Алек Болдвин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alek-boldvin/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 20:39:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Алек Болдвин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alek-boldvin/ 32 32 Премиера на филмот поради кој Алек Болдвин беше на судење за убиство https://arhiva3.republika.mk/scena/film/premiera-na-filmot-poradi-koj-alek-boldvin-beshe-na-sudene-za-ubistvo/ Fri, 04 Oct 2024 20:39:29 +0000 https://republika.mk/?p=822896

Филмот „'Рѓа“ (Rust) ќе биде премиерно прикажан на филмскиот фестивал „Енерга-камеримиџ“ (EnergaCamerimage) во Полска следниот месец - три години откако кинематографката Халина Хачинс беше убиена за време на снимањето. Светската премиера ќе се случи на 23 ноември, проследена со панел-дискусија со режисерот на филмот Џоел Соуза, кој исто така е повреден на снимањето, како и кинематографите Бјанка Клајн и Стивен Лајтхил.

Снимателите ќе разговараат за настаните околу филмот, нудејќи увид во продолжувањето на продукцијата по смртта на Халина. Одржувањето на уметничката визија на Хачинс беше навистина важно за филмаџиите бидејќи се надеваа дека ќе ја исполнат својата должност да ја завршат нејзината работа“, се вели во најавата.

Хачинс (42) беше убиена со пиштол што го користел глумецот и продуцент Алек Болдвин. Во оружјето, наместо лажни куршуми имало вистински куршум. И Болдвин беше обвинет за убиство од небрежност, но Судот го ослободи од обвиненијата.

Хана Гутјерез Рид, која беше задолжена за огненото оружје на снимањето на филмот, беше осудена за убиство од небрежност во март. Таа издржува казна од 18 месеци.

„'Рѓа“ раскажува за 13-годишно момче, оставено да се грижи за себе и својот помал брат по смртта на нивните родители во Вајоминг (САД) во 1880-тите. Детето се впушта во бегство со својот отуѓен дедо откако овој е осуден на бесење за случајно убиство“, се вели во описот на филмот.

Алек Болдвин нема да присуствува на првото прикажување, објави „Холивуд репортер“ (The Hollywood Reporter).

Вдовецот на Хачинс првично поднесе тужба против Болдвин и другите вклучени во продукцијата на филмот. Сѐ тoa се заврши со спогодба склучена лани, при што не се објавени подробности.

The post Премиера на филмот поради кој Алек Болдвин беше на судење за убиство appeared first on Република.

]]>

Филмот „'Рѓа“ (Rust) ќе биде премиерно прикажан на филмскиот фестивал „Енерга-камеримиџ“ (EnergaCamerimage) во Полска следниот месец - три години откако кинематографката Халина Хачинс беше убиена за време на снимањето. Светската премиера ќе се случи на 23 ноември, проследена со панел-дискусија со режисерот на филмот Џоел Соуза, кој исто така е повреден на снимањето, како и кинематографите Бјанка Клајн и Стивен Лајтхил.
Снимателите ќе разговараат за настаните околу филмот, нудејќи увид во продолжувањето на продукцијата по смртта на Халина. Одржувањето на уметничката визија на Хачинс беше навистина важно за филмаџиите бидејќи се надеваа дека ќе ја исполнат својата должност да ја завршат нејзината работа“, се вели во најавата.
Хачинс (42) беше убиена со пиштол што го користел глумецот и продуцент Алек Болдвин. Во оружјето, наместо лажни куршуми имало вистински куршум. И Болдвин беше обвинет за убиство од небрежност, но Судот го ослободи од обвиненијата. Хана Гутјерез Рид, која беше задолжена за огненото оружје на снимањето на филмот, беше осудена за убиство од небрежност во март. Таа издржува казна од 18 месеци.
„'Рѓа“ раскажува за 13-годишно момче, оставено да се грижи за себе и својот помал брат по смртта на нивните родители во Вајоминг (САД) во 1880-тите. Детето се впушта во бегство со својот отуѓен дедо откако овој е осуден на бесење за случајно убиство“, се вели во описот на филмот.
Алек Болдвин нема да присуствува на првото прикажување, објави „Холивуд репортер“ (The Hollywood Reporter). Вдовецот на Хачинс првично поднесе тужба против Болдвин и другите вклучени во продукцијата на филмот. Сѐ тoa се заврши со спогодба склучена лани, при што не се објавени подробности.

The post Премиера на филмот поради кој Алек Болдвин беше на судење за убиство appeared first on Република.

]]>
Отфрлено обвинението за убиство против Алек Болдвин, судењето е прекинато https://arhiva3.republika.mk/scena/film/otfrleno-obvinenieto-za-ubistvo-protiv-alek-boldvin-sudeneto-e-prekinato/ Sat, 13 Jul 2024 07:39:51 +0000 https://republika.mk/?p=796296

Судијата во Ново Мексико го отфрли обвинението за убиство од небрежност и го запре судењето против актерот Алек Болдвин бидејќи обвинителството, според проценката на судот, прикривало докази за тоа како боевата муниција завршила на филмскиот сет каде што беше убиен снимател.

Адвокатите на Болдвин тврдеа дека полицијата и обвинителите прикриле докази кои би можеле да бидат во корист на актерот.

Клучно прашање во случајот беше како боевата муниција завршила на снимањето, а адвокатите на Болдвин ја доведоа во прашање истрагата и укажаа на грешки направени од државните органи кои го обработувале местото на злосторството.

По оваа судска одлука, обвинителите нема да можат повторно да го обвинат Болдвин.

Алек Болдвин беше обвинет за убиство од небрежност за пукањето на сетот на филмот „Раст“, ​​во кој беше убиен снимателот Халина Хачинс.

The post Отфрлено обвинението за убиство против Алек Болдвин, судењето е прекинато appeared first on Република.

