албански парламент Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/albanski-parlament/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 21:15:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png албански парламент Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/albanski-parlament/ 32 32 Албанскиот Парламент го изгласа буџетот за 2025 година, тежи 8,2 милијарди евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanskiot-parlament-go-izglasa-budhetot-za-2025-godina-tezhi-8-2-milijardi-evra/ Tue, 19 Nov 2024 21:10:18 +0000 https://republika.mk/?p=839727

Албанскиот парламент вечерва само со гласовите на владејачкото мнозинство го донесе буџетот за следната година.

По 23 -часовна расправа буџетот беше донесен  со 75 гласови "за". Против гласаа 40 пратеници од опозицијата, кои во текот на целата расправа обвинуваа дека буџетот е анти-социјален и оти државата ја "втурнува во се подлабока криза".

Опозицијата, која организираше и протест пред парламентот, на Еди Рама  му порача дека ова е негов последен буџет, зашто " албанските граѓани ќе му пресудат на пролетните парламентарни избори".

Буџетот  проектиран на 822,7 милијарди лека или 8,2 милијарди евра, што е за 600 милиони евра повисок во однос на оваа календарска година и е историски највисок.

Владата со буџетот предвидува да продолжи со финансирање, во значителен обем, на јавни инвестиции во просек од 6,1 отсто од Бруто домашниот производ, кои ќе бидат насочени кон финансирање на проекти од стратешко значење и поврзани со планот за раст на ЕУ.

Планираните расходи се однесуваат на дигитализацијата, транспортот, националната безбедност, здравството, образованието и земјоделството и руралниот развој.

Буџетските приходи за 2025 година се предвидени на 7,5 милијарди евра или 28,8 отсто од БДП.

Се предвидува задолжување на странскиот пазар со еврообврзница во износ од 600 милиони евра.

Се предвидува и значително намалување на нивото на јавниот долг на околу 55,8 отсто во 2025 година.

За следната година е предвиден фонд за индексирање на пензиите во износ од 1,6 милијарди лека, додека за новогодишен бонус за пензионерите планирани се 3,75 милијарди лека.

Економијата на земјата се очекува да се зајакне во среднорочниот период 2025-2027 година, во просек на ниво од 3,9 отсто, главно под влијание на инвестициите во градежништвото, како и на туризмот, како стратешки сектор.

The post Албанскиот Парламент го изгласа буџетот за 2025 година, тежи 8,2 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Албанскиот парламент вечерва само со гласовите на владејачкото мнозинство го донесе буџетот за следната година. По 23 -часовна расправа буџетот беше донесен  со 75 гласови "за". Против гласаа 40 пратеници од опозицијата, кои во текот на целата расправа обвинуваа дека буџетот е анти-социјален и оти државата ја "втурнува во се подлабока криза". Опозицијата, која организираше и протест пред парламентот, на Еди Рама  му порача дека ова е негов последен буџет, зашто " албанските граѓани ќе му пресудат на пролетните парламентарни избори". Буџетот  проектиран на 822,7 милијарди лека или 8,2 милијарди евра, што е за 600 милиони евра повисок во однос на оваа календарска година и е историски највисок. Владата со буџетот предвидува да продолжи со финансирање, во значителен обем, на јавни инвестиции во просек од 6,1 отсто од Бруто домашниот производ, кои ќе бидат насочени кон финансирање на проекти од стратешко значење и поврзани со планот за раст на ЕУ. Планираните расходи се однесуваат на дигитализацијата, транспортот, националната безбедност, здравството, образованието и земјоделството и руралниот развој. Буџетските приходи за 2025 година се предвидени на 7,5 милијарди евра или 28,8 отсто од БДП. Се предвидува задолжување на странскиот пазар со еврообврзница во износ од 600 милиони евра. Се предвидува и значително намалување на нивото на јавниот долг на околу 55,8 отсто во 2025 година. За следната година е предвиден фонд за индексирање на пензиите во износ од 1,6 милијарди лека, додека за новогодишен бонус за пензионерите планирани се 3,75 милијарди лека. Економијата на земјата се очекува да се зајакне во среднорочниот период 2025-2027 година, во просек на ниво од 3,9 отсто, главно под влијание на инвестициите во градежништвото, како и на туризмот, како стратешки сектор.

