Албански театар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/albanski-teatar/ За подобро да се разбереме Fri, 17 May 2024 08:08:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Албански театар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/albanski-teatar/ 32 32 Премиера на престава за млади „Адамс Фемили“ во Албанскиот театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-prestava-za-mladi-adams-femili-vo-albanskiot-teatar/ Fri, 17 May 2024 08:08:28 +0000 https://republika.mk/?p=779059

Во НУ Албански театар за деца и млади во Скопје утре вечер ќе се одржи премиера на престава за млади „Адамс Фемили“„ со адаптација и во режија на Теа Беговска.

Фамилија Адамс е приказна со која сите сме растеле и за поголемиот дел од публиката е веќе позната. Карактерите се препознатливи, многу атрактивни и предизвикувачки за креирање, како за актерите така и за режисерот. Оваа идеја за Фамилија Адамс за Теа Беговска постои повеќе од осум години и е среќна што Албанскиот Театар за деца и млади му даде шанса на овој проект да се реализира токму со ваква прекрасна екипа на актери. Имаме подела за карактерите која е полн погодок кај нас, се вели во соопштението за претставата.

Претставата е намената за млади и тинејџери, но и за возрасните, за родителите и сите семејства.

Претстава во која како тема се проткајува љубовта и разбирањето за тоа дека таа е најсилна од се’. Прифаќање на нештата онакви какви што се. Разбирање за тоа дека убавината е во различноста, среќата е во различноста. Среќата како начин и избор, а не нешто наметнато и научено според правила. Вредностите на општеството се учат и применуваат само преку различностите, а не преку строги, одредени и единствени правила. Вредностите на едно семејство не се тоа што го пишува во учебниците, вредностите на семејството не се однапред измислена и научена дефиниција на памет – семејството е искреност, верба, љубов, прифаќање – целосна хармонија, се посочува во соопштението.

Во претставата играат Валдета Исмаили, Мелика Кастрати, Мумин Абдулахи, Деа Пајазити, Флакрон Али, Елдин Широки, Гзим Жерка и Блерим Дардишта.

Сценографија е на Дардан Ахмети и Теа Беговска, костими на Андреј Папаз Ѓоргиевски, композитор е Енес Беговски, мајстор за звук Албин Сопа, мајстор на светлата Елмедин Брахими и Амет Чајани, сценски работник Ќамуран Шапка и Јетмир Адеми, а гардероба на Месер Џемаили.

The post Премиера на престава за млади „Адамс Фемили“ во Албанскиот театар appeared first on Република.

]]>

Во НУ Албански театар за деца и млади во Скопје утре вечер ќе се одржи премиера на престава за млади „Адамс Фемили“„ со адаптација и во режија на Теа Беговска.
Фамилија Адамс е приказна со која сите сме растеле и за поголемиот дел од публиката е веќе позната. Карактерите се препознатливи, многу атрактивни и предизвикувачки за креирање, како за актерите така и за режисерот. Оваа идеја за Фамилија Адамс за Теа Беговска постои повеќе од осум години и е среќна што Албанскиот Театар за деца и млади му даде шанса на овој проект да се реализира токму со ваква прекрасна екипа на актери. Имаме подела за карактерите која е полн погодок кај нас, се вели во соопштението за претставата.
Претставата е намената за млади и тинејџери, но и за возрасните, за родителите и сите семејства.
Претстава во која како тема се проткајува љубовта и разбирањето за тоа дека таа е најсилна од се’. Прифаќање на нештата онакви какви што се. Разбирање за тоа дека убавината е во различноста, среќата е во различноста. Среќата како начин и избор, а не нешто наметнато и научено според правила. Вредностите на општеството се учат и применуваат само преку различностите, а не преку строги, одредени и единствени правила. Вредностите на едно семејство не се тоа што го пишува во учебниците, вредностите на семејството не се однапред измислена и научена дефиниција на памет – семејството е искреност, верба, љубов, прифаќање – целосна хармонија, се посочува во соопштението.
Во претставата играат Валдета Исмаили, Мелика Кастрати, Мумин Абдулахи, Деа Пајазити, Флакрон Али, Елдин Широки, Гзим Жерка и Блерим Дардишта. Сценографија е на Дардан Ахмети и Теа Беговска, костими на Андреј Папаз Ѓоргиевски, композитор е Енес Беговски, мајстор за звук Албин Сопа, мајстор на светлата Елмедин Брахими и Амет Чајани, сценски работник Ќамуран Шапка и Јетмир Адеми, а гардероба на Месер Џемаили.

