Александра Велинова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandra-velinova/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Apr 2024 13:52:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Александра Велинова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandra-velinova/ 32 32 Александра Велинова, авторка на книгата „Мечето што не го фаќаше зимски сон“: Голема е одговорноста да се пишува за деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/aleksandra-velinova-avtorka-na-knigata-mecheto-shto-ne-go-fakashe-zimski-son-golema-e-odgovornosta-da-se-pishuva-za-detsa/ Fri, 19 Apr 2024 14:14:27 +0000 https://republika.mk/?p=767226

...„Родителите на мечето беа во длабок сон. Со затворени очи се смешкаа, нешто убаво сонуваа.  Но, малото мече сон не го „фаќаше“  наслушнувајќи го детскиот  џагор што доаѓаше  однадвор…-пишува во најновата сликовница за деца „ Мечето што не го фаќаше зимски сон“ авторката Александра Велинова.

Во неа ,љубопитниот Алексеј и мечето ги носат најмладите читатели во незаборавна зимска авантура: прават пепрутки во снегот, жонглираат со снежни топки, скијаат, се сончаат на бачило и пијат чај, дишат чист воздух, се валкаат во снегот, уживаат во глетката на снежната планина. Но, и забележуваат и учат дека снегот се претвора во лед и во вода, всушност водата ја менува агрегатната состојба.

Никогаш не помислував да пишувам книги за деца додека не се родија моите. Голема е одговорноста да се пишува за деца, тешко е кратко да се пишува и треба да се внимава на каков начин и каква порака ќе им се пренесе на младите читатели. Кога станува збор пак за сликовница треба додека пишуваш да размислуваш и визуелно како ќе изгледа, илустрирано. Во зависност за која возраст е наменета треба да се запази и процентот на застапеност на текст и илустрација на страниците. Ако нема доза на хумор тешко дека ќе им го привлече вниманието, но пред се треба да бидат и едукативни.  Всушност, Стефан и Алексеј „ги пишуваат“, јас се потпишувам. И претходните и новава се инспирирани од наши патувања и разговори со нив. И тоа обично се случува неколку години потоа, не одам со план дека ќе пишувам. „Мечето што не го фаќаше зимски сон“ како идеја се роди при првата посета на планина на Алексеј пред  три години, објаснува Александра.

„Мечето што не го фаќаше зимски сон“ е поддржана од Министерството за култура. Им се придружува на „Бидејќи сум дете“, „Стефан во магичниот град“, „Стефан на прошетка со Ками во Египет“, „Стефан во Дино парк“, „На крилјата на самовилското коњче“, „Најубавите години“, „Стапки во пустина“, „Од дното на душата“, „Како ги заработив првите пари“ ( книга со интервјуа) кои се дел од творечкиот опус на Велинова. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Добитничка на престижната меѓународна награда „Антево слово“ (Сицилија, Италија).

The post Александра Велинова, авторка на книгата „Мечето што не го фаќаше зимски сон“: Голема е одговорноста да се пишува за деца appeared first on Република.

]]>

...„Родителите на мечето беа во длабок сон. Со затворени очи се смешкаа, нешто убаво сонуваа.  Но, малото мече сон не го „фаќаше“  наслушнувајќи го детскиот  џагор што доаѓаше  однадвор…-пишува во најновата сликовница за деца „ Мечето што не го фаќаше зимски сон“ авторката Александра Велинова. Во неа ,љубопитниот Алексеј и мечето ги носат најмладите читатели во незаборавна зимска авантура: прават пепрутки во снегот, жонглираат со снежни топки, скијаат, се сончаат на бачило и пијат чај, дишат чист воздух, се валкаат во снегот, уживаат во глетката на снежната планина. Но, и забележуваат и учат дека снегот се претвора во лед и во вода, всушност водата ја менува агрегатната состојба.
Никогаш не помислував да пишувам книги за деца додека не се родија моите. Голема е одговорноста да се пишува за деца, тешко е кратко да се пишува и треба да се внимава на каков начин и каква порака ќе им се пренесе на младите читатели. Кога станува збор пак за сликовница треба додека пишуваш да размислуваш и визуелно како ќе изгледа, илустрирано. Во зависност за која возраст е наменета треба да се запази и процентот на застапеност на текст и илустрација на страниците. Ако нема доза на хумор тешко дека ќе им го привлече вниманието, но пред се треба да бидат и едукативни.  Всушност, Стефан и Алексеј „ги пишуваат“, јас се потпишувам. И претходните и новава се инспирирани од наши патувања и разговори со нив. И тоа обично се случува неколку години потоа, не одам со план дека ќе пишувам. „Мечето што не го фаќаше зимски сон“ како идеја се роди при првата посета на планина на Алексеј пред  три години, објаснува Александра.
„Мечето што не го фаќаше зимски сон“ е поддржана од Министерството за култура. Им се придружува на „Бидејќи сум дете“, „Стефан во магичниот град“, „Стефан на прошетка со Ками во Египет“, „Стефан во Дино парк“, „На крилјата на самовилското коњче“, „Најубавите години“, „Стапки во пустина“, „Од дното на душата“, „Како ги заработив првите пари“ ( книга со интервјуа) кои се дел од творечкиот опус на Велинова. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Добитничка на престижната меѓународна награда „Антево слово“ (Сицилија, Италија).  

The post Александра Велинова, авторка на книгата „Мечето што не го фаќаше зимски сон“: Голема е одговорноста да се пишува за деца appeared first on Република.

]]>
„Стефан во Дино парк“ од Александра Велинова објавена во пресрет на Светскиот ден на литературата за деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/stefan-vo-dino-park-od-aleksandra-velinova-objavena-vo-presret-na-svetskiot-den-na-literaturata-za-deca/ Sat, 02 Apr 2022 11:33:16 +0000 https://republika.mk/?p=482304

Во пресрет на Светскиот ден на литературата за деца, излезе од печат нова илустрирана книга за деца „СТЕФАН ВО ДИНО ПАРК“ од авторката Александра Велинова. Книга во која се раскажува низ стихови и оригинални илустрации и која е наменета за децата од предучилишна и рана училишна возраст.

Книгата со текст, надградена со илустрациите претставува возбудливо уметничко доживување по кое копнее детската душа, ум и фантазија, вели Проф. д-р Благица Петковска во рецанзијата на книгата.

Оваа книга е продолжување на едицијата патувања, со цел децата да се едуцираат и забавуваат преку книга. Стиховите сочинуваат една целина, во која на хумористичен начин се запознаваат малите читатели со најпопуларните диносауруси и тоа: каде живееле, што јаделе, како изгледале. Главниот лик во книгата е Стефан, дете кое како и многу други деца, го интересираат диносаурусите. Кога се наоѓа во Дино паркот, тој е јавач, палеонтолог и ловец на диносауруси, но пред сè тој ги сака и ужива во играта со нив.

Играта на Стефан во Дино паркот е плод на детската храброст. Тој дури и гласно ја објавува својата храброст и одлучност да истражува, да допре до дното на тајниот свет, во дадениот случај на диносаурусите, пишува Трајче Кацаров.

The post „Стефан во Дино парк“ од Александра Велинова објавена во пресрет на Светскиот ден на литературата за деца appeared first on Република.