Алби Курти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/albi-kurti/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Dec 2022 08:37:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Алби Курти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/albi-kurti/ 32 32 Ситуацијата пред експлозија: Курти најави дека ќе ги отстрани српските барикади https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/situatsijata-pred-eksplozija-kurti-najavi-deka-ke-gi-otstrani-srpskite-barikadi/ Tue, 27 Dec 2022 08:37:51 +0000 https://republika.mk/?p=590407

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека барикадите кои локалните Срби ги имаат поставено во северно Косово, на патиштата кои водат кон граничните премини со Србија, ќе бидат отстранети во наредните неколку денови, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за босанскиот медиум Истрага.ба, кое го пренесуваат косовските медиуми, Курти порача дека, доколку барикадите не бидат отстранети од мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, како што самата претходно најави, тоа ќе го стори полицијата на Косово.

Ако тоа не го стори КФОР, ќе го направиме ние. Не може тоа да трае со месеци. Ниту со недели… Само неколку денови - изјави Курти.

Според косовскиот премиер, барикадите се „само нова епизода“ во сценариото за дестабилизација на Косово, подготвено од властите во Белград.

– Ние ја имаме полицијата на север, која е сега поприсутна од кога и да е порано. Но ние имаме и 11 барикади. Овие барикаде се само нова епизода по онаа првата, во која Србите добија наредба од Белград да ги напуштат сите косовски институции, вели Курти.

Тој смета дека, со последните дејствија во северно Косово, властите во Србија „ги повторуваат грешките од 90-тите години“, кога се случија воените конфликти во Босна и Херцеговина и Хрватска.

– Тие немаат креативност. Тие не знаат друго освен да ги повторуваат грешките од 90-тите години, кога градеа барикади во Босна и Хрватска. Значи, на извесен начин, знаат само да се повторуваат. Јас мислам дека и овој обид ќе им пропадне, изјави Курти.

Тој вели дека на оние кои ја спроведуваат блокадата во северно Косово директивите им доаѓаат од Белград, додека српското население во таа област е заплашено од илегалните структури, кои станале криминални банди и кои се „поагресивни од кога и да е порано“.

The post Ситуацијата пред експлозија: Курти најави дека ќе ги отстрани српските барикади appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека барикадите кои локалните Срби ги имаат поставено во северно Косово, на патиштата кои водат кон граничните премини со Србија, ќе бидат отстранети во наредните неколку денови, јави дописникот на МИА од Приштина. Во интервју за босанскиот медиум Истрага.ба, кое го пренесуваат косовските медиуми, Курти порача дека, доколку барикадите не бидат отстранети од мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, како што самата претходно најави, тоа ќе го стори полицијата на Косово.
Ако тоа не го стори КФОР, ќе го направиме ние. Не може тоа да трае со месеци. Ниту со недели… Само неколку денови - изјави Курти.
Според косовскиот премиер, барикадите се „само нова епизода“ во сценариото за дестабилизација на Косово, подготвено од властите во Белград. – Ние ја имаме полицијата на север, која е сега поприсутна од кога и да е порано. Но ние имаме и 11 барикади. Овие барикаде се само нова епизода по онаа првата, во која Србите добија наредба од Белград да ги напуштат сите косовски институции, вели Курти. Тој смета дека, со последните дејствија во северно Косово, властите во Србија „ги повторуваат грешките од 90-тите години“, кога се случија воените конфликти во Босна и Херцеговина и Хрватска. – Тие немаат креативност. Тие не знаат друго освен да ги повторуваат грешките од 90-тите години, кога градеа барикади во Босна и Хрватска. Значи, на извесен начин, знаат само да се повторуваат. Јас мислам дека и овој обид ќе им пропадне, изјави Курти. Тој вели дека на оние кои ја спроведуваат блокадата во северно Косово директивите им доаѓаат од Белград, додека српското население во таа област е заплашено од илегалните структури, кои станале криминални банди и кои се „поагресивни од кога и да е порано“.

The post Ситуацијата пред експлозија: Курти најави дека ќе ги отстрани српските барикади appeared first on Република.

]]>
Kурти нема да дозволел дестабилизација на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-nema-da-dozvolel-destabilizacija-na-kosovo/ Mon, 01 Aug 2022 12:39:51 +0000 https://republika.mk/?p=535740

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека нема да дозволи ситуацијата во земјата да се дестабилизира и повтори дека спроведувањето на одлуките на Владата ќе се одложат во моментот кога ќе бидат отстранети сите барикади поставени на север.

– Во моментот кога ќе се отстранат барикадите на север и ќе се воспостави целосна слобода на движење, спроведувањето на двете владини одлуки се одложува за 1 септември 2022 година. На север има девет барикади и очекуваме сите да бидат отстранети во текот на денешниот ден, рече Курти на заедничката конференција за новинари со министерот за внатрешни работи Џељаља Свечија.

Курти посочи дека одлуките на Владата на Косово никогаш не се носат врз основа на националниот идентитет.

– Насилството нема да се толерира, прекршителите ќе бидат казнети според законот, рече тој.

Косовскиот премиер им се заблагодари на американскиот амбасадор Џеф Ховени и на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел за отворената комуникација и нивната улога во смирувањето на ситуацијата..

Тој додаде дека ја разбира загриженоста на европските и американските фактори поради, како што рече, негативниот ефект од кампањата за дезинформации врз двете одлуки, па изразиле подготвеност да ја одложат нивната примена до 1 септември, штом се отстранат барикадите.

– Го повикуваме меѓународниот фактор, ЕУ и НАТО, да го осудат насилството и агресијата на криминалните групи на северот на Косово, кои се охрабрени и финансирани од Белград, рече Курти.

The post Kурти нема да дозволел дестабилизација на Косово appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека нема да дозволи ситуацијата во земјата да се дестабилизира и повтори дека спроведувањето на одлуките на Владата ќе се одложат во моментот кога ќе бидат отстранети сите барикади поставени на север.
– Во моментот кога ќе се отстранат барикадите на север и ќе се воспостави целосна слобода на движење, спроведувањето на двете владини одлуки се одложува за 1 септември 2022 година. На север има девет барикади и очекуваме сите да бидат отстранети во текот на денешниот ден, рече Курти на заедничката конференција за новинари со министерот за внатрешни работи Џељаља Свечија.
Курти посочи дека одлуките на Владата на Косово никогаш не се носат врз основа на националниот идентитет.
– Насилството нема да се толерира, прекршителите ќе бидат казнети според законот, рече тој.
Косовскиот премиер им се заблагодари на американскиот амбасадор Џеф Ховени и на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел за отворената комуникација и нивната улога во смирувањето на ситуацијата.. Тој додаде дека ја разбира загриженоста на европските и американските фактори поради, како што рече, негативниот ефект од кампањата за дезинформации врз двете одлуки, па изразиле подготвеност да ја одложат нивната примена до 1 септември, штом се отстранат барикадите. – Го повикуваме меѓународниот фактор, ЕУ и НАТО, да го осудат насилството и агресијата на криминалните групи на северот на Косово, кои се охрабрени и финансирани од Белград, рече Курти.

The post Kурти нема да дозволел дестабилизација на Косово appeared first on Република.

]]>