александар јанев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-janev/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Nov 2024 17:24:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png александар јанев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-janev/ 32 32 Директорот на БЈБ Јанев во посета на граничните премини Богородица и Дојран https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktorot-na-bjb-janev-vo-poseta-na-granichnite-premini-bogoroditsa-i-dojran/ Sat, 23 Nov 2024 17:24:32 +0000 https://republika.mk/?p=841140

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев денеска, заедно со својот тим, ги посети OВР Гевгелија, граничните премини Богородица и Дојран, како и ОВР Валандово и ПС Дојран, каде беше информиран за тековните активности за работењето на службите кои се во надлежност на СВР Струмица и Oдделот за гранични работи, за проблемите, потребите и предизвиците со кои тие се соочуваат во текот на нивното секојдневно работење.

Како што информираат од МВР, Јанев посебно се осврна на потребата од координирано и синхронизирано работење на граничната полиција и Секторот за внатрешни работи Струмица, во насока на секојдневна размена на информации за критични и жешки точки кои се користат од страна на криминални групи или поединци за прекуграничен криминал. Тој ја потенцира потребата полициските службеници да имаат блиска соработка со царинските службеници, посебно на граничните премини, со цел заедничко и ефективно работење во насока на превенирање, откривање и спречување прекугранични нелегални активности.

-Заштитата на државната граница, борбата против  прекуграничниот криминал и организираниот криминал се активности за кои во најголем дел носител е полицијата и затоа сите полициски службеници мора крајно одговорно, со силен интегритет и максимална посветеност, да се вложуваат во секојдневното работење, посочуваат од МВР.

Нагласуваат дека при посетите се разговараше и за идеите и начините кои би можеле да помогнат протокот на патници, возила и стоки да биде поефикасен. Исто така, се разговараше и за подобрување на соработката со локалните власти и заедницата и соодветно исправање пред предизвиците од безбедносно функционален аспект со кои се сочуваат локалните заедници.

The post Директорот на БЈБ Јанев во посета на граничните премини Богородица и Дојран appeared first on Република.

]]>

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев денеска, заедно со својот тим, ги посети OВР Гевгелија, граничните премини Богородица и Дојран, како и ОВР Валандово и ПС Дојран, каде беше информиран за тековните активности за работењето на службите кои се во надлежност на СВР Струмица и Oдделот за гранични работи, за проблемите, потребите и предизвиците со кои тие се соочуваат во текот на нивното секојдневно работење. Како што информираат од МВР, Јанев посебно се осврна на потребата од координирано и синхронизирано работење на граничната полиција и Секторот за внатрешни работи Струмица, во насока на секојдневна размена на информации за критични и жешки точки кои се користат од страна на криминални групи или поединци за прекуграничен криминал. Тој ја потенцира потребата полициските службеници да имаат блиска соработка со царинските службеници, посебно на граничните премини, со цел заедничко и ефективно работење во насока на превенирање, откривање и спречување прекугранични нелегални активности.
-Заштитата на државната граница, борбата против  прекуграничниот криминал и организираниот криминал се активности за кои во најголем дел носител е полицијата и затоа сите полициски службеници мора крајно одговорно, со силен интегритет и максимална посветеност, да се вложуваат во секојдневното работење, посочуваат од МВР.
Нагласуваат дека при посетите се разговараше и за идеите и начините кои би можеле да помогнат протокот на патници, возила и стоки да биде поефикасен. Исто така, се разговараше и за подобрување на соработката со локалните власти и заедницата и соодветно исправање пред предизвиците од безбедносно функционален аспект со кои се сочуваат локалните заедници.

The post Директорот на БЈБ Јанев во посета на граничните премини Богородица и Дојран appeared first on Република.

]]>
Директорот на БЈБ на кондиционен марш со Единицата за брзо распоредување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktorot-na-bjb-na-konditsionen-marsh-so-edinitsata-za-brzo-rasporeduvane/ Fri, 15 Nov 2024 17:28:00 +0000 https://republika.mk/?p=838257

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска учествувал на кондиционен марш, организиран од страна на припадниците на Единицата за брзо распоредување.

Од МВР соопштија дека активноста била организирана согласно годишната програма за обука на припадниците на Единицата за брзо распоредување, за зголемување на физичката подготвеност на припадниците на единицата.

Кондициониот марш бил изведен од објектот на Одделот за обезбедување на определени личности и објекти преку Средно Водно до Милениумскиот крст на Водно.

The post Директорот на БЈБ на кондиционен марш со Единицата за брзо распоредување appeared first on Република.

]]>

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска учествувал на кондиционен марш, организиран од страна на припадниците на Единицата за брзо распоредување. Од МВР соопштија дека активноста била организирана согласно годишната програма за обука на припадниците на Единицата за брзо распоредување, за зголемување на физичката подготвеност на припадниците на единицата. Кондициониот марш бил изведен од објектот на Одделот за обезбедување на определени личности и објекти преку Средно Водно до Милениумскиот крст на Водно.

The post Директорот на БЈБ на кондиционен марш со Единицата за брзо распоредување appeared first on Република.

]]>
Јанев: Создаваме функционална полиција во служба на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janev-sozdavame-funktsionalna-politsija-vo-sluzhba-na-graganite/ Sat, 09 Nov 2024 17:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=835919

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев беше во работна посета во Секторот за внатрешни работи Штип, штипската сообраќајна полиција и полициската станица во Свети Николе.

Јанев, како што соопшти МВР, лично имал можност да се запознае со условите во кои работат полициските службеници и да поразговара за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење.

Во разговорите со колегите тој потенцирал дека е од приоритетна важност полициските службеници да имаат соодветни услови за работа и дека нивното унапредување е на врвот на приоритетите на БЈБ и МВР.

Јанев, како што е наведено во соопштението, потенцирал дека посетите на сите организациски единици на полицијата ќе стане редовна пракса и активност со цел квалитетен увид во работењето и функционирање на сите служби кои се под надлежност на Бирото за јавна безбедност, подобрување на условите за работа со цел создавање на функционална полиција која ќе биде во служба на граѓаните и целосно спроведување на законот кој еднакво важи за сите.

