод погребот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, објави на Телеграм невладината организација за човекови права ОВД-Инфо.

Според организацијата, апсења биле регистрирани во 14 градови.

Најмалку 14 лица, меѓу кои и локалниот советник Антон Картавин, беа уапсени во Новосибирск откако положија цвеќе во чест на Навални. Во Екатеринбург се регистрирани десет апсења.

Во Воронеж беа уапсени десет лица, кои биле на пат за Москва на погребот на Навални. Сите, освен координаторот на локалниот политичар Борис Надеждин, набрзо биле ослободени од полицијата, објави порталот Медуза.

Најмалку шест лица се уапсени во Москва, меѓу кои и Андреј Морев, заменик-претседател на московскиот огранок на партијата Јаблоко, кој беше уапсен во метрото по враќањето од погребот. Морев подоцна беше ослободен.

Новинарот Василиј Полонски беше уапсен на гробиштата Борисов, каде што беше погребан Навални по опелото во блиската црква.

Руската полиција уапси луѓе кои му оддадоа почит на Навални во Нижневартовск, Улан-Уде, Владикавказ, Нижни Новгород, Казан и Златоуст.

Илјадници Руси се собраа во близина на црквата и гробиштата каде што беше погребан Навални, носејќи цвеќиња и скандирајќи го неговото име.

The post Русија: Се зголемува бројот на приведени на митинзите во знак на сеќавање на Навални appeared first on Република.

]]>

Најмалку 56 лица се уапсени денеска низ Русија на собири по повод погребот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, објави на Телеграм невладината организација за човекови права ОВД-Инфо. Според организацијата, апсења биле регистрирани во 14 градови. Најмалку 14 лица, меѓу кои и локалниот советник Антон Картавин, беа уапсени во Новосибирск откако положија цвеќе во чест на Навални. Во Екатеринбург се регистрирани десет апсења. Во Воронеж беа уапсени десет лица, кои биле на пат за Москва на погребот на Навални. Сите, освен координаторот на локалниот политичар Борис Надеждин, набрзо биле ослободени од полицијата, објави порталот Медуза. Најмалку шест лица се уапсени во Москва, меѓу кои и Андреј Морев, заменик-претседател на московскиот огранок на партијата Јаблоко, кој беше уапсен во метрото по враќањето од погребот. Морев подоцна беше ослободен. Новинарот Василиј Полонски беше уапсен на гробиштата Борисов, каде што беше погребан Навални по опелото во блиската црква. Руската полиција уапси луѓе кои му оддадоа почит на Навални во Нижневартовск, Улан-Уде, Владикавказ, Нижни Новгород, Казан и Златоуст. Илјадници Руси се собраа во близина на црквата и гробиштата каде што беше погребан Навални, носејќи цвеќиња и скандирајќи го неговото име.

The post Русија: Се зголемува бројот на приведени на митинзите во знак на сеќавање на Навални appeared first on Република.

]]>
Погребан Навални пред илјадници луѓе, руската полиција приведуваше граѓани кои скандираа против Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pogreban-navalni-pred-iljadnitsi-luge-ruskata-politsija-priveduvashe-gragani-koi-skandiraa-protiv-putin/ Fri, 01 Mar 2024 13:56:37 +0000 https://republika.mk/?p=750086

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални беше погребан денеска на гробиштата Борисовски во Москва. Пред насобраните голем број луѓе, Навални беше испратен со звуците на песната „My Way“ од Френк Синатра.

Претходно во црквата на Богородица во Москва се одржа богослужба. Околу час и половина пред почетокот на богослужбата и погребот се формираа долги редици луѓе, пренесува Гардијан.

Панихидата беше предводена од свештеник и придружена со хорско пеење. Луѓето можеа да поминат покрај отворениот ковчег на покојникот и да му оддадат почит

За време на погребот, руската полиција почна да ги приведува луѓето кои извикуваа пароли против рускиот претседател Владимир Путин. Насобраниот народ скандираше „Русија без Путин“ и „Путин убиец“.

На снимките може да се види како голем број луѓе сè уште се упатуваат кон гробиштата Борисов.

The post Погребан Навални пред илјадници луѓе, руската полиција приведуваше граѓани кои скандираа против Путин appeared first on Република.

