александар спасеновски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-spasenovski/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jun 2024 09:33:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png александар спасеновски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-spasenovski/ 32 32 Европските релации и домашниот легитимитет – основа за добар старт на новата влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/evropskite-relatsii-i-domashniot-legitimitet-osnova-za-dobar-start-na-novata-vlada/ Tue, 11 Jun 2024 09:33:31 +0000 https://republika.mk/?p=786498

Во неодамнешното гостување во централниот дневник на Сител, универзитетскиот професор Александар Спасеновски разговараше за значајните влијанија на изборите за Европскиот парламент врз политичкиот пејсаж во Република Македонија. Истакнувајќи го успехот на Европската народна партија, Спасеновски ги подвлече добрите врски помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и различните политички групи од десниот центар и независните пратеници, истакнувајќи дека миже да се очекува овие сојузи позитивно да влијаат врз евроинтеграцискиот процес на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ на последните избори доби огромен легитимитет, а реорганизацијата на министерствата е дел од таквата граѓанска поддршка бидејќи истата беше дел од предизборната програма на оваа партија - истакна Спасеновски.

Според него, ова е резултат на широката јавна поддршка што ја доби ВМРО-ДПМНЕ, сугерирајќи стабилен мандат за спроведување на неопходните реформи.

Спасеновски посочи и дека сегашната владејачка коалиција има чисто мнозинство со поддршка од близу две третини од пратениците заради што не е логично да се мисли дека во исттаа би можело да се вклучи и ДУИ, партијата која претходно раководеше со институциите и заради која, меѓу другото, ВМРО-ДПМНЕ однесе убедлива победа на изборите.

The post Европските релации и домашниот легитимитет – основа за добар старт на новата влада appeared first on Република.

]]>

Во неодамнешното гостување во централниот дневник на Сител, универзитетскиот професор Александар Спасеновски разговараше за значајните влијанија на изборите за Европскиот парламент врз политичкиот пејсаж во Република Македонија. Истакнувајќи го успехот на Европската народна партија, Спасеновски ги подвлече добрите врски помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и различните политички групи од десниот центар и независните пратеници, истакнувајќи дека миже да се очекува овие сојузи позитивно да влијаат врз евроинтеграцискиот процес на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ на последните избори доби огромен легитимитет, а реорганизацијата на министерствата е дел од таквата граѓанска поддршка бидејќи истата беше дел од предизборната програма на оваа партија - истакна Спасеновски.
Според него, ова е резултат на широката јавна поддршка што ја доби ВМРО-ДПМНЕ, сугерирајќи стабилен мандат за спроведување на неопходните реформи. Спасеновски посочи и дека сегашната владејачка коалиција има чисто мнозинство со поддршка од близу две третини од пратениците заради што не е логично да се мисли дека во исттаа би можело да се вклучи и ДУИ, партијата која претходно раководеше со институциите и заради која, меѓу другото, ВМРО-ДПМНЕ однесе убедлива победа на изборите.

The post Европските релации и домашниот легитимитет – основа за добар старт на новата влада appeared first on Република.

]]>
Спасеновски: Предностите од непосредниот избор на претседател на државата се повеќекратни и тоа треба така да остане https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasenovski-prednostite-od-neposredniot-izbor-na-pretsedatel-na-drzhavata-se-povekekratni-i-toa-treba-taka-da-ostane/ Sun, 25 Feb 2024 16:21:48 +0000 https://republika.mk/?p=748184

Коментирајќи ја иницијативата за измена на начинот на избор на Претседател на државата, професорот на Правниот факултет Александар Спасеновски истакна дека користа од непосредните избори е значителна и тоа треба така да остане.

Според Спасеновски постојат најмалку шест групи на причини во прилог на истакнатото:

Прво, директен мандат: изборите обезбедуваат претседателот да добие директен мандат од народот, зајакнувајќи го легитимитетот на оваа институција која ќе ја одразува волјата на мнозинството; второ отчетност: од директно избраните претседатели постои поголемо колективно чувство на одговорност; трето, кочници и рамнотежа: одвојувањето на изборот на претседател од законодавната власт спречува прекумерна концентрација на моќ во една гранка на власта; четврто, застапеност: изборите овозможуваат поразновидна застапеност на населението во највисоките функции, бидејќи граѓаните од различни региони и демографија можат да учествуваат во изборот на шефот на државата; петто, стабилност и континуитет: непосредно избраните претседатели обично имаат фиксни мандати, обезбедувајќи стабилност и континуитет во лидерството, што е во спротивност со потенцијалните несигурности што може да се појават ако претседателот зависи од законодавното одобрување за сопствената позиција", заклучува Спасеновски.

Според него, како последно, но не помалку важно непосредниот избор на претседателот на државата овозможува оваа институција да има најголем легитимитет, со што, во комбинација со надлежностите има капацитет да биде симбол на единството на нацијата.

The post Спасеновски: Предностите од непосредниот избор на претседател на државата се повеќекратни и тоа треба така да остане appeared first on Република.

]]>

Коментирајќи ја иницијативата за измена на начинот на избор на Претседател на државата, професорот на Правниот факултет Александар Спасеновски истакна дека користа од непосредните избори е значителна и тоа треба така да остане. Според Спасеновски постојат најмалку шест групи на причини во прилог на истакнатото:
Прво, директен мандат: изборите обезбедуваат претседателот да добие директен мандат од народот, зајакнувајќи го легитимитетот на оваа институција која ќе ја одразува волјата на мнозинството; второ отчетност: од директно избраните претседатели постои поголемо колективно чувство на одговорност; трето, кочници и рамнотежа: одвојувањето на изборот на претседател од законодавната власт спречува прекумерна концентрација на моќ во една гранка на власта; четврто, застапеност: изборите овозможуваат поразновидна застапеност на населението во највисоките функции, бидејќи граѓаните од различни региони и демографија можат да учествуваат во изборот на шефот на државата; петто, стабилност и континуитет: непосредно избраните претседатели обично имаат фиксни мандати, обезбедувајќи стабилност и континуитет во лидерството, што е во спротивност со потенцијалните несигурности што може да се појават ако претседателот зависи од законодавното одобрување за сопствената позиција", заклучува Спасеновски.
Според него, како последно, но не помалку важно непосредниот избор на претседателот на државата овозможува оваа институција да има најголем легитимитет, со што, во комбинација со надлежностите има капацитет да биде симбол на единството на нацијата.

The post Спасеновски: Предностите од непосредниот избор на претседател на државата се повеќекратни и тоа треба така да остане appeared first on Република.

]]>
Спасеновски: Јасните сигнали на поддршка на „тивкото мнозинство“ членови на партијата се убава потврда за ова што го говорам https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasenovski-jasnite-signali-na-poddrshka-na-tivkoto-mnozinstvo-chlenovi-na-partijata-se-ubava-potvrda-za-ova-shto-go-govoram/ Sat, 06 Jan 2024 13:19:27 +0000 https://republika.mk/?p=730426

Александар Спасеновски, професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за весникот КОХА зборува за уставните измени, за нашиот европски пат, новото парламентарно мнозинство, за комбинаторики и калкулации, коалицирање и политички пазари… Вели дека ВМРО-ДПМНЕ е неспорниот победник на следните парламентарни избори. Проф.др. Александар Спасеновски се споменува како еден од можните кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата.

КОХА: Важите за смирен и разумен професор по Уставно Право и политички систем. Иако десничарските ставови ви се блиски, сепак, многу пати знаете јавно да им кажете на сопартијците дека со глава во ѕид не се оди. Таков е примерот со барањето за уставни измени. Додека за многумина тоа е неразумно, вие велите дека технички е возможно уставните измени да се случат и да имаат одложена примена. Спасеновски, што ќе добие Македонија и дали ова ќе биде прифатливо за Бугарија?

СПАСЕНОВСКИ: Република Македонија е предолго надвор од ЕУ и тоа има негативен одраз врз вкупниот развој на државата. Причините за тоа се повеќеслојни: од една страна, тука е неспремноста на одредени држави-членки на Унијата за нејзино проширување, како и честата злоупотреба на механизмите на одлучување на ЕУ од страна на други држави-членки. Но, од друга страна, тука е и следната група на домашни причини поврзани со отсуството на реформи и со присуство на еден лицемерен однос во кој под паролата „сега во ЕУ“ се изроди еден во суштинаанти европски систем во којимаме отсуство на примена на начелото на владеење на правото.

Пред последната етапа на македонскиот демократски развој, за жал, се испречија барањата на официјална Софија кои природно наидуваат на голем отпор од мнозинството од граѓаните. Сите изјави дека решението на историски напластените барања на Бугарија е „зад аголот“, односно дека само треба да се направат уставните измени и сé ќе биде решено е едноставно – неточно. Наспроти тоа, една одговорна власт, треба јасно да ја определи магнитудата на бугарските барања кон Македонија и кон Македонците која не е воопшто наивна и крајно трпеливо, односно филигрански да му пристапи на овој проблем, настојувајќи истиот да го реши што поповолно за државата.

Вкупно земено, во однос на ова прашање во сржта на нашата политика треба да бидат ставовите на нашите стратешки партнери како што се САД и Германија. Наспроти целата неразумност на повеќе аспекти од политиката на Бугарија кон Република Македонија, поддршката на овие сојузнички држави на нашиот европски пат, претставува сериозна варијабла која е од голема полза за да се надминат несогласувањата со официјална Софија на начин со кој ќе се заштитат македонските државни интереси, а притоа нема да се доведе во опасност динамиката на европските интеграции на нашата држава.

КОХА: Што ќе се случи ако не се донесат Уставните измени? Политичките изјави по ова прашање беа толку црни што се спомнуваше и безбедносна криза. Колку се реални ваквите сценарија?

СПАСЕНОВСКИ: Уставните измени во овој собраниски состав извесно е дека нема да се реализираат. Република Македонија полека влегува во предизборен период кој неформално ќе започне со изборот на новата влада, со што драстично се намалуваат и можностите за постигнување на консензус помеѓу партиите од власта и од опозицијата како единствен начин да се дојдедо уставни измени. Споменатотозначи дека граѓаните на изборите ќе одлучат на кој од понудените концепти ќе му дадат легитимитет: на тој на владеачката коалиција или на тој на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа смисла, гледаме дека и Албанците сé повеќе стануваат свесни дека партиите за кои тие гласаат се во расчекор помеѓу декларираните изјави за членството во ЕУ наспроти нивните конкретни постапки. Вистинското прашање треба да биде: колку граѓаните живеат подобро?

Сметам дека сите граѓани независно од нивната етничка припадност ги имаат истите сериозни проблеми бидејќи политичарите што ги водат се силни на зборови за остварување на големи државни цели, но се слаби на дела.

Република Македонија го направи демократскиот исчекор со членството во НАТО и го положи тестот на својата демократска зрелост изминатите три децении. Оттаму, овој тип на повици за наводни безбедносни кризи сакам да мислам дека имаат повеќе врска со желбата за стекнување на политички поени преку играње на картата на национализмот, што секако е лошо и за осуда бидејќи еден национализам потхранува друг национализам и многу малку треба да се изместат нештата од едно демократско тежиште. Сепак, овој тип на конфронтирачки ставови мислам дека се на маргините од нашиот политички живот и сум уверен дека тие се осудени на пропаст. Во однос на оваа тема, како апсолутно доминантен треба да се акцентира коректниот однос на најголемиот дел од партиите на Албанците во однос на стравовите на Македонците поврзани со позициите на официјална Софија.

