Александар Петличковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-petlichkovski/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Mar 2024 12:30:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Александар Петличковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-petlichkovski/ 32 32 ВО ЖИВО: Изјава на Петличковски и Грозданова по седницата на Комисијата за заразни болести https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-zhivo-izjava-na-petlichkovski-i-grozdanova-po-sednitsata-na-komisijata-za-zarazni-bolesti/ Thu, 14 Mar 2024 12:30:35 +0000 https://republika.mk/?p=754745

Изјави на претседателите на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски и на Националниот комитет за имунизација Александра Грозданова по седницата на КЗБ која заседаваше за мерките за справување со голема кашлица.

The post ВО ЖИВО: Изјава на Петличковски и Грозданова по седницата на Комисијата за заразни болести appeared first on Република.

]]>

Петличковски за малата Јана: Вирусните миокардити знаат да бидат бурни, не се исклучува можноста да имала вирусна инфекција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petlichkovski-za-malata-jana-virusnite-miokarditi-znaat-da-bidat-burni-ne-se-iskluchuva-mozhnosta-da-imala-virusna-infektsija/ Fri, 07 Apr 2023 20:34:16 +0000 https://republika.mk/?p=628510

Со оглед на фактот дека малата Јана најверојатно починала од миокардит, а вирусите се честа причина за миокардит, не се исклучува можноста да имала вирусна инфекција. Лекарите во битолската болница со консултирале и со клиниката во Скопје и биле на добар пат за поставување на дијагнозата, но за жал вирусните миокардити знаат да бидат бурни и за само неколку часа може да се случува смртта. Не верувам дека во битолската болница можеле да направат нешто повеќе, истакна претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, при гостување на Сител.

Според Петличковски, најчести предизвикувачи на миокардит се аденовирусите, парвовирусите и секако вирусните инфекции од ковид, но, како што рече, шест месеци е малку предолг период за директно да се поврзе ковидот.

Многу е веројатно дека некој вирус бил предизвикувач на миокардитот, но не можеме со сигурност да потврдиме кој е тој вирус. Шест месеци период е предолг период за да го инкриминираме ковидот и директно да посочиме дека е тој виновникот. Некој вирус многу веројатно бил, истакна Петличковски.

На прашањето околу забелешката на родителите на малата Јана дека таа имала отоци во телото и дали тоа можело да биде некаков сигнал дека се случува такво нешто и да биде предупредување за лекарите, Петличковски одговори дека отоците на очните капаци веројатно се поврзани со ослабување на функцијата на срцевиот мускул.

Мислам дека лекарите во битолската болница тоа веднаш го детектирале и почнале постапки за проценка на срцевата функција. Знам дека имало и консултации со клиниката во Скопје, и со Детската клиника и со Кардиологија, и прилично сум сигурен дека биле на добар пат во поставувањето на дијагнозата. За жал, некогаш овие вирусни миокардити знаат да бидат многу бурни и само за неколку часа се случува смртта, така што не верувам дека во битолската болница можеле да направат нешто повеќе, подвлече Петличковски.

Исто така, Петличковски информираше дека во определен мал дел на овие случаи состојбата е многу тешка и ургентна и дека тоа не може да се предвиди на почеток.

Тоа се непредвидливи и многу тешки случаи и за жал немаме начин како тоа да го спречиме, посочи претседателот на Комисијата за заразни болести додавајќи дека можат да постојат некои благи симптоми но овој фулминантен тек не може да се предвиди, непредвидлив е и тешкорешлив, изјави Петличковски, информирајќи и дека вирусните миокардити само околу еден процент завршуваат со смртен исход.

The post Петличковски за малата Јана: Вирусните миокардити знаат да бидат бурни, не се исклучува можноста да имала вирусна инфекција appeared first on Република.

Сомнителен сучај за мајмунски сипаници во Македонија: Се проверува дали пациент од Кичево е заразен со болеста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/somnitelen-suchaj-za-majmunski-sipanici-vo-makedonija-se-proveruva-dali-pacientot-od-kichevo-e-zarazen-so-bolesta/ Wed, 10 Aug 2022 17:12:46 +0000 https://republika.mk/?p=538855

До Институтот за јавно здравје во текот на денот треба да пристигне примерок за тестирање на сомнителен случај на мајмунски сипаници.

