Александар Лукашенко Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-lukashenko/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 16:50:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Александар Лукашенко Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-lukashenko/ 32 32 Полскиот претседател не сака да се фотографира со Лукашенко https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polskiot-pretsedatel-ne-saka-da-se-fotografira-so-lukashenko/ Tue, 12 Nov 2024 16:50:22 +0000 https://republika.mk/?p=836910

Полскиот претседател Анджеј Дуда одби да биде на заедничка фотографија со другите лидери на климатскиот самит КОП29 што се одржува во Баку.

Како што објави полската новинска агенција ПАП, тој не сакал да биде на заедничка фотографија со белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Од истата причина, минатата година, Дуда не присуствуваше на заедничко фотографирање со учесниците на климатскиот самит КОП28 во Дубаи.

Климатскиот самит на Обединетите нации се одржува секоја година, а оваа година средбата беше организирана во главниот град на Азербејџан, Баку, под слоганот „Во солидарност за зелен свет“. паг/

 

The post Полскиот претседател не сака да се фотографира со Лукашенко appeared first on Република.

]]>

Полскиот претседател Анджеј Дуда одби да биде на заедничка фотографија со другите лидери на климатскиот самит КОП29 што се одржува во Баку.

Како што објави полската новинска агенција ПАП, тој не сакал да биде на заедничка фотографија со белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Од истата причина, минатата година, Дуда не присуствуваше на заедничко фотографирање со учесниците на климатскиот самит КОП28 во Дубаи.

Климатскиот самит на Обединетите нации се одржува секоја година, а оваа година средбата беше организирана во главниот град на Азербејџан, Баку, под слоганот „Во солидарност за зелен свет“. паг/

 

The post Полскиот претседател не сака да се фотографира со Лукашенко appeared first on Република.

]]>
Лукашенко: Западот повеќе сака преговори со Русија отколку Зеленски https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lukashenko-zapadot-poveke-saka-pregovori-so-rusija-otkolku-zelenski/ Thu, 24 Oct 2024 07:28:37 +0000 https://republika.mk/?p=830397

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека Западот сака официјален Киев да седне на преговарачка маса со Русија, повеќе од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Сега има можност за преговори и, ми се чини, треба да ги започнеме и да направиме план за мирно решение или завршување на војната“, рече белорускиот лидер во програмата „60 минути“ на ТВ каналот Русија 1.

Тој оцени дека Западот не може да одбие да ја снабдува Украина со оружје „за да не го изгуби образот“.

„Не можам да вршам премногу притисок врз Зеленски, но ние им кажуваме – која е поентата да се врши притисок, само не давајте пари (на Украина)“, рече Лукашенко

Тој додаде дека изјавите на Зеленски за завршување на конфликтот во Украина во 2025 година се „смешни – само негови желби и ништо повеќе”.

„Зеленски нема план, тоа мора да го разберете. Никого не можете да натерате да седне на преговарачка маса под условите на Зеленски“, рече Лукашенко.

Тој посочи дека почетокот на преговорите зависи од согласноста на Русија и рускиот претседател Владимир Путин да преговара.

„Кој знае дали е добро или лошо за преговорите што Русите напаѓаат поактивно од кога било на целата линија на фронтот. Се зависи од Русите. Ако Путин и Русија се согласат на мировни преговори, да, ќе разговараат“, додаде Лукашенко и рече дека „Зеленски тогаш треба да биде подготвен“.

Претседателот на Белорусија изјави дека неговиот руски колега никогаш нема да го употреби нуклеарното оружје распоредено во Белорусија без негова согласност.

„Путин никогаш нема да го користи нуклеарното оружје што во моментов е распоредено на територијата на Белорусија без согласност на претседателот на Белорусија. Тоа мора јасно да го разберете“, истакна Лукашенко потенцирајќи дека нуклеарното оружје не е „хорор приказна, туку моќно средство за одвраќање“.

Тој предупреди дека Белорусија, доколку е потребно, ќе биде подготвена да употреби нуклеарно оружје „ако само и една туѓа чизма ја премине границата на Белорусија“.

The post Лукашенко: Западот повеќе сака преговори со Русија отколку Зеленски appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека Западот сака официјален Киев да седне на преговарачка маса со Русија, повеќе од украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Сега има можност за преговори и, ми се чини, треба да ги започнеме и да направиме план за мирно решение или завршување на војната“, рече белорускиот лидер во програмата „60 минути“ на ТВ каналот Русија 1.
Тој оцени дека Западот не може да одбие да ја снабдува Украина со оружје „за да не го изгуби образот“.
„Не можам да вршам премногу притисок врз Зеленски, но ние им кажуваме – која е поентата да се врши притисок, само не давајте пари (на Украина)“, рече Лукашенко
Тој додаде дека изјавите на Зеленски за завршување на конфликтот во Украина во 2025 година се „смешни – само негови желби и ништо повеќе”.
„Зеленски нема план, тоа мора да го разберете. Никого не можете да натерате да седне на преговарачка маса под условите на Зеленски“, рече Лукашенко.
Тој посочи дека почетокот на преговорите зависи од согласноста на Русија и рускиот претседател Владимир Путин да преговара.
„Кој знае дали е добро или лошо за преговорите што Русите напаѓаат поактивно од кога било на целата линија на фронтот. Се зависи од Русите. Ако Путин и Русија се согласат на мировни преговори, да, ќе разговараат“, додаде Лукашенко и рече дека „Зеленски тогаш треба да биде подготвен“.
Претседателот на Белорусија изјави дека неговиот руски колега никогаш нема да го употреби нуклеарното оружје распоредено во Белорусија без негова согласност.
„Путин никогаш нема да го користи нуклеарното оружје што во моментов е распоредено на територијата на Белорусија без согласност на претседателот на Белорусија. Тоа мора јасно да го разберете“, истакна Лукашенко потенцирајќи дека нуклеарното оружје не е „хорор приказна, туку моќно средство за одвраќање“.
Тој предупреди дека Белорусија, доколку е потребно, ќе биде подготвена да употреби нуклеарно оружје „ако само и една туѓа чизма ја премине границата на Белорусија“.

The post Лукашенко: Западот повеќе сака преговори со Русија отколку Зеленски appeared first on Република.

]]>
Лукашенко: Напад врз Белорусија ќе значи почеток на трета светска војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lukashenko-napad-vrz-belorusija-ke-znachi-pochetok-na-treta-svetska-vojna/ Tue, 17 Sep 2024 21:09:14 +0000 https://republika.mk/?p=817243

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, порача дека напад врз Белорусија ќе значи почеток на трета светска војна.

Сакам да ги предупредам нашите противници, нашите ривали. И оние кои сè уште не разбираат. Нема потреба да се прави ова. Напад врз Белорусија е трета светска војна, предупреди Лукашенко.

Тој подвлече дека Белорусија има со што да одговори на надворешна агресија и дека нејзините интереси и вредности ќе бидат бранети.

Нема да дозволиме никој да посегне по светата земја на нашите предци, независноста и суверенитетот на нашата татковина, нагласи тој.

Лукашенко претходно најави итен одговор на кршењето на државната граница во случај на напад од НАТО. Тој објасни дека доколку почнат какви било акции против Белорусија, „нема да има друг избор“, потсетуваат белоруските медиуми.

The post Лукашенко: Напад врз Белорусија ќе значи почеток на трета светска војна appeared first on Република.