The post Премиера на престава за млади „Адамс Фемили“ во Албанскиот театар appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски во Албанскиот театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-divo-meso-vo-rezhija-na-martin-kochovski-vo-albanskiot-teatar/ Wed, 08 Nov 2023 07:58:10 +0000 https://republika.mk/?p=699360

Вечерва во Алабанскиот театар во Скопје (20 часот) премиерно ќе биде изведена претставата „Диво месо“, по култниот текст на Горан Стефановски и во режија на Мартин Кочовски.

„Диво месо’ е кратка историја на подемот и падот на индивидуата од почетокот на минатиот век до денес, со субјективна визија за судбината на индивидуата во блиска иднина. Горан Стефановски ни обезбедува простор во кој можеме безбедно да се вратиме на првичното ‘наше’, човечко постоење и делување и со забележителен успех нѐ потсеќа дека човекот и никој друг е во центарот на светот и нештото. Сега кога конечно е завршено со постмодерната уметност и со ‘третата модерна’, а неокласицизмот се бори за здив, се издига новата ренесанса. На таа основа и во околности на глобална општествена безизлезност неизбежно е да се бавиме со ‘Диво месо’“, вели режисерот Кочовски.

Играат: Бајруш Мјаку, Амернис Нокшиќи, Дритеро Аме, Џевдет Јашари, Сабина Мемиши Асланај, Рахим Рамадани, Генци Мирзо, Хетем Етеми, Ментор Курти и Арбен Расими.

Сценографијата е на Енес Деари, костимите на Едлира Ќушка, а музиката – на Оливер Јосифовски.

The post Премиера на „Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски во Албанскиот театар appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Алабанскиот театар во Скопје (20 часот) премиерно ќе биде изведена претставата „Диво месо“, по култниот текст на Горан Стефановски и во режија на Мартин Кочовски.
„Диво месо’ е кратка историја на подемот и падот на индивидуата од почетокот на минатиот век до денес, со субјективна визија за судбината на индивидуата во блиска иднина. Горан Стефановски ни обезбедува простор во кој можеме безбедно да се вратиме на првичното ‘наше’, човечко постоење и делување и со забележителен успех нѐ потсеќа дека човекот и никој друг е во центарот на светот и нештото. Сега кога конечно е завршено со постмодерната уметност и со ‘третата модерна’, а неокласицизмот се бори за здив, се издига новата ренесанса. На таа основа и во околности на глобална општествена безизлезност неизбежно е да се бавиме со ‘Диво месо’“, вели режисерот Кочовски.
Играат: Бајруш Мјаку, Амернис Нокшиќи, Дритеро Аме, Џевдет Јашари, Сабина Мемиши Асланај, Рахим Рамадани, Генци Мирзо, Хетем Етеми, Ментор Курти и Арбен Расими. Сценографијата е на Енес Деари, костимите на Едлира Ќушка, а музиката – на Оливер Јосифовски.

The post Премиера на „Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски во Албанскиот театар appeared first on Република.

]]>
„Балконот“ на Албански театар и „Женска гардероба“ на Театар Комедија вечерва на „Војдан Чернодрински“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/balkonot-na-albanski-teatar-i-zhenska-garderoba-na-teatar-komedija-vecherva-na-vojdan-chernodrinski/ Wed, 14 Jun 2023 07:58:36 +0000 https://republika.mk/?p=651110

Со претставата „Балконот“, Албанскиот театар од Скопје вечерва во 19.30 часот ќе гостува во Прилеп, на официјалната програма на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“. Терминот од 22 часот на шестиот ден на фестивалот е резервиран за Театар Комедија од Скопје, кој ќе ја изведе „Женска гардероба“ на сцената на Театарот „Војдан Чернодрински“.