]]>

Судијата во Ново Мексико го отфрли обвинението за убиство од небрежност и го запре судењето против актерот Алек Болдвин бидејќи обвинителството, според проценката на судот, прикривало докази за тоа како боевата муниција завршила на филмскиот сет каде што беше убиен снимател. Адвокатите на Болдвин тврдеа дека полицијата и обвинителите прикриле докази кои би можеле да бидат во корист на актерот. Клучно прашање во случајот беше како боевата муниција завршила на снимањето, а адвокатите на Болдвин ја доведоа во прашање истрагата и укажаа на грешки направени од државните органи кои го обработувале местото на злосторството. По оваа судска одлука, обвинителите нема да можат повторно да го обвинат Болдвин. Алек Болдвин беше обвинет за убиство од небрежност за пукањето на сетот на филмот „Раст“, ​​во кој беше убиен снимателот Халина Хачинс.

The post Отфрлено обвинението за убиство против Алек Болдвин, судењето е прекинато appeared first on Република.

]]>
Почна судењето на Алек Болдвин за убиство од небрежност https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochna-sudeneto-na-alek-boldvin-za-ubistvo-od-nebrezhnost/ Thu, 11 Jul 2024 08:27:31 +0000 https://republika.mk/?p=795689

Во Санта Фе, Ново Мексико, САД, почна судењето на Алек Болдвин за убиство од небрежност. Обвинителството тврди дека пред смртта на снимателката Халина Хачинс, холивудскиот глумец ги прескокнал безбедносните проверки и невнимателно ракувал со револверот.

Во октомври 2021 година, Болдвин се подготвувал за сцена со пиштолот на снимањето на филмот „'Рѓа“ на ранч кај Санта Фе. Мислејќи дека содржи лажни куршуми, тој пукал и ги ранил Хачинс и режисерот Џоел Соуза. Хачинс почина. На Болдвин му се заканува затворска казна до 18 месеци доколку биде прогласен за виновен. Тој се изјасни за невин, и тврди дека не е одговорен за вистинскиот куршум што бил ставен во пиштолот.

- Доказите ќе покажат дека обвинетиот Алек Болдвин туку-така зел вистински пиштол в рака, прекршувајќи ги кардиналните правила за безбедност и огнено оружје, изјави обвинителката Ерлинда Окампо Џонсон.

Адвокатот на одбраната, Алекс Спиро рече дека „овие кардинални правила не се кардинални правила на филмската сцена“.

- На филмски сет, безбедноста мора да е осигурана пред да се стави пиштолот во раката на глумецот, рече застапникот на Болдвин.

Првиот сведок кој сведочеше беше првиот полицаец кој пристигнал по пукањето. Видеото прикажано на суд од камерата на телото на Николас Лефлер, тогашен заменик-шерифот на Округот Санта Фе, ги покажува напори да се спаси Хачинс, која веќе е во несвест додека неколку луѓе се трудат да ѝ помогнат.

Филмот „'Рѓа“ е снимен и комплетиран. Сѐ уште не е одреден датумот на прикажување, според ИМДБ.

The post Почна судењето на Алек Болдвин за убиство од небрежност appeared first on Република.

]]>

Во Санта Фе, Ново Мексико, САД, почна судењето на Алек Болдвин за убиство од небрежност. Обвинителството тврди дека пред смртта на снимателката Халина Хачинс, холивудскиот глумец ги прескокнал безбедносните проверки и невнимателно ракувал со револверот. Во октомври 2021 година, Болдвин се подготвувал за сцена со пиштолот на снимањето на филмот „'Рѓа“ на ранч кај Санта Фе. Мислејќи дека содржи лажни куршуми, тој пукал и ги ранил Хачинс и режисерот Џоел Соуза. Хачинс почина. На Болдвин му се заканува затворска казна до 18 месеци доколку биде прогласен за виновен. Тој се изјасни за невин, и тврди дека не е одговорен за вистинскиот куршум што бил ставен во пиштолот. - Доказите ќе покажат дека обвинетиот Алек Болдвин туку-така зел вистински пиштол в рака, прекршувајќи ги кардиналните правила за безбедност и огнено оружје, изјави обвинителката Ерлинда Окампо Џонсон. Адвокатот на одбраната, Алекс Спиро рече дека „овие кардинални правила не се кардинални правила на филмската сцена“. - На филмски сет, безбедноста мора да е осигурана пред да се стави пиштолот во раката на глумецот, рече застапникот на Болдвин. Првиот сведок кој сведочеше беше првиот полицаец кој пристигнал по пукањето. Видеото прикажано на суд од камерата на телото на Николас Лефлер, тогашен заменик-шерифот на Округот Санта Фе, ги покажува напори да се спаси Хачинс, која веќе е во несвест додека неколку луѓе се трудат да ѝ помогнат. Филмот „'Рѓа“ е снимен и комплетиран. Сѐ уште не е одреден датумот на прикажување, според ИМДБ.

The post Почна судењето на Алек Болдвин за убиство од небрежност appeared first on Република.

]]>
Судијата одлучи: Ќе му се суди на Алек Болдвин! https://arhiva3.republika.mk/scena/film/sudijata-odluchi-ke-mu-se-sudi-na-alek-boldvin/ Sat, 25 May 2024 12:45:32 +0000 https://republika.mk/?p=781639

Судија од Ново Мексико одлучи дека Алек Болдвин сепак ќе оди на суд ова лето, пишуваат странските медиуми.

На Алек Болдвин му се суди за убиство од небрежност, а тој ги отфрли сите обвиненија и рече дека не е виновен за убиството. За време на снимањето на филмот „Rust“ во 2021 година, актерот ја застрелал камерманката Халина Хачинс со реквизит во кој имало вистински куршум. Обвинителите рекоа дека Хана, операторот на реквизити, не успеала да го обезбеди оружјето и да се увери дека е наполнето со лажни куршуми.

Судењето на Болдвин треба да започне на 9 јули, а се очекува да трае околу две недели, пишува Deadline.

На Болдвин ќе му се суди за смртоносното пукање на снимателката Халина Хачинс во 2021 година додека го снимаше вестернот „Rust“. Обвиненијата против Болдвин веќе еднаш беа отфрлени.

Хачинс почина кога репликата на револверот Colt 45 со кој Болдвин вежбаше во црква пред Санта Фе испука вистински куршум што исто така го рани и режисерот Џоел Соуза.

