Александруполи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandrupoli/ За подобро да се разбереме Tue, 03 May 2022 13:18:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Александруполи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandrupoli/ 32 32 Ковачевски: Изградбата на гасниот терминал во Александруполи е историски настан за регионот во областа на енергетиката https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-izgradbata-na-gasniot-terminal-vo-aleksandrupoli-e-istoriski-nastan-za-regionot-vo-oblasta-na-energetikata/ Tue, 03 May 2022 13:14:02 +0000 https://republika.mk/?p=496898

Изградбата на гасниот терминал во Александруполи е историски настан за регионот и проект за долгорочна енергетска независност и постојано снабдување со течен гас во едно исклучително кризно време, порача премиерот Димитар Ковачевски на свечената церемонија по повод почетокот на изградба на овој терминал.

На денешниот настан во Александропули, Ковачевски рече дека гасниот терминал е од огромно значење за регионот од аспект на диверзификацијата на природниот гас и поголемата сигурност во снабдувањето со овој енергенс.

Јужниот коридор ја намалува зависноста од досега единствениот канал на доток на гас од Русија.

Поточно, со овој проект наместо во нашата држава да биде присутен само еден извор на гас, сега е отворена можноста да влезе и снабдување од повеќе различни извори, како гасот од САД, Блискиот Исток и други земји.

Ова значи сигурно и безбедно снабдување со природен гас од различни добавувачи и диверзификација на изворите што нашата држава ќе ја направи енергетски независна - нагласи Ковачевски.

Сето ова, смета Ковачевски, ќе влијае и на намалувањето на цената на гасот како енергенс за индустриските и енергетски капацитети во земјава.

Заедно со гасната централа за производство на електрична енергија, како втора фаза од овој голем проект, според Ковачевски, се обезбедува електро-енергетски капацитет со најсовремена технологија за производство и снабдување со електрична енергија.

Македонија, во овој проект учествува со договор за резервација за одреден капацитет за течен гас од Терминалот во Александруполи. Во тек се и подготовките коишто ќе овозможат и наше директно вклучување во изградбата на гасоводот со што нашата земја ќе биде поврзана со овој значаен енергетски капацитет. Со интерконекторот во Грција, кој е во фаза на реализација, ја заокружуваме сета потребна инфраструктура за да се заврши и секундарната гасна мрежа која ќе го донесе гасот до граѓаните и стопанството во Македонија - посочи Ковачевски, додавајќи дека користењето на нови извори на енергија и замена на јагленот со гас е еден од најважните стратешки интереси на Владата.

Реализацијата на овој проект, како што истакна Ковачевски, отвора потенцијали за инвестирање во изградба на други енергетски објекти и подобрување на конкурентноста на регионот.

Сакам на сите граѓани на  Македонија, меѓутоа и на граѓаните на регионот да им испратам порака дека ова се кризни времиња. Ние како премиери и претседателот на Србија, тоа што сме сите заедно овде, испраќаме порака дека во тешки времиња пријателите и соседите треба да бидат заедно да се помагаат и во таа прилика го истакнувам моето огромно задоволство од многу честите контакти кои ги имавме и на дневно ниво со претседателот Вучиќ, со премиерот Мицотакис во делот на обезбедување на потребните енергенси во текот на зимата, меѓутоа и во делот на непречено снабдување, транспорт и трговија на храна помеѓу нашите три држави - рече Ковачевски.

Во гасниот терминал во Александропули,  Македонија ќе партиципира со 10 отсто, а уделот на сопственост во гасната централа е 25 отсто.

На свечената церемонија на која беше официјализиран почетокот на изградба на терминалот, присуствуваа и премиерите на Грција и Бугарија, Кирјакос Мицотакис и Кирил Петков, српскиот претседател Александар Вучиќ и првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Грчкиот премиер рече дека присуството на балканските лидери на манифестацијата го претставува единството на Балканот, но и дека „нашиот полуостров може да има свое место во стратегијата за енергетска транзиција на целиот континент“.

Мицотакис истакна дека со овој, но и со други планирани проекти, набргу ќе може рускиот гас да се замени со други извори, а конкретните земји може да имаат клучна улога на новата енергетска мапа.

Осврнувајќи се на присуството на претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, Мицотакис рече дека тоа „ја симболизира европската димензија на овој проект“, кој е „со важен геополитички отпечаток“.

Мишел, од своја страна, рече дека новиот терминал нема да помогне само во енергетската независност, туку ќе придонесе во долгорочните цели за климатските промени, а овој проект, смета тој, испраќа јасна порака дека ја земаме судбината во наши раце.

Не седиме и разговараме за стратешката автономија, туку сме активни, сите заедно, со нашите пријатели од Балканот сакаме да ја изградиме нашата заедничка иднина - рече Мишел.