]]>

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални беше погребан денеска на гробиштата Борисовски во Москва. Пред насобраните голем број луѓе, Навални беше испратен со звуците на песната „My Way“ од Френк Синатра. Претходно во црквата на Богородица во Москва се одржа богослужба. Околу час и половина пред почетокот на богослужбата и погребот се формираа долги редици луѓе, пренесува Гардијан. Панихидата беше предводена од свештеник и придружена со хорско пеење. Луѓето можеа да поминат покрај отворениот ковчег на покојникот и да му оддадат почит За време на погребот, руската полиција почна да ги приведува луѓето кои извикуваа пароли против рускиот претседател Владимир Путин. Насобраниот народ скандираше „Русија без Путин“ и „Путин убиец“. На снимките може да се види како голем број луѓе сè уште се упатуваат кон гробиштата Борисов.

The post Погребан Навални пред илјадници луѓе, руската полиција приведуваше граѓани кои скандираа против Путин appeared first on Република.

]]>
Денеска е погребот, а ковчегот со телото на Навални се уште не е предаден на семејството https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/deneska-e-pogrebot-a-kovchegot-so-teloto-na-navalni-se-ushte-ne-e-predaden-na-semejstvoto/ Fri, 01 Mar 2024 10:20:48 +0000 https://republika.mk/?p=749936

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор пред две недели, денеска треба да биде погребан во Москва.

Како што е најавено, панихидата ќе се одржи во 14 часот по московско време (12 часот по наше време). Погребот потоа ќе се изврши на гробиштата Борисов два часа подоцна.

Инаку, ковчегот со телото на Алексеј Навални се уште не е предаденo на неговите роднини за погреб, изјави неговата портпаролка, предупредувајќи на можни одложувања.

Во објава на платформата X, Кира Џармиш изјави: „Родните пристигнаа во мртовечницата во 10 часот, кога требаше да го предадат телото на Алексеј. Телото сè уште не е предадено“.

Таа додаде дека распоредот на неговиот погреб „се уште не е променет“, но дека „може да има одложување“.

Во меѓувреме, граѓаните почнаа да се собираат пред гробиштата каде што се поставени огради. Присутна е силна полиција.

 

The post Денеска е погребот, а ковчегот со телото на Навални се уште не е предаден на семејството appeared first on Република.

]]>

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор пред две недели, денеска треба да биде погребан во Москва. Како што е најавено, панихидата ќе се одржи во 14 часот по московско време (12 часот по наше време). Погребот потоа ќе се изврши на гробиштата Борисов два часа подоцна. Инаку, ковчегот со телото на Алексеј Навални се уште не е предаденo на неговите роднини за погреб, изјави неговата портпаролка, предупредувајќи на можни одложувања. Во објава на платформата X, Кира Џармиш изјави: „Родните пристигнаа во мртовечницата во 10 часот, кога требаше да го предадат телото на Алексеј. Телото сè уште не е предадено“. Таа додаде дека распоредот на неговиот погреб „се уште не е променет“, но дека „може да има одложување“. Во меѓувреме, граѓаните почнаа да се собираат пред гробиштата каде што се поставени огради. Присутна е силна полиција.  

The post Денеска е погребот, а ковчегот со телото на Навални се уште не е предаден на семејството appeared first on Република.

]]>
Јулија Навална пред ЕП во Стразбур: Ќе направам сѐ за да го остварам сонот на Алексеј https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/julija-navalna-pred-ep-vo-strazbur-ke-napravam-s-za-da-go-ostvaram-sonot-na-aleksej/ Wed, 28 Feb 2024 11:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=749244

Ќе направам сѐ за да го остварам сонот на Алексеј Навални за Русија на иднината, изјави денеска неговата сопруга Јулија пред европратениците во Стразбур. Навална беше пречекана во салата на нозе, а нејзиниот говор постојано беше прекинуван со аплауз.

Таа ја повика ЕУ да работи со десетиците милиони Руси кои се против војната во Украина и рускиот претседател Владимир Путин.

-Ако сакате да го победите Путин, треба да бидете инвентивни, а не досадни. Путин нема да биде засегнат од резолуциите и санкциите, инсистираше Навална. Според неа, „не се потребни дипломатски ноти, туку истраги за парите на мафијата“.

-Во негова личност не си имате работа со политичар, туку со „крваво чудовиште“, со шеф на организирана криминална група трујачи и убијци и чувари на мафијашки пари. Путин е способен за се и со него не може да се преговара. Според многумина, Путин е непобедлив, но тој мора да одговара за она што и го направи на мојата земја и нејзините мирни соседи, како и за сето она што му го направи на Алексеј. Сè уште не сум сигурна дали погребот на Алексеј ќе биде мирен или полицијата ќе ги приведе оние кои дојдоа да се поздрават со мојот сопруг. Путин го уби мојот сопруг, по негова наредба Алексеј беше мачен три години, истакна Навална.

Според неа, „мерките против Путин досега не помогнаа“.

