александар џамбазов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-dzambazov/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Feb 2024 14:48:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png александар џамбазов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleksandar-dzambazov/ 32 32 Промовирана книгата „Чичко маестро Џамбаз, во светот на децата” https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promovirana-knigata-chichko-maestro-dhambaz-vo-svetot-na-detsata/ Sat, 03 Feb 2024 14:48:08 +0000 https://republika.mk/?p=740011

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на настанот „За Маестрото“ со кој на македонскиот композитор и диригент, Александар Џамбазов, по повод роденденот, му беше оддадена почит.

Настанот се одржа во Дебар Маало, а го организираше општина Центар.

-Маестро Џамбазов е автор на голем број детски македонски песни, но и популарна музика, иницијатор е и долгогодишен диригент на фестивалот „Златно славејче“, и има исклучителен придонес во развојот на музичките жанрови, со што остави траен белег во македонската музика. Новиот мурал во Дебар Маало, посветен на ликот и делото на Маестро Џамбазов, ќе го разубавува Скооје и Дебар Маало и секогаш ќе нѐ потсетува на песните изведени од неговите „Златни славејчиња“ и „Развигорчиња“, како и на целиот негов творечки опус, со кои израснаа многу генерации, напиша Ковачевски на својот фејсбук профил.

На настанот беше промовиран муралот посветен на маестро Џамбазов, како и книгата „Чичко маестро Џамбаз, во светот на децата" на авторите Бранка Костиќ-Марковиќ и Марко Коловски. Градоначалникот Горан Герасимовски и Игор Џамбазов симболично пресекоа лента пред сликата на Маестрото со Златните славејчиња

The post Промовирана книгата „Чичко маестро Џамбаз, во светот на децата” appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на настанот „За Маестрото“ со кој на македонскиот композитор и диригент, Александар Џамбазов, по повод роденденот, му беше оддадена почит. Настанот се одржа во Дебар Маало, а го организираше општина Центар.
-Маестро Џамбазов е автор на голем број детски македонски песни, но и популарна музика, иницијатор е и долгогодишен диригент на фестивалот „Златно славејче“, и има исклучителен придонес во развојот на музичките жанрови, со што остави траен белег во македонската музика. Новиот мурал во Дебар Маало, посветен на ликот и делото на Маестро Џамбазов, ќе го разубавува Скооје и Дебар Маало и секогаш ќе нѐ потсетува на песните изведени од неговите „Златни славејчиња“ и „Развигорчиња“, како и на целиот негов творечки опус, со кои израснаа многу генерации, напиша Ковачевски на својот фејсбук профил.
На настанот беше промовиран муралот посветен на маестро Џамбазов, како и книгата „Чичко маестро Џамбаз, во светот на децата" на авторите Бранка Костиќ-Марковиќ и Марко Коловски. Градоначалникот Горан Герасимовски и Игор Џамбазов симболично пресекоа лента пред сликата на Маестрото со Златните славејчиња

The post Промовирана книгата „Чичко маестро Џамбаз, во светот на децата” appeared first on Република.

]]>
Универзална сала како културен симбол на Скопје заслужува да го носи името на легендарниот диригент и композитор Александар Џамбазов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/univerzalna-sala-kako-kulturen-simbol-na-skopje-zasluzhuva-da-go-nosi-imeto-na-legendarniot-dirigent-i-kompozitor-aleksandar-dhambazov/ Fri, 26 Jan 2024 17:15:00 +0000 https://republika.mk/?p=737236

Секретарoт за јавни политики, стратешки планови, проекти и инвестиции поврзани со приоритетите на Владата, Васко Кичевски на својот фејсбук профил напиша дека Универзална сала како културен симбол на Скопје заслужува да го носи името на легендарниот диригент и композитор, маестро Александар Џамбазов.

The post Универзална сала како културен симбол на Скопје заслужува да го носи името на легендарниот диригент и композитор Александар Џамбазов appeared first on Република.

Омаж на маестро Џамбазов со оркестарот на Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/omaz-na-maestro-dzambazov-so-orkestarot-na-filharmonija/ Thu, 03 Nov 2022 07:47:56 +0000 https://republika.mk/?p=569018

Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Омаж на маестро Александар Џамбазов“ во рамки на 45. издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, посветен на големиот македонски композитор. Концертот е хуманитарен, а парите од билетите ќе бидат донирани на Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија „Баланс-Мк“.

На концертниот омаж публиката ќе може да проследи дела од неговиот симфониски опус - „Седумте танцови варијации“ со Елена Атанасовска-Ивановска како солист на пијано и „Рапсодија за Скопје“ со Иво Настевски како солист на пијано, потоа дела од опусот на маестро Џамбазов напишани за ревиски оркестар „Реминисценија“, „Балада за Шпато“ и др., како и избор од многубројните песни за вокал и ревиски оркестар, меѓу кои се неповторливите „Довидување“, „Само ти“ и др., во изведба на Тамара Тодевска, Никола Перевски-Пере, Александар Тарабунов и Антониа Гиговска, под диригентската палка на Џијан Емин.

Со овој концерт оркестарот на Филхармонија, СОКОМ и пејачите кои ќе настапат на сцена ќе му оддадат признание и почит на македонскиот композитор и диригент - Александар Џамбазов, кој зад себе остави непроценлив музички опус.

Творештвото на Александар Џамбазов (1936-1922) главно ротира околу формата на популарните жанрови. Повеќе од 40 години композициите на Џамбазов беа неодминлив дел на најпознатите македонски фестивали и фестивалите во поранешна Југославија. Одличната професионална подготовка стекната низ школувањето во Скопје и Белград и природната дарба му овозможија да остави голем број мелодии од кои некои се вбројуваат во евергрините на македонската популарна песна. Особено е значајно и неговото творештво на полето на детската песна. Во првите петнаесетина години од постоењето на „Златно славејче“, неговиот авторски придонес во програмата овозможи фестивалот да прерасне во еден од најважните фактори во музичкото воспитување и образование на најмладите. Во сферата на класичната музика Џамбазов напиша неколку маркантни композиции, а неговата „Рапсодија за Скопје“ за пијано и симфониски оркестар е добитник на највисоко признание на меѓународниот фестивал во Кава де Тирени – Италија. 

The post Омаж на маестро Џамбазов со оркестарот на Филхармонија appeared first on Република.

Mузиката на Александар Џамбазов на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/muzikata-na-aleksandar-dzambazov-na-ohridsko-leto/ Fri, 19 Aug 2022 06:14:12 +0000 https://republika.mk/?p=541826

Во чест на македонскиот диригент и композитор Александар Џамбазов, ревискиот оркестар на Љупчо Мирковски вечер на сцената Долни Сарај ќе одржи концерт „Музиката на Александар Џамбазов“, во рамки на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Солисти на вечерта ќе бидат пијанистот Бобан Мирковски, сопранот Наде Талевска и тенорот Ѓорѓи Цуцковски, под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Пред публиката ќе изведат познати композиции од маестро Џамбазов.

Македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов почина на 25 јануари годинава, а зад себе остави богат творечки опус. Тој е автор на сценска и филмска музика, детски песни, дела од класичната музика, хорски песни, но и на голем број популарни мелодии. Иницијатор е, и долгогодишен диригент на фестивалот на детски песни „Златно славејче“. За својата обемна творечка дејност во областа на музиката, маестро Џамбазов е добитник на бројни стручни награди.

Со концертот посветен на маестро Џамбазов, „Охридско лето“ ќе ја заокружи музичката програма на годинешното 62-ро фестивалско издание. Фестивалот свечено ќе биде затворен утре со театарската претстава „Вујко Вања“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Егон Савин, а во изведба на Југословенски драмски театар-Белград, Србија.

The post Mузиката на Александар Џамбазов на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Во чест на македонскиот диригент и композитор Александар Џамбазов, ревискиот оркестар на Љупчо Мирковски вечер на сцената Долни Сарај ќе одржи концерт „Музиката на Александар Џамбазов“, во рамки на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“. Солисти на вечерта ќе бидат пијанистот Бобан Мирковски, сопранот Наде Талевска и тенорот Ѓорѓи Цуцковски, под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Пред публиката ќе изведат познати композиции од маестро Џамбазов. Македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов почина на 25 јануари годинава, а зад себе остави богат творечки опус. Тој е автор на сценска и филмска музика, детски песни, дела од класичната музика, хорски песни, но и на голем број популарни мелодии. Иницијатор е, и долгогодишен диригент на фестивалот на детски песни „Златно славејче“. За својата обемна творечка дејност во областа на музиката, маестро Џамбазов е добитник на бројни стручни награди. Со концертот посветен на маестро Џамбазов, „Охридско лето“ ќе ја заокружи музичката програма на годинешното 62-ро фестивалско издание. Фестивалот свечено ќе биде затворен утре со театарската претстава „Вујко Вања“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Егон Савин, а во изведба на Југословенски драмски театар-Белград, Србија.

The post Mузиката на Александар Џамбазов на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Знаеше дека ќе си оди, па ми раскажуваше приказни што никогаш не ги раскажуваше https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/znaeshe-deka-kje-si-odi-pa-mi-raskazuvashe-prikazni-shto-nikogash-ne-gi-raskazuvashe/ Sat, 14 May 2022 09:32:43 +0000 https://republika.mk/?p=502159

Не задржувајќи ги емоциите и солзите, Игор Џамбазов во „Бекстејџ“ првпат зборуваше за загубата на неговиот татко, маестро Александар Џамбазов.

https://youtu.be/U4shXy8Km6Q

The post Знаеше дека ќе си оди, па ми раскажуваше приказни што никогаш не ги раскажуваше appeared first on Република.

]]>

Не задржувајќи ги емоциите и солзите, Игор Џамбазов во „Бекстејџ“ првпат зборуваше за загубата на неговиот татко, маестро Александар Џамбазов. https://youtu.be/U4shXy8Km6Q

The post Знаеше дека ќе си оди, па ми раскажуваше приказни што никогаш не ги раскажуваше appeared first on Република.

]]>
Кинотека вечерва го прикажува филмот „Мементо“ во режија на Димитрие Османли во чест на неодамна починатиот маестро Александар Џамбазов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kinoteka-vecherva-go-prikazuva-filmot-memento-vo-rezija-na-dimitrie-osmanli-vo-chest-na-neodamna-pochinatiot-maestro-aleksandar-dzambazov/ Fri, 04 Mar 2022 14:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=467856

Како што најавивме минатиот месец, во март му оддаваме почит на маестро Александар Џамбазов, со македонскиот игран филм МЕМЕНТО (1967) во режија на Димитрие Османли. Овој наш познат и значаен диригент и композитор е автор на „Рапсодија за Скопје“ – композиција за пијано и оркестар (1966) која е главна музичка тема во филмот, велат од Кинотеката.

МЕМЕНТО
(Memento)
Игран филм, Македонија
1967, 97 мин., црно-бел, 35 мм
Режија: Димитрие Османли (Dimitrie Osmanli)
Сценарио: Димитрие Османли, Јован Бошковски,
Ташко Георгиевски (Dimitrie Osmanli, Jovan
Boshkovski, Tashko Georgievski)
Улоги: Стево Жигон, Рената Фреискорн, Предраг
Ќерамилац, Драги Костовски, Нада Гешовска, Петре
Прличко, Тодор Николовски (Stevo Žigon, Renata
Freiskorn, Predrag Ćeramilac, Dragi Kostovski, Nada
Geshovska, Petre Prlichko, Todor Nikolovski)
Еден ден спроти земјотресот во Скопје 1963 година, се запознаваат Вили Милер, германски диригент на пропатување низ Македонија, и Јана, млада девојка, студентка. Нивната повторна средба е по неколку години, кога Вили Милер диригира еден концерт на „Средбата на солидарноста“ во Скопје. Тие неколку денови минати заедно се исполнети со своевидна реминисценција на Јана за доживеаната семејна трагедија, за нејзините лутања и барање начин повторно да се започне животот, запрен во денот на земјотресот. Можноста да замине со Милер е привлечна, но Јана останува во Скопје. Нејзиното место е покрај момчето за кое ја врзува вистинска љубов.
Кинотеката го прикажува филмот МЕМЕНТО во чест на неодамна починатиот маестро Александар Џамбазов, диригент и композитор, кој е автор на „Рапсодија за Скопје“ – композиција за пијано и оркестар (1966) која е изведена филмот.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: бесплатен влез

Почеток 20 часот

The post Кинотека вечерва го прикажува филмот „Мементо“ во режија на Димитрие Османли во чест на неодамна починатиот маестро Александар Џамбазов appeared first on Република.

]]>

Како што најавивме минатиот месец, во март му оддаваме почит на маестро Александар Џамбазов, со македонскиот игран филм МЕМЕНТО (1967) во режија на Димитрие Османли. Овој наш познат и значаен диригент и композитор е автор на „Рапсодија за Скопје“ – композиција за пијано и оркестар (1966) која е главна музичка тема во филмот, велат од Кинотеката.
МЕМЕНТО (Memento) Игран филм, Македонија 1967, 97 мин., црно-бел, 35 мм Режија: Димитрие Османли (Dimitrie Osmanli) Сценарио: Димитрие Османли, Јован Бошковски, Ташко Георгиевски (Dimitrie Osmanli, Jovan Boshkovski, Tashko Georgievski) Улоги: Стево Жигон, Рената Фреискорн, Предраг Ќерамилац, Драги Костовски, Нада Гешовска, Петре Прличко, Тодор Николовски (Stevo Žigon, Renata Freiskorn, Predrag Ćeramilac, Dragi Kostovski, Nada Geshovska, Petre Prlichko, Todor Nikolovski) Еден ден спроти земјотресот во Скопје 1963 година, се запознаваат Вили Милер, германски диригент на пропатување низ Македонија, и Јана, млада девојка, студентка. Нивната повторна средба е по неколку години, кога Вили Милер диригира еден концерт на „Средбата на солидарноста“ во Скопје. Тие неколку денови минати заедно се исполнети со своевидна реминисценција на Јана за доживеаната семејна трагедија, за нејзините лутања и барање начин повторно да се започне животот, запрен во денот на земјотресот. Можноста да замине со Милер е привлечна, но Јана останува во Скопје. Нејзиното место е покрај момчето за кое ја врзува вистинска љубов. Кинотеката го прикажува филмот МЕМЕНТО во чест на неодамна починатиот маестро Александар Џамбазов, диригент и композитор, кој е автор на „Рапсодија за Скопје“ – композиција за пијано и оркестар (1966) која е изведена филмот. Возрасна категорија: 12 години Влезница: бесплатен влез Почеток 20 часот

The post Кинотека вечерва го прикажува филмот „Мементо“ во режија на Димитрие Османли во чест на неодамна починатиот маестро Александар Џамбазов appeared first on Република.

]]>
Разделени, но неразделини: Помладиот брат на маестро Џамбазов „Ацо тајно доаѓаше да си играме“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/razdeleni-no-nerazdelini-pomladiot-brat-na-maestro-dzambazov-aco-tajno-doagjashe-da-si-igrame/ Sat, 12 Feb 2022 19:30:24 +0000 https://republika.mk/?p=457677

82-годишниот Ѓорѓи Гиров му е брат на легендарниот македонски композитор и диригент Александар Џамбазов, кој почина 25 јануари. Гиров, кој живее во Штип, е 4 години помлад од Џамбазов.

Нашиот татко Методи заедно со нашата мајка Цветанка во 1930 година се преселиле најпрвин во Ниш, а потоа во селото Стапар во близина на Сомбор и границата со Унгарија. По шест години се раѓа брат ми Ацо. Пред Втората светска војна нашите родители се враќаат во Македонија и се преселуваат во Кочани. Во овој град јас сум се родил 1940 година, ама веднаш потоа сме се преселиле во Штип, каде татко ни станува учител по математика, свирел и на мандолина и на ќемане, а мајка ми со веќе изучен шнајдерски занает шиела за повеќе жени во Штип. Редовна посетителка била и Нада, сопругата на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, вели Гиров.

Тој вели дека пред војната, во српско, нивното презиме било Николиќ, но кога се вратиле во Македонија со оглед на новите општествени промени во тоа време, презимето е Николови. Во 1943, родителите се развеле. Судот донел одлука помладиот брат Ѓорѓи да припадне на мајката Цветанка, а постариот Александар на таткото Методи.

Досега сите прашуваат како тоа двајца браќа од иста мајка и ист татко да имаат различни презимиња. Разводот на нашите родители придонел подоцна брат ми Ацо да го добие презимето Џамбазов, по името на прадедо ми од татко Сане Џамбаз, а јас презимето Гиров по името на дедо Гиро од мајка ми, вели Гиров.

