Александар Ѓорчевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-gorchevski/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Nov 2024 14:59:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Александар Ѓорчевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-gorchevski/ 32 32 Сведочеше целото семејство на таткото на Вања, дали тој има поврзаност со грабнувањето? https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/svedocheshe-tseloto-semejstvo-na-tatkoto-na-vana-dali-toj-ima-povrzanost-so-grabnuvaneto/ Fri, 15 Nov 2024 15:17:13 +0000 https://republika.mk/?p=838168

Во Основниот кривичен суд Скопје во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска на предлог на Обвинителството беа сослушани родителите, сестрата и внукот на таткото на Вања.

На сослушувањето тие зборуваа за моментот кога дознале дека Вања ја нема и нејзината потрага. Тие зборуваа и за нивните семејни односи и материјалната состојба.

Зоран Ѓорчевски, татко на Александар, пред судот денеска изјави дека бил во постојан контакт со фамилијата, а за исчезнувањето на Вања дознал од неговата поранешна сопруга.

-Јас сум во постојан контакт со фамилијата, се јавив и мајка му на Сашо плачеше, ме извести дека ја нема Вања. Го побарав Александар да ми каже што треба, тој ми рече ја нема Вања. Се ставив на располагање што треба, во секое време, кажете каде да се вклучам, рече тој.

Дополни дека Александар го замолил да контактира со некои што би можеле да помогнат, при што се јавил кај негови пријатели во земјата и странство.

- Се јавував во Грција на деловен партнер да не има некои сознанија, рече тој.

Прашан дали го познава Гоце Трајковски, тој одговори дека биле кумови и дека во контакт со фамилијата разбрал дека и Гоце учествувал во истрагата.

Таткото на Александар сподели дека Александар работел, немал долгови и одамна имал зависност од која се излечил, а потоа стапил во брак.

Во однос на прашањето дали му била позната сопственоста на станот на Наум Наумовски Борче, тој одговори не. - Во нивниот брак, што поседувале, што имале, тоа нивна работа, како ги добиле што ги добиле, како ги купиле. Тие се фамилија и не знам, рече тој.

Мајката на Александар, Иванка Ѓорчевска, на сослушувањето кажа дека Александар живеел со неа, потоа со Зорица, а после разводот, пак се вратил кај неа во 2018 година.

- Работеше, меѓутоа една година паузираше. Има 22 години стаж, беше во работен однос. Кога се родија децата, Сашко го прекина работниот однос, ги гледаше децата, рече таа.

Прашана како се издржувал додека не работел, таа одговори дека се голема фамилија која се поддржува меѓу себе. И таа потврди дека Александар бил зависник. - Беше зависен од дрога, успешно заврши, беше краток период, сега е сѐ во ред, рече таа.

Прашана каде бил Александар на 27 ноември 2023 година, таа објасни дека Зорица му се јавила утрото и му кажала дека Вања ја нема.

- Се загрижив да не е грабната за органи или за проституција, рече таа.

За Гоце Трајковски, рече дека е син на некое старо кумство од нејзиниот свекор.

Сестрата на Александар, Оли Нешковиќ, на сослушувањето зборуваше за моментот кога дознала дека Вања ја нема и процесот на потрагата.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/od-kade-im-se-snimkite-od-tsitroenot-na-panche-na-kiratsa-i-sinot/

- Сите бевме во паника, не ни беше јасно што се случува. Сите го тврдевме тоа дека не си отишла самоволно, полицијата цело време го наметнуваше тоа, рече таа.

Посочи дека сите се ангажирале на каков било начин да помогнат во потрагата при што, како што рече, пишале на детективска агенција од Босна, а од таму им посочиле дека немаат ингеренции, потоа нашле интернет формулар од Американска Амбасада која што ја контактирале за сателитски снимки.

Во врска со прашањето кој го известил Гоце, таа рече дека го известила мајка му Кираца. - Зорица ја контактирала, ѝ пишала порака, она помислила дека Гоце може да помогне во ситуацијата со своите познанства, рече таа.

Прашана што конкретно Гоце помагал, таа одговори во сѐ.

- Бараше снимки на камери, сите се движеа, се гледаше каде имаше камера, менувачница, фризерница... Многу брзо првиот ден и полицијата и ние сфативме дека нема камера што ја фаќа Вања, рече таа.

Прашана дали дошле Гоце и другите што му помагале до некоја констатација, таа одговори дека доколку имало нешто сомнително сите се собирале за консултација, додавајќи дека по два дена довербата во полицијата максимално ја изгубиле.

За сопственоста на станот на улицата „Наум Наумовски Борче“ и зависностите на Александар, рече дека Александар бил сопственик на станот и бил зависник пред 25 години.

Во однос на познавањета со обвинетиот Љупчо Палевски, таа одговори дека не го познава, а разбрала за него кога ја градел зградата на „Наум Наумовски Борче“.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vnukot-na-aleksandar-mu-pishal-na-ilon-mask-da-ja-najde-vana/

Прашана дали ѝ кажал некогаш Александар Ѓорчевски дали имал комуникација со Палевски, таа одговори негативно. - Не ми кажал, сега разговараме, не се знаат, различни кругови, рече таа.

На вкрстени прашања од обвинетиот Љупчо Палевски, беше прашана дали во полиција ја прашале дали нејзината снаа е во врска со него, при што таа одговори потврдно.

- Ме прашаа дали ве познавам и дали снаа ми е во врска со вас, јас реков дека немам никакви сознанија, рече таа.

Сведокот Иво Нешковиќ, внук на Александар, сподели дека се ангажирал во пребарување на интернет за сѐ што е поврзано со Вања. - Мајка ми ме извести дека Вања ја нема, можеш ли да помогнеш некако затоа што мојата експертиза е софтверски инжинеринг, рече тој.

Дополни дека ги нашол формуларите на Ејпл преку кои може да се побара да се пронајде локација и на исклучен ајфон и ги дал да се пратат од владина електронска пошта.

-Ејпл има безбедносен систем да може да се лоцира иако е исклучен. Ги најдов формуларите, им ги пратив да ги испратат од владин емаил. Исто така се понудив да ми дадат пристап до компјутерот на Вања да најдам податоци низ нејзините разговори. Седев цело време на интернет, ги пратев сите објави . Кажав дека ќе бидам филтер за сите што пишуваат на Фејсбук, рече тој, дополнувајќи дека пишал и на една од компаниите на Илон Маск, со цел да го смири Александар, за кого рече дека бил во агонија.

Прашан дали се познава со Палевски и дали Александар му кажал дека комуницирал некогаш со него, одговори негативно.

Сведокот Кираца Трајковска, мајка на Гоце Трајковски, денеска сведочеше во врска со сознанието дека Вања исчезнала и помошта што ја пружиле. Таа сподели дека Палчо ѝ е зет за втора братучетка и дека била заменик генерален директор во Фершпед, каде што своевремено работел Александар.

- Порано комуницирав повеќе, последните години сум во Белград и тие контакти се поретки. Кога разбрав им пуштив на децата, Гоце мораше да ме праша кое е девојчето. Му кажав дека е ќерка на Сашко. Бидејќи се работи за девојче во тие години се сомневаме и ги баравме сите можни ситуации што би можело да се случи со девојчето. Тогаш бевме сите истражители, за кое било дете ќе помогнеме, рече таа.

Дополни дека го побарала Гоце за помош.- Му кажав на Гоце да помогне, затоа што знам дека Саше е многу мирен, повлечен, тој е родител и дека во тие моменти родителите поинаку размислуваат, не ќе може да резонираат како што треба. Гоце е помангуп, рече таа.

Образложи дека Гоце влегувал по кафулиња, по распаднати куќи во Дебар, ја барал пешки.

Во одреден момент, како што рече, сподели дека се посомневале дека девојчето се губи во зградата.

- Дури во еден момент ѝ рече на Зорица дали Вања спиела дома, на што таа одговори потврдно, и ја расчисти таа околност, рече таа.

Сведочеше дека два дена биле фокусирани за движењата пешки околу зградата, а третиот ден се фокусирале на движењето на возилата при што забележале сомнително возило дека тргнува пред зградата по што разбравме дека го нема Панче Жежовски.

- Мислевме дека тој ја земал, ја однел негде надвор, рече таа.

Дополни дека потоа се распрашале за Панче и преку пријатели од Велес обезбедиле снимки од кои се гледа каде се упатиле возилата.

Прашана дали се познава со Палевски, рече дека го познава откако се оженил со братучетка ѝ и дека не само што и е зет туку и деловен партнер.

Прашана дали верува дека Палчо би ја убил Вања, одговори не, особено, како што рече „не за пари“.

Во однос на прашањето за станот на „Наум Наумовски Борче“, рече дека ѝ било познато дека бил купен од Палчо.

Прашана кои слики и снимки ги добивала од Гоце, таа одговори дека добивала од Гоце само слики, и една видео снимка.

На денешното рочиште поради здравствени причини не се појави сведокот Гоце Трајковски.

The post Сведочеше целото семејство на таткото на Вања, дали тој има поврзаност со грабнувањето? appeared first on Република.

