албански јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/albanski-jazik/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 08:24:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png албански јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/albanski-jazik/ 32 32 ВЛЕН е посветен на тоа албанскиот јазик да биде таму каде што му припаѓа – не процентуално, туку достоинствено! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlen-e-posveten-na-toa-albanskiot-jazik-da-bide-tamu-kade-shto-mu-pripaga-ne-protsentualno-tuku-dostoinstveno/ Fri, 22 Nov 2024 08:24:53 +0000 https://republika.mk/?p=840642

Денес е голем ден за сите Албанци, и во земјата и надвор од неа! За првпат, овој свет ден официјално се одбележува и на седница на Владата, благодарение на посветеноста на ВЛЕН и блиската врска со граѓаните. Денес го одбележуваме 116-от јубилеј од унифицирањето на Албанската азбука. Овој датум има посебно значење, бидејќи симболизира важен момент
кој ја нагласува важноста на обединувањето на Албанците околу еден идеал, порачуваат од ВЛЕН.

-Јазикот е елемент на идентитетот на еден народ, основа врз која се гради идентитетот и сите други елементи на една заедница. Одлуките на Конгресот во Битола покажуваат и денес дека Албанците се ориентирани кон западните и европските вредности. Претставниците на ВЛЕН во Владата го одбележуваат овој значаен ден со гордост, упатувајќи честитки до Албанците секаде. Активностите ќе продолжат со посета на Музејот на азбуката во Битола – местото каде што нашата историја е напишана со посветеност и љубов кон нашиот прекрасен јазик. Потоа ќе учествуваме на научна конференција за да рефлектираме за вредностите и значењето на овој ден, а на крај, овој голем ден ќе заврши со свечена церемонија во Домот на културата во Битола, посочуваат од ВЛЕН.

ВЛЕН е посветен на тоа албанскиот јазик да биде таму каде што му припаѓа – не процентуално, туку достоинствено!

-Ние сме посветени на целосна официјализација на албанскиот јазик во Македонија и гарантираме дека навредливиот термин „20 проценти“ ќе биде отстранет. Честит нека биде овој ден на секој Албанец и секоја Албанка, каде и да се наоѓаат. Во вакви денови секогаш да бидеме обединети, се наведува во нивното соопштение.

The post ВЛЕН е посветен на тоа албанскиот јазик да биде таму каде што му припаѓа – не процентуално, туку достоинствено! appeared first on Република.

]]>

Денес е голем ден за сите Албанци, и во земјата и надвор од неа! За првпат, овој свет ден официјално се одбележува и на седница на Владата, благодарение на посветеноста на ВЛЕН и блиската врска со граѓаните. Денес го одбележуваме 116-от јубилеј од унифицирањето на Албанската азбука. Овој датум има посебно значење, бидејќи симболизира важен момент кој ја нагласува важноста на обединувањето на Албанците околу еден идеал, порачуваат од ВЛЕН.
-Јазикот е елемент на идентитетот на еден народ, основа врз која се гради идентитетот и сите други елементи на една заедница. Одлуките на Конгресот во Битола покажуваат и денес дека Албанците се ориентирани кон западните и европските вредности. Претставниците на ВЛЕН во Владата го одбележуваат овој значаен ден со гордост, упатувајќи честитки до Албанците секаде. Активностите ќе продолжат со посета на Музејот на азбуката во Битола – местото каде што нашата историја е напишана со посветеност и љубов кон нашиот прекрасен јазик. Потоа ќе учествуваме на научна конференција за да рефлектираме за вредностите и значењето на овој ден, а на крај, овој голем ден ќе заврши со свечена церемонија во Домот на културата во Битола, посочуваат од ВЛЕН.
ВЛЕН е посветен на тоа албанскиот јазик да биде таму каде што му припаѓа – не процентуално, туку достоинствено!
-Ние сме посветени на целосна официјализација на албанскиот јазик во Македонија и гарантираме дека навредливиот термин „20 проценти“ ќе биде отстранет. Честит нека биде овој ден на секој Албанец и секоја Албанка, каде и да се наоѓаат. Во вакви денови секогаш да бидеме обединети, се наведува во нивното соопштение.

The post ВЛЕН е посветен на тоа албанскиот јазик да биде таму каде што му припаѓа – не процентуално, туку достоинствено! appeared first on Република.

]]>
Курти ги занеме ДУИ: Албанскиот јазик не е под закана во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kurti-gi-zaneme-dui-albanskiot-jazik-ne-e-pod-zakana-vo-makedonija/ Mon, 18 Nov 2024 13:57:11 +0000 https://republika.mk/?p=839238

Премиерот на Косово, Албин Курти по заедничката меѓувладина седница со македонската и косовската влада, зборуваше за загрозувањето на албанскиот јазик во Македонија, како што вели албанската опозиција, и побара од Косово и од Албанија да го заштити јазикот.