Разделбата направи бате Ацо скришум да доаѓа во моето маало кај црквата ‘Св. Никола’ да си играме по цел ден, а приквечерина да оди во неговиот дом во близина на сегашниот театар во Штип. Тој почна да го посетува и музичкото училиште во Штип, каде раководител беше Сергеј Михајлов кој му беше идол. Сергеј воопшто не го сакаше џезот, но брат ми беше сестран. Свиреше класична музика на виолина, но имаше мала склоност и кон џез тактовите кои за тогашните музичари беа непоимливи, вели Гиров за СДК.мк.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

The post Разделени, но неразделини: Помладиот брат на маестро Џамбазов „Ацо тајно доаѓаше да си играме“ appeared first on Република.

Денес, маестро Џамбазов ќе наполнеше 86 години: Игор запеа еден од најубавите рефрени на неговиот татко https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/denes-maestro-dzambazov-kje-napolneshe-86-godini-igor-zapea-eden-od-najubavite-refreni-na-negoviot-tatko/ Thu, 03 Feb 2022 19:18:26 +0000 https://republika.mk/?p=453793

Во чест на неговиот татко маестро Александар Џамбазов, кој денеска требаше да наполни 86 години, Игор Џамбазов испеа еден од како што вели најубавите рефрени напишани од неговиот татко.

Денес, маестро Џамбазов ќе наполнеше 86 години.
Ова е еден од неговите најубави рефрени...
Довидување, маестро мој...

The post Денес, маестро Џамбазов ќе наполнеше 86 години: Игор запеа еден од најубавите рефрени на неговиот татко appeared first on Република.

]]>

Во чест на неговиот татко маестро Александар Џамбазов, кој денеска требаше да наполни 86 години, Игор Џамбазов испеа еден од како што вели најубавите рефрени напишани од неговиот татко.
Денес, маестро Џамбазов ќе наполнеше 86 години. Ова е еден од неговите најубави рефрени... Довидување, маестро мој...

The post Денес, маестро Џамбазов ќе наполнеше 86 години: Игор запеа еден од најубавите рефрени на неговиот татко appeared first on Република.

]]>
Џамбазов за своите родители: За некои луѓе смртта е само ваучер за во вечноста https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/dzambazov-za-svoite-roditeli-za-nekoi-lugje-smrtta-e-samo-vaucher-za-vo-vechnosta/ Wed, 02 Feb 2022 19:47:19 +0000 https://republika.mk/?p=453209

Пред девет дена си замина во музичката историја Александар Џамбазов, човекот чие име повеќе од 50 години растеше и израсна во синоним на македонската популарна музика, основоположникот на скопскиот фестивал, на „Златното славејче“, зетот на Петре Прличко, Ацо на Анче, таткото на Игор и Тања, маестралниот диригент и композитор Александар Џамбазов.

Во спомен на своите родители, Игор на Ацо и Анче на социјалните мрежи сподели фотографија од нивната венчавка.

„За некои луѓе, смртта е само ваучер за во вечноста…“, напиша Игор.

The post Џамбазов за своите родители: За некои луѓе смртта е само ваучер за во вечноста appeared first on Република.

]]>

Пред девет дена си замина во музичката историја Александар Џамбазов, човекот чие име повеќе од 50 години растеше и израсна во синоним на македонската популарна музика, основоположникот на скопскиот фестивал, на „Златното славејче“, зетот на Петре Прличко, Ацо на Анче, таткото на Игор и Тања, маестралниот диригент и композитор Александар Џамбазов. Во спомен на своите родители, Игор на Ацо и Анче на социјалните мрежи сподели фотографија од нивната венчавка. „За некои луѓе, смртта е само ваучер за во вечноста…“, напиша Игор.

The post Џамбазов за своите родители: За некои луѓе смртта е само ваучер за во вечноста appeared first on Република.

]]>
Арсовска: Во чест на маестро Александар Џамбазов иницираме одлука улица во Скопје да го носи неговото име https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-vo-chest-na-maestro-aleksandar-dzambazov-inicirame-odluka-ulica-vo-skopje-da-go-nosi-negovoto-ime/ Fri, 28 Jan 2022 11:42:50 +0000 https://republika.mk/?p=450661

Денеска го испраќаме во вечното почивалиште со неизмерна почит, маестро Александар Џамбазов, основоположник на Скопскиот фестивал на забавна музика и еден од најстарите детски музички фестивали во Европа, Фестивалот на детски песни „Златно славејче“. Човек кој четири децении создаваше непроценливо творештво за македонската музика, соопшти градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Комеморацијата се одржа во МОБ, а како заслужен граѓанин и истакната личност во чест на маестро Александар Џамбазов иницираме со одлука улица во Град Скопје, да го носи неговото име. Нека почива во мир!

The post Арсовска: Во чест на маестро Александар Џамбазов иницираме одлука улица во Скопје да го носи неговото име appeared first on Република.

Комеморација за маестро Александар Џамбазов, втемелувачот на македонската популарна и детска музика https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/komemoracija-za-maestro-aleksandar-dzambazov-vtemeluvachot-na-makedonskata-popularna-i-detska-muzika/ Fri, 28 Jan 2022 09:32:25 +0000 https://republika.mk/?p=450590

Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ и МРТ денеска во Фоајето на Опера и балет организираа Комеморација во чест на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов. Комеморацијата почна со звуците на неговата Рапсодија за Скопје, наместо како вообичаено со едноминутен молк.

За Александар како човек, музички творец, диригент, организатор може многу да се зборува. Македонските музиколози веќе тоа го препознаа. Нека му е вечен споменот на нашиот драг, почитуван пријател, колега Александар Џамбазов, рече во својот говор претседателот на Собранието на Сојузот на композитори на Македонија, Јане Коџобашија.

Си заминува во музичката историја Александар Џамбазов, човекот чие име повеќе од 50 години растеше  и израсна во синоним на македонската популарна музика. Во тој долг творечки период неуморниот творец создаваше многубројни композиции во повеќе музички жанрови. Во последните 15-тина години се повлече од музичката сцена. Последната средба со скопската публика беше на јубилејниот концерт што го организираше Сојузот на композиторите на Македонија по повод 50 годишнината. Тогаш во преполнетата сала на АРМ прозвучеа најубавите композиции на маестро Џамбазов. Тоа беше еден од најубавите музички настани од осамостојувањето на Република Македонија и како да оживеаја надежите дека може да се врати златниот период на македонската популарна музика, рече Коџобашија и додаде дека оттогаш и пред тоа не се случи сличен настан на планот на забавната музика.

Неговиот колега Стојан Стојков рече дека тешко паѓа кога ќе се изгуби колега и кога полека, полека се помалку и помалку има такви луѓе.

Тој е еден можеби од неколкуте автори културни дејци, културни работници што многу значеше за уметниците затоа што имаше визија. Нека му е светол патот до вечноста, посочи Стојков.

Директорката на ЗАМП, Антоанета Токовска Котевска истакна дека во неговото досие во ЗАМП уредно се пријавени 982 авторски дела, а како што кажа, Џамбазов несебично дал и голем придонес во авторската заштита, првенствено во претседателството на Сојузот на композиторите на Југославија, но и како долгогодишен член на УО и на НО на ЗАМП.

Постојат повеќе дефиниции за зборот господин, но господин тешко се станува – таков треба да се родиш, а таква привилегија имаат малку луѓе. Маестро Џамбазов беше навистина тоа, роден господин. Кој ја имал привилегијата да го запознае и кој ја допрел неговата добрина никогаш нема да ја заборави. Ќе го паметиме по добрината, хуморот, посебниот шарм, по генијалноста. Композитор, прв диригент, човек на Сојузот на композиторите на Југославија од далечната 1958 година. Дојдовме овде да се поклониме и да кажеме едно големо благодарам за секој момент, за секој збор со кој несебично не почести. Нека тие светол патот кон идеите мој мил мајсторе, рече Токовска Котевска.

Неговиот син Игор Џамбазов им изрази благодарност на сите кои во овие лоши времиња присуствува на комеморацијата.

Ја чувствувам љубовта што ја имате кон вашиот омилен маестро, вашиот чичко Ацо, вашиот Џамбаз. Тања јас и целото семејство ви ветуваме дека истата оваа количина љубов ќе ја земеме сега со нас и ќе ја пренесеме во неговиот вечен дом. Денес тоа ќе го направиме само во најблискиот круг на семејството, а вие уште од попладне ќе можете да му оддадете последна почит на еден благодарен човек, на еден кроток, мирен господин, на еден човек кој кога ќе му го споменевте името настрана, прво што предизвикуваше кај луѓето беше насмевка. Човек кој цел живот беше во сенка на други, а всушност е најголем во нашето семејство. Прво викаше што сум јас, цел живот бев зет на Петре, па маж на Анче, па татко на Тања и Игор – што сум јас. Сега ќе ти кажам – ти си маестро, рече Игор.

Александар Џамбазов иако е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина – Србија, целото детство го поминал во Штип и Скопје каде стекнува основно и средно музичко образование. Дипломирал во 1960 година на Музичката академија во Белград во класата на Марко Тајчевиќ. Целиот свој работен век го помина во Македонската радио телевизија, најнапред како млад соработник во музичките редакции, а потоа како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар.

Александар Џамбазов е истакнат македонски композитор, диригент, општествен деец, долгогодишен член на СОКОМ, еден од втемелувачите на македонската популарна и детска музика. Неговата уметничка сестраност и многуслојна дарба ја манифестирал не само занимавајќи се со многу уметнички дисциплини, туку и протегајќи го своето творештво во сите музички жанри, вклучувајќи ја и класичната музика. Во делото на исполнителската уметност во македонската музичка историја ќе остане забележан како еден од основоположниците и долгогодишен раководител и диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар на Македонската радио телевизија. Неговото име најдиректно е врзано и со покренувањето и опстојувањето на Скопскиот фестивал на забавна музика и еден од најстарите музичко-детски фестивали во Европа, Фестивалот на детски песни „Златно славејче“.

Во делот на творештвото, Александар Џамбазов ја задолжи македонската музичка култура со неколку стотини композиции и аражнмани и со 1450 студиски снимки со голем број ансамбли, секако најмногу со оние во рамките на Македонската радио телевизија. Добитник е на голем број стучни, домашни и меѓународни награди и општествени признанија, меѓу кои 11 октомвриската награда, наградата „13 ноември“, наградата за животно дело „Трајко Прокопиев“ на Сојузот на композиторите на Македонија.

Игор Џамбазов, во име на семејството Џамбазови објави дека погребот ќе биде од затворен тип поради ковид-протоколите, па упати апел до сите поддржувачи на ликот и делото на маестро Џамбазов, и замоли за разбирање дека последното збогум ќе можат да му го кажат од сабота па натаму.

Драги пријатели. Утре ќе го испратиме во вечноста татко ми Александар, вашиот омилен маестро, чичко Ацо, Џамбаз... Комеморацијата ќе биде во МОБ во 10 часот, а погребот во 12 часот. Семејството Џамбазови ви благодари за подршката и убавите зборови. Ве известуваме дека погребот ќе биде од затворен тип, се заради ковид-протоколите. Сите што ќе сакате да му кажете последно збогум, ќе можете да го направите тоа од сабота, па натаму. Ве молиме за разбирање.

Маестро Џамбазов ќе биде погребан на Градските гробишта во Бутел во 12 часот.

Александар Џамбазов почина на 25 јануари на 85-годишна возраст.

The post Комеморација за маестро Александар Џамбазов, втемелувачот на македонската популарна и детска музика appeared first on Република.

]]>

Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ и МРТ денеска во Фоајето на Опера и балет организираа Комеморација во чест на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов. Комеморацијата почна со звуците на неговата Рапсодија за Скопје, наместо како вообичаено со едноминутен молк. За Александар како човек, музички творец, диригент, организатор може многу да се зборува. Македонските музиколози веќе тоа го препознаа. Нека му е вечен споменот на нашиот драг, почитуван пријател, колега Александар Џамбазов, рече во својот говор претседателот на Собранието на Сојузот на композитори на Македонија, Јане Коџобашија.
Си заминува во музичката историја Александар Џамбазов, човекот чие име повеќе од 50 години растеше  и израсна во синоним на македонската популарна музика. Во тој долг творечки период неуморниот творец создаваше многубројни композиции во повеќе музички жанрови. Во последните 15-тина години се повлече од музичката сцена. Последната средба со скопската публика беше на јубилејниот концерт што го организираше Сојузот на композиторите на Македонија по повод 50 годишнината. Тогаш во преполнетата сала на АРМ прозвучеа најубавите композиции на маестро Џамбазов. Тоа беше еден од најубавите музички настани од осамостојувањето на Република Македонија и како да оживеаја надежите дека може да се врати златниот период на македонската популарна музика, рече Коџобашија и додаде дека оттогаш и пред тоа не се случи сличен настан на планот на забавната музика.
Неговиот колега Стојан Стојков рече дека тешко паѓа кога ќе се изгуби колега и кога полека, полека се помалку и помалку има такви луѓе.
Тој е еден можеби од неколкуте автори културни дејци, културни работници што многу значеше за уметниците затоа што имаше визија. Нека му е светол патот до вечноста, посочи Стојков.
Директорката на ЗАМП, Антоанета Токовска Котевска истакна дека во неговото досие во ЗАМП уредно се пријавени 982 авторски дела, а како што кажа, Џамбазов несебично дал и голем придонес во авторската заштита, првенствено во претседателството на Сојузот на композиторите на Југославија, но и како долгогодишен член на УО и на НО на ЗАМП.
Постојат повеќе дефиниции за зборот господин, но господин тешко се станува – таков треба да се родиш, а таква привилегија имаат малку луѓе. Маестро Џамбазов беше навистина тоа, роден господин. Кој ја имал привилегијата да го запознае и кој ја допрел неговата добрина никогаш нема да ја заборави. Ќе го паметиме по добрината, хуморот, посебниот шарм, по генијалноста. Композитор, прв диригент, човек на Сојузот на композиторите на Југославија од далечната 1958 година. Дојдовме овде да се поклониме и да кажеме едно големо благодарам за секој момент, за секој збор со кој несебично не почести. Нека тие светол патот кон идеите мој мил мајсторе, рече Токовска Котевска.
Неговиот син Игор Џамбазов им изрази благодарност на сите кои во овие лоши времиња присуствува на комеморацијата.
Ја чувствувам љубовта што ја имате кон вашиот омилен маестро, вашиот чичко Ацо, вашиот Џамбаз. Тања јас и целото семејство ви ветуваме дека истата оваа количина љубов ќе ја земеме сега со нас и ќе ја пренесеме во неговиот вечен дом. Денес тоа ќе го направиме само во најблискиот круг на семејството, а вие уште од попладне ќе можете да му оддадете последна почит на еден благодарен човек, на еден кроток, мирен господин, на еден човек кој кога ќе му го споменевте името настрана, прво што предизвикуваше кај луѓето беше насмевка. Човек кој цел живот беше во сенка на други, а всушност е најголем во нашето семејство. Прво викаше што сум јас, цел живот бев зет на Петре, па маж на Анче, па татко на Тања и Игор – што сум јас. Сега ќе ти кажам – ти си маестро, рече Игор.
Александар Џамбазов иако е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина – Србија, целото детство го поминал во Штип и Скопје каде стекнува основно и средно музичко образование. Дипломирал во 1960 година на Музичката академија во Белград во класата на Марко Тајчевиќ. Целиот свој работен век го помина во Македонската радио телевизија, најнапред како млад соработник во музичките редакции, а потоа како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Александар Џамбазов е истакнат македонски композитор, диригент, општествен деец, долгогодишен член на СОКОМ, еден од втемелувачите на македонската популарна и детска музика. Неговата уметничка сестраност и многуслојна дарба ја манифестирал не само занимавајќи се со многу уметнички дисциплини, туку и протегајќи го своето творештво во сите музички жанри, вклучувајќи ја и класичната музика. Во делото на исполнителската уметност во македонската музичка историја ќе остане забележан како еден од основоположниците и долгогодишен раководител и диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар на Македонската радио телевизија. Неговото име најдиректно е врзано и со покренувањето и опстојувањето на Скопскиот фестивал на забавна музика и еден од најстарите музичко-детски фестивали во Европа, Фестивалот на детски песни „Златно славејче“. Во делот на творештвото, Александар Џамбазов ја задолжи македонската музичка култура со неколку стотини композиции и аражнмани и со 1450 студиски снимки со голем број ансамбли, секако најмногу со оние во рамките на Македонската радио телевизија. Добитник е на голем број стучни, домашни и меѓународни награди и општествени признанија, меѓу кои 11 октомвриската награда, наградата „13 ноември“, наградата за животно дело „Трајко Прокопиев“ на Сојузот на композиторите на Македонија. Игор Џамбазов, во име на семејството Џамбазови објави дека погребот ќе биде од затворен тип поради ковид-протоколите, па упати апел до сите поддржувачи на ликот и делото на маестро Џамбазов, и замоли за разбирање дека последното збогум ќе можат да му го кажат од сабота па натаму.
Драги пријатели. Утре ќе го испратиме во вечноста татко ми Александар, вашиот омилен маестро, чичко Ацо, Џамбаз... Комеморацијата ќе биде во МОБ во 10 часот, а погребот во 12 часот. Семејството Џамбазови ви благодари за подршката и убавите зборови. Ве известуваме дека погребот ќе биде од затворен тип, се заради ковид-протоколите. Сите што ќе сакате да му кажете последно збогум, ќе можете да го направите тоа од сабота, па натаму. Ве молиме за разбирање.
Маестро Џамбазов ќе биде погребан на Градските гробишта во Бутел во 12 часот. Александар Џамбазов почина на 25 јануари на 85-годишна возраст.