The post Албанскиот Парламент го изгласа буџетот за 2025 година, тежи 8,2 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Елиса Спиропали е новата претседателка на албанскиот Парламент, изгласани и новите министри https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/elisa-spiropali-e-novata-pretsedatelka-na-albanskiot-parlament-izglasani-i-novite-ministri/ Tue, 30 Jul 2024 18:46:46 +0000 https://republika.mk/?p=801809

Во тензична ситуација, создадена од демократите на Сали бериша, со уфрлување навредливи зборови, фрлање хартија и блокирање на собраниската говорница, за што мораше да интервенира и обезбедувањето, доцна папладнево албанскиот парламент избра нова претседателка на законодавниот дом и четворица  министри во владата на премиерот Еди Рама.

Сите беа избрани со гласовите на владејачкото мнозинство, апстинираа пратениците од Партијата за национално единство(партија на Чамите), а против гласаа дел од опозициските пратенци, дел ја науштија салата.

Прв парламентарец од денеска е Елиса Спиропали (41), која доби поддршка од 75 пратници. Од 2019 година до денеска беше државен министер за односи со парламентот, каде ја заменува Таулант Бала, кој една година беше министер за внатрешни работи, претходно координатор на пратеничката група на Социјалистичката партија и генерален секретар на партијата. На негово место е  избран Ервин Хоџа, кој доаѓа од местото генерален директор на Националниот инспекторат за заштита на територијата.

Нов министер за одбарана е Пиро Венгу, директор на пристаништето Драч, кој на оваа фукција го заменува Нико Пелеши, кој сега е координатор на пратеничката група на СП.

Нов човек има и во министерството за финансии, каде доаѓа  Петрит Малај, извршен директор на Националната агенција за природни извори, кој на ова функција го заменува  Ервин Мете.

Предлозите на носителите на овие фунции Рама, како лидер на партијата ги објави на партискиот Конгрес, одржан во неделата, на кој изјави дека очекува најисториска победа на парламенарните избори во 2025 година и освојување четврт мандат“.

The post Елиса Спиропали е новата претседателка на албанскиот Парламент, изгласани и новите министри appeared first on Република.

]]>

Во тензична ситуација, создадена од демократите на Сали бериша, со уфрлување навредливи зборови, фрлање хартија и блокирање на собраниската говорница, за што мораше да интервенира и обезбедувањето, доцна папладнево албанскиот парламент избра нова претседателка на законодавниот дом и четворица  министри во владата на премиерот Еди Рама. Сите беа избрани со гласовите на владејачкото мнозинство, апстинираа пратениците од Партијата за национално единство(партија на Чамите), а против гласаа дел од опозициските пратенци, дел ја науштија салата. Прв парламентарец од денеска е Елиса Спиропали (41), која доби поддршка од 75 пратници. Од 2019 година до денеска беше државен министер за односи со парламентот, каде ја заменува Таулант Бала, кој една година беше министер за внатрешни работи, претходно координатор на пратеничката група на Социјалистичката партија и генерален секретар на партијата. На негово место е  избран Ервин Хоџа, кој доаѓа од местото генерален директор на Националниот инспекторат за заштита на територијата. Нов министер за одбарана е Пиро Венгу, директор на пристаништето Драч, кој на оваа фукција го заменува Нико Пелеши, кој сега е координатор на пратеничката група на СП. Нов човек има и во министерството за финансии, каде доаѓа  Петрит Малај, извршен директор на Националната агенција за природни извори, кој на ова функција го заменува  Ервин Мете. Предлозите на носителите на овие фунции Рама, како лидер на партијата ги објави на партискиот Конгрес, одржан во неделата, на кој изјави дека очекува најисториска победа на парламенарните избори во 2025 година и освојување четврт мандат“.

The post Елиса Спиропали е новата претседателка на албанскиот Парламент, изгласани и новите министри appeared first on Република.

