александра јанева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandra-janeva/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 07:56:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png александра јанева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandra-janeva/ 32 32 „Жали горо, жали сестро” во ново руво благодарение на Жаклина Маркоски и Николче Мицевски https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/zhali-goro-zhali-sestro-vo-novo-ruvo-blagodarenie-na-zhaklina-markoski-i-nikolche-mitsevski/ Tue, 29 Oct 2024 14:32:54 +0000 https://republika.mk/?p=832097

Очигледно дека македонската народна музика е како непресушен извор од кој може да црпите и секогаш да има уште, уште и уште. Насекаде во светот сме познати по тој наш специфичен мелос и интерпретација, кои се карактеристични само за нас.

Една од најубавите народни песни за нас, сега доби препев од струмичанката која скоро 30 години живее во Соидинетите Американски Држави, Жаклина Маркоски. Поточно таа од 1993 до 2006 година живеела во Канада и од 2006 навака таа живее во Америка.

Станува збор за народната песна „Жали горо, жали сестро”, на која една поинаква димензија и даде маестро Николче Мицевски, со што векот на оваа песна е продолжен за уште десетици, а можеби и стотици години.

За мене таа е една од најубавите македонски народни песни. Јас сум пресреќна што имав прилика да соработувам со Николче и сметам дека го извадивме максимумот. Се надевам на уште наши заеднички соработки и во иднина, вели Жаклина.

За потребите на оваа песна се сними и видеозапис во падините на преубавиот Пелистер, а задолжени за снимањето беше екипата на „Зага продукција”.

https://youtu.be/xxh_c3BHaj8?si=cHrfmHW6Td6_sxsi

Она што е интересно да се напомене е тоа што Жаклина е тетка на една од нашите најдобри пејачки, познатата Александра Јанева од Струмица.

Инаку Жаклина ќе ја видиме и на реномираниот фестивал за народна музика „Прилеп Фест”, кој ќе се одржи на 1 ноември во домот на културата „Марко Цепенков”.

The post „Жали горо, жали сестро” во ново руво благодарение на Жаклина Маркоски и Николче Мицевски appeared first on Република.

]]>

Очигледно дека македонската народна музика е како непресушен извор од кој може да црпите и секогаш да има уште, уште и уште. Насекаде во светот сме познати по тој наш специфичен мелос и интерпретација, кои се карактеристични само за нас. Една од најубавите народни песни за нас, сега доби препев од струмичанката која скоро 30 години живее во Соидинетите Американски Држави, Жаклина Маркоски. Поточно таа од 1993 до 2006 година живеела во Канада и од 2006 навака таа живее во Америка. Станува збор за народната песна „Жали горо, жали сестро”, на која една поинаква димензија и даде маестро Николче Мицевски, со што векот на оваа песна е продолжен за уште десетици, а можеби и стотици години.
За мене таа е една од најубавите македонски народни песни. Јас сум пресреќна што имав прилика да соработувам со Николче и сметам дека го извадивме максимумот. Се надевам на уште наши заеднички соработки и во иднина, вели Жаклина.
За потребите на оваа песна се сними и видеозапис во падините на преубавиот Пелистер, а задолжени за снимањето беше екипата на „Зага продукција”. https://youtu.be/xxh_c3BHaj8?si=cHrfmHW6Td6_sxsi Она што е интересно да се напомене е тоа што Жаклина е тетка на една од нашите најдобри пејачки, познатата Александра Јанева од Струмица. Инаку Жаклина ќе ја видиме и на реномираниот фестивал за народна музика „Прилеп Фест”, кој ќе се одржи на 1 ноември во домот на културата „Марко Цепенков”.

The post „Жали горо, жали сестро” во ново руво благодарение на Жаклина Маркоски и Николче Мицевски appeared first on Република.

]]>
Концерт на поп пејачката Александра Јанева вечерва на летната сцена во Крива Паланка https://arhiva3.republika.mk/scena/kontsert-na-pop-pejachkata-aleksandra-janeva-vecherva-na-letnata-stsena-vo-kriva-palanka/ Fri, 09 Aug 2024 07:03:12 +0000 https://republika.mk/?p=804817

Во петок на 9 август 2024 година, со почеток во 20:00 часот, на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, ќе имате можност да уживате во концертот на младата и талентирана поп пејачка Александра Јанева.

