Александар Стојкоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-stojkoski/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 21:02:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Александар Стојкоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-stojkoski/ 32 32 Стојкоски за вакцинацијата против морбили и ХПВ кај младите: Важно е да се разбере улогата на вакцините во заштитата на заедницата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/stojkoski-za-vaktsinatsijata-protiv-morbili-i-hpv-kaj-mladite-vazhno-e-da-se-razbere-ulogata-na-vaktsinite-vo-zashtitata-na-zaednitsata/ Tue, 17 Sep 2024 20:56:17 +0000 https://republika.mk/?p=817229

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, на трибина посветена на кампањата за вакцинација против морбили и ХПВ кај младите генерации истакна дека е важно да се разбере улогата на вакцините во заштитата на заедницата и да се продолжи со поддршката на вакциналните програми.

Ваквите настани се од клучно значење за здравјето на децата и младите, изјави градоначалникот Стојкоски.

На трибината учествуваа експерти од здравствениот сектор, Соња Ралева од поликлиника Бит-пазар, дерматовенеролог Ленче Нелоска и претставници од здружението за одржлив развој БИОМ и Светската здравствена организација.

Тие ги претставија предностите на вакцините и ги разгледаа сите аспекти на нивната важност за заштита од сериозни заболувања, информираат од Општината.

Стојкоски ги повика сите родители и млади да се информираат, да поставуваат прашања и да се консултираат со медицински професионалци за најдобрите опции за вакцинирање.

Здравјето на нашата заедница зависи од нашата заедничка посветеност. Со заеднички напори, можеме да постигнеме значајни резултати, порача Стојкоски

The post Стојкоски за вакцинацијата против морбили и ХПВ кај младите: Важно е да се разбере улогата на вакцините во заштитата на заедницата appeared first on Република.

]]>

Стојкоски: Паркот на Ѓорче Петров блесна во фолклорни бои https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stojkoski-parkot-na-gorche-petrov-blesna-vo-folklorni-boi/ Sun, 15 Sep 2024 20:33:40 +0000 https://republika.mk/?p=816616

Денес, во паркот на Ѓорче Петров, повторно блесна духот на македонскиот фолклор со одржувањето на прекрасната манифестација “Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево”. Во срцето на Ѓорче, со учество на седум културно-уметнички друштва, младите ни ја претставија македонската традиција преку богати фолклорни танци и игри, објави Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров.

-Иако времето не ни беше најдобар сојузник, дождот не можеше да ја расипе магијата! На крајот, сите присутни се фатија за раце и заиграа оро, создавајќи атмосфера полна со радост и заедништво!, стои во објавана на фејсбук профилот на Александар Стојкоски.

-Огромна благодарност до сите учесници, организаторите од Едукативното фолклорно здружение “Седум осмини”, и до сите граѓани кои ни се придружија на оваа убава традиција, потенцираше Стојкоски.

The post Стојкоски: Паркот на Ѓорче Петров блесна во фолклорни бои appeared first on Република.

Прибор и анатомски ранец за секое прваче за секое дете во Општина Ѓорче Петров https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/pribor-i-anatomski-ranets-za-sekoe-prvache-za-sekoe-dete-vo-opshtina-gorche-petrov/ Mon, 02 Sep 2024 09:43:45 +0000 https://republika.mk/?p=812214

Денес е посебен ден за нашите најмали – првиот училишен ден!

Општина Ѓорче Петров на нашите првачиња им посакува топло добредојде во светот на учењето, каде секоја нова буква и бројка ќе биде нова авантура.

И оваа година општината Ѓорче Петров обезбеди прибор и анатомски ранец за секое прваче.

Нека вашето патување низ училишните ходници биде исполнето со радост, љубопитност и многу насмевки. Ова е само почетокот на една магична приказна каде што вие сте главните херои. Веруваме дека ќе бидете упорни, ќе ги следите своите соништа и ќе го пронајдете своето место во овој голем свет - порача Градоначалникот, Александар Стојкоски.

Среќен почеток, драги првачиња!

The post Прибор и анатомски ранец за секое прваче за секое дете во Општина Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>

Денес е посебен ден за нашите најмали – првиот училишен ден! Општина Ѓорче Петров на нашите првачиња им посакува топло добредојде во светот на учењето, каде секоја нова буква и бројка ќе биде нова авантура. И оваа година општината Ѓорче Петров обезбеди прибор и анатомски ранец за секое прваче.
Нека вашето патување низ училишните ходници биде исполнето со радост, љубопитност и многу насмевки. Ова е само почетокот на една магична приказна каде што вие сте главните херои. Веруваме дека ќе бидете упорни, ќе ги следите своите соништа и ќе го пронајдете своето место во овој голем свет - порача Градоначалникот, Александар Стојкоски.
Среќен почеток, драги првачиња!

The post Прибор и анатомски ранец за секое прваче за секое дете во Општина Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>
Хуманитарна акција во општина Ѓорче Петров https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/humanitarna-aktsija-vo-opshtina-gorche-petrov/ Sun, 01 Sep 2024 18:54:10 +0000 https://republika.mk/?p=812101

Одличен ден, започнавме со хуманитарна акција, заедно со најмалите се забавуваме на ”Јаболчиња” и уживавме во најубавите автомобили.

Се на се, добра забава и среќни луѓе, навистина малку е потребно за среќа, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општината Александар Стојкоски.

The post Хуманитарна акција во општина Ѓорче Петров appeared first on Република.

Во Ѓорче Петров одбележани 23 години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-gorche-petrov-odbelezhani-23-godini-od-zaginuvaneto-na-branitelite-kaj-lubotenski-bachila/ Sat, 10 Aug 2024 10:14:26 +0000 https://republika.mk/?p=805151

На споменикот подигнат во чест на бранителите во Волково-Општина Ѓорче Петров, беа одбележани 23 години од загинувањето на македонските бранители кај месноста Љуботенски Бачила на 10 август 2001 година, информираат од Општина Ѓорче Петров.

Пред 23 години во воениот конфликт кај Љуботенски Бачила загинаа Томе Бадаревски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димоски и Раде Јанковски. На овој ден се оддава почит и на Ацо Ангеловски кој во 2000-та година загина во Арачиново при вооружен напад врз полициска патрола.

Делегации, заедно со членови на семејствата на загинатите, положија цвеќе на споменикот. Делегацијата на Општина Ѓорче Петров ја предводеше градоначалникот Александар Стојкоски, кој во обраќање пред присутните рече дека со започнувањето на секој август од 2001 година па до денеска, не може, а да не се помисли на изгубените животи на македонските храбри бранители.

Овие македонски синови зрачеа со ентузијазам дека доаѓаат подобри времиња за Република Македонија. Оставија цели семејства со мисла дека ќе се вратат и оти земјата ја чекаат добри денови. Времињата се мирни сега, но загубените човечки животи во сите нас прават немири. Ги поминаа нивните последни денови храбро по рововите на македонските планини, бодрејќи се еден со друг и штитејќи ја земјата со последните нивни сили. Патриоти, чесни и храбри македонски јунаци, рече Стојкоски.

Тој им се обрати лично на семејствата на бранителите и истакна дека тие се вистински херои.

Вие сте херои, почитувани мои сограѓани. Вие и вашите храбри синови, браќа, нашите македонски браќа, кои тргнаа во битка за слободна Македонија, не колебајќи се ниту минута, свесни за суровоста на воениот конфликт. Вие сте нашата гордост и гордост на целата држава. Ви се обраќам со посебно внимание и со должна почит и секогаш ќе бидам на ваша страна, истакна градоначалникот.

Стојкоски уште еднаш ја изрази поддршката од Општина Ѓорче Петров за семејствата на бранителите.

И самите знаете дека како локална самоуправа правиме сè што е во наша моќ да ви излеземе в пресрет и ви го олесниле секојдневието. Чест ми што во мојот мандат успеавме да обезбедиме за потомците на бранителите бесплатно школување и бесплатна градинка, и приоритет на нивните поколенија при упис во претшколска установа. Тие се целосно ослободени и од сите трошоци што ги опфаќа школувањето, подвлече Стојкоски.