The post Комеморација за маестро Александар Џамбазов, втемелувачот на македонската популарна и детска музика appeared first on Република.

]]>
Комеморација во чест на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов во Фоајето на Опера и балет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/komemoracija-vo-chest-na-makedonskiot-kompozitor-i-dirigent-aleksandar-dzambazov-vo-foajeto-na-opera-i-balet/ Thu, 27 Jan 2022 19:33:08 +0000 https://republika.mk/?p=450364

Утре ќе се одржи Комеморација во чест на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов, во Фоајето на Националната опера и балет во 10 часот, а неговото последно испраќање на градските гробишта во Бутел во 12 часот.

Неговиот син, Игор Џамбазов, во објава на Инстаграм се заблагодари за подршката и убавите зборови и извести дека погребот ќе биде од затворен тип, заради ковид-протоколите.

-Сите што ќе сакате да му кажете последно збогум, ќе можете да го направите тоа од сабота, па натаму. Ве молиме за разбирање, порача Игор Џамбазов.

The post Комеморација во чест на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов во Фоајето на Опера и балет appeared first on Република.

]]>

Утре ќе се одржи Комеморација во чест на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов, во Фоајето на Националната опера и балет во 10 часот, а неговото последно испраќање на градските гробишта во Бутел во 12 часот. Неговиот син, Игор Џамбазов, во објава на Инстаграм се заблагодари за подршката и убавите зборови и извести дека погребот ќе биде од затворен тип, заради ковид-протоколите. -Сите што ќе сакате да му кажете последно збогум, ќе можете да го направите тоа од сабота, па натаму. Ве молиме за разбирање, порача Игор Џамбазов.

The post Комеморација во чест на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов во Фоајето на Опера и балет appeared first on Република.

]]>
В петок во Националната опера и балет комеморација за композиторот и диригент Александар Џамбазов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/v-petok-vo-nacionalnata-opera-i-balet-komemoracija-za-kompozitorot-i-dirigent-aleksandar-dzambazov/ Wed, 26 Jan 2022 10:05:42 +0000 https://republika.mk/?p=449622

В петок, на 28 јануари во 10 часот во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи комеморација во чест на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов, соопштија од Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ и МРТ.  Последно испраќање на Џамбазов ќе биде на градските гробишта во Бутел во 12 часот.

Александар Џамбазов почина на 25.01.2022г. на 85 годишна возраст.

Александар Џамбазов е истакнат македонски композитор, диригент, општествен деец, долгогодишен член на СОКОМ, еден од втемелувачите на македонската популарна и детска музика. Неговата уметничка сестраност и многуслојна дарба ја манифестирал не само занимавајќи се со многу уметнички дисциплини, туку и протегајќи го своето творештво во сите музички жанри, вклучувајќи ја и класичната музика. Во делото на исполнителската уметност во македонската музичка историја ќе остане забележан како еден од основоположниците и долгогодишен раководител и диригент на Тнацовиот и Ревискиот оркестар на Македонската радио телевизија. Неговото име најдиректно е врзано и со покренувањето и опстојувањето на Скопскиот фестивал на забавна музика и еден од најстарите музичко-детски фестивали во Европа, Фестивалот на детски песни „Златно славајче“.

Во делот на творештвото, Александар Џамбазов ја задолжи македонската музичка култура со неколку стотини композиции и аражнмани и со 1450 студиски снимки со голем број ансамбли, секако најмногу со оние во рамките на Македонската радио телевизија. Добитник е на голем број стучни, домашни и меѓународни награди и општествени признанија, меѓу кои 11 октомвриската награда, наградата „13 ноември“, наградата за животно дело „Трајко Прокопиев“ на Сојузот на композиторите на Македонија.

The post В петок во Националната опера и балет комеморација за композиторот и диригент Александар Џамбазов appeared first on Република.

]]>

В петок, на 28 јануари во 10 часот во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи комеморација во чест на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов, соопштија од Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ и МРТ.  Последно испраќање на Џамбазов ќе биде на градските гробишта во Бутел во 12 часот. Александар Џамбазов почина на 25.01.2022г. на 85 годишна возраст. Александар Џамбазов е истакнат македонски композитор, диригент, општествен деец, долгогодишен член на СОКОМ, еден од втемелувачите на македонската популарна и детска музика. Неговата уметничка сестраност и многуслојна дарба ја манифестирал не само занимавајќи се со многу уметнички дисциплини, туку и протегајќи го своето творештво во сите музички жанри, вклучувајќи ја и класичната музика. Во делото на исполнителската уметност во македонската музичка историја ќе остане забележан како еден од основоположниците и долгогодишен раководител и диригент на Тнацовиот и Ревискиот оркестар на Македонската радио телевизија. Неговото име најдиректно е врзано и со покренувањето и опстојувањето на Скопскиот фестивал на забавна музика и еден од најстарите музичко-детски фестивали во Европа, Фестивалот на детски песни „Златно славајче“. Во делот на творештвото, Александар Џамбазов ја задолжи македонската музичка култура со неколку стотини композиции и аражнмани и со 1450 студиски снимки со голем број ансамбли, секако најмногу со оние во рамките на Македонската радио телевизија. Добитник е на голем број стучни, домашни и меѓународни награди и општествени признанија, меѓу кои 11 октомвриската награда, наградата „13 ноември“, наградата за животно дело „Трајко Прокопиев“ на Сојузот на композиторите на Македонија.

The post В петок во Националната опера и балет комеморација за композиторот и диригент Александар Џамбазов appeared first on Република.

]]>
Ин Мемориам: Александар Џамбазов, живееше со сеќавањата, ќе живее во сеќавањата! https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/in-memoriam-aleksandar-dzambazov-ziveeshe-so-sekjavanjata-kje-zivee-vo-sekjavanjata/ Tue, 25 Jan 2022 12:02:20 +0000 https://republika.mk/?p=449208

Тој е ма­е­стро Але­ксан­дар Џам­ба­зов, а не гос­по­дин Џам­ба­зов. Обра­ќа­ње­то со гос­по­дин не го при­фа­ќа. Со до­бит­ни­кот на на­гра­да­та за жи­вот­но де­ло на го­ди­наш­ни­от „Скоп­ски фе­сти­вал“ се срет­нав­ме не­кол­ку­па­ти пред да се сог­ла­си да пи­шу­ва­ме за не­го­ва­та жи­вот­на­та при­каз­на. Иа­ко на­ши­те сред­би тра­е­ја со ча­со­ви во при­ја­тен и от­пу­штен раз­го­вор, ма­е­стро Џам­ба­зов се дво­у­ме­ше да­ли да ја на­пра­ви­ме оваа при­каз­на. Не­го­ва­та ка­ри­е­ра е бо­га­та и дол­га, но ре­тко се сог­ла­су­вал да да­де ин­терв­ју. Се­пак, бла­го­да­ре­ние на мо­ја­та упор­ност и на по­мо­шта од не­го­ви­от син Џам­баз Ју­ни­ор, ус­пе­ав во на­ме­ра­та за­ед­нич­ки да ги по­тсе­ти­ме по­во­зрас­ни­те на чо­ве­кот што на­пра­ви мно­гу шла­ге­ри, а на де­ца­та да им го прет­ста­ви­ме чо­ве­кот што ги на­пи­ша пес­нич­ки­те со кои рас­тат, „Еј гу­ла­би, гу­ла­би бе­ли„, „За си­те де­ца“, „Пес­на за Скоп­је“, „Мо­ја­та учи­тел­ка“…

Та­тко­то на дет­ска­та пес­на во пен­зи­о­нер­ски­те де­но­ви е по­све­тен на си­нот и на ќер­ка­та – Игор и Та­ња Џам­ба­зо­ви, и на спо­ме­ни­те на не­го­ва­та со­пру­га, ле­ген­дар­на­та Ан­че Џам­ба­зо­ва. Се­кој на­пис, се­ко­ја фо­то­гра­фи­ја, се­кој ви­де­о­ма­те­ри­јал од се­мејс­тво­то Џам­ба­зо­ви е спа­ку­ван во ар­хи­ва­та. И де­нес тој ги сни­ма си­те по­ја­ву­ва­ња на Игор на те­ле­ви­зи­ја. Не­кои од сним­ки­те и на­пи­си­те во ме­ди­у­ми­те ѝ ги ис­пра­ќа на Та­ња, ко­ја со го­ди­ни е на аме­ри­кан­ски­от кон­ти­нент.

– Има ед­на мис­ла што сум ја про­чи­тал и ми оста­на во се­ќа­ва­ње. Не бев све­сен де­ка жи­ве­ам со неа: „Жи­во­тот што ни го да­ва при­ро­да­та е кра­ток. Но, се­ќа­ва­ња­та на не­за­бо­рав­ни­те го­ди­ни се веч­ни“. Де­нес мо­ја­та де­фи­ни­ци­ја ка­ко лич­ност, по таа суд­би­на жи­вот без Ан­че, е де­ка ве­ге­ти­рам со не­за­бо­рав­ни­те спо­ме­ни од ми­на­то­то. Ко­га раз­го­ва­раш со ме­не, ме гле­даш тем­пе­ра­мен­тен, но јас ко­га сум сам е по­и­на­ку. Јас жи­ве­ам со се­ќа­ва­ња­та – ве­ли ма­е­стро Џам­ба­зов.

Нас­ме­ан, до­сет­лив и со од­лич­на ме­мо­ри­ја. Очиг­лед­но, Игор Џам­ба­зов го има нас­ле­де­но ге­нот за смис­ла за ху­мор, но и за до­бро па­ме­те­ње од сво­јот та­тко. Се се­ќа­ва на мно­гу де­та­ли од жи­во­тот. Трг­ну­вај­ќи од пос­лед­на­та на­гра­да за жи­вот­но де­ло го пра­шав да­ли мо­же да се се­ти на на­гра­ди­те и на оп­штес­тве­ни­те приз­на­ни­ја што да­ти­ра­ат уште од по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја, по­ра­ди кои, на­ви­сти­на, го зас­лу­жи ова пос­лед­но приз­на­ние. Свет­ска на­гра­да на ин­тер­на­ци­о­на­лен кон­курс во Ка­ва ди Ти­ре­ни во 1966 го­ди­на за ком­по­зи­ци­ја­та „Рап­со­ди­ја за Скоп­је“, пр­ва на­гра­да на „Сти­хо­ви и то­но­ви“, на­гра­да во рам­ки­те на „Стру­шки­те ве­че­ри на по­е­зи­ја­та“ за ком­по­зи­ци­ја инс­пи­ри­ра­на од сти­хо­ви на ма­ке­дон­ски авто­ри, на­гра­да „Млад бо­рец“, на­гра­да за ма­ни­фе­ста­ци­ја­та „Ку­рир­че“, ба­гра­да „13 Но­ем­ври“, „11 Октом­ври“ за жи­вот­но де­ло, на­гра­да за жи­вот­но де­ло „Трај­ко Про­ко­пи­ев“, ста­ту­е­тка „Мла­до по­ко­ле­ние“, „Ку­рир Јо­ви­ца“ на Со­ве­тот за вос­пи­ту­ва­ње на де­ца во Ју­гос­ла­ви­ја, Ор­ден на Ре­пуб­ли­ка­та со брон­зен ве­нец, на­гра­да за жи­вот­но де­ло на Со­ју­зот на естрад­ни ра­бот­ни­ци на Ју­гос­ла­ви­ја, ју­гос­ло­вен­ски ре­кор­дер на фе­сти­ва­лот во Опа­ти­ја со 21 ком­по­зи­ци­ја, на­гра­ди во Сплит, Са­ра­е­во, Вој­нич­ки фе­сти­вал во Бел­град, во Ниш, фе­сти­ва­ли на дет­ска му­зи­ка, тро­ен по­бед­ник на „Скоп­ски­от фе­сти­вал“… За не­кои се се­ти, за не­кои го по­тсе­тив од тоа што го нај­дов и про­чи­тав за не­го. Ме из­не­на­ди со не­го­ва­та ме­мо­ри­ја, со ог­лед на тоа де­ка не му оста­вив вре­ме да про­чеп­ка во не­го­ва­та бо­га­та му­зич­ка ар­хи­ва.

Ед­на од најз­на­чај­ни­те на­гра­ди е таа во Ита­ли­ја, за ком­по­зи­ци­ја­та за со­ло-пи­ја­но и сим­фо­ни­ски ор­ке­стар во кон­ку­рен­ци­ја на 78 пес­ни. Тој е пр­ви­от Ма­ке­до­нец, а тре­ти­от Ју­гос­ло­вен што до­бил ме­ѓу­на­род­на на­гра­да. Про­нај­дов на­пис од 1966 го­ди­на со нас­лов – „Бах и џез во Рап­со­ди­ја за Скоп­је“, ка­де што се из­ва­де­ни ита­ли­јан­ски­те кри­ти­ки за не­го­ва­та композиција инс­пи­ри­ра­на од ка­та­стро­фал­ни­от зем­јо­трес: Ед­на од нај­ус­пеш­ни­те ком­по­зи­ции што сме ја слуш­на­ле, мо­дер­на ком­по­зи­ци­ја со искра на оду­ше­ву­ва­ње во мрач­но­то мо­ре од раз­бир­ли­ва та­га…

– Не оти­дов да ја при­мам на­гра­да­та, имав­ме не­кои про­би око­лу на­ста­пот на Де­нот на со­ли­дар­но­ста, до­а­ѓаа врв­ни пе­ја­чи, го­ле­ми под­го­то­вки. По­доц­на, ко­га ја про­чи­тав кри­ти­ка­та ов­де си ре­ков ова за ме­не е или не. Јас са­ми­от не ве­ру­вав што пи­шу­ва. Таа пес­на бе­ше инс­пи­ра­ци­ја се­га по­чи­на­ти­от Ди­ми­трие Ос­ман­ли да го сни­ми фил­мот „Ме­мен­то“. Гер­ман­ски ди­ри­гент по­ми­ну­ва низ Ма­ке­до­ни­ја, се за­поз­на­ва со мла­да де­вој­ка Ја­на, оди во Гр­ци­ја да ди­ри­ги­ра, се вра­ќа, ја ба­ра, Скоп­је ур­на­то… Тре­ба­ше да одам во Љуб­ља­на за да сни­ма­ме еден дел, но ми бе­ше страв да одам со ави­он, па ту­ка прис­по­со­бив­ме, во са­ла – се при­се­ту­ва ма­е­стро Џам­ба­зов.

Во ед­на ста­ра сто­ри­ја за Џам­ба­зов про­чи­тав де­ка па­рич­ни­те на­гра­ди што ги до­би­вал ги по­да­ру­вал. Во 1969 го­ди­на до­бил на­гра­да од 200.000 ди­на­ри за пес­на­та за „Бил­ја­на“ што ја пе­е­ја Лео Мар­тин и Џа­ни Мар­шал, па­ри­те ги дал ка­ко по­мош за на­стра­да­ни­те во зем­јо­тре­сот во Ба­ња Лу­ка. Во 1970 го­ди­на ја по­да­рил па­рич­на­та на­гра­да за ме­ло­ди­ја­та „За­пре­те во­зо­ви“, а две го­ди­ни по­доц­на и на­гра­да­та од 300.000 ди­на­ри за поз­на­та­та „Еј гу­ла­би, гу­ла­би бе­ли“. Тие па­ри ги има до­ни­ра­но во УНИЦЕФ, од ка­де што има до­би­е­но и приз­на­ние. За ва­кви­от че­кор ве­ли:

– Тоа беа дру­ги вре­ми­ња. Са­кав, мо­жев и имав жел­ба. Та­ка бев­ме вос­пи­ту­ва­ни. Ед­на ули­ца, ед­на фа­ми­ли­ја. Ве­ро­јат­но зна­ев што зна­чи да не­маш, да си гла­ден. Сум бил де­те на ули­ца, мо­и­те по за­тво­ри, по пар­ти­за­ни… Во Штип ме хра­не­ле бу­гар­ски вој­ни­ци. Имаа кан­ти­на, пе­чеа леб, бу­гар­ски вој­ник ми се­че­ше леб и ми да­ва­ше, за ме­не и за ба­ба ми. За жал, де­нес не­ма та­кви чув­ства, не­ма жел­ба да се по­да­ру­ва. Иа­ко сум во се­гаш­но­ста, жи­ве­ам во ми­на­то­то.

