Александар Ќосев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-kjosev/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Sep 2022 14:27:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Александар Ќосев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-kjosev/ 32 32 Софискиот професор Ќосев: Македонскиот јазик е полноправен литературен јазик, јазик на прекрасна поезија, со своја традиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sofiskiot-profesor-kjosev-makedonskiot-jazik-e-polnopraven-literaturen-jazik-jazik-na-prekrasna-poezija-so-svoja-tradicija/ Wed, 21 Sep 2022 14:27:33 +0000 https://republika.mk/?p=552942

Нема сомневање дека македонскиот јазик е литературен, а не дијалект, а историјата на македонскиот јазик не започнува со Коминтерната. На оние кои тврдат дека македонскиот јазик е вештачки мора да им се каже дека и бугарскиот јазик е вештачка конструкција и е создаден во XIX век, тврди Александар Ќосев, историчар по култура и литературен научник, професор на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски”. Агенцијата БГНЕС објави дека Ќосев, инаку раководител на Културниот центар при софискиот универзитет на настан во центарот организирал превод од македонски на бугарски и од бугарски на македонски јазик и говорел за четири ставови за односите меѓу бугарскиот и македонскиот јазик.

Првиот став е официјалниот бугарски став дека македонскиот јазик е кодифицирана норма на бугарскиот јазик, а според Ќосев, овој став се потпира на некаква хипотетичка јазична историја.

Вториот став е македонскиот.

– Официјалниот македонски став, кој што не е само македонски го дефинира македонскиот јазик и неговиот однос кон бугарскиот преку потеклото. Но, не преку историското потекло, туку преку потеклото на обичниот човек. Затоа што јазикот се раѓа секогаш кога ќе се роди бебе и кога ќе го научи својот мајчин јазик и кога ќе го научи овој волшебен, сладок мајчин говор. Односно, постои вроден однос на поединецот кон јазикот што го прави мајчин јазик. Замислете ја ситуацијата на Македонците, кои живееле со овој мајчин говор, шармантен, сладок, македонски, па некој доаѓа и им вели: „Ова не е ваш јазик”. И што се случува потоа, се разбира следуваат вицови – вели Ќосев.

Третиот став е модерната наука и овој став е поддржан од професорот Ќосев. Модерната наука истражува и јасно кажува како настанале модерните народи и како се кодифицираат литературните јазици.

„Се осмелувам да кажам дека се согласувам со овој став и централниот приговор на бугарската страна, дека македонскиот е вештачка конструкција. Овој став кажува нешто многу просто, дека и бугарскиот јазик е вештачка конструкција. Тоа е вештачка конструкција што се создавала во текот на еден век, 19 век, и која го кодифицирала јазикот за да има идентитет – политички идентитет, а не јазичен идентитет”, нагласи Ќосев.

Според него, четвртиот став е на славистите насекаде низ светот.

– На светските универзитети има лингвисти и којзнае зошто не се сомневаат дека македонскиот јазик постои. Тие некако немаат заеднички став со бугарските лингвисти – вели Ќосев и додава дека за оваа не мала „академска заедница” македонскиот јазик заслужува да биде изучуван, а неговата фонетика, морфологија, синтакса и неговата литература се несомнени. За овие слависти низ светот, бугарско-македонскиот спор е „многу чуден и речиси неразбирлив”.

За Александар Ќосев нема дилема дека македонскиот е литературен јазик.

– Јас сега кажав каде сум. За мене нема дилема дека македонскиот јазик е посебен литературен јазик и дека луѓето си го користат. Тоа не е дијалект, бидејќи дијалектот се користи во одредени функционални сфери на општеството, односно дома, во секојдневниот живот, на нива, но дијалектите не можат да им служат на сите современи сфери на животот. Тие не можат да се користат во болници, училишта, дипломатски канцеларии. Значи, македонскиот јазик од оваа гледна точка е полноправен јазик – тврди Ќосев.

