Александер Шаленберг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksander-shalenberg/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 12:45:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Александер Шаленберг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksander-shalenberg/ 32 32 Мицкоски на средба со австрискиот министер за надворешни работи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-sredba-so-avstriskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti/ Tue, 22 Oct 2024 12:45:18 +0000 https://republika.mk/?p=829889

Премиерот Мицкоски денеска имаше средба со австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг.

Разговаравме за заеднчките интереси, стратешките цели на Македонија и потребата за придвижување на процесите.

The post Мицкоски на средба со австрискиот министер за надворешни работи appeared first on Република.

]]>

Шаленберг: Процесот на интеграција треба да се фокусира на усвојувањето на европското законодавство, а билатералните прашања да се третираат одделно https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shalenberg-protsesot-na-integratsija-treba-da-se-fokusira-na-usvojuvaneto-na-evropskoto-zakonodavstvo-a-bilateralnite-prashana-da-se-tretiraat-oddelno/ Fri, 05 Jul 2024 11:23:53 +0000 https://republika.mk/?p=793767

Процесот на ЕУ интеграција треба да се фокусира на усвојувањето на европското законодавство, а билатералните прашања да се третираат одделно, вели министерот за надворешни работи на Австрија Александер Шаленберг, во интервјуто за грчкиот весник „Та неа“, а паралелно посочува дека конкретно за Македонија, јасни предуслови се уставните измени и целосното почитување на меѓународните договори, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за ЕУ перспективата на регионот, шефот на австриската дипломатија истакнува дека пред повеќе од 20 години во Солун „им ветивме членство во ЕУ на земјите од Западен Балкан“ и „време е да се стори ова“, а додава дека заедно со Грција, како дел од „Пријателите на Западен Балкан“, помагаат за оваа цел да се постигне што е можно поскоро.

Но, треба да го преиспитаме процесот на проширување, да се оддалечиме од бинарното размислување „внатре или надвор“. Поддржувам постепена интеграција во политиките на ЕУ, како што е внатрешниот пазар на патот кон целосна интеграција, за граѓаните од регионот побрзо да ги искусат придобивките и да не ја губат нивната верба. Постојат јасни предуслови за Македонија да го продолжи процесот, како што се уставните промени за малцинствата и јасно е дека меѓународните договори треба целосно да се почитуваат. Сепак, процесот на интеграција во ЕУ треба да се фокусира на усвојувањето на европското законодавство, а билатералните прашања треба да се третираат одделно. Ајде да се фокусираме на заедничка, просперитетна европска иднина наместо да остануваме заглавени во минатото, рече Шаленберг во интервјуто за денешното издание на грчкиот весник „Та неа“

Министерот за надворешни работи на Австрија во средата беше во посета на Атина, а по средбата со шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, како што објави МИА, посочи дека не треба да постојат дополнителни билатерални тешкотии во однос на ЕУ перспектива на Западен Балкан, додавајќи дека очекува Атина да го поддржи овој предлог. ср

The post Шаленберг: Процесот на интеграција треба да се фокусира на усвојувањето на европското законодавство, а билатералните прашања да се третираат одделно appeared first on Република.

]]>

Процесот на ЕУ интеграција треба да се фокусира на усвојувањето на европското законодавство, а билатералните прашања да се третираат одделно, вели министерот за надворешни работи на Австрија Александер Шаленберг, во интервјуто за грчкиот весник „Та неа“, а паралелно посочува дека конкретно за Македонија, јасни предуслови се уставните измени и целосното почитување на меѓународните договори, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи за ЕУ перспективата на регионот, шефот на австриската дипломатија истакнува дека пред повеќе од 20 години во Солун „им ветивме членство во ЕУ на земјите од Западен Балкан“ и „време е да се стори ова“, а додава дека заедно со Грција, како дел од „Пријателите на Западен Балкан“, помагаат за оваа цел да се постигне што е можно поскоро. Но, треба да го преиспитаме процесот на проширување, да се оддалечиме од бинарното размислување „внатре или надвор“. Поддржувам постепена интеграција во политиките на ЕУ, како што е внатрешниот пазар на патот кон целосна интеграција, за граѓаните од регионот побрзо да ги искусат придобивките и да не ја губат нивната верба. Постојат јасни предуслови за Македонија да го продолжи процесот, како што се уставните промени за малцинствата и јасно е дека меѓународните договори треба целосно да се почитуваат. Сепак, процесот на интеграција во ЕУ треба да се фокусира на усвојувањето на европското законодавство, а билатералните прашања треба да се третираат одделно. Ајде да се фокусираме на заедничка, просперитетна европска иднина наместо да остануваме заглавени во минатото, рече Шаленберг во интервјуто за денешното издание на грчкиот весник „Та неа“ Министерот за надворешни работи на Австрија во средата беше во посета на Атина, а по средбата со шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, како што објави МИА, посочи дека не треба да постојат дополнителни билатерални тешкотии во однос на ЕУ перспектива на Западен Балкан, додавајќи дека очекува Атина да го поддржи овој предлог. ср

The post Шаленберг: Процесот на интеграција треба да се фокусира на усвојувањето на европското законодавство, а билатералните прашања да се третираат одделно appeared first on Република.