„Нема ниту имало во минатото употреба на албанскиот јазик во Македонија, туку за јазиците на националностите на 20% од жителите во земјата. Од друга страна верувам дека сите треба да чекаме една правична одлука на Уставниот суд во Македонија, кој нема да направи ниту исклучување, ниту дискриминација, и кој го почитува повеќејазичниот карактер во Македонија кој несомнено постои. Знаете вие во Косово дека Албанци се 93%, четири посто се Срби, а српскиот јазик е службен тука кај нас. Но, во Македонија не може да се каже дека албанскиот јазик е службен јазик, и сега е под закана. Ова не е вистина“, рече Курти.

The post Курти ги занеме ДУИ: Албанскиот јазик не е под закана во Македонија appeared first on Република.

Ахмети бара помош од Косово за албанскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-bara-pomosh-od-kosovo-za-albanskiot-jazik/ Sat, 16 Nov 2024 16:41:45 +0000 https://republika.mk/?p=838592

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети вечерва од Врапчиште каде присуствуваше на средба со граѓани, рече дека очекува од сите политички партии на Албанците во земјава, но и од партиите во Косово да го заштитат албанскиот јазик.

Очекуваме на заедничка средба со владата на Македонија, владата на Косово да го покрене прашањето за албанскиот јазик. Очекуваме и реакција од сите партии во Косово. Ова прашање не засега сите, рече Ахмети.

Тој нагласи дека неприфатливи се укинувањето на етничката припадност, неправедното отстранување на Албанците од институциите, рушењето на достигнувањата во сите области и селективната правда.

Ги повикуваме губитниците на изборите да не ги легитимираат штетните политики што не враќаат назад и суштински ги влошуваат меѓуетничките односи, рече лидерот на ДУИ.

Пред неколку дена од скопско Шуто Оризари, Ахмети порача дека ако се допре албанскиот јазик сите Албанци ќе се кренат на нозе. Му испрати и писмо на премиерот Мицкоски, во кое изрази загриженост за неодамнешните одлуки на Уставниот суд, од кои едната е укинувањето на т.н. „балансер“, а другата во најава дека ќе бидат укинати делови од Законот за употреба на јазиците.

The post Ахмети бара помош од Косово за албанскиот јазик appeared first on Република.

Мицкоски: Албанскиот јазик не е загрозен, лично го почитувам и тоа го покажуваме со дела https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-albanskiot-jazik-ne-e-zagrozen-lichno-go-pochituvam-i-toa-go-pokazhuvame-so-dela/ Tue, 24 Sep 2024 11:38:13 +0000 https://republika.mk/?p=819283

Мислам дека немаме отворени прашања на тоа ниво со Албанија и тоа се вештачки теми, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар за изјава во однос на албанскиот јазик од претседателката на Собранието на Албанија, Елиса Спиропали, која вчера престојуваше во земјава.

На новинарско прашање како ја коментира изјавата на Спиропали дека „ако се загрозува албанскиот јазик, се загрозува и идентитетот на Албанците во Македонија“. Мицкоски рече дека не знае за таа изјава, но дека лично го почитува албанскиот јазик, дека тој во државава не е загрозен, туку е и надграден.

Тамам работа. Ние не сме како одделни земји членки коишто сакаат да го загрозуваат идентитетот на другите народи. Ние немаме таква намера. Напротив, го почитуваме тој идентитет и посебноста на албанскиот јазик, македонскиот јазик и сите останати јазици кои ги користат граѓаните во Македонија. Јас лично ги почитувам. На прославата на 2 Август оваа година на Мечкин Камен, Манифестот беше прочитан и на албански јазик, не само на македонски јазик, така што ние не зборуваме, ние со дело покажуваме. Има политичари кои зборуваат, а ништо не прават, јас сум од оние политичари кои покажуваат со дела и апсолутно го почитувам албанскиот јазик. Секоја година го честитам Денот на албанската азбука – 22 Ноември. Градоначалникот на Битола, кој е од ВМРО-ДПМНЕ, вчера и посака добредојде во Битола на претседателката на албанскиот Парламент токму во една таква институција која е значајна за албанскиот јазик. Така што, не само што не е загрозен, туку и е надграден... Мислам дека немаме отворени прашања на тоа ниво со Албанија и тоа се вештачки теми кои завршуваат како што беше и мојот одговор - рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник за изградба на спортска сала во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром.

Додаде дека тој повеќе би се интересирал за заштитата на македонскиот јазик, „не само кај нас, туку насекаде во регионот каде што има Македонци кои го користат својот мајчин македонски јазик“.

