александар прокопиев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-prokopiev/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Aug 2024 10:42:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png александар прокопиев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-prokopiev/ 32 32 Новата книга „Трибун, Хронистерик, Номад” од македонскиот писател Александар Прокопиев ќе биде промовирана денес на Гевгелиско културно лето https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/novata-kniga-tribun-hronisterik-nomad-od-makedonskiot-pisatel-aleksandar-prokopiev-ke-bide-promovirana-denes-na-gevgelisko-kulturno-leto/ Tue, 13 Aug 2024 10:42:33 +0000 https://republika.mk/?p=806113

Новата книга „Трибун, Хронистерик, Номад” од македонскиот писател Александар Прокопиев ќе биде промовирана денес во 19:30 часот во хотел Аполонија, во рамки на Гевгелиско културно лето 2024.

Промотор: Влатко Галевски

 

Оваа широка, длабока и пловна есеистичка книга на Александар Прокопиев, на самиот раб помеѓу критичкиот и прозниот дискурс, содржи десетина текстови со сроден тоналитет, подредени во три музички именувани циклуси: Praeludium, Scherzo и Lento.

Александар Прокопиев (1953, Скопје) досега објавил дваесетина прозни книги – раскази, новели, есеи и еден роман – некои од нив се преведени на светски и балкански јазици. Во 2000-та година, Енциклопедија Британика ја истакна неговата книга хибридна проза „Антиупатства за лична употреба” меѓу најинтересните годишни изданија од Југоисточна Европа, во 2011-та година за збирката бајки за возрасни „Човечулец” Прокопиев ја доби угледната меѓународна награда „Балканика”, 2022 година во најновата едиција на обемната, реномирана историја на европските книжевности „Les Lettres Europeenes”, неговата проза се анализира во поглавјето „Тенденции и современи фигури 1989-2021”, споредувајќи ја неговата со нарацијата на инвентивните раскажувачи како Бартелми, Калвино…

 

На најновата книга есеи „Трибун, Хронистерик, Номад” ѝ претходеа: „Дали Калимах беше постмодернист?” (1994), „Патувања на сказната” (1996), „Постмодерен Вавилон” (2000), „Борхес и Компјутерот” (2005), „Измислувајќи ја Европа” (2014).

The post Новата книга „Трибун, Хронистерик, Номад” од македонскиот писател Александар Прокопиев ќе биде промовирана денес на Гевгелиско културно лето appeared first on Република.

]]>

Новата книга „Трибун, Хронистерик, Номад” од македонскиот писател Александар Прокопиев ќе биде промовирана денес во 19:30 часот во хотел Аполонија, во рамки на Гевгелиско културно лето 2024. Промотор: Влатко Галевски   Оваа широка, длабока и пловна есеистичка книга на Александар Прокопиев, на самиот раб помеѓу критичкиот и прозниот дискурс, содржи десетина текстови со сроден тоналитет, подредени во три музички именувани циклуси: Praeludium, Scherzo и Lento. Александар Прокопиев (1953, Скопје) досега објавил дваесетина прозни книги – раскази, новели, есеи и еден роман – некои од нив се преведени на светски и балкански јазици. Во 2000-та година, Енциклопедија Британика ја истакна неговата книга хибридна проза „Антиупатства за лична употреба” меѓу најинтересните годишни изданија од Југоисточна Европа, во 2011-та година за збирката бајки за возрасни „Човечулец” Прокопиев ја доби угледната меѓународна награда „Балканика”, 2022 година во најновата едиција на обемната, реномирана историја на европските книжевности „Les Lettres Europeenes”, неговата проза се анализира во поглавјето „Тенденции и современи фигури 1989-2021”, споредувајќи ја неговата со нарацијата на инвентивните раскажувачи како Бартелми, Калвино…   На најновата книга есеи „Трибун, Хронистерик, Номад” ѝ претходеа: „Дали Калимах беше постмодернист?” (1994), „Патувања на сказната” (1996), „Постмодерен Вавилон” (2000), „Борхес и Компјутерот” (2005), „Измислувајќи ја Европа” (2014).