И денеска во 10 часот во киното „Мис Стон“, во рамките на програмата „Чернодрински за деца“, поддржана од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“, со свое видување на драмата „Вејка на ветрот“ ќе се претстават учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп – Вања Младеновски, Теодора Велкоска, Бојана Најдоска и Исидора Николоска, под менторство на наставничката Билјана Тинтоска и асистентот Филип Стојаноски.

На пладне следуваат вообичаените разговори на тркалезната маса овој пат со екипите на претставите „Циркус Пирандело“ од Струмица и на турската претстава „Човек перница“.

[caption id="attachment_651117" align="alignnone" width="2560"] Театар Комедија од Скопје ќе ја изведе „Женска гардероба“[/caption]

„Македонскиот театар низ визурата на меѓународната јавност“ беше темата на која вчера се дискутираше на меѓународната конференција што ја организираше фестивалот. Ова се први чекори за да развиеме меѓународна програма на фестивалот, рече уметничкиот директор на фестивалот, Ана Стојаноска.

Сакаме да се обидеме, не да споредиме, туку да видиме каков е македонскиот театар во очите на луѓето што доаѓаат од страна да го гледаат. Убаво е да се види да кажат како функционираме, дали можеме да зборуваме за еден тип на естетика. Ова е само вовед во една поголема програма што ќе следува во наредните години. Ги поставуваме прашањата: Дали можеме за кој било театар да поставиме естетска категоризација? Дали постои препознавање каква е претставата, македонска или од друго поднебје? Или најбитна е естетиката – посочи Стојаноска.

Според Мирослав Мики Радоњиќ, директор на „Стериино позорје“ од Нови Сад и член на жирито на фестивалот, „театарот не може да се гледа изолирано од поднебјето. Но, многу ми е драго што македонскиот театар е присутен во регионот. присутен е во Србија, ги имаме македонските режисери и автори.

Она што се театарски теми и естетика на овие македонски куќи, се случува на поширокиот простор во регионот. Македонскиот театар е на добар пат не само да го сочува оној ореол кој го имаше од порано како еден од значајните театри на бившите ЈУ-простори, туку и да го подобри во многу сегменти. Само, жал ми е, што нема претстави на националните театри од македонски автори – вели Радоњиќ.

За Милош Латиновиќ, директор на „Битеф“ и член на жирито, не треба да има драстични разлики и театарот не може да се ограничи само на одреден простор.

Театарот не може просторно да се ограничи. Ја има таа мисија спецификата од одреден простор да ја пренесува општо. Тоа е добро. театарот е место на последното единство. Македонските автори се често присутни на сцените на српските театри и тоа за македонската драматургија е значајно. Секако, постои таа интеракција овде да се играат српските и автори од други земји, и, поради тоа, мислам дека таа симбиоза, соработка со српското театарско милје, е добра и што се користи за презентација на македонската уметност и во Европа, а македонската продукција има потенцијал.

Татјана Дешко, театарска уметница од Русија и коосновач на „АртАктУм“, го пофали фестивалот, особено за неговата атмосфера.

Мило ми е што во Прилеп театарската атмосфера ја чувствуваат сите. И ние, и целиот град. Кога си на претстава како да влегуваш дома. Тоа е силен и среќен впечаток – истакна таа.

Претседателот на жирито, Јанко Љумовиќ, професор на ФДУ во Цетиње, Црна Гора навлезе подлабоко во концептот на националните театри, истакнувајќи дека секоја земја има некој свој национален концепт, а начинот како ќе допре до другите, надвор од земјата, тоа е белег на големите достигнувања во театарската уметност.

Битно е дали фестивалот е платформа за соработка или само за национална верификација. Разлики има во македонскиот, во словенечкиот, во театарот во Црна Гора. Инсистирам на разликите, а тие отвораат можност за развој, размена, компарирање. За мене битно е да им се обрне внимание на специфичностите – истакна тој.

Режисерот Иван Поповски, кој е гостин на фестивалот истакна дека за подобар театар треба да се работи со младите, како што тоа го прави фестивалот.

Многу е значајна едукацијата на младите да одат во театар, да се создава љубовта спрема театарот. А тоа фестивалот почна да го прави – рече тој.