Неодамна, дизајнерката на реквизитите за филмот „Rust“, ​​Хана Гутиерез-Рид, беше осудена на 18 месеци затвор поради смртта на Халина Хачинс. Во март беше прогласена за виновна за убиство од небрежност. Сепак, таа беше прогласена за невина за манипулација со докази. Казната што ја доби е максимална.

The post Судијата одлучи: Ќе му се суди на Алек Болдвин! appeared first on Република.

]]>

Судија од Ново Мексико одлучи дека Алек Болдвин сепак ќе оди на суд ова лето, пишуваат странските медиуми. На Алек Болдвин му се суди за убиство од небрежност, а тој ги отфрли сите обвиненија и рече дека не е виновен за убиството. За време на снимањето на филмот „Rust“ во 2021 година, актерот ја застрелал камерманката Халина Хачинс со реквизит во кој имало вистински куршум. Обвинителите рекоа дека Хана, операторот на реквизити, не успеала да го обезбеди оружјето и да се увери дека е наполнето со лажни куршуми. Судењето на Болдвин треба да започне на 9 јули, а се очекува да трае околу две недели, пишува Deadline. На Болдвин ќе му се суди за смртоносното пукање на снимателката Халина Хачинс во 2021 година додека го снимаше вестернот „Rust“. Обвиненијата против Болдвин веќе еднаш беа отфрлени. Хачинс почина кога репликата на револверот Colt 45 со кој Болдвин вежбаше во црква пред Санта Фе испука вистински куршум што исто така го рани и режисерот Џоел Соуза. Неодамна, дизајнерката на реквизитите за филмот „Rust“, ​​Хана Гутиерез-Рид, беше осудена на 18 месеци затвор поради смртта на Халина Хачинс. Во март беше прогласена за виновна за убиство од небрежност. Сепак, таа беше прогласена за невина за манипулација со докази. Казната што ја доби е максимална.

The post Судијата одлучи: Ќе му се суди на Алек Болдвин! appeared first on Република.

]]>
Алек Болдвин побара отфрлање на обвиненијата против него https://arhiva3.republika.mk/scena/film/alek-boldvin-pobara-otfrlane-na-obvinenijata-protiv-nego/ Fri, 15 Mar 2024 08:46:27 +0000 https://republika.mk/?p=755044

Адвокатите на американскиот глумец Алек Болдвин побараа од Судот да ги отфрли обвиненијата за убиство од небрежност против него. Правниците т​​врдат дека обвинителите изнеле неосновани тврдења и обвинувања против Болдвин.

Станува збор за несреќното пукање кон кинематограферката Халина Хачинс во 2021 година, за време на снимањето на филмот „'Рѓа“, при што таа го загуби животот, а режисерот Џоел Соуза беше ранет. Судењето е закажано за 10 јули во американската сојузна држава Ново Мексико. Барањето на Болдвин уследи откако поротата ја осуди Хана Гутјерез-Рид за убиство од небрежност во одвоено судење. Гутјерез се соочува со затворска казна до 18 месеци.

И на Болдвин му се суди за убиство од небрежност. Според познавачи, пресудата на Гутјерез-Рид може да биде олеснителна околност за актерот, оти тој на 31 јануари годинава повторно се изјасни невин.

Судот во Ново Мексико повторно ја отвори кривичната постапка против него на 19 јануари, повеќе од две години по инцидентот и девет месеци откако беше првично обвинет за смртта на Хачинс. Претходните обвиненија против него беа отфрлени минатиот април кога обвинителите соопштија дека на виделина излегле нови информации што налагаат натамошна истрага.

Немилиот настан со исход - убиство се случи во октомври 2021 година, кога Болдвин вежбал пукање со пиштол за потребите на филмот. Глумецот тврди дека не знаел дека пиштолот бил наполнет со вистински куршуми.

The post Алек Болдвин побара отфрлање на обвиненијата против него appeared first on Република.

]]>

Адвокатите на американскиот глумец Алек Болдвин побараа од Судот да ги отфрли обвиненијата за убиство од небрежност против него. Правниците т​​врдат дека обвинителите изнеле неосновани тврдења и обвинувања против Болдвин. Станува збор за несреќното пукање кон кинематограферката Халина Хачинс во 2021 година, за време на снимањето на филмот „'Рѓа“, при што таа го загуби животот, а режисерот Џоел Соуза беше ранет. Судењето е закажано за 10 јули во американската сојузна држава Ново Мексико. Барањето на Болдвин уследи откако поротата ја осуди Хана Гутјерез-Рид за убиство од небрежност во одвоено судење. Гутјерез се соочува со затворска казна до 18 месеци. И на Болдвин му се суди за убиство од небрежност. Според познавачи, пресудата на Гутјерез-Рид може да биде олеснителна околност за актерот, оти тој на 31 јануари годинава повторно се изјасни невин. Судот во Ново Мексико повторно ја отвори кривичната постапка против него на 19 јануари, повеќе од две години по инцидентот и девет месеци откако беше првично обвинет за смртта на Хачинс. Претходните обвиненија против него беа отфрлени минатиот април кога обвинителите соопштија дека на виделина излегле нови информации што налагаат натамошна истрага. Немилиот настан со исход - убиство се случи во октомври 2021 година, кога Болдвин вежбал пукање со пиштол за потребите на филмот. Глумецот тврди дека не знаел дека пиштолот бил наполнет со вистински куршуми.

The post Алек Болдвин побара отфрлање на обвиненијата против него appeared first on Република.

]]>
Реквизитерката која го наполни пиштолот на Алек Болдвин прогласена за виновна за убиство од небрежност https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rekviziterkata-koja-go-napolni-pishtolot-na-alek-boldvin-proglasena-za-vinovna-za-ubistvo-od-nebrezhnost/ Thu, 07 Mar 2024 09:03:35 +0000 https://republika.mk/?p=752107

Одговорната реквизитерка, која го наполни пиштолот на Алек Болдвин при пукањето и убиството на снимањето на филмот „'Рѓа“ (Rust), Хана Гутjерез-Рид е осудена за убиство од небрежност. Освен тоа, таа е прогласена за невинa по втората точка од обвинението - манипулација со докази.

Oсудената може да добие и до три години затвор.