]]>

Во Основниот кривичен суд Скопје во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска на предлог на Обвинителството беа сослушани родителите, сестрата и внукот на таткото на Вања. На сослушувањето тие зборуваа за моментот кога дознале дека Вања ја нема и нејзината потрага. Тие зборуваа и за нивните семејни односи и материјалната состојба. Зоран Ѓорчевски, татко на Александар, пред судот денеска изјави дека бил во постојан контакт со фамилијата, а за исчезнувањето на Вања дознал од неговата поранешна сопруга. -Јас сум во постојан контакт со фамилијата, се јавив и мајка му на Сашо плачеше, ме извести дека ја нема Вања. Го побарав Александар да ми каже што треба, тој ми рече ја нема Вања. Се ставив на располагање што треба, во секое време, кажете каде да се вклучам, рече тој. Дополни дека Александар го замолил да контактира со некои што би можеле да помогнат, при што се јавил кај негови пријатели во земјата и странство.
- Се јавував во Грција на деловен партнер да не има некои сознанија, рече тој.
Прашан дали го познава Гоце Трајковски, тој одговори дека биле кумови и дека во контакт со фамилијата разбрал дека и Гоце учествувал во истрагата. Таткото на Александар сподели дека Александар работел, немал долгови и одамна имал зависност од која се излечил, а потоа стапил во брак. Во однос на прашањето дали му била позната сопственоста на станот на Наум Наумовски Борче, тој одговори не. - Во нивниот брак, што поседувале, што имале, тоа нивна работа, како ги добиле што ги добиле, како ги купиле. Тие се фамилија и не знам, рече тој. Мајката на Александар, Иванка Ѓорчевска, на сослушувањето кажа дека Александар живеел со неа, потоа со Зорица, а после разводот, пак се вратил кај неа во 2018 година.
- Работеше, меѓутоа една година паузираше. Има 22 години стаж, беше во работен однос. Кога се родија децата, Сашко го прекина работниот однос, ги гледаше децата, рече таа.
Прашана како се издржувал додека не работел, таа одговори дека се голема фамилија која се поддржува меѓу себе. И таа потврди дека Александар бил зависник. - Беше зависен од дрога, успешно заврши, беше краток период, сега е сѐ во ред, рече таа. Прашана каде бил Александар на 27 ноември 2023 година, таа објасни дека Зорица му се јавила утрото и му кажала дека Вања ја нема.
- Се загрижив да не е грабната за органи или за проституција, рече таа.
За Гоце Трајковски, рече дека е син на некое старо кумство од нејзиниот свекор. Сестрата на Александар, Оли Нешковиќ, на сослушувањето зборуваше за моментот кога дознала дека Вања ја нема и процесот на потрагата. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/od-kade-im-se-snimkite-od-tsitroenot-na-panche-na-kiratsa-i-sinot/
- Сите бевме во паника, не ни беше јасно што се случува. Сите го тврдевме тоа дека не си отишла самоволно, полицијата цело време го наметнуваше тоа, рече таа.
Посочи дека сите се ангажирале на каков било начин да помогнат во потрагата при што, како што рече, пишале на детективска агенција од Босна, а од таму им посочиле дека немаат ингеренции, потоа нашле интернет формулар од Американска Амбасада која што ја контактирале за сателитски снимки. Во врска со прашањето кој го известил Гоце, таа рече дека го известила мајка му Кираца. - Зорица ја контактирала, ѝ пишала порака, она помислила дека Гоце може да помогне во ситуацијата со своите познанства, рече таа. Прашана што конкретно Гоце помагал, таа одговори во сѐ.
- Бараше снимки на камери, сите се движеа, се гледаше каде имаше камера, менувачница, фризерница... Многу брзо првиот ден и полицијата и ние сфативме дека нема камера што ја фаќа Вања, рече таа.
Прашана дали дошле Гоце и другите што му помагале до некоја констатација, таа одговори дека доколку имало нешто сомнително сите се собирале за консултација, додавајќи дека по два дена довербата во полицијата максимално ја изгубиле. За сопственоста на станот на улицата „Наум Наумовски Борче“ и зависностите на Александар, рече дека Александар бил сопственик на станот и бил зависник пред 25 години. Во однос на познавањета со обвинетиот Љупчо Палевски, таа одговори дека не го познава, а разбрала за него кога ја градел зградата на „Наум Наумовски Борче“. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vnukot-na-aleksandar-mu-pishal-na-ilon-mask-da-ja-najde-vana/ Прашана дали ѝ кажал некогаш Александар Ѓорчевски дали имал комуникација со Палевски, таа одговори негативно. - Не ми кажал, сега разговараме, не се знаат, различни кругови, рече таа. На вкрстени прашања од обвинетиот Љупчо Палевски, беше прашана дали во полиција ја прашале дали нејзината снаа е во врска со него, при што таа одговори потврдно. - Ме прашаа дали ве познавам и дали снаа ми е во врска со вас, јас реков дека немам никакви сознанија, рече таа. Сведокот Иво Нешковиќ, внук на Александар, сподели дека се ангажирал во пребарување на интернет за сѐ што е поврзано со Вања. - Мајка ми ме извести дека Вања ја нема, можеш ли да помогнеш некако затоа што мојата експертиза е софтверски инжинеринг, рече тој. Дополни дека ги нашол формуларите на Ејпл преку кои може да се побара да се пронајде локација и на исклучен ајфон и ги дал да се пратат од владина електронска пошта.
-Ејпл има безбедносен систем да може да се лоцира иако е исклучен. Ги најдов формуларите, им ги пратив да ги испратат од владин емаил. Исто така се понудив да ми дадат пристап до компјутерот на Вања да најдам податоци низ нејзините разговори. Седев цело време на интернет, ги пратев сите објави . Кажав дека ќе бидам филтер за сите што пишуваат на Фејсбук, рече тој, дополнувајќи дека пишал и на една од компаниите на Илон Маск, со цел да го смири Александар, за кого рече дека бил во агонија.
Прашан дали се познава со Палевски и дали Александар му кажал дека комуницирал некогаш со него, одговори негативно. Сведокот Кираца Трајковска, мајка на Гоце Трајковски, денеска сведочеше во врска со сознанието дека Вања исчезнала и помошта што ја пружиле. Таа сподели дека Палчо ѝ е зет за втора братучетка и дека била заменик генерален директор во Фершпед, каде што своевремено работел Александар.
- Порано комуницирав повеќе, последните години сум во Белград и тие контакти се поретки. Кога разбрав им пуштив на децата, Гоце мораше да ме праша кое е девојчето. Му кажав дека е ќерка на Сашко. Бидејќи се работи за девојче во тие години се сомневаме и ги баравме сите можни ситуации што би можело да се случи со девојчето. Тогаш бевме сите истражители, за кое било дете ќе помогнеме, рече таа.
Дополни дека го побарала Гоце за помош.- Му кажав на Гоце да помогне, затоа што знам дека Саше е многу мирен, повлечен, тој е родител и дека во тие моменти родителите поинаку размислуваат, не ќе може да резонираат како што треба. Гоце е помангуп, рече таа. Образложи дека Гоце влегувал по кафулиња, по распаднати куќи во Дебар, ја барал пешки. Во одреден момент, како што рече, сподели дека се посомневале дека девојчето се губи во зградата. - Дури во еден момент ѝ рече на Зорица дали Вања спиела дома, на што таа одговори потврдно, и ја расчисти таа околност, рече таа. Сведочеше дека два дена биле фокусирани за движењата пешки околу зградата, а третиот ден се фокусирале на движењето на возилата при што забележале сомнително возило дека тргнува пред зградата по што разбравме дека го нема Панче Жежовски.
- Мислевме дека тој ја земал, ја однел негде надвор, рече таа.
Дополни дека потоа се распрашале за Панче и преку пријатели од Велес обезбедиле снимки од кои се гледа каде се упатиле возилата. Прашана дали се познава со Палевски, рече дека го познава откако се оженил со братучетка ѝ и дека не само што и е зет туку и деловен партнер. Прашана дали верува дека Палчо би ја убил Вања, одговори не, особено, како што рече „не за пари“. Во однос на прашањето за станот на „Наум Наумовски Борче“, рече дека ѝ било познато дека бил купен од Палчо. Прашана кои слики и снимки ги добивала од Гоце, таа одговори дека добивала од Гоце само слики, и една видео снимка. На денешното рочиште поради здравствени причини не се појави сведокот Гоце Трајковски.  

The post Сведочеше целото семејство на таткото на Вања, дали тој има поврзаност со грабнувањето? appeared first on Република.

]]>
Внукот на Александар му пишал на Илон Маск да ја најде Вања https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vnukot-na-aleksandar-mu-pishal-na-ilon-mask-da-ja-najde-vana/ Fri, 15 Nov 2024 10:55:51 +0000 https://republika.mk/?p=838064

На денешното рочиште сведочеше и Иво Нешковиќ, внук од сестра на Александар Ѓорчевски. Обвинителката го праша на кој начин комуницирале со вујкото.

На мобилен, на „вибер“, но и преку апликацијата „дискорд“. Тоа е апликација која ја користат луѓе што играат видео игри, рече тој.

Иво се разбирал во технолигија и телефони и се понудил да ги контролира пораките на фејсбук-профилот на мајката на Вања, Зорица, затоа што како рече имало гадни коментари.

Александар побара од мене да му пишам на Илон Маск преку „твитер“ да ја најде Вања преку сателит. Знаев дека тоа е невозможно, но го направив за да го смирам, бидејќи беше многу вознемирен, објасни внукот на Александар.

Иво го помагал вујкото и во август минатата година му позајмил 30.000 денари, но Александар секогаш инсистирал да му ги врати.