]]>
Албанија: Усвоена новата изборна реформа, малцинствата не добија загарантирани места во Парламентот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanija-usvoena-novata-izborna-reforma-maltsinstvata-ne-dobija-zagarantirani-mesta-vo-parlamentot/ Sat, 27 Jul 2024 07:31:12 +0000 https://republika.mk/?p=800650

Албанскиот парламент по маратонска расправа, доцна синоќа, со 106 гласови “за” ја изгласа новата изборна реформа.

За гласаа пратениците од владејачкото мнозинство и опозициските демократи на Сали Бериша, додека демократите на Љуљзим Баша беа за целосно отворени листи, обвинувајќи за таен договор меѓу СП и ДП, нарекувајќи го “атентат врз демократијата”, со кој му е обезбеден четвртиот мандат на Еди Рама.

Со новиот закон, на парламентарните избори следната година, од 140 пратеници, колку што брои законодавниот дом, една третина ќе се избираат со отворени листи, останатите според мнозински систем.

Изгласан беше и амандманот со кој 30 отсто или секој трет кандидат на листите да биде жена, што експресно го поздрави мисијата на ОБСЕ во Тирана, оценувајќи го како напредок во родовата рамноправност во земјата.

Исто така со законот за првпат се обезбедува гласање на албанската дијаспора, која ова право ќе го оствари преку пошта, откако претходно ќе се пријави за тоа.

И покрај се погласните барања на сите нивоа, малцинствата не успеаја да се изборат за гарантирани места за нив, по примерот на Хрватска, Косово и други европски земји.

Презентирајќи го барањето тие порачаа дека тоа е можност Албанија да ја покаже својата посветеност на демократските вредности и почитувањето на различностите. вт/паг/Фото: собраниска служба

The post Албанија: Усвоена новата изборна реформа, малцинствата не добија загарантирани места во Парламентот appeared first on Република.

]]>

Албанскиот парламент по маратонска расправа, доцна синоќа, со 106 гласови “за” ја изгласа новата изборна реформа. За гласаа пратениците од владејачкото мнозинство и опозициските демократи на Сали Бериша, додека демократите на Љуљзим Баша беа за целосно отворени листи, обвинувајќи за таен договор меѓу СП и ДП, нарекувајќи го “атентат врз демократијата”, со кој му е обезбеден четвртиот мандат на Еди Рама. Со новиот закон, на парламентарните избори следната година, од 140 пратеници, колку што брои законодавниот дом, една третина ќе се избираат со отворени листи, останатите според мнозински систем. Изгласан беше и амандманот со кој 30 отсто или секој трет кандидат на листите да биде жена, што експресно го поздрави мисијата на ОБСЕ во Тирана, оценувајќи го како напредок во родовата рамноправност во земјата. Исто така со законот за првпат се обезбедува гласање на албанската дијаспора, која ова право ќе го оствари преку пошта, откако претходно ќе се пријави за тоа. И покрај се погласните барања на сите нивоа, малцинствата не успеаја да се изборат за гарантирани места за нив, по примерот на Хрватска, Косово и други европски земји. Презентирајќи го барањето тие порачаа дека тоа е можност Албанија да ја покаже својата посветеност на демократските вредности и почитувањето на различностите. вт/паг/Фото: собраниска служба

The post Албанија: Усвоена новата изборна реформа, малцинствата не добија загарантирани места во Парламентот appeared first on Република.

]]>
Албанскиот парламент усвои декларација за укинување на „законот за војна“ што Грција го има со Албанија, предвидува и враќање на имотите на протераните Чами https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanskiot-parlament-usvoi-deklaratsija-za-ukinuvane-na-zakonot-za-vojna-shto-grtsija-go-ima-so-albanija-predviduva-i-vrakane-na-imotite-na-proteranite-chami/ Thu, 18 Jul 2024 15:22:27 +0000 https://republika.mk/?p=798156

Албанскиот парламент едногласно, со 96 гласа „за“, ја усвои декларацијата за укинување на „законот за војна“ што Грција го има со Албанија, од 1940 година.

Декларацијата ја предложи Партијата за правда, интеграција и единство (ПДИУ) на Шпетим Идризи, која е попозната како „партија на Чамите“, протерани Албанци од областа Чамарија во Грција.

