александар јорданов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-jordanov/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Feb 2023 10:39:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png александар јорданов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-jordanov/ 32 32 Мицкоски до Јорданов: Има ли поголем акт на нецивилизираност да казнувате цела држава и цел еден народ поради вашите историски фрустрации кон Македонија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-do-jordanov-ima-li-pogolem-akt-na-netsiviliziranost-da-kaznuvate-tsela-drzhava-i-tsel-eden-narod-poradi-vashite-istoriski-frustratsii-kon-makedonija/ Tue, 07 Feb 2023 10:36:13 +0000 https://republika.mk/?p=605893

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му одговори на европратеникот Александар Јорданов на, како што кажа, „неговото гледање на моите позиции и ставови, неговите навреди кон Македонија и фалсификувањето на историјата и негирањето на македонската нација“. Секако, пишува Мицкоски, ова тврдење доаѓа по ползувањето на дипломатските придобивки кој како амбасадор на Бугарија ги уживаше во Скопје и Македонија при што луѓето кои го познаваат знаат да речат дека често пати со исклучителна љубов и почит говорел за нашето гостопримство. Тогаш за разлика од сега признаваше дека зема плата поради неговиот престој во Република Македонија каде постои македонски народ.

Е сега да одговорам малку околу суштината...
Тоа што сте член на Европскиот Парламент не ви го дава правото на непочитување кон Македонија и постојаните фалсификати, историски и политички за кои говорите и ги произведувате.
Кога говорите за Гоце Делчев можам само да благодарам на мудроста на вашите претходници и бугарски политичари кои ја испочитуваа желбата на големиот македонски херој и ги предадоа моштите во единственото слободно парче македонска почва, денешна Република Македонија. Тоа беше акт на бугарската почит кон македонскиот херој Делчев. Но, за жал, не пропуштате ниту миг да го изгнасите и нивниот чекор на пријателство, и нашето природно право слободно да се повикуваме и да го славиме неговото дело.
Никој не ви го спори правото да го почитувате Гоце Делчев, доколку сакате. Но почитувајте го во целост и она што вистински бил. Македонец кој се борел за слободна Македонија.
Го сфаќам и вашето неоправдано его и зголемена агресивност која ја црпите од молчаливоста и попустливоста на оваа македонската влада кон сите ваши глупости, лаги и измами. И тука можам да кажам дека тоа е наша македонска работа за која ние внатре во државата дебатираме и ќе се разбереме, но додека чкртате навреди кон мојот народ и Македонија да ви кажам што е цивилизирано, а што не.
Има ли поголем акт на нецивилизираност да казнувате цела држава и цел еден народ поради вашите историски фрустрации кон Македонија?
Цивилизираност ли е да доставите цела листа на барање кои водат кон доброволно самоукинување кон македонскиот народ и држава?
Цивилизирано ли е што еден европратеник како вас има навреди кон соседната држава со речник кој е недостоен и исполнет со патолошко и компулсивно лажење.
Тоа што сте член на Европскиот Парламент не ве прави поголем европеец од нас Македонците коишто отсекогаш тежнееле и биле дел од заедничката прозападна идеја, туку ја зголемува вашата одговорност да се придржувате до цивилизираното однесување кое отсуствува во вашето делување.
И друг пат пред се дрзнете да квалификувате цел народ и земја, треба да знаете дека темелите на оваа македонска држава се и илинденски и антифашистички. Како народ никогаш не сме војувале против соседите, никогаш не сме правеле сојузи со фашистите и никогаш, ама баш никогаш не сме го барале туѓото. Сме имале почит кон другите народи. Запомнете Македонија е слободарска држава која секогаш била на исправната страна на историјата, му порача Мицкоски.