КОХА: 2024 е година на избори. Ќе се прават комбинаторики и калкулации, коалицирање и политичкипазари. Кои се моменталните разговори? Има ли можност за широка Влада со или без ДУИ, коалиција соалбанската опозиција или евентуална коалиција со Левица? Имали ВМРО-ДПМНЕ јасен план за црвенилинии?

СПАСЕНОВСКИ: Резултатите од изборите и сродноста на политичките програми на партиите ќе го определат карактерот на новото парламентарно мнозинство кое ќе ја избере следната влада. Сите досегашни сојузи ќе се распрснат како меур од сапуница кога ќе се соочат со резултатот од изборите. Тогаш ќе се случи големото ресетирање на системот после кое ќе започнат сериозните разговори за состав на идната влада. ВМРО-ДПМНЕ е неспорниот победник на следните парламентарни избори. Тоа е факт кој никој не го спори. Она што е непознато е големината на таа победа од која ќе зависат следните потези во однос на коалицирањата. Тука, пак, сакам да истакнам дека изминатите години ВМРО-ДПМНЕ трпеливо го подобрува својот коалициски капацитет, имиџ и односи со албанските партии.

Заедничкиот патриотизам претставува поврзување помеѓу сите граѓани во однос на важни точки како што е образованието, здравството, науката, прогресот и економијата кои се во целосна спротивност со старите теми кои внесуваат раздор и кои се злоупотребуваат од разни страни кога им е тоа потребно;второ, промената на доктрината на Конгресот беше најавена со еден друг важен настан од 2020 година, кога под покровителство на германската фондација Конрад Аденауер, ВМРО-ДПМНЕ одржа заедничка конференција со дел од албанските партии од Македонија, од Косово и од Албанија како начин да ги изгради или да ги зајакне мостовите на меѓусебна соработка. Наспроти овој факт, сметам дека ВМРО-ДПМНЕ има и јасна проевропскаориентација која треба уште повеќе и уште поотворено да се афирмира за да не се остави простор за неосновани обвинувања од противниците. Овие два аспекта поврзани со новата доктрина и со членството во ЕУ, мислам дека многу јасно го определуваат типот на сојузниците на оваа партија после завршувањето на парламентарните избори.

КОХА: Освен парламентарни, ќе има и претседателски избори. Вашето име се спомнува дека се наоѓа на партиските анкети и дека ви се мери рејтинг. Имате ли разговарано со Мицкоски? Каков е вашиот став околу претседателска кандидатура?

СПАСЕНОВСКИ: Официјално немам разговарано со претседателот на Партијата во врска со оваа тема. Сепак, може да потврдам дека повеќе месеци наназад моето име е дел од анкетите што се прават во ВМРО-ДПМНЕ поврзани со евентуалната моја претседателска номинација. Како што и самата партија потврди во повеќе наврати, на почетната листа од 20-тина личности се наоѓа и моето име, а во меѓувреме, таа листа е драстично скусена и на неа повторно се наоѓа моето име. Овој исход претставува сатисфакција во два дела: прво, тоа претставува валоризација на моите ставови; второ, овој одличен резултат е постигнат без било какви задкулисни сугестии, лобирања или влијанија во самата партија.

Република Македонија за мене е повеќе од држава. Тоа е моето родно огниште кое идентитетски ме детерминира. Во тој поглед, нема поголема чест од можноста да се работи за државата и да се бориме за она што претставува интерес и цел за сите граѓани.

Да сумирам: внатрепартиската дебата се приближува до финалето. Какви ќе бидат резултатите од таквата дебата, не можам со сигурност да потврдам, но знам дека заедно со нашиот тим во континуитет трпеливо го афирмираме нашиот поглед на нештата и веруваме во исправниот карактер на нашите идеи! Јасните сигнали на поддршка на – верувам „тивкото мнозинство“ членови на партијата се убава потврда за ова што го говорам. Сосема на крај, да заклучам: сатисфакција би била можната кандидатура за претседател на државата, но последниот збор го има партијата и тоа го почитувам.

КОХА: Бевте политички активен, па потоа малку се повлековте, а како причина наведовте дека една од клучните особини на изборните кампањи е доминирање на негативна кампања, односно напад кон противникот наспроти позитивна кампања или претставување на визии, заложби на партиите. Во моментот освен агресивни, лични и ниски напади, нема некоја „скандинавска“ политичка атмосфера. Може ли тоа да ве предомисли ако ви биде понудена кандидатура?

СПАСЕНОВСКИ: Негативната кампања не е екслузивна особеност само за политичките кампањи кај нас. Сепак, она што нас нé разликува од другите демократски државие интензитетот и степенот на нејзиното присуство. Сметам дека овој тип на агресивен однос помеѓу партиите се пресликува и во односите помеѓу граѓаните кои политички дополнително се радикализираат. Со тоа, повеќе од една деценија се наоѓаме во маѓепсан круг на конфликти кои ѝ штетат на демократијата. Истовремено, раните од реваншизмот на власта кон опозицијата не се зацелени, а не сум сигурен и дека има сериозни обиди тие да заздрават. Истовремено, некогаш се добива впечаток дека делови од владеачките партии повеќе се занимаваат со политичкиот противник во отсуство на проекти и дела.

Гледајќи оптимистички кон нештата, ги оценувам како позитивни некои повици за помирување помеѓу партиите на левицата и на десницата, но сметам дека на тоа треба да му претходи искрено каење и искрено извинување. Од сите страни! Дали ова ќе се случи после следните избори, не можам со сигурност да кажам, но знам дека тоа е нешто што суштински ѝ е потребно на Република Македонија за да може во единство да се справи со сите предизвици. Најдобрите ставови и политики за оваа земја секогаш биле оние зад кои било постигнато единство помеѓу партиите од левицата и од десницата заедносо меѓуетничко единство помеѓу Македонците, Албанците и останатите. Да се водиме од овие искуства и да влијаеме позитивно за намалување на политичката тензија во кампањите.

The post Спасеновски: Јасните сигнали на поддршка на „тивкото мнозинство“ членови на партијата се убава потврда за ова што го говорам appeared first on Република.

]]>

Александар Спасеновски, професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за весникот КОХА зборува за уставните измени, за нашиот европски пат, новото парламентарно мнозинство, за комбинаторики и калкулации, коалицирање и политички пазари… Вели дека ВМРО-ДПМНЕ е неспорниот победник на следните парламентарни избори. Проф.др. Александар Спасеновски се споменува како еден од можните кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата.   КОХА: Важите за смирен и разумен професор по Уставно Право и политички систем. Иако десничарските ставови ви се блиски, сепак, многу пати знаете јавно да им кажете на сопартијците дека со глава во ѕид не се оди. Таков е примерот со барањето за уставни измени. Додека за многумина тоа е неразумно, вие велите дека технички е возможно уставните измени да се случат и да имаат одложена примена. Спасеновски, што ќе добие Македонија и дали ова ќе биде прифатливо за Бугарија? СПАСЕНОВСКИ: Република Македонија е предолго надвор од ЕУ и тоа има негативен одраз врз вкупниот развој на државата. Причините за тоа се повеќеслојни: од една страна, тука е неспремноста на одредени држави-членки на Унијата за нејзино проширување, како и честата злоупотреба на механизмите на одлучување на ЕУ од страна на други држави-членки. Но, од друга страна, тука е и следната група на домашни причини поврзани со отсуството на реформи и со присуство на еден лицемерен однос во кој под паролата „сега во ЕУ“ се изроди еден во суштинаанти европски систем во којимаме отсуство на примена на начелото на владеење на правото. Пред последната етапа на македонскиот демократски развој, за жал, се испречија барањата на официјална Софија кои природно наидуваат на голем отпор од мнозинството од граѓаните. Сите изјави дека решението на историски напластените барања на Бугарија е „зад аголот“, односно дека само треба да се направат уставните измени и сé ќе биде решено е едноставно – неточно. Наспроти тоа, една одговорна власт, треба јасно да ја определи магнитудата на бугарските барања кон Македонија и кон Македонците која не е воопшто наивна и крајно трпеливо, односно филигрански да му пристапи на овој проблем, настојувајќи истиот да го реши што поповолно за државата. Вкупно земено, во однос на ова прашање во сржта на нашата политика треба да бидат ставовите на нашите стратешки партнери како што се САД и Германија. Наспроти целата неразумност на повеќе аспекти од политиката на Бугарија кон Република Македонија, поддршката на овие сојузнички држави на нашиот европски пат, претставува сериозна варијабла која е од голема полза за да се надминат несогласувањата со официјална Софија на начин со кој ќе се заштитат македонските државни интереси, а притоа нема да се доведе во опасност динамиката на европските интеграции на нашата држава. КОХА: Што ќе се случи ако не се донесат Уставните измени? Политичките изјави по ова прашање беа толку црни што се спомнуваше и безбедносна криза. Колку се реални ваквите сценарија?
СПАСЕНОВСКИ: Уставните измени во овој собраниски состав извесно е дека нема да се реализираат. Република Македонија полека влегува во предизборен период кој неформално ќе започне со изборот на новата влада, со што драстично се намалуваат и можностите за постигнување на консензус помеѓу партиите од власта и од опозицијата како единствен начин да се дојдедо уставни измени. Споменатотозначи дека граѓаните на изборите ќе одлучат на кој од понудените концепти ќе му дадат легитимитет: на тој на владеачката коалиција или на тој на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа смисла, гледаме дека и Албанците сé повеќе стануваат свесни дека партиите за кои тие гласаат се во расчекор помеѓу декларираните изјави за членството во ЕУ наспроти нивните конкретни постапки. Вистинското прашање треба да биде: колку граѓаните живеат подобро?
Сметам дека сите граѓани независно од нивната етничка припадност ги имаат истите сериозни проблеми бидејќи политичарите што ги водат се силни на зборови за остварување на големи државни цели, но се слаби на дела. Република Македонија го направи демократскиот исчекор со членството во НАТО и го положи тестот на својата демократска зрелост изминатите три децении. Оттаму, овој тип на повици за наводни безбедносни кризи сакам да мислам дека имаат повеќе врска со желбата за стекнување на политички поени преку играње на картата на национализмот, што секако е лошо и за осуда бидејќи еден национализам потхранува друг национализам и многу малку треба да се изместат нештата од едно демократско тежиште. Сепак, овој тип на конфронтирачки ставови мислам дека се на маргините од нашиот политички живот и сум уверен дека тие се осудени на пропаст. Во однос на оваа тема, како апсолутно доминантен треба да се акцентира коректниот однос на најголемиот дел од партиите на Албанците во однос на стравовите на Македонците поврзани со позициите на официјална Софија. КОХА: 2024 е година на избори. Ќе се прават комбинаторики и калкулации, коалицирање и политичкипазари. Кои се моменталните разговори? Има ли можност за широка Влада со или без ДУИ, коалиција соалбанската опозиција или евентуална коалиција со Левица? Имали ВМРО-ДПМНЕ јасен план за црвенилинии?
СПАСЕНОВСКИ: Резултатите од изборите и сродноста на политичките програми на партиите ќе го определат карактерот на новото парламентарно мнозинство кое ќе ја избере следната влада. Сите досегашни сојузи ќе се распрснат како меур од сапуница кога ќе се соочат со резултатот од изборите. Тогаш ќе се случи големото ресетирање на системот после кое ќе започнат сериозните разговори за состав на идната влада. ВМРО-ДПМНЕ е неспорниот победник на следните парламентарни избори. Тоа е факт кој никој не го спори. Она што е непознато е големината на таа победа од која ќе зависат следните потези во однос на коалицирањата. Тука, пак, сакам да истакнам дека изминатите години ВМРО-ДПМНЕ трпеливо го подобрува својот коалициски капацитет, имиџ и односи со албанските партии.
 