Претходно сведочеа таткото, мајката и сестрата на Александар:

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dedoto-na-vana-aleksandar-beshe-na-lechene-i-se-izlechi/

The post Внукот на Александар му пишал на Илон Маск да ја најде Вања appeared first on Република.

]]>

На денешното рочиште сведочеше и Иво Нешковиќ, внук од сестра на Александар Ѓорчевски. Обвинителката го праша на кој начин комуницирале со вујкото.
На мобилен, на „вибер“, но и преку апликацијата „дискорд“. Тоа е апликација која ја користат луѓе што играат видео игри, рече тој.
Иво се разбирал во технолигија и телефони и се понудил да ги контролира пораките на фејсбук-профилот на мајката на Вања, Зорица, затоа што како рече имало гадни коментари.
Александар побара од мене да му пишам на Илон Маск преку „твитер“ да ја најде Вања преку сателит. Знаев дека тоа е невозможно, но го направив за да го смирам, бидејќи беше многу вознемирен, објасни внукот на Александар.
Иво го помагал вујкото и во август минатата година му позајмил 30.000 денари, но Александар секогаш инсистирал да му ги врати. Претходно сведочеа таткото, мајката и сестрата на Александар: https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dedoto-na-vana-aleksandar-beshe-na-lechene-i-se-izlechi/

The post Внукот на Александар му пишал на Илон Маск да ја најде Вања appeared first on Република.

]]>
Мајката на Александар: Синот имаше проблеми со дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/majkata-na-aleksandar-sinot-imashe-problemi-so-droga/ Fri, 15 Nov 2024 09:50:44 +0000 https://republika.mk/?p=838008

После разводот од Зорица, Александар се врати да живее со мене во станот на „Партизанска“, рече на денешното рочиште Иванка Ѓорчевска, мајка на Александар Ѓорчевски.

За синот рече дека работел цело време, освен минатата година бидејќи имал проблеми на работа, откри мајката.

Мојата пензија е, околу 20.000 денари но ние сме голема фамилија и си помагаме и никогаш немавме финансиски проблеми, рече Ѓорчевска.

Мајката призна дека Александар имал проблем со зависности во минатото.

Тоа беше пред 25-30 години. Имаше проблем со дрога но се излечи, но тоа заврши, рече мајката.

Претходно сведочеше и неговиот татко, Зоран Ѓорчевски.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dedoto-na-vana-aleksandar-beshe-na-lechene-i-se-izlechi/

The post Мајката на Александар: Синот имаше проблеми со дрога appeared first on Република.

]]>

После разводот од Зорица, Александар се врати да живее со мене во станот на „Партизанска“, рече на денешното рочиште Иванка Ѓорчевска, мајка на Александар Ѓорчевски. За синот рече дека работел цело време, освен минатата година бидејќи имал проблеми на работа, откри мајката.
Мојата пензија е, околу 20.000 денари но ние сме голема фамилија и си помагаме и никогаш немавме финансиски проблеми, рече Ѓорчевска.
Мајката призна дека Александар имал проблем со зависности во минатото.
Тоа беше пред 25-30 години. Имаше проблем со дрога но се излечи, но тоа заврши, рече мајката.
Претходно сведочеше и неговиот татко, Зоран Ѓорчевски. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dedoto-na-vana-aleksandar-beshe-na-lechene-i-se-izlechi/  

The post Мајката на Александар: Синот имаше проблеми со дрога appeared first on Република.

]]>
Дедото на Вања: Александар беше на лечење и се излечи https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dedoto-na-vana-aleksandar-beshe-na-lechene-i-se-izlechi/ Fri, 15 Nov 2024 09:41:06 +0000 https://republika.mk/?p=838004

Се јавив да прашам како се, и мајката на Александар ми кажа дека ја нема Вања, рече на денешното рочиште таткото на Александар Ѓорчевски, Зоран. Со мајката на Александар, како што наведе, се разведени 40 години.

Зоран Ѓорчевски пред судот рече дека потоа се слушнал и со синот и од него побарал да се јави кај некои пријатели и деловни партнери да праша дали имаат информации.

За Гоце, за кого досегашните сведоци открија дека на барање на Александар трагал по Вања, рече дека со неговата фамилија се стари кумови и знае дека и тој учествувал во потрагата.

Информациите за тоа до каде е потрагата, главно ги дознавал, како што кажа, од ќерката Оли.

Таткото за синот рече дека работел во „Фершпед“ и „Кометал“ и повторно во „Фершпед“.

Кога се случи настанот тој не работеше и се издржуваше од мојата и од пензијата на мојата поранешна сопруга. Беше и на лечење и се изглечи, откри таткото Зоран.

Ѓорчевски за себе рече дека бил деловен човек и оти до пензионирањето работел во „Интеримпекс“, „Макошпед“, „Технометал“ и „Кометал“.

The post Дедото на Вања: Александар беше на лечење и се излечи appeared first on Република.

]]>

Се јавив да прашам како се, и мајката на Александар ми кажа дека ја нема Вања, рече на денешното рочиште таткото на Александар Ѓорчевски, Зоран. Со мајката на Александар, како што наведе, се разведени 40 години. Зоран Ѓорчевски пред судот рече дека потоа се слушнал и со синот и од него побарал да се јави кај некои пријатели и деловни партнери да праша дали имаат информации. За Гоце, за кого досегашните сведоци открија дека на барање на Александар трагал по Вања, рече дека со неговата фамилија се стари кумови и знае дека и тој учествувал во потрагата. Информациите за тоа до каде е потрагата, главно ги дознавал, како што кажа, од ќерката Оли. Таткото за синот рече дека работел во „Фершпед“ и „Кометал“ и повторно во „Фершпед“.
Кога се случи настанот тој не работеше и се издржуваше од мојата и од пензијата на мојата поранешна сопруга. Беше и на лечење и се изглечи, откри таткото Зоран.
Ѓорчевски за себе рече дека бил деловен човек и оти до пензионирањето работел во „Интеримпекс“, „Макошпед“, „Технометал“ и „Кометал“.

The post Дедото на Вања: Александар беше на лечење и се излечи appeared first on Република.

]]>
Да му пратиме порака на Илон Маск да ја најде Вања преку сателит, предлагал таткото Александар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/da-mu-pratime-poraka-na-ilon-mask-da-ja-najde-vana-preku-satelit-predlagal-tatkoto-aleksandar/ Wed, 13 Nov 2024 09:32:33 +0000 https://republika.mk/?p=837073

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеше братучетката на Зорица Ѓорчевска, Маја Спировска. Таа го објасни однесувањето на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. За Спировска било чудно што Александар и неговиот кум Гоце го посочиле „цитроенот“ дека е можеби поврзан со грабнувањето на Вања.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ke-odgovori-li-kumashinot-gotse-zoshto-im-ja-dal-na-politsijata-snimkata-od-tsitroenot-na-benziska/

Тие мислеле дека возачот на автомобилот ја киднапирал Вања пред влезот на зградата.

Но, Александар имал и чудни предлози.

Да му пратиме порака на Илон Маск да ја најде Вања преку сателит. Не знам како да стапиме во контакт со него, прашувал таткото на Вања, раскажа сведокот.

The post Да му пратиме порака на Илон Маск да ја најде Вања преку сателит, предлагал таткото Александар appeared first on Република.

]]>

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеше братучетката на Зорица Ѓорчевска, Маја Спировска. Таа го објасни однесувањето на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. За Спировска било чудно што Александар и неговиот кум Гоце го посочиле „цитроенот“ дека е можеби поврзан со грабнувањето на Вања. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ke-odgovori-li-kumashinot-gotse-zoshto-im-ja-dal-na-politsijata-snimkata-od-tsitroenot-na-benziska/ Тие мислеле дека возачот на автомобилот ја киднапирал Вања пред влезот на зградата. Но, Александар имал и чудни предлози.
Да му пратиме порака на Илон Маск да ја најде Вања преку сателит. Не знам како да стапиме во контакт со него, прашувал таткото на Вања, раскажа сведокот.

The post Да му пратиме порака на Илон Маск да ја најде Вања преку сателит, предлагал таткото Александар appeared first on Република.

]]>
Освен сведочењето на обвинетите Велибор и Боре, засега нема друг доказ дека Палчо од таткото на Вања дознал кога таа ќе излезе од дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/osven-svedocheneto-na-obvinetite-velibor-i-bore-zasega-nema-drug-dokaz-deka-palcho-od-tatkoto-na-vana-doznal-koga-taa-ke-izleze-od-doma/ Sat, 19 Oct 2024 06:53:46 +0000 https://republika.mk/?p=828589

Досегашните рочишта за случајот на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски укажуваат на можна поврзаност на таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски со првосомничениот Љупчо Палевски.

Тоа го тврдат двајцата началници Музефер Калишиќ и Дејан Димовски кои сведочеа дека однесувањето на Александар било во најмала рака чудно и дека имале впечаток оти тој се интересира какви информации има полицијата за него.

Димовски вчера истакна дека токму осомничените Велибор Манев и Боре Видевски му кажале дека Палчо е сторителот на двете убиства. Згора на тоа, според тврдењето на Велибор и Боре, токму таткото Александар му кажал на Палчо дека Вања ќе оди на училиште без помалата сестра Миња.

