Александар Обрадовиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-obradovikj/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Jan 2022 13:42:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Александар Обрадовиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-obradovikj/ 32 32 Поранешниот советник на Заев кој во Србија го отпуштија поради луксуз и хедонизам, доби отказ од ЕСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/poraneshniot-sovetnik-na-zaev-koj-vo-srbija-go-otpushtija-poradi-luksuz-i-hedonizam-dobi-otkaz-od-esm/ Mon, 17 Jan 2022 13:33:21 +0000 https://republika.mk/?p=445880

Поранешниот советник на екс-премиерот Зоран Заев, Александар Обрадовиќ, по шест месеци е отповикан од функцијата директор на ЕСМ Продажба, клучна подружница на државните електрани, во чија надлежност е купување на струја од надворешниот, пазар за да се покријат потребите на снабдувачот со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи.

На местото на Обрадовиќ како прв човек на поранешен ЕЛЕМ Трејд е назначен Синиша Ивановски, кој ќе ја врши функцијата со определено време од шест месеци во периодот од 1 јануари до 30 јуни 2022.

Управниот одбор на АД Електрани на Македонија (ЕСМ) го назначи Александар Обрадовиќ пред нешто повеќе од половина година за управител на фирмата-ќерка ЕЛЕМ трејд. Во 2017, како што тогаш потврди Заев, Обрадовиќ беше во игра да биде поставен за генерален директор на ЕСМ.

Обрадовиќ порано бил регионален директор на чешката државна електроенергетска компанија ЧЕЗ и генерален директор на српската државна електроенергетска компанија ЕПС. Контроверзно беше разрешен од позицијата директор на Електропривреда на Србија поради „хедонизам, луксуз и неодговорно работење“.

The post Поранешниот советник на Заев кој во Србија го отпуштија поради луксуз и хедонизам, доби отказ од ЕСМ appeared first on Република.

]]>

Поранешниот советник на екс-премиерот Зоран Заев, Александар Обрадовиќ, по шест месеци е отповикан од функцијата директор на ЕСМ Продажба, клучна подружница на државните електрани, во чија надлежност е купување на струја од надворешниот, пазар за да се покријат потребите на снабдувачот со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи. На местото на Обрадовиќ како прв човек на поранешен ЕЛЕМ Трејд е назначен Синиша Ивановски, кој ќе ја врши функцијата со определено време од шест месеци во периодот од 1 јануари до 30 јуни 2022. Управниот одбор на АД Електрани на Македонија (ЕСМ) го назначи Александар Обрадовиќ пред нешто повеќе од половина година за управител на фирмата-ќерка ЕЛЕМ трејд. Во 2017, како што тогаш потврди Заев, Обрадовиќ беше во игра да биде поставен за генерален директор на ЕСМ. Обрадовиќ порано бил регионален директор на чешката државна електроенергетска компанија ЧЕЗ и генерален директор на српската државна електроенергетска компанија ЕПС. Контроверзно беше разрешен од позицијата директор на Електропривреда на Србија поради „хедонизам, луксуз и неодговорно работење“.

The post Поранешниот советник на Заев кој во Србија го отпуштија поради луксуз и хедонизам, доби отказ од ЕСМ appeared first on Република.

]]>