Високи делегации, заедно со делегациите на Општина Ѓорче Петров и Советот на Општината, претходно положија цвеќе и на спомен-обележјето на Томислав Настевски, а по централната манифестација во Волково, го посетија и Споменикот на Бранителите во реонскиот парк.

The post Во Ѓорче Петров одбележани 23 години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила appeared first on Република.

]]>

На споменикот подигнат во чест на бранителите во Волково-Општина Ѓорче Петров, беа одбележани 23 години од загинувањето на македонските бранители кај месноста Љуботенски Бачила на 10 август 2001 година, информираат од Општина Ѓорче Петров. Пред 23 години во воениот конфликт кај Љуботенски Бачила загинаа Томе Бадаревски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димоски и Раде Јанковски. На овој ден се оддава почит и на Ацо Ангеловски кој во 2000-та година загина во Арачиново при вооружен напад врз полициска патрола. Делегации, заедно со членови на семејствата на загинатите, положија цвеќе на споменикот. Делегацијата на Општина Ѓорче Петров ја предводеше градоначалникот Александар Стојкоски, кој во обраќање пред присутните рече дека со започнувањето на секој август од 2001 година па до денеска, не може, а да не се помисли на изгубените животи на македонските храбри бранители.
Овие македонски синови зрачеа со ентузијазам дека доаѓаат подобри времиња за Република Македонија. Оставија цели семејства со мисла дека ќе се вратат и оти земјата ја чекаат добри денови. Времињата се мирни сега, но загубените човечки животи во сите нас прават немири. Ги поминаа нивните последни денови храбро по рововите на македонските планини, бодрејќи се еден со друг и штитејќи ја земјата со последните нивни сили. Патриоти, чесни и храбри македонски јунаци, рече Стојкоски.
Тој им се обрати лично на семејствата на бранителите и истакна дека тие се вистински херои.
Вие сте херои, почитувани мои сограѓани. Вие и вашите храбри синови, браќа, нашите македонски браќа, кои тргнаа во битка за слободна Македонија, не колебајќи се ниту минута, свесни за суровоста на воениот конфликт. Вие сте нашата гордост и гордост на целата држава. Ви се обраќам со посебно внимание и со должна почит и секогаш ќе бидам на ваша страна, истакна градоначалникот.
Стојкоски уште еднаш ја изрази поддршката од Општина Ѓорче Петров за семејствата на бранителите.
И самите знаете дека како локална самоуправа правиме сè што е во наша моќ да ви излеземе в пресрет и ви го олесниле секојдневието. Чест ми што во мојот мандат успеавме да обезбедиме за потомците на бранителите бесплатно школување и бесплатна градинка, и приоритет на нивните поколенија при упис во претшколска установа. Тие се целосно ослободени и од сите трошоци што ги опфаќа школувањето, подвлече Стојкоски.
Високи делегации, заедно со делегациите на Општина Ѓорче Петров и Советот на Општината, претходно положија цвеќе и на спомен-обележјето на Томислав Настевски, а по централната манифестација во Волково, го посетија и Споменикот на Бранителите во реонскиот парк.

The post Во Ѓорче Петров одбележани 23 години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила appeared first on Република.

]]>
Стојкоски: Еве кој е против тоа Ѓорче да биде модерно и убаво https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stojkoski-eve-koj-e-protiv-toa-gorche-da-bide-moderno-i-ubavo/ Thu, 07 Mar 2024 13:57:09 +0000 https://republika.mk/?p=752306

На лагата и се кратки нозете. Обично, лично не реагирам на неосновани напади кои имаат една цел – ефтини политички поени, но овојпат мора да искоментирам, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Ова е она кога имаш проблем со идентитетот. Или пократко кажано: дал сум советник, дал сум граѓански активист. Непартиски. Ама едно е сигурно: Ако има уште некој на кој не му е јасно, еве кој е против тоа Ѓорче да биде модерно и урбано. И уште посигурно, срамно е да глумите „граѓански активисти“ кои повикуваат на протест, а “граѓаните” всушност се партиски активисти на СДСМ. Да не беше смешно, ќе беше трагично. Ама сигурно е трагикомично, истакна Стојкоски.

ПС: Ова пултов малку ви се распаѓа, како и вашите обиди Ѓорче да го направите пустелиј, порача Стојкоски.

Државна Лотарија проверете си вработениов Сенат Вели кој го куца, додаде градоначалникот.

The post Стојкоски: Еве кој е против тоа Ѓорче да биде модерно и убаво appeared first on Република.

]]>

На лагата и се кратки нозете. Обично, лично не реагирам на неосновани напади кои имаат една цел – ефтини политички поени, но овојпат мора да искоментирам, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Ова е она кога имаш проблем со идентитетот. Или пократко кажано: дал сум советник, дал сум граѓански активист. Непартиски. Ама едно е сигурно: Ако има уште некој на кој не му е јасно, еве кој е против тоа Ѓорче да биде модерно и урбано. И уште посигурно, срамно е да глумите „граѓански активисти“ кои повикуваат на протест, а “граѓаните” всушност се партиски активисти на СДСМ. Да не беше смешно, ќе беше трагично. Ама сигурно е трагикомично, истакна Стојкоски.
ПС: Ова пултов малку ви се распаѓа, како и вашите обиди Ѓорче да го направите пустелиј, порача Стојкоски. Државна Лотарија проверете си вработениов Сенат Вели кој го куца, додаде градоначалникот.

The post Стојкоски: Еве кој е против тоа Ѓорче да биде модерно и убаво appeared first on Република.

]]>
ООУ „Мирче Ацев“ добива целосно реконструирана училишна спортска сала https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/oou-mirche-atsev-dobiva-tselosno-rekonstruirana-uchilishna-sportska-sala/ Mon, 26 Feb 2024 14:02:59 +0000 https://republika.mk/?p=748577

Во последна, завршна фаза, влегува целосното реконструирање на училишната сала во основното училиште „Мирче Ацев“ со што сме чекор понапред во унапредување на условите за квалитетно физичко образование кај децата, сподели денеска градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Целосната репарација во првата фаза опфати:

Менување на подот во салата каде беше поставен нов гумиран под
Бојадисување
Молерисување на ходникот и кабинетот на наставникот по физичко образование
Целосно нова вентилација

Во втората фаза, училишната спортска сала е oпремена со нови спортски реквизити.

Градоначалникот очекува наскоро оваа спортска сала да го добие комплетно новиот изглед, по сите модерни стандарди.

Нашите најмлади жители се нашата иднина и нема дилема кога станува збор за добро образование, особено проследено со физичка активност која е многу значајна од најрана возраст, додаде градоначалникот Стојкоски.

Проектот со наслов „Санација и опремување на спортска сала во ООУ Мирче Ацев“ е во соработка со Министерството за образование и наука.

Продолжуваме посветено за доброто на нашите најмлади жители, завршува Стојкоски.

The post ООУ „Мирче Ацев“ добива целосно реконструирана училишна спортска сала appeared first on Република.

]]>

Во последна, завршна фаза, влегува целосното реконструирање на училишната сала во основното училиште „Мирче Ацев“ со што сме чекор понапред во унапредување на условите за квалитетно физичко образование кај децата, сподели денеска градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Целосната репарација во првата фаза опфати: Менување на подот во салата каде беше поставен нов гумиран под Бојадисување Молерисување на ходникот и кабинетот на наставникот по физичко образование Целосно нова вентилација Во втората фаза, училишната спортска сала е oпремена со нови спортски реквизити.
Градоначалникот очекува наскоро оваа спортска сала да го добие комплетно новиот изглед, по сите модерни стандарди.
Нашите најмлади жители се нашата иднина и нема дилема кога станува збор за добро образование, особено проследено со физичка активност која е многу значајна од најрана возраст, додаде градоначалникот Стојкоски.
Проектот со наслов „Санација и опремување на спортска сала во ООУ Мирче Ацев“ е во соработка со Министерството за образование и наука.
Продолжуваме посветено за доброто на нашите најмлади жители, завршува Стојкоски.

The post ООУ „Мирче Ацев“ добива целосно реконструирана училишна спортска сала appeared first on Република.