-Сите се навикнаа на војна. Луѓето мислат дека на крајот ќе треба да се постигне договор со Путин, рече Навална и изрази верба дека надежите на Алексеј Навални за демократска Русија ќе се остварат.

The post Јулија Навална пред ЕП во Стразбур: Ќе направам сѐ за да го остварам сонот на Алексеј appeared first on Република.

]]>

Ќе направам сѐ за да го остварам сонот на Алексеј Навални за Русија на иднината, изјави денеска неговата сопруга Јулија пред европратениците во Стразбур. Навална беше пречекана во салата на нозе, а нејзиниот говор постојано беше прекинуван со аплауз. Таа ја повика ЕУ да работи со десетиците милиони Руси кои се против војната во Украина и рускиот претседател Владимир Путин.
-Ако сакате да го победите Путин, треба да бидете инвентивни, а не досадни. Путин нема да биде засегнат од резолуциите и санкциите, инсистираше Навална. Според неа, „не се потребни дипломатски ноти, туку истраги за парите на мафијата“. -Во негова личност не си имате работа со политичар, туку со „крваво чудовиште“, со шеф на организирана криминална група трујачи и убијци и чувари на мафијашки пари. Путин е способен за се и со него не може да се преговара. Според многумина, Путин е непобедлив, но тој мора да одговара за она што и го направи на мојата земја и нејзините мирни соседи, како и за сето она што му го направи на Алексеј. Сè уште не сум сигурна дали погребот на Алексеј ќе биде мирен или полицијата ќе ги приведе оние кои дојдоа да се поздрават со мојот сопруг. Путин го уби мојот сопруг, по негова наредба Алексеј беше мачен три години, истакна Навална.
Според неа, „мерките против Путин досега не помогнаа“.
-Сите се навикнаа на војна. Луѓето мислат дека на крајот ќе треба да се постигне договор со Путин, рече Навална и изрази верба дека надежите на Алексеј Навални за демократска Русија ќе се остварат.

The post Јулија Навална пред ЕП во Стразбур: Ќе направам сѐ за да го остварам сонот на Алексеј appeared first on Република.

]]>
Погребални претпријатија во Русија одбиле да го организираат погребот на Навални https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pogrebalni-pretprijatija-vo-rusija-odbile-da-go-organiziraat-pogrebot-na-navalni/ Tue, 27 Feb 2024 14:37:49 +0000 https://republika.mk/?p=748982

Неколку погребни агенции во Русија одбија да го погребат Алексеј Навални, предизвикувајќи проблем за семејството на починатиот руски опозиционер.

Погребалните претпријатија одбија да го организираат погребот на Алексеј Навални“, истакна портпаролката на критичарите на Кремљ, Кира Јармиш.

Тимот на Навални потроши многу време барајќи каде да го организира погребот, а како што се наведува, „повикале голем број приватни и јавни погребални агенции, комеморативни локации и погребни сали.

Некои места велат дека нивниот простор е зафатен, а други одбиваат да го спомнат името на Навални. На едно место ни кажаа дека на погребалните служби им е забрането да работат со нас. По цел ден пребарување, се уште не најдовме проштална сала, вели Јармиш во објава на социјалната мрежа „Икс“.

 

The post Погребални претпријатија во Русија одбиле да го организираат погребот на Навални appeared first on Република.

]]>

Неколку погребни агенции во Русија одбија да го погребат Алексеј Навални, предизвикувајќи проблем за семејството на починатиот руски опозиционер.
Погребалните претпријатија одбија да го организираат погребот на Алексеј Навални“, истакна портпаролката на критичарите на Кремљ, Кира Јармиш.
Тимот на Навални потроши многу време барајќи каде да го организира погребот, а како што се наведува, „повикале голем број приватни и јавни погребални агенции, комеморативни локации и погребни сали.
Некои места велат дека нивниот простор е зафатен, а други одбиваат да го спомнат името на Навални. На едно место ни кажаа дека на погребалните служби им е забрането да работат со нас. По цел ден пребарување, се уште не најдовме проштална сала, вели Јармиш во објава на социјалната мрежа „Икс“.
 

The post Погребални претпријатија во Русија одбиле да го организираат погребот на Навални appeared first on Република.

]]>
Буданов: Навални почина од природна смрт, од откачен тромб https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/budanov-navalni-pochina-od-prirodna-smrt-od-otkachen-tromb/ Mon, 26 Feb 2024 08:48:52 +0000 https://republika.mk/?p=748350

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални почина од природна смрт, од згрутчување на крвта, изјави шефот на украинската воена разузнавачка служба (ГУР) Кирил Буданов, пренесен од украинските медиуми.