]]>

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, порача дека напад врз Белорусија ќе значи почеток на трета светска војна.
Сакам да ги предупредам нашите противници, нашите ривали. И оние кои сè уште не разбираат. Нема потреба да се прави ова. Напад врз Белорусија е трета светска војна, предупреди Лукашенко.
Тој подвлече дека Белорусија има со што да одговори на надворешна агресија и дека нејзините интереси и вредности ќе бидат бранети.
Нема да дозволиме никој да посегне по светата земја на нашите предци, независноста и суверенитетот на нашата татковина, нагласи тој.
Лукашенко претходно најави итен одговор на кршењето на државната граница во случај на напад од НАТО. Тој објасни дека доколку почнат какви било акции против Белорусија, „нема да има друг избор“, потсетуваат белоруските медиуми.

The post Лукашенко: Напад врз Белорусија ќе значи почеток на трета светска војна appeared first on Република.

]]>
Лукашенко паднал во несвест пред состанокот со Путин и Си Џинпинг https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lukashenko-padnal-vo-nesvest-pred-sostanokot-so-putin-i-si-dhinping/ Sat, 06 Jul 2024 11:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=794013

На самитот со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, белорускиот претседател Александар Лукашенко наводно ја загубил свеста, според неофицијални извори. Неговата моментална здравствена состојба се држи во тајност додека лидерите ја продолжуваат средбата во Казахстан.

Белорускиот политички аналитичар Дмитриј Бољункетс тврди дека Лукашенко, кој е познат по бруталното задушување на политичките противници, „ја изгубил свеста на самитот“. Тој истакна дека Лукашенко веќе имал сериозни здравствени проблеми по посетата на Москва во мај минатата година, кога му била дијагностицирана комплицирана состојба.

Откако му беше дијагностицирана дисеминирана интраваскуларна коагулација во 2023 година, Лукашенко наводно зема скапи лекови, според Бољункетс.

Според Бољункетс, ова не е првпат Лукашенко да се онесвести, а како можни причини ги наведува топлината, патувањето, стресот и нервозата, додавајќи дека и сака да пие неколку пијачки.

Рускиот независен медиум ТВ Рајн исто така објави за здравјето на Лукашенко на самитот на Шангајската организација за соработка оваа недела. Според еден извештај: “Вечерта на 3 јули, Лукашенко пристигна во Астана – тој излезе сам од авионот, иако не изгледаше целосно здрав. Според нашите извори неговата состојба видно се влошила пред учесниците на самитот Следниот ден тој зборуваше на самитот и се сретна со шефови на држави. Сепак, јасно е дека изгледаше полошо од два дена претходно кога присуствуваше на парадата во Минск во воена униформа. Неговото лице беше бледо, а неговиот говор не беше сигурен…“

The post Лукашенко паднал во несвест пред состанокот со Путин и Си Џинпинг appeared first on Република.

]]>

На самитот со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, белорускиот претседател Александар Лукашенко наводно ја загубил свеста, според неофицијални извори. Неговата моментална здравствена состојба се држи во тајност додека лидерите ја продолжуваат средбата во Казахстан. Белорускиот политички аналитичар Дмитриј Бољункетс тврди дека Лукашенко, кој е познат по бруталното задушување на политичките противници, „ја изгубил свеста на самитот“. Тој истакна дека Лукашенко веќе имал сериозни здравствени проблеми по посетата на Москва во мај минатата година, кога му била дијагностицирана комплицирана состојба. Откако му беше дијагностицирана дисеминирана интраваскуларна коагулација во 2023 година, Лукашенко наводно зема скапи лекови, според Бољункетс. Според Бољункетс, ова не е првпат Лукашенко да се онесвести, а како можни причини ги наведува топлината, патувањето, стресот и нервозата, додавајќи дека и сака да пие неколку пијачки. Рускиот независен медиум ТВ Рајн исто така објави за здравјето на Лукашенко на самитот на Шангајската организација за соработка оваа недела. Според еден извештај: “Вечерта на 3 јули, Лукашенко пристигна во Астана – тој излезе сам од авионот, иако не изгледаше целосно здрав. Според нашите извори неговата состојба видно се влошила пред учесниците на самитот Следниот ден тој зборуваше на самитот и се сретна со шефови на држави. Сепак, јасно е дека изгледаше полошо од два дена претходно кога присуствуваше на парадата во Минск во воена униформа. Неговото лице беше бледо, а неговиот говор не беше сигурен…“

The post Лукашенко паднал во несвест пред состанокот со Путин и Си Џинпинг appeared first on Република.

]]>
Лукашенко ослободи само десет политички затвореници, остануваат уште 1400 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lukashenko-oslobodi-samo-deset-politichki-zatvorenitsi-ostanuvaat-ushte-1400/ Thu, 04 Jul 2024 14:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=793472

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ослободи најмалку десет политички затвореници, вклучително и опозициски ветеран болен од рак, соопштија активисти за човекови права.

Организацијата за човекови права „Вјасна“ соопшти дека се ослободени три жени и седум мажи. Само на еден ослободен затвореник познат е идентитетот.

Роднини потврдија дека е ослободен поранешен лидер на опозициска партија и претседателски кандидат, 67-годишниот Ригор Кастусу. Тој беше уапсен во 2021 година, а следната година беше осуден на 10 години затворска колонија, откако беше прогласен за виновен за заговор против владата и за преземање на власта. Откако бил уапсен, му бил дијагностициран рак.

И покрај невообичаеното помилување, во Белорусија околу 1.400 луѓе се во затвор поради нивните политички активности, од кои повеќето беа уапсени по мирните протести во 2022 година и осудени за низа обвиненија за екстремизам

The post Лукашенко ослободи само десет политички затвореници, остануваат уште 1400 appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ослободи најмалку десет политички затвореници, вклучително и опозициски ветеран болен од рак, соопштија активисти за човекови права. Организацијата за човекови права „Вјасна“ соопшти дека се ослободени три жени и седум мажи. Само на еден ослободен затвореник познат е идентитетот. Роднини потврдија дека е ослободен поранешен лидер на опозициска партија и претседателски кандидат, 67-годишниот Ригор Кастусу. Тој беше уапсен во 2021 година, а следната година беше осуден на 10 години затворска колонија, откако беше прогласен за виновен за заговор против владата и за преземање на власта. Откако бил уапсен, му бил дијагностициран рак. И покрај невообичаеното помилување, во Белорусија околу 1.400 луѓе се во затвор поради нивните политички активности, од кои повеќето беа уапсени по мирните протести во 2022 година и осудени за низа обвиненија за екстремизам

The post Лукашенко ослободи само десет политички затвореници, остануваат уште 1400 appeared first on Република.

]]>
Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lukashenko-ukraina-ke-prestane-da-postoi-dokolku-ne-se-soglasi-na-pregovori/ Thu, 25 Apr 2024 10:02:47 +0000 https://republika.mk/?p=770899

Украина наскоро ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко на седницата на Националното собрание на Белорусија.

Тој додаде дека сега е најдобрата ситуација за склучување мир во Украина, бидејќи ако Киев не почне сега да преговара, ќе ја загуби својата државност.

Според него, ситуацијата на украинскиот фронт во моментов е во ќорсокак и се создадени услови за мировни преговори.

Лукашенко оцени дека договорите постигнати на преговорите во Истанбул минатата година можат да станат почетна точка за преговори.

Осврнувајќи се на уште еден пакет американска помош за Киев, белорускиот лидер истакна дека американската помош од 60 милијарди долари за војната во Украина е најважниот фактор за ескалацијата.