The post Мицкоски до Јорданов: Има ли поголем акт на нецивилизираност да казнувате цела држава и цел еден народ поради вашите историски фрустрации кон Македонија? appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му одговори на европратеникот Александар Јорданов на, како што кажа, „неговото гледање на моите позиции и ставови, неговите навреди кон Македонија и фалсификувањето на историјата и негирањето на македонската нација“. Секако, пишува Мицкоски, ова тврдење доаѓа по ползувањето на дипломатските придобивки кој како амбасадор на Бугарија ги уживаше во Скопје и Македонија при што луѓето кои го познаваат знаат да речат дека често пати со исклучителна љубов и почит говорел за нашето гостопримство. Тогаш за разлика од сега признаваше дека зема плата поради неговиот престој во Република Македонија каде постои македонски народ.
Е сега да одговорам малку околу суштината... Тоа што сте член на Европскиот Парламент не ви го дава правото на непочитување кон Македонија и постојаните фалсификати, историски и политички за кои говорите и ги произведувате. Кога говорите за Гоце Делчев можам само да благодарам на мудроста на вашите претходници и бугарски политичари кои ја испочитуваа желбата на големиот македонски херој и ги предадоа моштите во единственото слободно парче македонска почва, денешна Република Македонија. Тоа беше акт на бугарската почит кон македонскиот херој Делчев. Но, за жал, не пропуштате ниту миг да го изгнасите и нивниот чекор на пријателство, и нашето природно право слободно да се повикуваме и да го славиме неговото дело. Никој не ви го спори правото да го почитувате Гоце Делчев, доколку сакате. Но почитувајте го во целост и она што вистински бил. Македонец кој се борел за слободна Македонија. Го сфаќам и вашето неоправдано его и зголемена агресивност која ја црпите од молчаливоста и попустливоста на оваа македонската влада кон сите ваши глупости, лаги и измами. И тука можам да кажам дека тоа е наша македонска работа за која ние внатре во државата дебатираме и ќе се разбереме, но додека чкртате навреди кон мојот народ и Македонија да ви кажам што е цивилизирано, а што не. Има ли поголем акт на нецивилизираност да казнувате цела држава и цел еден народ поради вашите историски фрустрации кон Македонија? Цивилизираност ли е да доставите цела листа на барање кои водат кон доброволно самоукинување кон македонскиот народ и држава? Цивилизирано ли е што еден европратеник како вас има навреди кон соседната држава со речник кој е недостоен и исполнет со патолошко и компулсивно лажење. Тоа што сте член на Европскиот Парламент не ве прави поголем европеец од нас Македонците коишто отсекогаш тежнееле и биле дел од заедничката прозападна идеја, туку ја зголемува вашата одговорност да се придржувате до цивилизираното однесување кое отсуствува во вашето делување. И друг пат пред се дрзнете да квалификувате цел народ и земја, треба да знаете дека темелите на оваа македонска држава се и илинденски и антифашистички. Како народ никогаш не сме војувале против соседите, никогаш не сме правеле сојузи со фашистите и никогаш, ама баш никогаш не сме го барале туѓото. Сме имале почит кон другите народи. Запомнете Македонија е слободарска држава која секогаш била на исправната страна на историјата, му порача Мицкоски.

The post Мицкоски до Јорданов: Има ли поголем акт на нецивилизираност да казнувате цела држава и цел еден народ поради вашите историски фрустрации кон Македонија? appeared first on Република.

]]>
МНР ќе се жали за навредите „Србомански измет”, “титовисти”, “ѓубриња“ на поранешниот амбасадор на Бугарија во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-ke-zali-za-navredite-srbomanski-izmet-titovisti-gubrina-na-poraneshniot-ambasador-na-bugarija-vo-makedonija/ Sun, 05 Feb 2023 14:08:41 +0000 https://republika.mk/?p=605020

Министерството за надворешни работи соопшти дека ќе упати писмо до Европскиот парламент во кое ќе информира за недоличното и навредливо однесување на  Александар Јорданов на социјалните мрежи.

 МНР ги демантира наводите дека со Република Бугарија било договорено заедничко чествување на Гоце Делчев.

„ И покрај искажаната волја, Република Бугарија не направи доволно напори да спречи пристапување на радикални поединци на граничниот премин Деве Баир, овозможувајќи на тој начин, дел од нив да се однесуваат агресивно, да ги навредуваат и да применат насилство кон претставниците на гранична полиција на Македонија.

The post МНР ќе се жали за навредите „Србомански измет”, “титовисти”, “ѓубриња“ на поранешниот амбасадор на Бугарија во Македонија appeared first on Република.

Чепреганов: Maкедонскиот народ темелите ги постави со востанието на 11 октомври 1941 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chepreganov-makedonskiot-narod-temelite-gi-postavi-so-vostanieto-na-11-oktomvri-1941-godina/ Fri, 14 Oct 2022 09:18:19 +0000 https://republika.mk/?p=560982

Проф. д-р Тодор Чепреганов излезе со реакција на текстот на  Александар Јорданов во кој бугарскиот пратеник тврди дека  востанието на 11 октомври во Прилеп го кренале  терористи.