Исто така, очекувам наскоро да заминам и во Мала Преспа помеѓу нашинците таму и да разговараме на нашиот мајчин македонски јазик, да поделиме литература на нашиот мајчин македонски јазик од македонски автори - рече Мицкоски.

Во однос на вчерашната посета на Спиропали, премиерот истакна дека имале коректна средба на која, како што рече, разговарале за добрите односи помеѓу двете држави.

Албанија многу подоцна од нас ќе го почне, би рекол, патот кон приклучување кон Европската Унија. Нашата сага трае повеќе од две и пол децении. Среќа нивна е што тие немаа таков тип на опструкции какви што имавме ние во изминативе две и пол децении. Јас им посакувам многу среќа на тој пат. Можеби еден ден патиштата повторно ќе ни се обединат и заедно ќе станеме дел од европското семејство, нешто што претставува генерациска желба и на граѓаните тука, кај нас во Македонија, и на граѓаните во Албанија - рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

The post Мицкоски: Албанскиот јазик не е загрозен, лично го почитувам и тоа го покажуваме со дела appeared first on Република.

]]>

Мислам дека немаме отворени прашања на тоа ниво со Албанија и тоа се вештачки теми, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар за изјава во однос на албанскиот јазик од претседателката на Собранието на Албанија, Елиса Спиропали, која вчера престојуваше во земјава. На новинарско прашање како ја коментира изјавата на Спиропали дека „ако се загрозува албанскиот јазик, се загрозува и идентитетот на Албанците во Македонија“. Мицкоски рече дека не знае за таа изјава, но дека лично го почитува албанскиот јазик, дека тој во државава не е загрозен, туку е и надграден.
Тамам работа. Ние не сме како одделни земји членки коишто сакаат да го загрозуваат идентитетот на другите народи. Ние немаме таква намера. Напротив, го почитуваме тој идентитет и посебноста на албанскиот јазик, македонскиот јазик и сите останати јазици кои ги користат граѓаните во Македонија. Јас лично ги почитувам. На прославата на 2 Август оваа година на Мечкин Камен, Манифестот беше прочитан и на албански јазик, не само на македонски јазик, така што ние не зборуваме, ние со дело покажуваме. Има политичари кои зборуваат, а ништо не прават, јас сум од оние политичари кои покажуваат со дела и апсолутно го почитувам албанскиот јазик. Секоја година го честитам Денот на албанската азбука – 22 Ноември. Градоначалникот на Битола, кој е од ВМРО-ДПМНЕ, вчера и посака добредојде во Битола на претседателката на албанскиот Парламент токму во една таква институција која е значајна за албанскиот јазик. Така што, не само што не е загрозен, туку и е надграден... Мислам дека немаме отворени прашања на тоа ниво со Албанија и тоа се вештачки теми кои завршуваат како што беше и мојот одговор - рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник за изградба на спортска сала во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром.
Додаде дека тој повеќе би се интересирал за заштитата на македонскиот јазик, „не само кај нас, туку насекаде во регионот каде што има Македонци кои го користат својот мајчин македонски јазик“.
Исто така, очекувам наскоро да заминам и во Мала Преспа помеѓу нашинците таму и да разговараме на нашиот мајчин македонски јазик, да поделиме литература на нашиот мајчин македонски јазик од македонски автори - рече Мицкоски.
Во однос на вчерашната посета на Спиропали, премиерот истакна дека имале коректна средба на која, како што рече, разговарале за добрите односи помеѓу двете држави.
Албанија многу подоцна од нас ќе го почне, би рекол, патот кон приклучување кон Европската Унија. Нашата сага трае повеќе од две и пол децении. Среќа нивна е што тие немаа таков тип на опструкции какви што имавме ние во изминативе две и пол децении. Јас им посакувам многу среќа на тој пат. Можеби еден ден патиштата повторно ќе ни се обединат и заедно ќе станеме дел од европското семејство, нешто што претставува генерациска желба и на граѓаните тука, кај нас во Македонија, и на граѓаните во Албанија - рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

The post Мицкоски: Албанскиот јазик не е загрозен, лично го почитувам и тоа го покажуваме со дела appeared first on Република.