Идризи, при презентирањето на документот истиот го опиша како „скриени мини кои можат да експлодираат во секој момент“.

Со декларацијата, меѓу другото, се бара од албанската влада да вложи максимални напори со грчката влада за укинување на Законот за војна, донесен  од Грција и правните последици што произлегуваат од овој закон, тука секако враќањето на одземените имоти на припадниците на протераните Чами.

-Се бара Министерството за Европа и надворешни работи, по потврдените придонеси на нашата надворешна политика за добрососедство, за мир и за безбедност, редовно да ги информира Собранието на Албанија и нашите евроатлантски партнери, НАТО и ЕУ, за систематски напори на Владата на Република Албанија, во соработка со Владата на Република Грција, да го реши ова прашање пренесено од минатото, се наведува во декларацијата.

Исто така, Собранието на Албанија да го повика Парламентот на Република Грција да ги поддржи напорите на нивната влада за спроведување на политичката волја изразена повеќе од еднаш од министрите за надворешни работи на Република Грција за укинување на Законот за војна со Албанија, и во овој дух позитивно да се разгледа и одобри секој правен инструмент кој би послужил за корекција на оваа ситуација што не се совпаѓа со реалноста на билатералните односи Албанија-Грција.

Прашањето за укинување на „законот за војна“ а посебно она за враќање на одземените имоти на Чамите, често е поставувано од албанска страна, но спротивната, грчката страна, што се однесува до враќање на имотите одговорот е дека вакво прашање не постои.

The post Албанскиот парламент усвои декларација за укинување на „законот за војна“ што Грција го има со Албанија, предвидува и враќање на имотите на протераните Чами appeared first on Република.

]]>

Албанскиот парламент едногласно, со 96 гласа „за“, ја усвои декларацијата за укинување на „законот за војна“ што Грција го има со Албанија, од 1940 година. Декларацијата ја предложи Партијата за правда, интеграција и единство (ПДИУ) на Шпетим Идризи, која е попозната како „партија на Чамите“, протерани Албанци од областа Чамарија во Грција. Идризи, при презентирањето на документот истиот го опиша како „скриени мини кои можат да експлодираат во секој момент“. Со декларацијата, меѓу другото, се бара од албанската влада да вложи максимални напори со грчката влада за укинување на Законот за војна, донесен  од Грција и правните последици што произлегуваат од овој закон, тука секако враќањето на одземените имоти на припадниците на протераните Чами.
-Се бара Министерството за Европа и надворешни работи, по потврдените придонеси на нашата надворешна политика за добрососедство, за мир и за безбедност, редовно да ги информира Собранието на Албанија и нашите евроатлантски партнери, НАТО и ЕУ, за систематски напори на Владата на Република Албанија, во соработка со Владата на Република Грција, да го реши ова прашање пренесено од минатото, се наведува во декларацијата.
Исто така, Собранието на Албанија да го повика Парламентот на Република Грција да ги поддржи напорите на нивната влада за спроведување на политичката волја изразена повеќе од еднаш од министрите за надворешни работи на Република Грција за укинување на Законот за војна со Албанија, и во овој дух позитивно да се разгледа и одобри секој правен инструмент кој би послужил за корекција на оваа ситуација што не се совпаѓа со реалноста на билатералните односи Албанија-Грција. Прашањето за укинување на „законот за војна“ а посебно она за враќање на одземените имоти на Чамите, често е поставувано од албанска страна, но спротивната, грчката страна, што се однесува до враќање на имотите одговорот е дека вакво прашање не постои.

The post Албанскиот парламент усвои декларација за укинување на „законот за војна“ што Грција го има со Албанија, предвидува и враќање на имотите на протераните Чами appeared first on Република.

]]>
Владејачките социјалисти и опозициските демократи постигнаа договор со кој се очекува нормализација на работата на албанскиот Парламент https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vladejachkite-sotsijalisti-i-opozitsiskite-demokrati-postignaa-dogovor-so-koj-se-ochekuva-normalizatsija-na-rabotata-na-albanskiot-parlament/ Tue, 12 Mar 2024 18:50:07 +0000 https://republika.mk/?p=754138

Владејачките социјалисти и опозициските демократи, приврзаници на Сали Бериша, постигнаа договор, кој се очекува да се стави крај на хаосот во законодавниот дом, што го создаваа демократите од октомври минатата година.