]]>
ЕУ тројка: Ќе направиме се што можеме да спречиме нови билатерални барања за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eu-trojka-ke-napravime-se-shto-mozheme-da-sprechime-novi-bilateralni-barana-za-makedonija/ Thu, 13 Jul 2023 18:10:56 +0000 https://republika.mk/?p=661051

Европската тројка што денес престојуваше во Македонија – министрите на Австрија, Чешка и Словачка, Александер Шаленберг, Јан Липавски и Мирослав Влаховски, по средбата со ВМРО-ДПМНЕ и со претставниците на власта одржа уште една прес конференција на која порачаа дека задачата е пред нас, дека знаеме што очекува Европската унија, дека нов договор нема да има и дека се дојдени тука јасно да кажат што можат а што не можат да направат за нашата држава.

Тие исто така порачаа дека целта не им е да донесат или да наметнуваат решенија, дека одлуката треба да биде наша, а не на Брисел или некој друг, но дека пратениците мудро треба да размислат, да се стават над партиските политики и да донесат одлука што е во интерес на државата и на граѓаните.

-Ние сме посветени, ние се грижиме и сме ангажирани бидејќи Македонија е важна за нас. Земјата покажа голем капацитет за трансформација, големо чувство за одговорност и работеше многу напорно да опстои на патот за ЕУ изминатите 18 години. Сигналот е јасен. Сфаќам дека земјата не напредува брзо како што сакате и дека тоа создава фрустрации, па прашањето сега е како да се справите со нив. Сите со коишто разговаравме покажаа политичка одговорност и рекоа дека сакаат да се одржи евроинтеграцијата. Не дојдовме тука да се мешаме во внатрешните работи ниту пак да морализираме бидејќи решението треба да дојде од Скопје и од македонскиот народ и тоа мора да биде ваше решение. Патот вреди и едвај чекаме да ги видиме вашиот јазик, историја и култура како дел од ЕУ. Сите сме свесни што е пред нас и нема начин како да се избегнат уставните амандмани. Ова е нешто на што треба да се работи и постои свест дека работата треба да се заврши“, рече Шаленберг, најавувајќи дека пораките што ги добиле во Скопје ќе му ги пренесат на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.

-Убеден сум дека усвојувањето на овие дополнувања на Уставот ќе отворат пат за членство на Македонија во ЕУ.Колку побрзо се усвојат толку побрзо ќе станете дел од неа.На овој пат ние ќе направиме се што можеме да спречиме дополнителни барања во однос на билатералните прашања. Ги повикувам сите пратеници во Собранието да ја надминат партиската политика и да размислат за евроинтеграциската иднина на државата и за придобивките за граѓаните.Се надевам дека во Собранието мудро ќе размислат и наесен ќе се сретнеме на втората меѓувладина конференција, рече чешкиот министер.

Словачкиот министер нагласи дека не треба да се пропушти овој моментум бидејќи нема алтернатива која може да обезбеди прогрес во оваа исклучителна фаза од евроинтеграцијата, а обидот да се добијат политички поени на оваа тема – е екстремно контрапродуктивен.

-Ако се закажат предвремени избори тоа би било многу контрапродуктивно, рече тој, нагласувајќи дека место тоа политичките лидери треба да изградат национален консензус за ова прашање.

Шаленберг не сакаше притоа да изнесува детали околу средбата со ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи дека не сакаат да бидат дел од дебатата туку од решението и дека не дошле тука со очекување дека за осум часа ќе се реши проблемот.

Запрашан дали верува дека нема да има нови бугарски блокади за Македонија, нешто во што не верува јавноста кај нас, Липавски рече дека е очигледно дека овој процес бара едногласност во одлучувањето и дека никој не може да го исклучи влијанието на домашната политика во некои земји членки врз него, но дека сега постои многу наклонета атмосфера во ЕУ за проширувањето што не постоеше пред две години и ова е единствен момент за што нема гаранција дека ќе се повтори, па затоа е подобро да го искористиме.

-Ќе се обидам да направам се за да се спречат барања на билатерална основа, но не постои начин како да се обезбеди гаранција дека ќе биде така, порача тој најискрено, на што Шаленберг додаде дека во преговарачката рамка што е усвоена сепак не се вклучени како услови билатералните прашања и дека договорот што беше постигнат за нашите преговори го прифатиле сите земји членки на Унијата вклучувајќи ја и Бугарија.

-Прашањата од историјата треба да останат билатерални прашаа, рече тој, посочувајќи дека и тие се преставници на три земји кои делат иста историја, а решението го нашле во заедничката европска иднина.

Од ВМРО-ДПМНЕ по средбата со тројцата министри од ЕУ соопштија дека намерата на власта била без вклучување на опозицијата во ниеден дел од преговорите да протурка низ Собранието уставни промени под ултиматум од бугарска страна. Тие повториле дека уставни измени под диктат нема да бидат поддржани и дека државата итно треба да се фокусира на завршување на вистински реформи на системот кои ќе значат вистинска европеизација.