The post Јанев: Создаваме функционална полиција во служба на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев беше во работна посета во Секторот за внатрешни работи Штип, штипската сообраќајна полиција и полициската станица во Свети Николе. Јанев, како што соопшти МВР, лично имал можност да се запознае со условите во кои работат полициските службеници и да поразговара за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење. Во разговорите со колегите тој потенцирал дека е од приоритетна важност полициските службеници да имаат соодветни услови за работа и дека нивното унапредување е на врвот на приоритетите на БЈБ и МВР. Јанев, како што е наведено во соопштението, потенцирал дека посетите на сите организациски единици на полицијата ќе стане редовна пракса и активност со цел квалитетен увид во работењето и функционирање на сите служби кои се под надлежност на Бирото за јавна безбедност, подобрување на условите за работа со цел создавање на функционална полиција која ќе биде во служба на граѓаните и целосно спроведување на законот кој еднакво важи за сите.

The post Јанев: Создаваме функционална полиција во служба на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Јанев: Целта е да ги замрзнеме имотите на криминалците, јавна тајна е дека и од затвор контролираат банди https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janev-tselta-e-da-gi-zamrzneme-imotite-na-kriminaltsite-javna-tajna-e-deka-i-od-zatvor-kontroliraat-bandi/ Wed, 30 Oct 2024 13:23:47 +0000 https://republika.mk/?p=832469

Корупцијата за жал е составен дел насекаде, ние интензивно работиме на сузбивање на корупција во сопствените редови, меѓутоа тоа не е доволно, треба да работиме и во останатите инстутиции, меѓутоа и да ги анимираме граѓаните дека не е начин да дадеш нешто под рака за да можеш да оствариш некое свое право, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев на сесијата на НКЕУ-МК за Поглавјето 24 „Предизвиците во борбата со финансискиот криминал во Македонија: Важноста на ефикасните финансиски истраги“.

Вели дека за да се докаже финансиски криминал мора да се докаже целиот пат на парите, а за тоа од клучно значење е меѓуинституционална соработка, како и меѓународната соработка, која е најнеопходна, бидејќи, вели, криминалците најчесто парите ги вртат и преку повеќе земји од надвор.

Јанев посочи дека треба да се промени културата на живеење, и мора да се даде до знаење на сите дека тоа е нелегално, и сето тоа не е здраво за нашето општество, а нивна цел, како што кажа, ќе биде да тоа да го намалат или минимизираат криминалот и корупцијата.

Не е поентата некого само да ставиме во затвор, има нови трендови - разговаравме со француските и со италијанските колеги и тие велат дека џабе имаме ставено одредени криминални босови во затвор, новите трендови се тоа што тие анимираат луѓе од внатре од затворот, бидејќи имаат пари, тие не им се секнати. Жално е, велат тие, што анимираат деца од 12 годишна возраст и нагоре да извршуваат дури и насилни дејствија па дури и убиства, сето тоа тие го контролираат преку затворите, што е случај и кај нас, тоа е јавна тајна, нема што да го криеме. Тоа доведува кругот да не се затвори и не ставаме крај на одредени дјествија, вели Јанев.

Целта е, додаде, да го фатиме патот на парите, ама целта е и да ги замрзнеме имотите на криминалците.

Сум работел на неколку звучни случаи од минатото, „босот“ од Куманово Бајруш, таму замрзнавме одреден имот и одзедовме некој имот од страна, но не беше доволно. Мислам дека тој човек сега е надвор од затвор, и повторно е активен во легалниот бизнис, што е легитимно. Меѓутоа, на крај на денот, доколку ние сето тоа на време сме го секнале, како што треба, немало да оставиме простор за повторно да генерираме одредени претпоставки за одредени илегални дејствија, истакна Јанев.

Посочи дека една од алатките против корупцијата е воведување дигитализација.

За МВР овде имаме два сегменти - го воведуваме документ менаџер системот, и кејс менаџмент системот заедно со Финансиска полиција сме на иста платформа. Во самата алатка се создадени претпоставки да се вклучи и Обвинителство да ги следи работите на кејс менаџмент системот. Со оваа дигитализација убеден сум дека нема да има веќе случаи во фиока, нема да има нарачки на случаи, нема да има монтирани случаи, бидејќи алатката е еден вид и водич, кај што ги расчленува битијата на кривичните дела внатре. Обвинителот од самото запознавање на случајот, ќе биде во тек со сето тоа, да ги знае силните и слабите страни на тој случај, рече Јанев.

Истакна како нова администрација мора да се стремат да изградат ефикансни, транспарентни и отчетни системи.

Нашата мисија и визија е да бидеме транспарентни, не ние да владееме со народот, туку да служиме на народот, и интенцијата на нашето секојдневно работење е да работиме на превенција а помалку на интервенција. Бидејќи ако влеземе во еден вртлог на неказнивост, вртлог на неоткривање па неказнивост, корупцијата е како малигно ткиво кои од нас зависи дали ќе им дозволиме да бидат бенингни или да бидат малигни, рече Јанев.

Во крајна линија, додаде Јанев, колку што сето тоа е важно за интензивирање на македонскиот пат кон полноправно членство во ЕУ, во иста мера е важно за воспоставување на владеењето на правото како врвен интерес на македонската држава и нејзините граѓани, градење на безбеден и сигурен општествен амбиент.

The post Јанев: Целта е да ги замрзнеме имотите на криминалците, јавна тајна е дека и од затвор контролираат банди appeared first on Република.