Концерт на Александра Јанева, победник на музичкото шоу „Сите наши песни” и на МАКФЕСТ 2013 и 2016, бек вокал на Евровизија 2019 со Тамара Тодевска.

 

Извонредна пејачка со бројни синглови во 11-годишната музичка кариера и хитови од албумот „Срце отвори”. Плодна продукција со нови 3 песни во изминатите 3 месеци и хитовската “Нашата песна”.

Не пропуштајте го концертот со Александра Јанева на Кривопаланечко културно лето и Крива Паланка-Град на културата.

The post Концерт на поп пејачката Александра Јанева вечерва на летната сцена во Крива Паланка appeared first on Република.

]]>

Во петок на 9 август 2024 година, со почеток во 20:00 часот, на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, ќе имате можност да уживате во концертот на младата и талентирана поп пејачка Александра Јанева. Концерт на Александра Јанева, победник на музичкото шоу „Сите наши песни” и на МАКФЕСТ 2013 и 2016, бек вокал на Евровизија 2019 со Тамара Тодевска.   Извонредна пејачка со бројни синглови во 11-годишната музичка кариера и хитови од албумот „Срце отвори”. Плодна продукција со нови 3 песни во изминатите 3 месеци и хитовската “Нашата песна”. Не пропуштајте го концертот со Александра Јанева на Кривопаланечко културно лето и Крива Паланка-Град на културата.

The post Концерт на поп пејачката Александра Јанева вечерва на летната сцена во Крива Паланка appeared first on Република.

]]>
„Дождови“-нова песна на Александра Јанева со моќен текст https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dozhdovi-nova-pesna-na-aleksandra-janeva-so-moken-tekst/ Fri, 02 Feb 2024 10:14:56 +0000 https://republika.mk/?p=739654

Александра Јанева има нов музички проект. Вчеравечер на јавноста и ја претстави својата нова песна која го носи насловот „Дождови”, нумера која денови наназад ја најавуваше на своите социјални мрежи. Песна со моќен текст кој ја воодушеви публиката на прво слушање.

Голем предизвик е да траеш на македонската музичка сцена толку години и да се трудиш да ги следиш сите актуелности, а сепак да останеш доследен на квалитетот кој за мене лично е многу важен. За овој проект вклучивме и нови, млади луѓе кои ни дадоа свежа енергија. Голема благодарност и до „Dance Team Fusion”. Горда сум на целиот тим кој работеше на овој проект и се радувам на сите следни песни кои наскоро ќе излезат, а на кои веќе напорно се работи, вели Александра.

Авторскиот тим кој се потпишува за ова ремек дело се: музика и текст – Лазар Цветкоски и Александра Јанева, аранжман и продуцент – Лазар Цветкоски, а видеото, пак, кое е приказна за себе и приказна полна со многу драги луѓе на Александра е работено со Горан Симјановски.

 

https://www.youtube.com/watch?v=7-bTraHydYg&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fekran.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post „Дождови“-нова песна на Александра Јанева со моќен текст appeared first on Република.

]]>

Александра Јанева има нов музички проект. Вчеравечер на јавноста и ја претстави својата нова песна која го носи насловот „Дождови”, нумера која денови наназад ја најавуваше на своите социјални мрежи. Песна со моќен текст кој ја воодушеви публиката на прво слушање.
Голем предизвик е да траеш на македонската музичка сцена толку години и да се трудиш да ги следиш сите актуелности, а сепак да останеш доследен на квалитетот кој за мене лично е многу важен. За овој проект вклучивме и нови, млади луѓе кои ни дадоа свежа енергија. Голема благодарност и до „Dance Team Fusion”. Горда сум на целиот тим кој работеше на овој проект и се радувам на сите следни песни кои наскоро ќе излезат, а на кои веќе напорно се работи, вели Александра.
Авторскиот тим кој се потпишува за ова ремек дело се: музика и текст – Лазар Цветкоски и Александра Јанева, аранжман и продуцент – Лазар Цветкоски, а видеото, пак, кое е приказна за себе и приказна полна со многу драги луѓе на Александра е работено со Горан Симјановски.   https://www.youtube.com/watch?v=7-bTraHydYg&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fekran.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post „Дождови“-нова песна на Александра Јанева со моќен текст appeared first on Република.