Бугарскиот премиер Петков истакна дека е потребно земјите да работат заедно, потенцирајќи дека „економскиот притисок на Кремљ врз Бугарија и Европската унија нема да успеат“. Споменувајќи го денешниот настан како доказ за тоа, Петков додаде дека Грција и Бугарија со поддршка на европските институции ги поставуваат темелите за интерконекторот меѓу двете земји што „ќе ја смени енергетската мапа на Европа“.

Српскиот претседател се осврна на потребата за взаемна соработка, нагласувајќи дека со поддршка на ЕУ ќе земјите од регионот ќе успеат да ги надминат сите тешкотии.

По поздравните обраќања, премиерите на Бугарија и Грција го потпишаа Договорот за започнување на реализацијата на проектот.

По церемонијата, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис приреди ручек за странските лидери.

The post Ковачевски: Изградбата на гасниот терминал во Александруполи е историски настан за регионот во областа на енергетиката appeared first on Република.

]]>

Изградбата на гасниот терминал во Александруполи е историски настан за регионот и проект за долгорочна енергетска независност и постојано снабдување со течен гас во едно исклучително кризно време, порача премиерот Димитар Ковачевски на свечената церемонија по повод почетокот на изградба на овој терминал. На денешниот настан во Александропули, Ковачевски рече дека гасниот терминал е од огромно значење за регионот од аспект на диверзификацијата на природниот гас и поголемата сигурност во снабдувањето со овој енергенс. Јужниот коридор ја намалува зависноста од досега единствениот канал на доток на гас од Русија. Поточно, со овој проект наместо во нашата држава да биде присутен само еден извор на гас, сега е отворена можноста да влезе и снабдување од повеќе различни извори, како гасот од САД, Блискиот Исток и други земји.
Ова значи сигурно и безбедно снабдување со природен гас од различни добавувачи и диверзификација на изворите што нашата држава ќе ја направи енергетски независна - нагласи Ковачевски.
Сето ова, смета Ковачевски, ќе влијае и на намалувањето на цената на гасот како енергенс за индустриските и енергетски капацитети во земјава. Заедно со гасната централа за производство на електрична енергија, како втора фаза од овој голем проект, според Ковачевски, се обезбедува електро-енергетски капацитет со најсовремена технологија за производство и снабдување со електрична енергија.
Македонија, во овој проект учествува со договор за резервација за одреден капацитет за течен гас од Терминалот во Александруполи. Во тек се и подготовките коишто ќе овозможат и наше директно вклучување во изградбата на гасоводот со што нашата земја ќе биде поврзана со овој значаен енергетски капацитет. Со интерконекторот во Грција, кој е во фаза на реализација, ја заокружуваме сета потребна инфраструктура за да се заврши и секундарната гасна мрежа која ќе го донесе гасот до граѓаните и стопанството во Македонија - посочи Ковачевски, додавајќи дека користењето на нови извори на енергија и замена на јагленот со гас е еден од најважните стратешки интереси на Владата.
Реализацијата на овој проект, како што истакна Ковачевски, отвора потенцијали за инвестирање во изградба на други енергетски објекти и подобрување на конкурентноста на регионот.
Сакам на сите граѓани на  Македонија, меѓутоа и на граѓаните на регионот да им испратам порака дека ова се кризни времиња. Ние како премиери и претседателот на Србија, тоа што сме сите заедно овде, испраќаме порака дека во тешки времиња пријателите и соседите треба да бидат заедно да се помагаат и во таа прилика го истакнувам моето огромно задоволство од многу честите контакти кои ги имавме и на дневно ниво со претседателот Вучиќ, со премиерот Мицотакис во делот на обезбедување на потребните енергенси во текот на зимата, меѓутоа и во делот на непречено снабдување, транспорт и трговија на храна помеѓу нашите три држави - рече Ковачевски.
Во гасниот терминал во Александропули,  Македонија ќе партиципира со 10 отсто, а уделот на сопственост во гасната централа е 25 отсто. На свечената церемонија на која беше официјализиран почетокот на изградба на терминалот, присуствуваа и премиерите на Грција и Бугарија, Кирјакос Мицотакис и Кирил Петков, српскиот претседател Александар Вучиќ и првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел. Грчкиот премиер рече дека присуството на балканските лидери на манифестацијата го претставува единството на Балканот, но и дека „нашиот полуостров може да има свое место во стратегијата за енергетска транзиција на целиот континент“. Мицотакис истакна дека со овој, но и со други планирани проекти, набргу ќе може рускиот гас да се замени со други извори, а конкретните земји може да имаат клучна улога на новата енергетска мапа. Осврнувајќи се на присуството на претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, Мицотакис рече дека тоа „ја симболизира европската димензија на овој проект“, кој е „со важен геополитички отпечаток“. Мишел, од своја страна, рече дека новиот терминал нема да помогне само во енергетската независност, туку ќе придонесе во долгорочните цели за климатските промени, а овој проект, смета тој, испраќа јасна порака дека ја земаме судбината во наши раце.
Не седиме и разговараме за стратешката автономија, туку сме активни, сите заедно, со нашите пријатели од Балканот сакаме да ја изградиме нашата заедничка иднина - рече Мишел.
Бугарскиот премиер Петков истакна дека е потребно земјите да работат заедно, потенцирајќи дека „економскиот притисок на Кремљ врз Бугарија и Европската унија нема да успеат“. Споменувајќи го денешниот настан како доказ за тоа, Петков додаде дека Грција и Бугарија со поддршка на европските институции ги поставуваат темелите за интерконекторот меѓу двете земји што „ќе ја смени енергетската мапа на Европа“. Српскиот претседател се осврна на потребата за взаемна соработка, нагласувајќи дека со поддршка на ЕУ ќе земјите од регионот ќе успеат да ги надминат сите тешкотии. По поздравните обраќања, премиерите на Бугарија и Грција го потпишаа Договорот за започнување на реализацијата на проектот. По церемонијата, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис приреди ручек за странските лидери.

