александар велјановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-veljanovski/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Nov 2024 14:47:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png александар велјановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-veljanovski/ 32 32 Велјановски: Сето она што беше во седум години разрушено, сега со овој буџет треба да се донесе „мирно море“ и да се говори за реформи, нови инвестиции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veljanovski-seto-ona-shto-beshe-vo-sedum-godini-razrusheno-sega-so-ovoj-budhet-treba-da-se-donese-mirno-more-i-da-se-govori-za-reformi-novi-investitsii/ Sat, 23 Nov 2024 14:50:45 +0000 https://republika.mk/?p=841110

Во текот на денешната Комисија за финансирање и буџет од собраниската говорница свое обраќање имаше и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски кој укажа на обидот од страна на опозициските пратеници за целосен дефокус од она за што реално треба да се говори, а тоа се амандманите поднесени по Предлог-буџетот за 2025 година.

Во тој контекст, Велјановски најпрво се осврна на самиот Буџетот за 2025 година кој треба да се реализира во идниот период.

„Овој буџет содржи мерки за финансиска консолидација и дисциплинирано даночно трошење и мерки за поттикнување на економскиот раст. Значи, сето она што беше во седум години претходно разрушено, опљачкано, сега треба да се стабилизира, сега овој буџет треба да донесе едно „мирно море“, во кое што ќе може да се говори за унапредување, реформи и за нови инвестиции“, вели Велјановски.

Велјановски, обраќајќи се до пратеникот и поранешен претседател на Уставниот суд, Сали Мурати потсети на фактот дека изминатите седум години општеството не се движеше во правилна насока и дека за тоа е директно одговорна претходната власт, чиј коалиционен партнер бил самиот тој како претставник на турската заедница.

„Не може да се апстрахирате и вие, па и вашите колеги кои долго време беа на власт, дел од нив и 20 години, дека немаат никакво влијание во процесите за правата на сите заедници и сите тие се и виновници за сите фази на дискриминација кои се случувале во текот на овие години. Треба и вие добро да се запрашате со кого стоите во коалиција и со кого стоите рамо до рамо. Зошто вашите колеги- партнери не ги унапредија правата на Турците во овие седум години зошто сега се доведувате во ситуација да бидете најистурен играч на ДУИ, за да ги браните правата?“, концизен е Велјановски.

The post Велјановски: Сето она што беше во седум години разрушено, сега со овој буџет треба да се донесе „мирно море“ и да се говори за реформи, нови инвестиции appeared first on Република.

]]>

Во текот на денешната Комисија за финансирање и буџет од собраниската говорница свое обраќање имаше и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски кој укажа на обидот од страна на опозициските пратеници за целосен дефокус од она за што реално треба да се говори, а тоа се амандманите поднесени по Предлог-буџетот за 2025 година. Во тој контекст, Велјановски најпрво се осврна на самиот Буџетот за 2025 година кој треба да се реализира во идниот период.
„Овој буџет содржи мерки за финансиска консолидација и дисциплинирано даночно трошење и мерки за поттикнување на економскиот раст. Значи, сето она што беше во седум години претходно разрушено, опљачкано, сега треба да се стабилизира, сега овој буџет треба да донесе едно „мирно море“, во кое што ќе може да се говори за унапредување, реформи и за нови инвестиции“, вели Велјановски.
Велјановски, обраќајќи се до пратеникот и поранешен претседател на Уставниот суд, Сали Мурати потсети на фактот дека изминатите седум години општеството не се движеше во правилна насока и дека за тоа е директно одговорна претходната власт, чиј коалиционен партнер бил самиот тој како претставник на турската заедница.
„Не може да се апстрахирате и вие, па и вашите колеги кои долго време беа на власт, дел од нив и 20 години, дека немаат никакво влијание во процесите за правата на сите заедници и сите тие се и виновници за сите фази на дискриминација кои се случувале во текот на овие години. Треба и вие добро да се запрашате со кого стоите во коалиција и со кого стоите рамо до рамо. Зошто вашите колеги- партнери не ги унапредија правата на Турците во овие седум години зошто сега се доведувате во ситуација да бидете најистурен играч на ДУИ, за да ги браните правата?“, концизен е Велјановски.

The post Велјановски: Сето она што беше во седум години разрушено, сега со овој буџет треба да се донесе „мирно море“ и да се говори за реформи, нови инвестиции appeared first on Република.

]]>
Велјановски: Потребна е правична застапеност на сите етнички заедници при вработувањата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veljanovski-potrebna-e-pravichna-zastapenost-na-site-etnichki-zaednitsi-pri-vrabotuvanata/ Thu, 31 Oct 2024 20:59:20 +0000 https://republika.mk/?p=832928

Во дебатната емисија на телевизија Клан на која се разгледуваше и коментираше темата поврзана со укинувањето на алатката балансер, како и правичната застапеност при вработувањата, гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски.

Тој ја истакна важноста на правичната застапеност на сите етнички заедници при вработувањата во државата, но напомена дека балансерот како калкулатор за пресметување на идните вработени во однос на припадноста веќе ја има одиграно својата улога и истиот треба да се замени.

„Во последните години видовме дека балансерот како калкулатор почна да се злоупотребува од страна на институциите, носител на тие злоупотреби беше господинот Артан Груби во неговото министерство, во кое знаеме дека имаше огромен број на вработени токму по овој основ“, вели Велјановски.

Според него со ваквата алатка граѓаните беа доведени во ситуација да се определуваат дека не се Македонци, Албанци, Роми, Турци и така натаму, за да можат да дојдат до работно место во државна администрација.

„Стратегијата за реформа во јавната администрација, која беше поддржана од ДУИ, во себе го содржеше токму укинувањето на балансерот, а исто така и препораките на ЕК се во насока дека балансерот се злоупотребува како алатка“, потсетува Велјановски.

Во овој контекст, Велјановски појасни дека веќе е формирана работна група која треба да изработи предлог закон, а притоа ќе ги земе предвид мислењата од стручната јавност преку една јавна дебата.

