Александар Касаноф Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-kasanof/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 16:52:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Александар Касаноф Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-kasanof/ 32 32 Османи со Касанов: Потребен е стратешки дијалог меѓу Косово и САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/osmani-so-kasanov-potreben-e-strateshki-dijalog-megu-kosovo-i-sad/ Thu, 10 Oct 2024 17:09:46 +0000 https://republika.mk/?p=825328

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на денешната средба со заменик-помошникот државен секретар и пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Александар Касаноф, изјави дека има потреба од стратешки дијалог со САД, како важен чекор во зајакнувањето на партнерството меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

Османи, како што соопшти службата за информирање на нејзиниот кабинет, ја споменала важноста од зачленувањето на Косово во НАТО, „потенцирајќи дека интегрирано Косово во Северноатлантската алијанса ја зајакнува безбедноста на земјата“.

Косовската претседателка на средбата со американскиот дипломат разговарала и за можноста за продлабочување на соработката меѓу двете држави на различни полиња.

„Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, денеска го прими заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Александар Касаноф. На средбата се разговараше за натамошното зајакнување на сојузот со САД, како и за потребата од блиска соработка за остварување на заедничките стратешки цели. Претседателката Османи изрази длабока благодарност за континуираната поддршка на САД за Косово, истакнувајќи ја потребата од стратешки дијалог со САД, како важен чекор во јакнето на партнерството, барање кое претседателката веќе со години го повторува“, се вели во соопштението.

Ова е прва посета на Касаноф откако ја презеде функцијата емисар на САД за Западен Балкан по заминувањето на Габриел Ескобар од таа функција кон средината на јули годинава. Пред да допатува во Приштина, Касанов изминатите три дена престојуваше во Босна и Херцеговина и Србија.

Според најавите од амбасадата на САД во Косово, Касанов ќе има средба и со премиерот Албин Курти.

The post Османи со Касанов: Потребен е стратешки дијалог меѓу Косово и САД appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на денешната средба со заменик-помошникот државен секретар и пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Александар Касаноф, изјави дека има потреба од стратешки дијалог со САД, како важен чекор во зајакнувањето на партнерството меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина. Османи, како што соопшти службата за информирање на нејзиниот кабинет, ја споменала важноста од зачленувањето на Косово во НАТО, „потенцирајќи дека интегрирано Косово во Северноатлантската алијанса ја зајакнува безбедноста на земјата“. Косовската претседателка на средбата со американскиот дипломат разговарала и за можноста за продлабочување на соработката меѓу двете држави на различни полиња.
„Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, денеска го прими заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Александар Касаноф. На средбата се разговараше за натамошното зајакнување на сојузот со САД, како и за потребата од блиска соработка за остварување на заедничките стратешки цели. Претседателката Османи изрази длабока благодарност за континуираната поддршка на САД за Косово, истакнувајќи ја потребата од стратешки дијалог со САД, како важен чекор во јакнето на партнерството, барање кое претседателката веќе со години го повторува“, се вели во соопштението.
Ова е прва посета на Касаноф откако ја презеде функцијата емисар на САД за Западен Балкан по заминувањето на Габриел Ескобар од таа функција кон средината на јули годинава. Пред да допатува во Приштина, Касанов изминатите три дена престојуваше во Босна и Херцеговина и Србија. Според најавите од амбасадата на САД во Косово, Касанов ќе има средба и со премиерот Албин Курти.

The post Османи со Касанов: Потребен е стратешки дијалог меѓу Косово и САД appeared first on Република.

]]>