„Западот го претвори Киев во зависник од дрога, кој го држи на краток синџир со ветувања за ново оружје и финансирање“, посочи Лукашенко.

Според него, на вооружените сили на Украина им недостасува не само муниција, туку и луѓе.

Тој истакна дека тие пари САД морале да ги испратат во Киев, бидејќи тоа е шанса да ги ослабат Москва и Минск.

„Затоа ќе испорачуваат ракети и други работи. Но, им недостигаат луѓе. Луѓето бегаат од војна“, нагласи белорускиот лидер.

The post Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори appeared first on Република.

]]>

Украина наскоро ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко на седницата на Националното собрание на Белорусија. Тој додаде дека сега е најдобрата ситуација за склучување мир во Украина, бидејќи ако Киев не почне сега да преговара, ќе ја загуби својата државност. Според него, ситуацијата на украинскиот фронт во моментов е во ќорсокак и се создадени услови за мировни преговори. Лукашенко оцени дека договорите постигнати на преговорите во Истанбул минатата година можат да станат почетна точка за преговори. Осврнувајќи се на уште еден пакет американска помош за Киев, белорускиот лидер истакна дека американската помош од 60 милијарди долари за војната во Украина е најважниот фактор за ескалацијата. „Западот го претвори Киев во зависник од дрога, кој го држи на краток синџир со ветувања за ново оружје и финансирање“, посочи Лукашенко. Според него, на вооружените сили на Украина им недостасува не само муниција, туку и луѓе. Тој истакна дека тие пари САД морале да ги испратат во Киев, бидејќи тоа е шанса да ги ослабат Москва и Минск. „Затоа ќе испорачуваат ракети и други работи. Но, им недостигаат луѓе. Луѓето бегаат од војна“, нагласи белорускиот лидер.

The post Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори appeared first on Република.

]]>
Лукашенко потпиша закон, за воена регрутација во Белорусија ќе се известува преку СМС порака https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lukashenko-potpisha-zakon-za-voena-regrutatsija-vo-belorusija-ke-se-izvestuva-preku-sms-poraka/ Sat, 06 Apr 2024 07:22:21 +0000 https://republika.mk/?p=762945

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потпиша закон усвоен од Парламентот, со кој се предвидува можност за известување за регрутирање воен рок преку СМС пораки. Документот е објавен на легалниот интернет портал.

Законот за воена регрутација се дополнува со одредба дека потребата од појавување во воениот комесаријат или повикот за служење воен рок за време на мобилизација може да се соопштува и преку СМС порака.

На барање на воените комисии, телекомуникациските оператори треба да дадат податоци за претплатничките броеви на војниците и да обезбедат известување преку СМС порака. Воените обврзници треба да го известат комесаријатот или друг орган во рок од една недела од промената на бројот за контакт на мобилниот телефон.

Доставувањето на поканите им е доверено не само на вработените во органите за воена регистрација, туку и на вработените во организациите назначени со одлуки на локалните власти, на вработените во Комитетот за државна безбедност на Белорусија „и на други лица овластени од нив“. Писмата за повици може да се доставуваат до воениот персонал и според место на живеење и според место на работа.

The post Лукашенко потпиша закон, за воена регрутација во Белорусија ќе се известува преку СМС порака appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потпиша закон усвоен од Парламентот, со кој се предвидува можност за известување за регрутирање воен рок преку СМС пораки. Документот е објавен на легалниот интернет портал. Законот за воена регрутација се дополнува со одредба дека потребата од појавување во воениот комесаријат или повикот за служење воен рок за време на мобилизација може да се соопштува и преку СМС порака. На барање на воените комисии, телекомуникациските оператори треба да дадат податоци за претплатничките броеви на војниците и да обезбедат известување преку СМС порака. Воените обврзници треба да го известат комесаријатот или друг орган во рок од една недела од промената на бројот за контакт на мобилниот телефон. Доставувањето на поканите им е доверено не само на вработените во органите за воена регистрација, туку и на вработените во организациите назначени со одлуки на локалните власти, на вработените во Комитетот за државна безбедност на Белорусија „и на други лица овластени од нив“. Писмата за повици може да се доставуваат до воениот персонал и според место на живеење и според место на работа.

The post Лукашенко потпиша закон, за воена регрутација во Белорусија ќе се известува преку СМС порака appeared first on Република.

]]>
Белорусија се повлекува од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/belorusija-se-povlekuva-od-dogovorot-za-konventsionalni-vooruzheni-sili-vo-evropa/ Fri, 05 Apr 2024 20:09:47 +0000 https://republika.mk/?p=762839

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, соопшти дека неговата држава ќе го прекине учеството во, како што наведе, спорниот Договор за конвенционални вооружени сили во Европа (ЦФЕ), кој некогаш беше темел на безбедноста на континентот.

Лукашенко пред Парламентот, во кој неговата партија има мнозинство, претстави нацрт-закон за повлекување од договорот.

Договорот, потпишан во 1990 година, поставува ограничувања за бројот на тенкови, борбени возила, воени авиони и тешка артилерија што може да бидат распоредени во Европа.

Договорот беше насочен кон одржување воена рамнотежа меѓу Западот и земјите кои некогаш беа дел од Варшавскиот пакт.

The post Белорусија се повлекува од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, соопшти дека неговата држава ќе го прекине учеството во, како што наведе, спорниот Договор за конвенционални вооружени сили во Европа (ЦФЕ), кој некогаш беше темел на безбедноста на континентот. Лукашенко пред Парламентот, во кој неговата партија има мнозинство, претстави нацрт-закон за повлекување од договорот. Договорот, потпишан во 1990 година, поставува ограничувања за бројот на тенкови, борбени возила, воени авиони и тешка артилерија што може да бидат распоредени во Европа. Договорот беше насочен кон одржување воена рамнотежа меѓу Западот и земјите кои некогаш беа дел од Варшавскиот пакт.

The post Белорусија се повлекува од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа appeared first on Република.

]]>
Лукашенко: Напаѓачите од Москва прво се обидоа да побегнат во Белорусија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lukashenko-napagachite-od-moskva-prvo-se-obidoa-da-pobegnat-vo-belorusija/ Tue, 26 Mar 2024 15:56:45 +0000 https://republika.mk/?p=759032

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека напаѓачите кои во петокот убија повеќе од 130 луѓе во Москва прво се обиделе да побегнат во Белорусија.

„Не можеа да влезат во Белорусија. Кога го сфатија тоа, ја променија рутата и тргнаа кон руско-украинската граница“, рече Лукашенко, според соопштението за печатот од белоруското претседателство.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека напаѓачите кои убија повеќе од 130 луѓе во концертна сала во близина на Москва се „радикални исламисти“.

Тој во текот на викендот појасни дека четворица од напаѓачите биле уапсени додека се обидувале да побегнат во Украина, а во тоа време не го спомна авганистанскиот огранок на терористичката група Исламска држава, ИСИС-К, која ја презеде одговорноста за нападот.

The post Лукашенко: Напаѓачите од Москва прво се обидоа да побегнат во Белорусија appeared first on Република.