Чешкиот шеф на дипломатијата, пак, посочи дека се свесни за чувствителноста на ова прашање, дека во разговорите ги слушнале коментарите и загриженостите, но останал убеден дека никогаш нема да има поповолна ситуација за евроинтеграцијата на Македонија од оваа сега.

The post ЕУ тројка: Ќе направиме се што можеме да спречиме нови билатерални барања за Македонија appeared first on Република.

]]>

Европската тројка што денес престојуваше во Македонија – министрите на Австрија, Чешка и Словачка, Александер Шаленберг, Јан Липавски и Мирослав Влаховски, по средбата со ВМРО-ДПМНЕ и со претставниците на власта одржа уште една прес конференција на која порачаа дека задачата е пред нас, дека знаеме што очекува Европската унија, дека нов договор нема да има и дека се дојдени тука јасно да кажат што можат а што не можат да направат за нашата држава. Тие исто така порачаа дека целта не им е да донесат или да наметнуваат решенија, дека одлуката треба да биде наша, а не на Брисел или некој друг, но дека пратениците мудро треба да размислат, да се стават над партиските политики и да донесат одлука што е во интерес на државата и на граѓаните.
-Ние сме посветени, ние се грижиме и сме ангажирани бидејќи Македонија е важна за нас. Земјата покажа голем капацитет за трансформација, големо чувство за одговорност и работеше многу напорно да опстои на патот за ЕУ изминатите 18 години. Сигналот е јасен. Сфаќам дека земјата не напредува брзо како што сакате и дека тоа создава фрустрации, па прашањето сега е како да се справите со нив. Сите со коишто разговаравме покажаа политичка одговорност и рекоа дека сакаат да се одржи евроинтеграцијата. Не дојдовме тука да се мешаме во внатрешните работи ниту пак да морализираме бидејќи решението треба да дојде од Скопје и од македонскиот народ и тоа мора да биде ваше решение. Патот вреди и едвај чекаме да ги видиме вашиот јазик, историја и култура како дел од ЕУ. Сите сме свесни што е пред нас и нема начин како да се избегнат уставните амандмани. Ова е нешто на што треба да се работи и постои свест дека работата треба да се заврши“, рече Шаленберг, најавувајќи дека пораките што ги добиле во Скопје ќе му ги пренесат на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.
-Убеден сум дека усвојувањето на овие дополнувања на Уставот ќе отворат пат за членство на Македонија во ЕУ.Колку побрзо се усвојат толку побрзо ќе станете дел од неа.На овој пат ние ќе направиме се што можеме да спречиме дополнителни барања во однос на билатералните прашања. Ги повикувам сите пратеници во Собранието да ја надминат партиската политика и да размислат за евроинтеграциската иднина на државата и за придобивките за граѓаните.Се надевам дека во Собранието мудро ќе размислат и наесен ќе се сретнеме на втората меѓувладина конференција, рече чешкиот министер. Словачкиот министер нагласи дека не треба да се пропушти овој моментум бидејќи нема алтернатива која може да обезбеди прогрес во оваа исклучителна фаза од евроинтеграцијата, а обидот да се добијат политички поени на оваа тема – е екстремно контрапродуктивен.
-Ако се закажат предвремени избори тоа би било многу контрапродуктивно, рече тој, нагласувајќи дека место тоа политичките лидери треба да изградат национален консензус за ова прашање.
Шаленберг не сакаше притоа да изнесува детали околу средбата со ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи дека не сакаат да бидат дел од дебатата туку од решението и дека не дошле тука со очекување дека за осум часа ќе се реши проблемот. Запрашан дали верува дека нема да има нови бугарски блокади за Македонија, нешто во што не верува јавноста кај нас, Липавски рече дека е очигледно дека овој процес бара едногласност во одлучувањето и дека никој не може да го исклучи влијанието на домашната политика во некои земји членки врз него, но дека сега постои многу наклонета атмосфера во ЕУ за проширувањето што не постоеше пред две години и ова е единствен момент за што нема гаранција дека ќе се повтори, па затоа е подобро да го искористиме.
-Ќе се обидам да направам се за да се спречат барања на билатерална основа, но не постои начин како да се обезбеди гаранција дека ќе биде така, порача тој најискрено, на што Шаленберг додаде дека во преговарачката рамка што е усвоена сепак не се вклучени како услови билатералните прашања и дека договорот што беше постигнат за нашите преговори го прифатиле сите земји членки на Унијата вклучувајќи ја и Бугарија.
-Прашањата од историјата треба да останат билатерални прашаа, рече тој, посочувајќи дека и тие се преставници на три земји кои делат иста историја, а решението го нашле во заедничката европска иднина. Од ВМРО-ДПМНЕ по средбата со тројцата министри од ЕУ соопштија дека намерата на власта била без вклучување на опозицијата во ниеден дел од преговорите да протурка низ Собранието уставни промени под ултиматум од бугарска страна. Тие повториле дека уставни измени под диктат нема да бидат поддржани и дека државата итно треба да се фокусира на завршување на вистински реформи на системот кои ќе значат вистинска европеизација. Чешкиот шеф на дипломатијата, пак, посочи дека се свесни за чувствителноста на ова прашање, дека во разговорите ги слушнале коментарите и загриженостите, но останал убеден дека никогаш нема да има поповолна ситуација за евроинтеграцијата на Македонија од оваа сега.