За режисерката Софија Ристевска, ваквите средби се исклучително важни за македонскиот театар и само преку интернационални средби, се отвораат националните театарски средини.
Вчера се разговараше и за претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“, на Театарот за деца и младинци.

Полетна, енергична, креативна… вака беше оценета претставата на Театарот за деца и младинци, која ја одушеви публиката и критиката во Прилеп. Режисерот- гостин од Чешка имал јасен концепт уште пред да дојде во Скопје и затоа процесот на работа течел многу едноставно.

Кога режисерот има цел концепт, многу е полесно да се обликува претставата. Сценографијата (дрвените столчиња кои значеа сѐ) беше уникатна – рече актерката Катерина Илиевска-Силјановска и директорка на Театарот.

Идејата на режисерот беше магијата да се создава на сцената. Наше беше како од столчињата да создаваме сцена, сподели актерката Матеа Јанковска, што ја толкува насловната улога.

Режисерот Јакуб Максимов е млад, ултракреативен и ги скрши правилата за тоа како се игра куклена претстава, истакна нејзиниот колега Никола Наковски.

– Само првата проба беше „читачка“. На втората, веднаш бевме на сцената. Имавме готови кукли. Немаше правила, туку многу креативен начин. Еден нов правец во правење куклена претстава – рече Наковски.

За Ангела Димитрова било посебно провокативно што истражувале и што сите движења ги работеле на лице место.

Заеднички беше заклучокот на присутните на тркалезната маса дека претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ постави нови стандарди, не само за Театарот за деца, но и за сите други театри во земјава.

На фестивалот вчера се одржа и тркалезна маса со екипата на „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски.

Задржувајќи го концептот радоста на играта и пркосот на креацијата, на прашањето дали режисерката Зоја Бузалковска работела според франшиза за претставата, таа објасни дека морала да изгледа најмалку стотина клипови, музички и филмски и е среќна што не ја работеле претставата според строго пропишани правила.

Ова е претстава во која секој го погледнува своето преку Кристофер, со специфики, форми и бои, да останеме свои, но да бидеме Кристофер. Пробите ги започнавме пред ковид пандемијата. Создадов тим што ја прифати претставата од многу аспекти. Игра цел тим за еден свет и секојдневно се надминуваа лимитите. Има филмски јазик, брзи промени на сцена, но при тоа има и удобност – рече Бузалковска.

Специфичниот лик во претставата, кој е присутен цело време на сцената, го игра Дамјан Цветановски, кој го исчитал текстот и романот и откако ги разбрал се поистоветил со ликот.

[caption id="attachment_651118" align="alignnone" width="1067"] Дамјан Цветановски/Фото: МТФ Војдан Чернодрински[/caption]

Непресудно е тоа што текстот во себе содржеше низа скали… Во романот има доста правила како се разбира и како функционира Кристофер и откако ги разбрав, се состоеше да се разбират правилата… Радоста дојде попатно. Најважното за претставата е дека е преземена од тоа дете, на кое што му е потребно се тука… – рече Дамјан.

Според драматургот Александра Бошковска, во претставата актерите создаваат повеќе ликови, но сите со поддршка на Кристофер.

Процесот се случуваше спонтано, пробите беа со маски. Од многу комплицирани елементи, процесот можам да речам дека беше спокоен, прецизен и отворен – рече Бошковска.

