Алдинци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aldinci/ За подобро да се разбереме Mon, 02 May 2022 15:56:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Алдинци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aldinci/ 32 32 Спасовски уште прибира податоци за кражбата во фабриката за канабис на пријателот на Заев https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/spasovski-ushte-pribira-podatoci-za-krazbata-vo-fabrikata-za-kanabis-na-prijatelot-na-zaev/ Mon, 02 May 2022 15:55:10 +0000 https://republika.mk/?p=496467

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека уште прибираат информации за кражбата во фабриката за марихуана 5 „Летерс“ . Во крушевското село Алдинци неодамна беа украдени над 100 шишиња масло од канабис во вредност од над два милиони евра.

Спасовски посочува дека ова не било прв случај на вакви кражби и оти надлежноста во однос на обезбедувањето на објектите и чувањето си ја имаат фирмите, додека надзорот од овој аспект го врши Министерството за здравство.

Така што ние сме максимално посветени во делот на контролата и надзорот што е во надлежност на МВР. Овде станува збор за кражба за којашто се прибираат податоци, сè со цел сторителите да бидат пронајдени и казнети. Сите досегашни слични грабежи беа расчистени-вели Спасовски во интервју за „Радио Слободна Европа.

„5 Летерс “ за една година два пати е ограбена. Во време на кражбата била во стечајна постапка и не работела. Во фабриката била складирана марихуаната која е дел од стечајната маса.
Пред кражбата била спроведена и вонредна инспекција и било откриено дека е прекршен законот, односно дека фирмата произведувала канабис кој не бил пријавен.

The post Спасовски уште прибира податоци за кражбата во фабриката за канабис на пријателот на Заев appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека уште прибираат информации за кражбата во фабриката за марихуана 5 „Летерс“ . Во крушевското село Алдинци неодамна беа украдени над 100 шишиња масло од канабис во вредност од над два милиони евра. Спасовски посочува дека ова не било прв случај на вакви кражби и оти надлежноста во однос на обезбедувањето на објектите и чувањето си ја имаат фирмите, додека надзорот од овој аспект го врши Министерството за здравство.
Така што ние сме максимално посветени во делот на контролата и надзорот што е во надлежност на МВР. Овде станува збор за кражба за којашто се прибираат податоци, сè со цел сторителите да бидат пронајдени и казнети. Сите досегашни слични грабежи беа расчистени-вели Спасовски во интервју за „Радио Слободна Европа.
„5 Летерс “ за една година два пати е ограбена. Во време на кражбата била во стечајна постапка и не работела. Во фабриката била складирана марихуаната која е дел од стечајната маса. Пред кражбата била спроведена и вонредна инспекција и било откриено дека е прекршен законот, односно дека фирмата произведувала канабис кој не бил пријавен.

The post Спасовски уште прибира податоци за кражбата во фабриката за канабис на пријателот на Заев appeared first on Република.

]]>
Нема осомничени за кражбата на масло од канабис во фабриката каде што удел има другарот на Заев https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nema-osomnicheni-za-krazbata-na-maslo-od-kanabis-vo-fabrikata-kade-shto-udel-ima-drugarot-na-zaev/ Fri, 29 Apr 2022 08:28:42 +0000 https://republika.mk/?p=495091

Десет дена од кражбата во фабриката за канабис со крушевското село Алдинци нема осомничени, а камоли приведени.

За полицијата и за обвинителството се уште е непознато кој влезе во фабриката и однесе масло од канабис вредно два милиони евра. Навистина е неразбирливо како може некој да влезе во фабриката која има висока жичана ограда и која е обезбедувана од агенција добро позната на јавноста со добри конекции со актуелната власт.

Конкретно непознатите крадци одзеле од фабриката „5 летрес“ 108 шишиња масло од канабис и шест кеси со цвет.

Првата кражба на во оваа фабрика се случи во декември 2020 година кога беа украдени 60 килограми канабис. Оттогаш на фабриката никако да и тргне и сега се наоѓа во стечај. Во политичките кругови се коментира дека за неа се заинтересирани лица од Бугарија.

Хрватски РТЛ во своја емисија тврдеше дека 93% од сопствеништвото на фирмата е во рацете на американски инвеститор, додека 7% има Зоран Јаневски, пријател на премиерот Зоран Заев и член на неговата партија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-kako-vo-vremeto-na-eskobar-vo-fabrika-za-marihuana-blizu-krushevo-ukradeno-maslo-od-kanabis-vo-vrednost-od-dva-milioni-dolari/

The post Нема осомничени за кражбата на масло од канабис во фабриката каде што удел има другарот на Заев appeared first on Република.