На средбата на координаторите и дел од пратеничките групи, со претседателката на парламентот Линдита Никола, социјалистите се согласиле со барањето на опозицијата да се формираат две анкетни комисии, за испитување на концесиските договори во здравството и за незаконската интервенција во ТИМС системот.

Опозициските пратеници кои го поддржуваат поранешниот премиер Сали Бериша се согласиле се повлечат од актите на граѓанска непослушност во Собранието.

Опозициската Демократска партија има 55 пратеници, поголемиот број или 47 се со Бериша, додека 8 со официјланиот партиски лидер Љуљзим Баша, кои не учествува во нередите во собраниската сала.

Веста за враќање на, како што ја нарекуваат нормалноста во Парламентот ја поздравија американската амбасада и Делегацијата на ЕУ во Тирана, оценувајќи дека е од „суштинско значење за да се олесни патот на Албанија кон членството во ЕУ, што е стратешка цел на земјата“ и оти „фукционалните институции се основа за секоја демократија“.

Претходно претставниците на ЕУ и на САД, побараа од албанските политичари преку дијалог да ја надминат ситуацијата во Парламентот, порачувајќи им дека тој „треба да биде во служба на граѓаните а не на политичарите“ и оти очекуваат „функционален парламент што поскоро“.

The post Владејачките социјалисти и опозициските демократи постигнаа договор со кој се очекува нормализација на работата на албанскиот Парламент appeared first on Република.

]]>

Владејачките социјалисти и опозициските демократи, приврзаници на Сали Бериша, постигнаа договор, кој се очекува да се стави крај на хаосот во законодавниот дом, што го создаваа демократите од октомври минатата година. На средбата на координаторите и дел од пратеничките групи, со претседателката на парламентот Линдита Никола, социјалистите се согласиле со барањето на опозицијата да се формираат две анкетни комисии, за испитување на концесиските договори во здравството и за незаконската интервенција во ТИМС системот. Опозициските пратеници кои го поддржуваат поранешниот премиер Сали Бериша се согласиле се повлечат од актите на граѓанска непослушност во Собранието. Опозициската Демократска партија има 55 пратеници, поголемиот број или 47 се со Бериша, додека 8 со официјланиот партиски лидер Љуљзим Баша, кои не учествува во нередите во собраниската сала. Веста за враќање на, како што ја нарекуваат нормалноста во Парламентот ја поздравија американската амбасада и Делегацијата на ЕУ во Тирана, оценувајќи дека е од „суштинско значење за да се олесни патот на Албанија кон членството во ЕУ, што е стратешка цел на земјата“ и оти „фукционалните институции се основа за секоја демократија“. Претходно претставниците на ЕУ и на САД, побараа од албанските политичари преку дијалог да ја надминат ситуацијата во Парламентот, порачувајќи им дека тој „треба да биде во служба на граѓаните а не на политичарите“ и оти очекуваат „функционален парламент што поскоро“.

The post Владејачките социјалисти и опозициските демократи постигнаа договор со кој се очекува нормализација на работата на албанскиот Парламент appeared first on Република.

]]>
Во тензии и хаос албанскиот парламент го изгласа законот со кој ги враќа онлајн игрите на среќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-tenzii-i-haos-albanskiot-parlament-go-izglasa-zakonot-so-koj-gi-vraka-onlajn-igrite-na-sreka/ Thu, 15 Feb 2024 12:31:48 +0000 https://republika.mk/?p=744382

Во услови на тензии, свирежи, транспаренти и блокирана говорница, предизвикани од пратениците на опозициската демократска партија, приврзаници на Сали Бериша и Газменд Барди, владејачкото мнозинство во албанскиот парламент го изгласа законот со кој се враќаат игрите на среќа-онлајн.

Законот беше изгласан со 72 гласа „за“, двајца социјалистички пратеници, поранешниот вицепремиер Ерион Браче и ексминистерот за внатрешни работи Фатмир Џафа, беа воздржани, додека опозициските демократи не гласаа.