Гутјерез-Рид не сведочеше во двонеделното судење, но нејзиниот адвокат рече дека обвинителите не успеале да докажат дека неговата клиентка е одговорна за фаталното пукање во коешто жена беше убиена, а имаше и еден повреден. Правникот, исто така, тврдеше дека Болдвин е тој што треба да биде кривично гонет, бидејќи тој го држел пиштолот, пренесе „Ен-би-си“.

Таа е лесна мета, најмалку моќната личност на сетот. Лесно жртвено јагне, рече бранителот во воведниот збор на судењето.

И Алек Болдвин се соочува со судење за убиство од небрежност. Почетокот на судењето е закажан за 10 јули, а обвиненијата против Болдвин еднаш веќе се отфрлени.  

https://youtu.be/PfjOtGvvX5o?si=dIcWw8t-niHLaNoC

The post Реквизитерката која го наполни пиштолот на Алек Болдвин прогласена за виновна за убиство од небрежност appeared first on Република.

]]>

Одговорната реквизитерка, која го наполни пиштолот на Алек Болдвин при пукањето и убиството на снимањето на филмот „'Рѓа“ (Rust), Хана Гутjерез-Рид е осудена за убиство од небрежност. Освен тоа, таа е прогласена за невинa по втората точка од обвинението - манипулација со докази. Oсудената може да добие и до три години затвор. Гутјерез-Рид не сведочеше во двонеделното судење, но нејзиниот адвокат рече дека обвинителите не успеале да докажат дека неговата клиентка е одговорна за фаталното пукање во коешто жена беше убиена, а имаше и еден повреден. Правникот, исто така, тврдеше дека Болдвин е тој што треба да биде кривично гонет, бидејќи тој го држел пиштолот, пренесе „Ен-би-си“.
Таа е лесна мета, најмалку моќната личност на сетот. Лесно жртвено јагне, рече бранителот во воведниот збор на судењето.
И Алек Болдвин се соочува со судење за убиство од небрежност. Почетокот на судењето е закажан за 10 јули, а обвиненијата против Болдвин еднаш веќе се отфрлени.   https://youtu.be/PfjOtGvvX5o?si=dIcWw8t-niHLaNoC

The post Реквизитерката која го наполни пиштолот на Алек Болдвин прогласена за виновна за убиство од небрежност appeared first on Република.

]]>
Алек Болдвин се изјасни невин за убиство од небрежност https://arhiva3.republika.mk/scena/film/alek-boldvin-se-izjasni-nevin-za-ubistvo-od-nebrezhnost/ Thu, 01 Feb 2024 11:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=739339

Глумецот Алек Болдвин се изјасни невин по обвиненијата за убиство од небрежност во пукањето на снимањето на филмот „’Рѓа“, во коешто снимателката Халина Хачинс беше убиена, а режисерот Џоел Соуза беше ранет.

Болдвин ја отфрли одговорноста за смртта на Хачинс, инсистирајќи дека му било кажано дека пиштолот е „ладен“, што значи дека во него има само празни куршуми, и дека оружјето пукало иако тој не го повлекол чкрапалото. Обвинителите тврдат дека побарале обвинение откако независно форензичко проучување утврдило дека пиштолот не можел сам да испука куршум доколку не се повлече чкрапалото.

Исказот на Болдвин уследи неколку дена откако специјалната обвинителка Кари Морисеј покажа фотографии што посочуваат дека вистински куршуми биле донесени на сцената од страна на управувачот со пиштолот за потребите на филмот, Хана Гутјерез.

Според сведочењето во судницата и полициските записи, Гутјерез ракувала со пиштолот пред да му го предаде на помошникот-режисер, Дејвид Холс, кој му рекол на Болдвин дека пиштолот е „ладен“.

Гутјерез се соочува со посебно обвинение за убиство од небрежност и судење од 21 февруари, додека Холс се изјасни за виновен и доби шестмесечна условна казна поради небрежна употреба на смртоносно оружје.

The post Алек Болдвин се изјасни невин за убиство од небрежност appeared first on Република.

]]>

Глумецот Алек Болдвин се изјасни невин по обвиненијата за убиство од небрежност во пукањето на снимањето на филмот „’Рѓа“, во коешто снимателката Халина Хачинс беше убиена, а режисерот Џоел Соуза беше ранет. Болдвин ја отфрли одговорноста за смртта на Хачинс, инсистирајќи дека му било кажано дека пиштолот е „ладен“, што значи дека во него има само празни куршуми, и дека оружјето пукало иако тој не го повлекол чкрапалото. Обвинителите тврдат дека побарале обвинение откако независно форензичко проучување утврдило дека пиштолот не можел сам да испука куршум доколку не се повлече чкрапалото. Исказот на Болдвин уследи неколку дена откако специјалната обвинителка Кари Морисеј покажа фотографии што посочуваат дека вистински куршуми биле донесени на сцената од страна на управувачот со пиштолот за потребите на филмот, Хана Гутјерез. Според сведочењето во судницата и полициските записи, Гутјерез ракувала со пиштолот пред да му го предаде на помошникот-режисер, Дејвид Холс, кој му рекол на Болдвин дека пиштолот е „ладен“. Гутјерез се соочува со посебно обвинение за убиство од небрежност и судење од 21 февруари, додека Холс се изјасни за виновен и доби шестмесечна условна казна поради небрежна употреба на смртоносно оружје.

The post Алек Болдвин се изјасни невин за убиство од небрежност appeared first on Република.

]]>
Се што имам ѝ должам на оваа жена: Алек Болдвин се огласи откако беше ослободен од обвинението за убиство https://arhiva3.republika.mk/scena/film/se-shto-imam-dolzham-na-ovaa-zhena-alek-boldvin-se-oglasi-otkako-beshe-osloboden-od-obvinenieto-za-ubistvo/ Sun, 23 Apr 2023 10:15:42 +0000 https://republika.mk/?p=633199

Алек Болдвин се огласи откако беше ослободен од обвинението за убиството на кинематограферот Халина Хачинс во октомври 2021 година на сетот на филмот „Р’ѓа“.

Болдвин на социјалните мрежи сподели фотографија на која позира со сопругата.

Се што имам ѝ должам на оваа жена, напиша тој во објавата и се заблагодари на својата сопруга.