Тој смета дека историјата на македонскиот јазик не започнува со Коминтерната и нејзината „хипотетичка или нехипотетичка интервенција” во 1945 година, туку многу порано кога источните и западните дијалекти на бугарските „говорители” во овие земји почнаа да се оддалечуваат и да имаат различна културна судбина.

– Секој што го читал списанието „Македонија” знае што пишува таму за македонскиот јазик Петко Славејков. Со два збора, македонскиот јазик од една или друга причина се одвоил, има самостојна судбина, му служи на целото македонско општество, на него е напишана прекрасна поезија. Има традиции и тој што го негира тоа мора да е слеп, а тој што сè сведува на некакво потекло мора да запомни дека зборот потекло има две значења – потеклото на родот и потеклото на поединецот. Никој не може да им го одземе чувството на Македонците дека го зборуваат својот мајчин јазик – порача професорот Ќосев.

The post Софискиот професор Ќосев: Македонскиот јазик е полноправен литературен јазик, јазик на прекрасна поезија, со своја традиција appeared first on Република.

]]>

Нема сомневање дека македонскиот јазик е литературен, а не дијалект, а историјата на македонскиот јазик не започнува со Коминтерната. На оние кои тврдат дека македонскиот јазик е вештачки мора да им се каже дека и бугарскиот јазик е вештачка конструкција и е создаден во XIX век, тврди Александар Ќосев, историчар по култура и литературен научник, професор на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски”. Агенцијата БГНЕС објави дека Ќосев, инаку раководител на Културниот центар при софискиот универзитет на настан во центарот организирал превод од македонски на бугарски и од бугарски на македонски јазик и говорел за четири ставови за односите меѓу бугарскиот и македонскиот јазик. Првиот став е официјалниот бугарски став дека македонскиот јазик е кодифицирана норма на бугарскиот јазик, а според Ќосев, овој став се потпира на некаква хипотетичка јазична историја. Вториот став е македонскиот.
– Официјалниот македонски став, кој што не е само македонски го дефинира македонскиот јазик и неговиот однос кон бугарскиот преку потеклото. Но, не преку историското потекло, туку преку потеклото на обичниот човек. Затоа што јазикот се раѓа секогаш кога ќе се роди бебе и кога ќе го научи својот мајчин јазик и кога ќе го научи овој волшебен, сладок мајчин говор. Односно, постои вроден однос на поединецот кон јазикот што го прави мајчин јазик. Замислете ја ситуацијата на Македонците, кои живееле со овој мајчин говор, шармантен, сладок, македонски, па некој доаѓа и им вели: „Ова не е ваш јазик”. И што се случува потоа, се разбира следуваат вицови – вели Ќосев.
Третиот став е модерната наука и овој став е поддржан од професорот Ќосев. Модерната наука истражува и јасно кажува како настанале модерните народи и како се кодифицираат литературните јазици.
„Се осмелувам да кажам дека се согласувам со овој став и централниот приговор на бугарската страна, дека македонскиот е вештачка конструкција. Овој став кажува нешто многу просто, дека и бугарскиот јазик е вештачка конструкција. Тоа е вештачка конструкција што се создавала во текот на еден век, 19 век, и која го кодифицирала јазикот за да има идентитет – политички идентитет, а не јазичен идентитет”, нагласи Ќосев.
Според него, четвртиот став е на славистите насекаде низ светот.
– На светските универзитети има лингвисти и којзнае зошто не се сомневаат дека македонскиот јазик постои. Тие некако немаат заеднички став со бугарските лингвисти – вели Ќосев и додава дека за оваа не мала „академска заедница” македонскиот јазик заслужува да биде изучуван, а неговата фонетика, морфологија, синтакса и неговата литература се несомнени. За овие слависти низ светот, бугарско-македонскиот спор е „многу чуден и речиси неразбирлив”.
За Александар Ќосев нема дилема дека македонскиот е литературен јазик.
– Јас сега кажав каде сум. За мене нема дилема дека македонскиот јазик е посебен литературен јазик и дека луѓето си го користат. Тоа не е дијалект, бидејќи дијалектот се користи во одредени функционални сфери на општеството, односно дома, во секојдневниот живот, на нива, но дијалектите не можат да им служат на сите современи сфери на животот. Тие не можат да се користат во болници, училишта, дипломатски канцеларии. Значи, македонскиот јазик од оваа гледна точка е полноправен јазик – тврди Ќосев.
Тој смета дека историјата на македонскиот јазик не започнува со Коминтерната и нејзината „хипотетичка или нехипотетичка интервенција” во 1945 година, туку многу порано кога источните и западните дијалекти на бугарските „говорители” во овие земји почнаа да се оддалечуваат и да имаат различна културна судбина.
– Секој што го читал списанието „Македонија” знае што пишува таму за македонскиот јазик Петко Славејков. Со два збора, македонскиот јазик од една или друга причина се одвоил, има самостојна судбина, му служи на целото македонско општество, на него е напишана прекрасна поезија. Има традиции и тој што го негира тоа мора да е слеп, а тој што сè сведува на некакво потекло мора да запомни дека зборот потекло има две значења – потеклото на родот и потеклото на поединецот. Никој не може да им го одземе чувството на Македонците дека го зборуваат својот мајчин јазик – порача професорот Ќосев.

