александар милошевиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-miloshevikj/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Jul 2024 09:04:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png александар милошевиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-miloshevikj/ 32 32 На пациент му рековме да си најде друга женска или да го скрати пенисот, шокираше урологот Милошевиќ https://arhiva3.republika.mk/intima/na-patsient-mu-rekovme-da-si-najde-druga-zhenska-ili-da-go-skrati-penisot-shokirashe-urologot-miloshevik/ Sat, 06 Jul 2024 09:04:00 +0000 https://republika.mk/?p=793975

Гостувајќи на утринска емисија на српската телевизија К1, урологот д-р Александар Милошевиќ шокираше многумина со необичната приказна од неговата ординација за еден млад пар и интимниот проблем со кој наишле.

Како што раскажува, момчето имало релативно голем пенис од околу 18 сантиметри, но токму тоа бил нивниот проблем.

Девојката беше со нормална градба. Тие се сакаат, ја започна приказната докторот додавајќи дека најголем проблем за нив било што не можат да имаат нормално сексуално задоволство, пред сè затоа што младиот човек поради преголемата должина на пенисот не можел да ејакулира, додека девојката имала болни реакции.

Доктор Милошевиќ додаде: „Го убедуваме: Најди друга“.

Сепак, парот остана доследен на својата љубов, а момчето не се согласило на овој совет, па според докторот единствено му останала опција за хируршко намалување на пенисот.

На крајот, водителката Јована Јоксимовиќ изјави дека вакво нешто досега не слушнала во животот, додека гостинката доктор Гордана Никиќ, психотерапевт, истакна: „Јас тука ништо не би намалувала“.

https://youtu.be/45y8Lp_3Cp4?si=BtqBpp9v57Ijhtz7

The post На пациент му рековме да си најде друга женска или да го скрати пенисот, шокираше урологот Милошевиќ appeared first on Република.

]]>

Гостувајќи на утринска емисија на српската телевизија К1, урологот д-р Александар Милошевиќ шокираше многумина со необичната приказна од неговата ординација за еден млад пар и интимниот проблем со кој наишле. Како што раскажува, момчето имало релативно голем пенис од околу 18 сантиметри, но токму тоа бил нивниот проблем.
Девојката беше со нормална градба. Тие се сакаат, ја започна приказната докторот додавајќи дека најголем проблем за нив било што не можат да имаат нормално сексуално задоволство, пред сè затоа што младиот човек поради преголемата должина на пенисот не можел да ејакулира, додека девојката имала болни реакции.
Доктор Милошевиќ додаде: „Го убедуваме: Најди друга“. Сепак, парот остана доследен на својата љубов, а момчето не се согласило на овој совет, па според докторот единствено му останала опција за хируршко намалување на пенисот. На крајот, водителката Јована Јоксимовиќ изјави дека вакво нешто досега не слушнала во животот, додека гостинката доктор Гордана Никиќ, психотерапевт, истакна: „Јас тука ништо не би намалувала“. https://youtu.be/45y8Lp_3Cp4?si=BtqBpp9v57Ijhtz7

The post На пациент му рековме да си најде друга женска или да го скрати пенисот, шокираше урологот Милошевиќ appeared first on Република.

]]>
Да не се мастурбира на 20-тина години – последиците може да бидат огромни, предупредува урологот Милошевиќ https://arhiva3.republika.mk/intima/da-ne-se-masturbira-na-20-tina-godini-posleditsite-mozhe-da-bidat-ogromni-predupreduva-urologot-miloshevik/ Sun, 23 Jun 2024 08:39:50 +0000 https://republika.mk/?p=767861

Гледањето порно филмови и мастурбацијата се лоши активности на одреденa возраст, предупредува урологот и сексолог д-р Александар Милошевиќ во емисијата „150 минути“ на Прва.

Во суштина, мастурбацијата е нормална во одредени периоди, посебно во годините на пубертетот, кога децата учат за своето тело, се спознаваат себе и читаат за тоа, но не смее да остане како модел на однесување подоцна. Ако се продолжи со мастурбација и во 20-тите години и подоцна, тогаш тоа станува патолошко. Денес има сè повеќе пациенти кои имаат проблеми со ејакулацијата и постигнување ерекција кога се со жена. Значи тие својата сексуална енергија ја завршуваат сами со себе. Со порно на мобилниот и со рака, вели докторот.

Тој предупредува дека гледањето порно филмови доведува до еректилна дисфункција.