]]>
Стојкоски: Не се точни тврдењата на Арсовска, нејзиниот настап е само евтин ПР https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stojkoski-ne-se-tochni-tvrdenata-na-arsovska-nejziniot-nastap-e-samo-evtin-pr/ Mon, 19 Feb 2024 20:03:34 +0000 https://republika.mk/?p=745886

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, ги демантира тврдењата на градоначалничката Данела Арсовска дека ДУП-от кој во саботата беше изгласан на вонредна седница на Советот на општината, предвидува изградба на три хемиски фабрики, дека е донесен на криминален начин, како и дека истиот е без мислења од соодветни институции. Тој ѝ порача на Арсовска да почне да работи, наместо да шири паника. Своите тврдења Стојкоски ги потврди со мислење од Дирекција за заштита и спасување според кое, нема никаква опасност во однос на безбедноста на граѓаните. Со тоа ги демантираше и тврдењата дека со донесениот ДУП се загрозувала безбедноста на Скопје.

Според тврдењата на Стојкоски Арсовска не дала мислење по однос на ДУП-от, а по сила на закон се смета дека таа нема никакви забелешки. Дециден е дека ДУП-от е усогласен со ГУП-от, а во ГУП-от кој го носи Град Скопје е впишана и веќе постоечката фабрика. Три нови хемиски, вели тој, фабрики нема да има.

Настапот на актуелната градоначалничка на Скопје, Стојкоски го нарече евтин ПР.

Покажа и мислење од ЈП Водовод и Канализација од 2022 година, според кое, има позитивно мислење на понудените решенија од овој план. Министерството за животна средина има во два наврати има позитивно мислење и тоа во однос на отпадните води, со нагласок дека се запазени сите забрани и ограничувања согласно постоечката одлука за утврдување на границите на заштитените води на бунарското подрачје Нерези-Лепенец.

„Позитивни мислења имаме од МОН во однос на основното училиште, МТСП во однос на градинката, Министерството за култура кажа дека условјувањето на планот може да продолжи, Министерството за одбрана каде го истакнува исклучителното значење од што поскоро донесување на ДУП-от, Катастарот за квалитетот од тематски и тополошки аспект“, кажа Стојкоски.

Планот има поминато четири јавни анкети, каде што граѓаните можеле да дадат забелешки и предлози, каде на овие анкети не се добиени забелешки по однос на концептот и планираните намени кои се впрочен условени од ГУП на Град Скопје.

The post Стојкоски: Не се точни тврдењата на Арсовска, нејзиниот настап е само евтин ПР appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, ги демантира тврдењата на градоначалничката Данела Арсовска дека ДУП-от кој во саботата беше изгласан на вонредна седница на Советот на општината, предвидува изградба на три хемиски фабрики, дека е донесен на криминален начин, како и дека истиот е без мислења од соодветни институции. Тој ѝ порача на Арсовска да почне да работи, наместо да шири паника. Своите тврдења Стојкоски ги потврди со мислење од Дирекција за заштита и спасување според кое, нема никаква опасност во однос на безбедноста на граѓаните. Со тоа ги демантираше и тврдењата дека со донесениот ДУП се загрозувала безбедноста на Скопје. Според тврдењата на Стојкоски Арсовска не дала мислење по однос на ДУП-от, а по сила на закон се смета дека таа нема никакви забелешки. Дециден е дека ДУП-от е усогласен со ГУП-от, а во ГУП-от кој го носи Град Скопје е впишана и веќе постоечката фабрика. Три нови хемиски, вели тој, фабрики нема да има. Настапот на актуелната градоначалничка на Скопје, Стојкоски го нарече евтин ПР. Покажа и мислење од ЈП Водовод и Канализација од 2022 година, според кое, има позитивно мислење на понудените решенија од овој план. Министерството за животна средина има во два наврати има позитивно мислење и тоа во однос на отпадните води, со нагласок дека се запазени сите забрани и ограничувања согласно постоечката одлука за утврдување на границите на заштитените води на бунарското подрачје Нерези-Лепенец.
„Позитивни мислења имаме од МОН во однос на основното училиште, МТСП во однос на градинката, Министерството за култура кажа дека условјувањето на планот може да продолжи, Министерството за одбрана каде го истакнува исклучителното значење од што поскоро донесување на ДУП-от, Катастарот за квалитетот од тематски и тополошки аспект“, кажа Стојкоски.
Планот има поминато четири јавни анкети, каде што граѓаните можеле да дадат забелешки и предлози, каде на овие анкети не се добиени забелешки по однос на концептот и планираните намени кои се впрочен условени од ГУП на Град Скопје.

The post Стојкоски: Не се точни тврдењата на Арсовска, нејзиниот настап е само евтин ПР appeared first on Република.

]]>
Стојкоски: Со носењето на ДУП-от во Ѓорче Петров финансиски е обезбедена една декада во иднина https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stojkoski-so-noseneto-na-dup-ot-vo-gorche-petrov-finansiski-e-obezbedena-edna-dekada-vo-idnina/ Mon, 19 Feb 2024 19:47:43 +0000 https://republika.mk/?p=745877

Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Стојкоски вели дека со новиот ДУП дадена е согласност од Министерството за труд и социјална политика за изградба на новата предвидена градинка која со последната измена на планот била вцртана и за која е дадена маркица која претходно не постоела.

Една маркица за зграда избришавме, за да добиеме парцела за нова детска градинка. Од Министерството за труд и социјална политика имаме добиено согласност дека можеме да градиме во иднина - рече Стојкоски на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека е добиено и одобрени за изградба на училиште.

-Добивме и одобрение од Министерството за образование за изградба на училиште. Со тоа делот на јавни дејности и делот којшто вклучува образование, предшколска и воспитна дејност се исполнети. Ова ќе биде првиот урбанистички план во Ѓорче Петров кој што се прави на неизградена површина и каде што ќе има можност да се псотават темелите со правилна подземна и надземна инфраструктура и истиот е со функција да ги опслужи и жителите на соседните зони на живеење во Ѓорче Петров, рече Стојкоски на прес-конференцијата во Општина Ѓорче Петров.

Стојкоски нагласи дека со носење на овој ДУП општината Ѓорче Петров финансиски е обезбедена една декада во иднина.

The post Стојкоски: Со носењето на ДУП-от во Ѓорче Петров финансиски е обезбедена една декада во иднина appeared first on Република.

Стојкоски за Арсовска: Што да очекувам на жена која на почетокот се претстави како врвен менаџер, а се претвори во политички инструмент https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stojkoski-za-arsovska-shto-da-ochekuvam-na-zhena-koja-na-pochetokot-se-pretstavi-kako-vrven-menadher-a-se-pretvori-vo-politichki-instrument/ Mon, 19 Feb 2024 19:34:57 +0000 https://republika.mk/?p=745859

Изградба на 50 згради и три хемиски индустриски капацитети во општина Ѓорче Петров, предвидува новиот Детален урбанистички план кој е изгласан на вонредна седница во саботата, обвини градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Таа тврдеше дека измените се донесени без согласност на градот, а проектот го опиша како бетонски монструм. Најави кривични пријави против градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски.

На ова Стојкоски вели:

Што да очекувам на жена која на почетокот се претстави како врвен менаџер, како човек што сака да работи, како човек од теренот а се претвори во политички инструмент, на одредени политички центри на моќ. Заплива во политички води кои и се непознати. И немам намера да одговарам на нејзините желби и амбиции.

Тој објаснува зошто била свикана вонредна седница на советот во саботата:

Вонредна седница може да се свика во случај на елементарна непогода или во случај кога е доведена во прашање функционалноста на општината.Го искористивме вториот дел. Зошто? Затоа што со ова ситуација бевме погодени поголем дел од општините на ниво на Република Македонија. Законот за просторно уредување и планирање имаше рок на важност до 18 февруари, ден после седницата на совет. А ние согласноста од Министерството за транспорт и врски, не само ние, повеќе општини, ги добивме во петокот, доста доцна. Едната ја добивме во 14 часот, другата околу 18:30 часот. Во делот на досегашната работа на овие урбанистички планови, сиве овие години наназад, општината има вложено значителна сума на средства. Некаде околу 27 000 евра. Постоеше опасност, иако ги добивме согласностите, ако го пропуштиме терминот сабота, сето ова да ни пропадне во вода, да почнеме наново да ги работиме сите постапки, да изгубиме на време и дополнително да не чини 200 000 евра според пресметките согласно новите правилници кои стапуваат со новиот закон. Главната цел беше, како прво, како општина да заштедиме ресурси и како второ да донесеме еден детален урбанистички план којшто ќе донесе развој и реален простор за напредок на општината.