 

The post Се што имам ѝ должам на оваа жена: Алек Болдвин се огласи откако беше ослободен од обвинението за убиство appeared first on Република.

]]>

Алек Болдвин се огласи откако беше ослободен од обвинението за убиството на кинематограферот Халина Хачинс во октомври 2021 година на сетот на филмот „Р’ѓа“. Болдвин на социјалните мрежи сподели фотографија на која позира со сопругата.
Се што имам ѝ должам на оваа жена, напиша тој во објавата и се заблагодари на својата сопруга.
 

The post Се што имам ѝ должам на оваа жена: Алек Болдвин се огласи откако беше ослободен од обвинението за убиство appeared first on Република.

]]>
Намалено обвинението против Алек Болдвин https://arhiva3.republika.mk/scena/film/namaleno-obvinenieto-protiv-alek-boldvin/ Tue, 21 Feb 2023 18:32:23 +0000 https://republika.mk/?p=611640

Американските обвинители кои го обвинија актерот Алек Болдвин за ненамерно убиство во случајот со пукањето со фатални последици за време на снимањето на филмот „Рѓа„ се откажаа од дел од обвинението со што се отстрани заканата дека тој може да помине пет години во затвор.

Обвинителството во Ново Мексико, Соединети Американски Држави, се откажа од барањето казна поради обвинението за недозволено ракување со огнено оружје.

Обвинителите одлучија наместо за недозволено носење оружје, да покренат обвинителен акт само за убиство од небрежност, за коешто Болдвин може да добие казна затвор до 18 месеци и парична казна од 5.000 долари според законот во Ново Мексико, доколку биде прогласен за виновен.

Окружното обвинителство во Санта Фе соопшти дека одлуката за отфрлање на обвинението за кривично дело е донесена, наводно, за да се избегне подолг правен спор со адвокатскиот тим на Болдвин.

 

The post Намалено обвинението против Алек Болдвин appeared first on Република.

]]>

Американските обвинители кои го обвинија актерот Алек Болдвин за ненамерно убиство во случајот со пукањето со фатални последици за време на снимањето на филмот „Рѓа„ се откажаа од дел од обвинението со што се отстрани заканата дека тој може да помине пет години во затвор. Обвинителството во Ново Мексико, Соединети Американски Држави, се откажа од барањето казна поради обвинението за недозволено ракување со огнено оружје. Обвинителите одлучија наместо за недозволено носење оружје, да покренат обвинителен акт само за убиство од небрежност, за коешто Болдвин може да добие казна затвор до 18 месеци и парична казна од 5.000 долари според законот во Ново Мексико, доколку биде прогласен за виновен. Окружното обвинителство во Санта Фе соопшти дека одлуката за отфрлање на обвинението за кривично дело е донесена, наводно, за да се избегне подолг правен спор со адвокатскиот тим на Болдвин.  

The post Намалено обвинението против Алек Болдвин appeared first on Република.

]]>
Алек Болдвин обвинет за убиство од небрежност https://arhiva3.republika.mk/vesti/alek-boldvin-obvinet-za-ubistvo-od-nebrezhnost/ Fri, 20 Jan 2023 08:31:54 +0000 https://republika.mk/?p=598926

Алек Болдвин ќе биде обвинет за убиство од небрежност за инцидентот минатата година, кога за време на снимањето на филмот „Рѓа“ пиштолот-реквизит со кој пукаше на една од сцените ја усмрти камерманката Халина Хачинс.

Болдвин претходно кажа дека не знаел дека во пиштолот има вистински куршуми. Тој вежбал сцена за вестерн-филмот „Рѓа“ кога се случи пукањето на ранч во близина на Санта Фе, Ново Мексико во октомври 2021 година.

Хана Гутиерез Рид, која била одговорна за оружјето за филмот, исто така, ќе биде обвинета за убиство од небрежност.

По темелно разгледување на доказите и законите на државата Ново Мексико, утврдив дека има доволно докази за поднесување кривична пријава против Алек Болдвин и другите членови на филмската екипа на „Рѓа“. Во мојата позиција, никој не е над законот и сите заслужуваат правда, рече окружната обвинителка во Санта Фе. Мери Кармак-Алтвис.

Одлуката за поднесување кривична пријава ја објавила заедно со обвинителката Андреа Риб, околу три месеци откако го добиле конечниот извештај за инцидентот од канцеларијата на шерифот во Санта Фе.

Доколку бидат прогласени за виновни, и Болдвин и Гутиерез-Рид се соочуваат со затворска казна до 18 месеци.

The post Алек Болдвин обвинет за убиство од небрежност appeared first on Република.

]]>

Алек Болдвин ќе биде обвинет за убиство од небрежност за инцидентот минатата година, кога за време на снимањето на филмот „Рѓа“ пиштолот-реквизит со кој пукаше на една од сцените ја усмрти камерманката Халина Хачинс. Болдвин претходно кажа дека не знаел дека во пиштолот има вистински куршуми. Тој вежбал сцена за вестерн-филмот „Рѓа“ кога се случи пукањето на ранч во близина на Санта Фе, Ново Мексико во октомври 2021 година. Хана Гутиерез Рид, која била одговорна за оружјето за филмот, исто така, ќе биде обвинета за убиство од небрежност.
По темелно разгледување на доказите и законите на државата Ново Мексико, утврдив дека има доволно докази за поднесување кривична пријава против Алек Болдвин и другите членови на филмската екипа на „Рѓа“. Во мојата позиција, никој не е над законот и сите заслужуваат правда, рече окружната обвинителка во Санта Фе. Мери Кармак-Алтвис.
Одлуката за поднесување кривична пријава ја објавила заедно со обвинителката Андреа Риб, околу три месеци откако го добиле конечниот извештај за инцидентот од канцеларијата на шерифот во Санта Фе. Доколку бидат прогласени за виновни, и Болдвин и Гутиерез-Рид се соочуваат со затворска казна до 18 месеци.

The post Алек Болдвин обвинет за убиство од небрежност appeared first on Република.

