алекс хоук Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleks-houk/ За подобро да се разбереме Sun, 16 Jan 2022 10:12:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png алекс хоук Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aleks-houk/ 32 32 Австралискиот министер ликува: Ја поздравувам одлуката на Судот за укинувањето на визата на Ѓоковиќ https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/avstraliskiot-minister-likuva-ja-pozdravuvam-odlukata-na-sudot-za-ukinuvanjeto-na-vizata-na-gjokovikj/ Sun, 16 Jan 2022 10:12:59 +0000 https://republika.mk/?p=445226

Mинистерот за имиграција на Австралија, Алекс Хоук, ја пофали одлуката на австралискиот Федерален суд, со која се потврди неговата претходна одлука да му ја одземе визата на тенисерот Новак Ѓоковиќ.

Хоук изјави дека одлуката е донесена за да се зачува безбедноста на австралиската заедница.

Ја поздравувам едногласната одлука на австралискиот Федерален суд, која ја потврдува мојата одлука да ги искористам моите овластувања, според Законот за миграција, за да му ја одземам визата на Новак Ѓоковиќ, поради јавен интерес - изјави Хоук.

Австралискиот Федерален суд ја потврди одлуката на Хоук за укинување на визата на Новак Ѓоковиќ, згаснувајќи ги надежите на најдобриот тенисер на светот за освојување на Австралија Опен, со што ќе дојдеше до рекордни 21 машка грен-слем титула.

Одлучувајќи за случајот што со денови доминира во австралискиот јавен живот и во светот на спортот, советот на Федералниот суд составен од тројца судии ги слушна аргументите од владините адвокати дека континуираното присуство на Ѓоковиќ во земјата може да ги зајакне чувствата против вакцинацијата за време на најлошиот бран на Ковид-19 од почетокот на пандемијата во Австралија.

Силната политика за заштита на границите на Австралија нè сочува за време на пандемијата, што резултираше со една од најниските стапки на смртност, најсилното економско закрепнување и највисоките стапки на вакцинација во светот. Силната политика за заштита на границите, исто така, е фундаментална за зачувување на социјалната кохезија на Австралија која продолжува да зајакнува и покрај пандемијата - изјави Хоук.

The post Австралискиот министер ликува: Ја поздравувам одлуката на Судот за укинувањето на визата на Ѓоковиќ appeared first on Република.

]]>

Mинистерот за имиграција на Австралија, Алекс Хоук, ја пофали одлуката на австралискиот Федерален суд, со која се потврди неговата претходна одлука да му ја одземе визата на тенисерот Новак Ѓоковиќ. Хоук изјави дека одлуката е донесена за да се зачува безбедноста на австралиската заедница.
Ја поздравувам едногласната одлука на австралискиот Федерален суд, која ја потврдува мојата одлука да ги искористам моите овластувања, според Законот за миграција, за да му ја одземам визата на Новак Ѓоковиќ, поради јавен интерес - изјави Хоук.
Австралискиот Федерален суд ја потврди одлуката на Хоук за укинување на визата на Новак Ѓоковиќ, згаснувајќи ги надежите на најдобриот тенисер на светот за освојување на Австралија Опен, со што ќе дојдеше до рекордни 21 машка грен-слем титула. Одлучувајќи за случајот што со денови доминира во австралискиот јавен живот и во светот на спортот, советот на Федералниот суд составен од тројца судии ги слушна аргументите од владините адвокати дека континуираното присуство на Ѓоковиќ во земјата може да ги зајакне чувствата против вакцинацијата за време на најлошиот бран на Ковид-19 од почетокот на пандемијата во Австралија.