Александар Вучиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-vuchikj/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Nov 2024 07:21:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Александар Вучиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-vuchikj/ 32 32 Пругата Будимпешта – Белград – Скопје – Атина – Пиреја главна точка на средбата на Мицкоски со Вучиќ во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prugata-budimpeshta-belgrad-skopje-atina-pireja-glavna-tochka-na-sredbata-na-mitskoski-so-vuchik-vo-belgrad/ Fri, 22 Nov 2024 15:35:27 +0000 https://republika.mk/?p=840894

Премиерот Христијан Мицкоски во Белград оствари средба со  српскиот претседател Александар Вучиќ.

Со претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски за зајакнување на односите и заеднички иницијативи за постабилна иднина на нашите граѓани. Разговаравме за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент на изградбата на пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја која би ги поврзала јужна и централна Европа, како и за подобрување на трговската размена и соработка на полето на енергетиката, се наведува на официјалниот Инстаграм профил на претседателот на Србија.

Тој посочува дека се согласиле оти солидарноста и меѓусебната поддршка се клучни за стабилноста и развојот на целиот регион.

Особено сум благодарен за фактот што Македонија е еден од клучните партнери во иницијативата Отворен Балкан, која стана симбол на силна регионална соработка и поврзување на Западен Балкан. Нашата заедничка цел е подобра иднина за сите граѓани, а соработката преку иницијативата Отворен Балкан и други проекти останува цврста основа врз која ја градиме иднината на целиот регион. Убеден сум дека ќе продолжиме да ги развиваме односите во духот на пријателството и партнерството, наведува Вучиќ.

Мицкоски е во дводневна посета на Србија по повод Меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, а ќе има средба и со српскиот премиер Милош Вучевиќ.

The post Пругата Будимпешта – Белград – Скопје – Атина – Пиреја главна точка на средбата на Мицкоски со Вучиќ во Белград appeared first on Република.

]]>

Премиерот Мицкоски утре во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Вучиќ и премиерот Вучевиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/premierot-mitskoski-utre-vo-belgrad-ke-se-sretne-so-srpskiot-pretsedatel-vuchik-i-premierot-vuchevik/ Thu, 21 Nov 2024 18:05:12 +0000 https://republika.mk/?p=840510

Премиерот Христијан Мицкоски утре во Белград ќе има одвоени средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ.

Мицкоски ја предводи македонската делегација која ќе присуствува на третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“. Според информациите од македонската Влада, премиерот ќе се обрати на отворањето на винскиот саем, како и на македонската вечер.

The post Премиерот Мицкоски утре во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Вучиќ и премиерот Вучевиќ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски утре во Белград ќе има одвоени средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ. Мицкоски ја предводи македонската делегација која ќе присуствува на третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“. Според информациите од македонската Влада, премиерот ќе се обрати на отворањето на винскиот саем, како и на македонската вечер.

The post Премиерот Мицкоски утре во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Вучиќ и премиерот Вучевиќ appeared first on Република.

]]>
Вучиќ најави „уште утре“ оставки во Владата и на други места https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-najavi-ushte-utre-ostavki-vo-vladata-i-na-drugi-mesta/ Tue, 19 Nov 2024 17:52:10 +0000 https://republika.mk/?p=839690

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека „уште утре“ се очекуваат нови оставки во врска со несреќата во Нови Сад, кога при пад на бетонска настрешница на Железничката станица загинаа 15 лица.

„Утре очекувам нови оставки во владата и на други места и сигурен сум дека надлежното обвинителство во најбрз можен рок ќе преземе мерки“, нагласи Вучиќ.

Вучиќ изрази сочувство до семејствата на жртвите и рече дека „државата ќе помогне максимално“.

„Сакам да им порачам на луѓето во Србија дека одговорноста не може да се избегне. Некогаш носиш политичка одговорност и кога си целосно невин и кога се ти се случува случајно, но мора да има значителна одговорност во кривичното право, затоа што 15 луѓе не загинале по своја вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата доволно добро“, рече тој.

Вучиќ изјави дека новата стратешка цел на Владата е да ги исполни сите критериуми за членство во ЕУ до крајот на 2026 година.

Во обраќањето до јавноста тој додаде дека тоа е „амбициозна задача“, исто како и проектот Експо 2027.

„Целта е да ги исполниме сите критериуми за членство во ЕУ до крајот на 2026 година. Не велам дека ќе влеземе во ЕУ во 2026 или 2027 година, тоа не зависи од нас туку од Европејците, ние да ги исполниме сите критериуми тоа е неверојатно амбициозна задача, амбициозна како Експо, и не мислам само на градилиштето на Експо, туку на сето она што ќе го претставам денес“, рече Вучиќ.

The post Вучиќ најави „уште утре“ оставки во Владата и на други места appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека „уште утре“ се очекуваат нови оставки во врска со несреќата во Нови Сад, кога при пад на бетонска настрешница на Железничката станица загинаа 15 лица.
„Утре очекувам нови оставки во владата и на други места и сигурен сум дека надлежното обвинителство во најбрз можен рок ќе преземе мерки“, нагласи Вучиќ.
Вучиќ изрази сочувство до семејствата на жртвите и рече дека „државата ќе помогне максимално“.
„Сакам да им порачам на луѓето во Србија дека одговорноста не може да се избегне. Некогаш носиш политичка одговорност и кога си целосно невин и кога се ти се случува случајно, но мора да има значителна одговорност во кривичното право, затоа што 15 луѓе не загинале по своја вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата доволно добро“, рече тој.
Вучиќ изјави дека новата стратешка цел на Владата е да ги исполни сите критериуми за членство во ЕУ до крајот на 2026 година. Во обраќањето до јавноста тој додаде дека тоа е „амбициозна задача“, исто како и проектот Експо 2027.
„Целта е да ги исполниме сите критериуми за членство во ЕУ до крајот на 2026 година. Не велам дека ќе влеземе во ЕУ во 2026 или 2027 година, тоа не зависи од нас туку од Европејците, ние да ги исполниме сите критериуми тоа е неверојатно амбициозна задача, амбициозна како Експо, и не мислам само на градилиштето на Експо, туку на сето она што ќе го претставам денес“, рече Вучиќ.

The post Вучиќ најави „уште утре“ оставки во Владата и на други места appeared first on Република.

]]>
Вучиќ на вечера кај Орбан: „Пријателство, партнерство и нови планови“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-na-vechera-kaj-orban-prijatelstvo-partnerstvo-i-novi-planovi/ Thu, 14 Nov 2024 19:18:05 +0000 https://republika.mk/?p=837841

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска пристигнаа во Будимпешта, каде што ќе учествува на седницата на Советот за стратешка соработка меѓу Србија и Унгарија.

Вучиќ присуствуваше на вечерата организирана од претседателот и од премиерот на Унгарија, Тамаш Сујок и Виктор Орбан.

„Денот во Будимпешта е обележан со исклучителното гостопримство на нашите унгарски пријатели. Работните состаноци, како и вечерата, со одлична храна, вино и традиција што ги обединува Унгарија и Србија, се симбол на взаемно почитување и взаемна посветеност на понатамошниот развој на билатералните односи.

Ова беше уште една можност да се зајакне партнерството, личните односи и пријателството, како и да се разговара за нови заеднички иницијативи кои ќе придонесат за уште посилна соработка и ќе ги постават темелите за поблиски врски и подобра иднина за нашите земји и народи.

Му благодариме на Виктор за неговото пријателство. Србија секогаш ќе биде сигурен партнер и искрен пријател на Унгарија, бидејќи знаеме дека Унгарија секогаш ќе биде пријател, партнер и сојузник на Србија“ напиша Вучиќ на Инстаграм.