]]>
Алек Болдвин обвинет за убиство https://arhiva3.republika.mk/scena/film/alek-boldvin-obvinet-za-ubistvo/ Fri, 20 Jan 2023 08:16:15 +0000 https://republika.mk/?p=598913

Обвинителката на Ново Мексико во четвртокот го обвини актерот Алек Болдвин за убиство на кинематографката Халин Хачинс за време на снимањето на вестерн-филмот „Rust“.

Окружната обвинителка Мери Кармак-Алтвис објави обвиненија за убиство од небрежност против Болдвин и оружарката од филмот по повеќе од една година истрага за пукањето во октомври 2021 година на филмскиот сет недалеку од Санта Фе.

Помошникот директор Дејвид Холс потпиша спогодба за признавање на обвинението за несовесна употреба на смртоносно оружје, соопштија обвинителите.

По темелно разгледување на доказите и законите на државата Ново Мексико, утврдив дека има доволно докази за поднесување кривична пријава против Алек Болдвин и остатокот од актерската екипа на „Rust“, рече Кармак-Алтвис.

Според законот на Ново Мексико, убиството од небрежност е кривично дело од четврти степен и се казнува со затвор до 18 месеци и парична казна од 5.000 долари.

Хачинс беше убиена кога од пиштол со кој вежбал Болдвин за време на снимањето во Ново Мексико беше истрелан вистински куршум кој ги погодил неа и режисерот Џоел Соуза, кој преживеа.

Канцеларијата на шерифот се фокусирала на тоа како вистинските куршуми се нашле на филмскиот сет и како огненото оружје било наполнето со нив.

Болдвин ја негираше одговорноста за смртта на камерманката и рече дека никогаш не требало да се дозволат вистински куршуми на филмскиот сет. Болдвин рече дека му било кажано дека пиштолот е „ладен“, термин што значи дека е безбеден за употреба.

Администрацијата за безбедност и здравје при работа во Њу Мексико ја казни компанијата за филмска продукција со максимален можен износ во април за, како што рече, „намерни“ безбедносни пропусти што доведоа до смрт на Хачинс.

Агенцијата откри дека „Rust Move Productions LLC“ знаела дека не се почитуваат безбедносните процедури за огнено оружје и покажала „чиста рамнодушност“ кон опасностите.

The post Алек Болдвин обвинет за убиство appeared first on Република.

]]>

Обвинителката на Ново Мексико во четвртокот го обвини актерот Алек Болдвин за убиство на кинематографката Халин Хачинс за време на снимањето на вестерн-филмот „Rust“. Окружната обвинителка Мери Кармак-Алтвис објави обвиненија за убиство од небрежност против Болдвин и оружарката од филмот по повеќе од една година истрага за пукањето во октомври 2021 година на филмскиот сет недалеку од Санта Фе. Помошникот директор Дејвид Холс потпиша спогодба за признавање на обвинението за несовесна употреба на смртоносно оружје, соопштија обвинителите.
По темелно разгледување на доказите и законите на државата Ново Мексико, утврдив дека има доволно докази за поднесување кривична пријава против Алек Болдвин и остатокот од актерската екипа на „Rust“, рече Кармак-Алтвис.
Според законот на Ново Мексико, убиството од небрежност е кривично дело од четврти степен и се казнува со затвор до 18 месеци и парична казна од 5.000 долари. Хачинс беше убиена кога од пиштол со кој вежбал Болдвин за време на снимањето во Ново Мексико беше истрелан вистински куршум кој ги погодил неа и режисерот Џоел Соуза, кој преживеа. Канцеларијата на шерифот се фокусирала на тоа како вистинските куршуми се нашле на филмскиот сет и како огненото оружје било наполнето со нив. Болдвин ја негираше одговорноста за смртта на камерманката и рече дека никогаш не требало да се дозволат вистински куршуми на филмскиот сет. Болдвин рече дека му било кажано дека пиштолот е „ладен“, термин што значи дека е безбеден за употреба. Администрацијата за безбедност и здравје при работа во Њу Мексико ја казни компанијата за филмска продукција со максимален можен износ во април за, како што рече, „намерни“ безбедносни пропусти што доведоа до смрт на Хачинс. Агенцијата откри дека „Rust Move Productions LLC“ знаела дека не се почитуваат безбедносните процедури за огнено оружје и покажала „чиста рамнодушност“ кон опасностите.

The post Алек Болдвин обвинет за убиство appeared first on Република.

]]>
Болдвин нападнат поради објава посветена на Хачинс https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/boldvin-napadnat-poradi-objava-posvetena-na-hachins/ Mon, 24 Oct 2022 09:47:19 +0000 https://republika.mk/?p=564884

Актериот Алек Болдвин на Инстаграм објави почит на починатата кинематограферка Халина Хачинс, која трагично почина пред една година, откако Болдвин ненамерно ја застрела за време на снимањето на „Раст“.

„На овој ден“, напиша Болдвин покрај сликата на Хачинс создадена на еден од сетовите, но објавата не им се допадна на одреден дел од следбениците, кои го нарекоа неговиот потег невкусен.

„Не можам да верувам дека Болдвин мислеше дека е добра идеја да ја објави оваа фотографија“, напиша еден од коментарите.

„Да, ова е навистина одвратно“, се согласи друг.

„Се прашувам како се чувствува нејзиното семејство кога го виде ова“, додаде трет.

Сепак, некои фанови застанаа во одбрана на актерот.

“Лесно е да мразиш кога не е за тебе. Само замислете со каква вина живее”, рекол коментаторот.

Во февруари годинава семејството на снимателката која Алек Болдвин ненамерно ја уби на сетот на филмот Rust го тужеше американскиот актер и побара „суштинска“ отштета за нејзината смрт.
Болдвин вежбал сцена со револвер на снимањето, но испука вистински куршум во снимателот Халина Хачинс, која набргу потоа почина.

Адвокатот Брајан Паниш, кој ги застапува нејзиниот сопруг Метју и синот Андрос, тврди дека трагедијата била предизвикана од „намалување на трошоците и невнимателно однесување“ на Болдвин и другите продуценти на Rust.

До судот доставил список со „најмалку 15 стандарди“ кои продуцентите не ги почитувале на снимањето на филмот.

Тие вклучуваат употреба на боева муниција, недостаток на квалификувани пиштоли на снимањето и недостаток на заштитна опрема за филмската екипа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)

The post Болдвин нападнат поради објава посветена на Хачинс appeared first on Република.