The post „Балконот“ на Албански театар и „Женска гардероба“ на Театар Комедија вечерва на „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Балконот“, Албанскиот театар од Скопје вечерва во 19.30 часот ќе гостува во Прилеп, на официјалната програма на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“. Терминот од 22 часот на шестиот ден на фестивалот е резервиран за Театар Комедија од Скопје, кој ќе ја изведе „Женска гардероба“ на сцената на Театарот „Војдан Чернодрински“. И денеска во 10 часот во киното „Мис Стон“, во рамките на програмата „Чернодрински за деца“, поддржана од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“, со свое видување на драмата „Вејка на ветрот“ ќе се претстават учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп – Вања Младеновски, Теодора Велкоска, Бојана Најдоска и Исидора Николоска, под менторство на наставничката Билјана Тинтоска и асистентот Филип Стојаноски. На пладне следуваат вообичаените разговори на тркалезната маса овој пат со екипите на претставите „Циркус Пирандело“ од Струмица и на турската претстава „Човек перница“. [caption id="attachment_651117" align="alignnone" width="2560"] Театар Комедија од Скопје ќе ја изведе „Женска гардероба“[/caption] „Македонскиот театар низ визурата на меѓународната јавност“ беше темата на која вчера се дискутираше на меѓународната конференција што ја организираше фестивалот. Ова се први чекори за да развиеме меѓународна програма на фестивалот, рече уметничкиот директор на фестивалот, Ана Стојаноска.
Сакаме да се обидеме, не да споредиме, туку да видиме каков е македонскиот театар во очите на луѓето што доаѓаат од страна да го гледаат. Убаво е да се види да кажат како функционираме, дали можеме да зборуваме за еден тип на естетика. Ова е само вовед во една поголема програма што ќе следува во наредните години. Ги поставуваме прашањата: Дали можеме за кој било театар да поставиме естетска категоризација? Дали постои препознавање каква е претставата, македонска или од друго поднебје? Или најбитна е естетиката – посочи Стојаноска.
Според Мирослав Мики Радоњиќ, директор на „Стериино позорје“ од Нови Сад и член на жирито на фестивалот, „театарот не може да се гледа изолирано од поднебјето. Но, многу ми е драго што македонскиот театар е присутен во регионот. присутен е во Србија, ги имаме македонските режисери и автори.
Она што се театарски теми и естетика на овие македонски куќи, се случува на поширокиот простор во регионот. Македонскиот театар е на добар пат не само да го сочува оној ореол кој го имаше од порано како еден од значајните театри на бившите ЈУ-простори, туку и да го подобри во многу сегменти. Само, жал ми е, што нема претстави на националните театри од македонски автори – вели Радоњиќ.
За Милош Латиновиќ, директор на „Битеф“ и член на жирито, не треба да има драстични разлики и театарот не може да се ограничи само на одреден простор.
Театарот не може просторно да се ограничи. Ја има таа мисија спецификата од одреден простор да ја пренесува општо. Тоа е добро. театарот е место на последното единство. Македонските автори се често присутни на сцените на српските театри и тоа за македонската драматургија е значајно. Секако, постои таа интеракција овде да се играат српските и автори од други земји, и, поради тоа, мислам дека таа симбиоза, соработка со српското театарско милје, е добра и што се користи за презентација на македонската уметност и во Европа, а македонската продукција има потенцијал.
  Татјана Дешко, театарска уметница од Русија и коосновач на „АртАктУм“, го пофали фестивалот, особено за неговата атмосфера.
Мило ми е што во Прилеп театарската атмосфера ја чувствуваат сите. И ние, и целиот град. Кога си на претстава како да влегуваш дома. Тоа е силен и среќен впечаток – истакна таа.
Претседателот на жирито, Јанко Љумовиќ, професор на ФДУ во Цетиње, Црна Гора навлезе подлабоко во концептот на националните театри, истакнувајќи дека секоја земја има некој свој национален концепт, а начинот како ќе допре до другите, надвор од земјата, тоа е белег на големите достигнувања во театарската уметност.