Но, едно е тврдење а друго доказ. Ќе видиме дали во текот на расправата Обвинителството ќе понуди доказ дека Александар му кажал на Палчо дека Вања тој ден ќе оди сама на училиште.

Симптоматично е тоа досега никој не потврди дека имало барање за откуп на девојчето кон семејството иако Александар во порака која по грешка ја испратил во школската група на Вања напишал „само кажете колку пари треба“. Пораката веднаш ја избришал.

Палчо вчера го праша  Димовски дали е откриена комуникација меѓу него и Александар?

Началникот кратко одговори - Не.

The post Освен сведочењето на обвинетите Велибор и Боре, засега нема друг доказ дека Палчо од таткото на Вања дознал кога таа ќе излезе од дома appeared first on Република.

]]>

Досегашните рочишта за случајот на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски укажуваат на можна поврзаност на таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски со првосомничениот Љупчо Палевски. Тоа го тврдат двајцата началници Музефер Калишиќ и Дејан Димовски кои сведочеа дека однесувањето на Александар било во најмала рака чудно и дека имале впечаток оти тој се интересира какви информации има полицијата за него. Димовски вчера истакна дека токму осомничените Велибор Манев и Боре Видевски му кажале дека Палчо е сторителот на двете убиства. Згора на тоа, според тврдењето на Велибор и Боре, токму таткото Александар му кажал на Палчо дека Вања ќе оди на училиште без помалата сестра Миња. Но, едно е тврдење а друго доказ. Ќе видиме дали во текот на расправата Обвинителството ќе понуди доказ дека Александар му кажал на Палчо дека Вања тој ден ќе оди сама на училиште. Симптоматично е тоа досега никој не потврди дека имало барање за откуп на девојчето кон семејството иако Александар во порака која по грешка ја испратил во школската група на Вања напишал „само кажете колку пари треба“. Пораката веднаш ја избришал. Палчо вчера го праша  Димовски дали е откриена комуникација меѓу него и Александар? Началникот кратко одговори - Не.    

The post Освен сведочењето на обвинетите Велибор и Боре, засега нема друг доказ дека Палчо од таткото на Вања дознал кога таа ќе излезе од дома appeared first on Република.

]]>
„Само кажете колку пари треба“ напишал Александар во школската група на Вања и веднаш ја избришал пораката https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/samo-kazhete-kolku-pari-treba-napishal-aleksandar-vo-shkolskata-grupa-na-vana-i-vednash-ja-izbrishal-porakata/ Fri, 18 Oct 2024 10:08:10 +0000 https://republika.mk/?p=828410

Велимир (Манев) и Боре (Видевски) ни кажаа дека таткото на Вања му кажал на Палчо дека Вања сама ќе оди во школо, ја кажа можеби клучната реченица началникот Дејан Димовски за Александар Ѓорчевски.

Полицијата забележала дека тој бил фатен на камера кај „Александар Палас“ и Качанички пат.

Кога прашале што бара натаму рекол дека гледал на филмови дека ако некој е киднапиран оди кон граница. Кога го прашале зошто не заминал, рекол дека имало гужва.

На полицијата ѝ била чудна пораката која Александар ѝ ја пратил на Вања - следниот ден да се облече убаво оти ќе било многу ладно.

Александар, според зборовите на началникот, ѝ рекол на поранешната сопруга „Не се секирај, ако побараат откуп ќе земеме од кај Хари“.

Доказ, кој можеби ќе биде клучен за овој случај, е пораката што Александар по грешка ја пратил во школската група кај Вања, но веднаш ја избришал.

Полицијата ја вратила и во неа пишувало:

Само кажете колку пари треба.

Кон кого била упатена засега е непознато.

The post „Само кажете колку пари треба“ напишал Александар во школската група на Вања и веднаш ја избришал пораката appeared first on Република.

]]>

Велимир (Манев) и Боре (Видевски) ни кажаа дека таткото на Вања му кажал на Палчо дека Вања сама ќе оди во школо, ја кажа можеби клучната реченица началникот Дејан Димовски за Александар Ѓорчевски. Полицијата забележала дека тој бил фатен на камера кај „Александар Палас“ и Качанички пат. Кога прашале што бара натаму рекол дека гледал на филмови дека ако некој е киднапиран оди кон граница. Кога го прашале зошто не заминал, рекол дека имало гужва. На полицијата ѝ била чудна пораката која Александар ѝ ја пратил на Вања - следниот ден да се облече убаво оти ќе било многу ладно. Александар, според зборовите на началникот, ѝ рекол на поранешната сопруга „Не се секирај, ако побараат откуп ќе земеме од кај Хари“. Доказ, кој можеби ќе биде клучен за овој случај, е пораката што Александар по грешка ја пратил во школската група кај Вања, но веднаш ја избришал. Полицијата ја вратила и во неа пишувало:
Само кажете колку пари треба.
Кон кого била упатена засега е непознато.

The post „Само кажете колку пари треба“ напишал Александар во школската група на Вања и веднаш ја избришал пораката appeared first on Република.

]]>
Aдвокатот на Александар Ѓорчевски: Таткото на Вања бил физички малтретиран во присуство на началникот кој сведочеше https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/advokatot-na-aleksandar-gorchevski-tatkoto-na-vana-bil-fizichki-maltretiran-vo-prisustvo-na-nachalnikot-koj-svedocheshe/ Wed, 16 Oct 2024 12:04:20 +0000 https://republika.mk/?p=827621

Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар Ѓорчевски смета дека началникот Музафер Калишиќ изнел само свое видување и сомнеж за поврзаноста на таткото на Вања за киднапирањето на ќерката.

Тој не даде никаква аргументација на што се должи неговиот сомнеж.Од друга страна видовме дека да не биле Александар и Гоце уште би претпоставувале што и како се случило со овие лица и уште немаше да имаме епилог.Началникот во тоа време врши многу висока функција. Тој извекол мислење дека само Александар му е сомнителен поради неговото чудно однесување.Токму овој сведок е човекот кој Александар го донел на обвинителна клупа без ниту еден аргумент и доказ, наместо да го направи она за што бил платен од граѓаните.Добро е што тој веќе не ја раководи таа служба.

Aдвокатот е убеден дека началникот не ја кажува вистина околу физичкото малтретирање на Алекснадар.

Пред него се одвива целата тортура врз Александар.Тој е во просторијата заедно со Алекандар и заедно со двајца или тројца негови колеги. Тоа што го кажа инспекторот не е точно, тоа се одвивало пред неговите очи.Имаме и лекарски извештај каде при преглед се утврдени повреди кои се настанати точно кога Александар бил во полициска станица-објасни адвокатот.

The post Aдвокатот на Александар Ѓорчевски: Таткото на Вања бил физички малтретиран во присуство на началникот кој сведочеше appeared first on Република.

„Да видиме со мафијата, да не има нешто“, велел Александар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/da-vidime-so-mafijata-da-ne-ima-neshto-velel-aleksandar/ Wed, 16 Oct 2024 10:40:24 +0000 https://republika.mk/?p=827568

Началникот Музафер Калишиќ, помошник началник на СВР Скопје кога се случи убиството на Вања Ѓорчевска, на крајот на своето сведочење повторно се осврна на однесувањето на таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Тој повтори дека Ѓорчевски постојано давал конфузни одговори за тоа зошто мисли дека неговата ќерка е кидинапирана.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsiski-nachalnik-odnesuvaneto-na-aleksandar-beshe-chudno-i-konfuzno-postojano-povtoruvashe-deka-vana-e-kidnapirana-i-ubiena/

Да видиме со мафијата, да не има нешто, велел Александар.

Инспекторот посочи и дека дента кога Вања исчезнала, таткото тргнал да ја бара кон хотелот „Александар Палас“ и кон Качанички пат, но се вратил оти имало многу гужва.

https://republika.mk/vesti/makedonija/aleksandar-mi-kazha-deka-vana-e-kidnapirana-veli-nejzinata-majka/

Началникот на прашање на адвокатот Туфегџиќ дали има информации дали Ѓорчевски бил тепан во полициска станица откако го привеле рече дека не знае за такво нешто.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/do-togash-ne-znaele-deka-sluchaite-se-povrzani-obvinetiot-keshishov-go-odnesol-nachalnikot-do-mestoto-kade-shto-e-ubiena-vana/

The post „Да видиме со мафијата, да не има нешто“, велел Александар appeared first on Република.

]]>

Началникот Музафер Калишиќ, помошник началник на СВР Скопје кога се случи убиството на Вања Ѓорчевска, на крајот на своето сведочење повторно се осврна на однесувањето на таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Тој повтори дека Ѓорчевски постојано давал конфузни одговори за тоа зошто мисли дека неговата ќерка е кидинапирана. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsiski-nachalnik-odnesuvaneto-na-aleksandar-beshe-chudno-i-konfuzno-postojano-povtoruvashe-deka-vana-e-kidnapirana-i-ubiena/
Да видиме со мафијата, да не има нешто, велел Александар.
Инспекторот посочи и дека дента кога Вања исчезнала, таткото тргнал да ја бара кон хотелот „Александар Палас“ и кон Качанички пат, но се вратил оти имало многу гужва. https://republika.mk/vesti/makedonija/aleksandar-mi-kazha-deka-vana-e-kidnapirana-veli-nejzinata-majka/ Началникот на прашање на адвокатот Туфегџиќ дали има информации дали Ѓорчевски бил тепан во полициска станица откако го привеле рече дека не знае за такво нешто. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/do-togash-ne-znaele-deka-sluchaite-se-povrzani-obvinetiot-keshishov-go-odnesol-nachalnikot-do-mestoto-kade-shto-e-ubiena-vana/

The post „Да видиме со мафијата, да не има нешто“, велел Александар appeared first on Република.