]]>

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека напаѓачите кои во петокот убија повеќе од 130 луѓе во Москва прво се обиделе да побегнат во Белорусија. „Не можеа да влезат во Белорусија. Кога го сфатија тоа, ја променија рутата и тргнаа кон руско-украинската граница“, рече Лукашенко, според соопштението за печатот од белоруското претседателство. Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека напаѓачите кои убија повеќе од 130 луѓе во концертна сала во близина на Москва се „радикални исламисти“. Тој во текот на викендот појасни дека четворица од напаѓачите биле уапсени додека се обидувале да побегнат во Украина, а во тоа време не го спомна авганистанскиот огранок на терористичката група Исламска држава, ИСИС-К, која ја презеде одговорноста за нападот.

The post Лукашенко: Напаѓачите од Москва прво се обидоа да побегнат во Белорусија appeared first on Република.

]]>
Лукашенко: Србија, БиХ, Грузија и Молдавија ќе бидат вовлечени во НАТО според сценариото на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lukashenko-srbija-bih-gruzija-i-moldavija-ke-bidat-vovlecheni-vo-nato-spored-stsenarioto-na-ukraina/ Tue, 20 Feb 2024 09:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=746024

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, смета дека Србија, Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија ќе бидат вовлечени во НАТО според сценариото на Украина.

Влезот на Финска во НАТО, а наскоро и на Шведска, е нова фаза на експанзија на исток. Алијансата ќе ги вовлече Босна и Херцеговина, Молдавија, Грузија и Србија. И сè ќе се одвива според украинското сценарио“, рече Лукашенко на состанокот со раководството на државните органи на системот за национална безбедност.

Како што додаде, прогнозите се неутешни.

Апетитите и активноста на колективниот Запад само ќе растат. Вашингтон и неговите сојузници ќе продолжат да го прошируваат НАТО. Ситуацијата е повеќе од поволна за нив. Отворено ќе кажам: речиси сите европски лидери се претворија во поданици на САД - ако погледнеме чија политика, чии интереси доминираат на територијата на Европската унија, оцени Лукашенко

The post Лукашенко: Србија, БиХ, Грузија и Молдавија ќе бидат вовлечени во НАТО според сценариото на Украина appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, смета дека Србија, Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија ќе бидат вовлечени во НАТО според сценариото на Украина. Влезот на Финска во НАТО, а наскоро и на Шведска, е нова фаза на експанзија на исток. Алијансата ќе ги вовлече Босна и Херцеговина, Молдавија, Грузија и Србија. И сè ќе се одвива според украинското сценарио“, рече Лукашенко на состанокот со раководството на државните органи на системот за национална безбедност. Како што додаде, прогнозите се неутешни. Апетитите и активноста на колективниот Запад само ќе растат. Вашингтон и неговите сојузници ќе продолжат да го прошируваат НАТО. Ситуацијата е повеќе од поволна за нив. Отворено ќе кажам: речиси сите европски лидери се претворија во поданици на САД - ако погледнеме чија политика, чии интереси доминираат на територијата на Европската унија, оцени Лукашенко

The post Лукашенко: Србија, БиХ, Грузија и Молдавија ќе бидат вовлечени во НАТО според сценариото на Украина appeared first on Република.

]]>
Лукашенко: Доаѓаат тешки времиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lukashenko-doagaat-teshki-vremina/ Fri, 13 Oct 2023 16:07:20 +0000 https://republika.mk/?p=691008

Земјите од Комонвелтот на независни држави се соочуваат со тешки времиња поради геополитичката ситуација, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Тој истакна дека Минск и Москва многу сериозно ја сфатиле ситуацијата во која се наоѓаат.

-Од една страна, јасно е, постои голем брат (Русија) кој се обидува да ни помогне. Се разбира, и таа има свои интереси. Од друга страна се Американците, Западот. Не заборавајте дека нашата среќа е тука (во ЗНД). Токму на оваа маса има шефови на држави кои можат да го израдуваат нашиот народ, ако решиме некои прашања кои долго време не успеавме, нагласи Лукашенко на самитот на ЗНД во Бишкек.

Белорускиот лидер на Самитот истакнал и дека е неопходно по секоја цена да се зачуваат уникатните формати на единство во областа на ЗНД.

Тој рече дека не смее да се дозволи внатрешен раздор и попуштање пред идеолозите и поддржувачите на притисоци од санкции. Исто така, категорично е недозволиво да се подлегнува на провокации насочени кон поттикнување меѓунационални и територијални спорови на постсоветскиот простор.

Во Бишкек денеска се одржува Самит на лидерите на Комонвелтот на независни држави. Лидерите прво се сретнаа во тесен формат, а потоа средбата продолжи во проширен формат со учество на делегации

The post Лукашенко: Доаѓаат тешки времиња appeared first on Република.

]]>

Земјите од Комонвелтот на независни држави се соочуваат со тешки времиња поради геополитичката ситуација, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко. Тој истакна дека Минск и Москва многу сериозно ја сфатиле ситуацијата во која се наоѓаат. -Од една страна, јасно е, постои голем брат (Русија) кој се обидува да ни помогне. Се разбира, и таа има свои интереси. Од друга страна се Американците, Западот. Не заборавајте дека нашата среќа е тука (во ЗНД). Токму на оваа маса има шефови на држави кои можат да го израдуваат нашиот народ, ако решиме некои прашања кои долго време не успеавме, нагласи Лукашенко на самитот на ЗНД во Бишкек. Белорускиот лидер на Самитот истакнал и дека е неопходно по секоја цена да се зачуваат уникатните формати на единство во областа на ЗНД. Тој рече дека не смее да се дозволи внатрешен раздор и попуштање пред идеолозите и поддржувачите на притисоци од санкции. Исто така, категорично е недозволиво да се подлегнува на провокации насочени кон поттикнување меѓунационални и територијални спорови на постсоветскиот простор. Во Бишкек денеска се одржува Самит на лидерите на Комонвелтот на независни држави. Лидерите прво се сретнаа во тесен формат, а потоа средбата продолжи во проширен формат со учество на делегации

The post Лукашенко: Доаѓаат тешки времиња appeared first on Република.

]]>
Путин и Лукашенко во Сочи разговарале за сојуз со Северна Кореја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-i-lukashenko-vo-sochi-razgovarale-za-sojuz-so-severna-koreja/ Fri, 15 Sep 2023 18:24:42 +0000 https://republika.mk/?p=682262

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска на средба во Русија со претседателот, Владимир Путин, предложи Минск да се приклучи кон напорите на Москва за заживување на стариот сојуз со Северна Кореја. Пред два дена Путин во Русија се сретна со Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун…

Лукашенко го даде предлогот на средбата со Путин во црноморското одморалиште Сочи, каде што рускиот лидер рече дека ќе го информира за разговорите што ги имал со Ким.

Би сакал да ве информирам за дискусијата за ситуацијата во регионот, која беше многу важна, и да го допреме најгорливото прашање, ситуацијата во Украина, рече Путин на почетокот на средбата.

Лукашенко одговори велејќи дека „може да се размислува за тристрана соработка“, додавајќи дека „верува дека може да се најде работа и за Белорусија“.

Северна Кореја е под различни санкции на Обединетите нации. Русија и Белорусија се под напад на западните санкции.

Ким денеска го продолжи патувањето низ Русија со посета на фабриката за авиони во Комсомолск на Амур, а утре треба да пристигне во руското пристаниште Владивосток, да ги види воените бродови на руската Пацифичка флота и да го посети тамошниот универзитет.

САД и нивните сојузници веруваат дека Ким најверојатно ќе и испорача на Русија муниција за нејзината војна против Украина во замена за добивање напредно оружје или технологија од Москва.

Со таков договор, Русија ќе ги прекрши санкциите на ОН против Пјонгјанг кои забрануваат каква било трговија со оружје со Северна Кореја.