НАЈГОЛЕМИТЕ КОМПЛИМЕНТИ

На­гра­ди­те и приз­на­ни­ја­та се са­ти­сфак­ци­ја, но го­ле­ми­те комп­ли­мен­ти се уште по­го­ле­ма са­ти­сфак­ци­ја. По­ба­рав поз­на­ти­от му­зи­чар да се при­се­ти на тие мо­мен­ти во ка­ри­е­ра­та што му би­ле мо­тив за уште по­ве­ќе труд и ра­бо­та:

-Во 1960 го­ди­на, уште ка­ко сту­дент ис­пра­тив ком­по­зи­ци­ја на фе­сти­ва­лот во Опа­ти­ја. Тоа бе­ше ју­гос­ло­вен­ски „Сан Ре­мо“. Во кон­ку­рен­ци­ја на 402 ком­по­зи­ции, ме­не ми ја при­ми­ја „Пес­на на вра­ќа­ње­то“. Ма­ке­дон­ска­та ку­ќа то­гаш ме пра­ти да при­сус­тву­вам на фе­сти­ва­лот. Мо­ја­та пес­на ја пе­е­ше Га­би Но­вак. Бо­јан Ада­миќ, член на жи­ри­то, ми ви­ка: „Ка­ко е ва­ши­от та­тко“. Ми пер­си­ра, а јас де­ти­ште. Се чу­дам од ка­де го знае та­тко ми?! И пра­шав зар се поз­на­ва­ат. Ми ве­ли: „Не, мис­лев ќе дој­де ва­ши­от та­тко по­ра­ди ком­по­зи­ци­ја­та“. Гле­дам збу­не­то и ве­лам: „Ма­е­стро, јас ја на­пи­шав ком­по­зи­ци­ја­та“. Ме гле­да и за­чу­де­но ве­ли: „Што?! Кој?! Ка­ко?!“ Тоа бе­ше пр­ви­от су­пер­комп­ли­мет што го до­бив.

След­на­та го­ди­на Џам­ба­зов од вој­ска ис­пра­тил две ком­по­зи­ции на кон­кур­сот во Опа­ти­ја, две­те му ги при­ми­ле. След­на­та го­ди­на, 1962 го­ди­на, сѐ уште во вој­ска, бил пре­фр­лен во Вра­ње, ис­пра­тил три ком­по­зи­ции, три­те му ги при­ми­ле.

– Ѝ ре­ков на Ан­че да ги да­де на пре­пи­шу­ва­чи и под ши­фри да ги ис­пра­ти во Ју­гос­ло­вен­ска­та ра­дио-те­ле­ви­зи­ја за кон­кур­сот за Опа­ти­ја. Еден и пол ме­сец по­доц­на дој­де Ан­че со та­тко ѝ и ви­ка: „Ти при­ми­ја три ком­по­зи­ции“. Шок. Јас во транс, ќе по­бу­да­лам, не мо­жам да по­ве­ру­вам. Таа го­ди­на по­бе­ди Пе­шев со „Еден бак­неж“. Ин­те­рес­на е при­каз­на­та за „Љу­бов и мо­тор“, ед­на од три­те ком­по­зи­ции што ги на­пра­вив. До­де­ка бев­ме во Би­ле­ќа, Ми­ќо Ор­ло­виќ бе­ше со ме­не во вој­ска. То­гаш бе­ше ѕвез­да, пре­не­су­ва­ше свет­ски нат­пре­ва­ри… Про­чи­тал текст во ху­мо­ри­стич­но­то спи­са­ние „Јеж“ и ми ви­ка, Џамбo ај про­чи­тај го овој текст, мно­гу е ду­хо­вит… Го чи­там тек­стот и ком­по­ни­рам – рас­ка­жу­ва тој и поч­ну­ва да пее „Ди­вим се Ани­ног љу­пом би­ќу, ал ипак ви­ше во­лим фи­ќу. Ле­по је кад сам с мо­јом Аном, ал леп­ше леп­ше за во­ла­ном. Ка­кве со­на­те, ка­кви сла­ву­ји, пес­ма је кад фи­ќин мо­тор зу­ји. И ни­је ова не­ко откри­ќе и ме­не Ана во­ли во­ли због фи­ќе, ал јед­ног да­на кад мо­тор ста­не, пре­ста­ќе и љу­бав мо­је Ане…“

Та­ка на­ста­на „Љу­бов и мо­тор“. Хит бе­ше да се има фи­ќо… Ја пе­е­ја „4М“, нај­до­бри­от во­ка­лен квар­тет во Ју­гос­ла­ви­ја. Вто­ра­та вер­зи­ја ја пе­е­ше Ми­ки Је­вре­мо­виќ, му да­дов шан­са, то­гаш прв­пат се по­ја­ви на Опа­ти­ја. За да ја на­пра­ват, се отво­ри сце­на­та и на неа вле­зе фи­ќо. Це­ла са­ла шок, а овие ман­гу­пи игра­ат, пра­ват шоу. Фа­бри­ка­та ре­ши­ла да го по­да­ри фи­ќо­то. А, кој да го зе­ме? Ком­по­зи­то­рот, авто­рот на текст или из­ве­ду­ва­чи­те? И ре­шив­ме да се по­да­ри на не­ко­ја ху­ма­ни­тар­на ор­га­ни­за­ци­ја – до­да­ва тој.

Пред фе­сти­ва­лот, ко­га се отво­ра­ле пли­ко­ви­те за да се про­ве­ри чии ими­ња сто­јат зад ши­фри­те под кои се за­пи­ша­ни из­бра­ни­те ком­по­зи­то­ри, со­се­ма слу­чај­но се по­го­ди­ле пр­ви­те пет пли­ко­ви да би­дат од ма­ке­дон­ски ком­по­зи­то­ри.

– Еми­нент­но жи­ри ги отво­ра пли­ко­ви­те за из­бра­ни­те пес­ни, ги гле­да­ат ши­фри­те, и да се по­го­ди пр­ви­от плик му­зи­ка Але­ксан­дар Џам­ба­зов, фи­но Ма­ке­до­нец, втор Пе­тар Пе­шев, уште еден Ма­ке­до­нец. Трет плик „Ки­ша“, Але­ксан­дар Џам­ба­зов, лу­ѓе што е ова? Че­тврт плик Пе­шев, си­те шо­ки­ра­ни. Пет­ти­от плик Џам­ба­зов. Ста­ну­ва ед­ни­от од нив и ви­ка „ако е по­втор­но Џам­ба­зов ќе го по­ни­штам фе­сти­ва­лот“. Па по­го­лем комп­ли­мент не сум мо­жел да до­би­јам. По­тоа, на­ред­ни­те го­ди­ни Пе­шев има­ше уште ед­на ком­по­зи­ци­ја. Јас на три­те пр­ви фе­сти­ва­ли имав шрдт мои пес­ни, по­тоа до 1968 го­ди­на имав 11 ком­по­зи­ции во Опа­ти­ја – се на­вра­ќа Џам­ба­зов на го­ди­ни­те на­на­зад.

ТАНЦОВ ОРКЕСТАР

Ма­е­стро Џам­ба­зов 37 го­ди­ни од сво­јот ра­бо­тен век по­ми­на ка­ко ди­ри­гент на Тан­цо­ви­от ор­ке­стар во МРТ. Ве­ли де­ка ова е бла­го­да­ре­ние на иск­лу­чи­тел­на­та лич­ност на Дра­ган Ѓа­ко­нов­ски – Шпа­то, ка­ко и на по­ја­ва­та на култ­ни­те фил­мо­ви „Бал на во­да“, а по­доц­на „Мом­че­то со тру­ба“.

–Во 1961 го­ди­на ме из­браа за пре­тсе­да­тел на жи­ри­то да се фор­ми­ра тој биг-бенд. При­мив трој­ца му­зи­ча­ри, од кои двај­ца не зна­е­ја но­ти. Во 1961 го­ди­на се ро­ди Тан­цо­ви­от ор­ке­стар, прв чо­век бе­ше Шпа­то. По зем­јо­тре­сот во 1963 го­ди­на, оти­де ор­ке­ста­рот во Би­то­ла. Тој мо­ра­ше да оди во Бел­град, ме по­ви­ка ди­ре­кто­рот и ми ка­жа де­ка мо­рам да го пре­зе­мам ор­ке­ста­рот. Та­ка ста­нав ди­ри­гент. 37 го­ди­ни го во­дев, до мо­е­то пен­зи­о­ни­ра­ње во 2001 го­ди­на.

„Бал на во­да“ и Шпа­то се нај­го­ле­ми­те „ви­нов­ни­ци“ за ус­пе­хот на Џам­ба­зов. Пр­ва­та ком­по­зи­ци­ја ја на­пи­шал во 1953 го­ди­на, „Ме­кси­ка­на“, на ко­ја Шпа­то на­пра­вил ма­ли ко­рек­ции и пот­пи­шал: „По­пра­вио Дра­ган Ѓа­ко­нов­ски – Шпа­то“.

–Имав сре­ќа на 17 го­ди­ни да сви­рам ги­та­ра во ор­ке­ста­рот на Шпа­то во фа­бри­ка­та „Про­грес“ кај ста­ри­от Цве­тен па­зар. Пра­вев­ме игран­ки. То­гаш ја на­пи­шав „Ме­кси­ка­на“, то­гаш до­ми­ни­ра­ше јуж­но­а­ме­ри­кан­ска­та му­зи­ка и џе­зот. Си­те поч­нав­ме во тој стил. Па­ра­лел­но дој­де ле­ген­дар­ни­от „Бал на во­да“. Си­те по­бу­да­лу­вав­ме по таа уба­ви­ца Естер Ви­ли­јамс, ко­ја е сѐ уште жи­ва. Мис­лам де­ка тој филм, тие еден и пол час, ни ја одре­ди­ја жи­вот­на­та суд­би­на и ме­не и на уште два-трој­ца. Ре­ков, јас мо­рам да ста­нам ком­по­зи­тор. Шпа­то го гле­дал де­ве­де­сет и два-три па­ти. Сим­ну­ва­ше му­зи­ка. Со ба­те­ри­ја му све­тат, а тој за­пи­шу­ва. Јас сум го гле­дал 21 пат. Бев­ме ма­ѓеп­са­ни, дро­ги­ра­ни од таа уба­ви­на.

ТАТКО НА ДЕТСКАТА ПЕСНА

Ток­му тој е еден од ви­нов­ни­ци­те за соз­да­ва­ње­то на „Скоп­ски­от фе­сти­вал“. Сѐ поч­на­ло ка­ко кон­курс со цел да се пот­тик­не ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка. Иде­ја­та би­ла да се на­пра­ви кон­церт, но то­гаш Џам­ба­зов дал пред­лог да се на­пра­ви фе­сти­вал. Друш­тво­то на ком­по­зи­то­ри ја при­фа­ти­ло иде­ја­та и со 12 ком­по­зи­ции, из­ве­де­ни во две вер­зии, во 1968 го­ди­на се одр­жал пр­ви­от „Скоп­ски фе­сти­вал“. Пес­ни­те би­ле сни­ме­ни во не­кои хан­га­ри кај хо­тел „Кон­ти­нен­тал“:

– То­гаш се до­го­во­рив­ме да на­пра­ви­ме ре­ви­ски ор­ке­стар и да по­ви­ка­ме пе­ја­чи од це­ла Ју­гос­ла­ви­ја. Таа го­ди­на Бран­ѓо­ли­ца до­би пр­ва на­гра­да од жи­ри­то, а јас тре­та за „Јуж­на ѕвез­да“. Пуб­ли­ка­та, пак, пр­ва­та на­гра­да ѝ ја до­де­ли на мо­ја­та „Сра­меж­ли­ва“ што ја от­пе­а­ја За­фир Ха­џи­ма­нов и Љуп­ка Ди­ми­тров­ска, а вто­ра­та вер­зи­ја Ви­о­ле­та То­мов­ска со Ди­ме По­пов­ски.

Ма­е­стро Џам­ба­зов ре­дов­но учес­тву­ва на овој фе­сти­вал и е единс­тве­ни­от тро­ен по­бед­ник со ком­по­зи­ци­и­те „Сра­меж­ли­ви“, „Са­мо ти“ и „Љу­бов не­вер­на“. По три го­ди­ни, во 1971 го­ди­на поч­на нај­до­бар фе­сти­вал во Ју­гос­ла­ви­ја.

Тој е ви­нов­ник и за по­сто­е­ње­то на дет­ски­от фе­сти­вал „Злат­но сла­веј­че“, втор нај­стар фе­сти­вал за дет­ска пес­на во Евро­па. За­тоа и мно­гу­ми­на го зна­ат ка­ко та­тко на дет­ска­та му­зи­ка, а тие што ка­ко де­ца пе­е­ле во хо­рот „Раз­ви­гор­че“ му се обра­ќа­ат со чич­ко Ма­е­стро. Ја на­пи­ша ле­ген­дар­на­та „Скоп­је ра­до­сти ќе би­деш..“, ко­ја сме ја пе­е­ле си­те ка­ко де­ца и ко­ја и де­нес е не­о­фи­ци­јал­на хим­на на гра­дот:

– Во 1971 го­ди­на се одр­жа пр­во­то „Злат­но сла­веј­че“. До то­гаш, ка­ко да не­ма­ше афи­ни­тет и ин­те­рес да се на­пра­ват дет­ски пес­ни. Рас­пи­шав­ме кон­курс, не­ма­ше до­вол­но ком­по­зи­ции. Да­дов 14 ком­по­зи­ции, 22 аранж­ма­ни за ре­ви­ски­от ор­ке­стар, из­би­рав де­ца, го увеж­бу­вав ор­ке­ста­рот, ди­ри­ги­рав, го сни­мив сту­ди­ски тој ма­те­ри­јал за те­ле­ви­зи­ја. Тоа бе­ше ра­ѓа­ње­то на „Злат­но сла­веј­че“. На пр­во­то фе­сти­вал­че пе­е­ше де­те од че­ти­ри го­ди­ни. Пе­е­ше во жи­во. След­на­та го­ди­на пе­е­ше де­те на 4,5 го­ди­ни Ан­то­а­не­та Тно­ков­ска со „Чуд­но ма­че“. Во 1974 го­ди­на ни се прик­лу­чи За­пров со хо­рот „Раз­ви­гор­че“. Ни по­ну­ди­ја да се да­ва на Мон­де­ви­зи­ја, но по­ба­рав пр­во тој да се на­пра­ви на ни­во на Ју­гос­ла­ви­ја. Поч­наа да до­а­ѓа­ат де­ца од збра­ти­ме­ни­те гра­до­ви. За жал, пр­ви­те де­сет „злат­ни сла­веј­чи­ња“ се из­бри­ша­ни од ви­де­о­те­ка­та на МРТВ. Тоа се етич­ки кри­ми­нал­ци, кои ги из­бри­шаа сла­веј­чи­ња­та и че­ти­ри­те пр­ви скоп­ски фе­сти­ва­ли. Ако не­кој ги има тие сним­ки, би бил бла­го­да­рен да ми ги да­де.