The post ЕУ тројка: Ќе направиме се што можеме да спречиме нови билатерални барања за Македонија appeared first on Република.

]]>
Шаленберг: Имам чувство дека го губиме Балканот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shalenberg-imam-chuvstvo-deka-go-gubime-balkanot/ Mon, 20 Jun 2022 08:38:23 +0000 https://republika.mk/?p=517500

Министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг се надева дека на самитот на Европската Унија ќе има јасно упатен сигнал не само во правец кон истокот, туку и кон југоистокот на Европа.

Според Шаленберг, Украина не е во конкуренција со државите од Западен Балкан. Се работи за веродостојноста на ЕУ, смета Шаленберг, во постигнувањето напредок и за државите од југоисточна Европа, што добија ветување од Унијата во Солун, пред 19 години.

Тој зборуваше и за давањето статус на кандидат на Босна и Херцеговина и на Косово.

– Имам чувство дека го губиме Балканот, појасни министерот.

Шаленберг истака дека во Србија расположението кон ЕУ е понегативно од претходно.

– Тоа не е дворот во задниот дел на Европа, туку во центарот. Затоа мора да дејствуваме. Тоа е нашата најважна стратешка задача што е пред нас, предупреди министерот.

Со учество на земјите од Балканот на советите на ЕУ и во фондовите, тој смета оти може јасно да се покаже дека тие се пред влез во Унијата.

– Не разбирам зошто Кина купува автопати во регионот, а ние тоа го набљудуваме. Понекогаш не ја разбирам нашата логика, подвлече Шаленберг.

Тој додаде дека „ако делуваме силно во Украина и Молдавија, тогаш тоа мораме да го направиме и на Западен Балкан“.

The post Шаленберг: Имам чувство дека го губиме Балканот appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг се надева дека на самитот на Европската Унија ќе има јасно упатен сигнал не само во правец кон истокот, туку и кон југоистокот на Европа. Според Шаленберг, Украина не е во конкуренција со државите од Западен Балкан. Се работи за веродостојноста на ЕУ, смета Шаленберг, во постигнувањето напредок и за државите од југоисточна Европа, што добија ветување од Унијата во Солун, пред 19 години. Тој зборуваше и за давањето статус на кандидат на Босна и Херцеговина и на Косово. – Имам чувство дека го губиме Балканот, појасни министерот. Шаленберг истака дека во Србија расположението кон ЕУ е понегативно од претходно. – Тоа не е дворот во задниот дел на Европа, туку во центарот. Затоа мора да дејствуваме. Тоа е нашата најважна стратешка задача што е пред нас, предупреди министерот. Со учество на земјите од Балканот на советите на ЕУ и во фондовите, тој смета оти може јасно да се покаже дека тие се пред влез во Унијата. – Не разбирам зошто Кина купува автопати во регионот, а ние тоа го набљудуваме. Понекогаш не ја разбирам нашата логика, подвлече Шаленберг. Тој додаде дека „ако делуваме силно во Украина и Молдавија, тогаш тоа мораме да го направиме и на Западен Балкан“.

The post Шаленберг: Имам чувство дека го губиме Балканот appeared first on Република.

]]>
Австрискиот шеф на дипломатијата: Имам чувство дека Европа го губи Балканот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/avstriskiot-shef-na-diplomatijata-imam-chuvstvo-deka-evropa-go-gubi-balkanot/ Mon, 20 Jun 2022 07:27:27 +0000 https://republika.mk/?p=517456

Министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, порача дека се надева дека на самитот на Европската Унија ќе има јасно упатен сигнал не само во правец кон истокот, туку и кон југоистокот на Европа.

Според Шаленберг, Украина не е во конкуренција со државите од Западен Балкан.

Се работи за веродостојноста на ЕУ во постигнувањето напредок и за државите од југоисточна Европа, што добија ветување од Унијата во Солун пред 19 години - смета Шаленберг.

Тој зборуваше и за давањето статус на кандидат на Босна и Херцеговина и на Косово.

Имам чувство дека го губиме Балканот - појасни австрискиот министер.

Шаленберг истака дека во Србија расположението кон ЕУ е понегативно од претходно.

Тоа не е дворот во задниот дел на Европа, туку во центарот. Затоа мора да дејствуваме. Тоа е нашата најважна стратешка задача што е пред нас - предупреди Шаленберг.

Тој истакна дека смета оти со учество на земјите од Балканот на советите на ЕУ и во фондовите може јасно да се покаже дека тие се пред влез во Унијата.

Не разбирам зошто Кина купува автопати во регионот, а ние тоа го набљудуваме. Понекогаш не ја разбирам нашата логика - истакна Шаленберг.

Тој додаде дека ако Европа делува силно во Украина и Молдавија, тогаш тоа мораме да го направи и на Западен Балкан.