По средбата со Ким, Путин изјави дека Русија ќе ги почитува санкциите на Обединетите нации, а тоа денеска го потврди.

Никогаш ништо не прекршуваме и во овој случај немаме намера да прекршиме ништо, им рече Путин на новинарите, додавајќи: „Но, секако ќе бараме можности за развој на руско-севернокорејските односи“.

Средбата на Путин со Лукашенко беше нивна седма оваа година.

Лукашенко, кој се потпираше на руските субвенции и политичката поддршка за да управува со поранешната советска нација со железна рака речиси три децении, му дозволи на Кремљ да ја користи белоруската територија за испраќање војници во Украина во февруари 2022 година.

Додека Белорусија продолжи да биде домаќин на руски војници, Лукашенко истакна дека неговата земја нема да се вклучи во борбите.

The post Путин и Лукашенко во Сочи разговарале за сојуз со Северна Кореја appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска на средба во Русија со претседателот, Владимир Путин, предложи Минск да се приклучи кон напорите на Москва за заживување на стариот сојуз со Северна Кореја. Пред два дена Путин во Русија се сретна со Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун… Лукашенко го даде предлогот на средбата со Путин во црноморското одморалиште Сочи, каде што рускиот лидер рече дека ќе го информира за разговорите што ги имал со Ким. Би сакал да ве информирам за дискусијата за ситуацијата во регионот, која беше многу важна, и да го допреме најгорливото прашање, ситуацијата во Украина, рече Путин на почетокот на средбата. Лукашенко одговори велејќи дека „може да се размислува за тристрана соработка“, додавајќи дека „верува дека може да се најде работа и за Белорусија“. Северна Кореја е под различни санкции на Обединетите нации. Русија и Белорусија се под напад на западните санкции. Ким денеска го продолжи патувањето низ Русија со посета на фабриката за авиони во Комсомолск на Амур, а утре треба да пристигне во руското пристаниште Владивосток, да ги види воените бродови на руската Пацифичка флота и да го посети тамошниот универзитет. САД и нивните сојузници веруваат дека Ким најверојатно ќе и испорача на Русија муниција за нејзината војна против Украина во замена за добивање напредно оружје или технологија од Москва. Со таков договор, Русија ќе ги прекрши санкциите на ОН против Пјонгјанг кои забрануваат каква било трговија со оружје со Северна Кореја. По средбата со Ким, Путин изјави дека Русија ќе ги почитува санкциите на Обединетите нации, а тоа денеска го потврди. Никогаш ништо не прекршуваме и во овој случај немаме намера да прекршиме ништо, им рече Путин на новинарите, додавајќи: „Но, секако ќе бараме можности за развој на руско-севернокорејските односи“. Средбата на Путин со Лукашенко беше нивна седма оваа година. Лукашенко, кој се потпираше на руските субвенции и политичката поддршка за да управува со поранешната советска нација со железна рака речиси три децении, му дозволи на Кремљ да ја користи белоруската територија за испраќање војници во Украина во февруари 2022 година. Додека Белорусија продолжи да биде домаќин на руски војници, Лукашенко истакна дека неговата земја нема да се вклучи во борбите.

The post Путин и Лукашенко во Сочи разговарале за сојуз со Северна Кореја appeared first on Република.

]]>
„Неразумни и глупави“ се барањата на Полска и балтичките земји, оцени Лукашенко https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nerazumni-i-glupavi-se-baranata-na-polska-i-baltichkite-zemji-otseni-lukashenko/ Thu, 31 Aug 2023 18:44:35 +0000 https://republika.mk/?p=677715

Белорускиот претседател Александар Лукашенко го оцени како „глупаво“ барањето на Полска и балтичките земји да ја протераат паравоената група Вагнер од својата територија, откако нејзиниот лидер Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа во Русија.

„Лидерите на Полска и балтичките земји ја подгреваат хистеријата поради присуството на Вагнер во Белорусија“, рече Лукашенко на состанокот на белорускиот Совет за безбедност, критикувајќи ги „неразумните и глупави барања“.

Тој ги обвини дека поставуваат „барања“ додека ги „зголемуваат своите воени буџети и носат големи воени трупи на границите“.

„Не треба да има ниту еден странски војник во Полска, Литванија или во другите балтички земји“, нагласи тој, зборувајќи за силите на НАТО.

Тој изрази подготвеност за „повторно воспоставување на односите со соседите“, но, исто така тврди дека неговите предлози биле „дочекани со обвинувања и закани“.

Илјадници борци на Вагнер пристигнаа во Белорусија по неуспешниот бунт против руските власти во јуни. Тие учествуваа во обука на белоруски војници. По смртта на Пригожин, Лукашенко рече дека сака да задржи 10.000 борци на Вагнер во земјата.

Полска и двете балтички земји целосно ќе ги затворат границите со Белорусија доколку дојде до инцидент со платениците на Вагнер, изјави во понеделник полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински.

Полска и Литванија подигнаа огради долж границата со Белорусија, а Варшава планира таму да распореди 10.000 војници. На 18 август, Литванија затвори два од шесте гранични премини со Белорусија поради присуството на Вагнер на нејзина територија.

The post „Неразумни и глупави“ се барањата на Полска и балтичките земји, оцени Лукашенко appeared first on Република.

]]>

Белорускиот претседател Александар Лукашенко го оцени како „глупаво“ барањето на Полска и балтичките земји да ја протераат паравоената група Вагнер од својата територија, откако нејзиниот лидер Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа во Русија.
„Лидерите на Полска и балтичките земји ја подгреваат хистеријата поради присуството на Вагнер во Белорусија“, рече Лукашенко на состанокот на белорускиот Совет за безбедност, критикувајќи ги „неразумните и глупави барања“.
Тој ги обвини дека поставуваат „барања“ додека ги „зголемуваат своите воени буџети и носат големи воени трупи на границите“.
„Не треба да има ниту еден странски војник во Полска, Литванија или во другите балтички земји“, нагласи тој, зборувајќи за силите на НАТО.
Тој изрази подготвеност за „повторно воспоставување на односите со соседите“, но, исто така тврди дека неговите предлози биле „дочекани со обвинувања и закани“. Илјадници борци на Вагнер пристигнаа во Белорусија по неуспешниот бунт против руските власти во јуни. Тие учествуваа во обука на белоруски војници. По смртта на Пригожин, Лукашенко рече дека сака да задржи 10.000 борци на Вагнер во земјата. Полска и двете балтички земји целосно ќе ги затворат границите со Белорусија доколку дојде до инцидент со платениците на Вагнер, изјави во понеделник полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински. Полска и Литванија подигнаа огради долж границата со Белорусија, а Варшава планира таму да распореди 10.000 војници. На 18 август, Литванија затвори два од шесте гранични премини со Белорусија поради присуството на Вагнер на нејзина територија.

The post „Неразумни и глупави“ се барањата на Полска и балтичките земји, оцени Лукашенко appeared first on Република.

]]>
Лукашенко: Добив сериозни информации за обид за убиство на Пригожин, самиот ми потврди дека Путин го предупредил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lukashenko-dobiv-seriozni-informatsii-za-obid-za-ubistvo-na-prigozhin-samiot-mi-potvrdi-deka-putin-go-predupredil/ Sat, 26 Aug 2023 10:15:05 +0000 https://republika.mk/?p=675973

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, изјави дека го предупредил шефот на паравоената група „Вагнер“ Евгениј Пригожин дека е во опасност да биде убиен.