]]>
Вреди: Уставниот суд да не ја отвора Пандорината кутија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-ustavniot-sud-da-ne-ja-otvora-pandorinata-kutija/ Sun, 01 Sep 2024 13:08:39 +0000 https://republika.mk/?p=811998

На денешниот состанок на Вреди била разгледана и изјавата на претседателот на Уставниот суд за Законот за употреба на јазиците и за Балансерот при што Координативното тело ја оценува како опасна и неприфатлива ваквата иницијатива за оценување на уставноста на Законот за јазиците.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prviot-chovek-na-ustavniot-sud-za-zakonot-za-jazitsi-ne-mozhe-i-ne-e-dozvoleno-makedonskoto-opshtestvo-da-treperi-ochekuvajki-ja-odlukata/

Сметаме дека оваа иницијатива, која доаѓа од сили познати по своите анти-НАТО ставови, не е ништо повеќе од обид за државен удар со правни експерименти. Доколку ваква иницијатива биде прифатена, ќе се отвори Пандорината кутија за сите клучни достигнувања на државата, вклучително и промената на уставното име, која исто така беше реализирана без потписот на тогашниот претседател Ѓорге Иванов, што овозможи членство во НАТО. Ваков чин би го загрозил стабилноста и суверенитетот на Република Македонија, сериозно заканувајќи се на нејзината евроатлантска ориентација. Коалицијата Вреди решително и без компромиси ќе го брани интегритетот на државните институции и интересите на граѓаните на Република Македонија, стоејќи цврсто против секој обид за нарушување на евроатлантскиот пат на земјата, наведуваат од „Вреди“.

The post Вреди: Уставниот суд да не ја отвора Пандорината кутија appeared first on Република.

]]>

На денешниот состанок на Вреди била разгледана и изјавата на претседателот на Уставниот суд за Законот за употреба на јазиците и за Балансерот при што Координативното тело ја оценува како опасна и неприфатлива ваквата иницијатива за оценување на уставноста на Законот за јазиците. https://republika.mk/vesti/makedonija/prviot-chovek-na-ustavniot-sud-za-zakonot-za-jazitsi-ne-mozhe-i-ne-e-dozvoleno-makedonskoto-opshtestvo-da-treperi-ochekuvajki-ja-odlukata/
Сметаме дека оваа иницијатива, која доаѓа од сили познати по своите анти-НАТО ставови, не е ништо повеќе од обид за државен удар со правни експерименти. Доколку ваква иницијатива биде прифатена, ќе се отвори Пандорината кутија за сите клучни достигнувања на државата, вклучително и промената на уставното име, која исто така беше реализирана без потписот на тогашниот претседател Ѓорге Иванов, што овозможи членство во НАТО. Ваков чин би го загрозил стабилноста и суверенитетот на Република Македонија, сериозно заканувајќи се на нејзината евроатлантска ориентација. Коалицијата Вреди решително и без компромиси ќе го брани интегритетот на државните институции и интересите на граѓаните на Република Македонија, стоејќи цврсто против секој обид за нарушување на евроатлантскиот пат на земјата, наведуваат од „Вреди“.

The post Вреди: Уставниот суд да не ја отвора Пандорината кутија appeared first on Република.

]]>
Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора нема да полагаат познавање на албанскиот јазик при добивање државјанство https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albantsite-od-kosovo-makedonija-i-tsrna-gora-nema-da-polagaat-poznavane-na-albanskiot-jazik-pri-dobivane-drzhavjanstvo/ Sat, 08 Jun 2024 14:25:22 +0000 https://republika.mk/?p=785758

Албанците од Косово, Република Македонија и Црна Гора повеќе не се обврзани да полагаат албански јазик при постапката за добивање албанско државјанство.

Законските измени објавени во службен весник стапуваат во сила на крајот на овој месец.

Со измените, државјанство со посебна процедура ќе се издава и за странци, помлади од 18 години, кои не живеат во Албанија, но земјата е заинтересирана за нив во областа на образованието, науката, уметноста, културата, економијата и спортот, но со согласност на двајцата родители или законски старател.

Минатата година со албанско државјанство се стекнале 347 странци, додека годинава 159 лица. Најмногу барања за албански пасош поднеле косовски и турски државјани.

The post Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора нема да полагаат познавање на албанскиот јазик при добивање државјанство appeared first on Република.

]]>

Албанците од Косово, Република Македонија и Црна Гора повеќе не се обврзани да полагаат албански јазик при постапката за добивање албанско државјанство. Законските измени објавени во службен весник стапуваат во сила на крајот на овој месец. Со измените, државјанство со посебна процедура ќе се издава и за странци, помлади од 18 години, кои не живеат во Албанија, но земјата е заинтересирана за нив во областа на образованието, науката, уметноста, културата, економијата и спортот, но со согласност на двајцата родители или законски старател. Минатата година со албанско државјанство се стекнале 347 странци, додека годинава 159 лица. Најмногу барања за албански пасош поднеле косовски и турски државјани.

The post Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора нема да полагаат познавање на албанскиот јазик при добивање државјанство appeared first on Република.