Можеби ќе ве разочарам, но она што го знаеме е дека тој навистина починал од згрутчување на крвта. И тоа е горе-долу потврдено. Тоа го знаеме, им рече Буданов на новинарите на прашањето дали разузнавачката служба „знае како е убиен“.

Тој додаде дека оваа информација не е преземена од Интернет. Според него, тоа било природна смрт.

Семејството и соработниците на Навални го обвинуваат Кремљ за неговата смрт, што Москва го отфрла. Западните политичари, исто така, веднаш изјавија дека Навални бил убиен од режимот на рускиот претседател Владимир Путин.

Телото на Навални дури пред два дена и беше предадено на мајка му, а датумот на погреб ќе биде одреден дополнително.

Навални (47) почина на 16 февруари во затворска колонија во Сибир. Тој колабирал додека одел во дворот и починал и покрај обидите за негова реанимација.

Најпознатиот руски опозиционер во колонијата издржуваше 30-годишна затворска казна, меѓу другото, како што е наведено во една од пресудите на рускиот суд, заради основање и финансирање на екстремистичка организација и нејзините активности.

The post Буданов: Навални почина од природна смрт, од откачен тромб appeared first on Република.

]]>

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални почина од природна смрт, од згрутчување на крвта, изјави шефот на украинската воена разузнавачка служба (ГУР) Кирил Буданов, пренесен од украинските медиуми. Можеби ќе ве разочарам, но она што го знаеме е дека тој навистина починал од згрутчување на крвта. И тоа е горе-долу потврдено. Тоа го знаеме, им рече Буданов на новинарите на прашањето дали разузнавачката служба „знае како е убиен“. Тој додаде дека оваа информација не е преземена од Интернет. Според него, тоа било природна смрт. Семејството и соработниците на Навални го обвинуваат Кремљ за неговата смрт, што Москва го отфрла. Западните политичари, исто така, веднаш изјавија дека Навални бил убиен од режимот на рускиот претседател Владимир Путин. Телото на Навални дури пред два дена и беше предадено на мајка му, а датумот на погреб ќе биде одреден дополнително. Навални (47) почина на 16 февруари во затворска колонија во Сибир. Тој колабирал додека одел во дворот и починал и покрај обидите за негова реанимација. Најпознатиот руски опозиционер во колонијата издржуваше 30-годишна затворска казна, меѓу другото, како што е наведено во една од пресудите на рускиот суд, заради основање и финансирање на екстремистичка организација и нејзините активности.

The post Буданов: Навални почина од природна смрт, од откачен тромб appeared first on Република.

]]>
Сопругата на Навални: Путин го измачува телото на Алексеј https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/soprugata-na-navalni-putin-go-izmachuva-teloto-na-aleksej/ Sat, 24 Feb 2024 09:52:09 +0000 https://republika.mk/?p=747738

Јулија Навална, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, денеска побара од руските власти да го предадат неговото тело за погреб и го обвини „демонскиот“ руски претседател Владимир Путин дека го „мачел“ неговиот труп. Во шестминутното видео објавено на Јутјуб, Навална го обвини Путин дека го држи телото на нејзиниот сопруг како „заложник“ и ја доведува во прашање христијанската вера на Путин, која тој често ја проповеда.

Мајката на Навални, Људмила, вчера изјави дека руските инспектори одбиле да го дадат неговото тело од мртовечницата во оддалечениот арктички град Салехард, бидејќи таа одбила да го погребе без јавен погреб. Таа рече дека службеникот ѝ рекол дека треба да се согласи со нивните барања со оглед на тоа што телото на Навални веќе почнало да се распаѓа.

Јулија Навална во видеото тврдеше дека Путин е лично одговорен за ова и дека го „мачи“ Навални во смрт исто како што правеше во текот на неговиот живот.

„Веќе знаевме дека религијата на Путин е лажна. Но сега ја гледаме појасно од кога било“, рече Навална, облечена во црно. „Ниту еден вистински христијанин не може да го направи она што го прави Путин сега со телото на Алексеј“, додаде таа.

Откако се врати на претседателската функција во 2012 година, Владимир Путин се прикажува себеси како бранител на традиционалните, конзервативни вредности против, како што тој го опишува како корозивен западен либерализам. Тој, исто така, ја нагласува својата блискост со Руската православна црква и редовно се појавува на церемонии за време на празниците и зборува за својата вера.

Навална рече дека нејзиниот сопруг бил побожен христијанин, кој одел во црква и постел за време на постот дури и кога бил во затвор. Таа додаде дека неговиот политички активизам е инспириран од христијанските вредности.

„Вратете ни го телото на мојот сопруг. Сакаме да направиме погреб и да го погребаме на хуман начин, во земја, како што е вообичаено во православното христијанство“, заклучува таа во видеото.