-Последниот пат кога полетавме за Емиратите, добив многу сериозни информации за обидт за атентат врз Евгениј Пригожин. Во рок од два часа го најдоа рускиот амбасадор во Емиратите и го повикаа кај мене, изјави Лукашенко, пренесен од белоруската агенција Белта.

Тој додава дека на рускиот амбасадор му ја пренел шифрираната порака за Владимир Путин и шефот на ФСБ, Александар Бортников, „за обид за атентат врз Пригожин“.

Лукашенко објасни дека по извесно време Пригожин му потврдил дека рускиот претседател го предупредил дека му се заканува обид за атентат.

Белорускиот претседател посочи дека од своја страна тој исполнил се што му ветил на „Вагнер“, па дури и „повеќе од тоа“.

-Вчера, по моја наредба, „Вагнер“ беа контактирани од КГБ и ја добија пораката – „ќе исполниме се што е договорено меѓу Пригожин и мене“, изјави белорускиот претседател.

 

The post Лукашенко: Добив сериозни информации за обид за убиство на Пригожин, самиот ми потврди дека Путин го предупредил appeared first on Република.

]]>

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, изјави дека го предупредил шефот на паравоената група „Вагнер“ Евгениј Пригожин дека е во опасност да биде убиен. -Последниот пат кога полетавме за Емиратите, добив многу сериозни информации за обидт за атентат врз Евгениј Пригожин. Во рок од два часа го најдоа рускиот амбасадор во Емиратите и го повикаа кај мене, изјави Лукашенко, пренесен од белоруската агенција Белта. Тој додава дека на рускиот амбасадор му ја пренел шифрираната порака за Владимир Путин и шефот на ФСБ, Александар Бортников, „за обид за атентат врз Пригожин“. Лукашенко објасни дека по извесно време Пригожин му потврдил дека рускиот претседател го предупредил дека му се заканува обид за атентат. Белорускиот претседател посочи дека од своја страна тој исполнил се што му ветил на „Вагнер“, па дури и „повеќе од тоа“. -Вчера, по моја наредба, „Вагнер“ беа контактирани од КГБ и ја добија пораката – „ќе исполниме се што е договорено меѓу Пригожин и мене“, изјави белорускиот претседател.  

The post Лукашенко: Добив сериозни информации за обид за убиство на Пригожин, самиот ми потврди дека Путин го предупредил appeared first on Република.

]]>
Лукашенко: Во два наврати го предупредив Пригожин дека ќе биде убиен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lukashenko-vo-dva-navrati-go-preduprediv-prigozhin-deka-ke-bide-ubien/ Fri, 25 Aug 2023 20:18:18 +0000 https://republika.mk/?p=675893

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека ги предупредил лидерите на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин и Дмитриј Уткин, за кои се верува дека загинале во авионска несреќа во Русија, да бидат внимателни и тврди дека борците на групата ќе останат во Белорусија.

Лукашенко вели дека двапати на Пригожин му изразил загриженост за неговата безбедност, но двата пати Пригожин ги отфрлил таквите предупредувања. Лукашенко додаде дека за време на маршот кон Москва го предупредил Пригожин дека ќе „умре“ ако продолжи да маршира кон Москва.

По ѓаволите со тоа „Ќе умрам““, одговорил Пригожин.

Лукашенко вели дека ги предупредил Пригожин и Уткин по втор пат кога дошле да го посетат. Уткин помогнал во основањето на групата „Вагнер“ и е наведен како патник во соборениот авион.

Момци – внимавајте“, наводно им рекол Лукашенко.

https://republika.mk/vesti/svet/koj-ke-go-predvodi-vagner-po-smrtta-na-prigozhin-vo-nesrekata-zaginaa-i-site-mozhni-naslednitsi/

Лукашенко, стар познаник на Пригожин и близок сојузник на Русија, изјави дека Путин нема никаква врска со авионската несреќа.

Го познавам Путин: тој се пресметува, многу мирно, дури и бавно. Не можам да замислам дека Путин го направи тоа и дека Путин е виновен. Тоа е едноставно премногу груба и непрофесионална работа. „Вагнер“ живееше, „Вагнер“ живее и „Вагнер“ ќе живее во Белорусија. Се додека ни треба оваа единица, тие ќе живеат и работат со нас“, вели белорускиот лидер.

The post Лукашенко: Во два наврати го предупредив Пригожин дека ќе биде убиен appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека ги предупредил лидерите на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин и Дмитриј Уткин, за кои се верува дека загинале во авионска несреќа во Русија, да бидат внимателни и тврди дека борците на групата ќе останат во Белорусија. Лукашенко вели дека двапати на Пригожин му изразил загриженост за неговата безбедност, но двата пати Пригожин ги отфрлил таквите предупредувања. Лукашенко додаде дека за време на маршот кон Москва го предупредил Пригожин дека ќе „умре“ ако продолжи да маршира кон Москва.
По ѓаволите со тоа „Ќе умрам““, одговорил Пригожин.
Лукашенко вели дека ги предупредил Пригожин и Уткин по втор пат кога дошле да го посетат. Уткин помогнал во основањето на групата „Вагнер“ и е наведен како патник во соборениот авион.
Момци – внимавајте“, наводно им рекол Лукашенко.
https://republika.mk/vesti/svet/koj-ke-go-predvodi-vagner-po-smrtta-na-prigozhin-vo-nesrekata-zaginaa-i-site-mozhni-naslednitsi/ Лукашенко, стар познаник на Пригожин и близок сојузник на Русија, изјави дека Путин нема никаква врска со авионската несреќа.
Го познавам Путин: тој се пресметува, многу мирно, дури и бавно. Не можам да замислам дека Путин го направи тоа и дека Путин е виновен. Тоа е едноставно премногу груба и непрофесионална работа. „Вагнер“ живееше, „Вагнер“ живее и „Вагнер“ ќе живее во Белорусија. Се додека ни треба оваа единица, тие ќе живеат и работат со нас“, вели белорускиот лидер.

The post Лукашенко: Во два наврати го предупредив Пригожин дека ќе биде убиен appeared first on Република.

]]>
Лукашенко: Никој од бунтот на Вагнер не излезе како херој – ниту Пригожин, ниту Путин, ниту јас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lukashenko-nikoj-od-buntot-na-vagner-ne-izleze-kako-heroj-nitu-prigozhin-nitu-putin-nitu-jas/ Fri, 07 Jul 2023 11:22:03 +0000 https://republika.mk/?p=658927

Белорускиот претседател Александар Лукашенко неодамна ги покани странските медиуми во Палатата на независноста на брифинг, вклучително и дописникот на Би-Би-Си во Минск, и разговараше со нив околу четири часа за актуелните прашања.

Наместо да ги расветли последните настани поврзани со бунтот на шефот на „Вагнер“ во Русија, во чие решавање тој беше главен посредник, Лукашенко, како што оценува Би-Би-Си, уште повеќе ја „замати водата“.

Според договорот меѓу вагнеровците и Кремљ, Евгениј Пригожин требаше да се пресели во Белорусија заедно со некои од неговите борци.

Тоа не се случи. Барем не се уште.

До утрово, борците од Вагнер, оние најсериозните, сè уште се во логорите во кои се повлекоа од Бахмут. Што се однесува до Пригожин, тој е во Санкт Петербург. Или можеби утрово замина за Москва. Или можеби некаде на друго место. Но, тоа не е во Белорусија - рече Лукашенко.