Новиот ДУП бил изгласан со 13 гласа ЗА и 7 гласа ВОЗДРЖАНИ и ниту еден глас ПРОТИВ. Воздржани биле советниците од СДСМ и еден советник од Левица.

Стојкоски вели дека нема ниту една нова фабрика на постојната локација, туку е постоечката која има добиено многу помала развојна површина од тоа што имало претходно и нема градба на нови капацитети од индустријата. Според него овој ДУП е целосно усогласен со ГУП.

Проблемот во градот е што не знаат да ги читаат плановите кои самите си ги носат. Наместо сабајле кога ќе станат да гледаат со кого ќе се расправаат дента, нека се фатат за сериозна работа, да седнат да си ги прочитаат ГУП и а не ги оставаат на милост и немилост граѓаните на градот Скопје - вели Стојкоски.

The post Стојкоски за Арсовска: Што да очекувам на жена која на почетокот се претстави како врвен менаџер, а се претвори во политички инструмент appeared first on Република.

]]>

Изградба на 50 згради и три хемиски индустриски капацитети во општина Ѓорче Петров, предвидува новиот Детален урбанистички план кој е изгласан на вонредна седница во саботата, обвини градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Таа тврдеше дека измените се донесени без согласност на градот, а проектот го опиша како бетонски монструм. Најави кривични пријави против градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски. На ова Стојкоски вели:
Што да очекувам на жена која на почетокот се претстави како врвен менаџер, како човек што сака да работи, како човек од теренот а се претвори во политички инструмент, на одредени политички центри на моќ. Заплива во политички води кои и се непознати. И немам намера да одговарам на нејзините желби и амбиции.
Тој објаснува зошто била свикана вонредна седница на советот во саботата:
Вонредна седница може да се свика во случај на елементарна непогода или во случај кога е доведена во прашање функционалноста на општината.Го искористивме вториот дел. Зошто? Затоа што со ова ситуација бевме погодени поголем дел од општините на ниво на Република Македонија. Законот за просторно уредување и планирање имаше рок на важност до 18 февруари, ден после седницата на совет. А ние согласноста од Министерството за транспорт и врски, не само ние, повеќе општини, ги добивме во петокот, доста доцна. Едната ја добивме во 14 часот, другата околу 18:30 часот. Во делот на досегашната работа на овие урбанистички планови, сиве овие години наназад, општината има вложено значителна сума на средства. Некаде околу 27 000 евра. Постоеше опасност, иако ги добивме согласностите, ако го пропуштиме терминот сабота, сето ова да ни пропадне во вода, да почнеме наново да ги работиме сите постапки, да изгубиме на време и дополнително да не чини 200 000 евра според пресметките согласно новите правилници кои стапуваат со новиот закон. Главната цел беше, како прво, како општина да заштедиме ресурси и како второ да донесеме еден детален урбанистички план којшто ќе донесе развој и реален простор за напредок на општината.
Новиот ДУП бил изгласан со 13 гласа ЗА и 7 гласа ВОЗДРЖАНИ и ниту еден глас ПРОТИВ. Воздржани биле советниците од СДСМ и еден советник од Левица. Стојкоски вели дека нема ниту една нова фабрика на постојната локација, туку е постоечката која има добиено многу помала развојна површина од тоа што имало претходно и нема градба на нови капацитети од индустријата. Според него овој ДУП е целосно усогласен со ГУП.
Проблемот во градот е што не знаат да ги читаат плановите кои самите си ги носат. Наместо сабајле кога ќе станат да гледаат со кого ќе се расправаат дента, нека се фатат за сериозна работа, да седнат да си ги прочитаат ГУП и а не ги оставаат на милост и немилост граѓаните на градот Скопје - вели Стојкоски.

The post Стојкоски за Арсовска: Што да очекувам на жена која на почетокот се претстави како врвен менаџер, а се претвори во политички инструмент appeared first on Република.

]]>
Стојкоски: Нема да дозволам заради политички поени на одредени партии и поединци да трпи интересот на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojkoski-nema-da-dozvolam-zaradi-politichki-poeni-na-odredeni-partii-i-poedintsi-da-trpi-interesot-na-graganite/ Sun, 18 Feb 2024 19:34:04 +0000 https://republika.mk/?p=745450

Нема да дозволам заради политички поени на одредени партии и поединци да трпи интересот на граѓаните! - нагласи градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, во неговото обраќање пред советниците каде ги објаснува сите детали за Урбанистичкиот план СЗ 16.

Според него, со урбанизирање на овој дел од општината се овозможува изградба на:

-Локација за ново основно училиште
-Локација за нова детска градинка
-Нови зелени површини од минимум 140.000м2 во срцето на Ѓорче Петров
-Нови детски игралишта
-Нов спортски центар
-Ново булеварско решение
-Нов трговски центар
-Нови развојни погони
-Катна гаража

Стојкоски рече дека овој план ги исполнува сите урбанистички норми и ќе претставува пример како секој план треба да биде донесуван во партнерство со граѓаните. За овој план позитивно мислење покрај граѓаните, дадоа сите вклучени институции, вклучувајќи ги и Министерството за транспорт и врски и Министерството за одбрана, додаде тој.

-Советот на Општина Ѓорче Петров на седницата го усвои овој план без ниту еден глас против со што општината во овој дел ќе прерасне во едно модерно и урбано место да живеење, место со кое што сите ќе се гордееме и ќе биде ликот на општината, рече градоначалникот на Ѓорче Петров.

Тој потенцираше дека "најгласните" советници не се ни одважија да присуствуваат на седницата и да го кажат своето мислење таму.

-Од овој момент натаму секој кој што ќе сака да добива ситни политички поени на овој начин ќе го повикам да ја водиме дебатата директно пред граѓаните на населбата Александрија наместо во удобните општински простории, па на лице место да ги соочиме аргументите. Промените се започнати и нема да запрат. Ќе реализираме уште многу проекти за подобро, поубаво и пофункционално Ѓорче Петров! - истакна Стојкоски.

The post Стојкоски: Нема да дозволам заради политички поени на одредени партии и поединци да трпи интересот на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Нема да дозволам заради политички поени на одредени партии и поединци да трпи интересот на граѓаните! - нагласи градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, во неговото обраќање пред советниците каде ги објаснува сите детали за Урбанистичкиот план СЗ 16. Според него, со урбанизирање на овој дел од општината се овозможува изградба на: -Локација за ново основно училиште -Локација за нова детска градинка -Нови зелени површини од минимум 140.000м2 во срцето на Ѓорче Петров -Нови детски игралишта -Нов спортски центар -Ново булеварско решение -Нов трговски центар -Нови развојни погони -Катна гаража Стојкоски рече дека овој план ги исполнува сите урбанистички норми и ќе претставува пример како секој план треба да биде донесуван во партнерство со граѓаните. За овој план позитивно мислење покрај граѓаните, дадоа сите вклучени институции, вклучувајќи ги и Министерството за транспорт и врски и Министерството за одбрана, додаде тој.
-Советот на Општина Ѓорче Петров на седницата го усвои овој план без ниту еден глас против со што општината во овој дел ќе прерасне во едно модерно и урбано место да живеење, место со кое што сите ќе се гордееме и ќе биде ликот на општината, рече градоначалникот на Ѓорче Петров.
Тој потенцираше дека "најгласните" советници не се ни одважија да присуствуваат на седницата и да го кажат своето мислење таму.
-Од овој момент натаму секој кој што ќе сака да добива ситни политички поени на овој начин ќе го повикам да ја водиме дебатата директно пред граѓаните на населбата Александрија наместо во удобните општински простории, па на лице место да ги соочиме аргументите. Промените се започнати и нема да запрат. Ќе реализираме уште многу проекти за подобро, поубаво и пофункционално Ѓорче Петров! - истакна Стојкоски.