The post Австрискиот шеф на дипломатијата: Имам чувство дека Европа го губи Балканот appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, порача дека се надева дека на самитот на Европската Унија ќе има јасно упатен сигнал не само во правец кон истокот, туку и кон југоистокот на Европа. Според Шаленберг, Украина не е во конкуренција со државите од Западен Балкан.
Се работи за веродостојноста на ЕУ во постигнувањето напредок и за државите од југоисточна Европа, што добија ветување од Унијата во Солун пред 19 години - смета Шаленберг.
Тој зборуваше и за давањето статус на кандидат на Босна и Херцеговина и на Косово.
Имам чувство дека го губиме Балканот - појасни австрискиот министер.
Шаленберг истака дека во Србија расположението кон ЕУ е понегативно од претходно.
Тоа не е дворот во задниот дел на Европа, туку во центарот. Затоа мора да дејствуваме. Тоа е нашата најважна стратешка задача што е пред нас - предупреди Шаленберг.
Тој истакна дека смета оти со учество на земјите од Балканот на советите на ЕУ и во фондовите може јасно да се покаже дека тие се пред влез во Унијата.
Не разбирам зошто Кина купува автопати во регионот, а ние тоа го набљудуваме. Понекогаш не ја разбирам нашата логика - истакна Шаленберг.
Тој додаде дека ако Европа делува силно во Украина и Молдавија, тогаш тоа мораме да го направи и на Западен Балкан.

The post Австрискиот шеф на дипломатијата: Имам чувство дека Европа го губи Балканот appeared first on Република.

]]>
Мицкоски – Шаленберг: Македонија треба да биде дел од големото европско семејство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-shalenberg-makedonija-treba-da-bide-del-od-golemoto-evropsko-semejstvo/ Tue, 10 May 2022 13:28:33 +0000 https://republika.mk/?p=500526

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со шефот на австриската дипломатија, Александер Шаленберг.

На средбата се разговараше за актуелната политичко економска состојба и евроинтеграциските процеси на Република Македонија.

Воедно, Претседателот Мицкоски посочи дека Македонија треба да биде дел од големото европско семејство. Спроведувањето на реформи и борбата против корупцијата мора да биде полето каде ќе се вложи најголема енергија.

Воедно активната блокада е последица на животот во националната катастрофа во Македонија.

The post Мицкоски – Шаленберг: Македонија треба да биде дел од големото европско семејство appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со шефот на австриската дипломатија, Александер Шаленберг. На средбата се разговараше за актуелната политичко економска состојба и евроинтеграциските процеси на Република Македонија. Воедно, Претседателот Мицкоски посочи дека Македонија треба да биде дел од големото европско семејство. Спроведувањето на реформи и борбата против корупцијата мора да биде полето каде ќе се вложи најголема енергија. Воедно активната блокада е последица на животот во националната катастрофа во Македонија.

The post Мицкоски – Шаленберг: Македонија треба да биде дел од големото европско семејство appeared first on Република.

]]>
Средба Ковачевски – Шаленберг: Силна поддршка од Австрија, заслужен е исчекорот кон ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-kovachevski-shalenberg-silna-poddrshka-od-avstrija-zasluzen-e-ischekorot-kon-eu/ Tue, 10 May 2022 12:39:56 +0000 https://republika.mk/?p=500475

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски се сретна со Александер Шаленберг, сојузен министер за Европа и надворешни работи на Република Австрија.

На состанокот е изразена силна поддршка од Австрија за развојот на нашата држава и за исчекор во евроинтеграциите.

Пренесена е благодарност за навремените реакции на Република Македонија и целосната усогласеност на политиките, со политиките на ЕУ, во врска со руската агресија во Украина.

Премиерот Ковачевски нагласи дека Австрија е традиционален и искрен пријател на Македонија, меѓу најголемите инвеститори во земјава и голем поддржувач во евроаспирациите на државата, за што изрази и благодарност.

„Посветени сме кон практикување европски вредности, нашето законодавство е 45 проценти веќе усогласено со европските регулативи, посветени сме на принципиелен развој на добрососедски односи и оправдано оценуваме дека Македонија заслужува исчекор во евроинтеграциите“, рече премиерот Ковачевски.

На средбата заеднички е констатирано дека секоја држава треба да цели кон својот развој, но и кон развојот на своите соседи бидејќи на тој начин е возможен вистински напредок на регионот.

Премиерот Ковачевски ја истакна како историски моментум за нашата земја, одлуката на вселенскиот патријарх, г.г. Вартоломеј и на Светиот синод на Вселенската патријаршија, со којашто практично, нашата црква, МПЦ-ОА, по седумдецениска изолација, е признаена како канонска црква.

На состанокот е разговарано и за повеќе актуелни прашања поврзани со последиците од војната во Украина, како што се снабдувањето со енергенси и храна.

Посочено е дека економската соработка помеѓу Македонија и Австрија е добра, но дека постои простор за унапредување во областа на земјоделството.