Репортерот на Би-Би-Си потоа го праша белорускиот лидер дали тоа значи дека договорот пропаднал, а тој го негираше тоа. Впечатокот на новинарот беше дека сè изгледа како да „зад сцената се водат разговори за кои не сме информирани“.

Кога станува збор за самиот бунт на 24 јуни, кога Пригожин испрати конвој од борци на „Вагнер“ кон Москва и се откажа од таа намера, Москва и Минск се чини дека не се едногласни.

Руската државна телевизија објави дека претседателот Владимир Путин излегол од овие драматични настани како херој.

Мислам дека никој не излезе од таа ситуација како херој. Ниту Пригожин, ниту Путин, ниту Лукашенко. Нема херои. И лекцијата од сето ова? Ако создадеме вооружена група како нив, мора да ги држиме на око и да им обрнеме сериозно внимание - рече Лукашенко.

The post Лукашенко: Никој од бунтот на Вагнер не излезе како херој – ниту Пригожин, ниту Путин, ниту јас appeared first on Република.

]]>

Белорускиот претседател Александар Лукашенко неодамна ги покани странските медиуми во Палатата на независноста на брифинг, вклучително и дописникот на Би-Би-Си во Минск, и разговараше со нив околу четири часа за актуелните прашања. Наместо да ги расветли последните настани поврзани со бунтот на шефот на „Вагнер“ во Русија, во чие решавање тој беше главен посредник, Лукашенко, како што оценува Би-Би-Си, уште повеќе ја „замати водата“. Според договорот меѓу вагнеровците и Кремљ, Евгениј Пригожин требаше да се пресели во Белорусија заедно со некои од неговите борци. Тоа не се случи. Барем не се уште.
До утрово, борците од Вагнер, оние најсериозните, сè уште се во логорите во кои се повлекоа од Бахмут. Што се однесува до Пригожин, тој е во Санкт Петербург. Или можеби утрово замина за Москва. Или можеби некаде на друго место. Но, тоа не е во Белорусија - рече Лукашенко.
Репортерот на Би-Би-Си потоа го праша белорускиот лидер дали тоа значи дека договорот пропаднал, а тој го негираше тоа. Впечатокот на новинарот беше дека сè изгледа како да „зад сцената се водат разговори за кои не сме информирани“. Кога станува збор за самиот бунт на 24 јуни, кога Пригожин испрати конвој од борци на „Вагнер“ кон Москва и се откажа од таа намера, Москва и Минск се чини дека не се едногласни. Руската државна телевизија објави дека претседателот Владимир Путин излегол од овие драматични настани како херој.
Мислам дека никој не излезе од таа ситуација како херој. Ниту Пригожин, ниту Путин, ниту Лукашенко. Нема херои. И лекцијата од сето ова? Ако создадеме вооружена група како нив, мора да ги држиме на око и да им обрнеме сериозно внимание - рече Лукашенко.

The post Лукашенко: Никој од бунтот на Вагнер не излезе како херој – ниту Пригожин, ниту Путин, ниту јас appeared first on Република.

]]>
Лукашенко одобри закон за забрана на медиуми од „непријателски земји“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lukashenko-odobri-zakon-za-zabrana-na-mediumi-od-neprijatelski-zemji/ Sat, 01 Jul 2023 16:51:43 +0000 https://republika.mk/?p=657198

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потпиша закон со кој се предвидува можност за забрана на медиумите на земјите кои преземаат непријателски чекори против белоруските медиуми.

Лукашенко го потпиша Законот за изменување и дополнување на Законот на Република Белорусија за масовни медиуми.

Целта на документот е да се подобрат механизмите за заштита на националните интереси во медиумската сфера, како и да се прошират алатките за одговор на непријателските дејствија против Белорусија.

Законот предвидува можност за воведување забрана за активности на странски медиуми на територијата на Белорусија во случај да покажат непријателски дејствија кон белоруските медиуми.

Како што е наведено во извештајот, списокот на основи за одземање на сертификатите за државна регистрација на медиуми и ограничување на пристапот до интернет ресурсите се проширува.

Утврдени се условите за активност на сопствениците на интернет ресурси кои ги дистрибуираат производите на телевизиските и радиодифузните медиуми.

Претходно документот беше усвоен од белорускиот парламент.

The post Лукашенко одобри закон за забрана на медиуми од „непријателски земји“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потпиша закон со кој се предвидува можност за забрана на медиумите на земјите кои преземаат непријателски чекори против белоруските медиуми. Лукашенко го потпиша Законот за изменување и дополнување на Законот на Република Белорусија за масовни медиуми. Целта на документот е да се подобрат механизмите за заштита на националните интереси во медиумската сфера, како и да се прошират алатките за одговор на непријателските дејствија против Белорусија. Законот предвидува можност за воведување забрана за активности на странски медиуми на територијата на Белорусија во случај да покажат непријателски дејствија кон белоруските медиуми. Како што е наведено во извештајот, списокот на основи за одземање на сертификатите за државна регистрација на медиуми и ограничување на пристапот до интернет ресурсите се проширува. Утврдени се условите за активност на сопствениците на интернет ресурси кои ги дистрибуираат производите на телевизиските и радиодифузните медиуми. Претходно документот беше усвоен од белорускиот парламент.

The post Лукашенко одобри закон за забрана на медиуми од „непријателски земји“ appeared first on Република.

]]>
Пцуевме половина час: Лукашенко открива како течел разговорот со Пригожин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ptsuevme-polovina-chas-lukashenko-otkriva-kako-techel-razgovorot-so-prigozhin/ Wed, 28 Jun 2023 11:03:12 +0000 https://republika.mk/?p=655997

Половина час пцовки содржел телефонскиот разговор меѓу белорускиот претседател Александар Лукашенко и лидерот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, пишува Си-Ен-Ен, цитирајќи ги зборовите на Лукашенко.

Првиот круг од 30 минути разговаравме со пцовки. Ексклузивно. Имаше 10 пати повеќе пцовки (подоцна ги анализирав) отколку нормалниот речник – рече Лукашенко, опишувајќи ја својата интеракција со Пригожин.

Се разбира, тој однапред се извини и почна да ми кажува сè користејќи ги овие непристојни зборови – додава Лукашенко.

Според зборовите на белорускиот претседател, тој го предупредил шефот на „Вагнер“ дека ќе биде „скршен како бубачка“ доколку платеничките трупи продолжат да напредуваат кон руската престолнина.

Во пет часот навечер ми се јави и ми рече: …Ги прифаќам сите ваши услови. Но… Што да правам? Застануваме – ќе нѐ уништат“. Јас велам: „Нема. Ти гарантирам. Ќе го преземам тоа на себе – се сеќава Лукашенко велејќи дека Пригожин од него ги добил сите безбедносни гаранции.

Лукашенко исто така тврди дека го убедил рускиот претседател Владимир Путин да не ја „уништи“ групата Вагнер и нејзиниот шеф Евгениј Пригожин.

Исто така, сфатив дека е донесена сурова одлука – да се уништи. Му предложив на Путин да не брза. Ајде да разговараме со Пригожин, со неговите команданти – вели тој.

А, според него, Путин на ова му рекол:

Слушај, Алекс, бескорисно е. (Пригожин) дури и не крева телефон, не сака да разговара со никого.

Белорускиот лидер рече дека олигархот Пригожин сега е во Белорусија според договорот.