]]>

Корупцијата за жал е составен дел насекаде, ние интензивно работиме на сузбивање на корупција во сопствените редови, меѓутоа тоа не е доволно, треба да работиме и во останатите инстутиции, меѓутоа и да ги анимираме граѓаните дека не е начин да дадеш нешто под рака за да можеш да оствариш некое свое право, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев на сесијата на НКЕУ-МК за Поглавјето 24 „Предизвиците во борбата со финансискиот криминал во Македонија: Важноста на ефикасните финансиски истраги“. Вели дека за да се докаже финансиски криминал мора да се докаже целиот пат на парите, а за тоа од клучно значење е меѓуинституционална соработка, како и меѓународната соработка, која е најнеопходна, бидејќи, вели, криминалците најчесто парите ги вртат и преку повеќе земји од надвор. Јанев посочи дека треба да се промени културата на живеење, и мора да се даде до знаење на сите дека тоа е нелегално, и сето тоа не е здраво за нашето општество, а нивна цел, како што кажа, ќе биде да тоа да го намалат или минимизираат криминалот и корупцијата.
Не е поентата некого само да ставиме во затвор, има нови трендови - разговаравме со француските и со италијанските колеги и тие велат дека џабе имаме ставено одредени криминални босови во затвор, новите трендови се тоа што тие анимираат луѓе од внатре од затворот, бидејќи имаат пари, тие не им се секнати. Жално е, велат тие, што анимираат деца од 12 годишна возраст и нагоре да извршуваат дури и насилни дејствија па дури и убиства, сето тоа тие го контролираат преку затворите, што е случај и кај нас, тоа е јавна тајна, нема што да го криеме. Тоа доведува кругот да не се затвори и не ставаме крај на одредени дјествија, вели Јанев.
Целта е, додаде, да го фатиме патот на парите, ама целта е и да ги замрзнеме имотите на криминалците.  
Сум работел на неколку звучни случаи од минатото, „босот“ од Куманово Бајруш, таму замрзнавме одреден имот и одзедовме некој имот од страна, но не беше доволно. Мислам дека тој човек сега е надвор од затвор, и повторно е активен во легалниот бизнис, што е легитимно. Меѓутоа, на крај на денот, доколку ние сето тоа на време сме го секнале, како што треба, немало да оставиме простор за повторно да генерираме одредени претпоставки за одредени илегални дејствија, истакна Јанев.
Посочи дека една од алатките против корупцијата е воведување дигитализација.
За МВР овде имаме два сегменти - го воведуваме документ менаџер системот, и кејс менаџмент системот заедно со Финансиска полиција сме на иста платформа. Во самата алатка се создадени претпоставки да се вклучи и Обвинителство да ги следи работите на кејс менаџмент системот. Со оваа дигитализација убеден сум дека нема да има веќе случаи во фиока, нема да има нарачки на случаи, нема да има монтирани случаи, бидејќи алатката е еден вид и водич, кај што ги расчленува битијата на кривичните дела внатре. Обвинителот од самото запознавање на случајот, ќе биде во тек со сето тоа, да ги знае силните и слабите страни на тој случај, рече Јанев.
Истакна како нова администрација мора да се стремат да изградат ефикансни, транспарентни и отчетни системи.
Нашата мисија и визија е да бидеме транспарентни, не ние да владееме со народот, туку да служиме на народот, и интенцијата на нашето секојдневно работење е да работиме на превенција а помалку на интервенција. Бидејќи ако влеземе во еден вртлог на неказнивост, вртлог на неоткривање па неказнивост, корупцијата е како малигно ткиво кои од нас зависи дали ќе им дозволиме да бидат бенингни или да бидат малигни, рече Јанев.
Во крајна линија, додаде Јанев, колку што сето тоа е важно за интензивирање на македонскиот пат кон полноправно членство во ЕУ, во иста мера е важно за воспоставување на владеењето на правото како врвен интерес на македонската држава и нејзините граѓани, градење на безбеден и сигурен општествен амбиент.

The post Јанев: Целта е да ги замрзнеме имотите на криминалците, јавна тајна е дека и од затвор контролираат банди appeared first on Република.

]]>
Делегација на БJБ предводена од Јанев учествува на Меѓународна асоцијација на шефови на полиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/delegatsija-na-bjb-predvodena-od-janev-uchestvuva-na-megunarodna-asotsijatsija-na-shefovi-na-politsija/ Sun, 20 Oct 2024 07:46:32 +0000 https://republika.mk/?p=828986

Македонска делегација предводена од Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев, во присуство на Мајкл Маки, полициско аташе за ICITAP при Амбасадата на САД во Скопје, учествува на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на шефови на полиција (IACP), водечка организација која е фокусирана на унапредување на полицијата и безбедноста на глобално ниво, што се одржува во Бостон, Масачусетс, Соединетите Американски Држави.

На оваа конференција полициски лидери, службеници и експерти од разни држави од светот ќе имаат можност да разменат најдобри практики, иновации и стратегии за справување со предизвиците во секојдневното полициско работење.

– Ваквиот пристап на соработка е значаен за унапредување на безбедносните практики и размена на искуства, зајакнувањето на капацитетите на полицијата. Преку запознавање со специфичностите и предизвиците со кои се соочува полицијата во САД, но и останатите полициски служби во светот, учесниците ќе имаат можност да добијат клучни информации за методологијата за справување со истите. Конференцијата нуди одлична можност за градење нови партнерства, воспоставување на идни проекти и иницијативи, соопштија од МВР.

Во текот на конференцијата, македонската делегација ќе присуствува на повеќе настани, а најавени се и средби со менаџментот на ИЦИТАП, федерални обвинители и повеќе директори на полиции и шефови на делегации.

The post Делегација на БJБ предводена од Јанев учествува на Меѓународна асоцијација на шефови на полиција appeared first on Република.

]]>

Македонска делегација предводена од Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев, во присуство на Мајкл Маки, полициско аташе за ICITAP при Амбасадата на САД во Скопје, учествува на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на шефови на полиција (IACP), водечка организација која е фокусирана на унапредување на полицијата и безбедноста на глобално ниво, што се одржува во Бостон, Масачусетс, Соединетите Американски Држави. На оваа конференција полициски лидери, службеници и експерти од разни држави од светот ќе имаат можност да разменат најдобри практики, иновации и стратегии за справување со предизвиците во секојдневното полициско работење.
– Ваквиот пристап на соработка е значаен за унапредување на безбедносните практики и размена на искуства, зајакнувањето на капацитетите на полицијата. Преку запознавање со специфичностите и предизвиците со кои се соочува полицијата во САД, но и останатите полициски служби во светот, учесниците ќе имаат можност да добијат клучни информации за методологијата за справување со истите. Конференцијата нуди одлична можност за градење нови партнерства, воспоставување на идни проекти и иницијативи, соопштија од МВР.
Во текот на конференцијата, македонската делегација ќе присуствува на повеќе настани, а најавени се и средби со менаџментот на ИЦИТАП, федерални обвинители и повеќе директори на полиции и шефови на делегации.

The post Делегација на БJБ предводена од Јанев учествува на Меѓународна асоцијација на шефови на полиција appeared first on Република.