„Формирана е работа група која треба да работи на драфт предлог закон во кој ќе биде вклучена стручната јавност преку јавна расправа и сите општествени чинители за да се добие едно добро законско решение. После ќе побараме и мислење од Венецијанската комисија во однос на законските решенија, за да не се судриме со Уставниот суд, дури потоа ќе влеземе во постапка за да донесеме едно ново законско решение со кое ќе бидат задоволени не само етничките заедници, туку и останатите ранливи категории во општеството“, појаснува Велјановски.

The post Велјановски: Потребна е правична застапеност на сите етнички заедници при вработувањата appeared first on Република.

]]>

Во дебатната емисија на телевизија Клан на која се разгледуваше и коментираше темата поврзана со укинувањето на алатката балансер, како и правичната застапеност при вработувањата, гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски. Тој ја истакна важноста на правичната застапеност на сите етнички заедници при вработувањата во државата, но напомена дека балансерот како калкулатор за пресметување на идните вработени во однос на припадноста веќе ја има одиграно својата улога и истиот треба да се замени.
„Во последните години видовме дека балансерот како калкулатор почна да се злоупотребува од страна на институциите, носител на тие злоупотреби беше господинот Артан Груби во неговото министерство, во кое знаеме дека имаше огромен број на вработени токму по овој основ“, вели Велјановски.
Според него со ваквата алатка граѓаните беа доведени во ситуација да се определуваат дека не се Македонци, Албанци, Роми, Турци и така натаму, за да можат да дојдат до работно место во државна администрација.
„Стратегијата за реформа во јавната администрација, која беше поддржана од ДУИ, во себе го содржеше токму укинувањето на балансерот, а исто така и препораките на ЕК се во насока дека балансерот се злоупотребува како алатка“, потсетува Велјановски.
Во овој контекст, Велјановски појасни дека веќе е формирана работна група која треба да изработи предлог закон, а притоа ќе ги земе предвид мислењата од стручната јавност преку една јавна дебата.
„Формирана е работа група која треба да работи на драфт предлог закон во кој ќе биде вклучена стручната јавност преку јавна расправа и сите општествени чинители за да се добие едно добро законско решение. После ќе побараме и мислење од Венецијанската комисија во однос на законските решенија, за да не се судриме со Уставниот суд, дури потоа ќе влеземе во постапка за да донесеме едно ново законско решение со кое ќе бидат задоволени не само етничките заедници, туку и останатите ранливи категории во општеството“, појаснува Велјановски.

The post Велјановски: Потребна е правична застапеност на сите етнички заедници при вработувањата appeared first on Република.

]]>
Велјановски: Имаме намера да ја вратиме надежта кај граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veljanovski-imame-namera-da-ja-vratime-nadezhta-kaj-graganite/ Tue, 05 Dec 2023 20:47:53 +0000 https://republika.mk/?p=720087

Јас би опфатил поширок аспект на тоа. Не само што мисли членството туку и што мислат граѓаните на Македонија. Нивното мислење е дека Република Македонија се движи во погрешна насока, дека економијата тоне и дека имаме огромна сиромаштија и нефункционални институции. Гледате што се случува на полето на високата корупција и организиран криминал и какви потреси се случуваат, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски во неговото гостување во на централните вести на Алсат Телевизија говорејќи за расположението на членството и општо на граѓаните за изборите.

Граѓаните велат дека е допрено дното и не само што е допрено дното, туку и дека истото е пробиено. Едноставно сите се насочени и фокусирани кон промените, а промените се тоа дека оваа актуелна влада, коалиција на криминалот да не биде повеќе на власт, односно демонтирање на Социјалдемократскиот сојуз и неговиот лидер во таа коалиција Демократската унија за интеграција од тоа да ја вадат државата во наредниот мандат, додаде Велјановски.

Тој исто така додаде дека членството на ВМРО-ДПМНЕ е силно мотивирано да ја донесе најголемата победа, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ има намера да ја врати надежта во Македонија.

Ако зборуваме од аспект на членството на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата, јас можам само да ви укажам дека се силно мотивирани и подготвени да ја донесат убедливо најголемата победа и токму заради тоа ние цело време го повикуваме народот, граѓаните без разлика на етничка припадност да застанат позади коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ затоа што имаме намера да ја вратиме надежта кај граѓаните со силни политики и со една платформа за иднина, рече тој.

The post Велјановски: Имаме намера да ја вратиме надежта кај граѓаните appeared first on Република.

Велјановски: Кој сака да предизвика нови меѓуетнички тензии?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veljanovski-koj-saka-da-predizvika-novi-meguetnichki-tenzii/ Tue, 28 Nov 2023 21:44:31 +0000 https://republika.mk/?p=717336

Има ли држава и институции! Повторно сме сведоци на провокации кои доаѓаат од центри кои имаат намера да испровоцираат меѓуетнички тензии, ова на Фејсбук го напиша пратеникот од редовите не ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски.

-Најостро го осудувам симнувањето на црковното знаме и подигањето на знаме на друга држава во црквата свети Наум Охридски на Попова Шапка.
Истите институции и политички партии кои беа гласни за тоа што се постави Крст во двор на црква на Попова Шапка што е легитимно право на една верска заедница да постави верски симбол очекувам да бидат поактивни и погласни кога спротивно на закон се спушта црковно знаме и на негово место се подига знаме на друга држава, истакна Велјановски.

Ќе реагираат ли веднаш институциите или уште ќе политизираат за политички поени? -прашува Велјановски.

The post Велјановски: Кој сака да предизвика нови меѓуетнички тензии?! appeared first on Република.