]]>

Десет дена од кражбата во фабриката за канабис со крушевското село Алдинци нема осомничени, а камоли приведени. За полицијата и за обвинителството се уште е непознато кој влезе во фабриката и однесе масло од канабис вредно два милиони евра. Навистина е неразбирливо како може некој да влезе во фабриката која има висока жичана ограда и која е обезбедувана од агенција добро позната на јавноста со добри конекции со актуелната власт. Конкретно непознатите крадци одзеле од фабриката „5 летрес“ 108 шишиња масло од канабис и шест кеси со цвет. Првата кражба на во оваа фабрика се случи во декември 2020 година кога беа украдени 60 килограми канабис. Оттогаш на фабриката никако да и тргне и сега се наоѓа во стечај. Во политичките кругови се коментира дека за неа се заинтересирани лица од Бугарија. Хрватски РТЛ во своја емисија тврдеше дека 93% од сопствеништвото на фирмата е во рацете на американски инвеститор, додека 7% има Зоран Јаневски, пријател на премиерот Зоран Заев и член на неговата партија. https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-kako-vo-vremeto-na-eskobar-vo-fabrika-za-marihuana-blizu-krushevo-ukradeno-maslo-od-kanabis-vo-vrednost-od-dva-milioni-dolari/

The post Нема осомничени за кражбата на масло од канабис во фабриката каде што удел има другарот на Заев appeared first on Република.

]]>
Нов обид за грабеж во струмичко: Во Македонија не ограбил фабрика за марихуана само оној што не се обидел https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nov-obid-za-grabez-vo-strumichko-vo-makedonija-ne-ograbil-fabrika-za-marihuana-samo-onoj-shto-ne-se-obidel/ Tue, 26 Apr 2022 13:33:35 +0000 https://republika.mk/?p=493856

Во Македонија не ограбил фабрика за марихуана само оној што не се обидел. Зачестија грабежите во многубројните погони за прозводство, посебно во источниот дел. Полициски службеници од Полициското одделение Ново Село синоќа во 23 часот затекнале тројца крадци како се обидуваат да извршат тешка кражба во фабрика за производство на марихуана во местото „Добрава” во близина на село Сушица, Струмичко.

Од слобода се лишени Р. К. (23) од село Дрвош, Струмичко, С. Р. (21) и Б. А. (21) од Радовиш. Тие се задржани во Полициска станица Струмица, а за настанот бил запознат Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство.

Според информациите од полицијата во текот на денешниот ден против нив се очекува да биде поднесена соодветна пријава.

Минатата недела во фабриката „5 летерс“ во селото Алдинци, крушевско беше украдено масло од канабис вредно два милиони евра.Сторителите се уште не се откриени а фабриката е во стечај.

93% од сопствеништвото на фирмата е во рацете на американски инвеститор, додека 7% има Зоран Јаневски, пријател на премиерот Зоран Заев.

Пред неколку месеци пак слична кражба имаше и во селото Јосифово, струмичко.

https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-kako-vo-vremeto-na-eskobar-vo-fabrika-za-marihuana-blizu-krushevo-ukradeno-maslo-od-kanabis-vo-vrednost-od-dva-milioni-dolari/

The post Нов обид за грабеж во струмичко: Во Македонија не ограбил фабрика за марихуана само оној што не се обидел appeared first on Република.

]]>

Во Македонија не ограбил фабрика за марихуана само оној што не се обидел. Зачестија грабежите во многубројните погони за прозводство, посебно во источниот дел. Полициски службеници од Полициското одделение Ново Село синоќа во 23 часот затекнале тројца крадци како се обидуваат да извршат тешка кражба во фабрика за производство на марихуана во местото „Добрава” во близина на село Сушица, Струмичко. Од слобода се лишени Р. К. (23) од село Дрвош, Струмичко, С. Р. (21) и Б. А. (21) од Радовиш. Тие се задржани во Полициска станица Струмица, а за настанот бил запознат Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство. Според информациите од полицијата во текот на денешниот ден против нив се очекува да биде поднесена соодветна пријава. Минатата недела во фабриката „5 летерс“ во селото Алдинци, крушевско беше украдено масло од канабис вредно два милиони евра.Сторителите се уште не се откриени а фабриката е во стечај. 93% од сопствеништвото на фирмата е во рацете на американски инвеститор, додека 7% има Зоран Јаневски, пријател на премиерот Зоран Заев. Пред неколку месеци пак слична кражба имаше и во селото Јосифово, струмичко. https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-kako-vo-vremeto-na-eskobar-vo-fabrika-za-marihuana-blizu-krushevo-ukradeno-maslo-od-kanabis-vo-vrednost-od-dva-milioni-dolari/

The post Нов обид за грабеж во струмичко: Во Македонија не ограбил фабрика за марихуана само оној што не се обидел appeared first on Република.

]]>