]]>
Делегација на Бирото за јавна безбедност предводена од директорот Александар Јанев учествува на Меѓународна асоцијација на шефови на полиција (IACP) https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/delegatsija-na-biroto-za-javna-bezbednost-predvodena-od-direktorot-aleksandar-janev-uchestvuva-na-megunarodna-asotsijatsija-na-shefovi-na-politsija-iacp/ Sat, 19 Oct 2024 16:27:53 +0000 https://republika.mk/?p=828865

Во периодот од 19 – 23.10.2024 година во Бостон, Масачусетс, Соединетите Американски Држави се одржува Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на шефови на полиција (IACP), водечка организација која е фокусирана на унапредување на полицијата и безбедноста на глобално ниво.

Македонската делегација е предводена од Директорот на Бирото за јавна безбедност, г. Александар Јанев, во присуство на г. Мајкл Маки, полициско аташе за ICITAP при Амбасадата на САД во Скопје.

На оваа конференција полициски лидери, службеници и експерти од разни држави од светот ќе имаат можност да разменат најдобри практики, иновации и стратегии за справување со предизвиците во секојдневното полициско работење. Ваквиот пристап на соработка е значаен за унапредување на безбедносните практики и размена на искуства, зајакнувањето на капацитетите на полицијата. Преку запознавање со специфичностите и предизвиците со кои се соочува полицијата во САД, но и останатите полициски служби во светот, учесниците ќе имаат можност да добијат клучни информации за методологијата за справување со истите.

Конференцијата нуди одлична можност за градење нови партнерства, воспоставување на идни проекти и иницијативи.

Во текот на конференцијата, македонската делегација ќе присуствува на повеќе настани, а најавени се и средби со менаџментот на ИЦИТАП, федерални обвинители и повеќе директори на полиции и шефови на делегации.

The post Делегација на Бирото за јавна безбедност предводена од директорот Александар Јанев учествува на Меѓународна асоцијација на шефови на полиција (IACP) appeared first on Република.

]]>

Во периодот од 19 – 23.10.2024 година во Бостон, Масачусетс, Соединетите Американски Држави се одржува Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на шефови на полиција (IACP), водечка организација која е фокусирана на унапредување на полицијата и безбедноста на глобално ниво. Македонската делегација е предводена од Директорот на Бирото за јавна безбедност, г. Александар Јанев, во присуство на г. Мајкл Маки, полициско аташе за ICITAP при Амбасадата на САД во Скопје. На оваа конференција полициски лидери, службеници и експерти од разни држави од светот ќе имаат можност да разменат најдобри практики, иновации и стратегии за справување со предизвиците во секојдневното полициско работење. Ваквиот пристап на соработка е значаен за унапредување на безбедносните практики и размена на искуства, зајакнувањето на капацитетите на полицијата. Преку запознавање со специфичностите и предизвиците со кои се соочува полицијата во САД, но и останатите полициски служби во светот, учесниците ќе имаат можност да добијат клучни информации за методологијата за справување со истите. Конференцијата нуди одлична можност за градење нови партнерства, воспоставување на идни проекти и иницијативи. Во текот на конференцијата, македонската делегација ќе присуствува на повеќе настани, а најавени се и средби со менаџментот на ИЦИТАП, федерални обвинители и повеќе директори на полиции и шефови на делегации.  

The post Делегација на Бирото за јавна безбедност предводена од директорот Александар Јанев учествува на Меѓународна асоцијација на шефови на полиција (IACP) appeared first on Република.

]]>
Директорот Јанев во работна посета на еден од најврвните полициски тренинг центри во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktorot-janev-vo-rabotna-poseta-na-eden-od-najvrvnite-politsiski-trening-tsentri-vo-svetot/ Thu, 19 Sep 2024 14:48:32 +0000 https://republika.mk/?p=817865

Првиот човек на Бирото за јавна безбедност при МВР, директорот Александар Јанев заедно со началникот на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР, како и со претставници на амбасадата на САД во Македонија изминативе денови се наоѓа во работна посета на еден од најмодерните меѓународни центри за обука - Јорданскиот меѓународен полициски тренинг центар (JIPTC), каде што преку програмата за антитерористичка поддршка на САД (АТА) на неколку месечна обука престојуваа и се обучуваа и полициски службеници од македонската полиција.
Станува збор за високо експертска обука за профилација на специфична полициска стручност во доменот на антитерористичката борба, во конкретниот случај за сите предизвици поврзани со инциденти од експлозиви и противмерки за уништување на истите со помош на најсовремена технологија - роботика.
Покрај ова, директорот Јанев во рамки на посетата заедно со претставниците на АТА програмата и на амбасадата на САД во РСМ, а врз основа на специјализираните капацитети што ги нуди овој врвен тренинг центар во Јордан, ја искористи можноста за утврдување натамошните заеднички цели за идна соработка, за подигање и за градење на капацитети на македонската полиција во борбата против криминалот и тероризмот.

Инаку, директорот Јанев оствари средби и со претставник на кралот на Јордан и командант на базата бригадниот генерал Мухамед Ал Абади и заменик командирот на тренинг центарот Алла Ал Ассаф, на кои што се разговараше на повеќе теми од заеднички интерес, примарно за предизвиците во националната и транснационалната безбедност поврзана со тероризмот и организираниот криминал. Исто така, беа разгледани и можностите за идната соработка во делот на ефективна размена на информации и заеднички обуки за борбата против тероризмот и организираниот криминал.

Директорот Јанев ја искористи можноста да упати искрена благодарност до Владата на САД, до Амбасадата на САД во Скопје, како и до Јорданските власти за поддршката којашто ја даваат на македонското МВР, а во насока на етаблирање на македонската полиција како рамноправен и кредибилен партнер во борбата против глобалните закани и предизвици.

The post Директорот Јанев во работна посета на еден од најврвните полициски тренинг центри во светот appeared first on Република.