Најопасната работа, како што јас разбирам, не е каква беше ситуацијата, туку како таа може да се развие и нејзините последици – рече Лукашенко, според белоруските државни медиуми.

Кремљ му се заблагодари на Лукашенко дека помогнал да се деескалира ситуацијата, иако овие тврдења на Лукашенко јавно не ги потврдија ниту Путин, ниту Пригожин.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Лукашенко можел да се потпре на личните односи со Пригожин за да го постигне договорот, со кој, исто така, трупите и опремата на Вагнер ќе бидат апсорбирани од руската војска.

Руската Федерална служба за безбедност во меѓувреме соопшти дека ќе се откаже од случајот против борците на Вагнер поради очигледниот бунт.

Путин во вторникот им се заблагодари на безбедносните сили во Кремљ што ѝ помогнале на Русија да избегне „граѓанска војна“.

The post Пцуевме половина час: Лукашенко открива како течел разговорот со Пригожин appeared first on Република.

]]>

Половина час пцовки содржел телефонскиот разговор меѓу белорускиот претседател Александар Лукашенко и лидерот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, пишува Си-Ен-Ен, цитирајќи ги зборовите на Лукашенко. Првиот круг од 30 минути разговаравме со пцовки. Ексклузивно. Имаше 10 пати повеќе пцовки (подоцна ги анализирав) отколку нормалниот речник – рече Лукашенко, опишувајќи ја својата интеракција со Пригожин. Се разбира, тој однапред се извини и почна да ми кажува сè користејќи ги овие непристојни зборови – додава Лукашенко. Според зборовите на белорускиот претседател, тој го предупредил шефот на „Вагнер“ дека ќе биде „скршен како бубачка“ доколку платеничките трупи продолжат да напредуваат кон руската престолнина. Во пет часот навечер ми се јави и ми рече: …Ги прифаќам сите ваши услови. Но… Што да правам? Застануваме – ќе нѐ уништат“. Јас велам: „Нема. Ти гарантирам. Ќе го преземам тоа на себе – се сеќава Лукашенко велејќи дека Пригожин од него ги добил сите безбедносни гаранции. Лукашенко исто така тврди дека го убедил рускиот претседател Владимир Путин да не ја „уништи“ групата Вагнер и нејзиниот шеф Евгениј Пригожин. Исто така, сфатив дека е донесена сурова одлука – да се уништи. Му предложив на Путин да не брза. Ајде да разговараме со Пригожин, со неговите команданти – вели тој. А, според него, Путин на ова му рекол: Слушај, Алекс, бескорисно е. (Пригожин) дури и не крева телефон, не сака да разговара со никого. Белорускиот лидер рече дека олигархот Пригожин сега е во Белорусија според договорот. Најопасната работа, како што јас разбирам, не е каква беше ситуацијата, туку како таа може да се развие и нејзините последици – рече Лукашенко, според белоруските државни медиуми. Кремљ му се заблагодари на Лукашенко дека помогнал да се деескалира ситуацијата, иако овие тврдења на Лукашенко јавно не ги потврдија ниту Путин, ниту Пригожин. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Лукашенко можел да се потпре на личните односи со Пригожин за да го постигне договорот, со кој, исто така, трупите и опремата на Вагнер ќе бидат апсорбирани од руската војска. Руската Федерална служба за безбедност во меѓувреме соопшти дека ќе се откаже од случајот против борците на Вагнер поради очигледниот бунт. Путин во вторникот им се заблагодари на безбедносните сили во Кремљ што ѝ помогнале на Русија да избегне „граѓанска војна“.

The post Пцуевме половина час: Лукашенко открива како течел разговорот со Пригожин appeared first on Република.

]]>
Лукашенко нареди целосна борбена готовност поради обидот за вооружен бунт во Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lukashenko-naredi-tselosna-borbena-gotovnost-poradi-obidot-za-vooruzhen-bunt-vo-rusija/ Tue, 27 Jun 2023 09:05:07 +0000 https://republika.mk/?p=655581

Поради обидот за вооружен бунт во Русија, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, издаде наредба за ставање на армијата во целосна борбена готовност.

Ги дадов сите наредби армијата да се подигне во состојба на целосна борбена готовност - рече Лукашенко денеска во Минск, на церемонија на која именуваше генерали.

Според Лукашенкo, граѓаните на Белорусија со загриженост го следele обидот за бунт во Русија

The post Лукашенко нареди целосна борбена готовност поради обидот за вооружен бунт во Русија appeared first on Република.

]]>

Поради обидот за вооружен бунт во Русија, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, издаде наредба за ставање на армијата во целосна борбена готовност.
Ги дадов сите наредби армијата да се подигне во состојба на целосна борбена готовност - рече Лукашенко денеска во Минск, на церемонија на која именуваше генерали.
Според Лукашенкo, граѓаните на Белорусија со загриженост го следele обидот за бунт во Русија

The post Лукашенко нареди целосна борбена готовност поради обидот за вооружен бунт во Русија appeared first on Република.

]]>
Официјален Минск: Путин му се заблагодари на Лукашенко за завршената работа со групата „Вагнер“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ofitsijalen-minsk-putin-mu-se-zablagodari-na-lukashenko-za-zavrshenata-rabota-so-grupata-vagner/ Sat, 24 Jun 2023 21:43:02 +0000 https://republika.mk/?p=654826

Рускиот претседател Владимир Путин вечерва телефонски му се заблагодари на својот белоруски колега Александар Лукашенко за сработеното за решавање на ситуацијата околу приватната воена компанија Вагнер, соопшти прес-службата на белорускиот претседател, пренесе ТАСС.

„Денеска во 21 часот повторно телефонски разговараа претседателите на Белорусија и Русија. Претседателот на Белорусија детално го информираше претседателот на Русија за резултатите од преговорите со раководството на „Вагнер“. Претседателот на Русија го поддржа својот белоруски колега и му се заблагодари за сработеното“, се вели во соопштението.

Претходно денеска, кабинетот на белорускиот претседател соопшти дека Лукашенко преговарал со шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин откако разговарал за ова прашање со Путин. Пригожин се согласил да го запре напредувањето на неговите сили кон Москва по предложеното решение кое содржи безбедносни гаранции за трупите на Вагнер, соопшти кабинетот на Лукашенко. Тој не даде детали за договорот.

The post Официјален Минск: Путин му се заблагодари на Лукашенко за завршената работа со групата „Вагнер“ appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин вечерва телефонски му се заблагодари на својот белоруски колега Александар Лукашенко за сработеното за решавање на ситуацијата околу приватната воена компанија Вагнер, соопшти прес-службата на белорускиот претседател, пренесе ТАСС. „Денеска во 21 часот повторно телефонски разговараа претседателите на Белорусија и Русија. Претседателот на Белорусија детално го информираше претседателот на Русија за резултатите од преговорите со раководството на „Вагнер“. Претседателот на Русија го поддржа својот белоруски колега и му се заблагодари за сработеното“, се вели во соопштението. Претходно денеска, кабинетот на белорускиот претседател соопшти дека Лукашенко преговарал со шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин откако разговарал за ова прашање со Путин. Пригожин се согласил да го запре напредувањето на неговите сили кон Москва по предложеното решение кое содржи безбедносни гаранции за трупите на Вагнер, соопшти кабинетот на Лукашенко. Тој не даде детали за договорот.

The post Официјален Минск: Путин му се заблагодари на Лукашенко за завршената работа со групата „Вагнер“ appeared first on Република.

]]>