The post Софискиот професор Ќосев: Македонскиот јазик е полноправен литературен јазик, јазик на прекрасна поезија, со своја традиција appeared first on Република.

]]>
Бугарски професор: Oфицијалниот јазик во Република Македонија не е дијалект на бугарскиот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarski-profesor-oficijalniot-jazik-vo-republika-severna-makedonija-ne-e-dijalekt-na-bugarskiot/ Wed, 20 Jul 2022 16:09:51 +0000 https://republika.mk/?p=531515

Професорот Александар Ќосев, член на Клубот за македонско-бугарско пријателство во студиото на „Добро утро Европа“ изјави дека од почеток е против ветото и дека официјалниот јазик во Република Македонија не е дијалект на бугарскиот.

Додаде дека дијалект не се употребува во сите општествени сфери.

На дијалект не се говори во болниците, во училиштата, во канцелариите, на Универзитетите. На дијалект се зборува дома, меѓу членовите. Кога еден јазик ги опслужува сите сфери на општествениот живот тоа е литературен јазик, тоа не е дијалект, вели Ќосев.

Вели дека јазикот на историските митови и трауми го завладеа бугарскиот и македонскиот политички простор.

Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Република Македонија, Ќосев, го дефинира како „минимален успех“. Вели дека ветото доведе до тоа да се скараат два братски народи.

The post Бугарски професор: Oфицијалниот јазик во Република Македонија не е дијалект на бугарскиот appeared first on Република.

]]>

Професорот Александар Ќосев, член на Клубот за македонско-бугарско пријателство во студиото на „Добро утро Европа“ изјави дека од почеток е против ветото и дека официјалниот јазик во Република Македонија не е дијалект на бугарскиот. Додаде дека дијалект не се употребува во сите општествени сфери.
На дијалект не се говори во болниците, во училиштата, во канцелариите, на Универзитетите. На дијалект се зборува дома, меѓу членовите. Кога еден јазик ги опслужува сите сфери на општествениот живот тоа е литературен јазик, тоа не е дијалект, вели Ќосев.
Вели дека јазикот на историските митови и трауми го завладеа бугарскиот и македонскиот политички простор. Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Република Македонија, Ќосев, го дефинира како „минимален успех“. Вели дека ветото доведе до тоа да се скараат два братски народи.

The post Бугарски професор: Oфицијалниот јазик во Република Македонија не е дијалект на бугарскиот appeared first on Република.

]]>
Ќосев: Кога бугарските политичари велат дека нацијата е измислена, односите меѓу двете земји не можат да бидат добри https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kjosev-koga-bugarskite-politichari-velat-deka-nacijata-e-izmislena-odnosite-megju-dvete-zemji-ne-mozat-da-bidat-dobri/ Tue, 03 May 2022 13:17:13 +0000 https://republika.mk/?p=496894

Во Клубот за бугарско-македонско пријателство има над 100 членови, изјави бугарскиот историчар Стефан Дечев, еден од основачите на клубот.