]]>

Првиот човек на Бирото за јавна безбедност при МВР, директорот Александар Јанев заедно со началникот на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР, како и со претставници на амбасадата на САД во Македонија изминативе денови се наоѓа во работна посета на еден од најмодерните меѓународни центри за обука - Јорданскиот меѓународен полициски тренинг центар (JIPTC), каде што преку програмата за антитерористичка поддршка на САД (АТА) на неколку месечна обука престојуваа и се обучуваа и полициски службеници од македонската полиција. Станува збор за високо експертска обука за профилација на специфична полициска стручност во доменот на антитерористичката борба, во конкретниот случај за сите предизвици поврзани со инциденти од експлозиви и противмерки за уништување на истите со помош на најсовремена технологија - роботика. Покрај ова, директорот Јанев во рамки на посетата заедно со претставниците на АТА програмата и на амбасадата на САД во РСМ, а врз основа на специјализираните капацитети што ги нуди овој врвен тренинг центар во Јордан, ја искористи можноста за утврдување натамошните заеднички цели за идна соработка, за подигање и за градење на капацитети на македонската полиција во борбата против криминалот и тероризмот. Инаку, директорот Јанев оствари средби и со претставник на кралот на Јордан и командант на базата бригадниот генерал Мухамед Ал Абади и заменик командирот на тренинг центарот Алла Ал Ассаф, на кои што се разговараше на повеќе теми од заеднички интерес, примарно за предизвиците во националната и транснационалната безбедност поврзана со тероризмот и организираниот криминал. Исто така, беа разгледани и можностите за идната соработка во делот на ефективна размена на информации и заеднички обуки за борбата против тероризмот и организираниот криминал. Директорот Јанев ја искористи можноста да упати искрена благодарност до Владата на САД, до Амбасадата на САД во Скопје, како и до Јорданските власти за поддршката којашто ја даваат на македонското МВР, а во насока на етаблирање на македонската полиција како рамноправен и кредибилен партнер во борбата против глобалните закани и предизвици.

The post Директорот Јанев во работна посета на еден од најврвните полициски тренинг центри во светот appeared first on Република.

]]>
Делегација на МВР на конвенција за истражители за внатрешни работи во САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/delegatsija-na-mvr-na-konventsija-za-istrazhiteli-za-vnatreshni-raboti-vo-sad/ Tue, 27 Aug 2024 19:29:25 +0000 https://republika.mk/?p=810711

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев предводи делегација на Министерството за внатрешни работи која учествува на „Националната конвенција за истражители за внатрешни работи“ во САД, информираат денеска од БЈБ.

Учеството на делегацијата на МВР е организирано и поддржано од Министерството за правда на САД и Амбасадата во Скопје, преку полициското аташе Мајкл Беки и тимот на ИЦИТАП Македонија.

Темите на работилниците во рамки на конференцијата меѓу другото вклучуваат - најдобри практики поврзани со поплаки за пристрасно полициско постапување, истраги за употреба на сила, лидерство и транспарентност.

-Денеска остваривме и средба со Вирџинија Глисон од ФБИ-Асоцијацијата за  развој во спроведување на законот, а на средбата дискутиравме за вклучување на процедуралната правда во процесот на внатрешни работи и одговорност, воедно заеднички ги разгледавме и потребите и можностите за идна заедничка соработка. Задоволство ми беше да дискутирам за овие важни прашања поврзани со темата интегритет и нивната примена кај нас, потенцирал директорот Јанев.

The post Делегација на МВР на конвенција за истражители за внатрешни работи во САД appeared first on Република.

]]>

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев предводи делегација на Министерството за внатрешни работи која учествува на „Националната конвенција за истражители за внатрешни работи“ во САД, информираат денеска од БЈБ. Учеството на делегацијата на МВР е организирано и поддржано од Министерството за правда на САД и Амбасадата во Скопје, преку полициското аташе Мајкл Беки и тимот на ИЦИТАП Македонија. Темите на работилниците во рамки на конференцијата меѓу другото вклучуваат - најдобри практики поврзани со поплаки за пристрасно полициско постапување, истраги за употреба на сила, лидерство и транспарентност.
-Денеска остваривме и средба со Вирџинија Глисон од ФБИ-Асоцијацијата за  развој во спроведување на законот, а на средбата дискутиравме за вклучување на процедуралната правда во процесот на внатрешни работи и одговорност, воедно заеднички ги разгледавме и потребите и можностите за идна заедничка соработка. Задоволство ми беше да дискутирам за овие важни прашања поврзани со темата интегритет и нивната примена кај нас, потенцирал директорот Јанев.

The post Делегација на МВР на конвенција за истражители за внатрешни работи во САД appeared first on Република.

]]>
Директорот на БЈБ, Јанев на Денот на ЕБР: Единицата има стожерна позиција во севкупниот полициски систем https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktorot-na-bjb-janev-na-denot-na-ebr-edinitsata-ima-stozherna-pozitsija-vo-sevkupniot-politsiski-sistem/ Fri, 23 Aug 2024 11:41:34 +0000 https://republika.mk/?p=809452

Денеска, (23.08.2024) во Полицискиот центар Ѓорче Петров беше одбележан 23 август – Денот на Единицата за брзо распоредување и 23 години од формирањето на оваа елитна единица при Министерството за внатрешни работи. Во присуство на претставници на Владата, највисокото раководство на МВР, претставници на семејствата на загинати и починати припадници на ЕБР, како и припадниците на оваа единица, ги поздрави и им се обрати директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев.

Во своето обраќање, директорот Јанев ги потенцираше сите позитивни постигнувања и дострели на Единицата за брзо распоредување кои сите не прават исклучително горди, а тоа се: улогата, професионалниот квалитет на знаења и вештини и местото што ЕБР го има во полициско-безбедносниот систем на нашето министерство.

„Нема дилема дека во севкупниот период од постоење Единицата, односно сите нејзини припадници во минатото и денес, систематично и доследно успеваат да ги исполнат зацртаните цели утврдувајќи ја стожерната позиција на единицата во севкупниот полициски систем на функционирање. Особено во делот на посложени, би рекол по сензитивни и поспецифични полициски задачи и надлежности. И затоа, сосема со право, сега можеме да говориме за Единица чии што одлики и широки оперативни перформанси ама по ништо не заостануваат во споредба со истите такви полициски формации на полициите од Европа и светот.“, истакна директорот Јанев.

Директорот Јанев подвлече дека денес, Единицата за брзо распоредување, профилирајќи се во високо-специјализирана полициска единица, со исти такви квалитети на секој нејзин припадник, во своето егзистирање етаблираше современи стандарди и професионални критериуми од сите аспекти – физички, ментални, образовни , технички и така натаму, и затоа таа сега претставува Единица подготвена да одговори на сите зададени полициски задачи, самостојно и координирано, без оглед на нивната специфичност и сложеност.