Заедничкиот патриотизам претставува поврзување помеѓу сите граѓани во однос на важни точки како што е образованието, здравството, науката, прогресот и економијата кои се во целосна спротивност со старите теми кои внесуваат раздор и кои се злоупотребуваат од разни страни кога им е тоа потребно;второ, промената на доктрината на Конгресот беше најавена со еден друг важен настан од 2020 година, кога под покровителство на германската фондација Конрад Аденауер, ВМРО-ДПМНЕ одржа заедничка конференција со дел од албанските партии од Македонија, од Косово и од Албанија како начин да ги изгради или да ги зајакне мостовите на меѓусебна соработка. Наспроти овој факт, сметам дека ВМРО-ДПМНЕ има и јасна проевропскаориентација која треба уште повеќе и уште поотворено да се афирмира за да не се остави простор за неосновани обвинувања од противниците. Овие два аспекта поврзани со новата доктрина и со членството во ЕУ, мислам дека многу јасно го определуваат типот на сојузниците на оваа партија после завршувањето на парламентарните избори.
  КОХА: Освен парламентарни, ќе има и претседателски избори. Вашето име се спомнува дека се наоѓа на партиските анкети и дека ви се мери рејтинг. Имате ли разговарано со Мицкоски? Каков е вашиот став околу претседателска кандидатура?
СПАСЕНОВСКИ: Официјално немам разговарано со претседателот на Партијата во врска со оваа тема. Сепак, може да потврдам дека повеќе месеци наназад моето име е дел од анкетите што се прават во ВМРО-ДПМНЕ поврзани со евентуалната моја претседателска номинација. Како што и самата партија потврди во повеќе наврати, на почетната листа од 20-тина личности се наоѓа и моето име, а во меѓувреме, таа листа е драстично скусена и на неа повторно се наоѓа моето име. Овој исход претставува сатисфакција во два дела: прво, тоа претставува валоризација на моите ставови; второ, овој одличен резултат е постигнат без било какви задкулисни сугестии, лобирања или влијанија во самата партија.
Република Македонија за мене е повеќе од држава. Тоа е моето родно огниште кое идентитетски ме детерминира. Во тој поглед, нема поголема чест од можноста да се работи за државата и да се бориме за она што претставува интерес и цел за сите граѓани.
Да сумирам: внатрепартиската дебата се приближува до финалето. Какви ќе бидат резултатите од таквата дебата, не можам со сигурност да потврдам, но знам дека заедно со нашиот тим во континуитет трпеливо го афирмираме нашиот поглед на нештата и веруваме во исправниот карактер на нашите идеи! Јасните сигнали на поддршка на – верувам „тивкото мнозинство“ членови на партијата се убава потврда за ова што го говорам. Сосема на крај, да заклучам: сатисфакција би била можната кандидатура за претседател на државата, но последниот збор го има партијата и тоа го почитувам.
  КОХА: Бевте политички активен, па потоа малку се повлековте, а како причина наведовте дека една од клучните особини на изборните кампањи е доминирање на негативна кампања, односно напад кон противникот наспроти позитивна кампања или претставување на визии, заложби на партиите. Во моментот освен агресивни, лични и ниски напади, нема некоја „скандинавска“ политичка атмосфера. Може ли тоа да ве предомисли ако ви биде понудена кандидатура? СПАСЕНОВСКИ: Негативната кампања не е екслузивна особеност само за политичките кампањи кај нас. Сепак, она што нас нé разликува од другите демократски државие интензитетот и степенот на нејзиното присуство. Сметам дека овој тип на агресивен однос помеѓу партиите се пресликува и во односите помеѓу граѓаните кои политички дополнително се радикализираат. Со тоа, повеќе од една деценија се наоѓаме во маѓепсан круг на конфликти кои ѝ штетат на демократијата. Истовремено, раните од реваншизмот на власта кон опозицијата не се зацелени, а не сум сигурен и дека има сериозни обиди тие да заздрават. Истовремено, некогаш се добива впечаток дека делови од владеачките партии повеќе се занимаваат со политичкиот противник во отсуство на проекти и дела.
Гледајќи оптимистички кон нештата, ги оценувам како позитивни некои повици за помирување помеѓу партиите на левицата и на десницата, но сметам дека на тоа треба да му претходи искрено каење и искрено извинување. Од сите страни! Дали ова ќе се случи после следните избори, не можам со сигурност да кажам, но знам дека тоа е нешто што суштински ѝ е потребно на Република Македонија за да може во единство да се справи со сите предизвици. Најдобрите ставови и политики за оваа земја секогаш биле оние зад кои било постигнато единство помеѓу партиите од левицата и од десницата заедносо меѓуетничко единство помеѓу Македонците, Албанците и останатите. Да се водиме од овие искуства и да влијаеме позитивно за намалување на политичката тензија во кампањите.

The post Спасеновски: Јасните сигнали на поддршка на „тивкото мнозинство“ членови на партијата се убава потврда за ова што го говорам appeared first on Република.

]]>
Спасеновски: Погрешно е кога институциите преземаат обврски што не може да се испочитуваат како уставните измени – ЕУ важна цел и потребна е поголема одговорност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasenovski-pogreshno-e-koga-institutsiite-prezemaat-obvrski-shto-ne-mozhe-da-se-ispochituvaat-kako-ustavnite-izmeni-eu-vazhna-tsel-i-potrebna-e-pogolema-odgovornost/ Tue, 19 Dec 2023 18:41:37 +0000 https://republika.mk/?p=724654

Една од клучните особини на изборните кампањи е доминирање на негативна кампања, односно напад кон противникот наспроти позитивна кампања или претставување на визии, заложби на партиите. Тоа меѓу друго резултираше и со намален интерес за политиката, рече Александар Спасеновски, професор по Уставно право и политички систем, во гостување во емисијата "За или против: што се емитува на телевизија Алфа.

Професорот посочи дека ако на почетоците од осамостојувањето имавме излезност која надминуваше 70, 75 проценти сега на последните избори имавме 49 отсто излезност.

„Се разбира на тоа влијае исселувањето, стареење на населението, непрочистеност на избирачкиот список, тоа се аспекти кои имаат удел во ова. Потоа тука е и карактерот на кампањата, настанува поларизација и мислам дека сме дојдени до критична точка. Ние веќе една деценија живееме во ера на силна политичка поларизираност. Политичките партии како да се непријатели и политичката тензија никако да спласне“, рече Спасеновски.

Спасеновски посочи дека конечно треба да се прекине со политика на дисконтинуитет според која сѐ што правеле претходниците е целосно погрешно.

„Треба јасно да кажат партиите кои сегменти се вие сегменти се лоши ќе ги менуваме, а кои не се и ќе се продолжи со нивна реализација, потребна е политика на континуитет, а не на дисконтинуитет", рече Спасеносвки.

Говорејќи за претстојните избори Спасеновски вели дека нема дилеми за победата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Главна битка на ВМРО-ДПМНЕ според анкетите кои ги гледам не е победа, тоа е јасно, но поларизираноста и наративите водат кон тоа да има потреба опозицијата уште да се ангажира за создавање влада и тоа може да го направи на два начини, едниот начин е со уште поголем ангажман на сите нивоа, а вториот начин е зголемување на коалицискиот капацитет, да се возобноват мостовите со албанската заедница и со помалите политички партии, значи потребно е Македонија да влезе во ера на стабилност“, кажа Спасеновски.

Во однос на последните случувања со евроинтеграцијата професорот Спасеновски укажа дека одговорна држава не може да преземе обврски кои не може да ги испочитува, со таква обврска се прави штета на државата.

„      со право мислат дека им се ускратува нешто што им припаѓа. Кандидатски статус добиваат некои кои не исполнуваат услови. Многу е важно Македонија да ги надоградува сојузите и прво во НАТО и земјите членки, како и со САД и да се прикаже како лојален партнер и споделувач на тие вредности. Да, ние сме сведоци на однесувањето на Бугарија, но има и активности во позитивна насока за Македонија како чекори како на пример Германија. Решението не е едноставно, ова се лоши денови за нас од кои мора да излеземе и да го продолжиме европскиот пат. Многу е важно за Македонија да има столче на маса.

The post Спасеновски: Погрешно е кога институциите преземаат обврски што не може да се испочитуваат како уставните измени – ЕУ важна цел и потребна е поголема одговорност appeared first on Република.

]]>

Една од клучните особини на изборните кампањи е доминирање на негативна кампања, односно напад кон противникот наспроти позитивна кампања или претставување на визии, заложби на партиите. Тоа меѓу друго резултираше и со намален интерес за политиката, рече Александар Спасеновски, професор по Уставно право и политички систем, во гостување во емисијата "За или против: што се емитува на телевизија Алфа. Професорот посочи дека ако на почетоците од осамостојувањето имавме излезност која надминуваше 70, 75 проценти сега на последните избори имавме 49 отсто излезност. „Се разбира на тоа влијае исселувањето, стареење на населението, непрочистеност на избирачкиот список, тоа се аспекти кои имаат удел во ова. Потоа тука е и карактерот на кампањата, настанува поларизација и мислам дека сме дојдени до критична точка. Ние веќе една деценија живееме во ера на силна политичка поларизираност. Политичките партии како да се непријатели и политичката тензија никако да спласне“, рече Спасеновски. Спасеновски посочи дека конечно треба да се прекине со политика на дисконтинуитет според која сѐ што правеле претходниците е целосно погрешно. „Треба јасно да кажат партиите кои сегменти се вие сегменти се лоши ќе ги менуваме, а кои не се и ќе се продолжи со нивна реализација, потребна е политика на континуитет, а не на дисконтинуитет", рече Спасеносвки. Говорејќи за претстојните избори Спасеновски вели дека нема дилеми за победата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Главна битка на ВМРО-ДПМНЕ според анкетите кои ги гледам не е победа, тоа е јасно, но поларизираноста и наративите водат кон тоа да има потреба опозицијата уште да се ангажира за создавање влада и тоа може да го направи на два начини, едниот начин е со уште поголем ангажман на сите нивоа, а вториот начин е зголемување на коалицискиот капацитет, да се возобноват мостовите со албанската заедница и со помалите политички партии, значи потребно е Македонија да влезе во ера на стабилност“, кажа Спасеновски.
Во однос на последните случувања со евроинтеграцијата професорот Спасеновски укажа дека одговорна држава не може да преземе обврски кои не може да ги испочитува, со таква обврска се прави штета на државата. „      со право мислат дека им се ускратува нешто што им припаѓа. Кандидатски статус добиваат некои кои не исполнуваат услови. Многу е важно Македонија да ги надоградува сојузите и прво во НАТО и земјите членки, како и со САД и да се прикаже како лојален партнер и споделувач на тие вредности. Да, ние сме сведоци на однесувањето на Бугарија, но има и активности во позитивна насока за Македонија како чекори како на пример Германија. Решението не е едноставно, ова се лоши денови за нас од кои мора да излеземе и да го продолжиме европскиот пат. Многу е важно за Македонија да има столче на маса.      

The post Спасеновски: Погрешно е кога институциите преземаат обврски што не може да се испочитуваат како уставните измени – ЕУ важна цел и потребна е поголема одговорност appeared first on Република.