]]>

Има ли држава и институции! Повторно сме сведоци на провокации кои доаѓаат од центри кои имаат намера да испровоцираат меѓуетнички тензии, ова на Фејсбук го напиша пратеникот од редовите не ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски.
-Најостро го осудувам симнувањето на црковното знаме и подигањето на знаме на друга држава во црквата свети Наум Охридски на Попова Шапка. Истите институции и политички партии кои беа гласни за тоа што се постави Крст во двор на црква на Попова Шапка што е легитимно право на една верска заедница да постави верски симбол очекувам да бидат поактивни и погласни кога спротивно на закон се спушта црковно знаме и на негово место се подига знаме на друга држава, истакна Велјановски.
Ќе реагираат ли веднаш институциите или уште ќе политизираат за политички поени? -прашува Велјановски.

The post Велјановски: Кој сака да предизвика нови меѓуетнички тензии?! appeared first on Република.

]]>
Велјановски: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен – уставни измени нема да има, власта нема мнозинство и купува време https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veljanovski-stavot-na-vmro-dpmne-e-jasen-ustavni-izmeni-nema-da-ima-vlasta-nema-mnozinstvo-i-kupuva-vreme/ Fri, 28 Jul 2023 20:56:44 +0000 https://republika.mk/?p=666471

Јавноста беше сведок на она што се случуваше во Комисијата за уставни прашања, и она што ние како партија говориме повеќе од една година дека нема да се случат уставни измени во ваков формат и под бугарски диктат. И покажавме на дело и со гласањето во Комисијата за уставни прашања, кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, сите седум гласаа ПРОТИВ уставните измени“, истакна Александар Велјановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Велјановски додаде дека на седницата на Комисијата за уставни прашања се виде и немоќта и очајноста на власта.
„Тука се виде и немоќта на власта да дојде до тие 80 пратеници, односно од почетокот се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата остануваат против промена на Уставот“, нагласи пратеникот.

„Она што го слушаме деновиве и официјално е закажана на собранискиот календар седницата за уставни измени. На 18–ти август ќе се стави на дневниот ред предлогот за уставни измени. Согласно Деловникот тогаш треба да се отвори расправа за уставни измени и да биде пред пратениците истиот тој предлог. Но, она што е симптоматично е во изјавата на претседателот на Собранието, Талат Џафери при што може да се увиди дека имаат една друга стратегија, односно да ја отворат оваа седница на 18-ти август, после да започне расправата по предлогот за уставни измени и после тоа да не се оди на гласање. И тоа е всушност еден показател кој што ни укажува дека власта сака да купува на време, односно да продолжи да ја држи државата како заложник“, укажа Велјановски.

Тој посочи дека Македонија поради оваа Влада е во политичка, општествена и економска криза.

„Народот со оваа власт живее се полошо, сиромаштијата галопира, имаме највисока инфлација во регионот, криминалот и корупцијата се огромни. За криминалот и корупцијата имаме и јасни укажувања од страна на ЕУ“, посочи пратеникот.

Пратеникот рече дека власта единствено и наштетува на Македонија и на граѓаните.

„Ова е таа тактика на Владата на Димитар Ковачевски, сака да купува време затоа што рејтинзите на Социјалдемократскиот сојуз и нивните коалициони партнери се доста лоши, затоа сакаат да побегнат од избори бидејќи знаат каков пораз ги чека од граѓаните“, нагласи Велјановски.

Тој укажа дека ВМРО-ДПМНЕ бара избори бидејќи токму тие избори се решение на сите проблеми со кои што се соочуваат граѓаните на Македонија. Потребни се реформи во здравството, образованието, судството итн.

„Ние од ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволиме промена на Уставот, нема да дозволиме уште една продажба на македонските национални интереси. Потребни се гаранции дека ова ќе бидат последните барања на Бугарија во однос на нашиот пат кон ЕУ“, појасни Велјановски.

The post Велјановски: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен – уставни измени нема да има, власта нема мнозинство и купува време appeared first on Република.

]]>

Јавноста беше сведок на она што се случуваше во Комисијата за уставни прашања, и она што ние како партија говориме повеќе од една година дека нема да се случат уставни измени во ваков формат и под бугарски диктат. И покажавме на дело и со гласањето во Комисијата за уставни прашања, кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, сите седум гласаа ПРОТИВ уставните измени“, истакна Александар Велјановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија. Велјановски додаде дека на седницата на Комисијата за уставни прашања се виде и немоќта и очајноста на власта. „Тука се виде и немоќта на власта да дојде до тие 80 пратеници, односно од почетокот се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата остануваат против промена на Уставот“, нагласи пратеникот.
„Она што го слушаме деновиве и официјално е закажана на собранискиот календар седницата за уставни измени. На 18–ти август ќе се стави на дневниот ред предлогот за уставни измени. Согласно Деловникот тогаш треба да се отвори расправа за уставни измени и да биде пред пратениците истиот тој предлог. Но, она што е симптоматично е во изјавата на претседателот на Собранието, Талат Џафери при што може да се увиди дека имаат една друга стратегија, односно да ја отворат оваа седница на 18-ти август, после да започне расправата по предлогот за уставни измени и после тоа да не се оди на гласање. И тоа е всушност еден показател кој што ни укажува дека власта сака да купува на време, односно да продолжи да ја држи државата како заложник“, укажа Велјановски.
Тој посочи дека Македонија поради оваа Влада е во политичка, општествена и економска криза.
„Народот со оваа власт живее се полошо, сиромаштијата галопира, имаме највисока инфлација во регионот, криминалот и корупцијата се огромни. За криминалот и корупцијата имаме и јасни укажувања од страна на ЕУ“, посочи пратеникот.
Пратеникот рече дека власта единствено и наштетува на Македонија и на граѓаните.
„Ова е таа тактика на Владата на Димитар Ковачевски, сака да купува време затоа што рејтинзите на Социјалдемократскиот сојуз и нивните коалициони партнери се доста лоши, затоа сакаат да побегнат од избори бидејќи знаат каков пораз ги чека од граѓаните“, нагласи Велјановски.
Тој укажа дека ВМРО-ДПМНЕ бара избори бидејќи токму тие избори се решение на сите проблеми со кои што се соочуваат граѓаните на Македонија. Потребни се реформи во здравството, образованието, судството итн.
„Ние од ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволиме промена на Уставот, нема да дозволиме уште една продажба на македонските национални интереси. Потребни се гаранции дека ова ќе бидат последните барања на Бугарија во однос на нашиот пат кон ЕУ“, појасни Велјановски.