The post Вучиќ на вечера кај Орбан: „Пријателство, партнерство и нови планови“ appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска пристигнаа во Будимпешта, каде што ќе учествува на седницата на Советот за стратешка соработка меѓу Србија и Унгарија. Вучиќ присуствуваше на вечерата организирана од претседателот и од премиерот на Унгарија, Тамаш Сујок и Виктор Орбан.
„Денот во Будимпешта е обележан со исклучителното гостопримство на нашите унгарски пријатели. Работните состаноци, како и вечерата, со одлична храна, вино и традиција што ги обединува Унгарија и Србија, се симбол на взаемно почитување и взаемна посветеност на понатамошниот развој на билатералните односи. Ова беше уште една можност да се зајакне партнерството, личните односи и пријателството, како и да се разговара за нови заеднички иницијативи кои ќе придонесат за уште посилна соработка и ќе ги постават темелите за поблиски врски и подобра иднина за нашите земји и народи. Му благодариме на Виктор за неговото пријателство. Србија секогаш ќе биде сигурен партнер и искрен пријател на Унгарија, бидејќи знаеме дека Унгарија секогаш ќе биде пријател, партнер и сојузник на Србија“ напиша Вучиќ на Инстаграм.

The post Вучиќ на вечера кај Орбан: „Пријателство, партнерство и нови планови“ appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Некои не поднесоа оставка поради притисок, сега им е шансата да покажат одговорност https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-nekoi-ne-podnesoa-ostavka-poradi-pritisok-sega-im-e-shansata-da-pokazhat-odgovornost/ Tue, 12 Nov 2024 08:18:22 +0000 https://republika.mk/?p=836588

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека луѓето се загрижени за несреќата во која загинаа 14 лица на Железничката станица во Нови Сад и дека бараат одговорност и побара од членовите на Владата на Србија да покажат одговорност, наведувајќи дека мора да го покажат тоа и да направат разлика, пренесе Бета.

Знам дека некои луѓе намерно не поднесоа оставка, или не им беше дозволено да поднесат оставка пред тој митинг (протест во Нови Сад) за да не се каже дека тоа е направено под притисок на некој друг. Сега е вашата шанса, покажете морална и политичка одговорност, изјави Вучиќ за РТС од Баку.

Тој побара од обвинителите да продолжат да работат напорно за утврдување кривична одговорност, додавајќи дека знае колку е комплициран тој случај.

Мораме да покажеме ...не само грижа за семејствата на жртвите, туку и дека сме одговорно општество и дека ќе знаеме како кривично да ги казниме виновниците, а политичката и моралната одговорност мора да биде на повисоко ниво токму за да се направи разлика меѓу неодговорните и оние кои мислат дека можат да добијат нешто со изма, рече Вучиќ.

The post Вучиќ: Некои не поднесоа оставка поради притисок, сега им е шансата да покажат одговорност appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека луѓето се загрижени за несреќата во која загинаа 14 лица на Железничката станица во Нови Сад и дека бараат одговорност и побара од членовите на Владата на Србија да покажат одговорност, наведувајќи дека мора да го покажат тоа и да направат разлика, пренесе Бета. Знам дека некои луѓе намерно не поднесоа оставка, или не им беше дозволено да поднесат оставка пред тој митинг (протест во Нови Сад) за да не се каже дека тоа е направено под притисок на некој друг. Сега е вашата шанса, покажете морална и политичка одговорност, изјави Вучиќ за РТС од Баку. Тој побара од обвинителите да продолжат да работат напорно за утврдување кривична одговорност, додавајќи дека знае колку е комплициран тој случај. Мораме да покажеме ...не само грижа за семејствата на жртвите, туку и дека сме одговорно општество и дека ќе знаеме како кривично да ги казниме виновниците, а политичката и моралната одговорност мора да биде на повисоко ниво токму за да се направи разлика меѓу неодговорните и оние кои мислат дека можат да добијат нешто со изма, рече Вучиќ.

The post Вучиќ: Некои не поднесоа оставка поради притисок, сега им е шансата да покажат одговорност appeared first on Република.

]]>
Вучиќ предлага референдум: Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-predlaga-referendum-nema-da-ostanam-pretsedatel-ako-ja-nemam-poddrshkata-od-narodot/ Tue, 05 Nov 2024 08:18:35 +0000 https://republika.mk/?p=834232

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисијата „Кирилица“ на телевизија „Хепи“ изјави дека оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ е чин на одговорност, но тој не го принудил на тоа.

Веднаш рекоа дека Вучиќ го натерал да поднесе оставка, но морам да ги разочарам и да кажам дека не сум. Реков дека ќе ја почитувам волјата на премиерот и политичката и човечката чесност на Горан, но не го ни советував да го стори тоа, рече Вучиќ, кој на прашањето дали ќе има уште оставки, одговори дека тоа е сосема сигурно.

Тој рече дека Весиќ ќе остане во СНС и ќе продолжи „да работи и да се бори заедно“.

Тој рече дека на протестите по несреќата на Железничката станица во Нови Сад во која животот го загубија 14 лица, се бара „неговата глава“.

Владата на Србија нема да ја урнете. Ви нудам решение и голема победа. Еве, дајте ни ги вашите 70-80 гласови во српското Собрание и ќе побараме од народот советодавно мислење на референдум за разрешување на Александар Вучиќ, рекол Вучиќ, пренесува Нова.рс.

Тој рекол дека нема да остане претседател доколку ја нема поддршката од народот.

Ако 50 отсто од народот се согласи со тоа на референдум, јас нема да бидам претседател на Србија ниту еден ден. Јавно ветувам дека тој ден ќе поднесам оставка и ќе се оди на нови претседателски избори. Ако народот каже дека е за разрешување, не му треба процедура, тој ден ќе си поднесам оставка и не сум претседател. Така си ги решиле сите свои проблеми. Тоа можеме да го направиме во јануари, март или мај, изберете кога сакате, но не го малтретирајте овој народ, заклучи Вучиќ.

The post Вучиќ предлага референдум: Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисијата „Кирилица“ на телевизија „Хепи“ изјави дека оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ е чин на одговорност, но тој не го принудил на тоа. Веднаш рекоа дека Вучиќ го натерал да поднесе оставка, но морам да ги разочарам и да кажам дека не сум. Реков дека ќе ја почитувам волјата на премиерот и политичката и човечката чесност на Горан, но не го ни советував да го стори тоа, рече Вучиќ, кој на прашањето дали ќе има уште оставки, одговори дека тоа е сосема сигурно. Тој рече дека Весиќ ќе остане во СНС и ќе продолжи „да работи и да се бори заедно“. Тој рече дека на протестите по несреќата на Железничката станица во Нови Сад во која животот го загубија 14 лица, се бара „неговата глава“. Владата на Србија нема да ја урнете. Ви нудам решение и голема победа. Еве, дајте ни ги вашите 70-80 гласови во српското Собрание и ќе побараме од народот советодавно мислење на референдум за разрешување на Александар Вучиќ, рекол Вучиќ, пренесува Нова.рс. Тој рекол дека нема да остане претседател доколку ја нема поддршката од народот. Ако 50 отсто од народот се согласи со тоа на референдум, јас нема да бидам претседател на Србија ниту еден ден. Јавно ветувам дека тој ден ќе поднесам оставка и ќе се оди на нови претседателски избори. Ако народот каже дека е за разрешување, не му треба процедура, тој ден ќе си поднесам оставка и не сум претседател. Така си ги решиле сите свои проблеми. Тоа можеме да го направиме во јануари, март или мај, изберете кога сакате, но не го малтретирајте овој народ, заклучи Вучиќ.

The post Вучиќ предлага референдум: Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот appeared first on Република.

]]>
Меѓу загинатите во несреќата во Нови Сад има и еден жител на Македонија, кажа Вучиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/megu-zaginatite-vo-nesrekata-vo-novi-sad-ima-i-eden-zhitel-na-makedonija-kazha-vuchik/ Fri, 01 Nov 2024 19:31:59 +0000 https://republika.mk/?p=833286

Меѓу загинатите во големата несреќа која денеска се случи на железничката станица во Нови Сад има еден жител на Македонија, кажа вечерва во телевизиското обраќање претседателот на Србија, Александар Вуќиќ. Според последните информации, вечерва било извлечено уште едно тело од урнатините, така што бројот за загинати се искачи на 15. Претпладнево се сруши настрешница на железничката станица во Нови Сад и уби 15 лица, а има и повредени.