]]>
Кабелот од камерата од објект спроти зградата на Вања бил исечен https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kabelot-od-kamerata-od-objekt-sproti-zgradata-na-vana-bil-isechen/ Wed, 16 Oct 2024 09:08:06 +0000 https://republika.mk/?p=827480

Полицискиот началник Музафер Калишиќ, кој ја водеше потрагата по Вања Ѓорчевска, на денешното рочиште ги опиша средбите со таткото Александар.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsiski-nachalnik-odnesuvaneto-na-aleksandar-beshe-chudno-i-konfuzno-postojano-povtoruvashe-deka-vana-e-kidnapirana-i-ubiena/

Една посебно му била чудна и оти се случила пред зградата на Александар. На неа тој дошол заедно со извесен Гоце Трајковски. Александар го претставил Гоце како старо кумство и оти се немаат видено 20 години. Тие му дале на началникот снимки од камери кои полицијата веќе ги имала и затоа и им било нејасно од каде и како ги прибавува.

Следната средба кумовите му посочиле на началникот камера од објект кој гледал директно во зградата каде беше грабната Вања. Му рекле дека има една камера спроти куќата која може нешто да покаже.

Кога отидовме да ја побараме снимката од сопстениците на објектот видовме дека кабелот е исечен, објасни началикот.

Сопствениците на објектот рекле дека до претходниот ден камерата нормално работела.

The post Кабелот од камерата од објект спроти зградата на Вања бил исечен appeared first on Република.

]]>

Полицискиот началник Музафер Калишиќ, кој ја водеше потрагата по Вања Ѓорчевска, на денешното рочиште ги опиша средбите со таткото Александар. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsiski-nachalnik-odnesuvaneto-na-aleksandar-beshe-chudno-i-konfuzno-postojano-povtoruvashe-deka-vana-e-kidnapirana-i-ubiena/ Една посебно му била чудна и оти се случила пред зградата на Александар. На неа тој дошол заедно со извесен Гоце Трајковски. Александар го претставил Гоце како старо кумство и оти се немаат видено 20 години. Тие му дале на началникот снимки од камери кои полицијата веќе ги имала и затоа и им било нејасно од каде и како ги прибавува. Следната средба кумовите му посочиле на началникот камера од објект кој гледал директно во зградата каде беше грабната Вања. Му рекле дека има една камера спроти куќата која може нешто да покаже.
Кога отидовме да ја побараме снимката од сопстениците на објектот видовме дека кабелот е исечен, објасни началикот.
Сопствениците на објектот рекле дека до претходниот ден камерата нормално работела.

The post Кабелот од камерата од објект спроти зградата на Вања бил исечен appeared first on Република.

]]>
Полициски началник: Однесувањето на Александар беше чудно и конфузно, постојано повторуваше дека Вања е киднапирана и убиена https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/politsiski-nachalnik-odnesuvaneto-na-aleksandar-beshe-chudno-i-konfuzno-postojano-povtoruvashe-deka-vana-e-kidnapirana-i-ubiena/ Wed, 16 Oct 2024 08:54:37 +0000 https://republika.mk/?p=827464

Првата средба со родителите на Вања беше во ЕБР центар, а таткото Александар беше чудно и конфузно и беше потиштен. Мајката беше поприбрана, објасни сведокот на Обвинителството Музафер Калишиќ, помошник началник на СВР Скопје кога се случи убиството на Вања Ѓорчевска, на денешното рочиште за случајот со убиствата на малолетното девојче и велешанецот Панче Жежовски, кое денеска продолжи во Основниот кривичен суд во Скопје.

[caption id="attachment_827427" align="aligncenter" width="754"] Судење за убиствата на Вања и Панче, 16 октомври 2024 (фото: Република)[/caption]

Калишиќ објасни каде ја барале Вања.

Инсистирав да одиме во станот во Капиштец, иако Александар рече дека џабе ќе одиме таму бидејќи веќе бил таму. Тој упорно повторуваше дека џабе го губиме времето оти Вања сигурно е киднапирана, ги објасни зборовите на таткото на Вања полицискиот началник.

Началникот рече дека му станало сомнително зошто Александар не излегува од автомобилот кога ја барале низ населбата Капиштец и на Водно.

Тој постојано повторуваше дека губиме време и оти Вања е киднапирана и убиена. Кога го прашавме зошто мисли така, тој даваше конфузни одговори. Кога ја прашавме мајката зошто е таков, таа немаше одговор, објасни Калишиќ.

The post Полициски началник: Однесувањето на Александар беше чудно и конфузно, постојано повторуваше дека Вања е киднапирана и убиена appeared first on Република.

]]>

Првата средба со родителите на Вања беше во ЕБР центар, а таткото Александар беше чудно и конфузно и беше потиштен. Мајката беше поприбрана, објасни сведокот на Обвинителството Музафер Калишиќ, помошник началник на СВР Скопје кога се случи убиството на Вања Ѓорчевска, на денешното рочиште за случајот со убиствата на малолетното девојче и велешанецот Панче Жежовски, кое денеска продолжи во Основниот кривичен суд во Скопје. [caption id="attachment_827427" align="aligncenter" width="754"] Судење за убиствата на Вања и Панче, 16 октомври 2024 (фото: Република)[/caption] Калишиќ објасни каде ја барале Вања.
Инсистирав да одиме во станот во Капиштец, иако Александар рече дека џабе ќе одиме таму бидејќи веќе бил таму. Тој упорно повторуваше дека џабе го губиме времето оти Вања сигурно е киднапирана, ги објасни зборовите на таткото на Вања полицискиот началник.
Началникот рече дека му станало сомнително зошто Александар не излегува од автомобилот кога ја барале низ населбата Капиштец и на Водно.
Тој постојано повторуваше дека губиме време и оти Вања е киднапирана и убиена. Кога го прашавме зошто мисли така, тој даваше конфузни одговори. Кога ја прашавме мајката зошто е таков, таа немаше одговор, објасни Калишиќ.

The post Полициски началник: Однесувањето на Александар беше чудно и конфузно, постојано повторуваше дека Вања е киднапирана и убиена appeared first on Република.

]]>
Туфегџиќ: Исказот на мајката на Вања потврди дека Александар не е инволвиран https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tufegdhik-iskazot-na-majkata-na-vana-potvrdi-deka-aleksandar-ne-e-involviran/ Mon, 14 Oct 2024 10:32:02 +0000 https://republika.mk/?p=826511

Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ изјави пред медиумите дека денеска е битен исказот на мајката на починатата, Вања Ѓорчевска – Зорица затоа што, како што вели, се расчистија сите шпекулации и мистерии од откривањето на настанот. Смета дека исказот дава логичен тек на работите и се потврдува тезата на одбраната на Александар дека лицето нема никаква инволвираност.

-Самиот сведок не посочи дека Александар направил нешто невообичаено во тој момент. По однос на тоа што Александар дал своја претпоставка дека девојчето е киднапирано, ако внимателно го слушавте сведокот, појасни дека и таа имала своја теорија дека Вања избегала, дека некој ја прелажал и појасни во која насока она го разговара неговото толкување и мислење дека Вања е киднапирана. Таа појасни дека тој не можел да се помири со фактот и дека им верувал на децата. Затоа неговата теорија била дека тој претпоставува дека нема што друго да биде освен киднапирање. Сите биле вознемирени, со цел да се пронајде детето, рече адвокатот.

Според него, овој исказ на мајката на Вања е различен од оној што го дала во Јавното обвинителство, односно отстапува од тоа што денеска е слушнато.

Денеска продолжи судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче. Еден од тројцата обвинети за соучесништво, по лекувањето на Нефрологија, беше вратен во затворот во Шуто Оризари.

The post Туфегџиќ: Исказот на мајката на Вања потврди дека Александар не е инволвиран appeared first on Република.

]]>

Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ изјави пред медиумите дека денеска е битен исказот на мајката на починатата, Вања Ѓорчевска – Зорица затоа што, како што вели, се расчистија сите шпекулации и мистерии од откривањето на настанот. Смета дека исказот дава логичен тек на работите и се потврдува тезата на одбраната на Александар дека лицето нема никаква инволвираност.
-Самиот сведок не посочи дека Александар направил нешто невообичаено во тој момент. По однос на тоа што Александар дал своја претпоставка дека девојчето е киднапирано, ако внимателно го слушавте сведокот, појасни дека и таа имала своја теорија дека Вања избегала, дека некој ја прелажал и појасни во која насока она го разговара неговото толкување и мислење дека Вања е киднапирана. Таа појасни дека тој не можел да се помири со фактот и дека им верувал на децата. Затоа неговата теорија била дека тој претпоставува дека нема што друго да биде освен киднапирање. Сите биле вознемирени, со цел да се пронајде детето, рече адвокатот.
Според него, овој исказ на мајката на Вања е различен од оној што го дала во Јавното обвинителство, односно отстапува од тоа што денеска е слушнато. Денеска продолжи судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче. Еден од тројцата обвинети за соучесништво, по лекувањето на Нефрологија, беше вратен во затворот во Шуто Оризари.