The post Велјановски: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен – уставни измени нема да има, власта нема мнозинство и купува време appeared first on Република.

]]>
Велјановски: Чувството на правна несигурност и немањето безбедност ги тера граѓаните од Полошкиот регион да се иселуваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veljanovski-chuvstvoto-na-pravna-nesigurnost-i-nemaneto-bezbednost-gi-tera-graganite-od-poloshkiot-region-da-se-iseluvaat/ Tue, 09 May 2023 17:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=639005

Кога зборувам за иселувањето и на социјалната несигурност мора да напоменам дека правната несигурност е навистина голема причина за иселувањето. Жителите кои што живеат во Полошкиот регион се соочуваат со дискриминаторски однос од страна на институциите. Тешко достапната правда, нефункционалноста на институциите, а особено на судовите, на обвинителствата и на полицијата. Едноставно чувството на правна несигурност, чувството на немање на безбедност за нормален живот едноставно ги тера моите сограѓани да размислуваат за заминување од овој дел на државата, но и од Македонија, ова на денешната трибина на тема „Социјални политики против иселувањето и сиромаштијата“ го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски.

Тој зборувајќи за проблемите со кои се соочуваат граѓаните во Полошкиот регион како што е проблемот со безбедноста, неефикасноста на институциите и образованието кое стагнира и доведува до девијантни појави на младите, упати апел до надлежните за воведување ред и почитување на законите.

Она што го живееме секој ден во овој дел на државата е токму и проблемот со безбедноста. Неефикасноста на институциите, образованието кое што за жал стагнира 6 години наназад доведува до девијантни појави во општеството. Имаме голем број на тепачки помеѓу малолетници и млади лица кои што доведуваат до заострување етничките односи па и на соживотот во овој дел на Македонија. Тука се гледа тромоста на институциите, а апелите се да се воведе ред и да се почитуваат законите. За жал државата не реагира навремено по однос на овие девијантни појави, па во последно време можам да кажам дека се зачестени и овие пресметки помеѓу младите кои што можетe да доведат и до поголеми несакани последици - истакна Велјановски.

Во Тетово остана горливиот проблем со гимназијата кој што гледаме дека власта предводена од ДУИ и СДСМ трошат милиони евра за казнени пенали за дoговор кој е штетен за државата а немаат, односно не сакаат да обезбедат среdства за да се изгради гимназијата, односно делот од гимназијата Кирил Пејчиновиќ, па децата кои што се од македонските паралелки во тетовската гимназија учат во субстандардни услови кои што не доликуваат на гимназијалците, рече Велјановски.

The post Велјановски: Чувството на правна несигурност и немањето безбедност ги тера граѓаните од Полошкиот регион да се иселуваат appeared first on Република.

]]>

Кога зборувам за иселувањето и на социјалната несигурност мора да напоменам дека правната несигурност е навистина голема причина за иселувањето. Жителите кои што живеат во Полошкиот регион се соочуваат со дискриминаторски однос од страна на институциите. Тешко достапната правда, нефункционалноста на институциите, а особено на судовите, на обвинителствата и на полицијата. Едноставно чувството на правна несигурност, чувството на немање на безбедност за нормален живот едноставно ги тера моите сограѓани да размислуваат за заминување од овој дел на државата, но и од Македонија, ова на денешната трибина на тема „Социјални политики против иселувањето и сиромаштијата“ го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски. Тој зборувајќи за проблемите со кои се соочуваат граѓаните во Полошкиот регион како што е проблемот со безбедноста, неефикасноста на институциите и образованието кое стагнира и доведува до девијантни појави на младите, упати апел до надлежните за воведување ред и почитување на законите.
Она што го живееме секој ден во овој дел на државата е токму и проблемот со безбедноста. Неефикасноста на институциите, образованието кое што за жал стагнира 6 години наназад доведува до девијантни појави во општеството. Имаме голем број на тепачки помеѓу малолетници и млади лица кои што доведуваат до заострување етничките односи па и на соживотот во овој дел на Македонија. Тука се гледа тромоста на институциите, а апелите се да се воведе ред и да се почитуваат законите. За жал државата не реагира навремено по однос на овие девијантни појави, па во последно време можам да кажам дека се зачестени и овие пресметки помеѓу младите кои што можетe да доведат и до поголеми несакани последици - истакна Велјановски.
Во Тетово остана горливиот проблем со гимназијата кој што гледаме дека власта предводена од ДУИ и СДСМ трошат милиони евра за казнени пенали за дoговор кој е штетен за државата а немаат, односно не сакаат да обезбедат среdства за да се изгради гимназијата, односно делот од гимназијата Кирил Пејчиновиќ, па децата кои што се од македонските паралелки во тетовската гимназија учат во субстандардни услови кои што не доликуваат на гимназијалците, рече Велјановски.

The post Велјановски: Чувството на правна несигурност и немањето безбедност ги тера граѓаните од Полошкиот регион да се иселуваат appeared first on Република.

]]>
Велјановски: Устав по хрватски модел, Македонија држава на македонскиот народ и малцинствата кои живеат во неа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veljanovski-ustav-po-hrvatski-model-makedonija-drzhava-na-makedonskiot-narod-i-maltsinstvata-koi-zhiveat-vo-nea/ Mon, 03 Apr 2023 08:38:33 +0000 https://republika.mk/?p=626548

Она што се случува во владејачкото мнозинство е хаос и немање на принципиелни ставови околу најважните прашања кои се од интерес за државата. Истото се случува и околу уставните измени и барањето за уставни измени кои што знаеме дека веќе подолг период се тераат како една главна стратешка работа од која што би значела евроинтеграцијата на Република Македонија, истакна пратеникот Александар Велјановски.