Ни се случи голема трагедија. На пет лица уште не успеавме да им го дознаеме идентитетот, осумина се државјани на Србија, еден е државјанин на Македонија. На семејството  на сите блиски во име на сите граѓани им изразувам длабоко сочувство. Мора да се обединиме и да им помогнеме на семејствата, кажа Вучиќ во обраќањето до јавноста.

https://republika.mk/vesti/balkan/14-litsa-zaginaa-vo-nesrekata-kaj-zheleznichkata-stanitsa-vo-novi-sad-brojot-na-nastradani-ne-e-konechen-poznat-identitetot-na-del-od-zhrtvite/

The post Меѓу загинатите во несреќата во Нови Сад има и еден жител на Македонија, кажа Вучиќ appeared first on Република.

Вучиќ: Се надевам на воспоставување брза пруга меѓу четирите земји Унгарија, Србија, Македонија и Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-se-nadevam-na-vospostavuvane-brza-pruga-megu-chetirite-zemji-ungarija-srbija-makedonija-i-grtsija/ Mon, 28 Oct 2024 11:52:39 +0000 https://republika.mk/?p=831665

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денеска во Белград, по средбата со унгарскиот претседател Тамаш Шујок, кој е во официјална посета на Србија, дека се надева дека ден пред отворањето на брзата пруга Суботица-Нови Сад, ќе биде потпишана изјава за воспоставување на брза пруга меѓу четири земји - Унгарија, Србија,  Македонија и Грција, односно од Будимпешта се до Патра во должина од 1.683 километри, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ кој пред две недели најави дека брзата пруга Суботица-Нови Сад ќе се отвори на 24 ноември, на денешната прес-конференцијата изјави дека тоа ќе биде неверојатен проект.

Она што е важно граѓаните на Србија да го разберат е дека наскоро доаѓа кај нас чешкиот премиер за два-три дена, тие градат брза пруга кон Братислава. Оттаму Словаците работат кон Будимпешта, и од север, од Варшава, сите краци исто така одат кон Будимпешта. Така што оттука ќе бидеме целосно поврзани со северот и североисток на Европа и со цела централна Европа, значи Беч-Братислава-Прага. Со ова Будимпешта и Белград стануваат многу важни центри - изјави Вучиќ.

Тој објасни и како ќе функционираат контролите на брзата пруга меѓу Белград и Будимпешта и како тоа ќе го забрза патувањето.

Кога ќе имаме брз воз и брза пруга Белград-Будимпешта, ние веќе се договоривме со нашите унгарски пријатели, унгарската полиција и царина да бидат во Белград, а српската во Будимпешта. Нема да има губење време и стоење на граница. Нема да има малтретирање на граѓаните и бескрајно сум им благодарен на пријателите Унгарци што го прифатија нашиот предлог. Од Белград до Будимпешта ќе се патува за два часа и 40 минути. Веруваме дека нашите унгарски пријатели ќе ја завршат својата работа до крајот на 2026 година - изјави Александар Вучиќ.

Претседателот на Унгарија Тамаш Сујок рече дека постои одлична соработка во однос на изградбата на пругата меѓу Белград и Будимпешта и изрази благодарност за завршувањето на делницата низ Србија.

Се надеваме дека во следните неколку години ќе успееме да обезбедиме започнување на железничкиот сообраќај и во Унгарија на таа пруга, сè до Будимпешта. Во оваа смисла, исто така, ќе направиме се што е во наша моќ да го олесниме и забрзаме преминот на границата доколку е потребно и со отворање на нови гранични премини - рече тој.

The post Вучиќ: Се надевам на воспоставување брза пруга меѓу четирите земји Унгарија, Србија, Македонија и Грција appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денеска во Белград, по средбата со унгарскиот претседател Тамаш Шујок, кој е во официјална посета на Србија, дека се надева дека ден пред отворањето на брзата пруга Суботица-Нови Сад, ќе биде потпишана изјава за воспоставување на брза пруга меѓу четири земји - Унгарија, Србија,  Македонија и Грција, односно од Будимпешта се до Патра во должина од 1.683 километри, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ кој пред две недели најави дека брзата пруга Суботица-Нови Сад ќе се отвори на 24 ноември, на денешната прес-конференцијата изјави дека тоа ќе биде неверојатен проект.
Она што е важно граѓаните на Србија да го разберат е дека наскоро доаѓа кај нас чешкиот премиер за два-три дена, тие градат брза пруга кон Братислава. Оттаму Словаците работат кон Будимпешта, и од север, од Варшава, сите краци исто така одат кон Будимпешта. Така што оттука ќе бидеме целосно поврзани со северот и североисток на Европа и со цела централна Европа, значи Беч-Братислава-Прага. Со ова Будимпешта и Белград стануваат многу важни центри - изјави Вучиќ.
Тој објасни и како ќе функционираат контролите на брзата пруга меѓу Белград и Будимпешта и како тоа ќе го забрза патувањето.
Кога ќе имаме брз воз и брза пруга Белград-Будимпешта, ние веќе се договоривме со нашите унгарски пријатели, унгарската полиција и царина да бидат во Белград, а српската во Будимпешта. Нема да има губење време и стоење на граница. Нема да има малтретирање на граѓаните и бескрајно сум им благодарен на пријателите Унгарци што го прифатија нашиот предлог. Од Белград до Будимпешта ќе се патува за два часа и 40 минути. Веруваме дека нашите унгарски пријатели ќе ја завршат својата работа до крајот на 2026 година - изјави Александар Вучиќ.
Претседателот на Унгарија Тамаш Сујок рече дека постои одлична соработка во однос на изградбата на пругата меѓу Белград и Будимпешта и изрази благодарност за завршувањето на делницата низ Србија.
Се надеваме дека во следните неколку години ќе успееме да обезбедиме започнување на железничкиот сообраќај и во Унгарија на таа пруга, сè до Будимпешта. Во оваа смисла, исто така, ќе направиме се што е во наша моќ да го олесниме и забрзаме преминот на границата доколку е потребно и со отворање на нови гранични премини - рече тој.

The post Вучиќ: Се надевам на воспоставување брза пруга меѓу четирите земји Унгарија, Србија, Македонија и Грција appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Вучевиќ не е виновен за одлуката на фон дер Лајен, против сум каква било поделба меѓу ЕУ и БРИКС https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-vuchevik-ne-e-vinoven-za-odlukata-na-fon-der-lajen-protiv-sum-kakva-bilo-podelba-megu-eu-i-briks/ Sat, 26 Oct 2024 11:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=831232

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, не направил ништо лошо, што би предизвикало претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да ја откаже вчера средбата со него, но во крајна линија е дека луѓето во Брисел не можат да поднесат тој да се сретне со руски министер, а потоа и со претседателката на Европската комисија, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ за ТВ Прва изјави дека Србија преку независна надворешна политика успеала да го зачува почитувањето на рускиот претседател Владимир Путин, иако тој не отишол на самитот на БРИКС во Казан, како и почитта на Урсула фон дер Лајен.

Србија е на европскиот пат, бидејќи нејзината политика не се менува преку ноќ во кафеана, рече Вучиќ и повтори дека Србија го одржува пријателството со Руската Федерација и дека има одлични односи со Кина.

Тој денеска изјави дека е против каква било поделба во Србија кога станува збор за Европската Унија или БРИКС и оцени дека имало „морничава“ кампања против Германија, што не треба да се прави, потсетувајќи дека тие вработуваат 83.000 луѓе, односно дека од неа живеат 300.000 луѓе.

Она што е сега важно, она што јас само сакам да го знаат луѓето, е дека имате остра поделба во Србија, на која сум ужасно против, и јас изричито ќе се спротивставам на таквата поделба. Таа поделба е Европската Унија или БРИКС. Морничава беше кампањата против Германија, против Урсула фон дер Лајен, против Анелена Бербок, што и да мислам за Урсула фон дер Лајен, а мислам се најдоброто, а со Аналена Бербок едвај не се согласувам во ништо, но тоа не смеете да го правите. Вработуваат 83.000 луѓе, потсети Вучиќ.