Мајката на Навални, Људмила, вчера изјави дека руските инспектори одбиле да го дадат неговото тело од мртовечницата во оддалечениот арктички град Салехард, бидејќи таа одбила да го погребе без јавен погреб. Таа рече дека службеникот ѝ рекол дека треба да се согласи со нивните барања со оглед на тоа што телото на Навални веќе почнало да се распаѓа.

Соработниците на Навални рекоа дека властите им се заканиле дека ќе го закопаат во оддалечената затворска колонија каде што умрел доколку семејството не се согласи со нивните услови.

https://twitter.com/yashar/status/1761281104760488247?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1761281104760488247%7Ctwgr%5E95dbc50a0a9cd68dc58bd095190a37989904a34f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d181d0bed0bfd180d183d0b3d0b0d182d0b0-d0bdd0b0-d0bdd0b0d0b2d0b0d0bbd0bdd0b8-d0bfd183d182d0b8d0bd-d0b3d0be-d0b8%2F

 

The post Сопругата на Навални: Путин го измачува телото на Алексеј appeared first on Република.

]]>

Јулија Навална, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, денеска побара од руските власти да го предадат неговото тело за погреб и го обвини „демонскиот“ руски претседател Владимир Путин дека го „мачел“ неговиот труп. Во шестминутното видео објавено на Јутјуб, Навална го обвини Путин дека го држи телото на нејзиниот сопруг како „заложник“ и ја доведува во прашање христијанската вера на Путин, која тој често ја проповеда. Мајката на Навални, Људмила, вчера изјави дека руските инспектори одбиле да го дадат неговото тело од мртовечницата во оддалечениот арктички град Салехард, бидејќи таа одбила да го погребе без јавен погреб. Таа рече дека службеникот ѝ рекол дека треба да се согласи со нивните барања со оглед на тоа што телото на Навални веќе почнало да се распаѓа. Јулија Навална во видеото тврдеше дека Путин е лично одговорен за ова и дека го „мачи“ Навални во смрт исто како што правеше во текот на неговиот живот.
„Веќе знаевме дека религијата на Путин е лажна. Но сега ја гледаме појасно од кога било“, рече Навална, облечена во црно. „Ниту еден вистински христијанин не може да го направи она што го прави Путин сега со телото на Алексеј“, додаде таа.
Откако се врати на претседателската функција во 2012 година, Владимир Путин се прикажува себеси како бранител на традиционалните, конзервативни вредности против, како што тој го опишува како корозивен западен либерализам. Тој, исто така, ја нагласува својата блискост со Руската православна црква и редовно се појавува на церемонии за време на празниците и зборува за својата вера. Навална рече дека нејзиниот сопруг бил побожен христијанин, кој одел во црква и постел за време на постот дури и кога бил во затвор. Таа додаде дека неговиот политички активизам е инспириран од христијанските вредности.
„Вратете ни го телото на мојот сопруг. Сакаме да направиме погреб и да го погребаме на хуман начин, во земја, како што е вообичаено во православното христијанство“, заклучува таа во видеото.
Мајката на Навални, Људмила, вчера изјави дека руските инспектори одбиле да го дадат неговото тело од мртовечницата во оддалечениот арктички град Салехард, бидејќи таа одбила да го погребе без јавен погреб. Таа рече дека службеникот ѝ рекол дека треба да се согласи со нивните барања со оглед на тоа што телото на Навални веќе почнало да се распаѓа. Соработниците на Навални рекоа дека властите им се заканиле дека ќе го закопаат во оддалечената затворска колонија каде што умрел доколку семејството не се согласи со нивните услови. https://twitter.com/yashar/status/1761281104760488247?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1761281104760488247%7Ctwgr%5E95dbc50a0a9cd68dc58bd095190a37989904a34f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d181d0bed0bfd180d183d0b3d0b0d182d0b0-d0bdd0b0-d0bdd0b0d0b2d0b0d0bbd0bdd0b8-d0bfd183d182d0b8d0bd-d0b3d0be-d0b8%2F  

The post Сопругата на Навални: Путин го измачува телото на Алексеј appeared first on Република.

]]>
Мајката на Навални доби рок од три часа да се согласи на приватен погреб https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/majkata-na-navalni-dobi-rok-od-tri-chasa-da-se-soglasi-na-privaten-pogreb/ Fri, 23 Feb 2024 16:49:36 +0000 https://republika.mk/?p=747539

Руските власти и дадоа рок од три часа на мајката на Навални да се согласи на приватен погреб, изјави неговата портпаролка.

