александар шапиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-shapikj/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jun 2024 11:03:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png александар шапиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-shapikj/ 32 32 Александар Шапиќ повторно избран за градоначалник на Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/aleksandar-shapik-povtorno-izbran-za-gradonachalnik-na-belgrad/ Mon, 24 Jun 2024 11:03:31 +0000 https://republika.mk/?p=790237

Александар Шапиќ, кандидатот на владеачката коалиција на Српската напредна странка (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС) на денешната седница на градското собрание на Белград повторно е избран за градоначалник на главниот град на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

По минатонеделното конститурање на собранието на град Белград, на кое Никола Никодијевиќ од СПС е избран за нов претседател, тој на денешната седница го предложи досегашниот градоначник Александар Шапиќ за нов градоначалник на Белград пред заедничката коалиција „Александар Вучиќ-Белград утре“.

За изборот на Шапиќ гласаа 64 од 82 советници. На предлог на Шапиќ за негова заменичка е поставена Весна Видовиќ.

Саво Манојловиќ, лидерот на движењето „Крени-промени“ изјави дека оваа советничка група нема да учествува во работата на градското собрание на Белград, додека опозицските одборници од коалицијата „Го бираме Белград“ не го подржаа изборот на Шапиќ.

Според резултатите од изборите во Белград одржани на 2 јуни, изборната листа „Александар Вучиќ-Белград утре“ има мнозинство од 64 мандати во Градското собрание кои брои 110 одборници.

Листата „Саво Манојловиќ-Јас сум Белград“ освои 21 одборничко место, опозициската коалиција „Го Бираме Белград“ 14 советници, листата „Ние силата на народот - доктор Бранимир Несторовиќ“ има 10 мандати, а малцинската „Руска партија“ во градското собрание“ има еден одборник.

На јунските избори за градот Белград, најголемите опозициски партии-ССП на Драган Ѓилас, ДСС на Милош Јовановиќ, движењата Срце и Заедно ги бојкотираа изборите.

The post Александар Шапиќ повторно избран за градоначалник на Белград appeared first on Република.

]]>

Александар Шапиќ, кандидатот на владеачката коалиција на Српската напредна странка (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС) на денешната седница на градското собрание на Белград повторно е избран за градоначалник на главниот град на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. По минатонеделното конститурање на собранието на град Белград, на кое Никола Никодијевиќ од СПС е избран за нов претседател, тој на денешната седница го предложи досегашниот градоначник Александар Шапиќ за нов градоначалник на Белград пред заедничката коалиција „Александар Вучиќ-Белград утре“. За изборот на Шапиќ гласаа 64 од 82 советници. На предлог на Шапиќ за негова заменичка е поставена Весна Видовиќ. Саво Манојловиќ, лидерот на движењето „Крени-промени“ изјави дека оваа советничка група нема да учествува во работата на градското собрание на Белград, додека опозицските одборници од коалицијата „Го бираме Белград“ не го подржаа изборот на Шапиќ. Според резултатите од изборите во Белград одржани на 2 јуни, изборната листа „Александар Вучиќ-Белград утре“ има мнозинство од 64 мандати во Градското собрание кои брои 110 одборници. Листата „Саво Манојловиќ-Јас сум Белград“ освои 21 одборничко место, опозициската коалиција „Го Бираме Белград“ 14 советници, листата „Ние силата на народот - доктор Бранимир Несторовиќ“ има 10 мандати, а малцинската „Руска партија“ во градското собрание“ има еден одборник. На јунските избори за градот Белград, најголемите опозициски партии-ССП на Драган Ѓилас, ДСС на Милош Јовановиќ, движењата Срце и Заедно ги бојкотираа изборите.

The post Александар Шапиќ повторно избран за градоначалник на Белград appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот на Белград поднесе оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/gradonachalnikot-na-belgrad-podnese-ostavka/ Fri, 29 Sep 2023 09:06:51 +0000 https://republika.mk/?p=686284

Штотуку поднесов формална оставка како градоначалник на Град Белград, со цел да почнам да создавам законски услови за одржување на изборите, кои покрај парламентарните и покраинските избори би се одржале на 17 декември на ниво на Белград, изјави денеска градоначалникот на српскиот главен град Александар Шапиќ.

И по овој чин ќе продолжам да ја извршувам работата градоначалник со истата посветеност, за да се обезбеди непречено спроведување и реализација на сите револуционерни социјални мерки, како и на проектите што ги реализиравме, ги започнавме или најавивме, а кои го одбележаа периодот откако дојдов на ова место, рече Шапиќ.