Не ме сфаќајте погрешно, порнографијата не е лоша работа како додаток на сексуалниот живот или за „освежување“ кај мажите над 65 години, но на дечко кој има 20, 25 или 30 години не му треба. Има доволно стимулативни работи кај личноста од спротивниот пол со која може да правите многу работи и полека да ја проучувате сексуалноста, зошто сексуалноста е чин што се учи, школа, истакнува урологот.

Вели дека кај него доаѓаат сè поголем број на млади мажи кои имаат нереални барања.

Порнографијата е филм, со секакви финти, монтажа и агол на снимање, се прави половите органи да изгледаат поголеми. Не е вистинска! Затоадоаѓаат на лекар за да постигнат цели кои не се нормални. Користат суплементи или слични апарати за зголемување, од кои се губат природните особини и способности и на крајот - не можат да имаат деца. Не можат да доживеат оргазам, откри д-р Милошевиќ.

The post Да не се мастурбира на 20-тина години – последиците може да бидат огромни, предупредува урологот Милошевиќ appeared first on Република.

Д-р Милошевиќ: Ако нема љубов и желба, тогаш и со мал пенис односот може да боли https://arhiva3.republika.mk/intima/d-r-miloshevik-ako-nema-lubov-i-zhelba-togash-i-so-mal-penis-odnosot-mozhe-da-boli/ Wed, 28 Feb 2024 21:07:19 +0000 https://republika.mk/?p=741706

Мажите и жените често мислат дека големината на машкиот полов орган е пресудна за добра сексуална врска, но според урологот и сексолог Александар Милошевиќ големината нема никаква врска со уживањето во интимните односи.

Нормалниот пенис е од 13 до 14 сантиметри во ерекција. Тоа е доволна големина, ако има љубов, да ја задоволи партнерката. А вагината на партнерката е длабока од 8 до 9 см, но се протега и до 13 или 14 см кога е возбудена. Ако нема љубов и желба, тогаш и со мал пенис односот може да боли. За сексот најважно е да се развие емотивна врска, вели д-р Милошевиќ.

Во неговото гостување на српска телевизија, тој зборуваше и дека стандард за бројот на сексуални дејствија и дека, според него, доколку партнерите се задоволни, доволен е и еден однос годишно.

The post Д-р Милошевиќ: Ако нема љубов и желба, тогаш и со мал пенис односот може да боли appeared first on Република.

Ако го забележите ова на тестисите – не е на арно, веднаш обратете се кај уролог и невролог https://arhiva3.republika.mk/intima/ako-go-zabelezhite-ova-na-testisite-ne-e-na-arno-vednash-obratete-se-kaj-urolog-i-nevrolog/ Fri, 17 Nov 2023 13:24:59 +0000 https://republika.mk/?p=702538

Српскиот уролог Александар Милошевиќ за време на ноември, месецот на машкото здравје, одговара на прашања од читатели на „Жена“ поврзани со машките полови органи.

Едно од прашањата е од 31-годишник и е поврзано со мускулот кремастер.

Би сакал да ми кажете симптоми на дисфункција на споменатиот мускул, дали постои можност болката да помине сама по одредено време и дали промената на времето влијае на болката?

Уролог, д-р Александар Милошевиќ одговара:

Кремастер мускулот влијае на положбата на тестисите и скротумот, а служи за регулирање на топлината на тестисите. Практично: на студ, во ладна вода или на ладна температура, ги подига тестисите кон ејакулаторниот канал за да ги загрее, а кога топлината е прекумерна, тој мускул ги опушта. Ако не работи, т.е. ако слабо ги подига тестисите, скроталната кеса е предолга, преголема и тестисите висат, по што се јавуваат болки, веднаш треба да се обратите кај уролог. Исто така, доколку мускулот лошо работи, треба да се испитаат невролошките дејства во телото на лумбалниот 'рбет и периферните нерви.

The post Ако го забележите ова на тестисите – не е на арно, веднаш обратете се кај уролог и невролог appeared first on Република.

]]>

Српскиот уролог Александар Милошевиќ за време на ноември, месецот на машкото здравје, одговара на прашања од читатели на „Жена“ поврзани со машките полови органи. Едно од прашањата е од 31-годишник и е поврзано со мускулот кремастер.
Би сакал да ми кажете симптоми на дисфункција на споменатиот мускул, дали постои можност болката да помине сама по одредено време и дали промената на времето влијае на болката?
Уролог, д-р Александар Милошевиќ одговара:
Кремастер мускулот влијае на положбата на тестисите и скротумот, а служи за регулирање на топлината на тестисите. Практично: на студ, во ладна вода или на ладна температура, ги подига тестисите кон ејакулаторниот канал за да ги загрее, а кога топлината е прекумерна, тој мускул ги опушта. Ако не работи, т.е. ако слабо ги подига тестисите, скроталната кеса е предолга, преголема и тестисите висат, по што се јавуваат болки, веднаш треба да се обратите кај уролог. Исто така, доколку мускулот лошо работи, треба да се испитаат невролошките дејства во телото на лумбалниот 'рбет и периферните нерви.