Тој во врска со уставни измени и различните ставови по ова прашање кај владејачкото мнозинство постои разногласие. Имено тој потсети и на ставот кој претседателот Мицкоски во кажа а тоа е Македонија во својата преамбула биде по моделот на Република Хрватска како национална држава на македонскиот народ и на малцинствата кои што живеат во Република Македонија и кои што ги уживаат истите права како што ги ужива и македонскиот народ.

Јас можам да кажам дека во владејачкото мнозинство постои разногласие. Ова со Хрватскиот модел, предлогот кој што го слушнавме и од страна претседателот Мицкоски, јас го слушнав и од заменик министерката за правда која во една емисијата на една национална телевизија кажале дека правеле една компаративна споредба на сите устави во регионот па и пошироко, не знам можеби и во Африка затоа што од СДС може се да се очекува и дошле до заклучок дека во Република Хрватска, Македонците се дел од преамбулата и дека таму никаков проблем. Оттука и предлогот на претседателот Мицкоски односно фрлената ракавица е токму во таа насока да Македонија во својата преамбула биде по моделот на Република Хрватска како национална држава на македонскиот народ и на малцинствата кои што живеат во Република Македонија и кои што ги уживаат истите права како што ги ужива и македонскиот народ, а во согласност со Повелбата на Обединетите Нации, рече тој.

Велјановски во врска околу разните ставови на повеќе политички партии кои излегоа вчера за уставните измени заклучи дека поради тие различни ставови потребно е да се оди на предвремени парламентарни избори. Тој во врска со одржување на предвремени парламентарни избори додаде дека на тие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со програма, со јасен план, со национален политички, економски во кој што би предложиле како тие како партија ќе се справат со овој проблем.

Во текот на вчерашниот ден слушнавме најразлични интерпретации на овој предлог односно отфрлање на предлогот од страна на албанските политички партии, нов предлог од страна на Алтернатива, повик за влегување во групата што ќе биде комисијата која што ќе се занимава со давање на предлози за тоа како би изгледала преамбулата. Така да сметам дека токму ова разногласие доведува до заклучокот дека е потребно да се оди предвремени парламентарни избори на кои би излегле со програма, со јасен план, со национален политички, економски во кој што би предложиле како ние како партија ќе се справиме со проблемот кој што го наметна Република Бугарија, а преку продолжената рака на Република Бугарија тоа е СДСМ во Република Македонија, заклучи Велјановски.

The post Велјановски: Устав по хрватски модел, Македонија држава на македонскиот народ и малцинствата кои живеат во неа appeared first on Република.

]]>

Она што се случува во владејачкото мнозинство е хаос и немање на принципиелни ставови околу најважните прашања кои се од интерес за државата. Истото се случува и околу уставните измени и барањето за уставни измени кои што знаеме дека веќе подолг период се тераат како една главна стратешка работа од која што би значела евроинтеграцијата на Република Македонија, истакна пратеникот Александар Велјановски. Тој во врска со уставни измени и различните ставови по ова прашање кај владејачкото мнозинство постои разногласие. Имено тој потсети и на ставот кој претседателот Мицкоски во кажа а тоа е Македонија во својата преамбула биде по моделот на Република Хрватска како национална држава на македонскиот народ и на малцинствата кои што живеат во Република Македонија и кои што ги уживаат истите права како што ги ужива и македонскиот народ.
Јас можам да кажам дека во владејачкото мнозинство постои разногласие. Ова со Хрватскиот модел, предлогот кој што го слушнавме и од страна претседателот Мицкоски, јас го слушнав и од заменик министерката за правда која во една емисијата на една национална телевизија кажале дека правеле една компаративна споредба на сите устави во регионот па и пошироко, не знам можеби и во Африка затоа што од СДС може се да се очекува и дошле до заклучок дека во Република Хрватска, Македонците се дел од преамбулата и дека таму никаков проблем. Оттука и предлогот на претседателот Мицкоски односно фрлената ракавица е токму во таа насока да Македонија во својата преамбула биде по моделот на Република Хрватска како национална држава на македонскиот народ и на малцинствата кои што живеат во Република Македонија и кои што ги уживаат истите права како што ги ужива и македонскиот народ, а во согласност со Повелбата на Обединетите Нации, рече тој.
Велјановски во врска околу разните ставови на повеќе политички партии кои излегоа вчера за уставните измени заклучи дека поради тие различни ставови потребно е да се оди на предвремени парламентарни избори. Тој во врска со одржување на предвремени парламентарни избори додаде дека на тие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со програма, со јасен план, со национален политички, економски во кој што би предложиле како тие како партија ќе се справат со овој проблем.
Во текот на вчерашниот ден слушнавме најразлични интерпретации на овој предлог односно отфрлање на предлогот од страна на албанските политички партии, нов предлог од страна на Алтернатива, повик за влегување во групата што ќе биде комисијата која што ќе се занимава со давање на предлози за тоа како би изгледала преамбулата. Така да сметам дека токму ова разногласие доведува до заклучокот дека е потребно да се оди предвремени парламентарни избори на кои би излегле со програма, со јасен план, со национален политички, економски во кој што би предложиле како ние како партија ќе се справиме со проблемот кој што го наметна Република Бугарија, а преку продолжената рака на Република Бугарија тоа е СДСМ во Република Македонија, заклучи Велјановски.
 
The post Велјановски: Устав по хрватски модел, Македонија држава на македонскиот народ и малцинствата кои живеат во неа appeared first on Република.

]]>
Велјановски: Имаме системски проблем на нефункционалност, на МВР, обвинителството и на судовите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veljanovski-imame-sistemski-problem-na-nefunkcionalnost-na-mvr-obvinitelstvoto-i-na-sudovite/ Thu, 03 Nov 2022 19:31:28 +0000 https://republika.mk/?p=569330

Собранието е гласачка машинерија на власта. Имено, не се донесуваат закони кои што се од интерес на граѓаните и на посебните групи туку се изнаоѓаат модуси и решенија како да се дојде до законски решенија кои што ќе обезбедат некаков бенефит за власта или за мала група на луѓе, истакна Александар Велјановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.