Про­сто­рот е пре­мал за сѐ што по­ми­нал, до­жи­ве­ал и на­пра­вил ма­е­сто Џам­ба­зов, кој на ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка ѝ да­ру­ва­ше по­ло­ви­на век. Не­го­ви­от ре­волт од не­по­чи­ту­ва­ње­то на тоа што го има­ат оста­ве­но тој и не­го­ви­те ко­ле­ги е при­чи­на­та што на по­че­то­кот не са­ка­ше да се сог­ла­си да ја об­ја­ви­ме не­го­ва­та жи­вот­на при­каз­на. Во не­го­ви­те се­ќа­ва­ња се вре­жа­ни ин­те­рес­ни и среќ­ни мо­мен­ти, кои де­нес на­мер­но или не се под­за­бо­ра­ва­ат. Му не­до­сти­га ду­хот што по­сто­ел во го­ди­ни­те ко­га соз­да­вал. Но, тра­ги­те не мо­жат да се из­бри­шат. Фа­кти­те по­ка­жу­ва­ат – пос­лед­на­та на­гра­да дој­де во ви­стин­ски ра­це. Зад не­го­во­то име има за­пи­ша­но по­ве­ќе од 1.450 сту­ди­ски за­пи­си, дет­ски пес­ни, шла­ге­ри, пес­ни за ор­ке­стар, му­зи­ка за филм, прет­ста­ви. Бе­ше ди­ри­гент на пос­лед­на­та евро­ви­зи­ја со ор­ке­стар, ко­га Ма­ке­до­ни­ја ја прет­ста­ву­ва­ше Вла­до Ја­нев­ски. Раз­го­ва­рав­ме и за пос­лед­ни­те ком­по­зи­ции. До­де­ка Ан­че Џам­ба­зо­ва ле­же­ла бол­на на­пра­вил не­кои аранж­ма­ни, а по неј­зи­на­та смрт од 1997 го­ди­на, не­ма ком­по­ни­ра­но. Ве­ли, инс­пи­ра­ци­ја има, жел­ба не­ма.

За­до­волс­тво е да се слу­ша­ат при­каз­ни­те на чич­ко Ма­е­стро. До­бри­от ху­мор не изо­ста­на ни­ту во еден мо­мент во раз­го­во­рот. Во не­гов стил на кра­јот на раз­го­во­рот се нас­меа:

– Се на­де­вам ќе по­жи­ве­еш пак да ми на­пра­виш ин­терв­ју.

НОТИТЕ БИЛЕ МНОГУ СЛАТКИ

Штип­ја­нец, кој жи­вее во Скоп­је, ро­ден во Вој­во­ди­на. Тоа ме на­те­ра да пра­шам зо­што се­ло Ста­пар:

–Де­до ми Але­ксан­дар, по кој сум кр­стен, бил дес­на ра­ка на Го­це Дел­чев и на Да­ме Гру­ев до­де­ка би­ле учи­те­ли во Штип. Го пра­ќа­ле на­ва­му–на­та­му. Имал трој­ца си­но­ви и две ќер­ки. Та­тко ми ка­ко де­те сви­рел на прим, го но­се­ле во Истан­бул да сви­ри на бег, да за­ра­бо­ти не­кој де­нар. Се за­пи­шал на учи­тел­ска шко­ла, би­ла на ранг на фа­кул­тет. Ја за­вр­шил шко­ла­та ка­ко нај­до­бар уче­ник, а тие нај­че­сто ги ста­ва­ле да ра­бо­тат во до­бри гра­до­ви. Та­тко ми бил Ме­то­ди­ја Але­ксан­дров Ни­ко­лиќ. Ко­га се за­пи­шал во учи­ли­ште не му доз­во­ли­ле да би­де Џам­ба­зов, за­што та­тко му бил стре­лан 1921 го­ди­на за ВМРО, за Ма­ке­до­ни­ја. Ка­ко каз­на што е де­те на вмро­вец, бил пра­тен во се­ло Биг­ла, над пла­ни­ни­те во Ниш. Чи­тал на све­ќа. По пет го­ди­ни го пра­ти­ле во Вој­во­ди­на, во се­ло Ста­пар.

Со­се­ма е јас­но од ка­де та­лен­тот за му­зи­ка. Освен та­тко му, та­лент за му­зи­ка има­ла и не­го­ва­та те­тка, ко­ја му пе­е­ла пес­ни ка­ко мал.

– Ед­но утро те­тка ми рек­ла „Цве­то, Ме­то, де­те­то поч­на да ми ги пее пес­ни­те што јас му ги пе­ев и сум зас­па­ла“. Ту­ка е тој по­че­ток. Но, за јас да се за­ни­ма­вам со му­зи­ка нај­го­ле­мо вли­ја­ние има­ше ед­на му­зич­ка ле­ген­да, Сер­геј Ми­хај­лов, ру­ски еми­грант. Тој е чо­ве­кот што ја по­ста­ви пр­ва­та опе­ра во Штип во 1924 го­ди­на. Бе­ше по­све­тен на де­ца­та. Ка­жа де­ка ќе се пра­ви му­зич­ко учи­ли­ште, кој са­ка да се при­ја­ви. Де­ца ка­ко де­ца, оди­ме си­те. Тој ги поз­на­ва­ше си­те на­ши ро­ди­те­ли. Но­се­ше ед­на цр­на чан­та, ко­ја оди­гра пре­суд­на уло­га. Пра­шу­ва­ше „од кај си“? „Од На­се­ви“. „При­мен си“. „Ти од ка­де си?“„Од Ни­ко­ло­ви“. „ Те­бе да те чу­јам“. „Ти?“ „Од Џам­ба­зо­ви“. „При­мен си“. Пр­ви­от час таб­ла, на­цр­та­но пе­то­ли­ние. И ви­ка, де­нес ќе учи­ме му­зи­ка. Што се но­ти­те. На­цр­та ед­но јај­це и ни ка­жа де­ка тоа е це­ла но­та. Од цр­на­та чан­та из­ва­ди ја­бол­ка и кру­шки. Ни да­де на си­те по ед­на и ни ка­жа тоа е це­ла но­та. По­тоа на таа но­та ста­ви цр­тич­ка за по­ло­ви­на но­та. По­тоа и ово­шки­те ги исеч­ка, им ста­ви не­кои им­про­ви­зи­ра­ни чеп­кал­ки и ете по­ло­ви­на но­та… За­вр­шу­ва ча­сот оди­ме до­ма и на ро­ди­те­ли­те им ви­кам но­ти­те би­ле мно­гу сла­тки. Ни да­де кру­шки ја­бол­ка… Пак ќе одам. Та­ка ус­пеа да нѐ ани­ми­ра кон му­зи­ка­та.

Поч­нал да сви­раи ви­о­ли­на кај чич­ко­то на опер­ска­та ди­ва Зи­на Кре­ља, Пе­тар Кре­ља. Му ја вр­зу­вал ра­ка­та со ор­то­ма за да ја др­жи пра­вил­но ви­о­ли­на­та. Сред­но учи­ли­ште поч­нал во гим­на­зи­ја­та „Ор­це Ни­ко­лов“.

-По­тоа Или­ја Ни­ко­лов­ски – Луј ме зе­ма во му­зич­ко­то учи­ли­ште. Луј го вик­на та­тко ми, јас за­ед­но со та­тко ми оти­дов кај не­го и тој ви­ка: Гос­по­ди­не Џам­ба­зов, ние од Ацо ќе пра­ви­ме ма­ке­дон­ски Па­га­ни­ни. Сум имал дол­ги пр­сти и слух, тер­мин што јас не го при­фа­ќам. Ме­не не ме ин­те­ре­си­ра­ше мно­гу ви­о­ли­на­та, то­гаш поч­нав да уди­рам по кла­ви­ши­те на кла­ви­рот. Ме за­пи­шаа во му­зич­ко. Мно­гу ми бе­ше дра­го ко­га не одев на ча­сот по сол­феж, ту­ку гос­по­ди­нот Гај­дов ме пра­ќа­ше на те­тка Љу­би­ца да ѝ ку­пам леб, мле­ко… Има­ше ве­ло­си­пед, го вр­зу­ва­ше со син­џир, ми го да­ва­ше да одам да ѝ ис­па­за­ру­вам на Те­тка Љу­би­ца, пре­крас­на же­на, ми да­ва­ше да по­ја­ду­вам. Пу­тер или не­што та­кво. Гај­дов, пр­ви­от учеб­ни­кар, мо­же­ше да си доз­во­ли та­кви ра­бо­ти.

Во 1956 го­ди­на се за­пи­шал на му­зич­ка ака­де­ми­ја во Бел­град во кла­са­та на Мар­ко Тај­че­виќ. Ка­ко еден од ре­тки­те ака­дем­ски обра­зу­ва­ни му­зи­ча­ри го вра­бо­ти­ле во Ра­дио Скоп­је, ка­де што про­дол­жил да со­ра­бо­ту­ва со Шпа­то.

АНЧЕ ЈА ФАТИВ СО ГИТАРАТА

Ан­че би­ла и оста­на­ла нај­го­ле­ма­та љу­бов на Џам­ба­зов. Раз­го­ва­рав­ме за жи­во­тот со фе­но­ме­нал­на­та актер­ка, а тој со за­до­волс­тво и по­се­бен жар го­во­ре­ше за неа:

[caption id="attachment_449209" align="alignnone" width="350"] Од венчавката на Александар и Анче Џамбазови[/caption]

– Ја за­поз­нав ле­то­то 1960 го­ди­на пред да одам во вој­ска, на ле­ту­ва­ње во Охрид бев со То­мис­лав Зо­граф­ски, Ми­хај­ло Ни­ко­лов­ски, Зо­ран Ди­ми­тров­ски, а Џу­ва­ле­ков­ски има­ше ви­ла кај Ка­нео. Ту­ка про­стор за сон­ча­ње, јас со ги­та­ра­та. Пе­тре Пр­лич­ко сни­ма­ше „Со­лусн­ки­те атен­та­то­ри“, а таа со ма­ќе­а­та бе­ше сме­сте­на кај „Св. Со­фи­ја“. Ма­ќе­а­та ла­же Ан­че се ка­пе, а јас и Ан­че со друш­тво­то пеш до син­ди­ка­лен дом на игран­ка. Ја фа­тив со ги­та­ра­та. 1961 го­ди­на го сни­ми „Мир­но ле­то“, во Охрид и во Скоп­је. Ка­ко се­га се се­ќа­вам, отка­ко се за­поз­нав­ме оди­ме на кор­зо. Се на­о­ѓа­ме во по­не­дел­ник, таа пла­че. Што ти е бе зла­то, што ти ста­на? Ди­ре­кто­рот на учи­ли­ште­то го вик­нал та­тко ѝ. Клас­на­та му ка­жа­ла де­ка ја ви­де­ле Ан­че со не­кол­ку де­вој­ки и ед­но мом­че, кое ѝ ја ста­ви­ло ра­ка­та пре­ку ра­мо­то. Тоа не сме­е­ло. Та­тко ѝ ја ис­по­ка­рал… Мо­рав­ме де­вој­ки­те да ги вра­ќа­ме во осум ча­сот. Ед­на ве­чер доц­нев­ме че­ти­ри ми­ну­ти. Та­тко ѝ не ја при­ма, не­ка спие кај ком­ши­и­те. А, ми беа љу­бо­мор­ни за Ан­че. До­шол бел­град­ски­от ѓак, им ја фа­тил нај­у­ба­ва­та де­вој­ка. Ан­че се­кој ден ја пу­шта­ла мо­ја­та пес­на „Пес­на по­вра­тка“ од пло­ча­та од Опа­ти­ја. Вљу­бе­на. Пр­лич­ко ѝ ви­кал, до­ста ма, се­кој ден тоа, па тоа, са­мо тоа. Еден ден се бри­чел, Ан­че си пе­е­ла, и тој се свр­тел; „ааа му ја пе­еш пес­на­та на Ацо му­зи­кан­тот“. Таа пре­среќ­на, та­тко ѝ ме знае… Во 1962 го­ди­на се ре­ги­стри­рав­ме. Пр­лич­ко ед­на ќер­ка, ќе ја ре­ги­стри­ра. Тој при­ја­тел со си­те. Ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти бе­ше Ко­чо Би­то­ља­ну. До­а­ѓа­ат на свад­ба си­те, 300 го­сти, Пе­тре ќе пла­ќа. Јас са­мо што поч­нав со му­зи­ка, а ве­ќе по­пу­ла­рен. Да­вам до­ку­мен­ти и на­ста­ну­ва шок. Јас во кр­ште­ни­ца­та Але­ксан­дар Ме­то­ди­ев Ни­ко­лиќ. Во­е­на кни­шка Але­ксан­дар Џам­ба­зов. Же­на­та ка­жу­ва не мо­же да нѐ ре­ги­стри­ра, Пр­лич­ко шок… Ко­чо Би­то­ља­ну го­стин и од­ма пот­пи­шу­ва де­ка ли­це­то тоа и тоа е ед­но исто, ста­ва пот­пис и ние се ре­ги­стри­рав­ме. Е, по го­ди­ни, ко­га Пр­лич­ко се ше­гу­ва­ше со ме­не, ве­ле­ше: „Абе кај го нај­де овој му­зи­чар. Ја ба­раа трој­ца кон­зу­ли и двај­ца ам­ба­са­до­ри, јас на му­зи­кант ја да­дов“. А пос­ле ќе се свр­те­ше и ќе ре­че­ше: „Ама си го са­кам по­ве­ќе од Ан­че“.

Џам­ба­зов ден-де­нес ги чу­ва си­те пис­ма што Ан­че му ги пра­ќа­ла во вој­ска:

– Страв ми е да ги отво­рам. Се­кој ден Ан­че ми пи­шу­ва­ше. И ко­га ќе не на­ре­дат да чи­та­ат по­шта пр­во ви­каа Џам­баз. Си­те зна­е­ја де­ка во по­не­дел­ник или втор­ник ќе до­би­јам две пис­ма, пра­ти­ла и са­бо­та и не­де­ла. И ко­мен­ти­раа, овој по­втор­но има пис­ма. По­ра­ди тоа и Ми­чо Ор­ло­виќ ми го да­де тој текст за „Љу­бов и мо­тор“.

ДЕТСКИТЕ ЛУДОРИИ НА ИГОР

Го пра­шав за на­ла­ни­те со кои се по­ја­вил на „Скоп­ски­от фе­сти­вал“ – до­те­ран , сре­ден, со на­ла­ни на но­зе. И не­го­ви­от ко­мен­тар бе­ше: „А, тоа е од Игор, да ка­жам јас за не­го“.

– Ман­гуп бе­ше уште ка­ко мал. „Са­мар­че­то“ оде­ше по­не­дел­ник поп­лад­не на ју­гос­ло­вен­ска те­ле­ви­зи­ја. Нај­го­лем хит бе­ше. Еден ден се ка­чу­ва до­ма со топ­ка под ра­ка и пла­че: „не са­ка­ат да ме игра­ат дру­га­ри­те“. Отиш­ле си­те да го гле­да­ат „Са­мар­че­то“.

Има­ше 13 го­ди­ни, му из­ле­гоа ка­лен­дар­чи­ња во „Ве­чер“. Се гла­са­ше за ТВ-ли­це на го­ди­на­та. Игор до­би 20.000 гла­са по­ве­ќе од Пр­лич­ко. Ед­наш, пак, до­а­ѓа и ми ви­ка: „Здра­во ко­ле­га“. Јас збу­нет, а тој ми ви­ка: „Па јас и ти сме ко­ле­ги. Јас на те­ле­ви­зи­ја, на ра­дио, во вес­ни­ци, ти исто, ние сме ко­ле­ги“. И та­ка оста­на, до ден де­нес не ме ви­ка та­то.

Игра­ше фуд­бал со ед­ни по­ста­ри де­ца од дру­ги­от влез. До­а­ѓа и ви­ка: „та­то бе, зна­еш ли што е та­тко му Ба­же што е? Ви­со­ко дис­кфа­ли­фи­ку­ван бра­вар“ .

Ед­наш, пак, оди­ме кај па­зар­че­то кај „Пут­ник“ и сто­и­ме на се­ма­фо­ри.

По­ми­ну­ва ед­на уба­ва де­вој­ка, не­мав ви­де­но по­у­ба­ва де­вој­ка во Скоп­је. Се­ди Игор во авто­мо­би­лот до ме­не и му ви­кам: „ко­ле­га ви­ди, си ви­дел ли по­у­ба­во де­вој­че“. И ми тек­на: „Слу­шај, не­мој да си ка­жал на мај­ка ти што гле­дам по де­вој­чи­ња“. И Игор ка­ко стре­ла: „абе бу­да­ла еден, се ка­жу­ва ли тоа на ма­ма“.

До­а­ѓам ед­наш од ра­бо­та, Ан­че се­ди во днев­на и пла­че: „Ле­ле Игор што на­пра­ви, са­мо, те мо­лам, не те­пај го. А тој во ед­на­та со­ба, се­стра му во дру­га­та, две го­ди­ни е по­ма­ла Та­ња од не­го. Тој да ти зе­ме но­жи­ци и да и на­пра­ви на Та­ња крст на гла­ва. Ја иши­шал. Кај не­го дуп­ка на­пред. Ле­ле, ко­га ви­дов. Ан­че ми ви­ка си игра­ле бер­бе­ри. Го зе­мав Игор, му ви­кам: „ иди­о­те, ќе те уте­пам, об­ле­ку­вај се да те но­сам на бер­бер“. А Та­ња ви­ка: „са­кам и ме­не да ме но­сиш на бер­бер“. А Игор ка­ко од топ: „ќу­ти ма, ја те­бе те пот­ши­шав“.