На прашањето дали ова е дел од одговорот на прашањето на ЕУ или БРИКС, тој рече дека не е и дека неговиот одговор е многу покомплексен од тоа. Тој рече дека имало лажни истражувања на јавното мислење поврзани со ЕУ и БРИКС и наведе дека од 43 отсто кои се за членство на Србија во ЕУ, 50 отсто се од партијата чиј член е тој, а од 42 отсто кои се за БРИКС, 54 или 55 отсто се од СНС.

Вучиќ изјави дека во на Србија е сцена на хибридна војна на „странски служби кои учествуваат во конфликтите во Украина, а некои на Блискиот Исток и Пацификот“.

The post Вучиќ: Вучевиќ не е виновен за одлуката на фон дер Лајен, против сум каква било поделба меѓу ЕУ и БРИКС appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, не направил ништо лошо, што би предизвикало претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да ја откаже вчера средбата со него, но во крајна линија е дека луѓето во Брисел не можат да поднесат тој да се сретне со руски министер, а потоа и со претседателката на Европската комисија, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ за ТВ Прва изјави дека Србија преку независна надворешна политика успеала да го зачува почитувањето на рускиот претседател Владимир Путин, иако тој не отишол на самитот на БРИКС во Казан, како и почитта на Урсула фон дер Лајен. Србија е на европскиот пат, бидејќи нејзината политика не се менува преку ноќ во кафеана, рече Вучиќ и повтори дека Србија го одржува пријателството со Руската Федерација и дека има одлични односи со Кина. Тој денеска изјави дека е против каква било поделба во Србија кога станува збор за Европската Унија или БРИКС и оцени дека имало „морничава“ кампања против Германија, што не треба да се прави, потсетувајќи дека тие вработуваат 83.000 луѓе, односно дека од неа живеат 300.000 луѓе. Она што е сега важно, она што јас само сакам да го знаат луѓето, е дека имате остра поделба во Србија, на која сум ужасно против, и јас изричито ќе се спротивставам на таквата поделба. Таа поделба е Европската Унија или БРИКС. Морничава беше кампањата против Германија, против Урсула фон дер Лајен, против Анелена Бербок, што и да мислам за Урсула фон дер Лајен, а мислам се најдоброто, а со Аналена Бербок едвај не се согласувам во ништо, но тоа не смеете да го правите. Вработуваат 83.000 луѓе, потсети Вучиќ. На прашањето дали ова е дел од одговорот на прашањето на ЕУ или БРИКС, тој рече дека не е и дека неговиот одговор е многу покомплексен од тоа. Тој рече дека имало лажни истражувања на јавното мислење поврзани со ЕУ и БРИКС и наведе дека од 43 отсто кои се за членство на Србија во ЕУ, 50 отсто се од партијата чиј член е тој, а од 42 отсто кои се за БРИКС, 54 или 55 отсто се од СНС. Вучиќ изјави дека во на Србија е сцена на хибридна војна на „странски служби кои учествуваат во конфликтите во Украина, а некои на Блискиот Исток и Пацификот“.

The post Вучиќ: Вучевиќ не е виновен за одлуката на фон дер Лајен, против сум каква било поделба меѓу ЕУ и БРИКС appeared first on Република.

]]>
Вулин: Вучиќ и Путин се пријатели https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vulin-vuchik-i-putin-se-prijateli/ Thu, 24 Oct 2024 07:23:14 +0000 https://republika.mk/?p=830391

Потпретседателот на српската влада, Александар Вулин, за време претстојот во Казан, каде се одржува самитот на БРИКС во организација на Владимир Путин, даде интервју за РИА Новости во кое вели дека српскиот претседател Александар Вучиќ и Путин се пријатели.

„Србија изразува надеж дека ќе има можност да стане членка на БРИКС, организација која нуди поголема слобода и не бара промена на политичкиот систем или пристапување кон режимите на санкции“, вели Вулин во интервјуто.

Вулин посочи дека Србија се чувствува добредојдена меѓу пријателските земји на БРИКС, кои, како што наведе, обезбедуваат слобода на избор, што е важна алтернатива за Белград.

„За прв пат можеме да избереме. Треба да научиме дека, на крајот на краиштата, можеме да избираме. Ова е многу важно за нас. Многу сум заинтересиран да дознаам повеќе за БРИКС и се надевам дека ќе има место за Србија“, рече Вулин на маргините на самитот.

Вулин рече дека БРИКС не бара од своите членови да ги променат политичките системи или да се приклучат на санкциите. Тој посочи и дека претседателот на Србија е голем поддржувач на пријателството со Русија и дека ја почитува нејзината историја и култура.

„Мојот претседател навистина се восхитува на историјата на Русија, нејзината култура и тој е непоколеблив поддржувач на пријателството меѓу Русија и Србија. И, ако можам да го кажам тоа, Вучиќ и Путин се пријатели“, рече Вулин, додавајќи дека Вучиќ планира да присуствува на 80. годишнина од победата над нацизмот во Москва.

„Затоа очекувам средба меѓу претседателот Вучиќ и претседателот Путин во Москва, но дали ќе се сретнат во трети земји, сега не можам да кажам“, вели Вулин.

Покрај Вулин, во српската делегација на самитот на БРИКС во Казан се и министерот за одбрана Братислав Гашиќ, министерката за економија Адријана Месаровиќ и министерот без ресор Ненад Поповиќ, задолжен за меѓународна економска соработка и социјалната положба на Црквата.

The post Вулин: Вучиќ и Путин се пријатели appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на српската влада, Александар Вулин, за време претстојот во Казан, каде се одржува самитот на БРИКС во организација на Владимир Путин, даде интервју за РИА Новости во кое вели дека српскиот претседател Александар Вучиќ и Путин се пријатели.
„Србија изразува надеж дека ќе има можност да стане членка на БРИКС, организација која нуди поголема слобода и не бара промена на политичкиот систем или пристапување кон режимите на санкции“, вели Вулин во интервјуто.
Вулин посочи дека Србија се чувствува добредојдена меѓу пријателските земји на БРИКС, кои, како што наведе, обезбедуваат слобода на избор, што е важна алтернатива за Белград.
„За прв пат можеме да избереме. Треба да научиме дека, на крајот на краиштата, можеме да избираме. Ова е многу важно за нас. Многу сум заинтересиран да дознаам повеќе за БРИКС и се надевам дека ќе има место за Србија“, рече Вулин на маргините на самитот.
Вулин рече дека БРИКС не бара од своите членови да ги променат политичките системи или да се приклучат на санкциите. Тој посочи и дека претседателот на Србија е голем поддржувач на пријателството со Русија и дека ја почитува нејзината историја и култура.
„Мојот претседател навистина се восхитува на историјата на Русија, нејзината култура и тој е непоколеблив поддржувач на пријателството меѓу Русија и Србија. И, ако можам да го кажам тоа, Вучиќ и Путин се пријатели“, рече Вулин, додавајќи дека Вучиќ планира да присуствува на 80. годишнина од победата над нацизмот во Москва.
„Затоа очекувам средба меѓу претседателот Вучиќ и претседателот Путин во Москва, но дали ќе се сретнат во трети земји, сега не можам да кажам“, вели Вулин. Покрај Вулин, во српската делегација на самитот на БРИКС во Казан се и министерот за одбрана Братислав Гашиќ, министерката за економија Адријана Месаровиќ и министерот без ресор Ненад Поповиќ, задолжен за меѓународна економска соработка и социјалната положба на Црквата.

The post Вулин: Вучиќ и Путин се пријатели appeared first on Република.

]]>
Вучиќ за Хрватот за известувач на Европскиот парламент за Србија: „Ја сфативме пораката“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-za-hrvatot-za-izvestuvach-na-evropskiot-parlament-za-srbija-ja-sfativme-porakata/ Tue, 22 Oct 2024 12:38:54 +0000 https://republika.mk/?p=829891

Српскиот претседател Александар Вучиќ, ја коментираше одлуката на Европскиот парламент да го постави Хрватот Тонино Пицула за известувач за Србија.