Велјановски потсети на неостварените ветувања на власта уште од пред пет години кои што ги даваа на граѓаните. Власта ветуваше сигурни чекори за заштита на правата, дека ќе се отвори специјално одделение во обвинителството кое што ќе го следи процесот и постапките кои што се водат врска со физички напади итн. Но ден денес граѓаните гледаат дека од тие ветувања нема ништо.

Сметам дека се уште имаме системски проблем на нефункционалност, на министерството за внатрешни работи, на обвинителството и на судовите. Ги слушав изјавите на новинарите и сметам дека токму и во таа насока ги таргетираат проблемите кои што ги имаат односно во непостапувањето на министерството за внатрешни работи, во непостапувањето на обвинителството и во одолговлекување на постапките на судовите, нагласи пратеникот.

Тој посочи дека граѓаните имаа еден ефикасен систем, ќе се намалеа и нападите врз медиумските работници.

Сметам дека за жал тука системот затајува и не е на висината на задачата. Очигледно е дека има потреба од подобрување за законот, рече Велјановски.

The post Велјановски: Имаме системски проблем на нефункционалност, на МВР, обвинителството и на судовите appeared first on Република.

]]>

Собранието е гласачка машинерија на власта. Имено, не се донесуваат закони кои што се од интерес на граѓаните и на посебните групи туку се изнаоѓаат модуси и решенија како да се дојде до законски решенија кои што ќе обезбедат некаков бенефит за власта или за мала група на луѓе, истакна Александар Велјановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24. Велјановски потсети на неостварените ветувања на власта уште од пред пет години кои што ги даваа на граѓаните. Власта ветуваше сигурни чекори за заштита на правата, дека ќе се отвори специјално одделение во обвинителството кое што ќе го следи процесот и постапките кои што се водат врска со физички напади итн. Но ден денес граѓаните гледаат дека од тие ветувања нема ништо.
Сметам дека се уште имаме системски проблем на нефункционалност, на министерството за внатрешни работи, на обвинителството и на судовите. Ги слушав изјавите на новинарите и сметам дека токму и во таа насока ги таргетираат проблемите кои што ги имаат односно во непостапувањето на министерството за внатрешни работи, во непостапувањето на обвинителството и во одолговлекување на постапките на судовите, нагласи пратеникот.
Тој посочи дека граѓаните имаа еден ефикасен систем, ќе се намалеа и нападите врз медиумските работници.
Сметам дека за жал тука системот затајува и не е на висината на задачата. Очигледно е дека има потреба од подобрување за законот, рече Велјановски.

The post Велјановски: Имаме системски проблем на нефункционалност, на МВР, обвинителството и на судовите appeared first on Република.

]]>
Велјановски: Ако сака власта, Законот за заштита на медиумските работници може да биде донесен по итна постапка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veljanovski-ako-saka-vlasta-zakonot-za-zashtita-na-mediumskite-rabotnici-moze-da-bide-donesen-po-itna-postapka/ Thu, 03 Nov 2022 17:50:50 +0000 https://republika.mk/?p=569313

Сакам да разјаснам неколку дилеми дека опозицијата нема ништо против донесување на закон со одредби кој што ќе ги подобри правата на новинарите и медиумските работници. Факт е дека имаме засилен тренд на напади на новинари, како и на екипи кои што работат со новинарите. Факт е дека барањето на новинарите за носење на закон со одредби со кој што се подобрат правата на медиумските работници е оправдан. Повеќе од една година односно година и половина овој закон е во процедура, само за информација за јавноста на 18.08.2021 година е доставен до Собранието, поминат е и изгласан на прво читање на 28.09.2022 година, истакна Александар Велјановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.

Велјановски додаде дека за жал во Македонија дека има засилен тренд на напади на новинари, како и на екипи кои што работат со новинарите.

Она што е интересно е што се работи за предлог за еден комплексен закон со кој што се уредуваат за повеќе работи од областа на Кривичниот законик. Некако делот на новинарите останува како пропратен елемент на овој закон што не би требало да биде таков. Ако имаме ние алармантна ситуација во општеството каде што е очигледна потребата да се заштитат новинарите, тогаш сметам дека и Владата како подносител на законот и претседателот на Собранието имаат начини да изнајдат модуси и решенија како да дојде на Дневен ред, односно да се разговара стриктно за овие одредби кои што се во насока во заштита на новинарите, појасни пратеникот.

Тој посочи дека законот за заштита на медиумските работници може да биде донесен по итна постапка како што беа доделени 30 милиони евра на Макпетрол преку ноќ за 24 часа.

Морам да кажам дека за жал Собранието функционира само како гласачка машинерија на власта. Односно кога има потреба извршната власт, нагласи Велјановски.

The post Велјановски: Ако сака власта, Законот за заштита на медиумските работници може да биде донесен по итна постапка appeared first on Република.

]]>

Сакам да разјаснам неколку дилеми дека опозицијата нема ништо против донесување на закон со одредби кој што ќе ги подобри правата на новинарите и медиумските работници. Факт е дека имаме засилен тренд на напади на новинари, како и на екипи кои што работат со новинарите. Факт е дека барањето на новинарите за носење на закон со одредби со кој што се подобрат правата на медиумските работници е оправдан. Повеќе од една година односно година и половина овој закон е во процедура, само за информација за јавноста на 18.08.2021 година е доставен до Собранието, поминат е и изгласан на прво читање на 28.09.2022 година, истакна Александар Велјановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24. Велјановски додаде дека за жал во Македонија дека има засилен тренд на напади на новинари, како и на екипи кои што работат со новинарите.
Она што е интересно е што се работи за предлог за еден комплексен закон со кој што се уредуваат за повеќе работи од областа на Кривичниот законик. Некако делот на новинарите останува како пропратен елемент на овој закон што не би требало да биде таков. Ако имаме ние алармантна ситуација во општеството каде што е очигледна потребата да се заштитат новинарите, тогаш сметам дека и Владата како подносител на законот и претседателот на Собранието имаат начини да изнајдат модуси и решенија како да дојде на Дневен ред, односно да се разговара стриктно за овие одредби кои што се во насока во заштита на новинарите, појасни пратеникот.
Тој посочи дека законот за заштита на медиумските работници може да биде донесен по итна постапка како што беа доделени 30 милиони евра на Макпетрол преку ноќ за 24 часа.
Морам да кажам дека за жал Собранието функционира само како гласачка машинерија на власта. Односно кога има потреба извршната власт, нагласи Велјановски.

