александер ван дер белен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksander-van-der-belen/ За подобро да се разбереме Wed, 29 Mar 2023 16:29:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png александер ван дер белен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksander-van-der-belen/ 32 32 Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-belen-potvrdena-odlichnata-sorabotka-so-avstrija-makedonija-odluchno-prodolzhuva-na-patot-kon-eu/ Wed, 29 Mar 2023 16:29:58 +0000 https://republika.mk/?p=625182

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

На средбата присуствуваа и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за правда Кренар Лога, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и амбасадорот на Република Македонија во Република Австрија, Освит Росоклија, како и сојузната министерка за правда на Австрија, Алма Задиќ и амбасадорот на Австрија во Република Македонија, Георг Вуцас.

На средбата е нагласено долгогодишното пријателство и одличното ниво на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Австрија, како и развиената взаемна соработка во повеќе сектори.

Поддршката на Австрија за евроинтеграцискиот процес на Македонија е континуирана и силна, беше речено на состанокот, со појаснување дека Австрија има цврста определба дека сака побрза интеграција на регионот како дел од ЕУ.

Претседателот Ван дер Белен нагласи дека Австрија и понатаму силно и гласно ќе ја поддржува интеграцијата на Македонија во ЕУ, потенцирајќи дека земјата се движи во вистински правец и на тој пат е потребен национален консензус. Во однос на претстојниот процес поврзан со уставните измени, Претседателот истакна дека следниот чекор на државата не е лесен, но Македонија може да смета на Австрија како на сигурен партнер на тој пат.

Премиерот Ковачевски му се заблагодари на австрискиот претседател Ван дер Белен за несебичната поддршка и континуираното партнерство со нашата земја во изминатите речиси три децении, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво, особено во Обединетите нации, како и во рамките на ОБСЕ, каде нашата улога е нагласена оваа година, кога Република Македонија е во улога на претседавач со Организацијата, а чија кандидатура беше поддржана од Австрија.

Заеднички е констатирана улогата на Република Македонија како фактор на стабилност во регионот и како кредибилен партнер на НАТО и ЕУ, што е особено важно во процесот на обезбедување на напредок на земјата, како и пристапување на земјата во европското семејство на народи.

Премиерот Ковачевски го истакна значењето на Австрија како еден од најголемите странски инвеститори во државава, со констатација дека постои потенцијал за зголемување на нивото на трговската размена.

The post Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува во официјална посета на Република Македонија. На средбата присуствуваа и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за правда Кренар Лога, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и амбасадорот на Република Македонија во Република Австрија, Освит Росоклија, како и сојузната министерка за правда на Австрија, Алма Задиќ и амбасадорот на Австрија во Република Македонија, Георг Вуцас. На средбата е нагласено долгогодишното пријателство и одличното ниво на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Австрија, како и развиената взаемна соработка во повеќе сектори. Поддршката на Австрија за евроинтеграцискиот процес на Македонија е континуирана и силна, беше речено на состанокот, со појаснување дека Австрија има цврста определба дека сака побрза интеграција на регионот како дел од ЕУ. Претседателот Ван дер Белен нагласи дека Австрија и понатаму силно и гласно ќе ја поддржува интеграцијата на Македонија во ЕУ, потенцирајќи дека земјата се движи во вистински правец и на тој пат е потребен национален консензус. Во однос на претстојниот процес поврзан со уставните измени, Претседателот истакна дека следниот чекор на државата не е лесен, но Македонија може да смета на Австрија како на сигурен партнер на тој пат. Премиерот Ковачевски му се заблагодари на австрискиот претседател Ван дер Белен за несебичната поддршка и континуираното партнерство со нашата земја во изминатите речиси три децении, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво, особено во Обединетите нации, како и во рамките на ОБСЕ, каде нашата улога е нагласена оваа година, кога Република Македонија е во улога на претседавач со Организацијата, а чија кандидатура беше поддржана од Австрија. Заеднички е констатирана улогата на Република Македонија како фактор на стабилност во регионот и како кредибилен партнер на НАТО и ЕУ, што е особено важно во процесот на обезбедување на напредок на земјата, како и пристапување на земјата во европското семејство на народи. Премиерот Ковачевски го истакна значењето на Австрија како еден од најголемите странски инвеститори во државава, со констатација дека постои потенцијал за зголемување на нивото на трговската размена.

The post Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ appeared first on Република.

]]>
На австрискиот претседател Ван дер Белен екстремистите му се закануваат со бесилка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-avstriskiot-pretsedatel-van-der-belen-ekstremistite-mu-se-zakanuvaat-so-besilka/ Wed, 27 Jul 2022 15:02:55 +0000 https://republika.mk/?p=533912

Повеќе недели десничарски екстремисти му се закануваат на австрискиот претседател Александер ван дер Белен, а сега тоа го направија и со бесилка.

На протест по повод доаѓањето на Ван дер Белен на летен културен фестивал во Салцбург, еден од учесниците носеше бесилка со напис „Алатка за поправка на владата“.

Полицијата ги обезбедуваше политичарите при нивното доаѓање, но не им одговори на учесниците на протестот.

На социјалните мрежи реагираа многумина, критикувајќи што полицијата дозволила такви закани.

Со недели десничарски групи се обидуваат да ги нарушат настапите на Ван дер Белен.

Објавени се термини на социјалните мрежи, првенствено на Телеграм, како и повик на сите места, со различни средства, да му се попречуваат настапите.

Така група демонстранти пред неколку дена излезе во Ефердинг поради што беше откажан планираниот говор на австрискиот претседател.

Медиумите пишуваат дека на сите места каде Ван дер Белен доаѓа, соочен е со протести и свирежи.

The post На австрискиот претседател Ван дер Белен екстремистите му се закануваат со бесилка appeared first on Република.

]]>

Повеќе недели десничарски екстремисти му се закануваат на австрискиот претседател Александер ван дер Белен, а сега тоа го направија и со бесилка. На протест по повод доаѓањето на Ван дер Белен на летен културен фестивал во Салцбург, еден од учесниците носеше бесилка со напис „Алатка за поправка на владата“. Полицијата ги обезбедуваше политичарите при нивното доаѓање, но не им одговори на учесниците на протестот. На социјалните мрежи реагираа многумина, критикувајќи што полицијата дозволила такви закани. Со недели десничарски групи се обидуваат да ги нарушат настапите на Ван дер Белен. Објавени се термини на социјалните мрежи, првенствено на Телеграм, како и повик на сите места, со различни средства, да му се попречуваат настапите. Така група демонстранти пред неколку дена излезе во Ефердинг поради што беше откажан планираниот говор на австрискиот претседател. Медиумите пишуваат дека на сите места каде Ван дер Белен доаѓа, соочен е со протести и свирежи.

The post На австрискиот претседател Ван дер Белен екстремистите му се закануваат со бесилка appeared first on Република.

]]>