]]>
Економската директорка на Клиниката за токсикологија одби да зборува на македонски јазик, новинарите ја напуштија салата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-klinikata-za-toksikologija-odbi-da-zboruva-na-makedonki-jazik-novinarite-ja-napushtija-salata/ Mon, 22 Apr 2024 12:57:28 +0000 https://republika.mk/?p=769315

Економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази денеска пред новинарите се обратила на албански јазик, одбивајќи да зборува на македонски јазик или пак тоа што го зборува да биде преведено.

По овој нејзин настап, новинарите Македонци демонстративно ја напуштиле салата.

За новоназначената економска директорка на Клиниката за токсикологија веќе беше објавено дека не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите има преведувачи.

Медиумите претходно објавија дека таа на работа доаѓа со својот татко кој постојано е со неа како да е нејзино обезбедување.

Инаку, Илјази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а упорно турка да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31.12.2023.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-besija-ilazi-go-zgolemi-dolgot-na-klinikata-raboti-po-4-5-chasa-ne-potpishuva-kluchni-dokumenti-i-ne-znae-makedonski/

The post Економската директорка на Клиниката за токсикологија одби да зборува на македонски јазик, новинарите ја напуштија салата appeared first on Република.

]]>

Економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази денеска пред новинарите се обратила на албански јазик, одбивајќи да зборува на македонски јазик или пак тоа што го зборува да биде преведено. По овој нејзин настап, новинарите Македонци демонстративно ја напуштиле салата. За новоназначената економска директорка на Клиниката за токсикологија веќе беше објавено дека не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите има преведувачи. Медиумите претходно објавија дека таа на работа доаѓа со својот татко кој постојано е со неа како да е нејзино обезбедување. Инаку, Илјази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а упорно турка да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31.12.2023. https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-besija-ilazi-go-zgolemi-dolgot-na-klinikata-raboti-po-4-5-chasa-ne-potpishuva-kluchni-dokumenti-i-ne-znae-makedonski/

The post Економската директорка на Клиниката за токсикологија одби да зборува на македонски јазик, новинарите ја напуштија салата appeared first on Република.

]]>
Пендаровски прифаќа албански јазик наместо „20 отсто“ на ниво на цела Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-prifaka-albanski-jazik-namesto-20-otsto-na-nivo-na-tsela-makedonija/ Sun, 21 Apr 2024 19:01:54 +0000 https://republika.mk/?p=769032

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски на дебатата на Македонската телевизија вели дека нема ништо против доколку добие уште еден мандатот да се промени онаа формулација „20 проценти“ во Уставот кој се однесува на јазикот да стои албански јазик.

Ако влеземе во уставни промени, во однос на тоа дека Бугарите треба да ги ставиме во Устав заедно со други 5 делови од народи, значи ако се отвора Уставот, Уставот не треба да се отвора секој понеделник, ако го отвораме, можеме да го промениме и делот во однос на овие 20 отсто, и во делот од суспензивно во апсолутно вето. Немам дилеми околу тоа. Не велам дека само за апсолутно-суспензивно треба да се менува Устав,  меѓутоа ако веќе го отвораме за ова што ни е главна пречка, кон ЕУ, треба да го направиме тоа, рече Пендаровски.

The post Пендаровски прифаќа албански јазик наместо „20 отсто“ на ниво на цела Македонија appeared first on Република.

Силјановска Давкова: Формулацијата 20% за албанскиот јазик не треба да се менува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-formulatsijata-20-za-albanskiot-jazik-ne-treba-da-se-menuva/ Tue, 09 Apr 2024 17:36:13 +0000 https://republika.mk/?p=764362

Универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател на Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24 истакна дека во Рамковниот договор не случајно стои 20% и тие не се однесуваат само на албанскиот јазик.

Во амандманот 5 на локално ниво се однесува и на останатите јазици. Не случајно е одбрано 20% и тоа не е наметнат македонски предлог, тоа е од Меѓунардоната заедница. Во другите земји, тој процент е поголем. Ако е дел од Рамковниот договор, а таму не смееше ништо да се смени, иако сега е дел од Уставот. Не мислам дека ова треба да се менува и сосема е јасно дека тоа е албанскиот јазик на државно ниво и другите јазици на локално ниво. Законот за употреба на јазиците е ужасен, неуставно донесен, со неуставни решенија, може да се направи некоја ревизија, да се посегне по друго решение и Уставот не треба да се менува, вели Силјановска Давкова.

The post Силјановска Давкова: Формулацијата 20% за албанскиот јазик не треба да се менува appeared first on Република.