Јанев нагласи дека за БЈБ и МВР од императивно значење е прашањето за натамошно развивање на Единицата за брзо распоредување во повеќе насоки, почнувајќи од делот на воведување на нови методологии на дејствување, а проследено со натамошна материјално-техничка модернизација, односно техничко-функционална опременост, па се до прилагодување и примена на технички софистицирани средства и системи на работа.

На крај на своето обраќање директорот Јанев потенцираше дека со секојдневното и чесно работење на секој припадник на Полицијата се праќа моќна порака до сите оние кои се огрешиле или имаат намера да се огрешат пред законот, дека криминалот не е исплатлив и правдата на крај секогаш ќе победи!

На настанот повеќе делегации на МВР, БЈБ и роднини на загинатите припадници на Единицата положија свежо цвеќе на спомен плочата на загинатите припадници на ЕБР и ја посетија спомен собата на Единицата.

На свеченоста беа доделени и плакети на припадници на ЕБР кои со својата професионалност и работа даваат особен придонес во развојот и афирмација на Единицата за брзо распоредување.

The post Директорот на БЈБ, Јанев на Денот на ЕБР: Единицата има стожерна позиција во севкупниот полициски систем appeared first on Република.

]]>

Денеска, (23.08.2024) во Полицискиот центар Ѓорче Петров беше одбележан 23 август – Денот на Единицата за брзо распоредување и 23 години од формирањето на оваа елитна единица при Министерството за внатрешни работи. Во присуство на претставници на Владата, највисокото раководство на МВР, претставници на семејствата на загинати и починати припадници на ЕБР, како и припадниците на оваа единица, ги поздрави и им се обрати директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев. Во своето обраќање, директорот Јанев ги потенцираше сите позитивни постигнувања и дострели на Единицата за брзо распоредување кои сите не прават исклучително горди, а тоа се: улогата, професионалниот квалитет на знаења и вештини и местото што ЕБР го има во полициско-безбедносниот систем на нашето министерство. „Нема дилема дека во севкупниот период од постоење Единицата, односно сите нејзини припадници во минатото и денес, систематично и доследно успеваат да ги исполнат зацртаните цели утврдувајќи ја стожерната позиција на единицата во севкупниот полициски систем на функционирање. Особено во делот на посложени, би рекол по сензитивни и поспецифични полициски задачи и надлежности. И затоа, сосема со право, сега можеме да говориме за Единица чии што одлики и широки оперативни перформанси ама по ништо не заостануваат во споредба со истите такви полициски формации на полициите од Европа и светот.“, истакна директорот Јанев. Директорот Јанев подвлече дека денес, Единицата за брзо распоредување, профилирајќи се во високо-специјализирана полициска единица, со исти такви квалитети на секој нејзин припадник, во своето егзистирање етаблираше современи стандарди и професионални критериуми од сите аспекти – физички, ментални, образовни , технички и така натаму, и затоа таа сега претставува Единица подготвена да одговори на сите зададени полициски задачи, самостојно и координирано, без оглед на нивната специфичност и сложеност. Јанев нагласи дека за БЈБ и МВР од императивно значење е прашањето за натамошно развивање на Единицата за брзо распоредување во повеќе насоки, почнувајќи од делот на воведување на нови методологии на дејствување, а проследено со натамошна материјално-техничка модернизација, односно техничко-функционална опременост, па се до прилагодување и примена на технички софистицирани средства и системи на работа. На крај на своето обраќање директорот Јанев потенцираше дека со секојдневното и чесно работење на секој припадник на Полицијата се праќа моќна порака до сите оние кои се огрешиле или имаат намера да се огрешат пред законот, дека криминалот не е исплатлив и правдата на крај секогаш ќе победи! На настанот повеќе делегации на МВР, БЈБ и роднини на загинатите припадници на Единицата положија свежо цвеќе на спомен плочата на загинатите припадници на ЕБР и ја посетија спомен собата на Единицата. На свеченоста беа доделени и плакети на припадници на ЕБР кои со својата професионалност и работа даваат особен придонес во развојот и афирмација на Единицата за брзо распоредување.

The post Директорот на БЈБ, Јанев на Денот на ЕБР: Единицата има стожерна позиција во севкупниот полициски систем appeared first on Република.

]]>
Јанев: Непоколебливи сме во решеноста да ставиме ред и да обезбедиме сигурност, безбедноста на граѓаните е наш приоритет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janev-nepokoleblivi-sme-vo-reshenosta-da-stavime-red-i-da-obezbedime-sigurnost-bezbednosta-na-graganite-e-nash-prioritet/ Wed, 21 Aug 2024 20:19:14 +0000 https://republika.mk/?p=808834

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев истакна дека благодарение на брзата и професионална реакција на полицијата, особено на интервентната полиција и специјалните единици, успеале да ги фатиме сторителите од вчерашниот настан и да ја обезбедат правдата.

-Сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги за нивната професионалност, храброст и посветеност кон граѓаните и македонската држава. Вашата неуморна работа и решителност се пример за сите нас. Вашата пожртвуваност и храброст да се испречите пред куршумите за да ги заштитите нашите граѓани влева увереност дека тие можат да имаат доверба, објави Јанев на Фејсбук.

Јанев им се заблагодари на граѓаните за нивната соработка, смиреност и внимателност и довербата која ја укажале во текот на вчерашниот ден.

-Вашата поддршка е клучна за одржувањето на мирот и безбедноста. Од име на Полицијата, сакам да им заблагодарам и на медиумите, кои професионално известуваа и не дозволија да се крене паника и вознемиреност кај граѓаните. Овие постапки се потврда дека заедно можеме да го зачуваме мирот и безбедноста во нашата држава. Ние сме непоколебливи во нашата решеност да ставиме ред и да обезбедиме сигурност за сите граѓани. Вашата безбедност е наш приоритет и нема да дозволиме криминалот да го наруши нашиот живот и спокојство. Ви благодариме за вашата соработка и разбирање. Заедно, со заеднички напори, ќе го зачуваме мирот и ќе ја обезбедиме иднината на нашата земја, нагласи директорот на БЈБ.