The post Средба Ковачевски – Шаленберг: Силна поддршка од Австрија, заслужен е исчекорот кон ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски се сретна со Александер Шаленберг, сојузен министер за Европа и надворешни работи на Република Австрија. На состанокот е изразена силна поддршка од Австрија за развојот на нашата држава и за исчекор во евроинтеграциите. Пренесена е благодарност за навремените реакции на Република Македонија и целосната усогласеност на политиките, со политиките на ЕУ, во врска со руската агресија во Украина. Премиерот Ковачевски нагласи дека Австрија е традиционален и искрен пријател на Македонија, меѓу најголемите инвеститори во земјава и голем поддржувач во евроаспирациите на државата, за што изрази и благодарност.
„Посветени сме кон практикување европски вредности, нашето законодавство е 45 проценти веќе усогласено со европските регулативи, посветени сме на принципиелен развој на добрососедски односи и оправдано оценуваме дека Македонија заслужува исчекор во евроинтеграциите“, рече премиерот Ковачевски.
На средбата заеднички е констатирано дека секоја држава треба да цели кон својот развој, но и кон развојот на своите соседи бидејќи на тој начин е возможен вистински напредок на регионот. Премиерот Ковачевски ја истакна како историски моментум за нашата земја, одлуката на вселенскиот патријарх, г.г. Вартоломеј и на Светиот синод на Вселенската патријаршија, со којашто практично, нашата црква, МПЦ-ОА, по седумдецениска изолација, е признаена како канонска црква. На состанокот е разговарано и за повеќе актуелни прашања поврзани со последиците од војната во Украина, како што се снабдувањето со енергенси и храна. Посочено е дека економската соработка помеѓу Македонија и Австрија е добра, но дека постои простор за унапредување во областа на земјоделството.

The post Средба Ковачевски – Шаленберг: Силна поддршка од Австрија, заслужен е исчекорот кон ЕУ appeared first on Република.

]]>
Шаленберг: Решението со Бугарија е близу, само треба да се состави сложувалката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shalenberg-reshenieto-so-bugarija-e-blizu-samo-treba-da-se-sostavi-slozuvalkata/ Tue, 10 May 2022 09:12:39 +0000 https://republika.mk/?p=500325

Европската Унија се наоѓа пред огромна геостратешка одлука. Најважниот инструмент против оваа војна на европско тло е перспективата на ЕУ и проширувањето. Тоа е геополитичка задача на ЕУ и никогаш досега не било толку важно да се реализира проширувањето. Затоа сметам дека што побрзо треба да се отворат преговорите со Македонија и Албанија, порача денеска од Скопје шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во однос на прашањето со Бугарија, Шаленберг оцени дека решението е близу.

 Денеска сум во Скопје и навистина ме охрабрува што гледам дека се приближуваме кон решавање на проблемот. Сите делчиња од сложувалката се на масата и сега треба само уште да ги сложиме. И се надеваме дека уште пред почетокот на летото ќе дојде до тој почеток. Австрија сака да даде свој придонес и ќе биде солидарна со Македонија во тие чекори пред преговорите, бидејќи тоа е геостратешка неопходност. Вие сте непосредни соседи на ЕУ, опкружени сте со земји членки на ЕУ. Сите земји кои досега не пристапиле, редно е да пристапат кон Унијата, нагласи Шаленберг.

Тој истакна дека преговорите траат со месеци, со години, но оти не може едната страна да попушти, а другата да добие.

Tоа се некои мали нешта што треба уште да се решат меѓу Софија и Скопје. Но, сметаме дека не може едната страна да попушти, а другата да добие. Ние сметаме дека тука треба да има заеднички јазик. Да, ова се навистина чувствителни прашања. Јас доаѓам од Централна Европа каде што исто така се соочуваме со вакви проблеми, особено во почетокот на 2000 година. Меѓутоа, ЕУ е таа која што е рамката каде што треба да се дискутираат овие прашања и каде што треба да се рационализираат овие прашања. Тоа е всушност пристапот што ние го поддржуваме. Мислам дека и во разговорите со многу претставници ќе гледаме каде можеме ние да помогнеме во тие чекори, меѓутоа уште еднаш би сакал да нагласам дека двете влади, двете држави веќе ги имаат составните делови од сложувалката. Сега е време да се сложат истите, порача тој.

Шаленберг, кој вчера беше во посета на Софија, изјави дека не може да изнесе за што се разговарало со бугарските претставници, но нагласи оти е охрабрен.

Можам да кажам дека сум охрабрен затоа што ситуацијата веќе изгледа поинаку и мислам дека веќе е напредната во споредба со минатото. Од моја страна знам дека говориме за фрустрации, за рокови, знам дека говориме за разочарувања, меѓутоа за Австрија тоа е геостратешка фиксна задача овој регион мора да биде дел од ЕУ, рече Шаленберг.

Шефот на австриската дипломатија потсети дека на овие држави им е ветена европска перспектива и оти зборот ќе се одржи.

Знаеме дека поради војната во Украина е уште поважно сега да покаже ЕУ кредибилност и тоа за мене е многу битен аспект и јас навистина се надевам дека да има некои закани дека ќе се прекинат преговорите. Меѓутоа, сепак станува збор за взаемен интерес и дека треба да се стабилизира целиот регион и сето тоа ќе придонес кон тоа. Да, имаме две земји што веќе ги почнаа преговорите и две држави што треба да ги почнат, и тие две држави навистина треба веќе да создадат факти – Албанија и Македонија треба да направат чекор напред и да почнат конечно со преговорите, подвлече тој.