Клубот е граѓанска заедница на јавни личности од Бугарија и Република Македонија, формирана на 19 април годинава за да одговори на предизвиците со кои се соочуваат двете земји, рече Атанас Шарков, еден од основачите на клубот.

Тој рече дека за време на комунизмот, тоталитарните режими во двете земји воделе многу тешка пропагандна војна еден со друг.
По 1990 година, оваа војна всушност продолжи со различен интензитет, додаде Шарков.

Најави дека во рамките на Клубот ќе бидат формирани работни групи од експерти и професионалци за кохезија во различни области – култура, образование, наука, сајбер безбедност, заштита и борба против дезинформации, граѓанско општество, економија. Ќе биде формирана и комисија во сенка меѓу историчарите од двете земји, изјави Шарков, пренесува „Медијапул“.

Во моментов на сила е историската комисија, која беше формирана според Договорот за добрососедство во 2017 година, но се уште нема постигнато значајни резултати.

Меѓу основачите на Клубот се писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експертот за одбрана Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев, Тевелиева Маевлева, а од македонска страна – филозофката Катерина Колозова, политикологот Љубчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, историчарот Драган Зајковски, поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски.

Проф. Александар Ќосев, предавач по модерна културна историја на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“, чии корени потекнуваат од Дојран, рече дека бугарските влади во последните десет години направиле да се зголеми десеткратно бугарската фобија во Република Македонија.

Треба да гледаме на ситниците кои нѐ обединуваат, а не на она што нѐ разделува. Кога бугарските политичари велат дека нацијата е измислена, односите меѓу двете земји не можат да бидат добри“, рече Ќосев.

The post Ќосев: Кога бугарските политичари велат дека нацијата е измислена, односите меѓу двете земји не можат да бидат добри appeared first on Република.

]]>

Во Клубот за бугарско-македонско пријателство има над 100 членови, изјави бугарскиот историчар Стефан Дечев, еден од основачите на клубот. Клубот е граѓанска заедница на јавни личности од Бугарија и Република Македонија, формирана на 19 април годинава за да одговори на предизвиците со кои се соочуваат двете земји, рече Атанас Шарков, еден од основачите на клубот.
Тој рече дека за време на комунизмот, тоталитарните режими во двете земји воделе многу тешка пропагандна војна еден со друг.
По 1990 година, оваа војна всушност продолжи со различен интензитет, додаде Шарков.
Најави дека во рамките на Клубот ќе бидат формирани работни групи од експерти и професионалци за кохезија во различни области – култура, образование, наука, сајбер безбедност, заштита и борба против дезинформации, граѓанско општество, економија. Ќе биде формирана и комисија во сенка меѓу историчарите од двете земји, изјави Шарков, пренесува „Медијапул“. Во моментов на сила е историската комисија, која беше формирана според Договорот за добрососедство во 2017 година, но се уште нема постигнато значајни резултати. Меѓу основачите на Клубот се писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експертот за одбрана Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев, Тевелиева Маевлева, а од македонска страна – филозофката Катерина Колозова, политикологот Љубчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, историчарот Драган Зајковски, поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски. Проф. Александар Ќосев, предавач по модерна културна историја на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“, чии корени потекнуваат од Дојран, рече дека бугарските влади во последните десет години направиле да се зголеми десеткратно бугарската фобија во Република Македонија. Треба да гледаме на ситниците кои нѐ обединуваат, а не на она што нѐ разделува. Кога бугарските политичари велат дека нацијата е измислена, односите меѓу двете земји не можат да бидат добри“, рече Ќосев.

The post Ќосев: Кога бугарските политичари велат дека нацијата е измислена, односите меѓу двете земји не можат да бидат добри appeared first on Република.

]]>