Александар Микиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-mikikj/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Jun 2022 07:17:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Александар Микиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-mikikj/ 32 32 Монодрамата „Торонто експрес“ со Александар Микиќ вечерва на „Скопско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/monodramata-toronto-ekspres-so-aleksandar-mikikj-vecherva-na-skopsko-leto/ Thu, 23 Jun 2022 07:17:08 +0000 https://republika.mk/?p=518712

Монодрамата „Торонто експрес“, со актерот Александар Микиќ работена по мотивите од збирката есеи „Тибам штркот“ на авторот Зоран Спасов Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, ќе биде изведена вечерва во 20.30 часот на малата сцена на Македонскиот народен театар. Гостувањето е на „Скопско лето“.

Комедијата „Торонто експрес“ е работена според надградената верзија на книгата „Тибам штркот“, која авторот Спасов ја објавил пред 13 години. Тоа е обид да се види Канада со македонски очи, но и да се доловат измешаните чувства на љубов, среќа, тага, радост, носталгија. Зошто луѓето сакаат да си заминат од Македонија и да избегаат во Канада е едно од главните прашања што ги отвора претставата.

Сè што е напишано во книгата навистина се случило, независно дали тоа се авторовите или случки на блиски пријатели, истакна Зоран Спасов-Ѕоф. Претставата е работена според истоимената книга што се состои од кратки есеи и 20-ина раскази.

Идејата за да се постави ова литературно дело на сцената на МНТ е токму на актерот Микиќ.

Во период кога планирале да работат нешто друго, но пандемијата на коронавирусот им ги сменила плановите, режисерот Симонов го прифатил предлогот на актерот Микиќ да се обидат да го постават делото „Тибам штркот“ на Зоран Спасов Ѕоф.

Во адаптацијата и драматизацијата на текстот соработувал и Благоја Бошковски Буцко.

The post Монодрамата „Торонто експрес“ со Александар Микиќ вечерва на „Скопско лето“ appeared first on Република.

]]>

Монодрамата „Торонто експрес“, со актерот Александар Микиќ работена по мотивите од збирката есеи „Тибам штркот“ на авторот Зоран Спасов Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, ќе биде изведена вечерва во 20.30 часот на малата сцена на Македонскиот народен театар. Гостувањето е на „Скопско лето“. Комедијата „Торонто експрес“ е работена според надградената верзија на книгата „Тибам штркот“, која авторот Спасов ја објавил пред 13 години. Тоа е обид да се види Канада со македонски очи, но и да се доловат измешаните чувства на љубов, среќа, тага, радост, носталгија. Зошто луѓето сакаат да си заминат од Македонија и да избегаат во Канада е едно од главните прашања што ги отвора претставата. Сè што е напишано во книгата навистина се случило, независно дали тоа се авторовите или случки на блиски пријатели, истакна Зоран Спасов-Ѕоф. Претставата е работена според истоимената книга што се состои од кратки есеи и 20-ина раскази. Идејата за да се постави ова литературно дело на сцената на МНТ е токму на актерот Микиќ. Во период кога планирале да работат нешто друго, но пандемијата на коронавирусот им ги сменила плановите, режисерот Симонов го прифатил предлогот на актерот Микиќ да се обидат да го постават делото „Тибам штркот“ на Зоран Спасов Ѕоф. Во адаптацијата и драматизацијата на текстот соработувал и Благоја Бошковски Буцко.

The post Монодрамата „Торонто експрес“ со Александар Микиќ вечерва на „Скопско лето“ appeared first on Република.

]]>