александар турунџев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-turundzev/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Aug 2022 14:55:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png александар турунџев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-turundzev/ 32 32 „Македонија ќе биде слободна!“ рекол пред 117 години Турунџев и сам се обесил за инает на душманите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-kje-bide-slobodna-rekol-pred-117-godini-turundzev-i-sam-se-obesil-za-inaet-na-dushmanite/ Wed, 31 Aug 2022 14:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=546144

На денешен ден во 1905 година на битолскиот Ат-пазар, погубен со бесење е големиот македонски војвода Александар Турунџев.

Последните зборови на Турунџев биле: „Македонија ќе биде слободна!“

По таквиот извик, сам го ставил јажето на својот врат и се обесил за да не им го овозможи тоа задоволство на душманите.

Тој е роден во 1872 година во с. Горно Врбени, Леринско. Во редовите на ТМОРО се вклучил многу млад, најнапред како четник, а потоа како војвода.

За време на Илинденското востание со својата чета зел активно учество во борбите кај Леринско. Во текот на сите години на илегално живеење и движење, Турунџев ги обиколува редовно селата во Леринско и некои во Долна Преспа и Битолско.

Станува популарен заради својата храброст и ревност кон природниот стремеж на сопствениот народ да извојува слобода со оружје во рацете. Освен тоа бил силен маж, атлетски граден, висок, со бујна бушава коса, со високо чело и орелски поглед.

Насекаде бил мил гостин, зашто со другарите ги истребил најголемите насилници и крвници во Леринско, а оние кои посакувале не се осмелувале да станат нови угнетувачи и мачители на македонскиот народ, поради големиот страв од Александар Турунџев.

The post „Македонија ќе биде слободна!“ рекол пред 117 години Турунџев и сам се обесил за инает на душманите appeared first on Република.

]]>

На денешен ден во 1905 година на битолскиот Ат-пазар, погубен со бесење е големиот македонски војвода Александар Турунџев. Последните зборови на Турунџев биле: „Македонија ќе биде слободна!“ По таквиот извик, сам го ставил јажето на својот врат и се обесил за да не им го овозможи тоа задоволство на душманите. Тој е роден во 1872 година во с. Горно Врбени, Леринско. Во редовите на ТМОРО се вклучил многу млад, најнапред како четник, а потоа како војвода. За време на Илинденското востание со својата чета зел активно учество во борбите кај Леринско. Во текот на сите години на илегално живеење и движење, Турунџев ги обиколува редовно селата во Леринско и некои во Долна Преспа и Битолско. Станува популарен заради својата храброст и ревност кон природниот стремеж на сопствениот народ да извојува слобода со оружје во рацете. Освен тоа бил силен маж, атлетски граден, висок, со бујна бушава коса, со високо чело и орелски поглед. Насекаде бил мил гостин, зашто со другарите ги истребил најголемите насилници и крвници во Леринско, а оние кои посакувале не се осмелувале да станат нови угнетувачи и мачители на македонскиот народ, поради големиот страв од Александар Турунџев.

The post „Македонија ќе биде слободна!“ рекол пред 117 години Турунџев и сам се обесил за инает на душманите appeared first on Република.

]]>