]]>
Спасеновски: Личниот рејтинг и ставовите се важни, но за партиите секакви опции се можни за претседателски кандидати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasenovski-lichniot-rejting-i-stavovite-se-vazhni-no-za-partiite-sekakvi-optsii-se-mozhni-za-pretsedatelski-kandidati/ Tue, 21 Nov 2023 19:05:19 +0000 https://republika.mk/?p=714905

Професорот Александар Спасеновски во гостувањето во „Тема на денот“ што се емитува во рамки на централниот Дневник на телевизија Сител, говорејќи за претстојните претседателски и парламентарни избори, а во врска со тоа дека се споменува и неговото име за кандидат за претседател, тој посочи дека е запознаен фактот дека партиите прават анкети.

Запознаен сум дека се прават анкети и дека долгата партиска листа се намалува. Сепак, личниот рејтинг и политичките ставови се само дел од критериумите бидејќи партиите при изборот се водат и од други познати и помалку познати варијабли - рече Спасеновски.

Професорот напомена дека комплексен е начинот на носење на одлуки во партиите во однос на изборот за кандидат за шеф на државата.

Оттука, а имајќи ги во предвид минатите искуства е дека секакви опции се возможни - рече Спасеновски.

The post Спасеновски: Личниот рејтинг и ставовите се важни, но за партиите секакви опции се можни за претседателски кандидати appeared first on Република.

Спасеновски за крстот на Шапка: Природно е да има верски симболи во дворови на верски храмови, политичката корист од разгорувањето на меѓурелигиските тензии прави штета https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasenovski-za-krstot-na-shapka-prirodno-e-da-ima-verski-simboli-vo-dvorovi-na-verski-hramovi-politichkata-korist-od-razgoruvaneto-na-megureligiskite-tenzii-pravi-shteta/ Tue, 21 Nov 2023 18:50:01 +0000 https://republika.mk/?p=714903

Во врска со политичката полемика во врска со поставувањето на крстот во кругот на манастирот „Свети Наум“ на Попов Шапка, причините треба да се бараат во одговорот на прашањето кој има корист од ваквиот обид за разгорување на меѓуверски тензии, истакна професорот Александар Спасеновски во гостувањето во „Тема на денот“ во централниот дневник на телевизија Сител.

Најмалку што ни е потребно е разгорување на верска нетрпеливост, а причините може да се најдат кај некои партии кои сакаат да остварат краткотрајна корист, но не треба да се исклучат и други надворешни хибридни влијанија на кои не им одговара стабилна Македонија - вели Спасеновски.

Според професорот Спасеновски, оваа верска симболика на Попова Шапка е непроменета повеќе децении, односно дека е природно да има верски симболи во дворовите на верските објекти и дека треба да се акцентира внимателноста на верските заедници, како и на граѓаните кои не избрзаа со погрешни квалификации.

The post Спасеновски за крстот на Шапка: Природно е да има верски симболи во дворови на верски храмови, политичката корист од разгорувањето на меѓурелигиските тензии прави штета appeared first on Република.

Спасеновски за ТВ21: Нека се крене маглата над Македонија и ќе донесеме одлука за претседателска номинација од oпозицијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasenovski-za-tv21-neka-se-krene-maglata-nad-makedonija-i-ke-doneseme-odluka-za-pretsedatelska-nominatsija-od-opozitsijata/ Mon, 06 Nov 2023 17:03:19 +0000 https://republika.mk/?p=698913

Едно од имињата кои се споменуваат како кандидат за претседателската трка идната година од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, е поранешниот пратеник и универзитетски професор Александар Спасеновски.

Тој беше во „Клик Плус“ на ТВ21 и одговори на прашањето дали е тој на листата на кандидати.

Мислам дека е рано за било каков одговор. И натаму постојат голем број непознаници со изборите, со карактерот, дали ќе бидат одвоени, и со оглед дека маглата не е расчистена, многу е рано да дадам одговор. Дали би прифатил? Не би можел да се изјаснам во оваа фаза - вели Спасеновски.

The post Спасеновски за ТВ21: Нека се крене маглата над Македонија и ќе донесеме одлука за претседателска номинација од oпозицијата appeared first on Република.

]]>

Едно од имињата кои се споменуваат како кандидат за претседателската трка идната година од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, е поранешниот пратеник и универзитетски професор Александар Спасеновски. Тој беше во „Клик Плус“ на ТВ21 и одговори на прашањето дали е тој на листата на кандидати.
Мислам дека е рано за било каков одговор. И натаму постојат голем број непознаници со изборите, со карактерот, дали ќе бидат одвоени, и со оглед дека маглата не е расчистена, многу е рано да дадам одговор. Дали би прифатил? Не би можел да се изјаснам во оваа фаза - вели Спасеновски.

The post Спасеновски за ТВ21: Нека се крене маглата над Македонија и ќе донесеме одлука за претседателска номинација од oпозицијата appeared first on Република.

]]>
Сите логични, практични и системски аргументи упатуваат на тоа дека најдобро за Македонија е претседателски и парламентарните избори да се одржат заедно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/site-logichni-praktichni-i-sistemski-argumenti-upatuvaat-na-toa-deka-najdobro-za-makedonija-e-pretsedatelski-i-parlamentarnite-izbori-da-se-odrzhat-zaedno/ Thu, 02 Nov 2023 21:40:46 +0000 https://republika.mk/?p=697606

Универзитетскиот професор Александар Спасеновски смета дека парламентарните и претседателските избори треба да бидат споени и тоа треба да се направи пред се затоа што 2024 година секако е изборна година и сите избори би имале карактер на редовни, а од друга страна и граѓаните да не се малтретираат по два пати да се мобилизираат и да излегуваат на гласање.

Професорот Спасеновски ова го истакна во денешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на телевизија Тв21 каде што додаде дека друг предизвик со кој би се соочиле претседателските избори, ако не се споени со парламентарните, постигнувањето на уставно задолжителниот цензус од 40% за истите да бидат успешни.

„Сите аргумени и логични, и практични, и системски упатуваат на тоа дека најдобро е во Република Македонија заедно да се одржат претседателските и парламентарните избори, заради тоа што на тој начин се пренебрегнуваат голем број на потенцијални проблеми и се намалува оној политички грч во кој што ќе влезе македонското општество по почетокот на новата година. Сметам дека во прилог на сето тоа имаме практична група на причини, се поедноставува целокупната постапка, граѓаните нема да имаат два пати обврска да излезат на избирачките места и да гласаат еднаш за претседателски, втор пат за парламентарни избори“, рече Спасеновски.

Од друга страна, додаде тој, се намалува грчот во целокупното општество поврзано со економијата, поврзано со функционирањето на институциите на државната власт, знаеме дека институциите за време на изборна кампања се во посебен режим на однесување поврзани со остварувањето на функциите на државната власта и поради тоа за доброто на државата и на демократските процеси пожелно е претседателските и парламентарните избори да бидат споени.

The post Сите логични, практични и системски аргументи упатуваат на тоа дека најдобро за Македонија е претседателски и парламентарните избори да се одржат заедно appeared first on Република.

]]>

Универзитетскиот професор Александар Спасеновски смета дека парламентарните и претседателските избори треба да бидат споени и тоа треба да се направи пред се затоа што 2024 година секако е изборна година и сите избори би имале карактер на редовни, а од друга страна и граѓаните да не се малтретираат по два пати да се мобилизираат и да излегуваат на гласање. Професорот Спасеновски ова го истакна во денешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на телевизија Тв21 каде што додаде дека друг предизвик со кој би се соочиле претседателските избори, ако не се споени со парламентарните, постигнувањето на уставно задолжителниот цензус од 40% за истите да бидат успешни.
„Сите аргумени и логични, и практични, и системски упатуваат на тоа дека најдобро е во Република Македонија заедно да се одржат претседателските и парламентарните избори, заради тоа што на тој начин се пренебрегнуваат голем број на потенцијални проблеми и се намалува оној политички грч во кој што ќе влезе македонското општество по почетокот на новата година. Сметам дека во прилог на сето тоа имаме практична група на причини, се поедноставува целокупната постапка, граѓаните нема да имаат два пати обврска да излезат на избирачките места и да гласаат еднаш за претседателски, втор пат за парламентарни избори“, рече Спасеновски.
Од друга страна, додаде тој, се намалува грчот во целокупното општество поврзано со економијата, поврзано со функционирањето на институциите на државната власт, знаеме дека институциите за време на изборна кампања се во посебен режим на однесување поврзани со остварувањето на функциите на државната власта и поради тоа за доброто на државата и на демократските процеси пожелно е претседателските и парламентарните избори да бидат споени.

The post Сите логични, практични и системски аргументи упатуваат на тоа дека најдобро за Македонија е претседателски и парламентарните избори да се одржат заедно appeared first on Република.

]]>
Спасеновски: Неизгласувањето на Закон предложен од Влада може да е знак за нестабилност во владејачката коалиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasenovski-neizglasuvaneto-na-zakon-predlozhen-od-vlada-mozhe-da-e-znak-za-nestabilnost-vo-vladejachkata-koalitsija/ Thu, 02 Nov 2023 21:24:48 +0000 https://republika.mk/?p=697604

Откако мнозинството пратеници денеска гласаа против Законот за амнестија предложен од министерот за правда Кренар Лога, професорот Александар Спасеновски смета дека ова неизгласување на закон предложен од Влада, е знак дека има нестабилност во владеачката коалиција.

Тој во вечерашното гостување на Тв21 рече дека ваквите спротивставени ставови се доказ дека има нестабилност, но дека не е толку страшно затоа што доаѓа пред крај на мандатот на оваа Влада.

„Кога имаме ситуација како денеска кога Предлог-закон од влада не е изгласан во Собрание, покажува дека постои нестабилност или хетерогеност во политичките ставови од страна на политичката власт. Тоа е индикатор дека истоветноста на ставовите во однос на заложбите е нарушена, и тоа би можело да биде предмет на поголема дебата, и би претставувало поголем проблем, доколку стануваше збор на почетокот на мандатот на влада. Но, откако станува збор за крај, ова може да се толкува заземање на политички позиции, во пресрет на изборите“, рече Спасеновски.

The post Спасеновски: Неизгласувањето на Закон предложен од Влада може да е знак за нестабилност во владејачката коалиција appeared first on Република.

]]>

Откако мнозинството пратеници денеска гласаа против Законот за амнестија предложен од министерот за правда Кренар Лога, професорот Александар Спасеновски смета дека ова неизгласување на закон предложен од Влада, е знак дека има нестабилност во владеачката коалиција. Тој во вечерашното гостување на Тв21 рече дека ваквите спротивставени ставови се доказ дека има нестабилност, но дека не е толку страшно затоа што доаѓа пред крај на мандатот на оваа Влада.
„Кога имаме ситуација како денеска кога Предлог-закон од влада не е изгласан во Собрание, покажува дека постои нестабилност или хетерогеност во политичките ставови од страна на политичката власт. Тоа е индикатор дека истоветноста на ставовите во однос на заложбите е нарушена, и тоа би можело да биде предмет на поголема дебата, и би претставувало поголем проблем, доколку стануваше збор на почетокот на мандатот на влада. Но, откако станува збор за крај, ова може да се толкува заземање на политички позиции, во пресрет на изборите“, рече Спасеновски.

The post Спасеновски: Неизгласувањето на Закон предложен од Влада може да е знак за нестабилност во владејачката коалиција appeared first on Република.

]]>
Спасеновски: И идната влада ќе има обврска да ги спроведе уставните измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasenovski-i-idnata-vlada-ke-ima-obvrska-da-gi-sprovede-ustavnite-izmeni/ Thu, 02 Nov 2023 21:17:55 +0000 https://republika.mk/?p=697599

Александар Спасеновски, професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ вечерва во „Клик Плус“ зборуваше за уставните измени.

Тој кажа дека во овој владин состав тешко ќе бидат донесени уставните измени, но и дека следната влада ќе ја има таа обврска.