]]>

Актериот Алек Болдвин на Инстаграм објави почит на починатата кинематограферка Халина Хачинс, која трагично почина пред една година, откако Болдвин ненамерно ја застрела за време на снимањето на „Раст“.
„На овој ден“, напиша Болдвин покрај сликата на Хачинс создадена на еден од сетовите, но објавата не им се допадна на одреден дел од следбениците, кои го нарекоа неговиот потег невкусен.
„Не можам да верувам дека Болдвин мислеше дека е добра идеја да ја објави оваа фотографија“, напиша еден од коментарите. „Да, ова е навистина одвратно“, се согласи друг. „Се прашувам како се чувствува нејзиното семејство кога го виде ова“, додаде трет. Сепак, некои фанови застанаа во одбрана на актерот. “Лесно е да мразиш кога не е за тебе. Само замислете со каква вина живее”, рекол коментаторот. Во февруари годинава семејството на снимателката која Алек Болдвин ненамерно ја уби на сетот на филмот Rust го тужеше американскиот актер и побара „суштинска“ отштета за нејзината смрт. Болдвин вежбал сцена со револвер на снимањето, но испука вистински куршум во снимателот Халина Хачинс, која набргу потоа почина. Адвокатот Брајан Паниш, кој ги застапува нејзиниот сопруг Метју и синот Андрос, тврди дека трагедијата била предизвикана од „намалување на трошоците и невнимателно однесување“ на Болдвин и другите продуценти на Rust. До судот доставил список со „најмалку 15 стандарди“ кои продуцентите не ги почитувале на снимањето на филмот. Тие вклучуваат употреба на боева муниција, недостаток на квалификувани пиштоли на снимањето и недостаток на заштитна опрема за филмската екипа.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)

The post Болдвин нападнат поради објава посветена на Хачинс appeared first on Република.

]]>
Болдвин постигна договор со семејството на Халина Хачинс, камерманката која ја застрела на сет https://arhiva3.republika.mk/scena/film/boldvin-postigna-dogovor-so-semejstvoto-na-halina-hachins-kamermankata-koja-ja-zastrela-na-set/ Thu, 06 Oct 2022 14:02:33 +0000 https://republika.mk/?p=558040

Семејството на Халина Хачинс, камерманката која загина на сетот на филмот „Rust“ од 2021 година и Алек Болдвин постигнаа необјавен договор во нивната тужба против актерот и другите вмешани во смртта на камерманката, се вели во соопштението објавено од адвокатот на актерот.

Тужбата против Болдвин, продуцентската куќа на филмот и другите клучни членови на екипажот, поднесена во февруари во Санта Фе, наведува дека има бројни прекршувања на индустриските стандарди за време на снимањето.

Метју Хачинс, вдовецот на Халина Хачинс, која беше убиена на снимањето, ќе биде извршен продуцент на филмот и ќе добие дел од профитот, се додава во соопштението.

Постигнавме спогодба, која е предмет на судско одобрување. Како дел од таа спогодба, нашиот случај ќе биде отфрлен. „Rust“, кој сега ќе го продуцирам, ќе продолжи со снимањето со сите оригинални главни актери во јануари 2023 година. Сите веруваме дека смртта на Халина е страшна несреќа. Благодарен сум што продуцентите и забавната заедница се собраа да одадат почест на последното дело на Халина - вели Хачинс во изјавата.

Режисерот на филмот, Џоел Соуза, кој исто така беше повреден во пукањето, треба да се врати во филмот.

The post Болдвин постигна договор со семејството на Халина Хачинс, камерманката која ја застрела на сет appeared first on Република.

]]>

Семејството на Халина Хачинс, камерманката која загина на сетот на филмот „Rust“ од 2021 година и Алек Болдвин постигнаа необјавен договор во нивната тужба против актерот и другите вмешани во смртта на камерманката, се вели во соопштението објавено од адвокатот на актерот. Тужбата против Болдвин, продуцентската куќа на филмот и другите клучни членови на екипажот, поднесена во февруари во Санта Фе, наведува дека има бројни прекршувања на индустриските стандарди за време на снимањето. Метју Хачинс, вдовецот на Халина Хачинс, која беше убиена на снимањето, ќе биде извршен продуцент на филмот и ќе добие дел од профитот, се додава во соопштението.
Постигнавме спогодба, која е предмет на судско одобрување. Како дел од таа спогодба, нашиот случај ќе биде отфрлен. „Rust“, кој сега ќе го продуцирам, ќе продолжи со снимањето со сите оригинални главни актери во јануари 2023 година. Сите веруваме дека смртта на Халина е страшна несреќа. Благодарен сум што продуцентите и забавната заедница се собраа да одадат почест на последното дело на Халина - вели Хачинс во изјавата.
Режисерот на филмот, Џоел Соуза, кој исто така беше повреден во пукањето, треба да се врати во филмот.

The post Болдвин постигна договор со семејството на Халина Хачинс, камерманката која ја застрела на сет appeared first on Република.

]]>
Aлек Болдвин и Жерар Депардје на Косово ќе снимаат филм за Милошевиќ за три милиони долари https://arhiva3.republika.mk/scena/film/alek-boldvin-i-zerar-depardje-kje-snimaat-na-kosovo-film-za-miloshevikj-za-tri-milioni-dolari/ Fri, 22 Jul 2022 07:39:30 +0000 https://republika.mk/?p=532003

Холивидските звезди Алек Болдвин и Жерар Депардје ќе снимаат на Косово финасиран од владата на Албин Курти. Тематиката ќе биде хашкиот трибунал и носењето на српските и албанските затвореници.

Филмот е наречен „Милошевиќ и јас“ а хонорарот кој ќе го добијат е 3,8 милиони долари. Снимањето почнува наесен.

The post Aлек Болдвин и Жерар Депардје на Косово ќе снимаат филм за Милошевиќ за три милиони долари appeared first on Република.

]]>

Холивидските звезди Алек Болдвин и Жерар Депардје ќе снимаат на Косово финасиран од владата на Албин Курти. Тематиката ќе биде хашкиот трибунал и носењето на српските и албанските затвореници. Филмот е наречен „Милошевиќ и јас“ а хонорарот кој ќе го добијат е 3,8 милиони долари. Снимањето почнува наесен.