The post Стојкоски: Нема да дозволам заради политички поени на одредени партии и поединци да трпи интересот на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Советот на Општина Ѓорче Петров го изгласа ДУП-от за градска четврт СЗ 16 https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sovetot-na-opshtina-gorche-petrov-go-izglasa-dup-ot-za-gradska-chetvrt-sz-16/ Sat, 17 Feb 2024 11:17:39 +0000 https://republika.mk/?p=745102

Советот на Општина Ѓорче Петров на денешната вонредна седница на Советот без ниту еден глас против, го изгласа ДУП-от за градска четврт СЗ 16 во централното подрачје на Ѓорче Петров, со што општината во овој дел ќе прерасне во едно модерно и урбано место да живеење, место со кое што сите ќе се гордееме и ќе биде ликот на општината, истакна градоначалникот Стојкоски.

Изгласаниот ДУП се простира на делот од новиот кружен тек помеѓу Ѓорче Петров и Влае, непосредно до населбата Александрија, па се до наплатниот пункт на ЕВН непосредно пред мостот кон Даме Груев, со што се опфаќа целиот простор спроти пазарот во Ѓорче Петров. Со урбанизирање на овој дел од општината, овозможуваме изградба на:

-Ново основно училиште
-Нова детска градинка
-Нов парк од 10.000м2 во срцето на Ѓорче Петров
-Дополнителни нови 8,5 хектари зеленило надвор од градежните парцели (повеќе од предвидениот законски минимум)
-Нови детски игралишта
-Нов спортски центар
-Ново булеварско решение
-Нов трговски центар
-Нови развојни погони
-Катна гаража

Огромна благодарност до Секторот за урбанизам во Општина Ѓорче Петров кој во изминатиот период макотрпно работеше на изработката на овој план и со голема желба настојуваше ДУП-от за градска четврт СЗ 16 да биде донесен, со што ќе можеме да го разубавиме и развиеме Ѓорче Петров, додаде Стојкоски.

Овој план ги исполни сите урбанистички норми и ќе претставува пример како секој план треба да биде донесуван во партнерство со граѓаните. За овој план позитивно мислење покрај граѓаните, дадоа сите вклучени институции, вклучувајќи ги и Министерството за транспорт и врски и Министерството за одбрана.

Денешниот ден ќе биде запаметен како денот кога Ѓорче Петров доби нов лик и стана општина којашто ги поседува сите потребни елементи на секојдневното живеење, место кое што ќе ги задоволи потребите на сите категории жители во нашата општина, завршува Стојкоски.

The post Советот на Општина Ѓорче Петров го изгласа ДУП-от за градска четврт СЗ 16 appeared first on Република.

]]>

Советот на Општина Ѓорче Петров на денешната вонредна седница на Советот без ниту еден глас против, го изгласа ДУП-от за градска четврт СЗ 16 во централното подрачје на Ѓорче Петров, со што општината во овој дел ќе прерасне во едно модерно и урбано место да живеење, место со кое што сите ќе се гордееме и ќе биде ликот на општината, истакна градоначалникот Стојкоски. Изгласаниот ДУП се простира на делот од новиот кружен тек помеѓу Ѓорче Петров и Влае, непосредно до населбата Александрија, па се до наплатниот пункт на ЕВН непосредно пред мостот кон Даме Груев, со што се опфаќа целиот простор спроти пазарот во Ѓорче Петров. Со урбанизирање на овој дел од општината, овозможуваме изградба на:
-Ново основно училиште -Нова детска градинка -Нов парк од 10.000м2 во срцето на Ѓорче Петров -Дополнителни нови 8,5 хектари зеленило надвор од градежните парцели (повеќе од предвидениот законски минимум) -Нови детски игралишта -Нов спортски центар -Ново булеварско решение -Нов трговски центар -Нови развојни погони -Катна гаража Огромна благодарност до Секторот за урбанизам во Општина Ѓорче Петров кој во изминатиот период макотрпно работеше на изработката на овој план и со голема желба настојуваше ДУП-от за градска четврт СЗ 16 да биде донесен, со што ќе можеме да го разубавиме и развиеме Ѓорче Петров, додаде Стојкоски.
Овој план ги исполни сите урбанистички норми и ќе претставува пример како секој план треба да биде донесуван во партнерство со граѓаните. За овој план позитивно мислење покрај граѓаните, дадоа сите вклучени институции, вклучувајќи ги и Министерството за транспорт и врски и Министерството за одбрана.
Денешниот ден ќе биде запаметен како денот кога Ѓорче Петров доби нов лик и стана општина којашто ги поседува сите потребни елементи на секојдневното живеење, место кое што ќе ги задоволи потребите на сите категории жители во нашата општина, завршува Стојкоски.

The post Советот на Општина Ѓорче Петров го изгласа ДУП-от за градска четврт СЗ 16 appeared first on Република.

]]>
Нови проекти во Општина Ѓорче Петров: Нова детска градинка во Стопански Двор, училници и спортски игралишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/novi-proekti-vo-opshtina-gorche-petrov-nova-detska-gradinka-vo-stopanski-dvor-uchilnitsi-i-sportski-igralishta/ Tue, 30 Jan 2024 16:22:00 +0000 https://republika.mk/?p=738691

На денешната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров, донесена е одлука за изградба на неколку важни објекти и реализација на капитални проекти, кои што ќе бидат од огромно значење на сите жители на Ѓорче Петров.

- Ќе се гради нова детска градинка во Стопански Двор.

- Во текот на изминатите години, граѓаните на Ѓорче Петров се соочуваа со навистина реален проблем во однос на запишувањето на дечињата во детските градинки низ нашата општина. Со отварањето на новата детска градинка ,,Сонце” надминавме дел од проблемите и згриживме голем број на дечиња, но потребни се и нови капацитети. За таа цел, отпочнуваме со изградба на новата детска градинка во Стопански Двор, којашто ќе има капацитет да прими околу 120 дечиња и ќе ги има сите услови кои што се потребни за пријатен престој на најмладите наши жители во градинката. Наша интенција останува изградбата на нови детски градинки насекаде во нашата населба каде што ќе имаме можност тоа да го реализираме, се со цел овој проблем да биде надминат во целост, информираше градоначалникот Александар Стојкоски кој рече дека за овој проект се одвоени 60 милиони денари.

- Ќе се изградат и реконструираат четири спортски игралишта и тоа:

Нова подлога на мултифункционалното игралиште нас. Даме Груев (поранешна последна 22-ка)

Ново спортско катче на ул. Македонска Војска

Нов терен за мал фудбал во ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски”

Нова подлога на фудбалското игралиште во ООУ „Мирче Ацев”

Вредноста на изградбата и реконструкцијата на сите четири игралишта ќе изнесува 9 милиони денари.

- Доградба на две нови училници во ООУ ,,Мирче Ацев”.

Во изминатиот период активно работевме на подобрување на условите и зголемување на капацитетите во повеќе училишта во нашата општина, се со цел учениците и наставниот кадар да ги имаат сите потребни услови кои што се важни при одржувањето на наставата. За таа цел, работевме на доградба на нови две училни во ООУ „Mирче Ацев”, кои што се направени по сите стандарди и ги задоволуваат сите услови кои што се потребни за непречена настава и поголем комфор на учениците и наставниците, рече Стојкоски.

За реализација на овој проект беа одвоени 6 милиони денари.

- Прв сензорен центар во градинката „Росица“. 

За прв пат во нашата општина ќе се направи еден сензорен центар кој ќе биде лоциран во објектот ,,Пампурче”, a истиот ќе го сочинуваат три училни и сите потребни сензорни алатки кои ќе помогнат при образовните потешкотии на дечињата кои што се соочуваат со тој проблем. Сензорниот центар ќе биде од голема помош како за дечињата, така и за вработените, бидејќи ќе можат преку најразлични модели на едукација да пристапат до најмладите и да им помогнат во совладувањето на одредена материја којашто е потребна да се спознае во најмладите години. Инклузијата е важен сегмент од општеството и ние ќе се трудиме и во иднина да ја практикуваме и вклучуваме секаде каде што ќе се укаже можност за тоа.

Сумата којашто е издвоена за реализација на овој проект изнесува 1.700.000 денари.