„Нема да коментирам, нема да брза, ќе разговараме со него, ќе работиме. Но, добро ја сфативме пораката од Европскиот парламент. Проблемот не е тоа што е Хрват, туку во неговите ставови“, рече Вучиќ.

The post Вучиќ за Хрватот за известувач на Европскиот парламент за Србија: „Ја сфативме пораката“ appeared first on Република.

Вучиќ: Избори во декември 2026 или пролет 2027 година, очекувам и реконструкција на владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-izbori-vo-dekemvri-2026-ili-prolet-2027-godina-ochekuvam-i-rekonstruktsija-na-vladata/ Tue, 22 Oct 2024 08:27:47 +0000 https://republika.mk/?p=829650

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека очекува реконструкција на Владата која би се извршила во периодот од март до јуни следната година и истакна дека премиерот Милош Вучиќ ќе ја има неговата целосна поддршка, како и дека се можни избори во декември 2026 или на пролет 2027 година, јави дописникот на МИА од Белград.

Знаете, имате некои луѓе кои мислеа дека можат да бидат таму (Влада) и да направат повеќе работи за себе, а не за граѓаните и општеството во целина. Луѓе кои мислат дека се незаменливи, луѓе кои мислат дека можат се, рече Вучиќ на РТС.

Според него, анализата на работата мора да ја направат градовите и општините, на ниво на покраината Војводина и на национално ниво. Тоа, како што вели, секогаш е добро.

На темата избори тој рече дека тие ќе се одржат во декември 2026 година или во пролет 2027 година и оцени дека опозицијата ќе помине многу полошо од претходно.

Сакам да кажам дека ќе продолжиме да градиме и да работиме. Никој нема да не спречи. Избори ќе има, а за тоа можеме да разговараме со претставниците на опозициските партии, кога и да сакаат, или во декември 2026 година или на пролет 2027 година, рече Вучиќ.

На констатација дека опозицијата сега ги бара изборите, Вучиќ се согласи дека тоа е така, но додаде дека „сепак го молат Господ да не ги добијат“. На прашањето дали тоа значи дека воопшто не размислува за вонредни избори, Вучиќ кажа – не.

Тоа не ме интересира, освен ако навистина не инсистираат, тогаш можат да ги добијат. Но, веднаш да ви кажам, како што ви кажав за изборите во Белград, ќе поминат многу полошо отколку на претходните, рече тој.

Кога станува збор за евроинтеграциите, Вучиќ рече дека не може да се согласи со оценката дека тие се „заглавени“, но дека може да каже дека одат полека, а нагласи дека доколку Србија ја признае независноста на Косово и воведените санкции кон Русија веднаш ќе биде примено во ЕУ.

Претседателот на Србија зборуваше и за ископ на литиум, но и за гасниот аранжман што го обезбеди за Србија со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Вучиќ рече дека со Путин имал добар разговор меѓу другото и за гасот и дека се договорени добри цени кои за Србија се драстично пониски.

The post Вучиќ: Избори во декември 2026 или пролет 2027 година, очекувам и реконструкција на владата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека очекува реконструкција на Владата која би се извршила во периодот од март до јуни следната година и истакна дека премиерот Милош Вучиќ ќе ја има неговата целосна поддршка, како и дека се можни избори во декември 2026 или на пролет 2027 година, јави дописникот на МИА од Белград. Знаете, имате некои луѓе кои мислеа дека можат да бидат таму (Влада) и да направат повеќе работи за себе, а не за граѓаните и општеството во целина. Луѓе кои мислат дека се незаменливи, луѓе кои мислат дека можат се, рече Вучиќ на РТС. Според него, анализата на работата мора да ја направат градовите и општините, на ниво на покраината Војводина и на национално ниво. Тоа, како што вели, секогаш е добро. На темата избори тој рече дека тие ќе се одржат во декември 2026 година или во пролет 2027 година и оцени дека опозицијата ќе помине многу полошо од претходно. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека очекува реконструкција на Владата која би се извршила во периодот од март до јуни следната година и истакна дека премиерот Милош Вучиќ ќе ја има неговата целосна поддршка, како и дека се можни избори во декември 2026 или на пролет 2027 година, јави дописникот на МИА од Белград. Знаете, имате некои луѓе кои мислеа дека можат да бидат таму (Влада) и да направат повеќе работи за себе, а не за граѓаните и општеството во целина. Луѓе кои мислат дека се незаменливи, луѓе кои мислат дека можат се, рече Вучиќ на РТС. Според него, анализата на работата мора да ја направат градовите и општините, на ниво на покраината Војводина и на национално ниво. Тоа, како што вели, секогаш е добро. На темата избори тој рече дека тие ќе се одржат во декември 2026 година или во пролет 2027 година и оцени дека опозицијата ќе помине многу полошо од претходно. Сакам да кажам дека ќе продолжиме да градиме и да работиме. Никој нема да не спречи. Избори ќе има, а за тоа можеме да разговараме со претставниците на опозициските партии, кога и да сакаат, или во декември 2026 година или на пролет 2027 година, рече Вучиќ. На констатација дека опозицијата сега ги бара изборите, Вучиќ се согласи дека тоа е така, но додаде дека „сепак го молат Господ да не ги добијат“. На прашањето дали тоа значи дека воопшто не размислува за вонредни избори, Вучиќ кажа – не. Тоа не ме интересира, освен ако навистина не инсистираат, тогаш можат да ги добијат. Но, веднаш да ви кажам, како што ви кажав за изборите во Белград, ќе поминат многу полошо отколку на претходните, рече тој. Кога станува збор за евроинтеграциите, Вучиќ рече дека не може да се согласи со оценката дека тие се „заглавени“, но дека може да каже дека одат полека, а нагласи дека доколку Србија ја признае независноста на Косово и воведените санкции кон Русија веднаш ќе биде примено во ЕУ. Претседателот на Србија зборуваше и за ископ на литиум, но и за гасниот аранжман што го обезбеди за Србија со претседателот на Русија, Владимир Путин. Вучиќ рече дека со Путин имал добар разговор меѓу другото и за гасот и дека се договорени добри цени кои за Србија се драстично пониски. На констатација дека опозицијата сега ги бара изборите, Вучиќ се согласи дека тоа е така, но додаде дека „сепак го молат Господ да не ги добијат“. На прашањето дали тоа значи дека воопшто не размислува за вонредни избори, Вучиќ кажа – не. Тоа не ме интересира, освен ако навистина не инсистираат, тогаш можат да ги добијат. Но, веднаш да ви кажам, како што ви кажав за изборите во Белград, ќе поминат многу полошо отколку на претходните, рече тој. Кога станува збор за евроинтеграциите, Вучиќ рече дека не може да се согласи со оценката дека тие се „заглавени“, но дека може да каже дека одат полека, а нагласи дека доколку Србија ја признае независноста на Косово и воведените санкции кон Русија веднаш ќе биде примено во ЕУ. Претседателот на Србија зборуваше и за ископ на литиум, но и за гасниот аранжман што го обезбеди за Србија со претседателот на Русија, Владимир Путин. Вучиќ рече дека со Путин имал добар разговор меѓу другото и за гасот и дека се договорени добри цени кои за Србија се драстично пониски.

The post Вучиќ: Избори во декември 2026 или пролет 2027 година, очекувам и реконструкција на владата appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Договорено снабдување со гас од Русија по поволна цена https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-dogovoreno-snabduvane-so-gas-od-rusija-po-povolna-tsena/ Mon, 21 Oct 2024 20:45:41 +0000 https://republika.mk/?p=829580

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави вечерва дека тој и рускиот претседател Владимир Путин се договориле за купување гас по поволни цени и дека ќе разговараат за долгорочен аранжман.

Во интервју за РТС, тој рече дека договорил шест милиони кубни метри гас дневно според формулата за нафта, која се пресметува врз основа на дневната цена на таа енергија на Холандската берза (TTF).