Битно е дали фестивалот е платформа за соработка или само за национална верификација. Разлики има во македонскиот, во словенечкиот, во театарот во Црна Гора. Инсистирам на разликите, а тие отвораат можност за развој, размена, компарирање. За мене битно е да им се обрне внимание на специфичностите – истакна тој.
Режисерот Иван Поповски, кој е гостин на фестивалот истакна дека за подобар театар треба да се работи со младите, како што тоа го прави фестивалот.
Многу е значајна едукацијата на младите да одат во театар, да се создава љубовта спрема театарот. А тоа фестивалот почна да го прави – рече тој.
За режисерката Софија Ристевска, ваквите средби се исклучително важни за македонскиот театар и само преку интернационални средби, се отвораат националните театарски средини. Вчера се разговараше и за претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“, на Театарот за деца и младинци. Полетна, енергична, креативна… вака беше оценета претставата на Театарот за деца и младинци, која ја одушеви публиката и критиката во Прилеп. Режисерот- гостин од Чешка имал јасен концепт уште пред да дојде во Скопје и затоа процесот на работа течел многу едноставно.
Кога режисерот има цел концепт, многу е полесно да се обликува претставата. Сценографијата (дрвените столчиња кои значеа сѐ) беше уникатна – рече актерката Катерина Илиевска-Силјановска и директорка на Театарот.
Идејата на режисерот беше магијата да се создава на сцената. Наше беше како од столчињата да создаваме сцена, сподели актерката Матеа Јанковска, што ја толкува насловната улога. Режисерот Јакуб Максимов е млад, ултракреативен и ги скрши правилата за тоа како се игра куклена претстава, истакна нејзиниот колега Никола Наковски. – Само првата проба беше „читачка“. На втората, веднаш бевме на сцената. Имавме готови кукли. Немаше правила, туку многу креативен начин. Еден нов правец во правење куклена претстава – рече Наковски. За Ангела Димитрова било посебно провокативно што истражувале и што сите движења ги работеле на лице место. Заеднички беше заклучокот на присутните на тркалезната маса дека претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ постави нови стандарди, не само за Театарот за деца, но и за сите други театри во земјава. На фестивалот вчера се одржа и тркалезна маса со екипата на „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски. Задржувајќи го концептот радоста на играта и пркосот на креацијата, на прашањето дали режисерката Зоја Бузалковска работела според франшиза за претставата, таа објасни дека морала да изгледа најмалку стотина клипови, музички и филмски и е среќна што не ја работеле претставата според строго пропишани правила.
Ова е претстава во која секој го погледнува своето преку Кристофер, со специфики, форми и бои, да останеме свои, но да бидеме Кристофер. Пробите ги започнавме пред ковид пандемијата. Создадов тим што ја прифати претставата од многу аспекти. Игра цел тим за еден свет и секојдневно се надминуваа лимитите. Има филмски јазик, брзи промени на сцена, но при тоа има и удобност – рече Бузалковска.
Специфичниот лик во претставата, кој е присутен цело време на сцената, го игра Дамјан Цветановски, кој го исчитал текстот и романот и откако ги разбрал се поистоветил со ликот. [caption id="attachment_651118" align="alignnone" width="1067"] Дамјан Цветановски/Фото: МТФ Војдан Чернодрински[/caption]
Непресудно е тоа што текстот во себе содржеше низа скали… Во романот има доста правила како се разбира и како функционира Кристофер и откако ги разбрав, се состоеше да се разбират правилата… Радоста дојде попатно. Најважното за претставата е дека е преземена од тоа дете, на кое што му е потребно се тука… – рече Дамјан.
Според драматургот Александра Бошковска, во претставата актерите создаваат повеќе ликови, но сите со поддршка на Кристофер.
Процесот се случуваше спонтано, пробите беа со маски. Од многу комплицирани елементи, процесот можам да речам дека беше спокоен, прецизен и отворен – рече Бошковска.
 