- Општина Ѓорче Петров мора рамномерно да се развива и да се подобруваат условите за живот на сите категории на граѓани. Наш императив како општинска администрација останува реализацијата на бројни капитални и важни проекти за нашите сограѓани, бидејќи само со чесна и напорна работа можеме да придонесеме за подобар живот во нашата општина, порача првиот човек на општината.

The post Нови проекти во Општина Ѓорче Петров: Нова детска градинка во Стопански Двор, училници и спортски игралишта appeared first on Република.

]]>

На денешната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров, донесена е одлука за изградба на неколку важни објекти и реализација на капитални проекти, кои што ќе бидат од огромно значење на сите жители на Ѓорче Петров. - Ќе се гради нова детска градинка во Стопански Двор.
- Во текот на изминатите години, граѓаните на Ѓорче Петров се соочуваа со навистина реален проблем во однос на запишувањето на дечињата во детските градинки низ нашата општина. Со отварањето на новата детска градинка ,,Сонце” надминавме дел од проблемите и згриживме голем број на дечиња, но потребни се и нови капацитети. За таа цел, отпочнуваме со изградба на новата детска градинка во Стопански Двор, којашто ќе има капацитет да прими околу 120 дечиња и ќе ги има сите услови кои што се потребни за пријатен престој на најмладите наши жители во градинката. Наша интенција останува изградбата на нови детски градинки насекаде во нашата населба каде што ќе имаме можност тоа да го реализираме, се со цел овој проблем да биде надминат во целост, информираше градоначалникот Александар Стојкоски кој рече дека за овој проект се одвоени 60 милиони денари.
- Ќе се изградат и реконструираат четири спортски игралишта и тоа: Нова подлога на мултифункционалното игралиште нас. Даме Груев (поранешна последна 22-ка) Ново спортско катче на ул. Македонска Војска Нов терен за мал фудбал во ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски” Нова подлога на фудбалското игралиште во ООУ „Мирче Ацев” Вредноста на изградбата и реконструкцијата на сите четири игралишта ќе изнесува 9 милиони денари. - Доградба на две нови училници во ООУ ,,Мирче Ацев”. Во изминатиот период активно работевме на подобрување на условите и зголемување на капацитетите во повеќе училишта во нашата општина, се со цел учениците и наставниот кадар да ги имаат сите потребни услови кои што се важни при одржувањето на наставата. За таа цел, работевме на доградба на нови две училни во ООУ „Mирче Ацев”, кои што се направени по сите стандарди и ги задоволуваат сите услови кои што се потребни за непречена настава и поголем комфор на учениците и наставниците, рече Стојкоски. За реализација на овој проект беа одвоени 6 милиони денари. - Прв сензорен центар во градинката „Росица“. 
За прв пат во нашата општина ќе се направи еден сензорен центар кој ќе биде лоциран во објектот ,,Пампурче”, a истиот ќе го сочинуваат три училни и сите потребни сензорни алатки кои ќе помогнат при образовните потешкотии на дечињата кои што се соочуваат со тој проблем. Сензорниот центар ќе биде од голема помош како за дечињата, така и за вработените, бидејќи ќе можат преку најразлични модели на едукација да пристапат до најмладите и да им помогнат во совладувањето на одредена материја којашто е потребна да се спознае во најмладите години. Инклузијата е важен сегмент од општеството и ние ќе се трудиме и во иднина да ја практикуваме и вклучуваме секаде каде што ќе се укаже можност за тоа.
Сумата којашто е издвоена за реализација на овој проект изнесува 1.700.000 денари.
- Општина Ѓорче Петров мора рамномерно да се развива и да се подобруваат условите за живот на сите категории на граѓани. Наш императив како општинска администрација останува реализацијата на бројни капитални и важни проекти за нашите сограѓани, бидејќи само со чесна и напорна работа можеме да придонесеме за подобар живот во нашата општина, порача првиот човек на општината.

The post Нови проекти во Општина Ѓорче Петров: Нова детска градинка во Стопански Двор, училници и спортски игралишта appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Денес квалитетот на работата во Општина Ѓорче Петров е на европско ниво https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mitskoski-denes-kvalitetot-na-rabotata-vo-opshtina-gorche-petrov-e-na-evropsko-nivo/ Wed, 20 Sep 2023 19:35:02 +0000 https://republika.mk/?p=683583

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, присуствуваше на пуштањето во употреба на новиот објект на општинаската администрација на Ѓорче Петров. Во таа пригода, Мицкоски истакна новата општинска зграда ќе им овозможи на граѓаните многу подобри услови да ги завршат своите обврски и потреби поврзани со локалната самоуправа.

Условите коишто се внатре се навистина европски и јас очекувам дека на тој начин многу ќе се подобри квалитетот на работата. Иако и до сега квалитетот на работата во Општина Ѓорче Петров под водство на Александар Стојкоски беше навистина на едно супер европско ниво, сега можеме да кажеме дека имаме и чекор понапред во делот на комфорот итн.

Нормално е дека човек е секогаш среќен и задоволен кога може да биде дел од еден ваков проект. Многу често сме во општина Ѓорче Петров, отпочнуваме или пак завршуваме проекти кои што се додадена вредност за самата општина, истакна Мицкоски.

Тој истакна дека во изминатиот период, општината се соочила со тешки услови за работа и огромен наследен долг, но дека градоначалникот Стојкоски, со тимска работа, успеал за овие нешто помалку од две години, во најголема мера да го врати тој долг, но и да обезбеди средства за дополнителни инвестиции.

The post Мицкоски: Денес квалитетот на работата во Општина Ѓорче Петров е на европско ниво appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, присуствуваше на пуштањето во употреба на новиот објект на општинаската администрација на Ѓорче Петров. Во таа пригода, Мицкоски истакна новата општинска зграда ќе им овозможи на граѓаните многу подобри услови да ги завршат своите обврски и потреби поврзани со локалната самоуправа.
Условите коишто се внатре се навистина европски и јас очекувам дека на тој начин многу ќе се подобри квалитетот на работата. Иако и до сега квалитетот на работата во Општина Ѓорче Петров под водство на Александар Стојкоски беше навистина на едно супер европско ниво, сега можеме да кажеме дека имаме и чекор понапред во делот на комфорот итн.   Нормално е дека човек е секогаш среќен и задоволен кога може да биде дел од еден ваков проект. Многу често сме во општина Ѓорче Петров, отпочнуваме или пак завршуваме проекти кои што се додадена вредност за самата општина, истакна Мицкоски.
Тој истакна дека во изминатиот период, општината се соочила со тешки услови за работа и огромен наследен долг, но дека градоначалникот Стојкоски, со тимска работа, успеал за овие нешто помалку од две години, во најголема мера да го врати тој долг, но и да обезбеди средства за дополнителни инвестиции.

The post Мицкоски: Денес квалитетот на работата во Општина Ѓорче Петров е на европско ниво appeared first on Република.

]]>
Стојкоски ја пушти во употреба новата и ефикасна општинска зграда на Ѓорче Петров https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stojkoski-ja-pushti-vo-upotreba-novata-i-efikasna-opshtinska-zgrada-na-gorche-petrov/ Wed, 20 Sep 2023 19:08:02 +0000 https://republika.mk/?p=683576

На денот на општина Ѓорче Петров, градоначалникот Александар Стојкоски, свечено ја отвори новата зграда на општинската администрација. Како што истакна Стојкоски, пуштањето во употреба на овој објект се поклопува со денот кога се одбележува 27 години постоење на општината како единица на локалната самоуправа и 107 години од формирање на населеното место Ѓорче Петров.

Денеска сме пресреќни затоа што можеме да го означиме и официјалниот почеток, односно влезот во новиот општински објект кој се реализираше во изминатите 10 години денес ја имаме можноста свечено да го отвориме, да присуствуваме на еден ваков настан со кој ќе го одбележиме почетокот на новиот дом во Ѓорче Петров.

Сакам да се заблагодарам на сите чинители кои имаа можност досега да бидат вклучени во реализацијата на овој капитален проект, кој и носи на општината 1200 метри квадратни административен простор, во кој конечно на едно место ќе работат сите служби наместо просторот кој го користевме досега на пет различни локации. Многу ќе им олесни на жителите во извршување на нивните потреби кои ги имаат од страна на општинските служби, а воедно и многукратно ја зголемуваме функционалноста и оперативноста на општинската администрација.