„Вчера гасот на ТТФ чинеше 440 долари, а за Србија 323 долари, што е многу поповолно“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека е договорена и испорака на два милиони кубни метри гас за руските компании во Србија, како што се Нафтената индустрија на Србија и Петрохемија.

Вучиќ изјави и дека се договорени дополнителни три милиони кубни метри гас, чија цена ќе се пресметува 70 отсто според цената на ТТФ, а 30 отсто според „нафтената формула“.

Тој потврди дека ќе разговараат и за долгорочното снабдување со руски гас за Србија со одредени „компромиси за работите од минатото“.

„Ние имаме вкупно 645 милиони кубни метри гас во резерви, така што луѓето не треба да се грижат. Цените што успеавме да ги договориме со руската страна се многу добри“, изјави Вучиќ.

Истакна дека е многу благодарен на руската страна за поддршката и помошта што им ја пружаат.

The post Вучиќ: Договорено снабдување со гас од Русија по поволна цена appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави вечерва дека тој и рускиот претседател Владимир Путин се договориле за купување гас по поволни цени и дека ќе разговараат за долгорочен аранжман. Во интервју за РТС, тој рече дека договорил шест милиони кубни метри гас дневно според формулата за нафта, која се пресметува врз основа на дневната цена на таа енергија на Холандската берза (TTF). „Вчера гасот на ТТФ чинеше 440 долари, а за Србија 323 долари, што е многу поповолно“, рече Вучиќ. Тој додаде дека е договорена и испорака на два милиони кубни метри гас за руските компании во Србија, како што се Нафтената индустрија на Србија и Петрохемија. Вучиќ изјави и дека се договорени дополнителни три милиони кубни метри гас, чија цена ќе се пресметува 70 отсто според цената на ТТФ, а 30 отсто според „нафтената формула“. Тој потврди дека ќе разговараат и за долгорочното снабдување со руски гас за Србија со одредени „компромиси за работите од минатото“. „Ние имаме вкупно 645 милиони кубни метри гас во резерви, така што луѓето не треба да се грижат. Цените што успеавме да ги договориме со руската страна се многу добри“, изјави Вучиќ. Истакна дека е многу благодарен на руската страна за поддршката и помошта што им ја пружаат.      

The post Вучиќ: Договорено снабдување со гас од Русија по поволна цена appeared first on Република.

]]>
Вучиќ и Путин денеска ќе имаат телефонски разговор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vuchik-i-putin-deneska-ke-imaat-telefonski-razgovor/ Sun, 20 Oct 2024 07:00:57 +0000 https://republika.mk/?p=828968

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска телефонски ќе разговара со лидерот на Руската Федерација Владимир Путин, пренесуваат српските медиуми.

Двајцата државници ќе разменат мислења за сите актуелни теми, со посебен акцент на регионалните теми, како и за неповолната состојба во која се наоѓа српскиот народ на Косово и Метохија.

Завчера првиот човек на Русија упати срдечна честитка до својот српски колега по повод 80-годишнината од ослободувањето на Белград во Втората светска војна. Во таа прилика потсети дека Русите и Србите заедно се бореле против непријателот, а истакнал и дека е задоволен од односот на српските власти кон загинатите херои од Црвената армија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ доби покана за учество на Самитот на БРИКС што се одржува во Казан на 23 и 24 октомври. Вучиќ изјави дека наскоро ќе донесе одлука за заминување на Самитот.

The post Вучиќ и Путин денеска ќе имаат телефонски разговор appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска телефонски ќе разговара со лидерот на Руската Федерација Владимир Путин, пренесуваат српските медиуми. Двајцата државници ќе разменат мислења за сите актуелни теми, со посебен акцент на регионалните теми, како и за неповолната состојба во која се наоѓа српскиот народ на Косово и Метохија. Завчера првиот човек на Русија упати срдечна честитка до својот српски колега по повод 80-годишнината од ослободувањето на Белград во Втората светска војна. Во таа прилика потсети дека Русите и Србите заедно се бореле против непријателот, а истакнал и дека е задоволен од односот на српските власти кон загинатите херои од Црвената армија. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ доби покана за учество на Самитот на БРИКС што се одржува во Казан на 23 и 24 октомври. Вучиќ изјави дека наскоро ќе донесе одлука за заминување на Самитот.

The post Вучиќ и Путин денеска ќе имаат телефонски разговор appeared first on Република.

]]>
Вучиќ првпат откако стана претседател не му го честиташе роденденот на Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-prvpat-otkako-stana-pretsedatel-ne-mu-go-chestitashe-rodendenot-na-putin/ Fri, 11 Oct 2024 19:46:15 +0000 https://republika.mk/?p=825667

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за прв пат по осум години, односно откако дојде на функцијата, јавно не му го честита роденденот на рускиот претседател Владимир Путин.

Путин на 7 октомври го прослави својот 72 роденден, но немаше јавна честитката од страна на Вучиќ.

Вучиќ, пред осум години седна на претседателската фотелја и секоја година на седми октомври му го честиташе роденденот на рускиот претседател, но таква честитка немаше годинава.

https://republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-srbija-plakja-mnogu-visoka-cena-i-e-pod-ogromen-pritisok-poradi-nevoveduvanjeto-sankcii-za-rusija/

The post Вучиќ првпат откако стана претседател не му го честиташе роденденот на Путин appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за прв пат по осум години, односно откако дојде на функцијата, јавно не му го честита роденденот на рускиот претседател Владимир Путин. Путин на 7 октомври го прослави својот 72 роденден, но немаше јавна честитката од страна на Вучиќ. Вучиќ, пред осум години седна на претседателската фотелја и секоја година на седми октомври му го честиташе роденденот на рускиот претседател, но таква честитка немаше годинава. https://republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-srbija-plakja-mnogu-visoka-cena-i-e-pod-ogromen-pritisok-poradi-nevoveduvanjeto-sankcii-za-rusija/

The post Вучиќ првпат откако стана претседател не му го честиташе роденденот на Путин appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Беше страшно глупаво да се потцени руската армија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vuchik-beshe-strashno-glupavo-da-se-pottseni-ruskata-armija/ Fri, 27 Sep 2024 13:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=819763

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека било „страшно глупаво да се потцени руската армија“.

Русите сега, со сите проблеми и тешкотии што ги имаат, не покажуваат дека се соочуваат со тоа. Покажаа дека се пожилави отколку што сите очекуваа. Зборувам за економијата, а беше страшно глупаво да се потценува руската армија, бидејќи кој и да ја потцени, ние ја знаеме што има направено руската армија низ историјата“, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател додадека дека изјавата на неговиот руски колега, Владимир Путин, за промена на руската нуклеарна доктрина предизвикала големо внимание во ОН.

Според Вучиќ, главна тема во Њујорк е Блискиот Исток, додека Украина, според истражувањата, е деветта или десетта тема за американските граѓани, за што знаат и американските политичари.

Трамп го виде тоа истражување и затоа му беше дозволено да оди толку отворено против Зеленски“, додаде Вучиќ, истакнувајќи дека „кој и да победи на американските избори, нема да му дава поддршка на Киев како порано“.

The post Вучиќ: Беше страшно глупаво да се потцени руската армија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека било „страшно глупаво да се потцени руската армија“. Русите сега, со сите проблеми и тешкотии што ги имаат, не покажуваат дека се соочуваат со тоа. Покажаа дека се пожилави отколку што сите очекуваа. Зборувам за економијата, а беше страшно глупаво да се потценува руската армија, бидејќи кој и да ја потцени, ние ја знаеме што има направено руската армија низ историјата“, изјави Вучиќ. Српскиот претседател додадека дека изјавата на неговиот руски колега, Владимир Путин, за промена на руската нуклеарна доктрина предизвикала големо внимание во ОН. Според Вучиќ, главна тема во Њујорк е Блискиот Исток, додека Украина, според истражувањата, е деветта или десетта тема за американските граѓани, за што знаат и американските политичари.
Трамп го виде тоа истражување и затоа му беше дозволено да оди толку отворено против Зеленски“, додаде Вучиќ, истакнувајќи дека „кој и да победи на американските избори, нема да му дава поддршка на Киев како порано“.

