александар сариевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-sarievski/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Sep 2022 12:49:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png александар сариевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-sarievski/ 32 32 „Танец“ организира голем концерт во чест на 100 години од раѓањето на Александар Сариевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tanec-organizira-golem-koncert-vo-chest-na-100-godini-od-ragjanjeto-na-aleksandar-sarievski/ Tue, 06 Sep 2022 12:49:38 +0000 https://republika.mk/?p=547987

На 15.септември (четврток) во Македонската Опера и балет ќе се одржи голем концерт насловен како „Славејот од Галичник“ на ансамблот Танец и пријателите во чест на големиот Александар Сариевски, по повод 100-годишнината од неговото раѓање.

Овој вокално-инструментален спектакл во чест на неповторливиот глас на македонската народна песна, на сцената ќе ја обедини македонската изведувачка елита - Сузана Спасовска, Наум Петрески, Благоја Грујовски, Зуица Лазова, Кирил Митоски, Далибор Ѓошиќ, Влатко Стефановски, кои заедно со хорот и оркестарот на Танец ќе ги оживеат македонските бисери „Абер дојде, Донке“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Филизој моме“, „Нарочува бело Менде, порочува“, „Зајди, зајди јасно сонце“, „Саноќ ми булбул пропеа“, „Сулејман седит на кула“, „Те кажувает, бре, Илиној моме“, „Нит прела гора, нит ткала“, „Ор, невесто, Стојанице“, „Седна баба да вечера една еребица„, „Дејгиди, луди, млади години“, „Сношти го видов убавото Стојне“ и многу други.

Александар Сариевски е инспирација за многу генерации. Со својот уметнички профил и богат авторски и изведувачки опус го вгнезди своето име во севкупната македонска културна историја и претставува една од најмаркантните фигури на македонската народна музика.

За време на своето шестдецениско уметничко творење, Александар Сариевски зад себе остави над четиристотини трајни звучни записи за продукцијата на Македонската Радио и Телевизија, но и за други познати дискографски куќи, легат што вечно ќе потсетуваат на личноста, која даде огромен придонес во негувањето и афирмирањето на македонската народна песна кај нас и насекаде во светот.

Александар Сариевски е исто така и еден од основачите на ансамблот „Танец“, дел од неговата прва генерација и знаменит тапанџија на „Тешкото“. Со „Танец“ тој патувал насекаде низ светот, ширејќи го автентичниот македонски фолклор, а заедно со целокупниот музички опус, недвосмислено претставува еден важен дел од македонското културно наследство.

 

The post „Танец“ организира голем концерт во чест на 100 години од раѓањето на Александар Сариевски appeared first on Република.

]]>

На 15.септември (четврток) во Македонската Опера и балет ќе се одржи голем концерт насловен како „Славејот од Галичник“ на ансамблот Танец и пријателите во чест на големиот Александар Сариевски, по повод 100-годишнината од неговото раѓање. Овој вокално-инструментален спектакл во чест на неповторливиот глас на македонската народна песна, на сцената ќе ја обедини македонската изведувачка елита - Сузана Спасовска, Наум Петрески, Благоја Грујовски, Зуица Лазова, Кирил Митоски, Далибор Ѓошиќ, Влатко Стефановски, кои заедно со хорот и оркестарот на Танец ќе ги оживеат македонските бисери „Абер дојде, Донке“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Филизој моме“, „Нарочува бело Менде, порочува“, „Зајди, зајди јасно сонце“, „Саноќ ми булбул пропеа“, „Сулејман седит на кула“, „Те кажувает, бре, Илиној моме“, „Нит прела гора, нит ткала“, „Ор, невесто, Стојанице“, „Седна баба да вечера една еребица„, „Дејгиди, луди, млади години“, „Сношти го видов убавото Стојне“ и многу други. Александар Сариевски е инспирација за многу генерации. Со својот уметнички профил и богат авторски и изведувачки опус го вгнезди своето име во севкупната македонска културна историја и претставува една од најмаркантните фигури на македонската народна музика. За време на своето шестдецениско уметничко творење, Александар Сариевски зад себе остави над четиристотини трајни звучни записи за продукцијата на Македонската Радио и Телевизија, но и за други познати дискографски куќи, легат што вечно ќе потсетуваат на личноста, која даде огромен придонес во негувањето и афирмирањето на македонската народна песна кај нас и насекаде во светот. Александар Сариевски е исто така и еден од основачите на ансамблот „Танец“, дел од неговата прва генерација и знаменит тапанџија на „Тешкото“. Со „Танец“ тој патувал насекаде низ светот, ширејќи го автентичниот македонски фолклор, а заедно со целокупниот музички опус, недвосмислено претставува еден важен дел од македонското културно наследство.  