Пациентот е од Кичево, во добра здравствена состојба и нема потреба од хоспитализација, соопшти претседателот на Комисијата за заразни болести (КЗБ), Александар Петличковски.

Пациентот е лоциран. Контактиран е од надлежниот епидемиолог во Битола и првичната епидемиолошка анкета е завршена. Имаме достапни тестови и во ИЈЗ треба да имаме одговор дали се работи за мајмунски сипаници - изјави Петличковски за Сител Телевизија.

Пациентот од Кичево пред неколку дена добил осип на телото, што е еден од симптомите на мајмунски сипаници

Претседателот на КЗБ додаде дека се направени првични лабораториски анализи, а Комисијата попладнево ќе одржи состанок за состојбата со мајмунските сипаници.

The post Сомнителен сучај за мајмунски сипаници во Македонија: Се проверува дали пациент од Кичево е заразен со болеста appeared first on Република.

]]>

До Институтот за јавно здравје во текот на денот треба да пристигне примерок за тестирање на сомнителен случај на мајмунски сипаници. Пациентот е од Кичево, во добра здравствена состојба и нема потреба од хоспитализација, соопшти претседателот на Комисијата за заразни болести (КЗБ), Александар Петличковски.
Пациентот е лоциран. Контактиран е од надлежниот епидемиолог во Битола и првичната епидемиолошка анкета е завршена. Имаме достапни тестови и во ИЈЗ треба да имаме одговор дали се работи за мајмунски сипаници - изјави Петличковски за Сител Телевизија.
Пациентот од Кичево пред неколку дена добил осип на телото, што е еден од симптомите на мајмунски сипаници Претседателот на КЗБ додаде дека се направени првични лабораториски анализи, а Комисијата попладнево ќе одржи состанок за состојбата со мајмунските сипаници.

The post Сомнителен сучај за мајмунски сипаници во Македонија: Се проверува дали пациент од Кичево е заразен со болеста appeared first on Република.

]]>
Петличковски : Се уште сме на дискусии за набавување на новите лекови како „Паксловид“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petlichkovski-smiruva-vo-ovoj-moment-nemame-nikakov-znachaen-pritisok-vrz-zdravstveniot-sistem/ Fri, 22 Jul 2022 19:44:02 +0000 https://republika.mk/?p=532274

Во овој момент немаме никаков значаен притисок врз здравствениот систем. Иако бројот на случаи со Ковид-19 рапидно расте, до болница стигнуваат малку луѓе и уште помал процент од нив имаат тежок тек на болеста. Имајќи предвид дека притисокот врз нашиот здравствен систем не е сериозен, не планираме да правиме затегнување на мерките.

Ова вечерва во гостување во вестите на ТВ Сител го истакна претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, кој рече дека веројатно и поради сериозен удел на веќе стекнатиот имунитет со вакцини и прележана болест, клиничката слика која е поврзана со оваа нова варијанта на Ковид-19 не е тешка и оттука бројот на сериозни случаи, бројот на смртни случаи е многу низок. Тоа ни дава за право, посочи тој, да очекуваме дека во следните месеци ќе треба и ќе можеме да живееме со короната, да ја прифатиме како слични болести сезонски, ендемски и да се обидеме животот да го вратиме во нормала.

На прашање дали се набавени најнови лекови против Ковид-19 кои се применуваат во светски рамки и дали имаме доволно стручен кадар кој би се грижел за евентуална ситуација да се наполнат болниците, тој рече дека секогаш може да биде подобро.

– Во моментов се уште сме на дискусии, односно на планови за набавување на новите лекови како „Паксловид“ на пример, како антителата кои се ефикасни со омикрон инфекциите, но се уште ги немаме. За жал тие тендерски процедури, набавки, не одат лесно и брзо. Ние имаме план за количина и вид на лекови кои се покажани дека многу ефикасно делуваат во спречување на компликации кај ризичните групи. Знам дека постапката е во тек. Не знам точно кога би стигнале, но очекувам во рамките на еден месец да бидат достапни тие лекарства, рече д-р Петличковски.

Во однос на стручниот кадар појасни дека не е многу променето од времето кога интензивно се полнеа болниците, но тоа што е различно е дека сега имаат извлечено некакви искуства, дека малку повеќе ги имаат прифатено и повеќе ги следат насоките за лекување и смета дека подобро ќе одговорат.