Пишувате дека на „11 октомври 1941 година неколкумина терористи, кои подоцна ќе бидат наречени ‘борци од Првиот прилепски партизански одред’ ја напаѓаат полициската станица во градот Прилеп и ги пресекуваат телефонски жици. Тие убиваат татко на три деца“. И за да додадете малу повеќе патетика, емоција и емпатија па во продолжение велите „зацрнето е добро семејство што верува во Бога. Три деца остануваат сираци“. Сигурно дека убиениот е Бугарин. И не само за вас туку и за секој еден кој добро ја познава воената историја и терорија му е јасно дека војникот носел бугарска униформа и чувал стража пред бугарскиот участок и ја симболизира бугарската фашистичка власт и окупација па и да бил Македонец, Србин, Ром, Албанец или Влав. Униформата не прави разлика во националноста, етничката припадност-пишува Чепреганов за „Пресинг ТВ“.

Чепреганов нема дилеми дека сите кои ја носеле таа униформа биле окупатори на македонскиот народ.

(Не)почитуван Јорданов македонските партизани кои излегоа на 11 октомври 1941 година, во добро припремена акција под раководство на Покраинскиот комитетет на КПЈ за Македонија и на Местниот комитет во Прилеп, а на 12 октомври и во Куманово излгоа да се борат против наци-фашизмот на Германија, Италија, Унгарија, Бугарија и други фашистички држави. Војникот кој што беше убиен пред участокот носеше униформа на наци-фашистичка Бугарија. Македонските партизани пукаа во униформата на војникот што ја носеше што беше олицетворение на наци-фашизмот, окупацијата и идентитетското обезличување. Велите дека човекот кој е убиен оставил три деца сираци?! Со ова само покажувате дека немате ни малку морал, етика.

Тој му посочува на Јорданов дека наци-фашистичка војска убиваше не само родители на деца кои не можеа да им се израдуваат и да гледаат како стануваа возрасни, со свои деца и на старост да се грижат за нив, туку ТВОИТЕ сонародници во бугарски униформи убиваа деца коишто само што беа зачекориле во младоста.

Не им дадовте да ја изживеат и да се радуваат на она што го носи младоста. Не само што ги убивавте туку за да влеете страв кај македонскиот народ ги масакриравте до непрепознавање. А тоа го правевте затоа што беа комунисти и антифашисти и се бореа за самостојна македонска држава со Македонци, со македонски јазик. Тоа Ви сметаше. Само да Ве потсетам на бугарското учество во едно од најголемите злосторства во историјата на човештвото - Холокаустот. Вашата, како што самите ја нарекуваа бугарските комунисти монархофашистичка влада, а јас би додал и нацистичка, цар Борис, Филов, Габровски, Александар Белев и др. испратија во смрт 7140 Евреи од Македонија во логорот на смртта, Треблинка. И познато Ви е дека сите до еден беа убиени. Ако не знаете, да Ви кажам, 2000 од нив беа деца. Може да замислите 2000 деца!? Зборувате за три деца кои останале сирачиња. Како не Ви е срам. Зар имате малку совест. Тие останале живи. Продолжиле со животот. Но 2000 еврејски деца ја немаа таа среќа да му се радуваат на животот. Тоа им го ускрати Вашата бугарска-наци фашистичка политичка гарнитура. Сигурно дека родителите на тие еврејски деца би се жртвувале само децата да останат живи. Но Вие немавте милост ниту за тоа. Бевте немилосрдни џелати.

Чепреганов укажува дека прехтодниците на Јорданов се претходници со идеите на наци-фашизмот беа тие кои вршеа државен тероризам врз македонскиот народ, Евреите и сите останати антифашисти кои ви се спротиставуваа беа убивани без преседан.