The post „Танец“ организира голем концерт во чест на 100 години од раѓањето на Александар Сариевски appeared first on Република.

]]>
Со концерт посветен на Александар Сариевски почнува Галичка свадба https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-koncert-posveten-na-aleksandar-sarievski-pochnuva-galichka-svadba/ Fri, 15 Jul 2022 09:23:08 +0000 https://republika.mk/?p=529190

Годинава, Галичката свадба ќе има малку поместен датум, а поради неодржувањето на претходните години, ќе се венчаат повеќе парови.

Од 15 до 17 јули во живописниот Галичник, на падините на планината Бистра, ќе се одржи 48. издание на автентичната културно-сценска манифестација „Галичка свадба". За галички зет и невеста оваа година се избрани Илчо Димитров и Елена Дуровска, а карактеристично за годинешната манифестација е што покрај нив, во црквата „Свети Апостол Павле" во ист ден ќе бидат венчани и Искра Блажевска и Марко Бекриќ, додека Марија Крстевска и Владимир Черепналковски ќе го кажат судбоносното „да" во Галичник на 28 август.

Програмата на годинешната Галичка свадба започнува на 15 јули вечерта, со јубилеен концерт посветен на великанот на народната песна Александар Сариевски, кој родум е токму од Галичник, а годинава се навршуваат 100 години од неговото раѓање и 20 години од неговата смрт.

Инаку, годинешниот галички зет Илчо Димитров во текот на свеченостите ќе ја носи личната народна носија на легендарниот Александар Сариевски.

Свадбените активности, пак, традиционално ќе почнат в сабота, 16 јули, со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки" од куќата на зетот. Потоа ќе бидат изведени свадбарските ритуали – „пречек на топаните", свекрвата ќе го одигра свекрвиното оро. Свадбата нема да помине без „Тешкото" и „Невестинското".

The post Со концерт посветен на Александар Сариевски почнува Галичка свадба appeared first on Република.

]]>

Годинава, Галичката свадба ќе има малку поместен датум, а поради неодржувањето на претходните години, ќе се венчаат повеќе парови. Од 15 до 17 јули во живописниот Галичник, на падините на планината Бистра, ќе се одржи 48. издание на автентичната културно-сценска манифестација „Галичка свадба". За галички зет и невеста оваа година се избрани Илчо Димитров и Елена Дуровска, а карактеристично за годинешната манифестација е што покрај нив, во црквата „Свети Апостол Павле" во ист ден ќе бидат венчани и Искра Блажевска и Марко Бекриќ, додека Марија Крстевска и Владимир Черепналковски ќе го кажат судбоносното „да" во Галичник на 28 август. Програмата на годинешната Галичка свадба започнува на 15 јули вечерта, со јубилеен концерт посветен на великанот на народната песна Александар Сариевски, кој родум е токму од Галичник, а годинава се навршуваат 100 години од неговото раѓање и 20 години од неговата смрт. Инаку, годинешниот галички зет Илчо Димитров во текот на свеченостите ќе ја носи личната народна носија на легендарниот Александар Сариевски. Свадбените активности, пак, традиционално ќе почнат в сабота, 16 јули, со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки" од куќата на зетот. Потоа ќе бидат изведени свадбарските ритуали – „пречек на топаните", свекрвата ќе го одигра свекрвиното оро. Свадбата нема да помине без „Тешкото" и „Невестинското".

The post Со концерт посветен на Александар Сариевски почнува Галичка свадба appeared first on Република.

]]>