Додаде дека кога Владата на Србија ќе ја воведе Привремената власт и кога конечно ќе бидат исполнети сите законски формални услови за распишување избори на 17 декември, очекува дека како претседател на тоа тело ќе продолжи да го води Белград, до денот на избори и „конечната проверка на довербата, за се што направивме во изминатата година и пол и што допрва планираме да направиме за доброто на Белград и на сите наши белграѓани“.

The post Градоначалникот на Белград поднесе оставка appeared first on Република.

Шапиќ во Белград ја угости Aрсовска: Во двата града живеат братски народи, македонскиот и српскиот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/shapikj-vo-belgrad-ja-ugosti-arsovska-vo-dvata-grada-ziveat-bratski-narodi-makedonskiot-i-srpskiot/ Thu, 22 Dec 2022 14:05:22 +0000 https://republika.mk/?p=588897

На покана на градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, градоначалничката Данела Арсовска денес во службена посета на Белград, соопштија од Град Скопје. Оваа година е 10-годишнина од договорот за партнерство меѓу Скопје и Белград.

Договоривме конкретни проекти за кои верувам дека во следната година ќе имаме сериозна имплементација. Двата града работат интензивно на справување со предизвиците но и на споделување на позитивните практики. На средбата се разговараше на повеќе теми, меѓу кои и превземање на искуства со цел подобрување на јавните услуги како и конкретни активности за кои се договори оформување работни тела со претставници на двата града. Заедно со градоначалникот Шапиќ, договоривме и конкретна соработка на проекти од заеднички интерес, истакнала Арсовска.

Белградскиот градоначалник доби покана да го посети градот Скопје и истакна дека во двата града живеат братски народи, македонскиот и српскиот.

Нашите два града се братски градови, и пред формалното збратимување во 2012 година. Наша обврска е да ги зајакнеме овие односи. Токму близината помеѓу нашите два народи треба да ни помогне да ја интензивираме нашата соработка, рече белградскиот градоначалник.

Тој додаде и дека токму овој близок однос помеѓу Скопје и Белград ја прави полесна и соработката.

Од сето ова треба да извлечеме бенефит и да ги искористиме искуствата на Скопје, а тие да искористат некои наши искуства и на тој начин да си помогнеме, истакна Шапиќ.

The post Шапиќ во Белград ја угости Aрсовска: Во двата града живеат братски народи, македонскиот и српскиот appeared first on Република.

Градоначалникот на Белград ќе затвора обложувалници во близина на учлишта https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/gradonachalnikot-na-belgrad-kje-zatvora-oblozuvalnici-vo-blizina-na-uchlishta/ Fri, 15 Jul 2022 12:11:56 +0000 https://republika.mk/?p=529348

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, денеска изјави дека Градот Белград ќе испрати барање до Дирекцијата за игри на среќа во Министерството за финансии за затворање на сите обложувалници лоцирани на несоодветна оддалеченост од училиштата.

Шапиќ за Беоинфо изјави дека тоа е предлог на опозицијата и оти прифатил да испрати барање до училиштата да му достават список со обложувалници кои спротивно на законот се поблиску до училиштата од предвиденото.

Белградскиот градоначалник ја покани опозицијата, доколку и тие имаат список со обложувалници неправилно оддалечени од училишта, да го испратат до Градското собрание, а тој ќе биде дополнет со она што ќе го испратат училиштата.

– Контролата и излегувањето на терен би можело да се направат во текот на јули и август, а од септември може да започне и затворањето на неправилно лоцираните обложувалници, рече Шапиќ

The post Градоначалникот на Белград ќе затвора обложувалници во близина на учлишта appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, денеска изјави дека Градот Белград ќе испрати барање до Дирекцијата за игри на среќа во Министерството за финансии за затворање на сите обложувалници лоцирани на несоодветна оддалеченост од училиштата. Шапиќ за Беоинфо изјави дека тоа е предлог на опозицијата и оти прифатил да испрати барање до училиштата да му достават список со обложувалници кои спротивно на законот се поблиску до училиштата од предвиденото. Белградскиот градоначалник ја покани опозицијата, доколку и тие имаат список со обложувалници неправилно оддалечени од училишта, да го испратат до Градското собрание, а тој ќе биде дополнет со она што ќе го испратат училиштата. – Контролата и излегувањето на терен би можело да се направат во текот на јули и август, а од септември може да започне и затворањето на неправилно лоцираните обложувалници, рече Шапиќ

The post Градоначалникот на Белград ќе затвора обложувалници во близина на учлишта appeared first on Република.