След­ни­от мој ко­мен­тар бе­ше де­ка го пре­поз­на­ва­ат ка­ко та­тко­то на Игор Џам­ба­зов, а ма­е­страл­ни­от Џам­ба­зов вед­наш има­ше од­го­вор:

– А, на па­зар има ед­но мом­че што про­да­ва ти­кви. Се ви­ка Игор. По­ми­ну­ва­ат лу­ѓе што ме зна­ат, ме поз­дра­ву­ва­ат со ма­е­стро. Мом­че­то ми ви­ка дој­ди след­на­та не­де­ла ќе имам уба­ви ти­кви. Одам и мом­че­то му ви­ка на еден па­зар­џи­ја: „Спи­ро, абе ти зна­еш ли Игор Џам­ба­зов чиј син е? Игор е син на овој чо­век, а тој се ви­ка ма­е­стро Але­ксан­дар Џам­ба­зов“. Си­те око­лу поч­наа да се сме­ат. А, јас му ви­кам: „са­мо од те­бе ќе ку­пу­вам, за це­на не пра­шу­вам. Ти си пр­ви­от во Ма­ке­до­ни­ја што ка­жа пра­вил­но. Си­те ви­ка­ат та­тко­то на Игор“. Јас де зет на Пр­лич­ко, де маж на Ан­че, та­тко на Игор…

Разговорот го водеше: Билјана Бабиќ

The post Ин Мемориам: Александар Џамбазов, живееше со сеќавањата, ќе живее во сеќавањата! appeared first on Република.