Според новиот закон, оние кои сакаат да играат игри на среќа онлајн ќе треба да се пријават со својот идентитет во системите на обложувалниците, кои ќе имаат обврска да ги чуваат податоците на играчите три години. Додека циркулацијата на парите ќе се врши преку банкарскиот систем, јави Топ чанел.

Додава дека игрите на среќа беа прогласени за нелегални на 1 јануари 2019 година, но и покрај тоа, „Албанците никогаш не престанаа да се обложуваат или да играат во казина, бидејќи оваа услуга се нудеше онлајн без никој да ја контролира“.

Откако се попишмани владата, предлагајќи нивно повторно враќање, албанскиот премиер Еди Рама, тоа го образложи со тоа дека после забраната, игрите на среќа продолжиле да се одвиваат на црно и дека повторното легализирање на оваа дејност ќе и помогне на албанската економија во време на енергетска и економска криза, потсетува телевизијата на изјавата на Рама.

На седницата, која траеше 15-на минути беа изгласани измени и дополнувања на неколку закони, меѓу кои и на законот за официјални празници.

На дневен ред беше и интерпелацијата со премиерот Еди Рама, побарана од опозицијата. Поради престојот на Рама во Брисел, кој се враќа денеска попладне и неговата ангажираност со посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, истата беше одложена, откако опозицијата не се согласи на нејзините прашања да одговара државната министерка за односи со парламентот Елиса Спиропали, што за тоа ја овластил Рама.

The post Во тензии и хаос албанскиот парламент го изгласа законот со кој ги враќа онлајн игрите на среќа appeared first on Република.

]]>

Во услови на тензии, свирежи, транспаренти и блокирана говорница, предизвикани од пратениците на опозициската демократска партија, приврзаници на Сали Бериша и Газменд Барди, владејачкото мнозинство во албанскиот парламент го изгласа законот со кој се враќаат игрите на среќа-онлајн. Законот беше изгласан со 72 гласа „за“, двајца социјалистички пратеници, поранешниот вицепремиер Ерион Браче и ексминистерот за внатрешни работи Фатмир Џафа, беа воздржани, додека опозициските демократи не гласаа.
Според новиот закон, оние кои сакаат да играат игри на среќа онлајн ќе треба да се пријават со својот идентитет во системите на обложувалниците, кои ќе имаат обврска да ги чуваат податоците на играчите три години. Додека циркулацијата на парите ќе се врши преку банкарскиот систем, јави Топ чанел.
Додава дека игрите на среќа беа прогласени за нелегални на 1 јануари 2019 година, но и покрај тоа, „Албанците никогаш не престанаа да се обложуваат или да играат во казина, бидејќи оваа услуга се нудеше онлајн без никој да ја контролира“.
Откако се попишмани владата, предлагајќи нивно повторно враќање, албанскиот премиер Еди Рама, тоа го образложи со тоа дека после забраната, игрите на среќа продолжиле да се одвиваат на црно и дека повторното легализирање на оваа дејност ќе и помогне на албанската економија во време на енергетска и економска криза, потсетува телевизијата на изјавата на Рама.
На седницата, која траеше 15-на минути беа изгласани измени и дополнувања на неколку закони, меѓу кои и на законот за официјални празници. На дневен ред беше и интерпелацијата со премиерот Еди Рама, побарана од опозицијата. Поради престојот на Рама во Брисел, кој се враќа денеска попладне и неговата ангажираност со посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, истата беше одложена, откако опозицијата не се согласи на нејзините прашања да одговара државната министерка за односи со парламентот Елиса Спиропали, што за тоа ја овластил Рама.

The post Во тензии и хаос албанскиот парламент го изгласа законот со кој ги враќа онлајн игрите на среќа appeared first on Република.

]]>
Повторно хаос во албанскиот парламент, седницата заврши предвреме поради немири https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/povtorno-haos-vo-albanskiot-parlament-sednitsata-zavrshi-predvreme-poradi-nemiri/ Mon, 05 Feb 2024 21:59:22 +0000 https://republika.mk/?p=740696

Денешната пленарна седница на Собранието на Албанија заврши порано од планираното, поради немирите кои настанаа за време на говорите на пратениците.