На прашање кога последен пат е променет протоколот за лекување и третирање на пациенти со Ковид-19, рече дека последната верзија за која знае е од мај-јуни и во неа не се вклучени последните лекарства одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА).

– На претпоследниот состанок имавме договор со колегите од Инфективната клиника да направат пресек на тоа што во моментот е актуелен пристап и очекувам да го апдејтираме, појасни д-р Петличковски.

Тој посочи дека на Клиниката за нефрологија има сличен апарат, односно апарат кој може да прави хемофилтрација, кој често се користи и кај болни на интензивна нега во КАРИЛ, го користеле во ситуации каде има сепса, каде реално може да се помогне со намалувањето на токсичните или тие воспалителни медијатори во крвта.

На прашање дали тој би препорачал употреба на хемофилтрација кај Ковид пациенти, рече дека би препорачал доколку види сериозна препорака од одговорна институција. – Таква препорака немам видено, рече д-р Петличковски.

Во врска со вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести за формирање на пет ковид амбуланти кои треба да функционираат во Скопје, тој појасни дека таа идеја е заговарана на почетокот на пандемијата. Потенцира дека целта е тријажирање на пациентите и нивно благовремено насочување дали се за лекување во домашни услови, дали се за лекување во секундарна и во терцијарна установа.

– Од почетокот на пандемијата досега имаме огромен притисок главно на Инфективната клиника, ковид центрите на начин што штом пациентот стане позитивен дури и ако се сомнева на позитивен резултат веднаш стигнува на клиника. Тоа не е дозволиво и не може да опстане. Идејата на предлогот за фирмирање на овие амбуланти е на едно место пациентите кои се сомневаат дека можеби имаат Ковид да дојдат, да добијат клинички, физикален преглед и доктор да процени дали нивната состојба одговара на домашно лекување или можеби итно треба да се испрати во некоја болничка установа и истовремено да го добие тестирањето. Сега имаме ситуација пациентите да се јават на матичен лекар, таму да се закаже тестирање по четири, пет дена, резултатот да се добие уште по дополнителни ден, два, тоа се шест изгубени дена само во тестирање. Идејата е матичниот лекар кој ќе држи смена во овие ковид амбуланти да ја направи проценката веднаш штом човекот почувствува симптоми и веднаш да биде тестиран…, рече д-р Петличковски.

Истакна дека секој матичен лекар во овие пет ковид амбуланти ќе има една смена во месец и половина.

– Во сите други термини неговите пациенти остануваат со него. За време на неговата смена предвидено е да функционира замената и од тој аспект не би требало ништо да се смени освен што на пациентите ќе им се скрати лутањето и ќе се забрза поставување на дијагнозата и евентуално изолирањето на позитивните пациенти. Во наскоро време очекувам да организираме средба со трите претставници на матичните лекари. Во текот на идната недела се надевам дека ќе почнат со работи ковид амбулантите, додаде д-р Петличковски.

The post Петличковски : Се уште сме на дискусии за набавување на новите лекови како „Паксловид“ appeared first on Република.

