Александар Кржаловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-krzalovski/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Apr 2023 10:29:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Александар Кржаловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-krzalovski/ 32 32 Кржаловски: Работните групи за уставни измени се беспредметни https://arhiva3.republika.mk/vesti/krzhalovski-rabotnite-grupi-za-ustavni-izmeni-se-bespredmetni/ Tue, 11 Apr 2023 10:29:13 +0000 https://republika.mk/?p=629764

Директорот на МЦМС Александар Кржаловски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа истакна дека во Македонија не постои одговорност, односно тоа што се ветува на избори не се реализира и обратно.

Во случајот со Уставните измени или тоа што го прифатија Францускиот предлог, ништо од тоа не стои во нивната програма. Напротив во кампањата кога веќе беше јасно бугарското вето беше ветувано нешто сосема друго, за на крај да завршиме како во случајот со Грција, со прифаќање на позициите на другата страна прилично во целост. Проблемот со функционирањето на демократијата кај нас е во голема меркатоа што не се почитува тоа што си го говорел на изборите за кое си добил легитимитет да го спроведеш тоа кое што си го ветил, истакна Кржаловски.

Тој посочи дека попуштањето под притисокот на другата земја се прикажува како лидерство и преземање на големи чекори. Во однос на работните групи, Кржаловски рече дека таквите активности би биле целисходни на почетокот на јули минатата година кога требаше да се постигне националниот консензус по прашањето на тн Француски договор.

Ако веќе се одеше кон одлука да се прифати договорот мораше да се качи на бродот и опозицијата. Владата сега не може да го испорача тоа што го прифати тогаш. Наместо да го исполнат тоа, Пендаровски од Мадрид посочи дека ќе се отворат широки консултации, ама веќе на првата средба го заземаа ставот дека ќе се прифати тоа и побараа сите да го прифатиме. Широките консултации од прилика тука завршија, рече Кржаловски и дополни- работните групи нема да се состават во полн состав со опозицијата и тогаш тие се прилично беспредметни.

The post Кржаловски: Работните групи за уставни измени се беспредметни appeared first on Република.

]]>

Кржаловски: И за францускиот предлог СДСМ нудеше работни групи, на крај донесе решение какво што сака https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/krzhalovski-i-za-frantsuskiot-predlog-sdsm-nudeshe-rabotni-grupi-na-kraj-donese-reshenie-kakvo-shto-saka/ Mon, 03 Apr 2023 19:41:09 +0000 https://republika.mk/?p=626877

Тоа што СДСМ го кажува за вклучување во работни групи, не се прави тоа така. Опозицијата мораше да биде консултирана уште во јули лани пред да биде прифатен францускиот предлог. Тогаш се најавуваа широки консултации, ама се прифати уште првиот ден кога почнаа, изјави политичкиот аналитичар Александар Кржаловски за „Тема на денот“ во дневникот на Сител.

Тој потенцираше дека не се прават така работите како што прави СДСМ, ако сакате да градите консензус прво ќе ја прашате најголемата опозициска партија, а потоа ќе одите во пошироки консултации.

Сега со ова дека само ќе се вклучат во работни групи, не верувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе прифатат. Ќе се вклучат, ако СДСМ рече дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за хрватскиот модел е прифатив. Ќе остане ДУИ уште да се изјасни, истакна Кржаловски.

Според Кржаловски ВМРО-ДПМНЕ даде предлог и ако биде одбиен, да не ги обвинуваат дека не се проевропски.

ВМРО-ДПМНЕ кажува дека не може да се прифати било што само да почнат преговорите. Не е толку едноставно, мора да се договорат партиите пред да почне јавна расправа, рече тој.

The post Кржаловски: И за францускиот предлог СДСМ нудеше работни групи, на крај донесе решение какво што сака appeared first on Република.