The post Јанев: Непоколебливи сме во решеноста да ставиме ред и да обезбедиме сигурност, безбедноста на граѓаните е наш приоритет appeared first on Република.

]]>

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев истакна дека благодарение на брзата и професионална реакција на полицијата, особено на интервентната полиција и специјалните единици, успеале да ги фатиме сторителите од вчерашниот настан и да ја обезбедат правдата. -Сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги за нивната професионалност, храброст и посветеност кон граѓаните и македонската држава. Вашата неуморна работа и решителност се пример за сите нас. Вашата пожртвуваност и храброст да се испречите пред куршумите за да ги заштитите нашите граѓани влева увереност дека тие можат да имаат доверба, објави Јанев на Фејсбук. Јанев им се заблагодари на граѓаните за нивната соработка, смиреност и внимателност и довербата која ја укажале во текот на вчерашниот ден. -Вашата поддршка е клучна за одржувањето на мирот и безбедноста. Од име на Полицијата, сакам да им заблагодарам и на медиумите, кои професионално известуваа и не дозволија да се крене паника и вознемиреност кај граѓаните. Овие постапки се потврда дека заедно можеме да го зачуваме мирот и безбедноста во нашата држава. Ние сме непоколебливи во нашата решеност да ставиме ред и да обезбедиме сигурност за сите граѓани. Вашата безбедност е наш приоритет и нема да дозволиме криминалот да го наруши нашиот живот и спокојство. Ви благодариме за вашата соработка и разбирање. Заедно, со заеднички напори, ќе го зачуваме мирот и ќе ја обезбедиме иднината на нашата земја, нагласи директорот на БЈБ.

The post Јанев: Непоколебливи сме во решеноста да ставиме ред и да обезбедиме сигурност, безбедноста на граѓаните е наш приоритет appeared first on Република.

]]>
Јанев: Најстрого ќе бидат санкционирани оние што ги предизвикуваат пожарите на отворено https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janev-najstrogo-ke-bidat-sanktsionirani-onie-shto-gi-predizvikuvaat-pozharite-na-otvoreno/ Sun, 04 Aug 2024 16:36:20 +0000 https://republika.mk/?p=803279

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, заедно со дел од неговиот тим го посетиле местото „Букоково“, на тромеѓата помеѓу селата Расино, Косел и Опејнца, каде гори борова шума, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/osum-aktivni-pozhari-shirum-zemjava-pet-se-izgasnati/

Како што наведуваат од МВР, Јанев се заблагодарил за пожртвуваноста на сите вклучени чинители во справувањето со огнената стихија, како и посветеноста на хеликоптерските единици при МВР и МО, без чија воздушна поддршка, вели, пожарите не може да се стават под контрола.

Внимавајте кога се движите по шумите, по нивите, полињата, да не се фрлаат отпушоци, да не се палат стрништа, сепак, општото здравје и човечките животи се нешто најскапоцено, а подметнувањето на пожари е криминал од највисок степен, рекол Јанев пренесуваат од МВР.

Ќе бидат ангажирани сите расположливи дронови, додал Јанев, кои ќе бидат во функција 24 часа заедно со термалните камери, се со цел откривање на можни сторители-подметнувачи на пожари.

The post Јанев: Најстрого ќе бидат санкционирани оние што ги предизвикуваат пожарите на отворено appeared first on Република.

]]>

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, заедно со дел од неговиот тим го посетиле местото „Букоково“, на тромеѓата помеѓу селата Расино, Косел и Опејнца, каде гори борова шума, соопштија од Министерството за внатрешни работи. https://republika.mk/vesti/makedonija/osum-aktivni-pozhari-shirum-zemjava-pet-se-izgasnati/ Како што наведуваат од МВР, Јанев се заблагодарил за пожртвуваноста на сите вклучени чинители во справувањето со огнената стихија, како и посветеноста на хеликоптерските единици при МВР и МО, без чија воздушна поддршка, вели, пожарите не може да се стават под контрола.
Внимавајте кога се движите по шумите, по нивите, полињата, да не се фрлаат отпушоци, да не се палат стрништа, сепак, општото здравје и човечките животи се нешто најскапоцено, а подметнувањето на пожари е криминал од највисок степен, рекол Јанев пренесуваат од МВР.
Ќе бидат ангажирани сите расположливи дронови, додал Јанев, кои ќе бидат во функција 24 часа заедно со термалните камери, се со цел откривање на можни сторители-подметнувачи на пожари.

The post Јанев: Најстрого ќе бидат санкционирани оние што ги предизвикуваат пожарите на отворено appeared first on Република.

]]>
Јанев на терен во Крушево: Да обезбедиме достоинствена прослава по повод 121-та годишнина од Крушевската Република и Илинденското востание https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janev-na-teren-vo-krushevo-da-obezbedime-dostoinstvena-proslava-po-povod-121-ta-godishnina-od-krushevskata-republika-i-ilindenskoto-vostanie/ Thu, 01 Aug 2024 17:41:19 +0000 https://republika.mk/?p=802458

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев денеска заедно со тимот од оперативниот штаб извршиле скенирање на клучните локации во Крушево.

Јанев се сретнал со колегите на терен задолжени за редот и безбедноста, а по повод чествувањето на нациoналниот празник Илинден.

-Им дадов до знаење дека заедничка задача е да обезбедиме достоинствена прослава по повод 121-та годишнина од формирањето на Крушевската Република и Илинденското востание, кога се постави темелот на борбата за независност, објави директорот на БЈБ.

Полицијата во служба на граѓаните, заедно во славењето на нашата историја и во градењето на нашата иднина.

The post Јанев на терен во Крушево: Да обезбедиме достоинствена прослава по повод 121-та годишнина од Крушевската Република и Илинденското востание appeared first on Република.

]]>

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев денеска заедно со тимот од оперативниот штаб извршиле скенирање на клучните локации во Крушево. Јанев се сретнал со колегите на терен задолжени за редот и безбедноста, а по повод чествувањето на нациoналниот празник Илинден. -Им дадов до знаење дека заедничка задача е да обезбедиме достоинствена прослава по повод 121-та годишнина од формирањето на Крушевската Република и Илинденското востание, кога се постави темелот на борбата за независност, објави директорот на БЈБ. Полицијата во служба на граѓаните, заедно во славењето на нашата историја и во градењето на нашата иднина.