The post Вучиќ: Беше страшно глупаво да се потцени руската армија appeared first on Република.

]]>
Лајчак и Вучиќ детално разговарале за дијалогот и спроведувањето на Охридскиот договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/lajchak-i-vuchik-detalno-razgovarale-za-dijalogot-i-sproveduvaneto-na-ohridskiot-dogovor/ Thu, 26 Sep 2024 08:31:46 +0000 https://republika.mk/?p=819735

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, соопшти дека со српскиот претседател Александар Вучиќ, на маргините на Генералното собрание на ОН (ГС на ОН) во Њујорк, детално разговарале за последните случувања во рамките на дијалогот и спроведувањето на Охридскиот договор, во светло на Планот за раст за Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

„Разговарав со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на маргините на ГС на ОН детално за последните настани во дијалогот и потребата од повторно ангажирање и спроведување на Охридскиот договор, исто така во светло на Планот за раст на ЕУ за регионот“, изјави Лајчак на социјалната мрежа Х.

Вучиќ претходно пред новинарите изјави дека во разговорот со Лајчак повторно укажал на уривањето на се што е потпишано и прифатено со Бриселскиот договор.

Тој на својот Инстаграм профил „buducnostsrbijeav“ додаде дека Косово и Метохија и опстанокот на српскиот народ во нивните огништа се главна тема на сите негови средби во Њујорк и дека со Лајчак разговарал „не само за ситуацијата на теренот, со што тој е многу добро е запознаен, но и за она што ЕУ и меѓународната заедница не го прават, а се обврзани да го прават, како и за тоа што Србија, во рамките на своите можности, има намера да направи за да го заштити својот народ и нивното право на живот и слобода“.

Извор: МИА

The post Лајчак и Вучиќ детално разговарале за дијалогот и спроведувањето на Охридскиот договор appeared first on Република.

]]>

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, соопшти дека со српскиот претседател Александар Вучиќ, на маргините на Генералното собрание на ОН (ГС на ОН) во Њујорк, детално разговарале за последните случувања во рамките на дијалогот и спроведувањето на Охридскиот договор, во светло на Планот за раст за Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград. „Разговарав со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на маргините на ГС на ОН детално за последните настани во дијалогот и потребата од повторно ангажирање и спроведување на Охридскиот договор, исто така во светло на Планот за раст на ЕУ за регионот“, изјави Лајчак на социјалната мрежа Х. Вучиќ претходно пред новинарите изјави дека во разговорот со Лајчак повторно укажал на уривањето на се што е потпишано и прифатено со Бриселскиот договор. Тој на својот Инстаграм профил „buducnostsrbijeav“ додаде дека Косово и Метохија и опстанокот на српскиот народ во нивните огништа се главна тема на сите негови средби во Њујорк и дека со Лајчак разговарал „не само за ситуацијата на теренот, со што тој е многу добро е запознаен, но и за она што ЕУ и меѓународната заедница не го прават, а се обврзани да го прават, како и за тоа што Србија, во рамките на своите можности, има намера да направи за да го заштити својот народ и нивното право на живот и слобода“.
Извор: МИА

The post Лајчак и Вучиќ детално разговарале за дијалогот и спроведувањето на Охридскиот договор appeared first on Република.

]]>
Вучиќ од ОН: Србија не е слуга ниту на Русија ниту на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-od-on-srbija-ne-e-sluga-nitu-na-rusija-nitu-na-sad/ Wed, 25 Sep 2024 11:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=819541

Српскиот претседател Александар Вучиќ говореше синоќа на 79. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. На почетокот на говорот тој ги цитираше зборовите на Махатма Ганди: „Нема пат до мирот, мирот е патот“.

„Ви се обраќам во името на Србија, земјата на слободата и правдата. Ви се обраќам во името на земјата чии постапки и принципиелна политика ја одразуваат темата на овогодинешното собрание. Ситуацијата во светот изгледа уште потежок и помрачен од пред една година“, рече тој.

Тој потсети на зборовите на Џон Ф. Кенеди: „Човештвото мора да стави крај на војната, пред војната да стави крај на човештвото“.

„Србија и нејзините граѓани ја споделуваат болката со сите оние кои гинат во војни, како на Блискиот Исток така и во Украина. Се чини неверојатно дека светот е на работ на нуклеарен холокауст. Се приближуваме до работ на бездната“, рече тој, пренесува српски Телеграф.

„Мораме да ја вратиме вербата во мирот, единствениот пат кој нема алтернатива. Тоа им го должиме на сите генерации, иднината на светот е наш избор и одговорност…“

Тој предупреди дека Повелбата на ОН е уништена.

„Ќе објаснам користејќи го примерот на мојата земја, најубавата Србија, како е урната и газена. По големите победи во Првата и Втората светска војна, а Србите како народ имаа најголеми пропорционални загуби во Првата светска војна. Ние бевме меѓу првите кои им се спротивставија на нацистите. Не подготвувавме цвеќе за нацистичките тенкови и плативме висока цена“, рече тој.

Вучиќ посочи дека ќе зборува за преседан за кој сите молчат.

„Надмоќта на Западот доведе до крајот на историјата и целосно владеење на западните идеи во сите делови од општествениот живот. Таков недостаток на рамнотежа ги сруши и СССР и Југославија. Тоа не се случи случајно или само по себе, туку со учество на западните служби, и во СССР и во Југославија. Денес од многумина слушнавме дека нападот на Украина ја отвори Пандорината кутија. Тоа не е вистина“, истакна тој.

Тој повтори дека Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина. Но, тој се пожали дека лидерите на големите сили бараат почитување на Повелбата на ОН, но не и кога е Србија во прашање.

„Во налет на сопствената моќ, кога мислеа дека можат да прават што сакаат, почнаа да ги кршат нормите на меѓународното право. Ги погазија сите норми на меѓународното право, не ни бараа објаснувања! Ја нападнаа Србија и извршија агресија, а не им беше грижа за Повелбата на ОН“, рече тој.

„Што можеме ние како претседатели на слободарските земји? Тие со години лажат дека ќе донесеме војна на Балканот поради Русија. Ние не сме слуги ниту на САД, ниту на Русија. Сакам да ги разберете механизмите на лагата и дека сите заедно се обидуваме да се собереме овде и да ја промениме оваа организација. Светот е на работ на катастрофа“, убеден е Вучиќ.

The post Вучиќ од ОН: Србија не е слуга ниту на Русија ниту на САД appeared first on Република.

Грвала ја повика меѓународната заедница да го осуди „агресивниот и непријателски јазик“ на Вучиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grvala-ja-povika-megunarodnata-zaednitsa-da-go-osudi-agresivniot-i-neprijatelski-jazik-na-vuchik/ Sat, 14 Sep 2024 15:35:17 +0000 https://republika.mk/?p=816377

Косовската министерка за надворешни работи Доника Грвала ја повика меѓународната заедница со „јасен јазик и цврсти позиции“ да ги осуди „пристапот, однесувањето и агресивниот и непријателски јазик“ што ги употреби претседателот на Србија, Александар Вучиќ за време на вчерашното обраќање до нацијата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешниот статус на Фејсбук, Грвала вчерашната прес-конференција на Вучиќ, на која тој претстави пет мерки што ќе ги преземе неговата земја „по неодамнешните тензии“ на северот на Косово, населен со мнозинско српско население, ја нарече „театрална сцена“.

Шефицата на косовската дипломатија изјави дека Вучиќ ги користи косовските Срби за дневна политика и финансиски придобивки.

„Сега, кога е целосно свесен дека лицата кои по негова наредба биле вмешани во криминални дејствија, злосторства и насилни дејствија во Косово, повеќе не можат да играат никаква улога во јавниот и институционалниот живот на Косово, (Вучиќ) бара враќање во претходната состојба, без воопшто да каже барем една причина за напуштањето и бојкот на институциите (од страна на косовските Срби). Систематската игра на Србија со косовските Срби, притисокот до отвореното практикување насилство преку нелегални структури и криминални групи, злоупотребата и масовната кражба на средства, кои наводно биле наменети за нив, попречувањето на нивната интеграција во општеството и институциите на Косово, на Србите на север и на нивните семејства им го отежнува животот веќе со години“, напиша Гервала.