]]>

Тоа што СДСМ го кажува за вклучување во работни групи, не се прави тоа така. Опозицијата мораше да биде консултирана уште во јули лани пред да биде прифатен францускиот предлог. Тогаш се најавуваа широки консултации, ама се прифати уште првиот ден кога почнаа, изјави политичкиот аналитичар Александар Кржаловски за „Тема на денот“ во дневникот на Сител. Тој потенцираше дека не се прават така работите како што прави СДСМ, ако сакате да градите консензус прво ќе ја прашате најголемата опозициска партија, а потоа ќе одите во пошироки консултации.
Сега со ова дека само ќе се вклучат во работни групи, не верувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе прифатат. Ќе се вклучат, ако СДСМ рече дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за хрватскиот модел е прифатив. Ќе остане ДУИ уште да се изјасни, истакна Кржаловски.
Според Кржаловски ВМРО-ДПМНЕ даде предлог и ако биде одбиен, да не ги обвинуваат дека не се проевропски.
ВМРО-ДПМНЕ кажува дека не може да се прифати било што само да почнат преговорите. Не е толку едноставно, мора да се договорат партиите пред да почне јавна расправа, рече тој.

The post Кржаловски: И за францускиот предлог СДСМ нудеше работни групи, на крај донесе решение какво што сака appeared first on Република.

]]>
Кржаловски: СДСМ се затекнати од предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, испаѓа дека го нудеа Уставот на Хрватска на непрочитано https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/krzhalovski-sdsm-se-zateknati-od-predlogot-na-vmro-dpmne-ispaga-deka-go-nudea-ustavot-na-hrvatska-na-neprochitano/ Mon, 03 Apr 2023 19:30:48 +0000 https://republika.mk/?p=626873

Според аналитичарот Александар Кржаловски, ВМРО-ДПМНЕ направи одличен потег со предлогот за имплементација на хрватскиот Устав. Како што изјави за „Тема на денот“ на Сител, ова е одличен потег на ВМРО-ДПМНЕ да ја заврти дискусијата од притисок кон нив дека не сакаат уставни измени со шокантен противудар со кој се тепаат три муви, додека пак СДСМ се затекнати и немаат одговор.

Топката се префрли на владината страна и тоа од една страна СДСМ, а од друга страна сите албански партии. СДСМ се фати во дефанзива и се шокирани од предлогот, што ја покажува леснотијата со која се прифаќаат некои работи како тоа што се прифати во јули за ова или претходно Преспа. Испаѓа на непрочитано, бидејќи најмногу циркулираше да се земе хрватскиот Устав како предлог, рече Кржаловски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-sdsm-i-dui-se-evropjani-da-gi-prifatat-izmenite-na-ustavot-po-primerot-na-zemja-chlenka-na-eu/

Додаде дека сега испаѓа дека поинаку бидејќи или не го прочитале или не ги разбрале деталите, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ги изненади.

Додека СДСМ се мисли како да одговори, интересна е реакцијата од албанскиот блок. Први беа Алијанса за Албанците, потоа Алтернатива со одбивање, што демонстрира чудна ситуација, дека по кажува фразата „по туѓ грб, 100 стапа не болат“. Додека се удираше по македонскиот народ, се ќе прифатеа, но кога се одзема од тоа за Албанците, сега е проблем и неприфатливо. Како така? Ова што го предлага ВМРО-ДПМНЕ исто така е европски предлог, ама не им одговара на нив, истакна Кржаловски.

The post Кржаловски: СДСМ се затекнати од предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, испаѓа дека го нудеа Уставот на Хрватска на непрочитано appeared first on Република.

]]>

Според аналитичарот Александар Кржаловски, ВМРО-ДПМНЕ направи одличен потег со предлогот за имплементација на хрватскиот Устав. Како што изјави за „Тема на денот“ на Сител, ова е одличен потег на ВМРО-ДПМНЕ да ја заврти дискусијата од притисок кон нив дека не сакаат уставни измени со шокантен противудар со кој се тепаат три муви, додека пак СДСМ се затекнати и немаат одговор.
Топката се префрли на владината страна и тоа од една страна СДСМ, а од друга страна сите албански партии. СДСМ се фати во дефанзива и се шокирани од предлогот, што ја покажува леснотијата со која се прифаќаат некои работи како тоа што се прифати во јули за ова или претходно Преспа. Испаѓа на непрочитано, бидејќи најмногу циркулираше да се земе хрватскиот Устав како предлог, рече Кржаловски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-sdsm-i-dui-se-evropjani-da-gi-prifatat-izmenite-na-ustavot-po-primerot-na-zemja-chlenka-na-eu/ Додаде дека сега испаѓа дека поинаку бидејќи или не го прочитале или не ги разбрале деталите, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ги изненади.
Додека СДСМ се мисли како да одговори, интересна е реакцијата од албанскиот блок. Први беа Алијанса за Албанците, потоа Алтернатива со одбивање, што демонстрира чудна ситуација, дека по кажува фразата „по туѓ грб, 100 стапа не болат“. Додека се удираше по македонскиот народ, се ќе прифатеа, но кога се одзема од тоа за Албанците, сега е проблем и неприфатливо. Како така? Ова што го предлага ВМРО-ДПМНЕ исто така е европски предлог, ама не им одговара на нив, истакна Кржаловски.