Спомен-плоча на албански јазик со која се велича фашистичката окупација поставена во Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spomen-plocha-na-albanski-jazik-so-koja-se-velicha-fashistichkata-okupatsija-postavena-vo-struga/ Thu, 07 Mar 2024 13:43:39 +0000 https://republika.mk/?p=752294

Старата зграда на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, каде по реконструкцијата се смести Општината, доби спомен-плоча испишана само на албански јазик со која се велича фашистичката окупација на градот, кога Албанското кралство го востановило албанскиот јазик како службен во Југозападна Македонија, пренесува „Сакам да кажам“. Текстот на еднојазичната табла во превод содржи: основно училиште, Конгресот во Битола и датумот на негово отворање 1 септември 1941 година.

Никола Кукунеш од Советот на Општина Струга објаснува дека таблата значи повикување на придобивка којашто е настаната под фашистичка окупација. Вели дека образованието на овие простори почнува во 1945 година за сите подеднакво и за Албанците и за Турците и за Македонците, а тоа е нешто што нè обединува и што е заедничко.

За советниците од ВМРО-ДПМНЕ ваквата, како што ја нарекоа, скандалозна спомен-плоча испишана само на албански јазик го отсликува самоволието на градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко.

Целата сторија на „Сакам да кажам“

The post Спомен-плоча на албански јазик со која се велича фашистичката окупација поставена во Струга appeared first on Република.

]]>

Старата зграда на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, каде по реконструкцијата се смести Општината, доби спомен-плоча испишана само на албански јазик со која се велича фашистичката окупација на градот, кога Албанското кралство го востановило албанскиот јазик како службен во Југозападна Македонија, пренесува „Сакам да кажам“. Текстот на еднојазичната табла во превод содржи: основно училиште, Конгресот во Битола и датумот на негово отворање 1 септември 1941 година. Никола Кукунеш од Советот на Општина Струга објаснува дека таблата значи повикување на придобивка којашто е настаната под фашистичка окупација. Вели дека образованието на овие простори почнува во 1945 година за сите подеднакво и за Албанците и за Турците и за Македонците, а тоа е нешто што нè обединува и што е заедничко. За советниците од ВМРО-ДПМНЕ ваквата, како што ја нарекоа, скандалозна спомен-плоча испишана само на албански јазик го отсликува самоволието на градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко. Целата сторија на „Сакам да кажам“

The post Спомен-плоча на албански јазик со која се велича фашистичката окупација поставена во Струга appeared first on Република.

]]>
Талат Џафери првото ТВ интервју го даде пред албански и косовски новинари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/talat-dhaferi-prvoto-tv-intervju-go-dade-pred-albanski-i-kosovski-novinari/ Sun, 28 Jan 2024 16:58:32 +0000 https://republika.mk/?p=737848

Новоизбраниот премиер Талат Џафери веднаш по неговиот избор се упати во ТВ студио каде го даде и првото телевизиско интервју како премиер на Македонија. Неговата партија 28-ми јануари го слави како историски ден.

Голем број на реакции на друштвените мрежи од новинари поради таквата постапка на Талат Џафери. Според пишувањата, тој дал ТВ интервју пред двајца новинари едниот од Косово другиот од Албанија.

Зошто Џафери ги игнорирал македонскиот новинари и новинарит кои известуваа од 27-ми април кога беше нападнато Собранието и во тешки околности избран Талат Џафери останува нејасно.

И неговиот прв денешен говор беше на албански јазик, а потоа на македонски јазик, за што исто така имаше забелешки.

Голем број на медиуми од Косово и Албанија денеска беа присутни и во зградата на Собранието, при што преку директни отворени студија ја пренесуваа сликата од изборот на првиот премиер Албанец во Македонија.

The post Талат Џафери првото ТВ интервју го даде пред албански и косовски новинари appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот премиер Талат Џафери веднаш по неговиот избор се упати во ТВ студио каде го даде и првото телевизиско интервју како премиер на Македонија. Неговата партија 28-ми јануари го слави како историски ден. Голем број на реакции на друштвените мрежи од новинари поради таквата постапка на Талат Џафери. Според пишувањата, тој дал ТВ интервју пред двајца новинари едниот од Косово другиот од Албанија. Зошто Џафери ги игнорирал македонскиот новинари и новинарит кои известуваа од 27-ми април кога беше нападнато Собранието и во тешки околности избран Талат Џафери останува нејасно. И неговиот прв денешен говор беше на албански јазик, а потоа на македонски јазик, за што исто така имаше забелешки. Голем број на медиуми од Косово и Албанија денеска беа присутни и во зградата на Собранието, при што преку директни отворени студија ја пренесуваа сликата од изборот на првиот премиер Албанец во Македонија.

The post Талат Џафери првото ТВ интервју го даде пред албански и косовски новинари appeared first on Република.