The post „Балконот“ на Албански театар и „Женска гардероба“ на Театар Комедија вечерва на „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>
Албанскиот театар во Скопје две недели е без струја, должи околу 70.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/albanskiot-teatar-vo-skopje-sve-nedeli-e-bez-struja-dolzi-okolu-70-000-evra/ Thu, 22 Sep 2022 06:18:09 +0000 https://republika.mk/?p=553016

Високите сметки за струја ги оставаат во мрак македонските институции. Откако ЕВН ѝ го пресече кабелот на Македонската опера и балет, истото го снајде и Албанскиот театар.

Албанскиот театар е исклучен од електричната мрежа поради долг од 4 милиони 200 илјади денари (околу 70 илјади евра), овој долг акумулиран од февруари годинава.

Актерите на Албанскиот театар од Скопје велат дека ја подготвуваат претставата „Три сестри“ од Антон Павлович Чехов (дело напишано во 1900 година), во исти услови како кога е напишано, без струја, бидејќи театарот е без струја веќе две недели.

„Горка е судбината што по сите овие години Чехов го напиша ова дело на свеќи, а после сите овие години го правиме ова шоу без струја, па во текот на денот ги префрливме сите проби на маса за читање. Но, знаете дека главната работа во театарот е да се работи на сцената. А, како што знаете, сцената, без разлика дали е дење или ноќе, е темна, па мора да биде осветлена за да ѝ се даде бојата што ја заслужува“, рече актерот Фисник Зеќири.

Од Министерството за култура во понеделникот соопштија дека овие институции ќе бидат снабдени со електрична енергија до крајот на денот откако ќе се платат сметките за струја.

Од министерството изјавија и дека отсега и покрај поскапувањето на струјата, културните институции нема да останат без светилки.

Компанијата за дистрибуција на електрична енергија ЕВН соопшти дека најголеми должници се 186 државни и јавни институции, од кои 16 се целосно исклучени од мрежата.

The post Албанскиот театар во Скопје две недели е без струја, должи околу 70.000 евра appeared first on Република.

]]>

Високите сметки за струја ги оставаат во мрак македонските институции. Откако ЕВН ѝ го пресече кабелот на Македонската опера и балет, истото го снајде и Албанскиот театар. Албанскиот театар е исклучен од електричната мрежа поради долг од 4 милиони 200 илјади денари (околу 70 илјади евра), овој долг акумулиран од февруари годинава. Актерите на Албанскиот театар од Скопје велат дека ја подготвуваат претставата „Три сестри“ од Антон Павлович Чехов (дело напишано во 1900 година), во исти услови како кога е напишано, без струја, бидејќи театарот е без струја веќе две недели. „Горка е судбината што по сите овие години Чехов го напиша ова дело на свеќи, а после сите овие години го правиме ова шоу без струја, па во текот на денот ги префрливме сите проби на маса за читање. Но, знаете дека главната работа во театарот е да се работи на сцената. А, како што знаете, сцената, без разлика дали е дење или ноќе, е темна, па мора да биде осветлена за да ѝ се даде бојата што ја заслужува“, рече актерот Фисник Зеќири. Од Министерството за култура во понеделникот соопштија дека овие институции ќе бидат снабдени со електрична енергија до крајот на денот откако ќе се платат сметките за струја. Од министерството изјавија и дека отсега и покрај поскапувањето на струјата, културните институции нема да останат без светилки. Компанијата за дистрибуција на електрична енергија ЕВН соопшти дека најголеми должници се 186 државни и јавни институции, од кои 16 се целосно исклучени од мрежата.

The post Албанскиот театар во Скопје две недели е без струја, должи околу 70.000 евра appeared first on Република.

]]>
Праизведба на „Јазли“ во Албанскиот театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/praizvedba-na-jazli-vo-albanskiot-teatar/ Sat, 29 Jan 2022 19:50:03 +0000 https://republika.mk/?p=451340

„ Јазли“ е драма , која го прикажува современиот човекот како креатор, но и жртва на изместени вредности, кои потекнуваат од амбициите да стигне повисоко во општествената хиерархија.

Во таква една слобода или во таков еден систем на вредности тие злобни амбиции не може да функционираат. Бидејќи обично тој мрачниот дел во нас сака да плива во матно, тој не сака чиста вода, вели  Рефет Абази- автор на текстот и актер

Распадот на бракот меѓу лекарот Дрен и неговата сопруга, архитектката Леа, низ фрагментарна драматургија ја отвора Пандорината кутија на конфликти и ситуации меѓу бројните ликови, како од поширокото семејство, така и во општеството. На тој начин доаѓа до израз  општиот безизлез, неможноста да се препознае депресијата како болест на денешницата, но и потребата да бидеме хумани, правични и да не посегаме по туѓата сопственост. Покрај допирот до реалноста, претставата оди и до метафизика, низ судирот на доброто и злото, доловен преку два фиктивни лика.

Како естетика или стил на игра, тоа е магичен реализам. Нешто што ми е многу блиску и во книжевноста. Таа насока, тој правец го обожувам. Така што сè е реално, ама нешто е изместено од реалноста, смета Куштрим Бектеши- режисер

The post Праизведба на „Јазли“ во Албанскиот театар appeared first on Република.