]]>

Во овој момент немаме никаков значаен притисок врз здравствениот систем. Иако бројот на случаи со Ковид-19 рапидно расте, до болница стигнуваат малку луѓе и уште помал процент од нив имаат тежок тек на болеста. Имајќи предвид дека притисокот врз нашиот здравствен систем не е сериозен, не планираме да правиме затегнување на мерките. Ова вечерва во гостување во вестите на ТВ Сител го истакна претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, кој рече дека веројатно и поради сериозен удел на веќе стекнатиот имунитет со вакцини и прележана болест, клиничката слика која е поврзана со оваа нова варијанта на Ковид-19 не е тешка и оттука бројот на сериозни случаи, бројот на смртни случаи е многу низок. Тоа ни дава за право, посочи тој, да очекуваме дека во следните месеци ќе треба и ќе можеме да живееме со короната, да ја прифатиме како слични болести сезонски, ендемски и да се обидеме животот да го вратиме во нормала. На прашање дали се набавени најнови лекови против Ковид-19 кои се применуваат во светски рамки и дали имаме доволно стручен кадар кој би се грижел за евентуална ситуација да се наполнат болниците, тој рече дека секогаш може да биде подобро.
– Во моментов се уште сме на дискусии, односно на планови за набавување на новите лекови како „Паксловид“ на пример, како антителата кои се ефикасни со омикрон инфекциите, но се уште ги немаме. За жал тие тендерски процедури, набавки, не одат лесно и брзо. Ние имаме план за количина и вид на лекови кои се покажани дека многу ефикасно делуваат во спречување на компликации кај ризичните групи. Знам дека постапката е во тек. Не знам точно кога би стигнале, но очекувам во рамките на еден месец да бидат достапни тие лекарства, рече д-р Петличковски.
Во однос на стручниот кадар појасни дека не е многу променето од времето кога интензивно се полнеа болниците, но тоа што е различно е дека сега имаат извлечено некакви искуства, дека малку повеќе ги имаат прифатено и повеќе ги следат насоките за лекување и смета дека подобро ќе одговорат. На прашање кога последен пат е променет протоколот за лекување и третирање на пациенти со Ковид-19, рече дека последната верзија за која знае е од мај-јуни и во неа не се вклучени последните лекарства одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА). – На претпоследниот состанок имавме договор со колегите од Инфективната клиника да направат пресек на тоа што во моментот е актуелен пристап и очекувам да го апдејтираме, појасни д-р Петличковски.   Тој посочи дека на Клиниката за нефрологија има сличен апарат, односно апарат кој може да прави хемофилтрација, кој често се користи и кај болни на интензивна нега во КАРИЛ, го користеле во ситуации каде има сепса, каде реално може да се помогне со намалувањето на токсичните или тие воспалителни медијатори во крвта. На прашање дали тој би препорачал употреба на хемофилтрација кај Ковид пациенти, рече дека би препорачал доколку види сериозна препорака од одговорна институција. – Таква препорака немам видено, рече д-р Петличковски. Во врска со вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести за формирање на пет ковид амбуланти кои треба да функционираат во Скопје, тој појасни дека таа идеја е заговарана на почетокот на пандемијата. Потенцира дека целта е тријажирање на пациентите и нивно благовремено насочување дали се за лекување во домашни услови, дали се за лекување во секундарна и во терцијарна установа.
– Од почетокот на пандемијата досега имаме огромен притисок главно на Инфективната клиника, ковид центрите на начин што штом пациентот стане позитивен дури и ако се сомнева на позитивен резултат веднаш стигнува на клиника. Тоа не е дозволиво и не може да опстане. Идејата на предлогот за фирмирање на овие амбуланти е на едно место пациентите кои се сомневаат дека можеби имаат Ковид да дојдат, да добијат клинички, физикален преглед и доктор да процени дали нивната состојба одговара на домашно лекување или можеби итно треба да се испрати во некоја болничка установа и истовремено да го добие тестирањето. Сега имаме ситуација пациентите да се јават на матичен лекар, таму да се закаже тестирање по четири, пет дена, резултатот да се добие уште по дополнителни ден, два, тоа се шест изгубени дена само во тестирање. Идејата е матичниот лекар кој ќе држи смена во овие ковид амбуланти да ја направи проценката веднаш штом човекот почувствува симптоми и веднаш да биде тестиран…, рече д-р Петличковски.
Истакна дека секој матичен лекар во овие пет ковид амбуланти ќе има една смена во месец и половина.
– Во сите други термини неговите пациенти остануваат со него. За време на неговата смена предвидено е да функционира замената и од тој аспект не би требало ништо да се смени освен што на пациентите ќе им се скрати лутањето и ќе се забрза поставување на дијагнозата и евентуално изолирањето на позитивните пациенти. Во наскоро време очекувам да организираме средба со трите претставници на матичните лекари. Во текот на идната недела се надевам дека ќе почнат со работи ковид амбулантите, додаде д-р Петличковски.

The post Петличковски : Се уште сме на дискусии за набавување на новите лекови како „Паксловид“ appeared first on Република.