The post Ако го забележите ова на тестисите – не е на арно, веднаш обратете се кај уролог и невролог appeared first on Република.

]]>
Д-р Милошевиќ: Мажите и до 75 години може да имаат јако либидо, со еден додаток https://arhiva3.republika.mk/intima/d-r-miloshevik-mazhite-i-do-75-godini-mozhe-da-imaat-jako-libido-so-eden-dodatok/ Wed, 25 Oct 2023 18:36:11 +0000 https://republika.mk/?p=695013

Дали знаевте дека постои машки климакс? Процесот е познат како андропауза или машка менопауза. Станува збор за промената во рамнотежата на хормоните и стареење на полните жлезди.

Урологот д-р Александар Милошевиќ и гинекологот д-р Вања Милошевиќ во емисијата „150 минути“ на ТВ „Прва“ открија како и колку андропаузата се разликува од женската и како влијае на однесувањето на мажите. Тие споделија совети кои можат да им помогнат на мажите да го одржат своето либидо и до 75-годишна возраст.

Мислам дека машкиот климакс е поопасен од женскиот. Мажите веќе од 40-тата година почнуваат да ги менуваат хормоните, да ги губат. Отпрвин е бавно, но по 50-тата станува сè побрзо и побрзо, рече урологот Александар Милошевиќ.

Тој објасни како изгледаат првите промени:

Мажите доживуваат различни промени. Тестостеронот во лабораториски анализи се менува, се намалува. Тоа е показател. Со фина дијагностика и замена на тестостерон, но не претерано, можете да одржите добар метаболизам кај мажот. Го штити неговиот мозок, крвните садови и либидото на високо ниво. Со тоа практично му ја продолжувате младоста на мажот. Обично им велам дека ќе се чувствуваат 10 години помлади, открива урологот.

Но, рој предупреди и на негативните ефекти од злоупотребата на тестостеронот.

Злоупотребата на тестостерон може многу да му наштети на мажот, особено на помладите луѓе кои го земаат поради нивниот изглед, за мускули. Овој тестостерон ја намалува функцијата на тестисите и буквално влегува во фаза на стерилитет. Злоупотребата за допинг е одамна позната. Први го користеа спортистите, бидејќи навистина дава поголема сила, му дава поголема маса на мускулите, но го намалува лачењето на хипофизата на мозокот, тој LH хормон кој ги стимулира тестисите, објаснува урологот.

Гинекологот д-р Вања Милошевиќ објаснува дека основната разлика меѓу машкиот и женскиот климакс е тоа што кај мажите тоа се случува постепено, а потоа се забрзува, а кај жените се случува брзо, па се забавува.

Основата на двете состојби е пад на хормоните. Тоа е биолошки процес што никој не може да го избегне, ниту жената, ниту мажот. Ако ја исклучиме генетската предиспозиција, треба да зборуваме за тоа како начинот на живот може значително да влијае на остатокот од животот. Последната третина од животот треба да помине со што помалку компликации, вели д-р Вања Милошевиќ.

Надврзувајќи се на ова, урологот Милошевиќ нуди и совет за мажите:

Мажот многу добро го чувствува слабеењето на своето тело, а мозокот му останува чист. Ова често му делува погубно и го турка во депресија. Со тестостеронот му се враќа волјата, добива мотивација. Со него можете да бидете активни до 75 години, а тоа важи и за вашето либидо. И жените имаат тестостерон, но многу помалку и тој се губи. Жените имаат нешто пониско либидо од мажите, но тестостеронот се повеќе влегува во терапијата .Морам да предупредам дека е важно да не се злоупотребува. Користете го ова само како што ви препорачал вашиот лекар, рече д-р Александар Милошевиќ.

The post Д-р Милошевиќ: Мажите и до 75 години може да имаат јако либидо, со еден додаток appeared first on Република.