„Руските власти и дадоа рок од три часа на мајката на Алексеј Навални да се согласи на приватен погреб. Во спротивно, телото на опозицискиот лидер ќе биде погребано во казнената колонија каде што почина пред една недела“, изјави денеска портпаролката на Навални, Кира Јармиш.

Јармиш додаде дека Људмила Навални го отфрла ултиматумот и продолжува да инсистира телото на нејзиниот син да и биде предадено.

Засега нема коментар од руските власти.

 

The post Мајката на Навални доби рок од три часа да се согласи на приватен погреб appeared first on Република.

]]>

Руските власти и дадоа рок од три часа на мајката на Навални да се согласи на приватен погреб, изјави неговата портпаролка. „Руските власти и дадоа рок од три часа на мајката на Алексеј Навални да се согласи на приватен погреб. Во спротивно, телото на опозицискиот лидер ќе биде погребано во казнената колонија каде што почина пред една недела“, изјави денеска портпаролката на Навални, Кира Јармиш. Јармиш додаде дека Људмила Навални го отфрла ултиматумот и продолжува да инсистира телото на нејзиниот син да и биде предадено. Засега нема коментар од руските власти.  

The post Мајката на Навални доби рок од три часа да се согласи на приватен погреб appeared first on Република.

]]>
Свекрвата веќе ја обвини: Дали е ова љубовникот на Јулија Навални? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/svekrvata-veke-ja-obvini-dali-e-ova-lubovnikot-na-julija-navalni/ Fri, 23 Feb 2024 10:36:06 +0000 https://republika.mk/?p=747320

Уште непогребан, семејството на Алексеј Навални почна да се кара.Па така мајката на Алексеј ја обвини снаата Јулија Навални дека има љубовник.

Таа го казни со тоа што го казни со тоа што го натера да се врати во Русија. Сега е со друг човек и срамно профитира од неговата смрт-изјави мајката на Алексеј Навални.

Наводно станува збор за Евгениј Александрович Чичваркин 50 годишен руски милионер. Евгениј  ја основал компанијата за мобилни телефони, Еуросет. Ова го направило најбогат човек помлад од 35 години во неговата земја, со приближна вредност од 1,6 милијарди долари.

The post Свекрвата веќе ја обвини: Дали е ова љубовникот на Јулија Навални? appeared first on Република.

]]>

Уште непогребан, семејството на Алексеј Навални почна да се кара.Па така мајката на Алексеј ја обвини снаата Јулија Навални дека има љубовник.
Таа го казни со тоа што го казни со тоа што го натера да се врати во Русија. Сега е со друг човек и срамно профитира од неговата смрт-изјави мајката на Алексеј Навални.
Наводно станува збор за Евгениј Александрович Чичваркин 50 годишен руски милионер. Евгениј  ја основал компанијата за мобилни телефони, Еуросет. Ова го направило најбогат човек помлад од 35 години во неговата земја, со приближна вредност од 1,6 милијарди долари.

The post Свекрвата веќе ја обвини: Дали е ова љубовникот на Јулија Навални? appeared first on Република.

]]>
Мајката на Навални вели дека го видела телото на нејзиниот син https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/majkata-na-navalni-veli-deka-go-videla-teloto-na-nejziniot-sin/ Thu, 22 Feb 2024 16:47:46 +0000 https://republika.mk/?p=747105

Мајката на Алексеј Навални, Људмила Навалнаја, вели дека и го покажале телото на нејзиниот син во рускиот град Салехард.

„Тие ме уценуваат, поставувајќи ми услови каде, кога и како треба да биде погребан Алексеј“, рече таа.

Навални почина во руска казнена колонија минатата недела. На неговата мајка и сопруга, Јулија Навалнаја, претходно им беше забранет пристап до телото по неговата смрт.

The post Мајката на Навални вели дека го видела телото на нејзиниот син appeared first on Република.

]]>

Мајката на Алексеј Навални, Људмила Навалнаја, вели дека и го покажале телото на нејзиниот син во рускиот град Салехард.
„Тие ме уценуваат, поставувајќи ми услови каде, кога и како треба да биде погребан Алексеј“, рече таа.
Навални почина во руска казнена колонија минатата недела. На неговата мајка и сопруга, Јулија Навалнаја, претходно им беше забранет пристап до телото по неговата смрт.

The post Мајката на Навални вели дека го видела телото на нејзиниот син appeared first on Република.