„Важно е да споменеме дека независно како ќе тече расправата во Собранието, карактерот на преземената обврска од страна на власта не тера да заклучиме дека ова не е нешто кое ќе заврши со завршување на мандатот на Собранието, туку ова е обврска која ќе биде присутна и на идната Влада, а таа е тесна поврзана со процесот на евро интеграцијата. Ова е реалноста, и на таквата реалност ќе мора да се прилагодат политичките лидери“, изјави Спасеновски.

The post Спасеновски: И идната влада ќе има обврска да ги спроведе уставните измени appeared first on Република.

]]>

Александар Спасеновски, професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ вечерва во „Клик Плус“ зборуваше за уставните измени. Тој кажа дека во овој владин состав тешко ќе бидат донесени уставните измени, но и дека следната влада ќе ја има таа обврска.
„Важно е да споменеме дека независно како ќе тече расправата во Собранието, карактерот на преземената обврска од страна на власта не тера да заклучиме дека ова не е нешто кое ќе заврши со завршување на мандатот на Собранието, туку ова е обврска која ќе биде присутна и на идната Влада, а таа е тесна поврзана со процесот на евро интеграцијата. Ова е реалноста, и на таквата реалност ќе мора да се прилагодат политичките лидери“, изјави Спасеновски.

The post Спасеновски: И идната влада ќе има обврска да ги спроведе уставните измени appeared first on Република.

]]>
Спасеновски: Од Македонија се бара исполнување на одредени критериуми и обврски кои што претходно не биле побарани од другите земји членки на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasenovski-od-makedonija-se-bara-ispolnuvane-na-odredeni-kriteriumi-i-obvrski-koi-shto-prethodno-ne-bile-pobarani-od-drugite-zemji-chlenki-na-eu/ Wed, 04 Oct 2023 19:18:28 +0000 https://republika.mk/?p=687991

На дебатата на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани посветена на европските интеграции и уставните измени во рамките на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените!“, универзитетскиот професор Александар Спасеновски истакна дека реалноста во која што живееме зборува за уникатната ситуација во која што се наоѓа државата, Република Македонија по многу нешта е уникатна кога станува збор за интеграцијата во Европската унија и генерално кога станува збор во однос на се што има правено во минатото за да го осигура својот демократски развој.

„Од нас како што можеме да видиме, за жал, тоа е предмет и на истражување и на примери во учебници, многу често се барале, а за жал и денес се бараат исполнување на критериуми, завршување на определени работи, реализирање на определени обврски кој што не се дел од основните обврски кои што беа исправени пред други држави членки на Европската Унија и тоа, за жал, е една тажна реалност во која што живееме и која што постојано ја повторуваме. Во таа смисла, сметам дека ова кое што сега како тема е исправено пред нашата држава, не е воопшто добро, не е воопшто вообичаено и е нешто кое што, навистина, може да има сериозни последици врз самата држава“, истакна професорот Спасеновски.

Тој посочи дека причините за тоа можеме да ги бараме во повеќе делови, од кои смета дека два се исклучително важни и од кои првата група на причини не зависеле од нас и дека Република Македонија не бираше да има соседи какви што има.

„Република Македонија со ништо не го провоцираше однесувањето на соседните држави во минатото во однос на сопствената државност. Таа се соочи со определени поведенија кои беа наметнати и се обидуваше во рамките на реалностите на меѓународната политика, во кои што како што вели еден наш професор, силните го прават тоа што можат, а слабите тоа што умеат повикувајќи се, пак, на едни дамнешни историски записи, да плива и да ги реализира своите интереси. Значи, од една страна ние не биравме кои ќе бидат наши соседи и какви барања тие ќе ни испорачуваат. Ние можеме да жалиме за сето тоа, да го осудиме сето тоа, но такви се нивните ставови и ние тие проблеми кои што ни беа наметнати, се обидуваме да ги решаваме“, рече Спасеновски.

Додаде дека постои еден друг проблем, кој што е исклучително значаен, а кој што зависи од нас, а тоа е начинот на кој што ние се однесуваме решавајќи ги проблемите и соочувајќи се со тешките прашања.

„Сметам дека отсуството на политичко единство, а најголема вина за сето тоа, без друго, го носат партиите од власта, е нашиот најголем проблем. Повторно го поставувам прашањето, дали ние ќе имавме подобри преговарачки позиции, кога станува збор за уставните измени во минатото или за некои уставни измени кои што ќе следат, доколку имавме политичко единство помеѓу партиите од власта и партиите од опозицијата? Дали ќе беше подобро за власта, за државата во целина доколку ВМРО-ДПМНЕ биде дел од некои разговори пред да се донесат финалните одлуки или е подобро ситуација во која што имаме маргинализирана опозиција и ситуација во која не се слушаат ставовите на 80% од граѓаните на државата? Доколку опозицијата, доколку сите клучни политички фактори беа дел од разговорите пред да се вообличат финалните обврски на државава, а тоа е измената на уставот, немаше да дојдеме до оваа ситуација, немаше да имаме ваква обврска заради тоа што ќе демонстриравме поголемо политичко единство. Можеби сме слаби, но треба да ги искористиме сите ресурси што ги имаме на располагање. А, нашиот најголем проблем е недостатокот на политичко единство“, посочи професорот Спасеновски.

https://www.youtube.com/watch?v=jO668D_IqLI

The post Спасеновски: Од Македонија се бара исполнување на одредени критериуми и обврски кои што претходно не биле побарани од другите земји членки на ЕУ appeared first on Република.

Спасеновски: За промена да покажеме поголемо единство за важна тема како што е интеграцијата во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasenovski-za-promena-da-pokazheme-pogolemo-edinstvo-za-vazhna-tema-kako-shto-e-integratsijata-vo-eu/ Wed, 04 Oct 2023 18:11:01 +0000 https://republika.mk/?p=687978

На дебатата на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани посветена на европските интеграции и уставните измени во рамките на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените!“, универзитетскиот професор Александар Спасеновски истакна дека уставните прилагодувања се природна појава бидејќи државите не се статични, односно тие еволуираат и дека тоа не е особеност само за Македонија туку за целиот свет.

„Сепак, поентата на ваквите процеси со кои тектонски се менува поредокот е да се зајакнат институциите, а не да се ослабнат. Преку уставните измени до сега на најсликовит начин може да се забележи како и во кој правец еволуирала Македонија од 1991 до денес. Македонија нестабилна и со неизвесна иднина во деведесеттите години на 20 век наспроти Македонија денес која со сите слабости и проблеми е држава-членка на НАТО и има амбиција за скорешна интеграција во Европската унија“, изјави професорот Спасеновски.

Според Спасеновски константа во однос на големите теми е немањето на единство помеѓу најважните политички и етнички фактори во Македонија, што претставува голем проблем заради кој недостасуваат поголеми државни успеси.

„Сите политички измени, сите уставни измени кои што беа правени како резултат на политички притисоци се карактеризираа со силен недостаток на политичко единство, се карактеризираа со голема политичка поларизираност во која што, страната која што ги правеше уставните измени, строго се залагаше за нив, наспроти страната или партиите кои беа во опозиција кои што се противеа во однос на таквите уставни измени, рече професорот Спасеновски.

The post Спасеновски: За промена да покажеме поголемо единство за важна тема како што е интеграцијата во ЕУ appeared first on Република.

Спасеновски: Интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО е достигнување и на опозицијата, а не само на власта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasenovski-integratsijata-na-makedonija-vo-eu-i-vo-nato-e-dostignuvane-i-na-opozitsijata-a-ne-samo-na-vlasta/ Wed, 20 Sep 2023 08:19:58 +0000 https://republika.mk/?p=683345

Во гостувањето во централниот дневник на Македонската телевизија, професорот на Правниот факултет Александар Спасеновски истакна дека недостатокот на единство и консензус околу најважните државни прашања е сериозен проблем кој веќе 3 децении го кочи напредокот на државата.

Не е вистина дека интеграциите на Македонија во НАТО и во Европската унија се достигнувања само на владеачките партии бидејќи, ако погледнеме наназад, ќе видиме дека почетните иницијативи, како и други крупни исчекори се дело на сегашната опозиција, што претставува факт кој треба да се признае, а не да се негира, порача тој.

Во однос на најновиот развој во македонско-бугарските односи, како и актуелната постапка за уставни измени, професорот Спасеновски истакна дека се реалност стравовите на голем дел од граѓаните дека постои опасност од рушење на македонските идентитетски столбови, како што се легитимни и изјавите дека продолжувањето, а не запирањето на интеграцијата на државата во ЕУ е врвен државен приоритет.

Клучните две прашања на кои општеството треба да даде одговор е како да се адресираат стравовите на дека претстои процес на редефинирање на македонскиот идентитет предизвикан од позициите на соседна Бугарија, од една страна и како да се изнајде начин, во вакви услови на променета светска геополитика, да се продолжи процесот на европските интеграции, рече тој.

Според Спасеновски, не постојат кристално бели, ниту целосно црни опции, па според тоа задачата на политичарите од сите партии е внимателно да влечат политички потези со кои ќе се сочува и надогради македонскиот идентитет и посебност, со истовремено брзо чекорење кон Европската унија.

The post Спасеновски: Интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО е достигнување и на опозицијата, а не само на власта appeared first on Република.

Спасеновски: Нема проблем уставните измени да имаат одложена примена, технички е возможно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasenovski-nema-problem-ustavnite-izmeni-da-imaat-odlozhena-primena-tehnichki-e-vozmozhno/ Sun, 11 Jun 2023 11:32:03 +0000 https://republika.mk/?p=650121

Професорот по устанно право, Александар Спасеновски смета дека нема никаков проблем и постои можност да се усвојат уставните измени со одложена примена, што впрочем е предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што произлезе по минато неделната лидерска средба со премиерот и лидер на Социјалдемокрстакиот сојуз, Димитар Ковачевски.

-Доколку се водиме од внатрешните аспекти поврзани со уставниот поредок на државата, можеме да заклучиме дека нема никаков проблем било кои измени на уставот и било кој амандмани, вклулувајќи ги и овие, да се усвојат на начин на кој што, тие би имале одложена примена. А впрочем, ние сме имале такви искуства и во минатото, вели професорот Спасеновски во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој посочи дека до сега во Македонија имало такви пракси на усвојување на уставни измени или негови амандмани кои имале одложена примени и истите стапувале на сила подоцна.

Спасеновски додава дека согласно македонскиот уставен правен систем тоа се прави со Законот за спроведување на уставот.

-Имало случаи кога одредени амандмани кои што биле усвојувани, станувале дел од уставот на државата имале одложена примена, започнувале да се применуваат подоцна. Согласно нашиот иставно правен систем, тоа се прави со уставниот Закон за спроведување на уставот. Најсвеж пример ни е примерот од 2019 година, со склучувањето на Преспанскиот договор, кога за дел од амандманите кои што беа усвоени во таа прилика, беше предвидено одложено дејство или период во кој што ќе бидат направени промените или тие ќе стапат во сила, рече Спасеносвки.

The post Спасеновски: Нема проблем уставните измени да имаат одложена примена, технички е возможно appeared first on Република.

Спасеновски: Од правен аспект, можни се уставни измени со одложено дејствие https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasenovski-od-praven-aspekt-mozhni-se-ustavni-izmeni-so-odlozheno-dejstvie/ Thu, 08 Jun 2023 19:36:29 +0000 https://republika.mk/?p=649365

Универзитетскиот професор по уставно право, Александар Спасеновски, во вечерашното гостување во емисијата ВИН-ВИН на телевизија Телма, за предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за одложено стапување на уставните измени се до членство на државата во Европската Унија, вели дека од внатрешно правен аспект тоа е можно потенцирајќи дека Македонија има пракса со одложени уставни измени.