]]>
Петличковски: Сега сме во безбедна зона, но треба да се подготвиме за евенутален нов бран https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/petlichkovski-sega-sme-vo-bezbedna-zona-no-treba-da-se-podgotvime-za-evenutalen-nov-bran/ Fri, 15 Apr 2022 19:05:16 +0000 https://republika.mk/?p=489128

Мислам дека сега сме во многу безбедна зона и дека тука ќе останеме барем неколку месеци. Сепак, мора да бидеме внимателни и да се подготвиме за евентуален нов бран на пандемијата, истакна претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

Тој вечерва во гостувањето на телевизијата Телма посочи дека сега се наоѓаме во многу помирен дел од пандемијата, но мора да бидеме внимателни затоа што не знаеме што ќе ни донесе есента.

Сега сме во еден многу помирен дел од пандемијата, не би рекол дека е зад нас. Мора да бидеме внимателни, не знаеме што ќе ни донесе есента, но мислам дека имаме неколку месеци, пролет и лето, кои ќе бидат стабилни и мирни. Од есен ќе правиме нови планови како понатаму - рече Петличковски.

Како што посочи, иако во моментов голем дел од европските земји имаат високи бројки на новооткриени случаи, оптоварувањето на нивните здравствени системи е мало, и затоа со повеќе лагодност прибегнуваат кон олабавување на мерките.

Истото се случува и кај нас, со тоа што благодарение на големиот број прележани луѓе, ние имаме малку посвеж имунитет од оној што западните земји го создаваа со вакцини со месеци наназад. Затоа кај нас паралелно со олеснувањето на оптеретувањето на здравствениот систем се намалуваат и бројките - додаде претседателот на Комисијата.

Тој напомена дека е потребна внимателност, односно да се подготвиме за евентуален нов бран.

Ние не можеме да знаеме, не сме сигурни дали ќе има нов бран, но сепак мора да сме подготвени. Тоа значи дека ги зајакнуваме капацитетите за тестирање, преговараме да обезбедиме лекови кои во рана фаза на болеста многу помагаат за критичните болни и исто така ги организираме сместувачките капацитети. Но, сега е периодот кога може да здивнеме - додаде Петличковски.

Тој информираше дека во моментов има вкупно околу 50-тина хоспитализирани ковид-пациенти во сите болници, во сите инфективни одделенија во државата, за разлика од над 2 000 колку што имаше во максимално лошите денови.

Петличковски изјави дека нема да се откажат од вакцинацијата и додаде оти тоа мора да се објасни на сите граѓани.

Да знаат дека доколку дојде нов eсенски бран, се појави нова варијанта, вакцинацијата ни е излезот. Не можеме да си дозволиме луксуз, да се инифицираме и да видиме како ќе поминеме. Во најава има од сериозните компании некои комбинации на нови вакцини, кои се очекуваат од јуни натаму и ќе покриваат повеќе различни варијанти, значи ќе бидат ефикасни за создавање имунитет кон различни варијанти на вирусот. Кон оригиналната, плус омикрон и тоа би требало да биде една подобра опција. Ги следиме новините на пазарот и не се откажуваме од вакцинацијата - рече Петличковски

The post Петличковски: Сега сме во безбедна зона, но треба да се подготвиме за евенутален нов бран appeared first on Република.