The post Велјановски: Ако сака власта, Законот за заштита на медиумските работници може да биде донесен по итна постапка appeared first on Република.

]]>
Велјановски: Со францускиот предлог Македонија влегува во темен лавиринт од кој нема да може да излезе во следните 30-тина години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veljanovski-so-francuskiot-predlog-makedonija-vleguva-vo-temen-lavirint-od-koj-nema-da-moze-da-izleze-vo-slednite-30-tina-godini/ Fri, 15 Jul 2022 11:53:02 +0000 https://republika.mk/?p=529325

Со овој предлог се создаваат нови критериуми. Билатералните односи помеѓу република Бугарија и Република Македонија стануваат услови за понатамошто напредување на Македонија кон ЕУ. Овој предлог станува темен лавиринт од кој што македонскиот народ и македонската држава нема да можат да излезат во следните 30-тина години. Ова го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски на денешната седница на Собранието на која се расправа за францускиот предлог.

За жал, и вчера и денеска господинот Ковачевски, кукавички и предавнички подметна кукавичко јајце тука во Собранието и избега затоа што не може да се соочи со нас, преставниците на народот кои што имаме и те како што да му порачаме. Не мора да бега Ковачевски затоа што никогаш не може да избега од народот и нема дупка во која може да се ские заедно со неговиот ментор Зоран Заев. Ќе го стигне правдата почитувани граѓани. Ќе го стигне правдата затоа што таа можеби е спора, но секогаш пристигнува на вистинската адреса - истакна Велјановски.

Тој додаде дека СДСМ со предавничката политика ја блокира Македонија на во евро-интеграциите и дека Ковачевски и Зоран Заев не можат повеќе да го лажат народот.

Вие од СДСМ ја закопавте Македонија. Вие со вашата предавничка политика директно ја блокирате Република Македонија во евро-интеграциите. Република Македонија и пред вие да дојдете на власт 13 години ги исполнуваше условите за отпочнување со преговори и овој Ковачевски што не е денес тука во салата пред само две недели овој француски предлог, на овој бугарски предлог во европски целофан му кажа не. Што се смени во овие две недели? Знае и јавноста, знаат и експертите, знаете и вие пратеници од СДСМ дека ништо не е променето. Се промени само лагата на Ковачевски и ништо повеќе. Но, Ковачевски и Заев не можат да го лажат повеќе народот, не можат да не лажат нас. Поднесовте информација за преговарачка рамка од само една страна која што не содржи ништо. Го деградирате Собранието и нас како пратеници, ни ја навредувате интелигенцијата - истакна Велјановски.

The post Велјановски: Со францускиот предлог Македонија влегува во темен лавиринт од кој нема да може да излезе во следните 30-тина години appeared first on Република.

Велјановски: Власта СДСМ-ДУИ е најлошата од осамостојувањето на Македонија, легитимно и потребно е обединувањето на партиите за нивна смена https://arhiva3.republika.mk/vesti/veljanovski-vlasta-sdsm-dui-e-najloshata-od-osamostojuvanjeto-na-makedonija-legitimno-i-potrebno-e-obedinuvanjeto-na-partiite-za-nivna-smena/ Thu, 19 May 2022 21:18:48 +0000 https://republika.mk/?p=504614

Оваа власт на СДСМ-ДУИ, верувајте, е нај лошата власт која што владеела со Република Македонија од нејзината независност. Тоа се факти, тоа се мерливи бројки кои што може да се измерат и граѓаните сето тоа го гледаат, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание, Александар Велјановски.

Тој во емисијата „Патот кон“ истакна дека секое обединување на партиските субјекти за смена на актуелната власт, не само што е легитимна туку и потребна затоа што државата ја донесоа во многу лоша состојба, лошо се справи и со пандемијата на Корона вирусот, а и лошо ја менаџира и енергетската криза.

Видовме една целосна неорганизираност на власта. Да се навратиме само на тоа како поминавме со здравствената криза, каде што повеќе од осум илјади граѓани го изгубија својот живот. Понатаму со енергетската криза, сека очекуваме повторно зголемување на цената на електричната енергија. Државата се повеќе ни се задолжува додека блиски преставници на ДУИ отвараат фирми преку кои треба да поминат овие пари. И што остави ДУИ позади себе, за жал не многу и токму заради тоа мислам дека е легитимна цел, не само на Билал Касами туку и на сите политички партии да се обединат за да ја сменат оваа власт, рече Велјановски.

Во однос на повикот за обединување на албанските политички партии на претседателот на Движењето Беса, Билал Касами за на престојните парламентарни избори ДУИ да ја испратат во опозиција, рече дека тоа е оправдано затоа што ДУИ 20 години е на власт но не видовме дека работи за доброто на граѓаните.

Додаде дека обединувањето треба да е за целосна промена на актуелната власт, затоа што над 70 проценти од македоските граѓани сметаат дека раководењето на државата се движи во лош правец.

Го слушнав повикот за обединување на албанскиот блок и сметам дека е коректен повик и дека тој повик е насочен кон создавање на една поголема маса на политички субјекти кои што ќе имаат поголема моќ за да настапатсплотено против актуелната власт. Сметам дека е легитимна цел на претседателот на Беса да ги повика сите субјекти, затоа што не смееме да избегаме од фактот дека ДУИ е 20 години партија на власт. Така да, не може едноставно да се апстрахира од сите случувања кои што се во државата. Раководењето со државата е многу лошо, поќе од 70 проценти од граѓани сметаат дека државата се движи во лош правец. Имавме ситуации во кои што ДУИ, како составен дел од власта можеше да покаже дека навистина се грижи за интересите на граѓаните. Но, такво нешто не видовме, рече пратеникот Александар Велјановски.

