Александар Климовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-klimovski/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Aug 2024 10:07:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Александар Климовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-klimovski/ 32 32 Професорот Александар Климовски на чело на Државната лотарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/profesorot-aleksandar-klimovski-na-chelo-na-drzhavnata-lotarija/ Tue, 06 Aug 2024 10:07:04 +0000 https://republika.mk/?p=803828

Проф. д-р Александар Климовски, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје, е нов директор на Државната лотарија на Македонија.

Професорот Климовски предава предмети како што се Право на друштва, Корпоративно управување, Корпоративна етика и Право на игрите на среќа. Тој помеѓу најпознатите и водечки правни експерти во регионот за регулирање на игрите на среќа, а неговите научни трудови се глобално цитирани во реномирани научни списанија.

Покрај тоа, Климовски е ко-автор на учебниците „Корпоративно управување” и “Право на игрите на среќа” и автор или ко-автор на над 70 научни и стручни трудови. Климовски воедно е раководител на постдипломските студии по Корпоративно право на Правниот факултет во Скопје. Неговото обемно знаење и искуство во областа на правото и корпоративното управување ќе придонесат за понатамошниот развој и унапредување на Државната лотарија.

Државна лотарија е компанијата во државна сопственост, основана според успешни примери и искуства од европските и светските државни лотарии, со цел континуиран придонес во републичкиот буџет за инвестирање во општествено корисни цели.

The post Професорот Александар Климовски на чело на Државната лотарија appeared first on Република.

]]>

Проф. д-р Александар Климовски, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје, е нов директор на Државната лотарија на Македонија. Професорот Климовски предава предмети како што се Право на друштва, Корпоративно управување, Корпоративна етика и Право на игрите на среќа. Тој помеѓу најпознатите и водечки правни експерти во регионот за регулирање на игрите на среќа, а неговите научни трудови се глобално цитирани во реномирани научни списанија. Покрај тоа, Климовски е ко-автор на учебниците „Корпоративно управување” и “Право на игрите на среќа” и автор или ко-автор на над 70 научни и стручни трудови. Климовски воедно е раководител на постдипломските студии по Корпоративно право на Правниот факултет во Скопје. Неговото обемно знаење и искуство во областа на правото и корпоративното управување ќе придонесат за понатамошниот развој и унапредување на Државната лотарија. Државна лотарија е компанијата во државна сопственост, основана според успешни примери и искуства од европските и светските државни лотарии, со цел континуиран придонес во републичкиот буџет за инвестирање во општествено корисни цели.

The post Професорот Александар Климовски на чело на Државната лотарија appeared first on Република.

]]>