The post Новата книга „Трибун, Хронистерик, Номад” од македонскиот писател Александар Прокопиев ќе биде промовирана денес на Гевгелиско културно лето appeared first on Република.

]]>
Книгата раскази „Делфинот“ на Александар Прокопиев објавена на бугарски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knigata-raskazi-delfinot-na-aleksandar-prokopiev-objavena-na-bugarski-jazik/ Fri, 06 Oct 2023 11:54:56 +0000 https://republika.mk/?p=688572

Неодамна, познатото софиско книгоиздателство „Books4All“ („Книги за сите“) ја издаде книгата раскази „Делфинот (приказни за видливото и невидливото)“ на македонскиот автор Александар Прокопиев.

Преводот на бугарски е на Деница Проданова, инвентивното решение на корицата на Стефан Пламенов.

Во препораката до бугарскиот читател на „Делфинот“ се вели:

Мајстор на прозата, Александар Прокопиев умее да раскажува приказни што вовлекуваат во интригата, возбудуваат со своите емоции и на крај, но не и помалку важно – долго остануваат во вашите мисли“.

Претходната книга на Прокопиев преведена на бугарски, „Човечулец“, беше под покровителство на истото книгоиздателство што го води издавачот, книжевниот истражувач и критичар Пламен Тотев. „Човечулец“ имаше впечатливи претставувања за време на меѓународната ноќ на литературата во Софија, како и во македонскиот културен центар.

 

The post Книгата раскази „Делфинот“ на Александар Прокопиев објавена на бугарски јазик appeared first on Република.

]]>

Неодамна, познатото софиско книгоиздателство „Books4All“ („Книги за сите“) ја издаде книгата раскази „Делфинот (приказни за видливото и невидливото)“ на македонскиот автор Александар Прокопиев. Преводот на бугарски е на Деница Проданова, инвентивното решение на корицата на Стефан Пламенов. Во препораката до бугарскиот читател на „Делфинот“ се вели:
Мајстор на прозата, Александар Прокопиев умее да раскажува приказни што вовлекуваат во интригата, возбудуваат со своите емоции и на крај, но не и помалку важно – долго остануваат во вашите мисли“.
Претходната книга на Прокопиев преведена на бугарски, „Човечулец“, беше под покровителство на истото книгоиздателство што го води издавачот, книжевниот истражувач и критичар Пламен Тотев. „Човечулец“ имаше впечатливи претставувања за време на меѓународната ноќ на литературата во Софија, како и во македонскиот културен центар.  

The post Книгата раскази „Делфинот“ на Александар Прокопиев објавена на бугарски јазик appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Ѕиркачот“ на Александар Прокопиев во Словенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-zirkachot-na-aleksandar-prokopiev-vo-slovenija/ Tue, 20 Jun 2023 07:57:31 +0000 https://republika.mk/?p=653268

На 15. јуни, во чудесниот амбиент на вилата „Златица“, именувана по саканата ќерка на најпознатиот љубљански жупан Иван Хрибар, е одржана промоцијата на „Шпегавец“, словенечкиот превод на романот „Ѕиркачот“ на Александар Прокопиев.

Во полниот салон романот го претставија и за него разговараа професорката Намита Субиото, преведувачот на делото Роберт Суша и авторот Прокопиев, со помош на Соња Цекова – Стојановска што консекутивно ги пренесуваше интересните дијалози во взаемна жива комуникација со публиката, што продолжи по промоцијата во градината на вилата.

Неколку дена пред промоцијата на Третата програма „Арс“ на радио Словенија беше емитирано долго интервју со Прокопиев што го водеше младиот критичар Сашо Пуљаревиќ, што подоцна во печатена форма беше поставено во информативниот портал на РТВ Словенија.

За мене и овој книжевен престој во Словенија беше извонредно организиран, облагодарен со човечката топлина на промоторите и организаторите што долго ќе ме грее и храбри, изјави писателот Александар Прокопиев.

The post Промоција на „Ѕиркачот“ на Александар Прокопиев во Словенија appeared first on Република.