The post Велјановски: Власта СДСМ-ДУИ е најлошата од осамостојувањето на Македонија, легитимно и потребно е обединувањето на партиите за нивна смена appeared first on Република.

]]>

Оваа власт на СДСМ-ДУИ, верувајте, е нај лошата власт која што владеела со Република Македонија од нејзината независност. Тоа се факти, тоа се мерливи бројки кои што може да се измерат и граѓаните сето тоа го гледаат, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание, Александар Велјановски. Тој во емисијата „Патот кон“ истакна дека секое обединување на партиските субјекти за смена на актуелната власт, не само што е легитимна туку и потребна затоа што државата ја донесоа во многу лоша состојба, лошо се справи и со пандемијата на Корона вирусот, а и лошо ја менаџира и енергетската криза.
Видовме една целосна неорганизираност на власта. Да се навратиме само на тоа како поминавме со здравствената криза, каде што повеќе од осум илјади граѓани го изгубија својот живот. Понатаму со енергетската криза, сека очекуваме повторно зголемување на цената на електричната енергија. Државата се повеќе ни се задолжува додека блиски преставници на ДУИ отвараат фирми преку кои треба да поминат овие пари. И што остави ДУИ позади себе, за жал не многу и токму заради тоа мислам дека е легитимна цел, не само на Билал Касами туку и на сите политички партии да се обединат за да ја сменат оваа власт, рече Велјановски.
Во однос на повикот за обединување на албанските политички партии на претседателот на Движењето Беса, Билал Касами за на престојните парламентарни избори ДУИ да ја испратат во опозиција, рече дека тоа е оправдано затоа што ДУИ 20 години е на власт но не видовме дека работи за доброто на граѓаните. Додаде дека обединувањето треба да е за целосна промена на актуелната власт, затоа што над 70 проценти од македоските граѓани сметаат дека раководењето на државата се движи во лош правец.
Го слушнав повикот за обединување на албанскиот блок и сметам дека е коректен повик и дека тој повик е насочен кон создавање на една поголема маса на политички субјекти кои што ќе имаат поголема моќ за да настапатсплотено против актуелната власт. Сметам дека е легитимна цел на претседателот на Беса да ги повика сите субјекти, затоа што не смееме да избегаме од фактот дека ДУИ е 20 години партија на власт. Така да, не може едноставно да се апстрахира од сите случувања кои што се во државата. Раководењето со државата е многу лошо, поќе од 70 проценти од граѓани сметаат дека државата се движи во лош правец. Имавме ситуации во кои што ДУИ, како составен дел од власта можеше да покаже дека навистина се грижи за интересите на граѓаните. Но, такво нешто не видовме, рече пратеникот Александар Велјановски.
 
The post Велјановски: Власта СДСМ-ДУИ е најлошата од осамостојувањето на Македонија, легитимно и потребно е обединувањето на партиите за нивна смена appeared first on Република.

]]>
Велјановски: Власта ги знае анкетите и затоа ги крши законите и процедурите им се брза да инсталираат судии и обвинители кои ќе им бидат послушници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veljanovski-vlasta-gi-znae-anketite-i-zatoa-gi-krshi-zakonite-i-procedurite-im-se-brza-da-instaliraat-sudii-i-obviniteli-koi-kje-im-bidat-poslushnici/ Wed, 02 Mar 2022 13:40:10 +0000 https://republika.mk/?p=466522

Јасно е дека власта повторно ја погазува демократијата со цел да обезбеди вештачко мнозинство во комисијата за прашања на избори и именувања и на тој начин да ја цензурира различната мисла, да цензурира предлози за судии и обвинители кои се поквалитетни од нивните предлози, и само да се инсталираат послушници кои ќе им ги спроведуваат одлуките и директивите на Зоран Заев и Али Ахмети, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски на денешната собраниска седница.

Тој истакна дека денеска сведоци сме на насилно кршење на демократијата, на Деловникот и на Собранието и дека на дневен ред има дикретива да се разреши пратеник као член на комисија наместо закони кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ за подобрување на животот на граѓаните, како што се за покачување на пензии, зголемување на плати на наставниците или пак  Декларација за Гоце Делчев.

Се направи преседан, кој може да стане правило во иднина. Тука се доведува во прашање тежината на народот. Зошто граѓаните избираат пратеници на избори, каде е правото на пратениците да одлучуваат по сопствено убедување? Сето ова се дерогира затоа што на власта и е потребно да инсталира свои судија, обвинител, функционер. Станува јасно зошто власта се брза и ги скока процедурите. Се плашат затоа што ги знаат анкетите, затоа што ги очекува дебакл, рече Велјановски.

Тој нагласи дека кога се работи за одлуки кои не се од важност за граѓаните власта ги става на брза лента, но кога има закони од важност за граѓаните како справување со криза, сиромаштија тогаш не доаѓаат ни на дневен ред.

Кога треба да се инсталира партиски послушник, тогаш на 4 минути пред седницата може да се стави точка на дневен ред и власта да си гласа без да размислува за последиците во иднина. Кога власта има можност да докаже да се направи нешто за владеење на рпаво, борба против корупција и криминал, тогаш имаме вакви случувања. Затоа оценките од ЕУ се ниски, имаме чиста двојка во правосудство.  Пратениците од власта немаат ни храброст да се спротистават на партиските директиви, но можеби и се уплашени затоа што видовме киднапирање на пратеник, па затоа и гласат како ќе им наложат, потенцираше Велјановски.

https://www.youtube.com/watch?v=4wIoe_jvSqw&t=4s

The post Велјановски: Власта ги знае анкетите и затоа ги крши законите и процедурите им се брза да инсталираат судии и обвинители кои ќе им бидат послушници appeared first on Република.