Александар Јончевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-jonchevski/ За подобро да се разбереме Sun, 19 Nov 2023 07:55:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Александар Јончевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-jonchevski/ 32 32 Александар Јончевски и Кожув се разделија! https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/aleksandar-jonchevski-i-kozhuv-se-razdelija/ Sun, 19 Nov 2023 07:55:20 +0000 https://republika.mk/?p=703034

Кожув на гостувањето кај Академија ФМП беше совладан со убедливи 93-83, резултат кој беше доволен за да актуелниот македонски селектор, Александар Јончевски си поднесе оставка од тренерската функција во таборот на гевгелискиот тим.

Под водство на Јончевски, Кожув не ја започна оваа сезона според очекувањата. Тимот се наоѓа на десетото место на табелата со скор од две победи и шест порази.

Официјалната потврда за разделбата на Јончевски треба да биде потврдена најдоцна до понеделник.

Македонскиот селектор во два наврати го водеше Кожув и тоа во период од 2018 до 2021 година.

The post Александар Јончевски и Кожув се разделија! appeared first on Република.

]]>

Кожув на гостувањето кај Академија ФМП беше совладан со убедливи 93-83, резултат кој беше доволен за да актуелниот македонски селектор, Александар Јончевски си поднесе оставка од тренерската функција во таборот на гевгелискиот тим. Под водство на Јончевски, Кожув не ја започна оваа сезона според очекувањата. Тимот се наоѓа на десетото место на табелата со скор од две победи и шест порази. Официјалната потврда за разделбата на Јончевски треба да биде потврдена најдоцна до понеделник. Македонскиот селектор во два наврати го водеше Кожув и тоа во период од 2018 до 2021 година.

The post Александар Јончевски и Кожув се разделија! appeared first on Република.

]]>
Јончевски: Не се откажуваме https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/jonchevski-ne-se-otkazhuvame/ Sun, 13 Aug 2023 09:19:56 +0000 https://republika.mk/?p=671593

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Јончевски го анализираше вчерашниот пораз од Израел (65-86) на стартот од олимпискиот претквалификациски турнир во Талин.

„Отсуството на голем број стандардни репрезентативци доведе во ротација уште во првата четвртина да влезат играчи кои за прв пат го носат дресот. Во понатамошниот дел од натпреварот, шанса добија сите, а се со цел да сочуваме сили за утрешниот натпревар со Естонија, изјави Јончевски за официјалниот сајт на КФСМ.

Македонскиот селектор ги потенцираше и недостатоците во скок – играта.

„Повторно се провлекува скокот, како примарен проблем каде што Израел, само во првото полувреме постигна дури 16 поени од т.н. ’втора шанса‘. Немаме многу време да се навраќаме на овој натпревар. Веќе утре играме со домаќинот кој на денешниот меч со Чешка покажа дека е конкурент за следната фаза. Секако, не сме се откажале. Ќе ја гледаме нашата шанса да покажеме борбена игра која би можела да ни донесе позитивен исход“, рече Јончевски.

Дуелот на македонските кошаркари против домаќинот Естонија е на програмата попладнево од 18 часот.

The post Јончевски: Не се откажуваме appeared first on Република.

Јончевски го објави поширокиот список за претквалификациите за Олимпијадата https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/jonchevski-go-objavi-poshirokiot-spisok-za-pretkvalifikatsiite-za-olimpijadata/ Thu, 20 Jul 2023 13:20:07 +0000 https://republika.mk/?p=663604

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Јончевски денес го објави поширокиот список на играчи кои ќе конкурираат за настап на олимпискиот претквалификациски турнир Талин-Гљивице 2023.

На списокот на Јончевски објавен денес се наоѓаат: Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ, Ти-Џеј Шортс, Андреј Јакимовски, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Андреј Маслинко, Стојан Ѓуроски, Дамјан Робев, Виктор Ефремоски, Љубомир Младеновски, Андреј Андоноски, Теодор Симиќ, Андреј Шошкиќ, Резарт Мемед, Марин Петков, Андреј Митревски и Амар Хот.

Првиот собир е закажан 24 јули во 18 часот, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

The post Јончевски го објави поширокиот список за претквалификациите за Олимпијадата appeared first on Република.

