Алберто Бурла Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alberto-burla/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Apr 2022 15:36:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Алберто Бурла Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alberto-burla/ 32 32 Директорот на „Фајзер“: Ќе биде потребна годишна вакцина и интензивно работиме на тоа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/direktorot-na-fajzer-kje-bide-potrebna-godishna-vakcina-i-intenzivno-rabotime-na-toa/ Mon, 04 Apr 2022 15:45:55 +0000 https://republika.mk/?p=483227

Извршниот директор на „Фајзер“, Алберто Бурла, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, вели дека е потребна годишна вакцина и дека компанијата интензивно работиме на тоа.

Бурла објаснува дека повторувањата на дозите се заморни за луѓето и го намалуваат нивото на вакцинација.

Во овој момент, во средина со „Омикрон“ не е сигурно дека имунитетот од постоечката вакцина ќе трае една година, дури и по четвртата доза. Не е сигурно ниту за новата вакцина која ќе ги покрие сите мутации. Но, знаеме што можеме да направиме за да создадеме годишна вакцина. И на овој дел работиме многу интензивно - истакнува извршниот директор на „Фајзер“.

Дополнително, тој изразува надеж дека набргу ќе биде готова новата вакцина што ќе ги покрива и мутациите и додаде дека е реална целта тоа да се случи пред следната зима.

Говорејќи за третата и четвртата доза, Бурла вели дека постои огромна разлика меѓу оние кои не примиле бустер доза, за која истакнува дека дефинитивно е потребна. Тој додава дека ако е поминато многу време по третата, треба да се прими и четврта доза.

Бурла истакнува дека следната година животот на луѓето ќе биде блиску до нормалата пред пандемијата, објаснувајќи дека тоа не е само поради вакцините или фактот дека луѓето се уморни, туку затоа што сега постојат терапии, кои не се однесуваат само на последните фази, односно тешко болните.

Веќе имаме терапии за сите. Ако се разболиш од Ковид, можеш да земеш апче и да избегнеш болница, каде што веќе ќе се прима еден од десет во однос на тие што се хоспитализираат сега. Разликата е огромна и во голема мера ќе ги намали сериозноста на симптомите, приемите во болница и смртните случаи - вели Бурла за „Катимерини“.

The post Директорот на „Фајзер“: Ќе биде потребна годишна вакцина и интензивно работиме на тоа appeared first on Република.

]]>

Извршниот директор на „Фајзер“, Алберто Бурла, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, вели дека е потребна годишна вакцина и дека компанијата интензивно работиме на тоа. Бурла објаснува дека повторувањата на дозите се заморни за луѓето и го намалуваат нивото на вакцинација.
Во овој момент, во средина со „Омикрон“ не е сигурно дека имунитетот од постоечката вакцина ќе трае една година, дури и по четвртата доза. Не е сигурно ниту за новата вакцина која ќе ги покрие сите мутации. Но, знаеме што можеме да направиме за да создадеме годишна вакцина. И на овој дел работиме многу интензивно - истакнува извршниот директор на „Фајзер“.
Дополнително, тој изразува надеж дека набргу ќе биде готова новата вакцина што ќе ги покрива и мутациите и додаде дека е реална целта тоа да се случи пред следната зима. Говорејќи за третата и четвртата доза, Бурла вели дека постои огромна разлика меѓу оние кои не примиле бустер доза, за која истакнува дека дефинитивно е потребна. Тој додава дека ако е поминато многу време по третата, треба да се прими и четврта доза. Бурла истакнува дека следната година животот на луѓето ќе биде блиску до нормалата пред пандемијата, објаснувајќи дека тоа не е само поради вакцините или фактот дека луѓето се уморни, туку затоа што сега постојат терапии, кои не се однесуваат само на последните фази, односно тешко болните.