]]>
Инспирирана од обожавател кој ја навредил – Александра Јанева има нова песна https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/inspirirana-od-obozavatel-koj-ja-navredil-aleksandra-janeva-ima-nova-pesna/ Fri, 01 Apr 2022 10:11:49 +0000 https://republika.mk/?p=481856

Александра Јанева пред извесно време вели дека ја создала својата нова нумера со наслов „Глумиме“ во еден здив. Испровоцирана од обожавател, кој на социјалните мрежи се дрзнал и напишал навредлива порака, пејачката заедно со композиторот Лазар Цветкоски создадоа одлично музичко дело.

Секој пејач кој често настапува во живо знае дека очите на публиката се постојано вперени во него и секој негов чекор буди најразлични чувства и поделени коментари кај нив. Инспирацијата за „Глумиме“ дојде после една необична порака која ја добив во инбокс, од лажен профил. Се насмеав на пораката и првото нешто што ми дојде на памет беше колку им е забавно на поединци да ѕиркаат во туѓи животи. И така почнав да си реплицирам, со рефрен за нова песна. Инаку за неколку дена и јавно сакам да ја објавам пораката која ја добив, сметам дека мојата публика треба да го види тоа, вели пејачката Јанева.

Јанева вели дека со стиховите од рефренот „Сите можеме да глумиме и туѓи животи да судиме, но каков живот имаш ти, кажи ми?“ се појавила пред студиото на Лазар Цветкоски и двајцата песната ја создале за кратко време.

Јанева и за оваа песна соработува со режисерот Ѓорѓи Вацев, а покрај неа, во спотот се појавува и моделот Илија Андов. За нивниот стајлинг повторно се погрижи стилистката Милена Танаскоска, со која соработката трае веќе неколку години.

https://youtu.be/uMffehzzY-0

Јанева се врати на македонската музичка сцена по пауза од две години, на минатогодишниот „Макфест“ со автобиографската и моќна балада „Денот што ни носи“, авторско дело на Лазар Цветкоски. Преку „Денот што ни носи“ и „Глумиме“, Александра јасно покажува дека секој стих од нејзината музика е вистинска приказна и произлегува од емоциите кои ја обземаат. Како што вели таа, ова е само почетокот на нејзините неискажани приказни. Следуваат уште многу проекти кои ќе се најдат на нејзиниот втор албум.

The post Инспирирана од обожавател кој ја навредил – Александра Јанева има нова песна appeared first on Република.

]]>

Александра Јанева пред извесно време вели дека ја создала својата нова нумера со наслов „Глумиме“ во еден здив. Испровоцирана од обожавател, кој на социјалните мрежи се дрзнал и напишал навредлива порака, пејачката заедно со композиторот Лазар Цветкоски создадоа одлично музичко дело.
Секој пејач кој често настапува во живо знае дека очите на публиката се постојано вперени во него и секој негов чекор буди најразлични чувства и поделени коментари кај нив. Инспирацијата за „Глумиме“ дојде после една необична порака која ја добив во инбокс, од лажен профил. Се насмеав на пораката и првото нешто што ми дојде на памет беше колку им е забавно на поединци да ѕиркаат во туѓи животи. И така почнав да си реплицирам, со рефрен за нова песна. Инаку за неколку дена и јавно сакам да ја објавам пораката која ја добив, сметам дека мојата публика треба да го види тоа, вели пејачката Јанева.
Јанева вели дека со стиховите од рефренот „Сите можеме да глумиме и туѓи животи да судиме, но каков живот имаш ти, кажи ми?“ се појавила пред студиото на Лазар Цветкоски и двајцата песната ја создале за кратко време. Јанева и за оваа песна соработува со режисерот Ѓорѓи Вацев, а покрај неа, во спотот се појавува и моделот Илија Андов. За нивниот стајлинг повторно се погрижи стилистката Милена Танаскоска, со која соработката трае веќе неколку години. https://youtu.be/uMffehzzY-0 Јанева се врати на македонската музичка сцена по пауза од две години, на минатогодишниот „Макфест“ со автобиографската и моќна балада „Денот што ни носи“, авторско дело на Лазар Цветкоски. Преку „Денот што ни носи“ и „Глумиме“, Александра јасно покажува дека секој стих од нејзината музика е вистинска приказна и произлегува од емоциите кои ја обземаат. Како што вели таа, ова е само почетокот на нејзините неискажани приказни. Следуваат уште многу проекти кои ќе се најдат на нејзиниот втор албум.

The post Инспирирана од обожавател кој ја навредил – Александра Јанева има нова песна appeared first on Република.

]]>