Велите дека „оваа антибугарска акција денеска се слави како официјален државен празник во Република Македонија“. Сигурно се чувствувате погоден, зошто како што велите тоа е антибугарски гест. Како гледате Вие на тоа е Ваша работа. Но едно треба да Ви биде јасно таа акција не е само антобугарски гест, таа акција е АНТИ-НАЦИ-ФАШИСТИЧКИ гест. Со таа акција на тие млади македонски партизани на 11 октомври 1944 година, македонскиот народ обзнани пред светот дека се става на страната на АНТИФАШИСТИЧКАТА КОАЛИЦИЈА и дека со останатите анти фашисти ќе се бори против силите на Оската. А Вие бевте дел од Оската. Таа борба беше крунисана со формирањето на македонската држава на АСНОМ на 2 август 1944 година, а Вашите „ослободители“ и „администратори“, преку трупа ја напуштија Македонија некои дури и на „бели гаќи“. Од тие причини 11 октомври ќе остане еден од најсветлите и најголеми празници на македонскиот народ.

Понатаму велите дека „прославувањето на нападите врз Бугарите, прогласувањето на Бугарите за фашисти и окупатори не ги подобрува билатералните односи“. (Не)почитуван Јорданов како може да зборувате за „подобување на билатералните односи“ кога не признавате македонска нација, јазик и култура и барате да се обезличиме до 1944 година како Бугари и дека сме Коминтерновска и Титова творба. Тоа е надвор од здравиот памет. Тоа е невозможна мисија.

П. С. На крајот велите дека „Криминалци кај нас како и во Македонија беа само комунистите“. Значи Вие сте израснале во криминална држава, период 1944-1991, кој не го признавате, и сте се оформиле како личност во таа држава. Заклучок: Вие сте криминалец, а на криминалец никој не му верува бидејќи тој останува криминалец до крај.

П.П.С. За разлика од кај Вас во Македонија македонските комунисти се спротиставија на наци-фашистичкиот бугарски окупатор и окупацијата, истиот го поразија сами, формираа македонска држава и во периодот од 1944 до 1991 година го афирмираа во светски рамки македонскиот национален идентитет, јазик и култура. Заклучок: Темелите кои македонскиот народ ги постави со востанието од 11 октомври 1941 година, под раководство на комунистите, ќе бидат фаќел кој вечно ќе сјае над македонската држава.
СМРТ НА ФАШИЗМОТ –СЛОБОДА НА НАРОДОТ

The post Чепреганов: Maкедонскиот народ темелите ги постави со востанието на 11 октомври 1941 година appeared first on Република.