Во однос на одложеното стапување на уставните измени тука треба да правиме разлика помеѓу техничка внатрешна можност и реална политичка изводливост на идејата за одложено стапување на уставните измени. Доколку анализираме од внатрешно правен аспект дали е можно, одговорот е да и тоа ќе се предвиди во уставниот закон за спроведување на Уставот кој би се условил веднаш по одлуката за прогласување на уставот. Тоа веќе еднаш го имаме направено по последните уставни измени од 2019 година, кога во уставниот закон за спроведување на Уставот во неговиот член 1 беше предвидено дека овие уставни измени ќе стапат на сила во моментот кога ќе престане важењето на времената спогодба, и кога ќе стапи во сила Протоколот за членство на државата во НАТО - објасни Спасеновски.

The post Спасеновски: Од правен аспект, можни се уставни измени со одложено дејствие appeared first on Република.

Спасеновски: Бугарија води политика на конфронтирање кон Македонија, и со промена на Уставот нема да запрат барањата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasenovski-bugarija-vodi-politika-na-konfrontirane-kon-makedonija-i-so-promena-na-ustavot-nema-da-zaprat-baranata/ Fri, 26 May 2023 20:10:20 +0000 https://republika.mk/?p=645079

Нашите соседи од Бугарија две годи по склучување на договорот за пријателство, соработка и добрососедство би можеле да именуваме дека водат една политика на активна конфронтација кон Македонија, вели универзитетскиот професор по уставно право Александар Спасеновски во вечерашното гостување во емисијата Трилинг на ТВ 24.

Спасеновски смета дека дури и со можна промена на уставот нема да запрат барањата од страна на Република Бугарија.

И во таа смисла сосема легитимни се стравувањата дека дури и при промена на Уставот, при измена на уставот на државата на начин на кое што е пропишано во согласност со потребата на европските интеграции, нема да застанат тука барањата на официјална Софија кон Скопје, а кои се поврзани со одредени нивни би рекол историски цели за поголемо и посимболично присуство во Република Македонија, смета тој.

Според Спасеноски, Република Бугарија долг период води политика на конфронтирање кон Македонија

Бугарија води долг временски период агресивна политика на конфронтирање кон Македонија, и тоа е повеќе од јасно. Можеме да ги бараме причините, дали е тоа поради перманентната политичка криза на државата, дали станува збор за она кое се именува се повеќе и се почесто не само за Бугарија, туку и за други делови од Балканот надворешни малигни влијанија од трети страни, дали станува збор за карактерот на политичките личности што во овој момент управуваат со државата. Но, факт е дека станува збор за една долготрајна политичка агресија на Бугарија кон Македонија, посочи Спасеновски.

The post Спасеновски: Бугарија води политика на конфронтирање кон Македонија, и со промена на Уставот нема да запрат барањата appeared first on Република.

]]>

Нашите соседи од Бугарија две годи по склучување на договорот за пријателство, соработка и добрососедство би можеле да именуваме дека водат една политика на активна конфронтација кон Македонија, вели универзитетскиот професор по уставно право Александар Спасеновски во вечерашното гостување во емисијата Трилинг на ТВ 24. Спасеновски смета дека дури и со можна промена на уставот нема да запрат барањата од страна на Република Бугарија.
И во таа смисла сосема легитимни се стравувањата дека дури и при промена на Уставот, при измена на уставот на државата на начин на кое што е пропишано во согласност со потребата на европските интеграции, нема да застанат тука барањата на официјална Софија кон Скопје, а кои се поврзани со одредени нивни би рекол историски цели за поголемо и посимболично присуство во Република Македонија, смета тој.
Според Спасеноски, Република Бугарија долг период води политика на конфронтирање кон Македонија
Бугарија води долг временски период агресивна политика на конфронтирање кон Македонија, и тоа е повеќе од јасно. Можеме да ги бараме причините, дали е тоа поради перманентната политичка криза на државата, дали станува збор за она кое се именува се повеќе и се почесто не само за Бугарија, туку и за други делови од Балканот надворешни малигни влијанија од трети страни, дали станува збор за карактерот на политичките личности што во овој момент управуваат со државата. Но, факт е дека станува збор за една долготрајна политичка агресија на Бугарија кон Македонија, посочи Спасеновски.

The post Спасеновски: Бугарија води политика на конфронтирање кон Македонија, и со промена на Уставот нема да запрат барањата appeared first on Република.

]]>
Спасеновски: Постои силно изразено тешко чувство и отпор кај граѓаните за уставните измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasenovski-postoi-silno-izrazeno-teshko-chuvstvo-i-otpor-kaj-graganite-za-ustavnite-izmeni/ Fri, 26 May 2023 19:19:16 +0000 https://republika.mk/?p=645066

Во вечерашното гостување во Централниот Дневник на ТВ Сител гостуваше Александар Спасеновски. Тој посочи дека постои силен отпор и граѓаните се противат на евентуална промена на Уставот.

Постои едно силно изразено тешко чувство на отпор кон овие уставни измени. Доколку ги анализираме причините зошто е тој отпор и таквото чувство кое се олицетворува каде голем дел од јавното мислење односно граѓаните се противат на евентуалната измена на Уставот на државата тогаш треба да ги бараме во нивното чувство дека постојано нешто им се одзема и постојано од нешто се откажуваат, кажа Спасеновски.

Тој додаде дека непријатното е искуство кое го имаат граѓаните на Република Македонија со сите уставни измени.

Имено доколку ја анализираме историјата на измени на нашиот Устав од 1991 година можеме да дојдеме до заклучок дека уставот на Република Македонија е еден од најчесто менуваните устави од државните кои произлегоа од Југославија или пак државните кои беа дел од комунистичкиот блок, кажа Спасеновски.

Спасеновски изјави дека овие досегашни уставни измени можеме да се поделат во две групи и тоа.

На уставни измени кои биле резултат на воочени слабости во уставно правниот систем на државата главно поврзани со цензусот за избор на претседател на државата, траењето на притворот и други реформи во областа на државата и второто е политички мотивирани уставни измени, рече Спасеновски.

The post Спасеновски: Постои силно изразено тешко чувство и отпор кај граѓаните за уставните измени appeared first on Република.

Спасеновски: Црвените линии власта требаше да ги брани кога се дискутираше за францускиот предлог, а промена на Устав треба да биде одобрено од граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasenovski-tsrvenite-linii-vlasta-trebashe-da-gi-brani-koga-se-diskutirashe-za-frantsuskiot-predlog-a-promena-na-ustav-treba-da-bide-odobreno-od-graganite/ Sat, 08 Apr 2023 07:47:49 +0000 https://republika.mk/?p=628557

„Ако анализираме наназад од донесувањето на Уставот и дебатите во тоа време заклучно со оваа последна дебата можеме да видиме дека постојано над овој највисок правен акт постојат определени тензии, постојат определени притисоци за негово редефинирање, за негова промена. Што во одредена смисла било предмет на серија политички кризи“, истакна Александар Спасеновски во гостување во емисијата „Вечерно шоу на Богдан“ на Алфа телевизија.

Спасеновски додаде дека има впечаток дека изминатите години, изминатите децении прилично често се влегува во промена на највисокиот правен акт, што самото по себе резултира потоа со сериозни драматични последици после кои има внатрешно политички потреси. И е потребно долго време потоа тие внатрешно политички потреси да се стабилизираат.

„Одбрана на црвените линии, таа политичка фортификација требаше да ја видиме кога се дискутираше за францускиот предлог и во оној период кога се одвиваше жива дискусија со претставниците од меѓународната заедница и да им се објасни кои се црвените линии на оваа држава од аспект на тоа како треба да биде дефиниран уставно правниот систем на државата. Од друга страна сега веќе политичкото општество, политичарите во државата се донесени пред една прилично тешка, прилично сложена политичка ситуација, а тоа е чувството на незадоволство од договореното од една страна. Меѓутоа од друга страна фактот дека произведува одредена политичка обврска заради тоа што веќе договореното на некој начин нема простор поголем да се влијае во насока на негова промена или во насока на прекин на некаква имплементација“, појасни Спасеновски.

Тој посочи дека требаше да се изнајде решение кое што немаше да задира во уставно правниот систем на државата, особено во светло на договорот за добрососедство.

„Се јавуваат стравови дали и да се направи амандманска интервенција, промена на Уставот на државата нема да исчезнат новите блокади од страна на официјална Софија кон официјална Македонија. Односно се поставува прашањето дали можеби целта на официјална Софија е конфротација заради конфротација, или навистина станува збор за определени идеи кои што имаат за цел натамошно да ги унапредат приликите особено поврзани со граѓаните со бугарска национална самосвест кои што во помал број но сепак живеат во Република Македонија“, рече тој.

Спасеновски укажа дека секоја измена Уставот треба да биде прифатена од страна на граѓаните бидејќи тој се однесува на нив.

„Јас сметам дека еден од најчесто дебатираните и еден од најчесто менуваните делови на Уставот е токму Преамбулата“, посочи Спасеновски.

The post Спасеновски: Црвените линии власта требаше да ги брани кога се дискутираше за францускиот предлог, а промена на Устав треба да биде одобрено од граѓаните appeared first on Република.

Спасеновски: Како резултат на предизборната кампања на Бугарија, ние сме сведоци на радикална реторика упатена кон Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasenovski-kako-rezultat-na-predizbornata-kampana-na-bugarija-nie-sme-svedotsi-na-radikalna-retorika-upatena-kon-makedonija/ Thu, 26 Jan 2023 19:28:16 +0000 https://republika.mk/?p=601427

„Она со кое што сега се соочуваме како резултат на предизборната кампања во Бугарија или како резултат на некои други причини, или како резултат на фактот што политичарите нели секогаш многу повеќе се грижат да го освојат следниот мандат отколку следната генерација на граѓани кои што доаѓаат, сме сведоци на една навистина радикална реторика од страна на Република Бугарија“, истакна Александар Спасеновски во гостување во емисијата „Вин вин“ на Телма телевизија.

Спасеновски додаде дека доколку се анализираат носителите на највисоките државни функции во Република Бугарија ќе видиме еден агресивен на моменти дури и непријателски тон. Џамбаски е една персонификација на таков политичар кој што не извршува висока државна функција меѓутоа разликата помеѓу овој политичар и останатите високи политичари во Република Бугарија се сведуваат на нијанси.

Во Република Македонија заради фактот што ние на некој начин се наоѓаме во подредена состојба, тие се а ние не сме членка на ЕУ, тие имаат право на вето и можат да ни ги попречат остварувањата на нашите највисоки интереси, укажа тој.

Тој посочи дека за неколку дена граѓаните ќе бидат сведоци на едно утро, еден настан кој што може да ескалира поради провокација од Бугарија, а тоа е денот односно роденденот на Гоце Делчев.

Кога зборуваме за пристапот на институциите во смисла на седницата на Советот за безбедност и обраќањето во таа смисла која што следуваше после овој состанок, после оваа средба, јас тргнувам од фактот дека верувам, претпоставувам и се надевам дека институциите на државата имаат информации и врз основа на тие информации ги носат одлуките, нагласи Спасеновски.

Тој укажа дека сака да верува дека проценката на клучните носители кои што беа дел од Советот на безбедност се реални. И се надева дека на 4-ти февруари нема да има ескалација на настани.

The post Спасеновски: Како резултат на предизборната кампања на Бугарија, ние сме сведоци на радикална реторика упатена кон Македонија appeared first on Република.