The post Туфегџиќ: Исказот на мајката на Вања потврди дека Александар не е инволвиран appeared first on Република.

]]>
Вања замина да живее со татко ѝ, но се скара и со него и побара да се врати дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vana-zamina-da-zhivee-so-tatko-no-se-skara-i-so-nego-i-pobara-da-se-vrati-doma/ Mon, 14 Oct 2024 09:08:03 +0000 https://republika.mk/?p=826439

Aлександар беше премногу импулсивен, немавме голема комуникација освен за децата. Се грижеше за децата, но понекогаш им викаше и тие се лутеа поради тоа, откри Зорица Ѓорчевска во улога на сведок на денешното рочиште за двојното убиство на нејзината малолетната ќерка Вања и велешанецот Панче Жежовски во Основниот кривичен суд Скопје.

Тој имаше клуч од станот, на мое инсистирање, поради тоа што беше патент брава и може да се случи да останат надвор што еднаш и се случи, објасни Зорица.

Зорица раскажа и дека додека биле во брак таа воглавно се грижела за финансиите бидејќи Александар не работел. Поради тоа бил тажен и потиштен.

Вања во еден момент ми беше скарана и замина да живее со татко ѝ. Но, се скара и со него. Сакаше да се врати кај мене, но јас и реков дека не може да се врати додека не го подобри односот со татко ѝ. По некое време навистина го подобрија односот, вели Ѓорчевска.

Првиот дел од сведоштвото тука:

https://republika.mk/vesti/makedonija/zoritsa-gorchevska-dojdovme-na-poslednata-lokatsija-kaj-edna-napushtena-kuka-i-pochnavme-da-ja-dovikuvame/

Вториот дел од сведоштвото тука:

https://republika.mk/vesti/aleksandar-mi-kazha-deka-vana-e-kidnapirana-veli-nejzinata-majka/

The post Вања замина да живее со татко ѝ, но се скара и со него и побара да се врати дома appeared first on Република.

Александар ми кажа дека Вања е киднапирана, вели нејзината мајка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aleksandar-mi-kazha-deka-vana-e-kidnapirana-veli-nejzinata-majka/ Mon, 14 Oct 2024 08:51:37 +0000 https://republika.mk/?p=826422

Откако Вања ја немало полицијата го проверувала сутеренот на зградата каде што живееле. Ја зеле и помалата ќерка од учичиште и проверувале на и интернет дали пишува нешто за Вања, продолжи со сведочењето Зорица Ѓорчевска, на денешното судењето за двојното убиство на нејзината малолетната ќеркака и велешанецот Панче Жежовски во Основниот кривичен суд Скопје.

[caption id="attachment_826394" align="aligncenter" width="1170"] Зорица Ѓорчевска (прва од лево)[/caption]

Александар ми рече тогаш дека Вања е киднапирана, нема што друго да биде. Од прв момент го зборуваше тоа. Во текот на наредните денови повторуваше дека е киднапирана – јас му велев кој би ја грабнал? Во еден од наредните денови му се развикав да престане да зборува за тоа дека е киднапирана, зашто дотогаш никој не ни побарал откуп – рече Зорица и додаде дека од продажбата на станот ѝ останале 30.000 евра., се присети Зорица.

Зорица тогаш ја прашала и полицијата дали може да објави дека е киднапирана, а откако ѝ дозволиле тоа и направила.

Во петок сабајле речиси секогаш помалата ќерка одеше сама на училиште. За конкретниот ден класната на помалата ќерка беше болна и затоа немаше да има прв час, додава Ѓорчевска.

Потврди дека - тоа му го кажала и на таткото.

Првиот дел од сведоштвото тука:

https://republika.mk/vesti/makedonija/zoritsa-gorchevska-dojdovme-na-poslednata-lokatsija-kaj-edna-napushtena-kuka-i-pochnavme-da-ja-dovikuvame/

The post Александар ми кажа дека Вања е киднапирана, вели нејзината мајка appeared first on Република.

]]>

Откако Вања ја немало полицијата го проверувала сутеренот на зградата каде што живееле. Ја зеле и помалата ќерка од учичиште и проверувале на и интернет дали пишува нешто за Вања, продолжи со сведочењето Зорица Ѓорчевска, на денешното судењето за двојното убиство на нејзината малолетната ќеркака и велешанецот Панче Жежовски во Основниот кривичен суд Скопје. [caption id="attachment_826394" align="aligncenter" width="1170"] Зорица Ѓорчевска (прва од лево)[/caption]
Александар ми рече тогаш дека Вања е киднапирана, нема што друго да биде. Од прв момент го зборуваше тоа. Во текот на наредните денови повторуваше дека е киднапирана – јас му велев кој би ја грабнал? Во еден од наредните денови му се развикав да престане да зборува за тоа дека е киднапирана, зашто дотогаш никој не ни побарал откуп – рече Зорица и додаде дека од продажбата на станот ѝ останале 30.000 евра., се присети Зорица.
Зорица тогаш ја прашала и полицијата дали може да објави дека е киднапирана, а откако ѝ дозволиле тоа и направила.  
Во петок сабајле речиси секогаш помалата ќерка одеше сама на училиште. За конкретниот ден класната на помалата ќерка беше болна и затоа немаше да има прв час, додава Ѓорчевска.
Потврди дека - тоа му го кажала и на таткото.

Првиот дел од сведоштвото тука:

https://republika.mk/vesti/makedonija/zoritsa-gorchevska-dojdovme-na-poslednata-lokatsija-kaj-edna-napushtena-kuka-i-pochnavme-da-ja-dovikuvame/

The post Александар ми кажа дека Вања е киднапирана, вели нејзината мајка appeared first on Република.

]]>
Туфегџиќ: Група си копала дупки низ Македнија, можеби се спремале ликвидации за други луѓе, а никој ништо не знае! https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tufegdhik-grupa-si-kopala-dupki-niz-makednija-mozhebi-se-spremale-likvidatsii-za-drugi-luge-a-nikoj-nishto-ne-znae/ Sat, 28 Sep 2024 08:40:04 +0000 https://republika.mk/?p=820489

Осомничените за убиството на Вања копалe дупки низ Македонија, една година пред да се случи ликвидацијата. Ова во поткастот „Претрес“ го тврди адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој го брани таткото Александар Ѓорчевски во судскиот процес.

Според него, како можело ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата за случајот со двете убиства да седне и напише дури пресуда, а службите да не знаат што правеле овие лица цела година претходно.

Група си копала дупки низ Македнија, можеби се спремале ликвидации за други луѓе, а никој ништо не знае!, вели Туфегџиќ.

Во адвокатот Туфегџиќ зборуваше и за мотивот на убиството.

https://www.youtube.com/live/bLCIpcqjXyQ?si=Inhdfezb8MMcHP7A

The post Туфегџиќ: Група си копала дупки низ Македнија, можеби се спремале ликвидации за други луѓе, а никој ништо не знае! appeared first on Република.

]]>

Осомничените за убиството на Вања копалe дупки низ Македонија, една година пред да се случи ликвидацијата. Ова во поткастот „Претрес“ го тврди адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој го брани таткото Александар Ѓорчевски во судскиот процес. Според него, како можело ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата за случајот со двете убиства да седне и напише дури пресуда, а службите да не знаат што правеле овие лица цела година претходно.
Група си копала дупки низ Македнија, можеби се спремале ликвидации за други луѓе, а никој ништо не знае!, вели Туфегџиќ.
Во адвокатот Туфегџиќ зборуваше и за мотивот на убиството. https://www.youtube.com/live/bLCIpcqjXyQ?si=Inhdfezb8MMcHP7A

The post Туфегџиќ: Група си копала дупки низ Македнија, можеби се спремале ликвидации за други луѓе, а никој ништо не знае! appeared first on Република.

]]>
Контрадикторни се изјавите на Палевски дека не се познава со такото на Вања и на Обвинителството дека токму Александар му кажал дека помалата ќерка подоцна ќе оди на училиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kontradiktorni-se-izjavite-na-palevski-deka-ne-se-poznava-so-takoto-na-vana-i-na-obvinitelstvoto-deka-tokmu-aleksandar-mu-kazhal-deka-pomalata-kerka-podotsna-ke-odi-na-uchilishte/ Fri, 20 Sep 2024 11:23:49 +0000 https://republika.mk/?p=818151

Започна судењето за случајот кој ја потресе Македонија. Кон крајот на минатата година бевме во шок од грабнувањето, а потоа и од убиството на малата Вања Ѓорчевска како и од убиството на велешкиот фризер Панче Жежовски.

Но, на првото рочиште, јавноста остана со многу недоумици за односот на таткото на Вања и првообвинетиот Љупчо Палевски. Палчо како да се обидуваше да го заштити со изјава дека воопшто не се познаваат со Александар, а камоли дека комуницирале на 27 ноември кога девојчето беше киднапирано во влезот на зградата каде што живеело со мајка си и сестра си.

Палевски дури тврди дека Александар е наместен од страна на полицијата за да направи слика дека тие редовно биле во контакт.

Спротивно на тоа, обвинителката Крстевска во своето излагање тврди дека токму Ѓорчевски му јавил и на 24 ноември кога првично требало да биде грабнато девојчето и три дена подоцна кога грабнале пред влезот во зградата.

„Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев со колата на претходно убиениот Панче Жежовски дошле пред зградата на Вања. Влатко Кешишев чекал во колата, а другите двајца со штрафцигер ја отвориле вратата и со вреќа за спиење во сутеренот ја чекале Вања. Кога таа излегла од лифтот, ја грабнале, ѝ ставиле трака на устата, ѝ ги врзале рацете и нозете со пластични стеги и ја ставиле во вреќата. Ѝ се заканувале за да не вика. Потоа ја ставиле Вања во багажникот на колата, на Партизанска ѝ го скршиле телефонот за да нема сигнал и се упатиле кон Качанички Пат. Во Визбегово се сретнале со Палчо и сите заедно продолжиле кон селото Бразда, каде што ја убиле Вања. Обвинетите во претходно ископана дупка ја ставиле Вања со врзани раци и нозе. Палчо, според обвинителството, со пиштол преку перница пукал во главата на Вања и ја убил. Потоа го закопале телото, а колата ја запалиле - објасни обвинителката.

Текот на судењето ќе покаже кој ја говори вистината. Дали обвинителстото, за кое веруваме дека има доказ за разговорот меѓу Палевски и Ѓорчевски или првобвинетиот.

Таткото на Вања пак денеска не беше јасен дали се знае со Палевски туку само изусти дека сака да се дознае вистината, дека ќе соработува и ќе говори со имиња и презимиња.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-shtraftsiger-ja-otvorile-vratata-i-so-vreka-za-spiene-vo-suterenot-ja-chekale-vana-da-izleze-od-stanot/

The post Контрадикторни се изјавите на Палевски дека не се познава со такото на Вања и на Обвинителството дека токму Александар му кажал дека помалата ќерка подоцна ќе оди на училиште appeared first on Република.

]]>

Започна судењето за случајот кој ја потресе Македонија. Кон крајот на минатата година бевме во шок од грабнувањето, а потоа и од убиството на малата Вања Ѓорчевска како и од убиството на велешкиот фризер Панче Жежовски. Но, на првото рочиште, јавноста остана со многу недоумици за односот на таткото на Вања и првообвинетиот Љупчо Палевски. Палчо како да се обидуваше да го заштити со изјава дека воопшто не се познаваат со Александар, а камоли дека комуницирале на 27 ноември кога девојчето беше киднапирано во влезот на зградата каде што живеело со мајка си и сестра си. Палевски дури тврди дека Александар е наместен од страна на полицијата за да направи слика дека тие редовно биле во контакт. Спротивно на тоа, обвинителката Крстевска во своето излагање тврди дека токму Ѓорчевски му јавил и на 24 ноември кога првично требало да биде грабнато девојчето и три дена подоцна кога грабнале пред влезот во зградата.
„Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев со колата на претходно убиениот Панче Жежовски дошле пред зградата на Вања. Влатко Кешишев чекал во колата, а другите двајца со штрафцигер ја отвориле вратата и со вреќа за спиење во сутеренот ја чекале Вања. Кога таа излегла од лифтот, ја грабнале, ѝ ставиле трака на устата, ѝ ги врзале рацете и нозете со пластични стеги и ја ставиле во вреќата. Ѝ се заканувале за да не вика. Потоа ја ставиле Вања во багажникот на колата, на Партизанска ѝ го скршиле телефонот за да нема сигнал и се упатиле кон Качанички Пат. Во Визбегово се сретнале со Палчо и сите заедно продолжиле кон селото Бразда, каде што ја убиле Вања. Обвинетите во претходно ископана дупка ја ставиле Вања со врзани раци и нозе. Палчо, според обвинителството, со пиштол преку перница пукал во главата на Вања и ја убил. Потоа го закопале телото, а колата ја запалиле - објасни обвинителката.
Текот на судењето ќе покаже кој ја говори вистината. Дали обвинителстото, за кое веруваме дека има доказ за разговорот меѓу Палевски и Ѓорчевски или првобвинетиот. Таткото на Вања пак денеска не беше јасен дали се знае со Палевски туку само изусти дека сака да се дознае вистината, дека ќе соработува и ќе говори со имиња и презимиња. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-shtraftsiger-ja-otvorile-vratata-i-so-vreka-za-spiene-vo-suterenot-ja-chekale-vana-da-izleze-od-stanot/  

The post Контрадикторни се изјавите на Палевски дека не се познава со такото на Вања и на Обвинителството дека токму Александар му кажал дека помалата ќерка подоцна ќе оди на училиште appeared first on Република.

]]>
Им кажал дека сама ќе оди на училиште: И официјално oбвинет таткото на Вања https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/im-kazhal-deka-sama-ke-odi-na-uchilishte-i-ofitsijalno-obvinet-tatkoto-na-vana/ Fri, 31 May 2024 12:20:52 +0000 https://republika.mk/?p=783509

Таткото на девојчето им помогнал да го реализираат нивниот план и тој е обвинет за помагање во кривичното дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.24 од Кривичниот законик.

Ова стои во обвинението кое денеска го објави ОЈО за киднапирањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Во него Александар Ѓорчевски се товари за помагање на киднаперите и убијци на неговата 14-годишна ќерка.

На 27.11.2023, обвинетите и осомничениот, помогнати од четвртиот обвинет, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата „Наум Наумовски Борче” во Скопје. Откако претходно обвинетиот татко на оштетеното дете, преку првоосомничениот дал упатства за времето кога девојчето ќе излезе само за да оди на училиште, тројцата сега обвинети дошле пред влезот на зградата каде живее оштетеното дете. Со штрафцигер ја отвориле вратата од влезот на зградата, па кога жртвата излегла од лифтот, ја фатиле, ја совладале и ја врзале, заканувајќи и се да не вика затоа што ќе пукаат. Ја ставиле во вреќа за спиење со подотворен патент и со автомобил ја однеле во близина на местото викано “Дупки”, во атарот на селото Бразда. Таму на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот малолетното лице, така што првоосомничениот и нанел огнострелна повреда со истрел од пиштол со калибар 9 милиметри, а обвинетите го закопале телото во претходно ископана дупка. Потоа на нива покрај земјен пат, во атарот на селото Бразда, го запалиле автомобилот “Цитроен” со велешки регистарски таблици, за што употребиле бензин во туба што го набавил еден од обвинетите. Таткото на девојчето им помогнал да го реализираат нивниот план и тој е обвинет за помагање во кривичното дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.24 од Кривичниот законик, се вели во обвинението.

Иако казната за грабнување е минимум 4 години затвор, затоа што станува збор за делото „помагање“, Ѓорчевски може да добие и помала казна, доколку е осуден.

Целото обвинение тука:

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vana-i-panche-se-ubieni-na-svirep-nachin-obvinitelstvoto-pokrena-obvinenie-protiv-chetiri-litsa/

The post Им кажал дека сама ќе оди на училиште: И официјално oбвинет таткото на Вања appeared first on Република.

]]>

Таткото на девојчето им помогнал да го реализираат нивниот план и тој е обвинет за помагање во кривичното дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.24 од Кривичниот законик. Ова стои во обвинението кое денеска го објави ОЈО за киднапирањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Во него Александар Ѓорчевски се товари за помагање на киднаперите и убијци на неговата 14-годишна ќерка.
На 27.11.2023, обвинетите и осомничениот, помогнати од четвртиот обвинет, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата „Наум Наумовски Борче” во Скопје. Откако претходно обвинетиот татко на оштетеното дете, преку првоосомничениот дал упатства за времето кога девојчето ќе излезе само за да оди на училиште, тројцата сега обвинети дошле пред влезот на зградата каде живее оштетеното дете. Со штрафцигер ја отвориле вратата од влезот на зградата, па кога жртвата излегла од лифтот, ја фатиле, ја совладале и ја врзале, заканувајќи и се да не вика затоа што ќе пукаат. Ја ставиле во вреќа за спиење со подотворен патент и со автомобил ја однеле во близина на местото викано “Дупки”, во атарот на селото Бразда. Таму на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот малолетното лице, така што првоосомничениот и нанел огнострелна повреда со истрел од пиштол со калибар 9 милиметри, а обвинетите го закопале телото во претходно ископана дупка. Потоа на нива покрај земјен пат, во атарот на селото Бразда, го запалиле автомобилот “Цитроен” со велешки регистарски таблици, за што употребиле бензин во туба што го набавил еден од обвинетите. Таткото на девојчето им помогнал да го реализираат нивниот план и тој е обвинет за помагање во кривичното дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.24 од Кривичниот законик, се вели во обвинението.
Иако казната за грабнување е минимум 4 години затвор, затоа што станува збор за делото „помагање“, Ѓорчевски може да добие и помала казна, доколку е осуден. Целото обвинение тука: https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vana-i-panche-se-ubieni-na-svirep-nachin-obvinitelstvoto-pokrena-obvinenie-protiv-chetiri-litsa/

The post Им кажал дека сама ќе оди на училиште: И официјално oбвинет таткото на Вања appeared first on Република.

]]>
На јавна седница Врховен ќе одлучува за притворот на таткото на Вања https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-javna-sednitsa-vrhoven-ke-odluchuva-za-pritvorot-na-tatkoto-na-vana/ Tue, 23 Apr 2024 15:11:08 +0000 https://republika.mk/?p=769746

Врховниот суд в четврток ќе одржи јавна седница по изјавената жалба на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје за мерката притвор.

Ова е втора јавна седница пред Врховниот суд по мераката притвор на таткото на Вања.