]]>

На 15. јуни, во чудесниот амбиент на вилата „Златица“, именувана по саканата ќерка на најпознатиот љубљански жупан Иван Хрибар, е одржана промоцијата на „Шпегавец“, словенечкиот превод на романот „Ѕиркачот“ на Александар Прокопиев. Во полниот салон романот го претставија и за него разговараа професорката Намита Субиото, преведувачот на делото Роберт Суша и авторот Прокопиев, со помош на Соња Цекова – Стојановска што консекутивно ги пренесуваше интересните дијалози во взаемна жива комуникација со публиката, што продолжи по промоцијата во градината на вилата. Неколку дена пред промоцијата на Третата програма „Арс“ на радио Словенија беше емитирано долго интервју со Прокопиев што го водеше младиот критичар Сашо Пуљаревиќ, што подоцна во печатена форма беше поставено во информативниот портал на РТВ Словенија.
За мене и овој книжевен престој во Словенија беше извонредно организиран, облагодарен со човечката топлина на промоторите и организаторите што долго ќе ме грее и храбри, изјави писателот Александар Прокопиев.

The post Промоција на „Ѕиркачот“ на Александар Прокопиев во Словенија appeared first on Република.

]]>
Збирката раскази „Човечулец“ на Александар Прокопиев објавена на бугарски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zbirkata-raskazi-chovechulec-na-aleksandar-prokopiev-objavena-na-bugarski/ Fri, 26 Aug 2022 07:31:27 +0000 https://republika.mk/?p=544258

Познатото софиско книгоиздателство „Персеј“ го објави бугарскиот превод на збирката раскази „Човечулец“ од Александар Прокопиев. Преводот од македонски е на Деница Проданова. Со тоа се заокружуваат преводите на „Човечулец“ на балканските јазици – турскиот, српскиот, хрватскиот, бугарскиот, албанскиот – а книгата, добитник на угледната награда „Балканика“ за 2011., досега е објавена и во Британија, Италија, Полска, Египет...

Издавачот на читателите вака им го препорачува „Човечулец“: „Оригинален, со чувство за хумор и ерудиција, автор за сите поколенија, Александар Прокопиев напишал волшебна и остроумна книга, што ќе ни даде уникатно читателско уживање.

Тој раскажува за вината и прошката, за товарот на победите и поразите. Неговите сижеа преплетуваат современи стории со приказни, легендарни и митолошки мотиви. Така писателот прави свои интерпретации на „Дивите лебеди“ и „Снежана“ или ни го покажува светот низ очите на грдото вонбрачно дете, на човекот со едно крило кој се пресвртува во цар на птиците, на туѓинецот што припитомил змиулче, на алхемичарот кој се обидува да создаде човече под стаклено ѕвоно“.

The post Збирката раскази „Човечулец“ на Александар Прокопиев објавена на бугарски appeared first on Република.

]]>

Познатото софиско книгоиздателство „Персеј“ го објави бугарскиот превод на збирката раскази „Човечулец“ од Александар Прокопиев. Преводот од македонски е на Деница Проданова. Со тоа се заокружуваат преводите на „Човечулец“ на балканските јазици – турскиот, српскиот, хрватскиот, бугарскиот, албанскиот – а книгата, добитник на угледната награда „Балканика“ за 2011., досега е објавена и во Британија, Италија, Полска, Египет... Издавачот на читателите вака им го препорачува „Човечулец“: „Оригинален, со чувство за хумор и ерудиција, автор за сите поколенија, Александар Прокопиев напишал волшебна и остроумна книга, што ќе ни даде уникатно читателско уживање. Тој раскажува за вината и прошката, за товарот на победите и поразите. Неговите сижеа преплетуваат современи стории со приказни, легендарни и митолошки мотиви. Така писателот прави свои интерпретации на „Дивите лебеди“ и „Снежана“ или ни го покажува светот низ очите на грдото вонбрачно дете, на човекот со едно крило кој се пресвртува во цар на птиците, на туѓинецот што припитомил змиулче, на алхемичарот кој се обидува да создаде човече под стаклено ѕвоно“.

The post Збирката раскази „Човечулец“ на Александар Прокопиев објавена на бугарски appeared first on Република.