]]>

Тој е ма­е­стро Але­ксан­дар Џам­ба­зов, а не гос­по­дин Џам­ба­зов. Обра­ќа­ње­то со гос­по­дин не го при­фа­ќа. Со до­бит­ни­кот на на­гра­да­та за жи­вот­но де­ло на го­ди­наш­ни­от „Скоп­ски фе­сти­вал“ се срет­нав­ме не­кол­ку­па­ти пред да се сог­ла­си да пи­шу­ва­ме за не­го­ва­та жи­вот­на­та при­каз­на. Иа­ко на­ши­те сред­би тра­е­ја со ча­со­ви во при­ја­тен и от­пу­штен раз­го­вор, ма­е­стро Џам­ба­зов се дво­у­ме­ше да­ли да ја на­пра­ви­ме оваа при­каз­на. Не­го­ва­та ка­ри­е­ра е бо­га­та и дол­га, но ре­тко се сог­ла­су­вал да да­де ин­терв­ју. Се­пак, бла­го­да­ре­ние на мо­ја­та упор­ност и на по­мо­шта од не­го­ви­от син Џам­баз Ју­ни­ор, ус­пе­ав во на­ме­ра­та за­ед­нич­ки да ги по­тсе­ти­ме по­во­зрас­ни­те на чо­ве­кот што на­пра­ви мно­гу шла­ге­ри, а на де­ца­та да им го прет­ста­ви­ме чо­ве­кот што ги на­пи­ша пес­нич­ки­те со кои рас­тат, „Еј гу­ла­би, гу­ла­би бе­ли„, „За си­те де­ца“, „Пес­на за Скоп­је“, „Мо­ја­та учи­тел­ка“… Та­тко­то на дет­ска­та пес­на во пен­зи­о­нер­ски­те де­но­ви е по­све­тен на си­нот и на ќер­ка­та – Игор и Та­ња Џам­ба­зо­ви, и на спо­ме­ни­те на не­го­ва­та со­пру­га, ле­ген­дар­на­та Ан­че Џам­ба­зо­ва. Се­кој на­пис, се­ко­ја фо­то­гра­фи­ја, се­кој ви­де­о­ма­те­ри­јал од се­мејс­тво­то Џам­ба­зо­ви е спа­ку­ван во ар­хи­ва­та. И де­нес тој ги сни­ма си­те по­ја­ву­ва­ња на Игор на те­ле­ви­зи­ја. Не­кои од сним­ки­те и на­пи­си­те во ме­ди­у­ми­те ѝ ги ис­пра­ќа на Та­ња, ко­ја со го­ди­ни е на аме­ри­кан­ски­от кон­ти­нент.
– Има ед­на мис­ла што сум ја про­чи­тал и ми оста­на во се­ќа­ва­ње. Не бев све­сен де­ка жи­ве­ам со неа: „Жи­во­тот што ни го да­ва при­ро­да­та е кра­ток. Но, се­ќа­ва­ња­та на не­за­бо­рав­ни­те го­ди­ни се веч­ни“. Де­нес мо­ја­та де­фи­ни­ци­ја ка­ко лич­ност, по таа суд­би­на жи­вот без Ан­че, е де­ка ве­ге­ти­рам со не­за­бо­рав­ни­те спо­ме­ни од ми­на­то­то. Ко­га раз­го­ва­раш со ме­не, ме гле­даш тем­пе­ра­мен­тен, но јас ко­га сум сам е по­и­на­ку. Јас жи­ве­ам со се­ќа­ва­ња­та – ве­ли ма­е­стро Џам­ба­зов.
Нас­ме­ан, до­сет­лив и со од­лич­на ме­мо­ри­ја. Очиг­лед­но, Игор Џам­ба­зов го има нас­ле­де­но ге­нот за смис­ла за ху­мор, но и за до­бро па­ме­те­ње од сво­јот та­тко. Се се­ќа­ва на мно­гу де­та­ли од жи­во­тот. Трг­ну­вај­ќи од пос­лед­на­та на­гра­да за жи­вот­но де­ло го пра­шав да­ли мо­же да се се­ти на на­гра­ди­те и на оп­штес­тве­ни­те приз­на­ни­ја што да­ти­ра­ат уште од по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја, по­ра­ди кои, на­ви­сти­на, го зас­лу­жи ова пос­лед­но приз­на­ние. Свет­ска на­гра­да на ин­тер­на­ци­о­на­лен кон­курс во Ка­ва ди Ти­ре­ни во 1966 го­ди­на за ком­по­зи­ци­ја­та „Рап­со­ди­ја за Скоп­је“, пр­ва на­гра­да на „Сти­хо­ви и то­но­ви“, на­гра­да во рам­ки­те на „Стру­шки­те ве­че­ри на по­е­зи­ја­та“ за ком­по­зи­ци­ја инс­пи­ри­ра­на од сти­хо­ви на ма­ке­дон­ски авто­ри, на­гра­да „Млад бо­рец“, на­гра­да за ма­ни­фе­ста­ци­ја­та „Ку­рир­че“, ба­гра­да „13 Но­ем­ври“, „11 Октом­ври“ за жи­вот­но де­ло, на­гра­да за жи­вот­но де­ло „Трај­ко Про­ко­пи­ев“, ста­ту­е­тка „Мла­до по­ко­ле­ние“, „Ку­рир Јо­ви­ца“ на Со­ве­тот за вос­пи­ту­ва­ње на де­ца во Ју­гос­ла­ви­ја, Ор­ден на Ре­пуб­ли­ка­та со брон­зен ве­нец, на­гра­да за жи­вот­но де­ло на Со­ју­зот на естрад­ни ра­бот­ни­ци на Ју­гос­ла­ви­ја, ју­гос­ло­вен­ски ре­кор­дер на фе­сти­ва­лот во Опа­ти­ја со 21 ком­по­зи­ци­ја, на­гра­ди во Сплит, Са­ра­е­во, Вој­нич­ки фе­сти­вал во Бел­град, во Ниш, фе­сти­ва­ли на дет­ска му­зи­ка, тро­ен по­бед­ник на „Скоп­ски­от фе­сти­вал“… За не­кои се се­ти, за не­кои го по­тсе­тив од тоа што го нај­дов и про­чи­тав за не­го. Ме из­не­на­ди со не­го­ва­та ме­мо­ри­ја, со ог­лед на тоа де­ка не му оста­вив вре­ме да про­чеп­ка во не­го­ва­та бо­га­та му­зич­ка ар­хи­ва. Ед­на од најз­на­чај­ни­те на­гра­ди е таа во Ита­ли­ја, за ком­по­зи­ци­ја­та за со­ло-пи­ја­но и сим­фо­ни­ски ор­ке­стар во кон­ку­рен­ци­ја на 78 пес­ни. Тој е пр­ви­от Ма­ке­до­нец, а тре­ти­от Ју­гос­ло­вен што до­бил ме­ѓу­на­род­на на­гра­да. Про­нај­дов на­пис од 1966 го­ди­на со нас­лов – „Бах и џез во Рап­со­ди­ја за Скоп­је“, ка­де што се из­ва­де­ни ита­ли­јан­ски­те кри­ти­ки за не­го­ва­та композиција инс­пи­ри­ра­на од ка­та­стро­фал­ни­от зем­јо­трес: Ед­на од нај­ус­пеш­ни­те ком­по­зи­ции што сме ја слуш­на­ле, мо­дер­на ком­по­зи­ци­ја со искра на оду­ше­ву­ва­ње во мрач­но­то мо­ре од раз­бир­ли­ва та­га…
– Не оти­дов да ја при­мам на­гра­да­та, имав­ме не­кои про­би око­лу на­ста­пот на Де­нот на со­ли­дар­но­ста, до­а­ѓаа врв­ни пе­ја­чи, го­ле­ми под­го­то­вки. По­доц­на, ко­га ја про­чи­тав кри­ти­ка­та ов­де си ре­ков ова за ме­не е или не. Јас са­ми­от не ве­ру­вав што пи­шу­ва. Таа пес­на бе­ше инс­пи­ра­ци­ја се­га по­чи­на­ти­от Ди­ми­трие Ос­ман­ли да го сни­ми фил­мот „Ме­мен­то“. Гер­ман­ски ди­ри­гент по­ми­ну­ва низ Ма­ке­до­ни­ја, се за­поз­на­ва со мла­да де­вој­ка Ја­на, оди во Гр­ци­ја да ди­ри­ги­ра, се вра­ќа, ја ба­ра, Скоп­је ур­на­то… Тре­ба­ше да одам во Љуб­ља­на за да сни­ма­ме еден дел, но ми бе­ше страв да одам со ави­он, па ту­ка прис­по­со­бив­ме, во са­ла – се при­се­ту­ва ма­е­стро Џам­ба­зов.
Во ед­на ста­ра сто­ри­ја за Џам­ба­зов про­чи­тав де­ка па­рич­ни­те на­гра­ди што ги до­би­вал ги по­да­ру­вал. Во 1969 го­ди­на до­бил на­гра­да од 200.000 ди­на­ри за пес­на­та за „Бил­ја­на“ што ја пе­е­ја Лео Мар­тин и Џа­ни Мар­шал, па­ри­те ги дал ка­ко по­мош за на­стра­да­ни­те во зем­јо­тре­сот во Ба­ња Лу­ка. Во 1970 го­ди­на ја по­да­рил па­рич­на­та на­гра­да за ме­ло­ди­ја­та „За­пре­те во­зо­ви“, а две го­ди­ни по­доц­на и на­гра­да­та од 300.000 ди­на­ри за поз­на­та­та „Еј гу­ла­би, гу­ла­би бе­ли“. Тие па­ри ги има до­ни­ра­но во УНИЦЕФ, од ка­де што има до­би­е­но и приз­на­ние. За ва­кви­от че­кор ве­ли:
– Тоа беа дру­ги вре­ми­ња. Са­кав, мо­жев и имав жел­ба. Та­ка бев­ме вос­пи­ту­ва­ни. Ед­на ули­ца, ед­на фа­ми­ли­ја. Ве­ро­јат­но зна­ев што зна­чи да не­маш, да си гла­ден. Сум бил де­те на ули­ца, мо­и­те по за­тво­ри, по пар­ти­за­ни… Во Штип ме хра­не­ле бу­гар­ски вој­ни­ци. Имаа кан­ти­на, пе­чеа леб, бу­гар­ски вој­ник ми се­че­ше леб и ми да­ва­ше, за ме­не и за ба­ба ми. За жал, де­нес не­ма та­кви чув­ства, не­ма жел­ба да се по­да­ру­ва. Иа­ко сум во се­гаш­но­ста, жи­ве­ам во ми­на­то­то.
НАЈГОЛЕМИТЕ КОМПЛИМЕНТИ На­гра­ди­те и приз­на­ни­ја­та се са­ти­сфак­ци­ја, но го­ле­ми­те комп­ли­мен­ти се уште по­го­ле­ма са­ти­сфак­ци­ја. По­ба­рав поз­на­ти­от му­зи­чар да се при­се­ти на тие мо­мен­ти во ка­ри­е­ра­та што му би­ле мо­тив за уште по­ве­ќе труд и ра­бо­та:
-Во 1960 го­ди­на, уште ка­ко сту­дент ис­пра­тив ком­по­зи­ци­ја на фе­сти­ва­лот во Опа­ти­ја. Тоа бе­ше ју­гос­ло­вен­ски „Сан Ре­мо“. Во кон­ку­рен­ци­ја на 402 ком­по­зи­ции, ме­не ми ја при­ми­ја „Пес­на на вра­ќа­ње­то“. Ма­ке­дон­ска­та ку­ќа то­гаш ме пра­ти да при­сус­тву­вам на фе­сти­ва­лот. Мо­ја­та пес­на ја пе­е­ше Га­би Но­вак. Бо­јан Ада­миќ, член на жи­ри­то, ми ви­ка: „Ка­ко е ва­ши­от та­тко“. Ми пер­си­ра, а јас де­ти­ште. Се чу­дам од ка­де го знае та­тко ми?! И пра­шав зар се поз­на­ва­ат. Ми ве­ли: „Не, мис­лев ќе дој­де ва­ши­от та­тко по­ра­ди ком­по­зи­ци­ја­та“. Гле­дам збу­не­то и ве­лам: „Ма­е­стро, јас ја на­пи­шав ком­по­зи­ци­ја­та“. Ме гле­да и за­чу­де­но ве­ли: „Што?! Кој?! Ка­ко?!“ Тоа бе­ше пр­ви­от су­пер­комп­ли­мет што го до­бив.
След­на­та го­ди­на Џам­ба­зов од вој­ска ис­пра­тил две ком­по­зи­ции на кон­кур­сот во Опа­ти­ја, две­те му ги при­ми­ле. След­на­та го­ди­на, 1962 го­ди­на, сѐ уште во вој­ска, бил пре­фр­лен во Вра­ње, ис­пра­тил три ком­по­зи­ции, три­те му ги при­ми­ле.
– Ѝ ре­ков на Ан­че да ги да­де на пре­пи­шу­ва­чи и под ши­фри да ги ис­пра­ти во Ју­гос­ло­вен­ска­та ра­дио-те­ле­ви­зи­ја за кон­кур­сот за Опа­ти­ја. Еден и пол ме­сец по­доц­на дој­де Ан­че со та­тко ѝ и ви­ка: „Ти при­ми­ја три ком­по­зи­ции“. Шок. Јас во транс, ќе по­бу­да­лам, не мо­жам да по­ве­ру­вам. Таа го­ди­на по­бе­ди Пе­шев со „Еден бак­неж“. Ин­те­рес­на е при­каз­на­та за „Љу­бов и мо­тор“, ед­на од три­те ком­по­зи­ции што ги на­пра­вив. До­де­ка бев­ме во Би­ле­ќа, Ми­ќо Ор­ло­виќ бе­ше со ме­не во вој­ска. То­гаш бе­ше ѕвез­да, пре­не­су­ва­ше свет­ски нат­пре­ва­ри… Про­чи­тал текст во ху­мо­ри­стич­но­то спи­са­ние „Јеж“ и ми ви­ка, Џамбo ај про­чи­тај го овој текст, мно­гу е ду­хо­вит… Го чи­там тек­стот и ком­по­ни­рам – рас­ка­жу­ва тој и поч­ну­ва да пее „Ди­вим се Ани­ног љу­пом би­ќу, ал ипак ви­ше во­лим фи­ќу. Ле­по је кад сам с мо­јом Аном, ал леп­ше леп­ше за во­ла­ном. Ка­кве со­на­те, ка­кви сла­ву­ји, пес­ма је кад фи­ќин мо­тор зу­ји. И ни­је ова не­ко откри­ќе и ме­не Ана во­ли во­ли због фи­ќе, ал јед­ног да­на кад мо­тор ста­не, пре­ста­ќе и љу­бав мо­је Ане…“
Та­ка на­ста­на „Љу­бов и мо­тор“. Хит бе­ше да се има фи­ќо… Ја пе­е­ја „4М“, нај­до­бри­от во­ка­лен квар­тет во Ју­гос­ла­ви­ја. Вто­ра­та вер­зи­ја ја пе­е­ше Ми­ки Је­вре­мо­виќ, му да­дов шан­са, то­гаш прв­пат се по­ја­ви на Опа­ти­ја. За да ја на­пра­ват, се отво­ри сце­на­та и на неа вле­зе фи­ќо. Це­ла са­ла шок, а овие ман­гу­пи игра­ат, пра­ват шоу. Фа­бри­ка­та ре­ши­ла да го по­да­ри фи­ќо­то. А, кој да го зе­ме? Ком­по­зи­то­рот, авто­рот на текст или из­ве­ду­ва­чи­те? И ре­шив­ме да се по­да­ри на не­ко­ја ху­ма­ни­тар­на ор­га­ни­за­ци­ја – до­да­ва тој. Пред фе­сти­ва­лот, ко­га се отво­ра­ле пли­ко­ви­те за да се про­ве­ри чии ими­ња сто­јат зад ши­фри­те под кои се за­пи­ша­ни из­бра­ни­те ком­по­зи­то­ри, со­се­ма слу­чај­но се по­го­ди­ле пр­ви­те пет пли­ко­ви да би­дат од ма­ке­дон­ски ком­по­зи­то­ри.
– Еми­нент­но жи­ри ги отво­ра пли­ко­ви­те за из­бра­ни­те пес­ни, ги гле­да­ат ши­фри­те, и да се по­го­ди пр­ви­от плик му­зи­ка Але­ксан­дар Џам­ба­зов, фи­но Ма­ке­до­нец, втор Пе­тар Пе­шев, уште еден Ма­ке­до­нец. Трет плик „Ки­ша“, Але­ксан­дар Џам­ба­зов, лу­ѓе што е ова? Че­тврт плик Пе­шев, си­те шо­ки­ра­ни. Пет­ти­от плик Џам­ба­зов. Ста­ну­ва ед­ни­от од нив и ви­ка „ако е по­втор­но Џам­ба­зов ќе го по­ни­штам фе­сти­ва­лот“. Па по­го­лем комп­ли­мент не сум мо­жел да до­би­јам. По­тоа, на­ред­ни­те го­ди­ни Пе­шев има­ше уште ед­на ком­по­зи­ци­ја. Јас на три­те пр­ви фе­сти­ва­ли имав шрдт мои пес­ни, по­тоа до 1968 го­ди­на имав 11 ком­по­зи­ции во Опа­ти­ја – се на­вра­ќа Џам­ба­зов на го­ди­ни­те на­на­зад.
ТАНЦОВ ОРКЕСТАР Ма­е­стро Џам­ба­зов 37 го­ди­ни од сво­јот ра­бо­тен век по­ми­на ка­ко ди­ри­гент на Тан­цо­ви­от ор­ке­стар во МРТ. Ве­ли де­ка ова е бла­го­да­ре­ние на иск­лу­чи­тел­на­та лич­ност на Дра­ган Ѓа­ко­нов­ски – Шпа­то, ка­ко и на по­ја­ва­та на култ­ни­те фил­мо­ви „Бал на во­да“, а по­доц­на „Мом­че­то со тру­ба“.
–Во 1961 го­ди­на ме из­браа за пре­тсе­да­тел на жи­ри­то да се фор­ми­ра тој биг-бенд. При­мив трој­ца му­зи­ча­ри, од кои двај­ца не зна­е­ја но­ти. Во 1961 го­ди­на се ро­ди Тан­цо­ви­от ор­ке­стар, прв чо­век бе­ше Шпа­то. По зем­јо­тре­сот во 1963 го­ди­на, оти­де ор­ке­ста­рот во Би­то­ла. Тој мо­ра­ше да оди во Бел­град, ме по­ви­ка ди­ре­кто­рот и ми ка­жа де­ка мо­рам да го пре­зе­мам ор­ке­ста­рот. Та­ка ста­нав ди­ри­гент. 37 го­ди­ни го во­дев, до мо­е­то пен­зи­о­ни­ра­ње во 2001 го­ди­на.
„Бал на во­да“ и Шпа­то се нај­го­ле­ми­те „ви­нов­ни­ци“ за ус­пе­хот на Џам­ба­зов. Пр­ва­та ком­по­зи­ци­ја ја на­пи­шал во 1953 го­ди­на, „Ме­кси­ка­на“, на ко­ја Шпа­то на­пра­вил ма­ли ко­рек­ции и пот­пи­шал: „По­пра­вио Дра­ган Ѓа­ко­нов­ски – Шпа­то“.
–Имав сре­ќа на 17 го­ди­ни да сви­рам ги­та­ра во ор­ке­ста­рот на Шпа­то во фа­бри­ка­та „Про­грес“ кај ста­ри­от Цве­тен па­зар. Пра­вев­ме игран­ки. То­гаш ја на­пи­шав „Ме­кси­ка­на“, то­гаш до­ми­ни­ра­ше јуж­но­а­ме­ри­кан­ска­та му­зи­ка и џе­зот. Си­те поч­нав­ме во тој стил. Па­ра­лел­но дој­де ле­ген­дар­ни­от „Бал на во­да“. Си­те по­бу­да­лу­вав­ме по таа уба­ви­ца Естер Ви­ли­јамс, ко­ја е сѐ уште жи­ва. Мис­лам де­ка тој филм, тие еден и пол час, ни ја одре­ди­ја жи­вот­на­та суд­би­на и ме­не и на уште два-трој­ца. Ре­ков, јас мо­рам да ста­нам ком­по­зи­тор. Шпа­то го гле­дал де­ве­де­сет и два-три па­ти. Сим­ну­ва­ше му­зи­ка. Со ба­те­ри­ја му све­тат, а тој за­пи­шу­ва. Јас сум го гле­дал 21 пат. Бев­ме ма­ѓеп­са­ни, дро­ги­ра­ни од таа уба­ви­на.
ТАТКО НА ДЕТСКАТА ПЕСНА Ток­му тој е еден од ви­нов­ни­ци­те за соз­да­ва­ње­то на „Скоп­ски­от фе­сти­вал“. Сѐ поч­на­ло ка­ко кон­курс со цел да се пот­тик­не ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка. Иде­ја­та би­ла да се на­пра­ви кон­церт, но то­гаш Џам­ба­зов дал пред­лог да се на­пра­ви фе­сти­вал. Друш­тво­то на ком­по­зи­то­ри ја при­фа­ти­ло иде­ја­та и со 12 ком­по­зи­ции, из­ве­де­ни во две вер­зии, во 1968 го­ди­на се одр­жал пр­ви­от „Скоп­ски фе­сти­вал“. Пес­ни­те би­ле сни­ме­ни во не­кои хан­га­ри кај хо­тел „Кон­ти­нен­тал“:
– То­гаш се до­го­во­рив­ме да на­пра­ви­ме ре­ви­ски ор­ке­стар и да по­ви­ка­ме пе­ја­чи од це­ла Ју­гос­ла­ви­ја. Таа го­ди­на Бран­ѓо­ли­ца до­би пр­ва на­гра­да од жи­ри­то, а јас тре­та за „Јуж­на ѕвез­да“. Пуб­ли­ка­та, пак, пр­ва­та на­гра­да ѝ ја до­де­ли на мо­ја­та „Сра­меж­ли­ва“ што ја от­пе­а­ја За­фир Ха­џи­ма­нов и Љуп­ка Ди­ми­тров­ска, а вто­ра­та вер­зи­ја Ви­о­ле­та То­мов­ска со Ди­ме По­пов­ски.
Ма­е­стро Џам­ба­зов ре­дов­но учес­тву­ва на овој фе­сти­вал и е единс­тве­ни­от тро­ен по­бед­ник со ком­по­зи­ци­и­те „Сра­меж­ли­ви“, „Са­мо ти“ и „Љу­бов не­вер­на“. По три го­ди­ни, во 1971 го­ди­на поч­на нај­до­бар фе­сти­вал во Ју­гос­ла­ви­ја. Тој е ви­нов­ник и за по­сто­е­ње­то на дет­ски­от фе­сти­вал „Злат­но сла­веј­че“, втор нај­стар фе­сти­вал за дет­ска пес­на во Евро­па. За­тоа и мно­гу­ми­на го зна­ат ка­ко та­тко на дет­ска­та му­зи­ка, а тие што ка­ко де­ца пе­е­ле во хо­рот „Раз­ви­гор­че“ му се обра­ќа­ат со чич­ко Ма­е­стро. Ја на­пи­ша ле­ген­дар­на­та „Скоп­је ра­до­сти ќе би­деш..“, ко­ја сме ја пе­е­ле си­те ка­ко де­ца и ко­ја и де­нес е не­о­фи­ци­јал­на хим­на на гра­дот:
– Во 1971 го­ди­на се одр­жа пр­во­то „Злат­но сла­веј­че“. До то­гаш, ка­ко да не­ма­ше афи­ни­тет и ин­те­рес да се на­пра­ват дет­ски пес­ни. Рас­пи­шав­ме кон­курс, не­ма­ше до­вол­но ком­по­зи­ции. Да­дов 14 ком­по­зи­ции, 22 аранж­ма­ни за ре­ви­ски­от ор­ке­стар, из­би­рав де­ца, го увеж­бу­вав ор­ке­ста­рот, ди­ри­ги­рав, го сни­мив сту­ди­ски тој ма­те­ри­јал за те­ле­ви­зи­ја. Тоа бе­ше ра­ѓа­ње­то на „Злат­но сла­веј­че“. На пр­во­то фе­сти­вал­че пе­е­ше де­те од че­ти­ри го­ди­ни. Пе­е­ше во жи­во. След­на­та го­ди­на пе­е­ше де­те на 4,5 го­ди­ни Ан­то­а­не­та Тно­ков­ска со „Чуд­но ма­че“. Во 1974 го­ди­на ни се прик­лу­чи За­пров со хо­рот „Раз­ви­гор­че“. Ни по­ну­ди­ја да се да­ва на Мон­де­ви­зи­ја, но по­ба­рав пр­во тој да се на­пра­ви на ни­во на Ју­гос­ла­ви­ја. Поч­наа да до­а­ѓа­ат де­ца од збра­ти­ме­ни­те гра­до­ви. За жал, пр­ви­те де­сет „злат­ни сла­веј­чи­ња“ се из­бри­ша­ни од ви­де­о­те­ка­та на МРТВ. Тоа се етич­ки кри­ми­нал­ци, кои ги из­бри­шаа сла­веј­чи­ња­та и че­ти­ри­те пр­ви скоп­ски фе­сти­ва­ли. Ако не­кој ги има тие сним­ки, би бил бла­го­да­рен да ми ги да­де.
Про­сто­рот е пре­мал за сѐ што по­ми­нал, до­жи­ве­ал и на­пра­вил ма­е­сто Џам­ба­зов, кој на ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка ѝ да­ру­ва­ше по­ло­ви­на век. Не­го­ви­от ре­волт од не­по­чи­ту­ва­ње­то на тоа што го има­ат оста­ве­но тој и не­го­ви­те ко­ле­ги е при­чи­на­та што на по­че­то­кот не са­ка­ше да се сог­ла­си да ја об­ја­ви­ме не­го­ва­та жи­вот­на при­каз­на. Во не­го­ви­те се­ќа­ва­ња се вре­жа­ни ин­те­рес­ни и среќ­ни мо­мен­ти, кои де­нес на­мер­но или не се под­за­бо­ра­ва­ат. Му не­до­сти­га ду­хот што по­сто­ел во го­ди­ни­те ко­га соз­да­вал. Но, тра­ги­те не мо­жат да се из­бри­шат. Фа­кти­те по­ка­жу­ва­ат – пос­лед­на­та на­гра­да дој­де во ви­стин­ски ра­це. Зад не­го­во­то име има за­пи­ша­но по­ве­ќе од 1.450 сту­ди­ски за­пи­си, дет­ски пес­ни, шла­ге­ри, пес­ни за ор­ке­стар, му­зи­ка за филм, прет­ста­ви. Бе­ше ди­ри­гент на пос­лед­на­та евро­ви­зи­ја со ор­ке­стар, ко­га Ма­ке­до­ни­ја ја прет­ста­ву­ва­ше Вла­до Ја­нев­ски. Раз­го­ва­рав­ме и за пос­лед­ни­те ком­по­зи­ции. До­де­ка Ан­че Џам­ба­зо­ва ле­же­ла бол­на на­пра­вил не­кои аранж­ма­ни, а по неј­зи­на­та смрт од 1997 го­ди­на, не­ма ком­по­ни­ра­но. Ве­ли, инс­пи­ра­ци­ја има, жел­ба не­ма. За­до­волс­тво е да се слу­ша­ат при­каз­ни­те на чич­ко Ма­е­стро. До­бри­от ху­мор не изо­ста­на ни­ту во еден мо­мент во раз­го­во­рот. Во не­гов стил на кра­јот на раз­го­во­рот се нас­меа:
– Се на­де­вам ќе по­жи­ве­еш пак да ми на­пра­виш ин­терв­ју.
НОТИТЕ БИЛЕ МНОГУ СЛАТКИ Штип­ја­нец, кој жи­вее во Скоп­је, ро­ден во Вој­во­ди­на. Тоа ме на­те­ра да пра­шам зо­што се­ло Ста­пар:
–Де­до ми Але­ксан­дар, по кој сум кр­стен, бил дес­на ра­ка на Го­це Дел­чев и на Да­ме Гру­ев до­де­ка би­ле учи­те­ли во Штип. Го пра­ќа­ле на­ва­му–на­та­му. Имал трој­ца си­но­ви и две ќер­ки. Та­тко ми ка­ко де­те сви­рел на прим, го но­се­ле во Истан­бул да сви­ри на бег, да за­ра­бо­ти не­кој де­нар. Се за­пи­шал на учи­тел­ска шко­ла, би­ла на ранг на фа­кул­тет. Ја за­вр­шил шко­ла­та ка­ко нај­до­бар уче­ник, а тие нај­че­сто ги ста­ва­ле да ра­бо­тат во до­бри гра­до­ви. Та­тко ми бил Ме­то­ди­ја Але­ксан­дров Ни­ко­лиќ. Ко­га се за­пи­шал во учи­ли­ште не му доз­во­ли­ле да би­де Џам­ба­зов, за­што та­тко му бил стре­лан 1921 го­ди­на за ВМРО, за Ма­ке­до­ни­ја. Ка­ко каз­на што е де­те на вмро­вец, бил пра­тен во се­ло Биг­ла, над пла­ни­ни­те во Ниш. Чи­тал на све­ќа. По пет го­ди­ни го пра­ти­ле во Вој­во­ди­на, во се­ло Ста­пар.
Со­се­ма е јас­но од ка­де та­лен­тот за му­зи­ка. Освен та­тко му, та­лент за му­зи­ка има­ла и не­го­ва­та те­тка, ко­ја му пе­е­ла пес­ни ка­ко мал.
– Ед­но утро те­тка ми рек­ла „Цве­то, Ме­то, де­те­то поч­на да ми ги пее пес­ни­те што јас му ги пе­ев и сум зас­па­ла“. Ту­ка е тој по­че­ток. Но, за јас да се за­ни­ма­вам со му­зи­ка нај­го­ле­мо вли­ја­ние има­ше ед­на му­зич­ка ле­ген­да, Сер­геј Ми­хај­лов, ру­ски еми­грант. Тој е чо­ве­кот што ја по­ста­ви пр­ва­та опе­ра во Штип во 1924 го­ди­на. Бе­ше по­све­тен на де­ца­та. Ка­жа де­ка ќе се пра­ви му­зич­ко учи­ли­ште, кој са­ка да се при­ја­ви. Де­ца ка­ко де­ца, оди­ме си­те. Тој ги поз­на­ва­ше си­те на­ши ро­ди­те­ли. Но­се­ше ед­на цр­на чан­та, ко­ја оди­гра пре­суд­на уло­га. Пра­шу­ва­ше „од кај си“? „Од На­се­ви“. „При­мен си“. „Ти од ка­де си?“„Од Ни­ко­ло­ви“. „ Те­бе да те чу­јам“. „Ти?“ „Од Џам­ба­зо­ви“. „При­мен си“. Пр­ви­от час таб­ла, на­цр­та­но пе­то­ли­ние. И ви­ка, де­нес ќе учи­ме му­зи­ка. Што се но­ти­те. На­цр­та ед­но јај­це и ни ка­жа де­ка тоа е це­ла но­та. Од цр­на­та чан­та из­ва­ди ја­бол­ка и кру­шки. Ни да­де на си­те по ед­на и ни ка­жа тоа е це­ла но­та. По­тоа на таа но­та ста­ви цр­тич­ка за по­ло­ви­на но­та. По­тоа и ово­шки­те ги исеч­ка, им ста­ви не­кои им­про­ви­зи­ра­ни чеп­кал­ки и ете по­ло­ви­на но­та… За­вр­шу­ва ча­сот оди­ме до­ма и на ро­ди­те­ли­те им ви­кам но­ти­те би­ле мно­гу сла­тки. Ни да­де кру­шки ја­бол­ка… Пак ќе одам. Та­ка ус­пеа да нѐ ани­ми­ра кон му­зи­ка­та.
Поч­нал да сви­раи ви­о­ли­на кај чич­ко­то на опер­ска­та ди­ва Зи­на Кре­ља, Пе­тар Кре­ља. Му ја вр­зу­вал ра­ка­та со ор­то­ма за да ја др­жи пра­вил­но ви­о­ли­на­та. Сред­но учи­ли­ште поч­нал во гим­на­зи­ја­та „Ор­це Ни­ко­лов“.
-По­тоа Или­ја Ни­ко­лов­ски – Луј ме зе­ма во му­зич­ко­то учи­ли­ште. Луј го вик­на та­тко ми, јас за­ед­но со та­тко ми оти­дов кај не­го и тој ви­ка: Гос­по­ди­не Џам­ба­зов, ние од Ацо ќе пра­ви­ме ма­ке­дон­ски Па­га­ни­ни. Сум имал дол­ги пр­сти и слух, тер­мин што јас не го при­фа­ќам. Ме­не не ме ин­те­ре­си­ра­ше мно­гу ви­о­ли­на­та, то­гаш поч­нав да уди­рам по кла­ви­ши­те на кла­ви­рот. Ме за­пи­шаа во му­зич­ко. Мно­гу ми бе­ше дра­го ко­га не одев на ча­сот по сол­феж, ту­ку гос­по­ди­нот Гај­дов ме пра­ќа­ше на те­тка Љу­би­ца да ѝ ку­пам леб, мле­ко… Има­ше ве­ло­си­пед, го вр­зу­ва­ше со син­џир, ми го да­ва­ше да одам да ѝ ис­па­за­ру­вам на Те­тка Љу­би­ца, пре­крас­на же­на, ми да­ва­ше да по­ја­ду­вам. Пу­тер или не­што та­кво. Гај­дов, пр­ви­от учеб­ни­кар, мо­же­ше да си доз­во­ли та­кви ра­бо­ти.
Во 1956 го­ди­на се за­пи­шал на му­зич­ка ака­де­ми­ја во Бел­град во кла­са­та на Мар­ко Тај­че­виќ. Ка­ко еден од ре­тки­те ака­дем­ски обра­зу­ва­ни му­зи­ча­ри го вра­бо­ти­ле во Ра­дио Скоп­је, ка­де што про­дол­жил да со­ра­бо­ту­ва со Шпа­то. АНЧЕ ЈА ФАТИВ СО ГИТАРАТА Ан­че би­ла и оста­на­ла нај­го­ле­ма­та љу­бов на Џам­ба­зов. Раз­го­ва­рав­ме за жи­во­тот со фе­но­ме­нал­на­та актер­ка, а тој со за­до­волс­тво и по­се­бен жар го­во­ре­ше за неа: [caption id="attachment_449209" align="alignnone" width="350"] Од венчавката на Александар и Анче Џамбазови[/caption]
– Ја за­поз­нав ле­то­то 1960 го­ди­на пред да одам во вој­ска, на ле­ту­ва­ње во Охрид бев со То­мис­лав Зо­граф­ски, Ми­хај­ло Ни­ко­лов­ски, Зо­ран Ди­ми­тров­ски, а Џу­ва­ле­ков­ски има­ше ви­ла кај Ка­нео. Ту­ка про­стор за сон­ча­ње, јас со ги­та­ра­та. Пе­тре Пр­лич­ко сни­ма­ше „Со­лусн­ки­те атен­та­то­ри“, а таа со ма­ќе­а­та бе­ше сме­сте­на кај „Св. Со­фи­ја“. Ма­ќе­а­та ла­же Ан­че се ка­пе, а јас и Ан­че со друш­тво­то пеш до син­ди­ка­лен дом на игран­ка. Ја фа­тив со ги­та­ра­та. 1961 го­ди­на го сни­ми „Мир­но ле­то“, во Охрид и во Скоп­је. Ка­ко се­га се се­ќа­вам, отка­ко се за­поз­нав­ме оди­ме на кор­зо. Се на­о­ѓа­ме во по­не­дел­ник, таа пла­че. Што ти е бе зла­то, што ти ста­на? Ди­ре­кто­рот на учи­ли­ште­то го вик­нал та­тко ѝ. Клас­на­та му ка­жа­ла де­ка ја ви­де­ле Ан­че со не­кол­ку де­вој­ки и ед­но мом­че, кое ѝ ја ста­ви­ло ра­ка­та пре­ку ра­мо­то. Тоа не сме­е­ло. Та­тко ѝ ја ис­по­ка­рал… Мо­рав­ме де­вој­ки­те да ги вра­ќа­ме во осум ча­сот. Ед­на ве­чер доц­нев­ме че­ти­ри ми­ну­ти. Та­тко ѝ не ја при­ма, не­ка спие кај ком­ши­и­те. А, ми беа љу­бо­мор­ни за Ан­че. До­шол бел­град­ски­от ѓак, им ја фа­тил нај­у­ба­ва­та де­вој­ка. Ан­че се­кој ден ја пу­шта­ла мо­ја­та пес­на „Пес­на по­вра­тка“ од пло­ча­та од Опа­ти­ја. Вљу­бе­на. Пр­лич­ко ѝ ви­кал, до­ста ма, се­кој ден тоа, па тоа, са­мо тоа. Еден ден се бри­чел, Ан­че си пе­е­ла, и тој се свр­тел; „ааа му ја пе­еш пес­на­та на Ацо му­зи­кан­тот“. Таа пре­среќ­на, та­тко ѝ ме знае… Во 1962 го­ди­на се ре­ги­стри­рав­ме. Пр­лич­ко ед­на ќер­ка, ќе ја ре­ги­стри­ра. Тој при­ја­тел со си­те. Ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти бе­ше Ко­чо Би­то­ља­ну. До­а­ѓа­ат на свад­ба си­те, 300 го­сти, Пе­тре ќе пла­ќа. Јас са­мо што поч­нав со му­зи­ка, а ве­ќе по­пу­ла­рен. Да­вам до­ку­мен­ти и на­ста­ну­ва шок. Јас во кр­ште­ни­ца­та Але­ксан­дар Ме­то­ди­ев Ни­ко­лиќ. Во­е­на кни­шка Але­ксан­дар Џам­ба­зов. Же­на­та ка­жу­ва не мо­же да нѐ ре­ги­стри­ра, Пр­лич­ко шок… Ко­чо Би­то­ља­ну го­стин и од­ма пот­пи­шу­ва де­ка ли­це­то тоа и тоа е ед­но исто, ста­ва пот­пис и ние се ре­ги­стри­рав­ме. Е, по го­ди­ни, ко­га Пр­лич­ко се ше­гу­ва­ше со ме­не, ве­ле­ше: „Абе кај го нај­де овој му­зи­чар. Ја ба­раа трој­ца кон­зу­ли и двај­ца ам­ба­са­до­ри, јас на му­зи­кант ја да­дов“. А пос­ле ќе се свр­те­ше и ќе ре­че­ше: „Ама си го са­кам по­ве­ќе од Ан­че“.
Џам­ба­зов ден-де­нес ги чу­ва си­те пис­ма што Ан­че му ги пра­ќа­ла во вој­ска:
– Страв ми е да ги отво­рам. Се­кој ден Ан­че ми пи­шу­ва­ше. И ко­га ќе не на­ре­дат да чи­та­ат по­шта пр­во ви­каа Џам­баз. Си­те зна­е­ја де­ка во по­не­дел­ник или втор­ник ќе до­би­јам две пис­ма, пра­ти­ла и са­бо­та и не­де­ла. И ко­мен­ти­раа, овој по­втор­но има пис­ма. По­ра­ди тоа и Ми­чо Ор­ло­виќ ми го да­де тој текст за „Љу­бов и мо­тор“.
 