Би истакнал и нешто друго што е многу важно, се наоѓаме пред сериозни искушенија поминавме енергетска криза, овој објект е енергетски ефикасен и во изминатиов период ги реализиравме можеби за повеќе од 50% сите трошоци кои ги имавме во делот на електрична енергија, а секако ќе реализираме други трошоци кои се јавуваат како резултат на последното движење на локациите кои ги имаме.

Горд сум што бев вклучен во овој проект од самиот стар, најпрвин како претседател на Советот, и еве сега во функција на градоначалник да го означиме стартот на новата општинска зграда, изјави Стојкоски.

https://www.youtube.com/watch?v=If8vn3STfSw

The post Стојкоски ја пушти во употреба новата и ефикасна општинска зграда на Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>

На денот на општина Ѓорче Петров, градоначалникот Александар Стојкоски, свечено ја отвори новата зграда на општинската администрација. Како што истакна Стојкоски, пуштањето во употреба на овој објект се поклопува со денот кога се одбележува 27 години постоење на општината како единица на локалната самоуправа и 107 години од формирање на населеното место Ѓорче Петров.
Денеска сме пресреќни затоа што можеме да го означиме и официјалниот почеток, односно влезот во новиот општински објект кој се реализираше во изминатите 10 години денес ја имаме можноста свечено да го отвориме, да присуствуваме на еден ваков настан со кој ќе го одбележиме почетокот на новиот дом во Ѓорче Петров.   Сакам да се заблагодарам на сите чинители кои имаа можност досега да бидат вклучени во реализацијата на овој капитален проект, кој и носи на општината 1200 метри квадратни административен простор, во кој конечно на едно место ќе работат сите служби наместо просторот кој го користевме досега на пет различни локации. Многу ќе им олесни на жителите во извршување на нивните потреби кои ги имаат од страна на општинските служби, а воедно и многукратно ја зголемуваме функционалноста и оперативноста на општинската администрација.   Би истакнал и нешто друго што е многу важно, се наоѓаме пред сериозни искушенија поминавме енергетска криза, овој објект е енергетски ефикасен и во изминатиов период ги реализиравме можеби за повеќе од 50% сите трошоци кои ги имавме во делот на електрична енергија, а секако ќе реализираме други трошоци кои се јавуваат како резултат на последното движење на локациите кои ги имаме.   Горд сум што бев вклучен во овој проект од самиот стар, најпрвин како претседател на Советот, и еве сега во функција на градоначалник да го означиме стартот на новата општинска зграда, изјави Стојкоски.
https://www.youtube.com/watch?v=If8vn3STfSw

The post Стојкоски ја пушти во употреба новата и ефикасна општинска зграда на Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>
Вардар е Македонија, Македонија е Вардар!: Ѓорче Петров се приклучи кон општините кои ќе му помогнат на клубот https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/vardar-e-makedonija-makedonija-e-vardar-gorche-petrov-se-prikluchi-kon-opshtinite-koi-ke-mu-pomognat-na-klubot/ Tue, 30 May 2023 13:33:17 +0000 https://republika.mk/?p=646155

Ѓорче Петров се приклучува кон скопските општини кои ќе му помогнат на фудбалскиот клуб Вардар. Како што објави градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски,  игралиштето во Волково ќе му биде отстапено на Вардар за да го користат младите категории на „црвено-црните“.

ФК Вардар е најголемиот фудбалски и спортски бренд во Република Македонија и тој мора повторно да блесне во истиот сјај и да се издигне на пиедесталот.
Денес на средбата со претставниците од навивачката група „Комити“ кои што во изминатиот период макотрпно работат на издигнување на клубот, но и на националната свест, договоривме фудбалскиот клуб Вардар да го користи фудбалското игралиште во Волково, каде што ќе тренираат младинските категории и сите оние кои што ќе имаат потреба од теренот.
По убавата вест за влегувањето на клубот во првата македонска фудбалска лига, оваа помош од Општина Ѓорче Петров ќе придонесе во решавањето на проблемите на ФК Вардар на долг рок.
Наш императив е поддршка и развој на спортот, а ситуацијата на ФК Вардар е вистинска можност да покажеме човечка и спортска емпатија. Токму поради тоа се одлучивме на овој чекор.
Вардар е Македонија, Македонија е Вардар!, напиша Стојкоски.

Претходно општина Аеродром му отстапи игралиште на Вардар за тренинзи, а општина Кисела Вода му донираше милион денари, а помош испратија и Центар и Карпош.

The post Вардар е Македонија, Македонија е Вардар!: Ѓорче Петров се приклучи кон општините кои ќе му помогнат на клубот appeared first on Република.

]]>

Ѓорче Петров се приклучува кон скопските општини кои ќе му помогнат на фудбалскиот клуб Вардар. Како што објави градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски,  игралиштето во Волково ќе му биде отстапено на Вардар за да го користат младите категории на „црвено-црните“.
ФК Вардар е најголемиот фудбалски и спортски бренд во Република Македонија и тој мора повторно да блесне во истиот сјај и да се издигне на пиедесталот. Денес на средбата со претставниците од навивачката група „Комити“ кои што во изминатиот период макотрпно работат на издигнување на клубот, но и на националната свест, договоривме фудбалскиот клуб Вардар да го користи фудбалското игралиште во Волково, каде што ќе тренираат младинските категории и сите оние кои што ќе имаат потреба од теренот. По убавата вест за влегувањето на клубот во првата македонска фудбалска лига, оваа помош од Општина Ѓорче Петров ќе придонесе во решавањето на проблемите на ФК Вардар на долг рок. Наш императив е поддршка и развој на спортот, а ситуацијата на ФК Вардар е вистинска можност да покажеме човечка и спортска емпатија. Токму поради тоа се одлучивме на овој чекор. Вардар е Македонија, Македонија е Вардар!, напиша Стојкоски.
Претходно општина Аеродром му отстапи игралиште на Вардар за тренинзи, а општина Кисела Вода му донираше милион денари, а помош испратија и Центар и Карпош.

The post Вардар е Македонија, Македонија е Вардар!: Ѓорче Петров се приклучи кон општините кои ќе му помогнат на клубот appeared first on Република.

]]>
Отворени вратите за 150 дечиња во новата градинка „Сонце“ во Волково! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/otvoreni-vratite-za-150-dechina-vo-novata-gradinka-sontse-vo-volkovo/ Thu, 16 Feb 2023 12:08:26 +0000 https://republika.mk/?p=609749

Отворени вратите за 150 дечиња во новата градинка „Сонце“ во Волково!

Чест ми е што во мојот мандат, заедно со мојот тим и со финансиско учество на општината од 9 милиони денари го завршивме овој грандиозен објект. Дечињата во овој објект ќе бидат згрижени почнувајќи од понеделник во возрасни групи од 9 месеци до 6 години, поделени во 7 групи, порача денеска градончалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски.

Тој рече дек веќе аплицирале со проект за нова детска градинка во Дексион, а изработен е и проект за нов објект во Стопански Двор.

Исто така, одлична вест е што работиме и на уште две локации за градинки во урбаниот дел на Ѓорче Петров. Продолжуваме со работа со засилено темпо. Ѓорче Петров ќе биде урбано јадро со решени проблеми. Граѓаните заслужуваат добри услови и тие остануваат наш приоритет, порача Стојкоски.

The post Отворени вратите за 150 дечиња во новата градинка „Сонце“ во Волково! appeared first on Република.

Отворање на новата градинка за 150 дечиња од Ѓорче Петров на 16 февруари https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/otvorane-na-novata-gradinka-za-150-dechina-od-gorche-petrov-na-16-fevruari/ Fri, 10 Feb 2023 11:24:42 +0000 https://republika.mk/?p=607330

Во тек се последните подготовки за пуштање во употреба на градинката во Волково, соопшти градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Објектот изработен по светски стандарди ќе згрижи над 150 дечиња од Ѓорче Петров поделени во 7 групи. Вкупната површина е 1.558,86 м2, а површината на дворот, е 6.161 м2. Свеченото отворање е на 16-ти февруари, соопшти Стојкоски, споделувајќи фотографии од објектот.

The post Отворање на новата градинка за 150 дечиња од Ѓорче Петров на 16 февруари appeared first on Република.