The post Јанев на терен во Крушево: Да обезбедиме достоинствена прослава по повод 121-та годишнина од Крушевската Република и Илинденското востание appeared first on Република.

]]>
Тошковски и Јанев: Борбата со криминалот и корупцијата ќе биде бескомпромисна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-i-janev-borbata-so-kriminalot-i-koruptsijata-ke-bide-beskompromisna/ Fri, 28 Jun 2024 17:46:44 +0000 https://republika.mk/?p=791667

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и новоименуваниот директор на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, остварија работен состанок со раководството на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, на кој, како што информираат, било потврдено дека уште од првиот работен ден, ова раководство на МВР ќе биде посветено кон бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата, што е впрочем и еден од главните столбови на владината програма.

Токму поради тоа, се вели во соопштението од кабинетот на Тошковски, првата посета се реализира во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.

Министерот Тошковски, како што информираат од неговиот Кабинет, потенцирал дека целта на ова раководство на МВР е создавање на полиција која ќе работи исклучиво во служба на граѓаните и вистински ќе се бори со криминалот.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска при преземање на функцијата потенцираше дека ќе работи под мотото ред, закон и интегритет за создавање на безбедност без компромис за сите граѓани со висок стандард на професионализам и посветеност на полициските службеници.

The post Тошковски и Јанев: Борбата со криминалот и корупцијата ќе биде бескомпромисна appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и новоименуваниот директор на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, остварија работен состанок со раководството на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, на кој, како што информираат, било потврдено дека уште од првиот работен ден, ова раководство на МВР ќе биде посветено кон бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата, што е впрочем и еден од главните столбови на владината програма. Токму поради тоа, се вели во соопштението од кабинетот на Тошковски, првата посета се реализира во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал. Министерот Тошковски, како што информираат од неговиот Кабинет, потенцирал дека целта на ова раководство на МВР е создавање на полиција која ќе работи исклучиво во служба на граѓаните и вистински ќе се бори со криминалот. Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска при преземање на функцијата потенцираше дека ќе работи под мотото ред, закон и интегритет за создавање на безбедност без компромис за сите граѓани со висок стандард на професионализам и посветеност на полициските службеници.  

The post Тошковски и Јанев: Борбата со криминалот и корупцијата ќе биде бескомпромисна appeared first on Република.

]]>
„Ред, закон, интегритет“ е мотото на новиот директор на Бирото за јавна безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/red-zakon-integritet-e-mototo-na-noviot-direktor-na-biroto-za-javna-bezbednost/ Fri, 28 Jun 2024 16:59:10 +0000 https://republika.mk/?p=791623

Владата на денешната седница, на предлог на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за нов директор на Бирото за јавна безбедност го назначи м-р Александар Јанев. Тој доаѓа на местото на д-р Сашо Тасевски.

На чинот на примопредавање на функцијата, директорот Јанев истакна дека неговата визија е подобрување на квалитетот на услугите на полицијата и засилување на безбедноста на сите граѓани.

Безбедност без компромис, со висок стандард на професионализам и посветеност на полициските службеници. Ќе работиме со интегритет и посветеност за подобрување на безбедноста на сите. Со дигитална трансформација ќе го оптимизираме користењето на технологијата, обезбедувајќи подобра комуникација и безбедност на информациите. Непоколеблива борба против корупцијата, со транспарентност и отчетност, со што ќе ја подигнеме довербата на граѓаните во полицијата“, потенцира Јанев.

Директорот Јанев нагласи дека мотото под кое ќе работи ќе биде: Ред, закон, интегритет.

The post „Ред, закон, интегритет“ е мотото на новиот директор на Бирото за јавна безбедност appeared first on Република.

]]>

Владата на денешната седница, на предлог на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за нов директор на Бирото за јавна безбедност го назначи м-р Александар Јанев. Тој доаѓа на местото на д-р Сашо Тасевски. На чинот на примопредавање на функцијата, директорот Јанев истакна дека неговата визија е подобрување на квалитетот на услугите на полицијата и засилување на безбедноста на сите граѓани.
Безбедност без компромис, со висок стандард на професионализам и посветеност на полициските службеници. Ќе работиме со интегритет и посветеност за подобрување на безбедноста на сите. Со дигитална трансформација ќе го оптимизираме користењето на технологијата, обезбедувајќи подобра комуникација и безбедност на информациите. Непоколеблива борба против корупцијата, со транспарентност и отчетност, со што ќе ја подигнеме довербата на граѓаните во полицијата“, потенцира Јанев.
Директорот Јанев нагласи дека мотото под кое ќе работи ќе биде: Ред, закон, интегритет.  

The post „Ред, закон, интегритет“ е мотото на новиот директор на Бирото за јавна безбедност appeared first on Република.

]]>
Александар Јанев нов директор на БЈБ, Сашо Петрушевски државен секретар во МВР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aleksandar-janev-nov-direktor-na-bjb-sasho-petrushevski-drzhaven-sekretar-vo-mvr/ Fri, 28 Jun 2024 15:10:23 +0000 https://republika.mk/?p=791608

Александар Јанев е назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност. Сашо Петрушевски, пак, е именуван за нов државен секретар во Министерството за внатрешни работи.

Овие две одлуки ги обелодени министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, по првата владина седница одржана денеска.

Присуствував на првата седница на новата Влада која ја одбележаа повеќе значајни одлуки од кои дел се однесуваат на кадровски промени во Министерството за внатрешни работи. Во тој контекст, на денешната седница за нов директор на Бирото за јавна безбедност беше именуван Александар Јанев, а на позицијата државен секретар во Министерството за внатрешни работи е именуван Сашо Петрушевски. Во оваа прилика сакам да упатам честитки за нивното именување и сигурен сум дека сите заедно ќе работиме во насока на подобрување на безбедноста и стабилноста во Македонија“, напиша Тошковски.

The post Александар Јанев нов директор на БЈБ, Сашо Петрушевски државен секретар во МВР appeared first on Република.

]]>

Александар Јанев е назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност. Сашо Петрушевски, пак, е именуван за нов државен секретар во Министерството за внатрешни работи. Овие две одлуки ги обелодени министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, по првата владина седница одржана денеска.