Имено, како што наведува порталот „Њузбомб Албанија“, претседателката на собранието Линдита Николи седницата ја затворила за 15 минути и 40 секунди поради хаосот и вревата предизвикана од исклучените опозиционери, кои оневозможиле седницата да продолжи непречено.

Како што понатаму се наведува, протести се одржуваат пред собранието, по што на седницата влегле пратеници од опозицијата и предизвикале тензии. Пред говорниците се обратил шефот на пратеничката група на ДП Газмент Барди, а според албанските медиуми, Барди се обидел да фрли непознат предмет кон премиерот Еди Рама.

Иако седницата заврши порано, пратениците од опозицијата и нивните симпатизери продолжуваат со протестите пред Собранието.

„Со незаконска наредба на пратениците од опозицијата им беше забранет влез во парламентот. Дури и против пратеници кои немаа дисциплинска мерка. Незамисливо е пратениците да мора да ги кинат кошулите и оделата за да влезат во пленарната сала“, рече Барди пред толпата.

The post Повторно хаос во албанскиот парламент, седницата заврши предвреме поради немири appeared first on Република.

]]>

Денешната пленарна седница на Собранието на Албанија заврши порано од планираното, поради немирите кои настанаа за време на говорите на пратениците. Имено, како што наведува порталот „Њузбомб Албанија“, претседателката на собранието Линдита Николи седницата ја затворила за 15 минути и 40 секунди поради хаосот и вревата предизвикана од исклучените опозиционери, кои оневозможиле седницата да продолжи непречено. Како што понатаму се наведува, протести се одржуваат пред собранието, по што на седницата влегле пратеници од опозицијата и предизвикале тензии. Пред говорниците се обратил шефот на пратеничката група на ДП Газмент Барди, а според албанските медиуми, Барди се обидел да фрли непознат предмет кон премиерот Еди Рама. Иако седницата заврши порано, пратениците од опозицијата и нивните симпатизери продолжуваат со протестите пред Собранието. „Со незаконска наредба на пратениците од опозицијата им беше забранет влез во парламентот. Дури и против пратеници кои немаа дисциплинска мерка. Незамисливо е пратениците да мора да ги кинат кошулите и оделата за да влезат во пленарната сала“, рече Барди пред толпата.

The post Повторно хаос во албанскиот парламент, седницата заврши предвреме поради немири appeared first on Република.

]]>
Албанскиот парламент го ратификуваше договорот за враќање на 20-те икони во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanskiot-parlament-go-ratifikuvashe-dogovorot-za-vrakane-na-20-te-ikoni-vo-makedonija/ Thu, 02 Feb 2023 17:13:57 +0000 https://republika.mk/?p=604005

Албанскиот парламент попладнево, на пленарна седница, го ратификуваше договорот за соработка меѓу Република Албанија и Република Македонија, за враќање на иконите шверцувани од македонска на албанска територија, јави државната агенција АТА.

Договорот беше изгласан со 73 гласа, со што се отвора патот да се вратат 20 икони во „нивната земја на потекло, кои по заплената во Албанија преминаа во сопственост на албанската држава врз основа на одлуките на албанските судови”.

-Врз основа на направената проценка, иконите се совпаѓаат со културните добра на соседната држава и врз основа на договорот, Министерството за култура ќе го следи целиот процес за нивно враќање во земјата на потекло, согласно обврските дефинирани во Конвенцијата на УНЕСКО од 1970 година, стои во документот.

Во истрагата, која албанските власти ја водат под името „Икона“, во октомври 2013 година во Албанија беа запленети повеќе од илјада икони и црковни предмети. Беше утврдено дека 20 меѓу нив се по потекло од Македонија, од каде што биле изнесени илегално.

The post Албанскиот парламент го ратификуваше договорот за враќање на 20-те икони во Македонија appeared first on Република.