]]>
Александар Шапиќ од партијата на Вучиќ нов градоначалник на Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/aleksandar-shapikj-od-partijata-na-vuchikj-nov-gradonachalnik-na-belgrad/ Mon, 20 Jun 2022 17:37:36 +0000 https://republika.mk/?p=517757

Собранието на град Белград денеска избра нов градоначалник – Александар Шапиќ, кој на изборите во април беше прв на листатата „Александар Вучиќ – Заедно можеме се“.

На тајното гласање, од 110 гласачки ливчиња Шапиќ доби тенко мнозинство од 57 советнички гласови на сите одборници на Српската Напредна Странка (СНС), Социјалистичката партија (СПС) и еден одборник од опозицискиот ПОКС кој стана независен пратник пред гласањето, јави дописникот на МИА од Белград.

За заменик на новиот градоначалник на Белград е избрана Весна Видовиќ.

Ќе се потрудам да не ја прокоцкам довербата на моите сограѓани кои гласаа за списокот околу СНС, со мојата работа да ја оправдам и никако да не ги разочарам, изјави Шапиќ по изборите.

Обраќајќи им се на советниците, тој рече дека сака Белград да биде „град победник, град шампион“.

Шапиќ додаде и дека нема да се откаже кога станува збор за изградба на метрото, обиколницата, новиот мост на Сава, тунелот од Караѓорѓева, Топчидерскиот тунел, внатрешниот главен магистрален прстен и пречистителните станици.

Александар Шапиќ беше член на Демократската партија (ДС) и во 2009 година помошник на тогашниот градоначалник на Белград Драган Ѓилас, а од 2012 година е на чело на општината Нов Белград.

По заминувањето од ДС формира свое здружение „За нашиот град“. Потоа тој го формира Српскиот патриотски сојуз (СПС), кој се обедини со СНС, каде во мај 2021 година беше избран за потпретседател на Главниот одбор.

Со ватерполо се занимава од 1984 година. Играше за селекциите на Југославија, Србија и Црна Гора и Србија од 1995 до 2008 година. На Олимписките игри учествуваше четири пати и освои еден сребрен и два бронзени медали, а со репрезентацијата освои 20 медали на 22 европски и светски натпреварувања.

The post Александар Шапиќ од партијата на Вучиќ нов градоначалник на Белград appeared first on Република.

]]>

Собранието на град Белград денеска избра нов градоначалник – Александар Шапиќ, кој на изборите во април беше прв на листатата „Александар Вучиќ – Заедно можеме се“. На тајното гласање, од 110 гласачки ливчиња Шапиќ доби тенко мнозинство од 57 советнички гласови на сите одборници на Српската Напредна Странка (СНС), Социјалистичката партија (СПС) и еден одборник од опозицискиот ПОКС кој стана независен пратник пред гласањето, јави дописникот на МИА од Белград. За заменик на новиот градоначалник на Белград е избрана Весна Видовиќ.
Ќе се потрудам да не ја прокоцкам довербата на моите сограѓани кои гласаа за списокот околу СНС, со мојата работа да ја оправдам и никако да не ги разочарам, изјави Шапиќ по изборите.
Обраќајќи им се на советниците, тој рече дека сака Белград да биде „град победник, град шампион“. Шапиќ додаде и дека нема да се откаже кога станува збор за изградба на метрото, обиколницата, новиот мост на Сава, тунелот од Караѓорѓева, Топчидерскиот тунел, внатрешниот главен магистрален прстен и пречистителните станици. Александар Шапиќ беше член на Демократската партија (ДС) и во 2009 година помошник на тогашниот градоначалник на Белград Драган Ѓилас, а од 2012 година е на чело на општината Нов Белград. По заминувањето од ДС формира свое здружение „За нашиот град“. Потоа тој го формира Српскиот патриотски сојуз (СПС), кој се обедини со СНС, каде во мај 2021 година беше избран за потпретседател на Главниот одбор. Со ватерполо се занимава од 1984 година. Играше за селекциите на Југославија, Србија и Црна Гора и Србија од 1995 до 2008 година. На Олимписките игри учествуваше четири пати и освои еден сребрен и два бронзени медали, а со репрезентацијата освои 20 медали на 22 европски и светски натпреварувања.

The post Александар Шапиќ од партијата на Вучиќ нов градоначалник на Белград appeared first on Република.

]]>