ДЕТСКИТЕ ЛУДОРИИ НА ИГОР Го пра­шав за на­ла­ни­те со кои се по­ја­вил на „Скоп­ски­от фе­сти­вал“ – до­те­ран , сре­ден, со на­ла­ни на но­зе. И не­го­ви­от ко­мен­тар бе­ше: „А, тоа е од Игор, да ка­жам јас за не­го“. – Ман­гуп бе­ше уште ка­ко мал. „Са­мар­че­то“ оде­ше по­не­дел­ник поп­лад­не на ју­гос­ло­вен­ска те­ле­ви­зи­ја. Нај­го­лем хит бе­ше. Еден ден се ка­чу­ва до­ма со топ­ка под ра­ка и пла­че: „не са­ка­ат да ме игра­ат дру­га­ри­те“. Отиш­ле си­те да го гле­да­ат „Са­мар­че­то“. Има­ше 13 го­ди­ни, му из­ле­гоа ка­лен­дар­чи­ња во „Ве­чер“. Се гла­са­ше за ТВ-ли­це на го­ди­на­та. Игор до­би 20.000 гла­са по­ве­ќе од Пр­лич­ко. Ед­наш, пак, до­а­ѓа и ми ви­ка: „Здра­во ко­ле­га“. Јас збу­нет, а тој ми ви­ка: „Па јас и ти сме ко­ле­ги. Јас на те­ле­ви­зи­ја, на ра­дио, во вес­ни­ци, ти исто, ние сме ко­ле­ги“. И та­ка оста­на, до ден де­нес не ме ви­ка та­то. Игра­ше фуд­бал со ед­ни по­ста­ри де­ца од дру­ги­от влез. До­а­ѓа и ви­ка: „та­то бе, зна­еш ли што е та­тко му Ба­же што е? Ви­со­ко дис­кфа­ли­фи­ку­ван бра­вар“ . Ед­наш, пак, оди­ме кај па­зар­че­то кај „Пут­ник“ и сто­и­ме на се­ма­фо­ри. По­ми­ну­ва ед­на уба­ва де­вој­ка, не­мав ви­де­но по­у­ба­ва де­вој­ка во Скоп­је. Се­ди Игор во авто­мо­би­лот до ме­не и му ви­кам: „ко­ле­га ви­ди, си ви­дел ли по­у­ба­во де­вој­че“. И ми тек­на: „Слу­шај, не­мој да си ка­жал на мај­ка ти што гле­дам по де­вој­чи­ња“. И Игор ка­ко стре­ла: „абе бу­да­ла еден, се ка­жу­ва ли тоа на ма­ма“. До­а­ѓам ед­наш од ра­бо­та, Ан­че се­ди во днев­на и пла­че: „Ле­ле Игор што на­пра­ви, са­мо, те мо­лам, не те­пај го. А тој во ед­на­та со­ба, се­стра му во дру­га­та, две го­ди­ни е по­ма­ла Та­ња од не­го. Тој да ти зе­ме но­жи­ци и да и на­пра­ви на Та­ња крст на гла­ва. Ја иши­шал. Кај не­го дуп­ка на­пред. Ле­ле, ко­га ви­дов. Ан­че ми ви­ка си игра­ле бер­бе­ри. Го зе­мав Игор, му ви­кам: „ иди­о­те, ќе те уте­пам, об­ле­ку­вај се да те но­сам на бер­бер“. А Та­ња ви­ка: „са­кам и ме­не да ме но­сиш на бер­бер“. А Игор ка­ко од топ: „ќу­ти ма, ја те­бе те пот­ши­шав“. След­ни­от мој ко­мен­тар бе­ше де­ка го пре­поз­на­ва­ат ка­ко та­тко­то на Игор Џам­ба­зов, а ма­е­страл­ни­от Џам­ба­зов вед­наш има­ше од­го­вор:
– А, на па­зар има ед­но мом­че што про­да­ва ти­кви. Се ви­ка Игор. По­ми­ну­ва­ат лу­ѓе што ме зна­ат, ме поз­дра­ву­ва­ат со ма­е­стро. Мом­че­то ми ви­ка дој­ди след­на­та не­де­ла ќе имам уба­ви ти­кви. Одам и мом­че­то му ви­ка на еден па­зар­џи­ја: „Спи­ро, абе ти зна­еш ли Игор Џам­ба­зов чиј син е? Игор е син на овој чо­век, а тој се ви­ка ма­е­стро Але­ксан­дар Џам­ба­зов“. Си­те око­лу поч­наа да се сме­ат. А, јас му ви­кам: „са­мо од те­бе ќе ку­пу­вам, за це­на не пра­шу­вам. Ти си пр­ви­от во Ма­ке­до­ни­ја што ка­жа пра­вил­но. Си­те ви­ка­ат та­тко­то на Игор“. Јас де зет на Пр­лич­ко, де маж на Ан­че, та­тко на Игор…
Разговорот го водеше: Билјана Бабиќ

The post Ин Мемориам: Александар Џамбазов, живееше со сеќавањата, ќе живее во сеќавањата! appeared first on Република.

]]>
Петрушевска до маестро Џамбазов: Треба да си во Алејата на великаните, без збор! https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/petrushevska-do-maestro-dzambazov-treba-da-si-vo-alejata-na-velikanite-bez-zbor/ Tue, 25 Jan 2022 11:56:52 +0000 https://republika.mk/?p=449213

Актерката Весна Бејби Петрушевска се прости од маестро Александар Џамбазов, кој денеска почина во Скопје, неколку дена пред 86-тиот роденден.

Единствениот маестро за мене во мојот живот, кроток, мил, зборлест, духовит, вечно вљубен во својата Анче, постојано загрижен за своите Тања и Игор...Што седења сме си имале пред Воена болница кога Игор имаше проблеми со здравјето, колку тајни ми има кажано за македонските пејачи затоа што бев многу љубопитна. Секогаш имаше по некој виц да ти раскаже и по некоја приказна од својот арсенал. Те сакам мој мој маестро и треба да си во алејата на великаните без збор!!!! Игор и Тања, моето најдлабоко сочуство, чичко Ацо баци ми ја Анче, напиша Бејби.

The post Петрушевска до маестро Џамбазов: Треба да си во Алејата на великаните, без збор! appeared first on Република.

Џамбазов со последен поздрав за неговиот татко: Од денес конечно со својата Анче https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dzambazov-so-posleden-pozdrav-za-negoviot-tatko-od-denes-konechno-so-svojata-anche/ Tue, 25 Jan 2022 11:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=449200

Денеска во Скопје почина Александар Џамбазов, македонски диригент и композитор. Веста за смртта ја објави неговиот син, актерот Игор Џамбазов.

Си замина нашиот маестро, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години. Од денес, конечно со својата Анче. Вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој, напиша Игор на Инстаграм.

The post Џамбазов со последен поздрав за неговиот татко: Од денес конечно со својата Анче appeared first on Република.

Почина Александар Џамбазов, македонски диригент и композитор https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochina-aleksandar-dzambazov-makedonski-dirigent-i-kompozitor/ Tue, 25 Jan 2022 11:10:02 +0000 https://republika.mk/?p=449179

Денеска во Скопје почина Александар Џамбазов, македонски диригент и композитор. Веста за смртта ја објави неговиот син, актерот Игор Џамбазов.

Си замина нашиот маестро, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години. Од денес, конечно со својата Анче. Вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој“, напиша Игор на Инстаграм.

Александар Џамбазов (роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина) е македонски диригент и композитор.

Музичка академија заврши во Белград, а целиот работен век го мина во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Имаше реализирано безброј снимки и концерти во живо, настапуваше во земјава и во странство (Раденци во Словенија итн.). Добитник е на голем број (педесетина) стручни награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.

Џамбазов е автор е на голем број детски песни. Беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.

The post Почина Александар Џамбазов, македонски диригент и композитор appeared first on Република.

]]>

Денеска во Скопје почина Александар Џамбазов, македонски диригент и композитор. Веста за смртта ја објави неговиот син, актерот Игор Џамбазов.
Си замина нашиот маестро, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години. Од денес, конечно со својата Анче. Вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој“, напиша Игор на Инстаграм.
Александар Џамбазов (роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина) е македонски диригент и композитор. Музичка академија заврши во Белград, а целиот работен век го мина во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Имаше реализирано безброј снимки и концерти во живо, настапуваше во земјава и во странство (Раденци во Словенија итн.). Добитник е на голем број (педесетина) стручни награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори. Џамбазов е автор е на голем број детски песни. Беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.

The post Почина Александар Џамбазов, македонски диригент и композитор appeared first on Република.

]]>