]]>

„Она со кое што сега се соочуваме како резултат на предизборната кампања во Бугарија или како резултат на некои други причини, или како резултат на фактот што политичарите нели секогаш многу повеќе се грижат да го освојат следниот мандат отколку следната генерација на граѓани кои што доаѓаат, сме сведоци на една навистина радикална реторика од страна на Република Бугарија“, истакна Александар Спасеновски во гостување во емисијата „Вин вин“ на Телма телевизија. Спасеновски додаде дека доколку се анализираат носителите на највисоките државни функции во Република Бугарија ќе видиме еден агресивен на моменти дури и непријателски тон. Џамбаски е една персонификација на таков политичар кој што не извршува висока државна функција меѓутоа разликата помеѓу овој политичар и останатите високи политичари во Република Бугарија се сведуваат на нијанси.
Во Република Македонија заради фактот што ние на некој начин се наоѓаме во подредена состојба, тие се а ние не сме членка на ЕУ, тие имаат право на вето и можат да ни ги попречат остварувањата на нашите највисоки интереси, укажа тој.
Тој посочи дека за неколку дена граѓаните ќе бидат сведоци на едно утро, еден настан кој што може да ескалира поради провокација од Бугарија, а тоа е денот односно роденденот на Гоце Делчев.
Кога зборуваме за пристапот на институциите во смисла на седницата на Советот за безбедност и обраќањето во таа смисла која што следуваше после овој состанок, после оваа средба, јас тргнувам од фактот дека верувам, претпоставувам и се надевам дека институциите на државата имаат информации и врз основа на тие информации ги носат одлуките, нагласи Спасеновски.
Тој укажа дека сака да верува дека проценката на клучните носители кои што беа дел од Советот на безбедност се реални. И се надева дека на 4-ти февруари нема да има ескалација на настани.  

The post Спасеновски: Како резултат на предизборната кампања на Бугарија, ние сме сведоци на радикална реторика упатена кон Македонија appeared first on Република.

]]>
Етиката во религиите мора да остане дел од образовниот систем https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/etikata-vo-religiite-mora-da-ostane-kako-del-od-obrazovniot-sistem/ Sun, 18 Dec 2022 14:40:26 +0000 https://republika.mk/?p=587220

Во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, а во блиска соработка со Асоцијацијата на
професорите по наставниот предмет Етика во религиите, беше организирана Панел дискусија
на тема „Новата реалност во училиштата – создавање можности со иновации и дигитални
решенија“.

На панел дискусијата беше забележано огромно присуство на православни и исламски теолози - професори кои го предаваат овој изборен предмет во училиштата на нашата земја. Проектот инициран од Фондацијата Конрад Аденауер, имаше за цел одново да го актуализира прашањето во јавниот дискурс за потребата и придобивките од верското образование во основните училишта на Република Македонија, односно според зборовите на коосновачот и координатор на Асоцијацијата, монахињата Ефимија, сè потешкиот предизвик истото да опстане во училиштата на нашата земја.

Од особена важност за нас е тоа што повторно се отвора една ваква јавна дискусија по однос на значењето и опстанокот на предметот Етика во религии во системот на македонското образование, во смисла на негово институционално препознавање и заштита среде она што кај нас во последно време е популарно како Концепција за основно образование“, изјави таа во своето обраќање.

На Панел дискусијата, свое учество зедоа и Директорот на Комисијата за односи со верските
заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, еминентниот професор на Правниот
факултет Јустинијан Први, Александар Спасеновски, претседателот на Асоцијацијата на
професори по Етика во религии, отец Бобан Митевски, како и директорот за настава во
ПЕГАСУС ЕЛС, Перица Сарџоски, кој пак, понуди нови дигитални решенија со цел
зголемување на интеракцијата и подобрување на наставата на професорите по предметот Етика
во религиите.

Овој настан е навистина позитивна можност да потсетиме за значењето, кое предметот Етика во религиите го имаше досега во образовниот систем во државата, но и да ги акцентираме нашите поенти зошто сметаме дека неговиот статус треба да се заштити, но и да се унапреди. Како општество, во различни сегменти имаме евидентни проблеми-предизвици, коишто во оној елементарен период на градење и подигање на личноста на младите се многу важни да бидат надминати и превенирани.

Многу е важно во новата Концепција за основно образование да биде внесен овој предмет, како би овозможиле отворена можност на младиот човек да запознава, да учи, но и да се оплеменува, зашто ние можеме да му понудиме сувопарни знаења од различни области, но доколку тоа не го надополниме и со едни вредносни вертикали, сѐ ќе биде залудно. Неколку години овој предмет е достапен како изборен предмет во образованието, а искуството покажа дека за него многу се заинтересирани и родителите и учениците. И покрај безбројните предизвици тој да биде апстрахиран, да не биде дадена можност во секое училиште да биде дел од анкетираните предмети итн., сепак постоеше една голема заинтересираност.

Гледајќи ги потребите на државата, а со тоа и на општеството, цениме дека треба да му биде обезбеден најмалку досегашниот статус, но потребно е и да се размислува во одредено одделение тој да се унапреди како задолжителен предмет, бидејќи тоа многу ќе значи во подигањето на личноста на младиот човек, односно на нашето општество, кое е мултикултурно и се соочува со налетот на новите, современи предизвици, коишто и цела Западна Европа ги чувствува на своја кожа. Нам ни е потребно, на општеството му е потребно, а исто така, потребно е да се реши и унапреди статусот и на наставниците кои го предаваат овој предмет, но пред сѐ на општеството и на државата, порача Сотировски.

Проф. д-р Александар Спасеновски, истакна дека изучувањето на верското образование во јавниот образовен систем претставува еден од поважните чекори коишто ги има направено Македонија, бидејќи наоѓа на една општа оправданост, а тоа го покажуваат анкетите, од страна на родителите и секако од страна на децата - учениците кои го изучуваат овој предмет.

Но, од март 2021 година, кога беше издадена новата Концепција за основно образование, можеме да забележиме едни негативни трендови, поврзани со истиснувањето на изучувањето на предметот Етика во религиите од јавниот образовен систем, за сметка на некои други предмети, со што на некој начин не се излегува во пресрет на очекувањата на родителите, кои во огромно мнозинство сакаат нивните деца да го изучуваат овој предмет. И во таа смисла, сметам дека
наидуваме на една нова пречка, и тоа го потврдуваат присутните на овој денешен важен настан - професорите по предметот Етика во религиите. А тоа е молкот од страна на институциите, од страна на државата од 2021 година до денес, во однос на легитимните стравувања на професорите по Етика во религиите, по однос на нивните работни места.

Од една страна, како резултат на Концепцијата, се деградира статусот на овој предмет, бидејќи во таа концепција зборот „етика“ и зборот „религија“ не е споменат ниту еднаш, што упатува на заклучокот дека постојат легитимни стравови истиот да се укине или пак, да се сведе на таква мера за да го нема оној статус којшто го има денес. Со тоа се прави една штета врз општеството, заради тоа што децата, граѓаните сакаат да го изучуваат. Но од друга страна постои друг објективен проблем: во овој момент има повеќе од 100 професори по Етика во религиите, кои им предаваат на учениците во училиштата низ државата.

Значи, повеќе од сто македонски семејства секојдневно се соочуваат со неизвесност по однос на нивната судбина. А причина за сето тоа е долгогодишниот молк од страна на институциите на државната власт во однос на легитимните апели на професорите по предметот Етика во религиите. Тие се должни да знаат каква е судбината на нивниот предмет, а Владата пак, е должна да одговори и да води дијалог со нив.

Во таа смисла, сметам дека е најважно, како апел којшто произлегува од оваа Конференција, да се генерира нов оптимизам. Да се генерира еден нов дијалог помеѓу Асоцијацијата на професорите по Етика во религиите, како од областа на православната религија, така и од областа на исламот, кои во еден отворен пријателски и искрен дијалог со Владата на оваа држава, ќе успеат да најдат решение за проблемот со којшто се соочуваат. Решението е сосем едноставно, а тоа се сведува на прилагодување на усвоената Концепција за основно образование во 2021 година, во која ќе биде задржано местото коешто претходно го имаше предметот Етика во религиите.

Тој статус којшто беше утврден уште во 2009/2010 година одговара и на потребите на граѓаните, и на потребите на учениците и на потребите на верските заедници, и на потребите на вероучителите. Тој статус треба да се задржи, а државата не смее да го турка во ќош изучувањето на овој предмет, за сметка на изучувањето на некои други предмети.

Станува збор за две барања: Првото барање е наместо да имаме молк од страна на институциите, да има дијалог со претставниците со професорите по Етика во религиите. И второ, да се најде начин како да се прилагоди и унапреди усвоената Концепција за основното образование, на начин на кој статусот на предметот Етика во религиите нема да се деградира, туку ќе се задржи, и ако има можност истиот да се унапреди“, изјави Спасеновски.

Отец Бобан Митевски порача дека целта на сето нивно досегашно делување и како Асоцијација на професорите по Етика во религии, но и како верски заедници, е да ја истакнат важноста од
потребата за учењето на религиите во образовниот систем.

Сметаме дека е неодминлив и неоспорен фактот тоа што нашето општество, кое се дефинира како мултикултурно, мултиконфесионално, мултинационално и мултирелигиозно, во голем дел - историски, духовно, вредносно, морално-етички, но и во рамки на уметноста - почива на религијата. Ние, насекаде се фалиме со нашите верски објекти, со нашите верски скапоцености, без разлика на која религија припаѓаат, а не сакаме да имаме знаење за сето тоа.

Од друга страна, моралните начела, кои се и тоа како важни во еден општествен контекст за правилен развој и на младите, но и на сите нас, се една постојана насока во тоа како да дејствуваме, како да живееме и како да ги правиме животот и општеството едноставно подобри.

Затоа сметаме дека е од особено значење овој молк на државните институции да престане и да се претвори во дијалог за потребата и за важноста од изучувањето на предметот Етика во религии, којшто ќе резултира со веќе сигурно имплементирање на овој предмет во системот на македонското образование и тоа во онаа форма, во која наставата ќе биде спроведувана исклучиво од страна на обучени теолози од Православниот богословски факултет и факултетот за Исламски науки, кои пак, се институции во рамките на државниот образовен апарат.

Со тоа ќе им се придружиме на сите европски држави кај коишто религиското образование е загарантирано присутно во
образовните системи“, истакна отец Митевски.

Амел Куртиши изјави дека сите истражувања и анкети за предметот и за изучување на религиите
покажале дека заинтересираноста на децата и младите во глобала е голема, затоа што тоа е дел
од нивниот идентитет.

Доколку ние им ја дадеме таа можност да истражуваат за својата религија и за религијата на другите, тоа ќе придонесе нивниот идентитет да биде покохезивен, да биде постабилен и да можат полесно да се соочат со дилемите коишто ни ги нуди ова современо општество. Секако дека за тоа многу би придонело проучувањето на еден компаративен пристап, во којшто ќе се третираат повеќе религии за да може да се запознаат сите, за да се разбере дека тоа што нѐ соединува е многу повеќе од тоа што нѐ дели.

Тоа многу би придонело кај луѓето и децата - кои се нашата иднина - за да се создаде еден предуслов за соживот, толеранција, заедничко работење и соработка, во вакви општества како нашето, коишто се мултиконфесионални и мултиетнички. Бидејќи принципот - човекот е непријател на тоа што не го познава - е забележан и кај учениците.