]]>
Првата изјава како премиер на техничка Влада Талат Џафери ја даде на албански јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prvata-izjava-kako-premier-na-tehnichka-vlada-talat-dhaferi-ja-dade-na-albanski-jazik/ Sun, 28 Jan 2024 14:50:27 +0000 https://republika.mk/?p=737811

По свечената изјава на министрите во составот на техничката влада, нејзиниот претседател Талат Џафери даде прва изјава во својство на премиер на албански јазик. Прво говореше на албански, па на македонски јазик. Посочи дека нема што посебно да додаде од она што го кажал во експозето при претставување на програмата и на составот на Владата од собраниската говорница.

Можам уште еднаш да потврдам дека со восхит, со чиста совест и со полна одговорност преземам задача која граѓаните преку нивните претставници ми ја доверија. Останувам доследен дека работата на Владата ќе биде транспарентна, отчетна, одговорна, пред се пред граѓаните и пред нивните претставници, во интерес на добробит на граѓаните и на напредокот на државата, истакна Џафери.

Го коментираше тоа што во заедничката фотографија на техничката Влада по нејзиниото изгласување на 141-вата седница ги нема министрите од ВМРО-ДПМНЕ Панче Тошковски и Ѓоко Велковски, кои во идните 100 дена ќе раководат со министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика и им порача на граѓаните да не ги загрижува сликата што ќе ја видат без нив.

Бидејќи работата на Владата ќе биде суштинска заедно со нив, затоа што и тие исто како и ние што сме на сликата имаат законска обврска да одговорат на обврската што ја презеле од вас преку оние што гласаа за составот на Владата, но таа обврска е преземена и од тие што не гласаа воопшто, што не беа во салата. Тоа е сликата што сте навикнати да ја гледате и во работата на Собранието – пред камери се зборува едно, а зад камерите после, кога треба да се работи, поинаква е комуникацијата. Затоа не грижете се, бидете спокојни, јас ќе дадам се од себе заедно со тимот кој од ваше име е составен денеска да ги исполни вашите очекувања. Секој кој ќе постапи спротивно, се коси со законот. Во оваа држава има многу закони и прописи што треба да се спроведат, изјави Џафери, обраќајќи им се на граѓаните на албански и на македонски јазик.

Во изјавата го коментираше и излагањето на Левица на седницата, порачувајќи дека „тие што спомнале тужби и пријави“ во двата мандата, а особено во вториот мандат, на своите гласачи и граѓани ќе биде добро да им одговорат колку од тие тужби што ги поднеле, ги добиле односно кој е резултатот од тужбите што ги поднеле.

The post Првата изјава како премиер на техничка Влада Талат Џафери ја даде на албански јазик appeared first on Република.

Гаши, Меџити и Касами бараат заедно со уставните измени да се расправа и за албанскиот јазик и корупцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-medhiti-i-kasami-baraat-zaedno-so-ustavnite-izmeni-da-se-rasprava-i-za-albanskiot-jazik-i-koruptsijata/ Thu, 17 Aug 2023 10:44:48 +0000 https://republika.mk/?p=672979

Претседателите на Алтернатива, Движењето Беса, и Демократското движење, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити денеска на заедничка прес-конференција пред Собранието побараа итно да се стави на гласање потребата од промена на Уставот, со цел да се помине што побрзо првата фаза на уставните измени и како што велат, да влеземе во суштински процес на тие измени. Заедно со ова, тие од претседателот на Собранието Талат Џафери, побараа да ги стави и амандманите за, како што се вели во изјавата, за измена на навредливото именување на 20 проценти за албанскиот јазик, како и амандманот против застареност на случаите на политичка корупција.

 Ги повикуваме сите пратеници, без разлика на нивната политичка, етничка и идеолошка припадност, итно, без дискусија и без никакво одлагање, да гласаат за потребата од промена на Уставот и предложените амандмани. На овој начин, сите ние докажуваме на која страна сме и која е нашата стратешка определба, рече претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

Додаде дека доколку на краток рок не се обезбеди потребното мнозинство за гласање на првата фаза од уставните измени, ќе биде јасно дека овој парламентарен состав нема капацитет да ги деблокира преговорите за ЕУ интеграција.

Ако ова се покаже како точно, не треба да губиме ни час повеќе. Во тој случај, односно доколку нема доволно мнозинство да се гласа првата фаза од уставните измени, повикуваме да се гласа за распуштање на Парламентот и распишување на предвремените избори, за да се бара друг парламентарен состав кој ќе има капацитет и политичка волја за протуркање на интегративните процеси кон Европската Унија, рече Гаши.