The post Ковачевски: Изградбата на гасниот терминал во Александруполи е историски настан за регионот во областа на енергетиката appeared first on Република.

]]>
Уште да го изградиме гасоводот: Грција, Македонија и Бугарија од течен гас ќе прават гас за домаќинствата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ushte-da-go-izgradime-gasovodot-grcija-makedonija-i-bugarija-od-techen-gas-kje-pravat-gas-za-domakjinstvata/ Tue, 03 May 2022 05:56:42 +0000 https://republika.mk/?p=496567

Во присуство на премиерите на  Македонија, Димитар Ковачевски, на Грција, Кирјакос Мицотакис, на Бугарија, Кирил Петков, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска во грчкиот град Александруполи ќе се одржи свечена церемонија по повод започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (LNG), јави дописничката на МИА од Атина.

На церемонијата обраќања ќе имаат Ковачевски, Мицотакис, Петков, Вучиќ и Мишел, а веднаш потоа, како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, грчкиот премиер ќе приреди ручек за странските лидери.

Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски, ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и министерот за економија Крешник Бектеши.

Мицотакис во петокот, за време на владината седница ја најави посетата и ја истакна важноста на конкретниот терминал, за кој рече дека ќе помогне во диверзификација на изворите за снабдување со природен гас, не само за Грција, туку и за регионот.

-Во вторник заедно со други лидери од Балканот ќе бидам во Александруполи на новиот терминал за складирање и гасификација на течен природен гас, многу важен инфраструктурен проект кој во комбинација со други иницијативи, за помалку од 20 месеци ќе ни даде можност целосно да ги диверзифицираме нашите извори за снабдување со природен гас, не само на нашата земја, туку и на целиот Балкански Полуостров, рече Мицотакис.

Како што вчера јави дописничката на МИА од Брисел, Мишел во Александруполи ќе допатува на покана на премиерите на Македонија, Грција и Бугарија и на претседателот на Србија, а за ЕУ проектот за гасоводот е од клучна важност во момент кога главна цел е независност од рускиот гас.

-Проектот ќе понуди нови извори и рути за набавка на природен гас и ќе ја зголеми безбедноста на набавката во Грција, Бугарија и другите земји во регионот, изјавија од кабинетот на Мишел.

За време на учеството на Делфи економскиот форум во Грција минатиот месец, говорејќи за МИА и премиерот Ковачевски и вицепремиерот Битиќи и министерот за финансии Бесими се осврнаа на терминалот во Александруполи, истакнувајќи ја важноста за нашата земја.

Премиерот, тогаш рече дека и интерконекторот со Грција и терминалот за течен природен гас во Александруполи не се само економски проекти, туку се и од стратешко значење и изрази уверување дека набргу ќе почне реализацијата.

-Тоа е проект во којшто учествуваат и Република Грција и Република Бугарија и Република Македонија, а се со цел да се направи диверзификација во снабдувањето со гас, којшто би доаѓал од LNG терминалот во Александруполи. Ние како држава ги донесовме одлуките прво за закуп на количини во терминалот за потребите на ЕСМ, а исто така и НЕР веќе работи на договор за реализација на интерконекторот со Грција преку којшто практично гасот би доаѓал до нашата држава, објасни Ковачевски за МИА минатиот месец.

Вицепремиерот Битиќи и министерот за финансии Бесими, тогаш истакнаа дека терминалот ќе помогне за поголема енергетска независност на земјата.