Ѓорче Петров ќе добие прв регионален центар за рехабилитација на деца кои се избориле со карцином https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gorche-petrov-ke-dobie-prv-regionalen-tsentar-za-rehabilitatsija-na-detsa-koi-se-izborile-so-kartsinom/ Sun, 08 Jan 2023 09:12:08 +0000 https://republika.mk/?p=594550

Промените кои се случуваат во Општина Ѓорче Петров ги правиме заедно, јас и вие граѓаните на општината. Оваа година за прв пат направивме отворени денови на општината Ѓорче Петров, денови во кои вие можевте да дадете идеи кои се во насока на подобрување на условите во местата во кои живеете. Дополнително за прв пат спроведовме и јавна анкета каде сите имаа можност преку дигитална форма да се обратат и да ги кажат кои се потребите во местата каде што живеат, изјави во своето обраќање градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Стојкоски во своето обраќање истакна дека за предлогот на граѓаните за реконструкција на улицата Христо Батанџиев се обезбедени средства да се заврши овој децениски проблем, но и дека ќе се реконструираат над 20 други улици.

Покрај овој проект во оваа година предвидовме реализација и на многу други капитални проекти. Општина Ѓорче Петров ќе добие реконструирани нови над 20 улици за што издвоивме над 20 милиони денари. Согласно барањата кои ги доставивте до нас при припремата на буџетот се насочуваме кон реконструирање и модернизирање на детските игралишта. Ги реконструираме и модернизираме детските игралишта во Хром, на улица Шитска, а ќе изградиме и ново детско игралиште во ОУ Мирче Ацев - рече тој.

Стојкоски додаде дека ќе се изработи проектна документација за две нови детски градинки, а ќе отпочне и со реализација на нова пречистителна станица во селото Орман.

Ќе работиме со силна посветеност, да ги решиме долгогодишните проблеми на граѓаните. Продолжуваме неуморно да работиме и да решаваме децениски проблеми. Заедно и одговорно за промени кои се случуваат - истакна Стојкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потенцираше дека Стојкоски затекна општина со многу долгови и нерешени проблеми, но можеме да бидеме задоволни затоа што општина Ѓорче Петров во првата година инвестираше 50 милиони денари за развој.

Свесен сум дека мора уште повеќе и уште подобро. Затоа оваа година ќе се инвестираат нови 140 милиони денари за капитални инвестиции. Општина Ѓорче Петров ќе добие нов и прв регионален центар за рехабилитација на деца кои се избориле со карцином, навистина важен проект. И ќе се реализираат многу други проекти. Работата е тоа што го одликува ВМРО-ДПМНЕ. Чесно и одговорно да покажеме дека има надеж и дека во општините победуваме така што решаваме проблеми. За заедничка иднина, за развиени општини Промените на дело - изјави Мицкоски.

The post Ѓорче Петров ќе добие прв регионален центар за рехабилитација на деца кои се избориле со карцином appeared first on Република.

]]>

Промените кои се случуваат во Општина Ѓорче Петров ги правиме заедно, јас и вие граѓаните на општината. Оваа година за прв пат направивме отворени денови на општината Ѓорче Петров, денови во кои вие можевте да дадете идеи кои се во насока на подобрување на условите во местата во кои живеете. Дополнително за прв пат спроведовме и јавна анкета каде сите имаа можност преку дигитална форма да се обратат и да ги кажат кои се потребите во местата каде што живеат, изјави во своето обраќање градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Стојкоски во своето обраќање истакна дека за предлогот на граѓаните за реконструкција на улицата Христо Батанџиев се обезбедени средства да се заврши овој децениски проблем, но и дека ќе се реконструираат над 20 други улици.
Покрај овој проект во оваа година предвидовме реализација и на многу други капитални проекти. Општина Ѓорче Петров ќе добие реконструирани нови над 20 улици за што издвоивме над 20 милиони денари. Согласно барањата кои ги доставивте до нас при припремата на буџетот се насочуваме кон реконструирање и модернизирање на детските игралишта. Ги реконструираме и модернизираме детските игралишта во Хром, на улица Шитска, а ќе изградиме и ново детско игралиште во ОУ Мирче Ацев - рече тој.
Стојкоски додаде дека ќе се изработи проектна документација за две нови детски градинки, а ќе отпочне и со реализација на нова пречистителна станица во селото Орман.
Ќе работиме со силна посветеност, да ги решиме долгогодишните проблеми на граѓаните. Продолжуваме неуморно да работиме и да решаваме децениски проблеми. Заедно и одговорно за промени кои се случуваат - истакна Стојкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потенцираше дека Стојкоски затекна општина со многу долгови и нерешени проблеми, но можеме да бидеме задоволни затоа што општина Ѓорче Петров во првата година инвестираше 50 милиони денари за развој.
Свесен сум дека мора уште повеќе и уште подобро. Затоа оваа година ќе се инвестираат нови 140 милиони денари за капитални инвестиции. Општина Ѓорче Петров ќе добие нов и прв регионален центар за рехабилитација на деца кои се избориле со карцином, навистина важен проект. И ќе се реализираат многу други проекти. Работата е тоа што го одликува ВМРО-ДПМНЕ. Чесно и одговорно да покажеме дека има надеж и дека во општините победуваме така што решаваме проблеми. За заедничка иднина, за развиени општини Промените на дело - изјави Мицкоски.

The post Ѓорче Петров ќе добие прв регионален центар за рехабилитација на деца кои се избориле со карцином appeared first on Република.

]]>
Стојкоски: Нова детска градинка во Волково со капацитет за над 135 деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stojkoski-nova-detska-gradinka-vo-volkovo-so-kapatsitet-za-nad-135-detsa/ Fri, 30 Dec 2022 11:26:48 +0000 https://republika.mk/?p=591832

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски и претседетелот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска извршија удив во градежните активности на новата детска градинка „Сонце“, – дел од градинката „Росица“ во Ѓорче Петров. Новата градинка е на површина од 1.600 метри квадратни, а има капацитет за околу 135 деца.

– Пректот е финансиран од Светска банка преку Министерството за труд и социјална политика во поголем дел и дел од она што го завршивме како градежни активности од приближно седум милиони денари од страна на Општината. Успеавме да ги надминеме сите градежни проблеми. Објектот е 1.600 метри квадратни корисна површина, во кој ќе може да се сместат седум групи на дечиња од различна возраст, наведе Стојкоски.

https://www.youtube.com/watch?v=FsL-rkZAFZQ&feature=emb_title

Тој додаде дека по сите стандарди во градинката ќе можат да се сместат над 135 деца.

– Успеавме да ги надминеме недоразбирањата со МТСП бидејќи цела година баравме согласности за нови вработувања за да го отвориме овој објект.Со ова решаваме горлив проблем, со отворање на овој објект очекуваме листата на чекање за упис во градинка да дојде до под 200 дечиња, истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров.

The post Стојкоски: Нова детска градинка во Волково со капацитет за над 135 деца appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски и претседетелот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска извршија удив во градежните активности на новата детска градинка „Сонце“, – дел од градинката „Росица“ во Ѓорче Петров. Новата градинка е на површина од 1.600 метри квадратни, а има капацитет за околу 135 деца.
– Пректот е финансиран од Светска банка преку Министерството за труд и социјална политика во поголем дел и дел од она што го завршивме како градежни активности од приближно седум милиони денари од страна на Општината. Успеавме да ги надминеме сите градежни проблеми. Објектот е 1.600 метри квадратни корисна површина, во кој ќе може да се сместат седум групи на дечиња од различна возраст, наведе Стојкоски.
https://www.youtube.com/watch?v=FsL-rkZAFZQ&feature=emb_title Тој додаде дека по сите стандарди во градинката ќе можат да се сместат над 135 деца. – Успеавме да ги надминеме недоразбирањата со МТСП бидејќи цела година баравме согласности за нови вработувања за да го отвориме овој објект.Со ова решаваме горлив проблем, со отворање на овој објект очекуваме листата на чекање за упис во градинка да дојде до под 200 дечиња, истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров.

The post Стојкоски: Нова детска градинка во Волково со капацитет за над 135 деца appeared first on Република.

]]>