Александрос Вретакос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandros-vretakos/ За подобро да се разбереме Sat, 11 Nov 2023 08:33:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Александрос Вретакос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandros-vretakos/ 32 32 Изложба на фотографии „Вевчански бајки и кошмари“ на Александрос Вретакос https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-fotografii-vevchanski-bajki-i-koshmari-na-aleksandros-vretakos/ Sat, 11 Nov 2023 09:00:24 +0000 https://republika.mk/?p=700457

Изложба на фотографии „Вевчански бајки и кошмари“ од Александрос Вретакос вечер ќе биде отворена во Галеријата „Рудиќ“.

Александрос Вретакос  е грчки фотограф од Кожани, кој го снима карневалот во Вевчани во последните осум години.

- Барајќи на интернет пред осум години интересни фото дестинации на Балканот со карневалска тема, наидов на селото Вевчани. Оттогаш, секоја година го фотографирам континуирано. Од првата година ги запознав нејзините жители и со некои од нив станавме одлични пријатели. Бев многу импресиониран од гостопримството на жителите, и од нивната приемчивост и отворени врати насекаде, изјави Вретакос.

Според него, карневалот, кој се одржува секоја година во средината на јануари, ја покажува големата љубов на мештаните кон нивното село.

-Како и оправдана гордост што „модерните години“ не успеале да ги променат и да ги оттргнат од корените. Тоа е место кое се спротивставува на промените бидејќи е самодоволно. Голема предност за нашето време. Од првиот ден бев импресиониран од масовното учество на жителите на нивниот традиционален карневал. Традицијата вели дека мора да направат свои маски кои ќе ги запалат на крајот на карневалот и ќе се ослободат од своите улоги, појасни Вретакос.

[caption id="attachment_700474" align="alignnone" width="511"] Фото: Александрос Вретакос[/caption]

Александрос Вретакос почнал интензивно да се занимава со фотографија за време на студиите во Нови Сад, како член, во тоа време, на еден од најзначајните југословенски фото-клубови „Бранко Бајиќ“. Таа југословенска школа на фотографија, како што се наведува, сè уште се отсликува на неговите фотографии. Неговата фотографија се карактеризира со различни теми и техники што ги користи. Во повеќето негови проекти се открива надреалистичко расположение.

Вретакос имал 60 самостојни изложби и три последователни учества со изложби на Фото биеналето во Музејот на фотографија во Солун.

The post Изложба на фотографии „Вевчански бајки и кошмари“ на Александрос Вретакос appeared first on Република.

]]>

Изложба на фотографии „Вевчански бајки и кошмари“ од Александрос Вретакос вечер ќе биде отворена во Галеријата „Рудиќ“. Александрос Вретакос  е грчки фотограф од Кожани, кој го снима карневалот во Вевчани во последните осум години.
- Барајќи на интернет пред осум години интересни фото дестинации на Балканот со карневалска тема, наидов на селото Вевчани. Оттогаш, секоја година го фотографирам континуирано. Од првата година ги запознав нејзините жители и со некои од нив станавме одлични пријатели. Бев многу импресиониран од гостопримството на жителите, и од нивната приемчивост и отворени врати насекаде, изјави Вретакос.
Според него, карневалот, кој се одржува секоја година во средината на јануари, ја покажува големата љубов на мештаните кон нивното село.
-Како и оправдана гордост што „модерните години“ не успеале да ги променат и да ги оттргнат од корените. Тоа е место кое се спротивставува на промените бидејќи е самодоволно. Голема предност за нашето време. Од првиот ден бев импресиониран од масовното учество на жителите на нивниот традиционален карневал. Традицијата вели дека мора да направат свои маски кои ќе ги запалат на крајот на карневалот и ќе се ослободат од своите улоги, појасни Вретакос.
[caption id="attachment_700474" align="alignnone" width="511"] Фото: Александрос Вретакос[/caption] Александрос Вретакос почнал интензивно да се занимава со фотографија за време на студиите во Нови Сад, како член, во тоа време, на еден од најзначајните југословенски фото-клубови „Бранко Бајиќ“. Таа југословенска школа на фотографија, како што се наведува, сè уште се отсликува на неговите фотографии. Неговата фотографија се карактеризира со различни теми и техники што ги користи. Во повеќето негови проекти се открива надреалистичко расположение. Вретакос имал 60 самостојни изложби и три последователни учества со изложби на Фото биеналето во Музејот на фотографија во Солун.

The post Изложба на фотографии „Вевчански бајки и кошмари“ на Александрос Вретакос appeared first on Република.

]]>