Врховниот суд ја известува јавноста дека по изјавената жалба на осомничениот А. Ѓ. од Скопје, преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, против решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/23 од 02.04.2024 година, по која е формиран предмет во Врховниот суд  како ВКЖ1-14/24, на барање на одбраната закажана е јавна седница за 25.04.2024 година со почеток во 10:00 часот, се вели во соопштението од Врховен.

Претходно во март годинава Врховен ја одби како неоснована жалбата против мерката „притвор“ на Ѓорчевски, по решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ-223/24 од 01.03.2024 година.

Малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка.

По предлог на надлежен обвинител беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството. На Димовски му се определени мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд.

The post На јавна седница Врховен ќе одлучува за притворот на таткото на Вања appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд в четврток ќе одржи јавна седница по изјавената жалба на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје за мерката притвор. Ова е втора јавна седница пред Врховниот суд по мераката притвор на таткото на Вања.
Врховниот суд ја известува јавноста дека по изјавената жалба на осомничениот А. Ѓ. од Скопје, преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, против решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/23 од 02.04.2024 година, по која е формиран предмет во Врховниот суд  како ВКЖ1-14/24, на барање на одбраната закажана е јавна седница за 25.04.2024 година со почеток во 10:00 часот, се вели во соопштението од Врховен.
Претходно во март годинава Врховен ја одби како неоснована жалбата против мерката „притвор“ на Ѓорчевски, по решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ-223/24 од 01.03.2024 година. Малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември. За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка. По предлог на надлежен обвинител беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството. На Димовски му се определени мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд.

The post На јавна седница Врховен ќе одлучува за притворот на таткото на Вања appeared first on Република.

]]>
Со солзи во очите таткото на Вања рече дека трпи тортура во притвор и размислува за самоубиство https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-solzi-vo-ochite-tatkoto-na-vana-reche-deka-trpi-tortura-vo-pritvor-i-razmisluva-za-samoubistvo/ Wed, 13 Mar 2024 14:06:56 +0000 https://republika.mk/?p=754459

Во Врховниот суд на Република Македонија денеска се одржа јавна седница по жалбата против мерката притвор на Александар Ѓорчевски, осомничен во предметот за убиството на неговата ќерка, Вања Ѓорчевска. Преку жалбата, одбраната тврди дека притворот е превентивен, што, според нив е недозволиво. Додека, обвинителството вели дека од доказите се извлекува неспорниот заклучок дека во оваа фаза постои основано сомнение дека обвинетиот го сторил кривичното дело кое му се става на товар.

Жалбата следува по одлуката на Апелациониот суд со која беше одбиена жалбата на Ѓорчевски и му ја продолжи мерката притвор поради основано сомнение за сторено кривично дело „грабнување“ до 3 април 2024 година.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на обвинетиот Александар Ѓорчевски, на денешната јавна седница нагласи дека не им е приложен ниту еден доказ или индиција од кој може да се заклучи дека постои минималниот стандард за продолжување на мерката притвор.

- Основано сомнение дека било извршено кривично дело подразбира постоење на факти и информации за кои некој би можел да се убеди дека осомничениот го сторил делото. Аргументите за и против не смеат да бидат општи и апстрактни, туку треба да содржат аргументи кои го оправдуваат притворот, рече тој.

Според него, како што рече, „квази автоматското продолжување на притворот“ е спротивно на законот.

Туфегџиќ нагласи дека осомничениот минува низ процес на загуба, а како што рече, досегашното негово однесување е здрава реакција на загуба на своето дете што, како што дополни, е најтешко нешто што може да му се случи на еден родител.

Според одбраната, исто така, кривичниот совет ја донел одлуката нејасно, неразбирливо и противречно самиот на себе без наведени причини.

Оттаму тврдат дека обвинетиот со проактивна одбрана учествувал во оваа кривична постапка заради целосно разјаснување на работите. Помогнал да се пријават видео записи од различни објекти и ги доставил до полиција. Тие се концизни дека му била определена мерка притвор без да му биде приложен ниту еден доказ за тоа, а судот дал паушални причини.

Одбраната тврди и дека обвинетиот не може да влијае врз сведоците бидејќи сите веќе биле сослушани како и на фактот дека на обвинетиот не му бил дозволен увид во списите. Одбраната, исто така, укажува и на тоа дека обвинетиот во притворскиот објект бил подложен на тортура на начин што повеќе пати бил испитувани од лица кои се претставувале како полициски службеници, односно бил под притисок да го признае делото кое му се става на товар.

Од сите горенаведени причини одбрана смета дека жалбата треба да се прифати, да се определат поблаги мерки или мерката притвор да биде укината.

На ваквите жалбени наводи, Јавното обвинителство доставило одговор во кој предлага жалбата на обвинетиот да се одбие како неоснована.

Според обвинителката Наталија Тасевска, Апелациониот суд Скопје, донел јасно решение во кое има доволно образложени причини дека осомничениот го сторил кривичното дело „грабнување“, кое, како што посочи, со текот на истрагата се надоградува со повеќе докази, а истрагата сѐ уште трае.

- Станува збор за тешко кривично дело од кое е произлезена тешка последица, а за судството во такви дејствија законот предвидува тешка казна, од кое само по себе произлегува причината дека ако обвинетиот е на слобода ќе постои висок степен на веројатност дека ќе се даде во бегство, рече таа.

Дополни дека во оваа фаза на постапката, кога сѐ уште се преземаат истражни дејствија, постои можност обвинетиот да влијае на сведоците со дел да овозможи подобра позиција, односно да истите во текот на понатамошна постапка да ги променат исказите.

- Особено би нагласила дека во оваа фаза на постапката, мерката со која може да се обезбеди непречено водење на кривична постапка е притвор, рече таа.

На денешната јавна седница се изјасни и осомничениот Александар Ѓорѓиевски, таткото на Вања, кој се приклучи на жалбените наводи на неговиот бранител.

- Јас сум поделен на два света во моментов, едното дете ми се наоѓа тука, другото ми го одземаа. Не ми е важно каде ќе ја дочекам разрешница од оваа ситуација, важно ми е да дојде до разрешница, за да можам и јас да донесам одлука како возрасен човек дали ќе продолжам на овој свет или ќе се придружам на постарата ќеркичка, рече тој.

Малолетната Вања Ѓорчевска која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка.

По предлог на надлежен обвинител Судот беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството. На Димовски му се определени мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд

The post Со солзи во очите таткото на Вања рече дека трпи тортура во притвор и размислува за самоубиство appeared first on Република.

Во Врховен утре јавна седница по жалбата за продолжениот притвор на таткото на убиената Вања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-vrhoven-utre-javna-sednitsa-po-zhalbata-za-prodolzheniot-pritvor-na-tatkoto-na-ubienata-vana-2/ Tue, 12 Mar 2024 14:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=754080

Во Врховниот суд утре со почеток од 12 часот ќе се одржи јавна седница по жалбата против мерката притвор на Александар Ѓорчевски, осомничен во предметот за убиството на неговата ќерка, Вања Ѓорчевска.

Како што информираат од Врховен, во кривичниот предмет познат во јавноста како „Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска“, оформен е предметот по жалба на осомничениот Александар Ѓорчевски, изјавена против решението за продолжување на мерката притвор.

Советот за казниви дела при Врховниот суд, постапувајќи по предлогот на осомничениот, истакнат во жалбата изјавена преку бранителот Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, закажа јавна седница за ден 13.03.2024 година, со почеток во 12:00 часот во судницата на 1-ви кат во Врховниот суд, стои во соопштението од Врховен.

Жалбата до Врховен суд следува по одлуката на Апелациониот суд Скопје кој го одби барањето на одбраната на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената 14-годишна Вања, да му се укине мерката притвор. Според Апелација, жалбата е неоснована.

Малолетната Вања Ѓорчевска која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка.

По предлог на надлежен обвинител Судот денеска беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството.

На Димовски му се определени мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд.

The post Во Врховен утре јавна седница по жалбата за продолжениот притвор на таткото на убиената Вања appeared first on Република.

]]>

Во Врховниот суд утре со почеток од 12 часот ќе се одржи јавна седница по жалбата против мерката притвор на Александар Ѓорчевски, осомничен во предметот за убиството на неговата ќерка, Вања Ѓорчевска. Како што информираат од Врховен, во кривичниот предмет познат во јавноста како „Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска“, оформен е предметот по жалба на осомничениот Александар Ѓорчевски, изјавена против решението за продолжување на мерката притвор.
Советот за казниви дела при Врховниот суд, постапувајќи по предлогот на осомничениот, истакнат во жалбата изјавена преку бранителот Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, закажа јавна седница за ден 13.03.2024 година, со почеток во 12:00 часот во судницата на 1-ви кат во Врховниот суд, стои во соопштението од Врховен.
Жалбата до Врховен суд следува по одлуката на Апелациониот суд Скопје кој го одби барањето на одбраната на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената 14-годишна Вања, да му се укине мерката притвор. Според Апелација, жалбата е неоснована. Малолетната Вања Ѓорчевска која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември. За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка. По предлог на надлежен обвинител Судот денеска беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството. На Димовски му се определени мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд.

The post Во Врховен утре јавна седница по жалбата за продолжениот притвор на таткото на убиената Вања appeared first on Република.

]]>