The post Кржаловски: СДСМ се затекнати од предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, испаѓа дека го нудеа Уставот на Хрватска на непрочитано appeared first on Република.

]]>
И Кржаловски со поддршка на протестите: Ова е булинг од Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-krzalovski-so-poddrshka-na-protestite-ova-e-buling-od-bugarija/ Mon, 04 Jul 2022 18:04:29 +0000 https://republika.mk/?p=523719

Политичкиот аналитичар Александар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка, денеска е дел од протестите пред Владата со кои граѓаните велат НЕ за штетниот француски предлог.

Пред неколку дена тој порача дека сега сме во прилично безизлезна ситуација затоа што Бугарија веќе го прифати францускиот предлог и ги дополни условите со четири нови барања, кои може да се очекува дека ќе бидат вградени вградени во конечната верзија на предлогот.

Таа конечна верзија би требало да ни биде доставена на разгледување и прифаќање, бидејќи тешко дека ќе можеме да бараме интервенции во неа откако е усогласена и усвоена од земјите-членки. Но, што со тоа, кога ние веќе и официјално со изјавата на премиерот Димитар Ковачевски во Брисел ја отфрливме уште во изворната форма, а не пак со новите барања. Дополнително, јавната и прилично сеопфатна осуда и одбивање на предлогот не дава надеж за некакво продолжување на процесот, особено не во догледно време, или како што и некои европски аналитичари и новинари констатираа – Бугарија навидум го подигна ветото, но всушност го засили со вградување на своите услови во преговарачката рамка и со дополнителните барања од Парламентот, рече Кржаловски за „Слободен печат“.

Кржаловски вели дека единствена мала можност, ако воопшто е можност, гледа во интерпретацијата на некои од познавачите на пристапниот процес, кои се малцинство, дека во самата рамка и нема одредби кои се целосно неприфатливи за нас или се истоветно или слично формулирани и во други случаи, како на пример во Србија или Црна Гора, а проблемот е единствено во т.н. протокол, кој е билатерален документ меѓу Бугарија и Македонија.

Протоколот се уште не е усогласен меѓу двете земји. Логиката е дека се што не ни се допаѓа треба допрва да го испреговараме со Бугарија, но и во тој случај не гледам многу простор за напредок, бидејќи во новонастанатава ситуација Бугарија има уште помалку причини да биде попустлива. Веројатно ги чекаат и нови избори, па и ќе нема кој да преговара. Се на се, слично на ситуацијата со Преспа, а и како што веќе неколку колумнисти аргументираа, ќе ни остане изборот да „земеме или оставиме“. Аргументите да „земеме“ се дека понатаму ќе дојдат само полоши предлози. Огромно мнозинство се да „оставиме“, со аргументи дека ова е преседан, малтретирање, па и булинг од Бугарија, дека прифаќањето е недостоинствено и против нашите национални интереси, со несогледливи последици од ломови во општеството, вели Кржаловски.

The post И Кржаловски со поддршка на протестите: Ова е булинг од Бугарија appeared first on Република.

]]>

Политичкиот аналитичар Александар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка, денеска е дел од протестите пред Владата со кои граѓаните велат НЕ за штетниот француски предлог. Пред неколку дена тој порача дека сега сме во прилично безизлезна ситуација затоа што Бугарија веќе го прифати францускиот предлог и ги дополни условите со четири нови барања, кои може да се очекува дека ќе бидат вградени вградени во конечната верзија на предлогот.