]]>
За прозата на Александар Прокопиев во публикацијата Les Lettres Européennes https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/za-prozata-na-aleksandar-prokopiev-vo-publikacijata-les-lettres-europeennes/ Mon, 24 Jan 2022 10:37:10 +0000 https://republika.mk/?p=448672

Најновата едиција на реномираната историја на европските книжевности Les Lettres Europeénnes излезе од печат во Париз. Автори се четворица универзитетски професори: Аник Беноа-Дисосо, Ги Фонтен, Јан Једрзејевски и Тимур Мухидин, а тие соработуваа заедно со двесте книжевници од Европа. Предговорот на ова издание е на нобеловката Олга Токарчук.

Во ова капитално дело од речиси 1200 страници, во 16 поглавија, најнапред се толкува и аргументира концептот на европската литература, а потоа се анализираат авторите, книгите и поетиките од Средниот век до денес.

Меѓу значајните имиња на современата европска литература, во ова издание, во неговото последно поглавје „Тенденции и современи фигури, 1989-2021“, се анализира и прозата на современиот македонски писател Александар Прокопиев. Тој е застапен помеѓу авторите: Херта Милер, Елфриде Јелинек, Слободан Шнајдер, Мануел Ривас, Олга Токарчук, Биљана Србљановиќ, Јури Андрукович, Људмила Улицкаја.

По кусата биографија, следи анализа на неговата поетика во „Човечулецот“ и „Ѕиркачот“, со цитирани мислења за неговата раскажувачка постапка од Владислав Бајац и Георги Господинов. Поетиката на Прокопиев се сместува во таа на инвентивни раскажувачи како Бартелми, Калвино. „... тој ужива во подметнувањето на сентименталните парчиња од бајките, задржувајќи бројни елементи на фантастичните или магичните повести. Прокопиев ја втелотворува постмодерната струја во Македонија, додека ги тера читателите да го прифатат фактот дека самиот живот се темели на збрка“, се заклучува во освртот.

The post За прозата на Александар Прокопиев во публикацијата Les Lettres Européennes appeared first on Република.

]]>

Најновата едиција на реномираната историја на европските книжевности Les Lettres Europeénnes излезе од печат во Париз. Автори се четворица универзитетски професори: Аник Беноа-Дисосо, Ги Фонтен, Јан Једрзејевски и Тимур Мухидин, а тие соработуваа заедно со двесте книжевници од Европа. Предговорот на ова издание е на нобеловката Олга Токарчук. Во ова капитално дело од речиси 1200 страници, во 16 поглавија, најнапред се толкува и аргументира концептот на европската литература, а потоа се анализираат авторите, книгите и поетиките од Средниот век до денес. Меѓу значајните имиња на современата европска литература, во ова издание, во неговото последно поглавје „Тенденции и современи фигури, 1989-2021“, се анализира и прозата на современиот македонски писател Александар Прокопиев. Тој е застапен помеѓу авторите: Херта Милер, Елфриде Јелинек, Слободан Шнајдер, Мануел Ривас, Олга Токарчук, Биљана Србљановиќ, Јури Андрукович, Људмила Улицкаја. По кусата биографија, следи анализа на неговата поетика во „Човечулецот“ и „Ѕиркачот“, со цитирани мислења за неговата раскажувачка постапка од Владислав Бајац и Георги Господинов. Поетиката на Прокопиев се сместува во таа на инвентивни раскажувачи како Бартелми, Калвино. „... тој ужива во подметнувањето на сентименталните парчиња од бајките, задржувајќи бројни елементи на фантастичните или магичните повести. Прокопиев ја втелотворува постмодерната струја во Македонија, додека ги тера читателите да го прифатат фактот дека самиот живот се темели на збрка“, се заклучува во освртот.

The post За прозата на Александар Прокопиев во публикацијата Les Lettres Européennes appeared first on Република.

]]>
Реномираната издавачка куќа „Фан Ноли“ ги издаде на албански јазик книгите на Прокопиев, Лафазановски и Трајкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/renomiranata-izdavachka-kukja-fan-noli-gi-izdade-na-albanski-jazik-knigite-na-prokopiev-lafazanovski-i-trajkoski/ Fri, 14 Jan 2022 09:01:54 +0000 https://republika.mk/?p=444451

Во издание на реномираната албанска издавачка куќа „Фан Ноли“ од Тирана, деновиве излегоа од печат преводите на книгите „Човечулец“ на Александар Прокопиев и „Храпешко“ на Ермис Лафазановски. Ова е уште една потврда за успешниот преведувачки поход на овие дела низ светот, со досега десетина преводи на балкански и светски јазици.