]]>

Дали знаевте дека постои машки климакс? Процесот е познат како андропауза или машка менопауза. Станува збор за промената во рамнотежата на хормоните и стареење на полните жлезди. Урологот д-р Александар Милошевиќ и гинекологот д-р Вања Милошевиќ во емисијата „150 минути“ на ТВ „Прва“ открија како и колку андропаузата се разликува од женската и како влијае на однесувањето на мажите. Тие споделија совети кои можат да им помогнат на мажите да го одржат своето либидо и до 75-годишна возраст.
Мислам дека машкиот климакс е поопасен од женскиот. Мажите веќе од 40-тата година почнуваат да ги менуваат хормоните, да ги губат. Отпрвин е бавно, но по 50-тата станува сè побрзо и побрзо, рече урологот Александар Милошевиќ.
Тој објасни како изгледаат првите промени:
Мажите доживуваат различни промени. Тестостеронот во лабораториски анализи се менува, се намалува. Тоа е показател. Со фина дијагностика и замена на тестостерон, но не претерано, можете да одржите добар метаболизам кај мажот. Го штити неговиот мозок, крвните садови и либидото на високо ниво. Со тоа практично му ја продолжувате младоста на мажот. Обично им велам дека ќе се чувствуваат 10 години помлади, открива урологот.
Но, рој предупреди и на негативните ефекти од злоупотребата на тестостеронот.
Злоупотребата на тестостерон може многу да му наштети на мажот, особено на помладите луѓе кои го земаат поради нивниот изглед, за мускули. Овој тестостерон ја намалува функцијата на тестисите и буквално влегува во фаза на стерилитет. Злоупотребата за допинг е одамна позната. Први го користеа спортистите, бидејќи навистина дава поголема сила, му дава поголема маса на мускулите, но го намалува лачењето на хипофизата на мозокот, тој LH хормон кој ги стимулира тестисите, објаснува урологот.
Гинекологот д-р Вања Милошевиќ објаснува дека основната разлика меѓу машкиот и женскиот климакс е тоа што кај мажите тоа се случува постепено, а потоа се забрзува, а кај жените се случува брзо, па се забавува.
Основата на двете состојби е пад на хормоните. Тоа е биолошки процес што никој не може да го избегне, ниту жената, ниту мажот. Ако ја исклучиме генетската предиспозиција, треба да зборуваме за тоа како начинот на живот може значително да влијае на остатокот од животот. Последната третина од животот треба да помине со што помалку компликации, вели д-р Вања Милошевиќ.
Надврзувајќи се на ова, урологот Милошевиќ нуди и совет за мажите:
Мажот многу добро го чувствува слабеењето на своето тело, а мозокот му останува чист. Ова често му делува погубно и го турка во депресија. Со тестостеронот му се враќа волјата, добива мотивација. Со него можете да бидете активни до 75 години, а тоа важи и за вашето либидо. И жените имаат тестостерон, но многу помалку и тој се губи. Жените имаат нешто пониско либидо од мажите, но тестостеронот се повеќе влегува во терапијата .Морам да предупредам дека е важно да не се злоупотребува. Користете го ова само како што ви препорачал вашиот лекар, рече д-р Александар Милошевиќ.

The post Д-р Милошевиќ: Мажите и до 75 години може да имаат јако либидо, со еден додаток appeared first on Република.

]]>
Урологот Марковиќ: Има зошто мажите сакаат секс повеќе од жените https://arhiva3.republika.mk/intima/urologot-markovikj-ima-zoshto-mazite-sakaat-seks-povekje-od-zenite/ Sat, 26 Nov 2022 17:34:47 +0000 https://republika.mk/?p=578549

Андрологот и уролог д-р Александар Милошевиќ неодамна го даде своето мислење зошто мажите сакаат секс повеќе од жените, што е особено интересно за понежниот пол.

Мажите имаат вродена хормонална разлика од жените и имаат тестостерон кој ги тера да напаѓаат, да се борат, да војуваат... сексуалниот однос е еден вид мала војна. Меѓутоа, денеска дека мажите ја избегнуваат таа војна, се повлекуваат во себе и гледаат во телефоните и мастурбираат. Тие ја сведуваат интимната врска на нешто што не е комуникација и не е војна, вели урологот.

Тој смета дека технологијата е во голема мера виновна за оваа ситуација.

За тоа е виновна технологијата. Мислам дека тоа е погрешно и ќе доведе до намалување на населението. Семејното воспитување ги обезглавува мажите полесно отколку жените. Жените се попромислени, но љубовта е многу поважна за жената отколку за мажот. Женските хормони не ја туркаат жената во војна, туку во заштита и мајчинство. Кога емоциите ќе дојдат до израз и кога жената е целосно возбудена, тогаш таа е многу посилна од мажот, објаснува тој.

The post Урологот Марковиќ: Има зошто мажите сакаат секс повеќе од жените appeared first on Република.