]]>

Албанскиот парламент попладнево, на пленарна седница, го ратификуваше договорот за соработка меѓу Република Албанија и Република Македонија, за враќање на иконите шверцувани од македонска на албанска територија, јави државната агенција АТА. Договорот беше изгласан со 73 гласа, со што се отвора патот да се вратат 20 икони во „нивната земја на потекло, кои по заплената во Албанија преминаа во сопственост на албанската држава врз основа на одлуките на албанските судови”.
-Врз основа на направената проценка, иконите се совпаѓаат со културните добра на соседната држава и врз основа на договорот, Министерството за култура ќе го следи целиот процес за нивно враќање во земјата на потекло, согласно обврските дефинирани во Конвенцијата на УНЕСКО од 1970 година, стои во документот.
Во истрагата, која албанските власти ја водат под името „Икона“, во октомври 2013 година во Албанија беа запленети повеќе од илјада икони и црковни предмети. Беше утврдено дека 20 меѓу нив се по потекло од Македонија, од каде што биле изнесени илегално.

The post Албанскиот парламент го ратификуваше договорот за враќање на 20-те икони во Македонија appeared first on Република.

]]>
Албанскиот парламент гласаше против усвојување резолуција за признавање на геноцидот во Сребреница https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanskiot-parlament-glasashe-protiv-usvojuvanje-rezolucija-za-priznavanje-na-genocidot-vo-srebrenica/ Thu, 12 May 2022 17:31:53 +0000 https://republika.mk/?p=501631

Парламентот на Албанија одби да усвои резолуција за признавање на геноцидот во Сребреница. Вкупно 51 парламентарец гласаа против резолуцијата, а само 15 „за“.

Албанија никогаш немала антиалбанец како (премиерот) Еди Рама. Ја згазивте крвта на 8.000 невини бошњачки мажи и деца. Гласавте да ги згазите животите на 100.000 косовски Албанци - оцени поранешниот премиер Сали Бериша.

Тој, исто така го обвини дека е роб на српскиот претседател Александар Вучиќ и дека пратениците од владејачката партија гласале по негова наредба.

Пратеникот Тритан Шеху рече дека ова е горчлив и грд ден за албанскиот парламент, пренесува сараевскиот портал Кликс.

Ние сме единствениот парламент што нема формален документ со кој се осудува геноцидот. Ова е ден кој остава тежок белег на демократскиот свет. Пред неколку дена овие господа гласаа против резолуцијата со која се осудува рускиот геноцид во Украина. Денеска не ја прифатија резолуцијата за осуда на српскиот геноцид во Босна, утре нема да прифатат осуда на српскиот геноцид на Косово. Зошто? Тоа се врски, обврски, Вучиќ е над тоа - рече Шеху.

The post Албанскиот парламент гласаше против усвојување резолуција за признавање на геноцидот во Сребреница appeared first on Република.

]]>

Парламентот на Албанија одби да усвои резолуција за признавање на геноцидот во Сребреница. Вкупно 51 парламентарец гласаа против резолуцијата, а само 15 „за“.
Албанија никогаш немала антиалбанец како (премиерот) Еди Рама. Ја згазивте крвта на 8.000 невини бошњачки мажи и деца. Гласавте да ги згазите животите на 100.000 косовски Албанци - оцени поранешниот премиер Сали Бериша.
Тој, исто така го обвини дека е роб на српскиот претседател Александар Вучиќ и дека пратениците од владејачката партија гласале по негова наредба. Пратеникот Тритан Шеху рече дека ова е горчлив и грд ден за албанскиот парламент, пренесува сараевскиот портал Кликс.
Ние сме единствениот парламент што нема формален документ со кој се осудува геноцидот. Ова е ден кој остава тежок белег на демократскиот свет. Пред неколку дена овие господа гласаа против резолуцијата со која се осудува рускиот геноцид во Украина. Денеска не ја прифатија резолуцијата за осуда на српскиот геноцид во Босна, утре нема да прифатат осуда на српскиот геноцид на Косово. Зошто? Тоа се врски, обврски, Вучиќ е над тоа - рече Шеху.

The post Албанскиот парламент гласаше против усвојување резолуција за признавање на геноцидот во Сребреница appeared first on Република.

]]>