]]>

Мислам дека сега сме во многу безбедна зона и дека тука ќе останеме барем неколку месеци. Сепак, мора да бидеме внимателни и да се подготвиме за евентуален нов бран на пандемијата, истакна претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски. Тој вечерва во гостувањето на телевизијата Телма посочи дека сега се наоѓаме во многу помирен дел од пандемијата, но мора да бидеме внимателни затоа што не знаеме што ќе ни донесе есента.
Сега сме во еден многу помирен дел од пандемијата, не би рекол дека е зад нас. Мора да бидеме внимателни, не знаеме што ќе ни донесе есента, но мислам дека имаме неколку месеци, пролет и лето, кои ќе бидат стабилни и мирни. Од есен ќе правиме нови планови како понатаму - рече Петличковски.
Како што посочи, иако во моментов голем дел од европските земји имаат високи бројки на новооткриени случаи, оптоварувањето на нивните здравствени системи е мало, и затоа со повеќе лагодност прибегнуваат кон олабавување на мерките.
Истото се случува и кај нас, со тоа што благодарение на големиот број прележани луѓе, ние имаме малку посвеж имунитет од оној што западните земји го создаваа со вакцини со месеци наназад. Затоа кај нас паралелно со олеснувањето на оптеретувањето на здравствениот систем се намалуваат и бројките - додаде претседателот на Комисијата.
Тој напомена дека е потребна внимателност, односно да се подготвиме за евентуален нов бран.
Ние не можеме да знаеме, не сме сигурни дали ќе има нов бран, но сепак мора да сме подготвени. Тоа значи дека ги зајакнуваме капацитетите за тестирање, преговараме да обезбедиме лекови кои во рана фаза на болеста многу помагаат за критичните болни и исто така ги организираме сместувачките капацитети. Но, сега е периодот кога може да здивнеме - додаде Петличковски.
Тој информираше дека во моментов има вкупно околу 50-тина хоспитализирани ковид-пациенти во сите болници, во сите инфективни одделенија во државата, за разлика од над 2 000 колку што имаше во максимално лошите денови. Петличковски изјави дека нема да се откажат од вакцинацијата и додаде оти тоа мора да се објасни на сите граѓани.
Да знаат дека доколку дојде нов eсенски бран, се појави нова варијанта, вакцинацијата ни е излезот. Не можеме да си дозволиме луксуз, да се инифицираме и да видиме како ќе поминеме. Во најава има од сериозните компании некои комбинации на нови вакцини, кои се очекуваат од јуни натаму и ќе покриваат повеќе различни варијанти, значи ќе бидат ефикасни за создавање имунитет кон различни варијанти на вирусот. Кон оригиналната, плус омикрон и тоа би требало да биде една подобра опција. Ги следиме новините на пазарот и не се откажуваме од вакцинацијата - рече Петличковски

The post Петличковски: Сега сме во безбедна зона, но треба да се подготвиме за евенутален нов бран appeared first on Република.

]]>
Петличковски нов претседател на Комисијата за заразни болести https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/petlichkovski-nov-pretsedatel-na-komisijata-za-zarazni-bolesti/ Tue, 01 Feb 2022 11:37:28 +0000 https://republika.mk/?p=452408

Директор на Институтот за имунологија, доктор Александар Петличковски, е поставен за нов претседател на Комисијата за заразни болести, дознава „Фокус“ од извори во комисијата.

Доктор Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом – Скопје пак е поставен за нов портпарол на Комисијата.

Досегашен претседател на Комисијата беше доктор Жарко Караџовски. За подоцна е најавена прес конференција на министерот за здравство Беким Сали, кој ќе треба да ги образложи причините за смената на претседателот.

The post Петличковски нов претседател на Комисијата за заразни болести appeared first on Република.

]]>

Директор на Институтот за имунологија, доктор Александар Петличковски, е поставен за нов претседател на Комисијата за заразни болести, дознава „Фокус“ од извори во комисијата. Доктор Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом – Скопје пак е поставен за нов портпарол на Комисијата. Досегашен претседател на Комисијата беше доктор Жарко Караџовски. За подоцна е најавена прес конференција на министерот за здравство Беким Сали, кој ќе треба да ги образложи причините за смената на претседателот.

The post Петличковски нов претседател на Комисијата за заразни болести appeared first on Република.

]]>
Петличковски: Треба да размислуваме за укинување на ковид-сертификатите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/petlichkovski-treba-razmisluvame-kon-ukinuvanje-na-kovid-sertifikatite/ Fri, 21 Jan 2022 18:45:53 +0000 https://republika.mk/?p=447897

Директорот на Институтот за имунобиологија, д-р Александар Петличковски укажува дека треба да размислуваме кон насока на укинување на ковид-сертификатите.

Сега сме во друга реалност од пред два месеци и значењето на ковид-сертификатите не е такво како што беше пред два месеци, имајќи предвид дека и вакцинираните и тие што прележале, можат повторно да се заразат. Логиката да се бара сертификати и да се ограничува слободата на движење не е истата. Ние ги воведовме за да стимулираме вакцинација и таа мерка треба да се измери сега - вели д-р Петличковски во емисијата „Топ тема“.

Според него, таа мерка сепак била најефикасна за прифаќање на вакцинацијата.

Но ако во моментов тоа не вродува со плод, треба да размислиме во насока на укинување - потенцира д-р Петличковски.

The post Петличковски: Треба да размислуваме за укинување на ковид-сертификатите appeared first on Република.