]]>

Проф. д-р Тодор Чепреганов излезе со реакција на текстот на  Александар Јорданов во кој бугарскиот пратеник тврди дека  востанието на 11 октомври во Прилеп го кренале  терористи.
Пишувате дека на „11 октомври 1941 година неколкумина терористи, кои подоцна ќе бидат наречени ‘борци од Првиот прилепски партизански одред’ ја напаѓаат полициската станица во градот Прилеп и ги пресекуваат телефонски жици. Тие убиваат татко на три деца“. И за да додадете малу повеќе патетика, емоција и емпатија па во продолжение велите „зацрнето е добро семејство што верува во Бога. Три деца остануваат сираци“. Сигурно дека убиениот е Бугарин. И не само за вас туку и за секој еден кој добро ја познава воената историја и терорија му е јасно дека војникот носел бугарска униформа и чувал стража пред бугарскиот участок и ја симболизира бугарската фашистичка власт и окупација па и да бил Македонец, Србин, Ром, Албанец или Влав. Униформата не прави разлика во националноста, етничката припадност-пишува Чепреганов за „Пресинг ТВ“.
Чепреганов нема дилеми дека сите кои ја носеле таа униформа биле окупатори на македонскиот народ.
(Не)почитуван Јорданов македонските партизани кои излегоа на 11 октомври 1941 година, во добро припремена акција под раководство на Покраинскиот комитетет на КПЈ за Македонија и на Местниот комитет во Прилеп, а на 12 октомври и во Куманово излгоа да се борат против наци-фашизмот на Германија, Италија, Унгарија, Бугарија и други фашистички држави. Војникот кој што беше убиен пред участокот носеше униформа на наци-фашистичка Бугарија. Македонските партизани пукаа во униформата на војникот што ја носеше што беше олицетворение на наци-фашизмот, окупацијата и идентитетското обезличување. Велите дека човекот кој е убиен оставил три деца сираци?! Со ова само покажувате дека немате ни малку морал, етика.
Тој му посочува на Јорданов дека наци-фашистичка војска убиваше не само родители на деца кои не можеа да им се израдуваат и да гледаат како стануваа возрасни, со свои деца и на старост да се грижат за нив, туку ТВОИТЕ сонародници во бугарски униформи убиваа деца коишто само што беа зачекориле во младоста.
Не им дадовте да ја изживеат и да се радуваат на она што го носи младоста. Не само што ги убивавте туку за да влеете страв кај македонскиот народ ги масакриравте до непрепознавање. А тоа го правевте затоа што беа комунисти и антифашисти и се бореа за самостојна македонска држава со Македонци, со македонски јазик. Тоа Ви сметаше. Само да Ве потсетам на бугарското учество во едно од најголемите злосторства во историјата на човештвото - Холокаустот. Вашата, како што самите ја нарекуваа бугарските комунисти монархофашистичка влада, а јас би додал и нацистичка, цар Борис, Филов, Габровски, Александар Белев и др. испратија во смрт 7140 Евреи од Македонија во логорот на смртта, Треблинка. И познато Ви е дека сите до еден беа убиени. Ако не знаете, да Ви кажам, 2000 од нив беа деца. Може да замислите 2000 деца!? Зборувате за три деца кои останале сирачиња. Како не Ви е срам. Зар имате малку совест. Тие останале живи. Продолжиле со животот. Но 2000 еврејски деца ја немаа таа среќа да му се радуваат на животот. Тоа им го ускрати Вашата бугарска-наци фашистичка политичка гарнитура. Сигурно дека родителите на тие еврејски деца би се жртвувале само децата да останат живи. Но Вие немавте милост ниту за тоа. Бевте немилосрдни џелати.
Чепреганов укажува дека прехтодниците на Јорданов се претходници со идеите на наци-фашизмот беа тие кои вршеа државен тероризам врз македонскиот народ, Евреите и сите останати антифашисти кои ви се спротиставуваа беа убивани без преседан.
Велите дека „оваа антибугарска акција денеска се слави како официјален државен празник во Република Македонија“. Сигурно се чувствувате погоден, зошто како што велите тоа е антибугарски гест. Како гледате Вие на тоа е Ваша работа. Но едно треба да Ви биде јасно таа акција не е само антобугарски гест, таа акција е АНТИ-НАЦИ-ФАШИСТИЧКИ гест. Со таа акција на тие млади македонски партизани на 11 октомври 1944 година, македонскиот народ обзнани пред светот дека се става на страната на АНТИФАШИСТИЧКАТА КОАЛИЦИЈА и дека со останатите анти фашисти ќе се бори против силите на Оската. А Вие бевте дел од Оската. Таа борба беше крунисана со формирањето на македонската држава на АСНОМ на 2 август 1944 година, а Вашите „ослободители“ и „администратори“, преку трупа ја напуштија Македонија некои дури и на „бели гаќи“. Од тие причини 11 октомври ќе остане еден од најсветлите и најголеми празници на македонскиот народ.
Понатаму велите дека „прославувањето на нападите врз Бугарите, прогласувањето на Бугарите за фашисти и окупатори не ги подобрува билатералните односи“. (Не)почитуван Јорданов како може да зборувате за „подобување на билатералните односи“ кога не признавате македонска нација, јазик и култура и барате да се обезличиме до 1944 година како Бугари и дека сме Коминтерновска и Титова творба. Тоа е надвор од здравиот памет. Тоа е невозможна мисија. П. С. На крајот велите дека „Криминалци кај нас како и во Македонија беа само комунистите“. Значи Вие сте израснале во криминална држава, период 1944-1991, кој не го признавате, и сте се оформиле како личност во таа држава. Заклучок: Вие сте криминалец, а на криминалец никој не му верува бидејќи тој останува криминалец до крај. П.П.С. За разлика од кај Вас во Македонија македонските комунисти се спротиставија на наци-фашистичкиот бугарски окупатор и окупацијата, истиот го поразија сами, формираа македонска држава и во периодот од 1944 до 1991 година го афирмираа во светски рамки македонскиот национален идентитет, јазик и култура. Заклучок: Темелите кои македонскиот народ ги постави со востанието од 11 октомври 1941 година, под раководство на комунистите, ќе бидат фаќел кој вечно ќе сјае над македонската држава. СМРТ НА ФАШИЗМОТ –СЛОБОДА НА НАРОДОТ

The post Чепреганов: Maкедонскиот народ темелите ги постави со востанието на 11 октомври 1941 година appeared first on Република.

]]>