The post Aлек Болдвин и Жерар Депардје на Косово ќе снимаат филм за Милошевиќ за три милиони долари appeared first on Република.

]]>
Почина мајката на Алек Болдвин https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochina-majkata-na-alek-boldvin/ Fri, 27 May 2022 12:12:01 +0000 https://republika.mk/?p=507638

Мајката на актерот Алек Болдвин почина на 92-годишна возраст.

Керол Болдвин имаше 25 внуци, меѓу кои Хејли Бибер и Ајрланд Болдвин и 14 правнуци.

Тажната вест ја објави Алек Болдвин на својот Инстаграм профил.

Со најдлабоко жалење, моето семејство ја објавува следнава изјава. Керол М. Болдвин, мајка на актерите Алек, Данијел, Вилијам и Стивен Болдвин и двете ќерки Елизабет и Џејн, почина денеска во Њујорк. Имаше 92 години, стои на почетокот на соопштението за медиумите.

Актерот потоа се осврна на болеста со која се борела неговата мајка:

Во 1991 година ѝ беше дијагностициран рак на дојка. Таа се приклучи на групата за поддршка на рак на дојка на Лонг Ајленд. Мајка ми ги помина последните 25 години од својот живот како борец. Сите ние сме исклучително горди на нејзините достигнувања, напиша Алек.

The post Почина мајката на Алек Болдвин appeared first on Република.

]]>

Мајката на актерот Алек Болдвин почина на 92-годишна возраст. Керол Болдвин имаше 25 внуци, меѓу кои Хејли Бибер и Ајрланд Болдвин и 14 правнуци. Тажната вест ја објави Алек Болдвин на својот Инстаграм профил.
Со најдлабоко жалење, моето семејство ја објавува следнава изјава. Керол М. Болдвин, мајка на актерите Алек, Данијел, Вилијам и Стивен Болдвин и двете ќерки Елизабет и Џејн, почина денеска во Њујорк. Имаше 92 години, стои на почетокот на соопштението за медиумите.
Актерот потоа се осврна на болеста со која се борела неговата мајка:
Во 1991 година ѝ беше дијагностициран рак на дојка. Таа се приклучи на групата за поддршка на рак на дојка на Лонг Ајленд. Мајка ми ги помина последните 25 години од својот живот како борец. Сите ние сме исклучително горди на нејзините достигнувања, напиша Алек.

The post Почина мајката на Алек Болдвин appeared first on Република.

]]>
Продуцентската куќа казнета за случајот Болдвин и убиството на снимањето https://arhiva3.republika.mk/scena/film/producentskata-kukja-kazneta-za-sluchajot-boldvin-i-ubistvoto-na-snimanjeto/ Wed, 20 Apr 2022 20:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=491455

Продуцентската куќа е казнета за случајот со пукањето на актерот Алек Болдвин на снимањето на филмот „Рѓа“, јавува Би-Би-Си.

Како што се наведува продукциската куќа покажала „обична рамнодушност“ кон безбедноста на вработените.

Продуцентите на филмот, чиј снимател Алек Болдвин случајно го усмрти на снимањето, биле казнети од властите и остро критикувани дека не ги почитувале безбедносните насоки, јавува Би-Би-Си.

„Авторите на филмот „Рѓа“ покажаа „обична рамнодушност кон препознаените опасности поврзани со употребата на огнено оружје при снимањето“, наведува Одделот за животна средина на Ново Мексико.

Агенцијата наметна максимална казна од 136.793 долари (105.000 фунти) за „Rust Movie Productions“.

Да потсетиме, во октомври минатата година, откако испука куршум од пиштол кој што беше реквизит во филмот, актерот Алек Болдвин (68) ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза.

Актерот, кој беше и продуцент на филмот, претходно изјави дека нема поим како вистинскиот куршум се појавил на сетот.

Секретарот на кабинетот на Одделот за животна средина на Ново Мексико, Џејмс Кени, рече: „Имаше неколку пропусти во управувањето и повеќе од доволно докази кои сугерираат дека доколку се почитуваа стандардните индустриски пракси, Халина Хачинс немаше да биде смртно застрелана, а Џоел Соуза сериозно да биде повреден. Преку нашата истрагата, утврдивме дека неуспесите на Rust Productions беа сериозни и намерни“.

The post Продуцентската куќа казнета за случајот Болдвин и убиството на снимањето appeared first on Република.

]]>

Продуцентската куќа е казнета за случајот со пукањето на актерот Алек Болдвин на снимањето на филмот „Рѓа“, јавува Би-Би-Си. Како што се наведува продукциската куќа покажала „обична рамнодушност“ кон безбедноста на вработените.
Продуцентите на филмот, чиј снимател Алек Болдвин случајно го усмрти на снимањето, биле казнети од властите и остро критикувани дека не ги почитувале безбедносните насоки, јавува Би-Би-Си.
„Авторите на филмот „Рѓа“ покажаа „обична рамнодушност кон препознаените опасности поврзани со употребата на огнено оружје при снимањето“, наведува Одделот за животна средина на Ново Мексико. Агенцијата наметна максимална казна од 136.793 долари (105.000 фунти) за „Rust Movie Productions“. Да потсетиме, во октомври минатата година, откако испука куршум од пиштол кој што беше реквизит во филмот, актерот Алек Болдвин (68) ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза. Актерот, кој беше и продуцент на филмот, претходно изјави дека нема поим како вистинскиот куршум се појавил на сетот. Секретарот на кабинетот на Одделот за животна средина на Ново Мексико, Џејмс Кени, рече: „Имаше неколку пропусти во управувањето и повеќе од доволно докази кои сугерираат дека доколку се почитуваа стандардните индустриски пракси, Халина Хачинс немаше да биде смртно застрелана, а Џоел Соуза сериозно да биде повреден. Преку нашата истрагата, утврдивме дека неуспесите на Rust Productions беа сериозни и намерни“.

The post Продуцентската куќа казнета за случајот Болдвин и убиството на снимањето appeared first on Република.

]]>