-Без разлика што некогаш некој сакаше да каже дека е погрешен чекор, јас верував и моите колеги веруваа дека тоа е исправен чекор и денеска се покажува дека навистина е исправен чекор, затоа што можеме да бидеме сигурни дека следните 15 години имаме осигурано гас од друг извор, секогаш е добро да имате два извора наспроти само еден, како што имавме изминативе 30 години, рече Битиќи.

Терминалот за складирање течен гас во Александруполис чини 400 милиони евра. Се состои од пловечки објект каде ќе се чува енергенсот кој таму во течна состојба ќе стига со бродови цистерни. Ќе се преработува во гас, па ќе се пушта во употреба во регионот.

Maкедонија потпиша меморандуми за да располага со 10% од акциите во овој терминал, но за гасот да стигне довде треба да заврши изгрдбата на гасоводот во земјава.

The post Уште да го изградиме гасоводот: Грција, Македонија и Бугарија од течен гас ќе прават гас за домаќинствата appeared first on Република.

]]>

Во присуство на премиерите на  Македонија, Димитар Ковачевски, на Грција, Кирјакос Мицотакис, на Бугарија, Кирил Петков, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска во грчкиот град Александруполи ќе се одржи свечена церемонија по повод започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (LNG), јави дописничката на МИА од Атина. На церемонијата обраќања ќе имаат Ковачевски, Мицотакис, Петков, Вучиќ и Мишел, а веднаш потоа, како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, грчкиот премиер ќе приреди ручек за странските лидери. Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски, ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и министерот за економија Крешник Бектеши. Мицотакис во петокот, за време на владината седница ја најави посетата и ја истакна важноста на конкретниот терминал, за кој рече дека ќе помогне во диверзификација на изворите за снабдување со природен гас, не само за Грција, туку и за регионот. -Во вторник заедно со други лидери од Балканот ќе бидам во Александруполи на новиот терминал за складирање и гасификација на течен природен гас, многу важен инфраструктурен проект кој во комбинација со други иницијативи, за помалку од 20 месеци ќе ни даде можност целосно да ги диверзифицираме нашите извори за снабдување со природен гас, не само на нашата земја, туку и на целиот Балкански Полуостров, рече Мицотакис. Како што вчера јави дописничката на МИА од Брисел, Мишел во Александруполи ќе допатува на покана на премиерите на Македонија, Грција и Бугарија и на претседателот на Србија, а за ЕУ проектот за гасоводот е од клучна важност во момент кога главна цел е независност од рускиот гас.
-Проектот ќе понуди нови извори и рути за набавка на природен гас и ќе ја зголеми безбедноста на набавката во Грција, Бугарија и другите земји во регионот, изјавија од кабинетот на Мишел.
За време на учеството на Делфи економскиот форум во Грција минатиот месец, говорејќи за МИА и премиерот Ковачевски и вицепремиерот Битиќи и министерот за финансии Бесими се осврнаа на терминалот во Александруполи, истакнувајќи ја важноста за нашата земја. Премиерот, тогаш рече дека и интерконекторот со Грција и терминалот за течен природен гас во Александруполи не се само економски проекти, туку се и од стратешко значење и изрази уверување дека набргу ќе почне реализацијата. -Тоа е проект во којшто учествуваат и Република Грција и Република Бугарија и Република Македонија, а се со цел да се направи диверзификација во снабдувањето со гас, којшто би доаѓал од LNG терминалот во Александруполи. Ние како држава ги донесовме одлуките прво за закуп на количини во терминалот за потребите на ЕСМ, а исто така и НЕР веќе работи на договор за реализација на интерконекторот со Грција преку којшто практично гасот би доаѓал до нашата држава, објасни Ковачевски за МИА минатиот месец. Вицепремиерот Битиќи и министерот за финансии Бесими, тогаш истакнаа дека терминалот ќе помогне за поголема енергетска независност на земјата. -Без разлика што некогаш некој сакаше да каже дека е погрешен чекор, јас верував и моите колеги веруваа дека тоа е исправен чекор и денеска се покажува дека навистина е исправен чекор, затоа што можеме да бидеме сигурни дека следните 15 години имаме осигурано гас од друг извор, секогаш е добро да имате два извора наспроти само еден, како што имавме изминативе 30 години, рече Битиќи. Терминалот за складирање течен гас во Александруполис чини 400 милиони евра. Се состои од пловечки објект каде ќе се чува енергенсот кој таму во течна состојба ќе стига со бродови цистерни. Ќе се преработува во гас, па ќе се пушта во употреба во регионот.
Maкедонија потпиша меморандуми за да располага со 10% од акциите во овој терминал, но за гасот да стигне довде треба да заврши изгрдбата на гасоводот во земјава.

The post Уште да го изградиме гасоводот: Грција, Македонија и Бугарија од течен гас ќе прават гас за домаќинствата appeared first on Република.

]]>