Книгата „Човечулец: Бајки од левиот џеб“ оригинално е издадена од „Магор“ во 2011 година, а во 2012 година ја доби книжевната награда „Балканика“. Преводот на албански го направи Џими Лазри.

Бајките за возрасни се тест на зрелоста, прифаќање на вечните вредности надвор од светот на егоизмот, заблуденоста и заглупеноста. Го отсликуваат животот во неговата бескрајна непредвидливост, во реалноста и фантазиите, сонот и јавето. Секој треба да го открие својот пат кон сопственото значење, откривајќи го повторно, на зрел начин, значењето на љубовта, моќта на доброто, како и уживањето во вечната игра на креативноста. „Човечулец“ е веќе објавена на: англиски, српски, полски, турски, хрватски, арапски јазик и др.

„Храпешко“ на Ермис Лафазановски беше претставник на Македонија за наградата „Балканика“ во 2006 година, а веќе е преведен на хрватски, словенечки, српски и на француски јазик. Преводот на албански го направи Џемиле Зукај.

Хуморескно, меѓутоа воедно и сериозно авторот раскажува за згодите и незгодите на главниот лик Храпешко, за умешноста на создавањето и преживувањето, за копнежите и соништата, за животната енергија и љубовта, за животот во татковината и во странство.

Минатата година во издание на „Фан Ноли“ излезе и романот „Неверство“ на Дејан Трајкоски. Вториот роман на Трајкоски е објавен во 2014 година, а досега е преведен на англиски, ерменски, арапски јазик, српски и на бугарски јазик.

The post Реномираната издавачка куќа „Фан Ноли“ ги издаде на албански јазик книгите на Прокопиев, Лафазановски и Трајкоски appeared first on Република.

]]>

Во издание на реномираната албанска издавачка куќа „Фан Ноли“ од Тирана, деновиве излегоа од печат преводите на книгите „Човечулец“ на Александар Прокопиев и „Храпешко“ на Ермис Лафазановски. Ова е уште една потврда за успешниот преведувачки поход на овие дела низ светот, со досега десетина преводи на балкански и светски јазици. Книгата „Човечулец: Бајки од левиот џеб“ оригинално е издадена од „Магор“ во 2011 година, а во 2012 година ја доби книжевната награда „Балканика“. Преводот на албански го направи Џими Лазри. Бајките за возрасни се тест на зрелоста, прифаќање на вечните вредности надвор од светот на егоизмот, заблуденоста и заглупеноста. Го отсликуваат животот во неговата бескрајна непредвидливост, во реалноста и фантазиите, сонот и јавето. Секој треба да го открие својот пат кон сопственото значење, откривајќи го повторно, на зрел начин, значењето на љубовта, моќта на доброто, како и уживањето во вечната игра на креативноста. „Човечулец“ е веќе објавена на: англиски, српски, полски, турски, хрватски, арапски јазик и др. „Храпешко“ на Ермис Лафазановски беше претставник на Македонија за наградата „Балканика“ во 2006 година, а веќе е преведен на хрватски, словенечки, српски и на француски јазик. Преводот на албански го направи Џемиле Зукај. Хуморескно, меѓутоа воедно и сериозно авторот раскажува за згодите и незгодите на главниот лик Храпешко, за умешноста на создавањето и преживувањето, за копнежите и соништата, за животната енергија и љубовта, за животот во татковината и во странство. Минатата година во издание на „Фан Ноли“ излезе и романот „Неверство“ на Дејан Трајкоски. Вториот роман на Трајкоски е објавен во 2014 година, а досега е преведен на англиски, ерменски, арапски јазик, српски и на бугарски јазик.

The post Реномираната издавачка куќа „Фан Ноли“ ги издаде на албански јазик книгите на Прокопиев, Лафазановски и Трајкоски appeared first on Република.

]]>