Шаленберг рече дека ниту една држава досега не придонела толку за стабилноста во регион како што е Македонија.

Македонија е пример за тоа како земја што треба да и пристапи на Европската Унија. Го сменивте името, дадовте голем придонес за стабилноста. Ова треба да биде тест и за ЕУ. Унијата треба да покаже дека постои геополитичка сила да направи соодветен чекор и дека треба да направи чекор кон нов процес. Не постои всушност политички вакуум, ние треба да придонесеме кон нов стабилен модел, или ние ќе испорачаме тука или ќе се соочиме со некои други држави коишто може ќе нанесат и нестабилност, додаде Шаленберг.

Министерот Османи од своја страна истакна дека Австрија е стратешки партнер заради конзистентноста и поддршката што ја дава на Западен Балкан и посебно за Македонија и таа конзистентност се манифестира и во Брисел, во Скопје и Софија и затоа сме благодарни.

Исклучително сме благодарни за охрабрувањето што Австрија и го дава на земјава. Да се има пријател како Австрија во непосредното соседство на Западен Балкан е исклучително важно. Зборувавме Македонија како кредибилен партнер на ЕУ, земјава го усогласи своето законодавство 45 отсто со европското. Зборувавме за неопходноста од стратешко лидерство на ЕУ кон регионот, рече Османи.

Шефот на македонската дипломатија кажа дека Унијата сега треба да го покаже своето лидерство што го покажа во 2004 година.

Османи, исто така, потсети дека Австрија е прв инвеститор во земјата со над 50 поголеми австриски компании што се присутни овде, со што се отвораат и нови работни места во државава.

The post Шаленберг: Решението со Бугарија е близу, само треба да се состави сложувалката appeared first on Република.

]]>

Европската Унија се наоѓа пред огромна геостратешка одлука. Најважниот инструмент против оваа војна на европско тло е перспективата на ЕУ и проширувањето. Тоа е геополитичка задача на ЕУ и никогаш досега не било толку важно да се реализира проширувањето. Затоа сметам дека што побрзо треба да се отворат преговорите со Македонија и Албанија, порача денеска од Скопје шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Во однос на прашањето со Бугарија, Шаленберг оцени дека решението е близу.
 Денеска сум во Скопје и навистина ме охрабрува што гледам дека се приближуваме кон решавање на проблемот. Сите делчиња од сложувалката се на масата и сега треба само уште да ги сложиме. И се надеваме дека уште пред почетокот на летото ќе дојде до тој почеток. Австрија сака да даде свој придонес и ќе биде солидарна со Македонија во тие чекори пред преговорите, бидејќи тоа е геостратешка неопходност. Вие сте непосредни соседи на ЕУ, опкружени сте со земји членки на ЕУ. Сите земји кои досега не пристапиле, редно е да пристапат кон Унијата, нагласи Шаленберг.
Тој истакна дека преговорите траат со месеци, со години, но оти не може едната страна да попушти, а другата да добие.
Tоа се некои мали нешта што треба уште да се решат меѓу Софија и Скопје. Но, сметаме дека не може едната страна да попушти, а другата да добие. Ние сметаме дека тука треба да има заеднички јазик. Да, ова се навистина чувствителни прашања. Јас доаѓам од Централна Европа каде што исто така се соочуваме со вакви проблеми, особено во почетокот на 2000 година. Меѓутоа, ЕУ е таа која што е рамката каде што треба да се дискутираат овие прашања и каде што треба да се рационализираат овие прашања. Тоа е всушност пристапот што ние го поддржуваме. Мислам дека и во разговорите со многу претставници ќе гледаме каде можеме ние да помогнеме во тие чекори, меѓутоа уште еднаш би сакал да нагласам дека двете влади, двете држави веќе ги имаат составните делови од сложувалката. Сега е време да се сложат истите, порача тој.
Шаленберг, кој вчера беше во посета на Софија, изјави дека не може да изнесе за што се разговарало со бугарските претставници, но нагласи оти е охрабрен.
Можам да кажам дека сум охрабрен затоа што ситуацијата веќе изгледа поинаку и мислам дека веќе е напредната во споредба со минатото. Од моја страна знам дека говориме за фрустрации, за рокови, знам дека говориме за разочарувања, меѓутоа за Австрија тоа е геостратешка фиксна задача овој регион мора да биде дел од ЕУ, рече Шаленберг.
Шефот на австриската дипломатија потсети дека на овие држави им е ветена европска перспектива и оти зборот ќе се одржи.
Знаеме дека поради војната во Украина е уште поважно сега да покаже ЕУ кредибилност и тоа за мене е многу битен аспект и јас навистина се надевам дека да има некои закани дека ќе се прекинат преговорите. Меѓутоа, сепак станува збор за взаемен интерес и дека треба да се стабилизира целиот регион и сето тоа ќе придонес кон тоа. Да, имаме две земји што веќе ги почнаа преговорите и две држави што треба да ги почнат, и тие две држави навистина треба веќе да создадат факти – Албанија и Македонија треба да направат чекор напред и да почнат конечно со преговорите, подвлече тој.
Шаленберг рече дека ниту една држава досега не придонела толку за стабилноста во регион како што е Македонија.
Македонија е пример за тоа како земја што треба да и пристапи на Европската Унија. Го сменивте името, дадовте голем придонес за стабилноста. Ова треба да биде тест и за ЕУ. Унијата треба да покаже дека постои геополитичка сила да направи соодветен чекор и дека треба да направи чекор кон нов процес. Не постои всушност политички вакуум, ние треба да придонесеме кон нов стабилен модел, или ние ќе испорачаме тука или ќе се соочиме со некои други држави коишто може ќе нанесат и нестабилност, додаде Шаленберг.
Министерот Османи од своја страна истакна дека Австрија е стратешки партнер заради конзистентноста и поддршката што ја дава на Западен Балкан и посебно за Македонија и таа конзистентност се манифестира и во Брисел, во Скопје и Софија и затоа сме благодарни.
Исклучително сме благодарни за охрабрувањето што Австрија и го дава на земјава. Да се има пријател како Австрија во непосредното соседство на Западен Балкан е исклучително важно. Зборувавме Македонија како кредибилен партнер на ЕУ, земјава го усогласи своето законодавство 45 отсто со европското. Зборувавме за неопходноста од стратешко лидерство на ЕУ кон регионот, рече Османи.
Шефот на македонската дипломатија кажа дека Унијата сега треба да го покаже своето лидерство што го покажа во 2004 година. Османи, исто така, потсети дека Австрија е прв инвеститор во земјата со над 50 поголеми австриски компании што се присутни овде, со што се отвораат и нови работни места во државава.    