Според неа, Вучиќ преку формирањето на така нареченото специјално обвинителство се обидува да ги зголеми тензиите и да го наруши уставниот поредок на Косово.

Таа го обвини српскиот претседател дека се обидува да ги попречи интегративните процеси и нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија и да ги задржи тензиите во регионот.

„Преку формирањето на така нареченото специјално обвинителство, целта е да се подигнат тензиите, да се наруши правниот и уставниот суверенитет на Република Косово, но пред сè да се искористи овој механизам за арбитрарен прогон, особено на српските граѓани во Косово кои не се покоруваат на власта на Вучиќ и на неговите кланови. Неговата изјава за наводно прогласување на сите косовски институции за незаконски е очајнички обид за саботирање на независноста на Косово. Целта е да се спречи нормализација на односите меѓу Република Косово и Србија, да се одржат во живот тензиите во регионот, да се спречат интегративните процеси, во целосна синхронизација со интересите на Русија. Ги повикуваме меѓународните фактори со јасен јазик и цврсти позиции да го осудат пристапот, однесувањето и агресивниот и непријателски јазик на Александер Вучиќ кон Република Косово“, напиша Гервала.

Вучиќ вчера претстави пет мерки што ќе ги преземе неговата земја „по неодамнешните тензии“ на северот на Косово. На конференцијата за новинари која траеше повеќе од еден час, Вучиќ, покрај мерките, објави и седум барања за прашањето на „проблемот на косовските Срби“.

The post Грвала ја повика меѓународната заедница да го осуди „агресивниот и непријателски јазик“ на Вучиќ appeared first on Република.

]]>

Косовската министерка за надворешни работи Доника Грвала ја повика меѓународната заедница со „јасен јазик и цврсти позиции“ да ги осуди „пристапот, однесувањето и агресивниот и непријателски јазик“ што ги употреби претседателот на Србија, Александар Вучиќ за време на вчерашното обраќање до нацијата, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешниот статус на Фејсбук, Грвала вчерашната прес-конференција на Вучиќ, на која тој претстави пет мерки што ќе ги преземе неговата земја „по неодамнешните тензии“ на северот на Косово, населен со мнозинско српско население, ја нарече „театрална сцена“. Шефицата на косовската дипломатија изјави дека Вучиќ ги користи косовските Срби за дневна политика и финансиски придобивки.
„Сега, кога е целосно свесен дека лицата кои по негова наредба биле вмешани во криминални дејствија, злосторства и насилни дејствија во Косово, повеќе не можат да играат никаква улога во јавниот и институционалниот живот на Косово, (Вучиќ) бара враќање во претходната состојба, без воопшто да каже барем една причина за напуштањето и бојкот на институциите (од страна на косовските Срби). Систематската игра на Србија со косовските Срби, притисокот до отвореното практикување насилство преку нелегални структури и криминални групи, злоупотребата и масовната кражба на средства, кои наводно биле наменети за нив, попречувањето на нивната интеграција во општеството и институциите на Косово, на Србите на север и на нивните семејства им го отежнува животот веќе со години“, напиша Гервала.
Според неа, Вучиќ преку формирањето на така нареченото специјално обвинителство се обидува да ги зголеми тензиите и да го наруши уставниот поредок на Косово. Таа го обвини српскиот претседател дека се обидува да ги попречи интегративните процеси и нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија и да ги задржи тензиите во регионот.
„Преку формирањето на така нареченото специјално обвинителство, целта е да се подигнат тензиите, да се наруши правниот и уставниот суверенитет на Република Косово, но пред сè да се искористи овој механизам за арбитрарен прогон, особено на српските граѓани во Косово кои не се покоруваат на власта на Вучиќ и на неговите кланови. Неговата изјава за наводно прогласување на сите косовски институции за незаконски е очајнички обид за саботирање на независноста на Косово. Целта е да се спречи нормализација на односите меѓу Република Косово и Србија, да се одржат во живот тензиите во регионот, да се спречат интегративните процеси, во целосна синхронизација со интересите на Русија. Ги повикуваме меѓународните фактори со јасен јазик и цврсти позиции да го осудат пристапот, однесувањето и агресивниот и непријателски јазик на Александер Вучиќ кон Република Косово“, напиша Гервала.
Вучиќ вчера претстави пет мерки што ќе ги преземе неговата земја „по неодамнешните тензии“ на северот на Косово. На конференцијата за новинари која траеше повеќе од еден час, Вучиќ, покрај мерките, објави и седум барања за прашањето на „проблемот на косовските Срби“.

The post Грвала ја повика меѓународната заедница да го осуди „агресивниот и непријателски јазик“ на Вучиќ appeared first on Република.

]]>
Вучиќ потпиша согласност за враќање на задолжителниот воен рок во Србија, на потег е Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-potpisha-soglasnost-za-vrakane-na-zadolzhitelniot-voen-rok-vo-srbija-na-poteg-e-vladata/ Sat, 14 Sep 2024 11:45:37 +0000 https://republika.mk/?p=816297

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека како врховен командант и претседател на Републиката ја потпишал согласноста за вршење на редовен воен рок од 75 дена, јави дописникот на МИА од Белград.

Сакам да верувам дека Владата на Србија ќе ја донесе таа одлука. Сакам да верувам дека сите разбирате колку ни треба силна армија, уште колку оружје ќе треба да купиме, да правиме, да создаваме. Затоа што не е наша желба да нападнеме некого. Ниту ќе го направиме тоа. Но, нашата желба е да ги одвратиме сите оние кои секојдневно ни се закануваат - рече Вучиќ во обраќањето на свеченото унапредување во првиот офицерски чин на 177 питомци на Воената академија.

Вучиќ неодамна изјави дека државата размислува да воведе воен рок во траење од 60 плус 15 дена, кој би бил задолжителен за мажите, а жените ќе можат доброволно да служат.

Вчера премиерот на Србија, Милош Вучевиќ изјави дека апсолутно го поддржува враќањето на задолжителниот воен рок и дека Владата на Србија е подготвена, доколку се постигне политички и општествен договор, многу брзо да донесе ваков предлог-закон и да го поднесе до собранието на усвојување.

Владата е подготвена многу брзо да оди со тој предлог до Народното собрание и кога ќе бидат исполнети логистичките и административните услови да започне со него во 2025 година. Јас како премиер и целата влада силно го поддржуваме она што претседателот (Вучиќ) го најави, а тоа е дека сериозно се приближуваме кон евентуалното донесување правен акт за укинувањето на суспензијта на воениот рок - рече Вучевиќ.

The post Вучиќ потпиша согласност за враќање на задолжителниот воен рок во Србија, на потег е Владата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека како врховен командант и претседател на Републиката ја потпишал согласноста за вршење на редовен воен рок од 75 дена, јави дописникот на МИА од Белград.
Сакам да верувам дека Владата на Србија ќе ја донесе таа одлука. Сакам да верувам дека сите разбирате колку ни треба силна армија, уште колку оружје ќе треба да купиме, да правиме, да создаваме. Затоа што не е наша желба да нападнеме некого. Ниту ќе го направиме тоа. Но, нашата желба е да ги одвратиме сите оние кои секојдневно ни се закануваат - рече Вучиќ во обраќањето на свеченото унапредување во првиот офицерски чин на 177 питомци на Воената академија.
Вучиќ неодамна изјави дека државата размислува да воведе воен рок во траење од 60 плус 15 дена, кој би бил задолжителен за мажите, а жените ќе можат доброволно да служат. Вчера премиерот на Србија, Милош Вучевиќ изјави дека апсолутно го поддржува враќањето на задолжителниот воен рок и дека Владата на Србија е подготвена, доколку се постигне политички и општествен договор, многу брзо да донесе ваков предлог-закон и да го поднесе до собранието на усвојување.