Сѐ додека тие не знаат ништо за другиот, тој нивен првичен став ќе е можеби негативен или одбивен. Но, колку повеќе учат за другите и за тоа што е нивна одлика или карактеристика на нивната религија или убедување, тоа се претвора во еден мост којшто овозможува комуникација и понатаму. Овозможува да се создадат пријателства коишто се прекупотребни во нашето општество. Ние навистина имаме потреба да го надминеме тој ендек кој постои меѓу младите, да се изведат мостови на комуникација и дружење.

А тоа може да го направиме запознавајќи се еден со друг. Доколку сакаме да правиме интеграција во нашето општество и да го подигнеме нивото на општествената кохезија, предметот Етика во религиите или предметите поврзани со изучувањето на религиите се многу добар предуслов за да се надминат предрасудите или дилемите коишто постојат кај многу млади луѓе.

Да не дозволиме за религијата на децата да им зборува некој којшто можеби ќе ги насочи во погрешен правец и подоцна тоа ќе биде причина за конфликти, туку тоа да го прават дипломираните теолози кои се наставници по предметот. Тие се професионалците кои ќе придонесат да се создаде една атмосфера на кохезија, на заедничко живеење, соработка и пријателство“, изјави Куртиши.

The post Етиката во религиите мора да остане дел од образовниот систем appeared first on Република.

]]>

Во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, а во блиска соработка со Асоцијацијата на професорите по наставниот предмет Етика во религиите, беше организирана Панел дискусија на тема „Новата реалност во училиштата – создавање можности со иновации и дигитални решенија“. На панел дискусијата беше забележано огромно присуство на православни и исламски теолози - професори кои го предаваат овој изборен предмет во училиштата на нашата земја. Проектот инициран од Фондацијата Конрад Аденауер, имаше за цел одново да го актуализира прашањето во јавниот дискурс за потребата и придобивките од верското образование во основните училишта на Република Македонија, односно според зборовите на коосновачот и координатор на Асоцијацијата, монахињата Ефимија, сè потешкиот предизвик истото да опстане во училиштата на нашата земја.
Од особена важност за нас е тоа што повторно се отвора една ваква јавна дискусија по однос на значењето и опстанокот на предметот Етика во религии во системот на македонското образование, во смисла на негово институционално препознавање и заштита среде она што кај нас во последно време е популарно како Концепција за основно образование“, изјави таа во своето обраќање.
На Панел дискусијата, свое учество зедоа и Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, еминентниот професор на Правниот факултет Јустинијан Први, Александар Спасеновски, претседателот на Асоцијацијата на професори по Етика во религии, отец Бобан Митевски, како и директорот за настава во ПЕГАСУС ЕЛС, Перица Сарџоски, кој пак, понуди нови дигитални решенија со цел зголемување на интеракцијата и подобрување на наставата на професорите по предметот Етика во религиите.
Овој настан е навистина позитивна можност да потсетиме за значењето, кое предметот Етика во религиите го имаше досега во образовниот систем во државата, но и да ги акцентираме нашите поенти зошто сметаме дека неговиот статус треба да се заштити, но и да се унапреди. Како општество, во различни сегменти имаме евидентни проблеми-предизвици, коишто во оној елементарен период на градење и подигање на личноста на младите се многу важни да бидат надминати и превенирани.   Многу е важно во новата Концепција за основно образование да биде внесен овој предмет, како би овозможиле отворена можност на младиот човек да запознава, да учи, но и да се оплеменува, зашто ние можеме да му понудиме сувопарни знаења од различни области, но доколку тоа не го надополниме и со едни вредносни вертикали, сѐ ќе биде залудно. Неколку години овој предмет е достапен како изборен предмет во образованието, а искуството покажа дека за него многу се заинтересирани и родителите и учениците. И покрај безбројните предизвици тој да биде апстрахиран, да не биде дадена можност во секое училиште да биде дел од анкетираните предмети итн., сепак постоеше една голема заинтересираност.   Гледајќи ги потребите на државата, а со тоа и на општеството, цениме дека треба да му биде обезбеден најмалку досегашниот статус, но потребно е и да се размислува во одредено одделение тој да се унапреди како задолжителен предмет, бидејќи тоа многу ќе значи во подигањето на личноста на младиот човек, односно на нашето општество, кое е мултикултурно и се соочува со налетот на новите, современи предизвици, коишто и цела Западна Европа ги чувствува на своја кожа. Нам ни е потребно, на општеството му е потребно, а исто така, потребно е да се реши и унапреди статусот и на наставниците кои го предаваат овој предмет, но пред сѐ на општеството и на државата, порача Сотировски.
Проф. д-р Александар Спасеновски, истакна дека изучувањето на верското образование во јавниот образовен систем претставува еден од поважните чекори коишто ги има направено Македонија, бидејќи наоѓа на една општа оправданост, а тоа го покажуваат анкетите, од страна на родителите и секако од страна на децата - учениците кои го изучуваат овој предмет.
Но, од март 2021 година, кога беше издадена новата Концепција за основно образование, можеме да забележиме едни негативни трендови, поврзани со истиснувањето на изучувањето на предметот Етика во религиите од јавниот образовен систем, за сметка на некои други предмети, со што на некој начин не се излегува во пресрет на очекувањата на родителите, кои во огромно мнозинство сакаат нивните деца да го изучуваат овој предмет. И во таа смисла, сметам дека наидуваме на една нова пречка, и тоа го потврдуваат присутните на овој денешен важен настан - професорите по предметот Етика во религиите. А тоа е молкот од страна на институциите, од страна на државата од 2021 година до денес, во однос на легитимните стравувања на професорите по Етика во религиите, по однос на нивните работни места.   Од една страна, како резултат на Концепцијата, се деградира статусот на овој предмет, бидејќи во таа концепција зборот „етика“ и зборот „религија“ не е споменат ниту еднаш, што упатува на заклучокот дека постојат легитимни стравови истиот да се укине или пак, да се сведе на таква мера за да го нема оној статус којшто го има денес. Со тоа се прави една штета врз општеството, заради тоа што децата, граѓаните сакаат да го изучуваат. Но од друга страна постои друг објективен проблем: во овој момент има повеќе од 100 професори по Етика во религиите, кои им предаваат на учениците во училиштата низ државата.   Значи, повеќе од сто македонски семејства секојдневно се соочуваат со неизвесност по однос на нивната судбина. А причина за сето тоа е долгогодишниот молк од страна на институциите на државната власт во однос на легитимните апели на професорите по предметот Етика во религиите. Тие се должни да знаат каква е судбината на нивниот предмет, а Владата пак, е должна да одговори и да води дијалог со нив.   Во таа смисла, сметам дека е најважно, како апел којшто произлегува од оваа Конференција, да се генерира нов оптимизам. Да се генерира еден нов дијалог помеѓу Асоцијацијата на професорите по Етика во религиите, како од областа на православната религија, така и од областа на исламот, кои во еден отворен пријателски и искрен дијалог со Владата на оваа држава, ќе успеат да најдат решение за проблемот со којшто се соочуваат. Решението е сосем едноставно, а тоа се сведува на прилагодување на усвоената Концепција за основно образование во 2021 година, во која ќе биде задржано местото коешто претходно го имаше предметот Етика во религиите.   Тој статус којшто беше утврден уште во 2009/2010 година одговара и на потребите на граѓаните, и на потребите на учениците и на потребите на верските заедници, и на потребите на вероучителите. Тој статус треба да се задржи, а државата не смее да го турка во ќош изучувањето на овој предмет, за сметка на изучувањето на некои други предмети.   Станува збор за две барања: Првото барање е наместо да имаме молк од страна на институциите, да има дијалог со претставниците со професорите по Етика во религиите. И второ, да се најде начин како да се прилагоди и унапреди усвоената Концепција за основното образование, на начин на кој статусот на предметот Етика во религиите нема да се деградира, туку ќе се задржи, и ако има можност истиот да се унапреди“, изјави Спасеновски.
Отец Бобан Митевски порача дека целта на сето нивно досегашно делување и како Асоцијација на професорите по Етика во религии, но и како верски заедници, е да ја истакнат важноста од потребата за учењето на религиите во образовниот систем.
Сметаме дека е неодминлив и неоспорен фактот тоа што нашето општество, кое се дефинира како мултикултурно, мултиконфесионално, мултинационално и мултирелигиозно, во голем дел - историски, духовно, вредносно, морално-етички, но и во рамки на уметноста - почива на религијата. Ние, насекаде се фалиме со нашите верски објекти, со нашите верски скапоцености, без разлика на која религија припаѓаат, а не сакаме да имаме знаење за сето тоа.   Од друга страна, моралните начела, кои се и тоа како важни во еден општествен контекст за правилен развој и на младите, но и на сите нас, се една постојана насока во тоа како да дејствуваме, како да живееме и како да ги правиме животот и општеството едноставно подобри.   Затоа сметаме дека е од особено значење овој молк на државните институции да престане и да се претвори во дијалог за потребата и за важноста од изучувањето на предметот Етика во религии, којшто ќе резултира со веќе сигурно имплементирање на овој предмет во системот на македонското образование и тоа во онаа форма, во која наставата ќе биде спроведувана исклучиво од страна на обучени теолози од Православниот богословски факултет и факултетот за Исламски науки, кои пак, се институции во рамките на државниот образовен апарат.   Со тоа ќе им се придружиме на сите европски држави кај коишто религиското образование е загарантирано присутно во образовните системи“, истакна отец Митевски.
Амел Куртиши изјави дека сите истражувања и анкети за предметот и за изучување на религиите покажале дека заинтересираноста на децата и младите во глобала е голема, затоа што тоа е дел од нивниот идентитет.
Доколку ние им ја дадеме таа можност да истражуваат за својата религија и за религијата на другите, тоа ќе придонесе нивниот идентитет да биде покохезивен, да биде постабилен и да можат полесно да се соочат со дилемите коишто ни ги нуди ова современо општество. Секако дека за тоа многу би придонело проучувањето на еден компаративен пристап, во којшто ќе се третираат повеќе религии за да може да се запознаат сите, за да се разбере дека тоа што нѐ соединува е многу повеќе од тоа што нѐ дели.   Тоа многу би придонело кај луѓето и децата - кои се нашата иднина - за да се создаде еден предуслов за соживот, толеранција, заедничко работење и соработка, во вакви општества како нашето, коишто се мултиконфесионални и мултиетнички. Бидејќи принципот - човекот е непријател на тоа што не го познава - е забележан и кај учениците.   Сѐ додека тие не знаат ништо за другиот, тој нивен првичен став ќе е можеби негативен или одбивен. Но, колку повеќе учат за другите и за тоа што е нивна одлика или карактеристика на нивната религија или убедување, тоа се претвора во еден мост којшто овозможува комуникација и понатаму. Овозможува да се создадат пријателства коишто се прекупотребни во нашето општество. Ние навистина имаме потреба да го надминеме тој ендек кој постои меѓу младите, да се изведат мостови на комуникација и дружење.   А тоа може да го направиме запознавајќи се еден со друг. Доколку сакаме да правиме интеграција во нашето општество и да го подигнеме нивото на општествената кохезија, предметот Етика во религиите или предметите поврзани со изучувањето на религиите се многу добар предуслов за да се надминат предрасудите или дилемите коишто постојат кај многу млади луѓе.   Да не дозволиме за религијата на децата да им зборува некој којшто можеби ќе ги насочи во погрешен правец и подоцна тоа ќе биде причина за конфликти, туку тоа да го прават дипломираните теолози кои се наставници по предметот. Тие се професионалците кои ќе придонесат да се создаде една атмосфера на кохезија, на заедничко живеење, соработка и пријателство“, изјави Куртиши.

The post Етиката во религиите мора да остане дел од образовниот систем appeared first on Република.

]]>