The post Шаленберг: Решението со Бугарија е близу, само треба да се состави сложувалката appeared first on Република.

]]>
Шефот на австриската дипломатија во посета на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shefot-na-avstriskata-diplomatija-vo-poseta-na-makedonija-2/ Tue, 10 May 2022 06:43:38 +0000 https://republika.mk/?p=500172

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, кој престојува во еднодневна работна посета на Република Македонија.

Покрај средбата со Османи, министерот Шаленберг ќе оствари средби и со претседателот на државата, Стево Пендаровски, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како и со други високи државни и политички претставници од земјава.

Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите на Османи и Шаленберг ќе биде евроинтеграцискиот процес на нашата земја, состојбите во регионот, како и билатералната соработка со акцент на економијата.

Соговорниците ќе се осврнат и на политичко-економските реперкусии врз Европа, како последица на руската инвазија на Украина, како и на мултилатералната соработка, со акцент на претстојното претседавање на Република Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

The post Шефот на австриската дипломатија во посета на Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, кој престојува во еднодневна работна посета на Република Македонија. Покрај средбата со Османи, министерот Шаленберг ќе оствари средби и со претседателот на државата, Стево Пендаровски, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како и со други високи државни и политички претставници од земјава. Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите на Османи и Шаленберг ќе биде евроинтеграцискиот процес на нашата земја, состојбите во регионот, како и билатералната соработка со акцент на економијата. Соговорниците ќе се осврнат и на политичко-економските реперкусии врз Европа, како последица на руската инвазија на Украина, како и на мултилатералната соработка, со акцент на претстојното претседавање на Република Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

The post Шефот на австриската дипломатија во посета на Македонија appeared first on Република.

]]>
Австрискиот министер за надворешни работи Шаленберг се надева на почеток на преговорите со Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/avstriskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-shalenberg-se-nadeva-na-pochetok-na-pregovorite-so-makedonija/ Mon, 09 May 2022 14:11:55 +0000 https://republika.mk/?p=500008

Австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг денеска во Софија изјави дека Виена се надева дека преговорите со Албанија и Република Македонија за нивното европско членство ќе започнат во јуни.

Шаленберг додаде дека не треба да се дозволи „поинаков начин на живот“ во регионот на Западен Балкан.

– Руските интереси не се протегаат само на Украина, туку и на земјите од Западен Балкан, предупреди тој во Софија.

Шаленберг имаше средба во Софија со бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска на која станало збор и за геополитичката ситуација по руската инвазија.

The post Австрискиот министер за надворешни работи Шаленберг се надева на почеток на преговорите со Македонија appeared first on Република.

]]>

Австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг денеска во Софија изјави дека Виена се надева дека преговорите со Албанија и Република Македонија за нивното европско членство ќе започнат во јуни. Шаленберг додаде дека не треба да се дозволи „поинаков начин на живот“ во регионот на Западен Балкан. – Руските интереси не се протегаат само на Украина, туку и на земјите од Западен Балкан, предупреди тој во Софија. Шаленберг имаше средба во Софија со бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска на која станало збор и за геополитичката ситуација по руската инвазија.  

The post Австрискиот министер за надворешни работи Шаленберг се надева на почеток на преговорите со Македонија appeared first on Република.

]]>