]]>

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Јончевски денес го објави поширокиот список на играчи кои ќе конкурираат за настап на олимпискиот претквалификациски турнир Талин-Гљивице 2023. На списокот на Јончевски објавен денес се наоѓаат: Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ, Ти-Џеј Шортс, Андреј Јакимовски, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Андреј Маслинко, Стојан Ѓуроски, Дамјан Робев, Виктор Ефремоски, Љубомир Младеновски, Андреј Андоноски, Теодор Симиќ, Андреј Шошкиќ, Резарт Мемед, Марин Петков, Андреј Митревски и Амар Хот. Првиот собир е закажан 24 јули во 18 часот, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

The post Јончевски го објави поширокиот список за претквалификациите за Олимпијадата appeared first on Република.

]]>
Во недела сите да ја бодриме македонската кошаркарска репрезентација https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/vo-nedela-site-da-ja-bodrime-makedonskata-kosharkarska-reprezentacija/ Fri, 26 Aug 2022 09:22:02 +0000 https://republika.mk/?p=544351

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Јончевски очекувано изрази задоволство од стартната победа на „црвено – жолтите“ во претквалификациите за Евробаскетот 2025, истакнувајќи оти триумфот на гостински терен над Данска (73-70) е плод на напорна работа.

– Работевме три недели за ова, од првиот ден од подготовките се спремавме само за овој меч за Данска. Од оние индивидуални карактеристики па се до најситните детали за противникот. Така и функциониравме на овој натпревар. Гледано индивидуално, во првото полувреме му дозволивме на нивниот прв поентер Љунберг да има само два поени реализирани во самиот финиш. Знаевме дека во второто полувреме повеќе ќе напаѓаат преку него, дека ќе биде ’гладен за кошеви‘. Колку можевме, на крајот кажува статистиката, истакна Јончевски, кој ја забележа првата официјална победа по преземањето на македонската кошаркарска репрезентација.

Јончевски во изјава за официјалниот сајт на КФСМ, притоа, нагласи дека победата над Данска ќе има тежина само доколку неговите избраниците в недела во Скопје ја совладаат Словачка во рамки на второто коло во групата Д.

– Оваа победа ја забораваме, што би се рекло, во секунда. Тоа веќе им го реков на играчите во соблекувалната, затоа што се ќе биде залудно, сиот овој труд вложен овде, ако не ја победиме Словачка во Скопје, славењето, макар и скромно, ќе биде во Нествед, и ќе биде доволно. Нè чека уште многу работа, порача Јончевски.

The post Во недела сите да ја бодриме македонската кошаркарска репрезентација appeared first on Република.

]]>

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Јончевски очекувано изрази задоволство од стартната победа на „црвено – жолтите“ во претквалификациите за Евробаскетот 2025, истакнувајќи оти триумфот на гостински терен над Данска (73-70) е плод на напорна работа.
– Работевме три недели за ова, од првиот ден од подготовките се спремавме само за овој меч за Данска. Од оние индивидуални карактеристики па се до најситните детали за противникот. Така и функциониравме на овој натпревар. Гледано индивидуално, во првото полувреме му дозволивме на нивниот прв поентер Љунберг да има само два поени реализирани во самиот финиш. Знаевме дека во второто полувреме повеќе ќе напаѓаат преку него, дека ќе биде ’гладен за кошеви‘. Колку можевме, на крајот кажува статистиката, истакна Јончевски, кој ја забележа првата официјална победа по преземањето на македонската кошаркарска репрезентација.
Јончевски во изјава за официјалниот сајт на КФСМ, притоа, нагласи дека победата над Данска ќе има тежина само доколку неговите избраниците в недела во Скопје ја совладаат Словачка во рамки на второто коло во групата Д. – Оваа победа ја забораваме, што би се рекло, во секунда. Тоа веќе им го реков на играчите во соблекувалната, затоа што се ќе биде залудно, сиот овој труд вложен овде, ако не ја победиме Словачка во Скопје, славењето, макар и скромно, ќе биде во Нествед, и ќе биде доволно. Нè чека уште многу работа, порача Јончевски.

The post Во недела сите да ја бодриме македонската кошаркарска репрезентација appeared first on Република.

]]>