]]>
Судот во Салехард следниот месец ќе одлучува дали телото на Навални ќе биде предадено на неговата мајка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sudot-vo-salehard-sledniot-mesets-ke-odluchuva-dali-teloto-na-navalni-ke-bide-predadeno-na-negovata-majka/ Wed, 21 Feb 2024 10:53:16 +0000 https://republika.mk/?p=746493

Судот во рускиот град Салехард соопшти дека на 4 март, зад затворени врати, ќе одлучува по барањето на Људмила Навалнаја (69), мајка на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, да и биде предадено телото на нејзиниот син, кој почина во затвор во петокот на 16 февруари.

Људмила Навалнаја од саботата се обидува да го пронајде телото за кое тврди дека не знае каде е. Таа апелираше до рускиот претседател Владимир Путин да и го предаде телото, за да може достоинствено да го погреба својот син.

Веќе петти ден не можам да го видам. Не сакаат да ми го предадат неговото тело. Не ми кажуваат ни каде е. Решението за овој проблем зависи исклучиво од вас. Дозволете ми конечно да го видам мојот син. Барам телото на Алексеј веднаш да ми биде предадено, за да можам да го погребам како човек, рече Људмила Навалнаја во видео пораката до Путин.

Руските власти тврдат дека причината за смртта на Навални останува непозната и одбиваат да го предадат телото во следните две недели, бидејќи се спроведува истрага.

The post Судот во Салехард следниот месец ќе одлучува дали телото на Навални ќе биде предадено на неговата мајка appeared first on Република.

]]>

Судот во рускиот град Салехард соопшти дека на 4 март, зад затворени врати, ќе одлучува по барањето на Људмила Навалнаја (69), мајка на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, да и биде предадено телото на нејзиниот син, кој почина во затвор во петокот на 16 февруари. Људмила Навалнаја од саботата се обидува да го пронајде телото за кое тврди дека не знае каде е. Таа апелираше до рускиот претседател Владимир Путин да и го предаде телото, за да може достоинствено да го погреба својот син. Веќе петти ден не можам да го видам. Не сакаат да ми го предадат неговото тело. Не ми кажуваат ни каде е. Решението за овој проблем зависи исклучиво од вас. Дозволете ми конечно да го видам мојот син. Барам телото на Алексеј веднаш да ми биде предадено, за да можам да го погребам како човек, рече Људмила Навалнаја во видео пораката до Путин. Руските власти тврдат дека причината за смртта на Навални останува непозната и одбиваат да го предадат телото во следните две недели, бидејќи се спроведува истрага.

The post Судот во Салехард следниот месец ќе одлучува дали телото на Навални ќе биде предадено на неговата мајка appeared first on Република.

]]>
Стара техника на КГБ: Еве како е убиен Навални https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stara-tehnika-na-kgb-eve-kako-e-ubien-navalni/ Wed, 21 Feb 2024 09:53:21 +0000 https://republika.mk/?p=746407

Извор од затворот во Арктичкиот круг, каде што рускиот опозициски лидер Алексеј Навални беше прогласен за мртов минатиот петок, тврди дека критичарот на политиката на претседателот Владимир Путин „веројатно бил убиен со еден удар во срцето“, техника што ја користи КГБ.

Владимир Осечкин, руски дисидент и активист за човекови права, кој смета дека модринките пронајдени на телото на Навални одговараат на последиците од методот на егзекуција „еден истрел“.

- Тоа е стар метод на специјалните одделенија на КГБ. Тие тренираат оперативци да убијат човек со еден удар во срцето, во централниот дел од телото. Тоа е белег на КГБ - изјави Осечки за британски Тајмс.


Ошечкин тврди дека Навални бил принуден да помине меѓу два и пол и четири часа во самица на отворено каде температурата се спуштила на минус 27 Целзиусови степени пред неговата смрт.

- Мислам дека прво го уништија телото така што го држат долго време на студ и му ја успорија циркулацијата на крвта на минимум. И тогаш станува многу лесно да се убие некого, во рок од неколку секунди, ако оперативецот има одредено искуство со тоа - смета Осечкин.

„Дејли мејл“ потсетува дека, пред да стане шеф на Русија, Путин служел во КГБ околу 15 години како офицер задолжен за странско разузнавање и се пензионирал во 1990 година со чин потполковник.

 

The post Стара техника на КГБ: Еве како е убиен Навални appeared first on Република.

]]>

Извор од затворот во Арктичкиот круг, каде што рускиот опозициски лидер Алексеј Навални беше прогласен за мртов минатиот петок, тврди дека критичарот на политиката на претседателот Владимир Путин „веројатно бил убиен со еден удар во срцето“, техника што ја користи КГБ. Владимир Осечкин, руски дисидент и активист за човекови права, кој смета дека модринките пронајдени на телото на Навални одговараат на последиците од методот на егзекуција „еден истрел“.
- Тоа е стар метод на специјалните одделенија на КГБ. Тие тренираат оперативци да убијат човек со еден удар во срцето, во централниот дел од телото. Тоа е белег на КГБ - изјави Осечки за британски Тајмс.
Ошечкин тврди дека Навални бил принуден да помине меѓу два и пол и четири часа во самица на отворено каде температурата се спуштила на минус 27 Целзиусови степени пред неговата смрт.
- Мислам дека прво го уништија телото така што го држат долго време на студ и му ја успорија циркулацијата на крвта на минимум. И тогаш станува многу лесно да се убие некого, во рок од неколку секунди, ако оперативецот има одредено искуство со тоа - смета Осечкин.
„Дејли мејл“ потсетува дека, пред да стане шеф на Русија, Путин служел во КГБ околу 15 години како офицер задолжен за странско разузнавање и се пензионирал во 1990 година со чин потполковник.  

The post Стара техника на КГБ: Еве како е убиен Навални appeared first on Република.

]]>
ЕУ го повика рускиот вршител на должност во Брисел во врска со смртта на Навални https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-go-povika-ruskiot-vrshitel-na-dolzhnost-vo-brisel-vo-vrska-so-smrtta-na-navalni/ Wed, 21 Feb 2024 08:21:48 +0000 https://republika.mk/?p=746395

Европската унија синоќа го повика рускиот вршител на должноста во Брисел да ја пренесе својата „огорченост“ по смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални во затвор, соопшти дипломатската служба на Европската унија (ЕЕАС).

Покрај ЕУ, голем број европски земји, меѓу кои Германија, Шведска, Финска, Шпанија, Италија, балтичките земји и Хрватска, повикаа руски амбасадори или вршители на должност на разгопври во врска со случајот.

„ЕУ ја пренесува својата огорченост поради смртта на опозиционерот Навални, за која на крајот се одговорни претседателот (Владимир) Путин и руските власти“, се вели во соопштението на ЕЕАС.

Генералниот директор на дипломатската служба на ЕУ задолжена за Русија, Мајкл Зиберт, ја повика Русија да одобри меѓународна, независна и транспарентна истрага за смртта на опозиционерот и апелираше до Русија да го предаде неговото тело на семејството без дополнително одлагање и да им го предадат телото на блиските за да го организираат погребот.

По тој повод, дипломатијата на ЕУ повтори дека Русија треба „веднаш и безусловно да ги ослободи сите други политички затвореници како и сите лица уапсени низ цела Русија додека му оддава почит на Навални“.

Хрватското Министерство за надворешни работи синоќа го повика рускиот амбасадор во таа земја на разговор во врска со смртта на Навални.

Извор од италијанското МНР изјави дека бил повикан рускиот амбасадор во Италија по смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални, без да даде други детали.

Смртта на Навални (47) во арктички затвор каде што отслужуваше 19-годишна затворска казна беше објавена во петокот.

The post ЕУ го повика рускиот вршител на должност во Брисел во врска со смртта на Навални appeared first on Република.

]]>

Европската унија синоќа го повика рускиот вршител на должноста во Брисел да ја пренесе својата „огорченост“ по смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални во затвор, соопшти дипломатската служба на Европската унија (ЕЕАС). Покрај ЕУ, голем број европски земји, меѓу кои Германија, Шведска, Финска, Шпанија, Италија, балтичките земји и Хрватска, повикаа руски амбасадори или вршители на должност на разгопври во врска со случајот.
„ЕУ ја пренесува својата огорченост поради смртта на опозиционерот Навални, за која на крајот се одговорни претседателот (Владимир) Путин и руските власти“, се вели во соопштението на ЕЕАС.
Генералниот директор на дипломатската служба на ЕУ задолжена за Русија, Мајкл Зиберт, ја повика Русија да одобри меѓународна, независна и транспарентна истрага за смртта на опозиционерот и апелираше до Русија да го предаде неговото тело на семејството без дополнително одлагање и да им го предадат телото на блиските за да го организираат погребот. По тој повод, дипломатијата на ЕУ повтори дека Русија треба „веднаш и безусловно да ги ослободи сите други политички затвореници како и сите лица уапсени низ цела Русија додека му оддава почит на Навални“. Хрватското Министерство за надворешни работи синоќа го повика рускиот амбасадор во таа земја на разговор во врска со смртта на Навални. Извор од италијанското МНР изјави дека бил повикан рускиот амбасадор во Италија по смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални, без да даде други детали. Смртта на Навални (47) во арктички затвор каде што отслужуваше 19-годишна затворска казна беше објавена во петокот.

The post ЕУ го повика рускиот вршител на должност во Брисел во врска со смртта на Навални appeared first on Република.

]]>