На новинарско прашање како ќе се оди на предвремени избори, со оглед на тоа декa опозицискиот состав нема доволно пратеници за да ги изгласа предвремените избори, Гаши рече дека тоа е прашање за Владата, затоа што власта, како што кажа е за уште еден час повеќе или ден повеќе да остане на власт и дека за нив само тоа е важно и ништо друго.

Во однос на прашањето дали ќе се направи парламентарна група од пратениците на овие три партии, Гаши информираше дека во тек се преговори за тоа и дека тоа како можност не се исклучува, но и дека прашање е на време кој чекор попрво ќе се направи.

The post Гаши, Меџити и Касами бараат заедно со уставните измени да се расправа и за албанскиот јазик и корупцијата appeared first on Република.

]]>

Претседателите на Алтернатива, Движењето Беса, и Демократското движење, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити денеска на заедничка прес-конференција пред Собранието побараа итно да се стави на гласање потребата од промена на Уставот, со цел да се помине што побрзо првата фаза на уставните измени и како што велат, да влеземе во суштински процес на тие измени. Заедно со ова, тие од претседателот на Собранието Талат Џафери, побараа да ги стави и амандманите за, како што се вели во изјавата, за измена на навредливото именување на 20 проценти за албанскиот јазик, како и амандманот против застареност на случаите на политичка корупција.
 Ги повикуваме сите пратеници, без разлика на нивната политичка, етничка и идеолошка припадност, итно, без дискусија и без никакво одлагање, да гласаат за потребата од промена на Уставот и предложените амандмани. На овој начин, сите ние докажуваме на која страна сме и која е нашата стратешка определба, рече претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.
Додаде дека доколку на краток рок не се обезбеди потребното мнозинство за гласање на првата фаза од уставните измени, ќе биде јасно дека овој парламентарен состав нема капацитет да ги деблокира преговорите за ЕУ интеграција.
Ако ова се покаже како точно, не треба да губиме ни час повеќе. Во тој случај, односно доколку нема доволно мнозинство да се гласа првата фаза од уставните измени, повикуваме да се гласа за распуштање на Парламентот и распишување на предвремените избори, за да се бара друг парламентарен состав кој ќе има капацитет и политичка волја за протуркање на интегративните процеси кон Европската Унија, рече Гаши.
На новинарско прашање како ќе се оди на предвремени избори, со оглед на тоа декa опозицискиот состав нема доволно пратеници за да ги изгласа предвремените избори, Гаши рече дека тоа е прашање за Владата, затоа што власта, како што кажа е за уште еден час повеќе или ден повеќе да остане на власт и дека за нив само тоа е важно и ништо друго. Во однос на прашањето дали ќе се направи парламентарна група од пратениците на овие три партии, Гаши информираше дека во тек се преговори за тоа и дека тоа како можност не се исклучува, но и дека прашање е на време кој чекор попрво ќе се направи.

The post Гаши, Меџити и Касами бараат заедно со уставните измени да се расправа и за албанскиот јазик и корупцијата appeared first on Република.

]]>
Лога на албански јазик одговори на повеќе прашања, а за медумите кои поставуваа прашања на македонски јазик не сака да зборува надвор од темата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-na-albanski-jazik-odgovori-na-poveke-prashana-a-za-medumite-koi-postavuvaa-prashana-na-makedonski-jazik-ne-saka-da-zboruva-nadvor-od-temata/ Thu, 20 Jul 2023 11:11:09 +0000 https://republika.mk/?p=663488

Откако на албански јазик зборуваше за Орце Камчев и уставните измени, министерот за правда, Кренар Лога на медумите кои поставуваа прашања на македонски јазик им кажа дека не сака да зборува надвор од темата на настанот, објави Макфакс

Настанот се однесуваше на отворањето на канцеларијата за бесплатна правна помош во Општина Боговиње.

Претходно Лога, околу седум минути одговараше на разни прашања поставени од медиумите на албански јазик, а на македонски јазик одговор даде само на прашањето дали се размислува за нови законски измени затоа што Законот за матична евиденција е оспорен пред Уставен суд. Изрази очекувања дека Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата на Левица и законот ќе биде во сила понатаму.

Веднаш потоа беше прашан за дигитализацијата на матичните книги, но одби да одговори, коментирајќи дека не сакал да го злоупотребува настанот за други прашања.

По инсистирањето на новинарот да каже што може да се преземе, со цел поголема заштита при пренесување на податоците во дигитална форма, министерот само ги упати да се обратат до директорот на управата за матични книги бидејки тој немал такви информации.

The post Лога на албански јазик одговори на повеќе прашања, а за медумите кои поставуваа прашања на македонски јазик не сака да зборува надвор од темата appeared first on Република.

]]>

Откако на албански јазик зборуваше за Орце Камчев и уставните измени, министерот за правда, Кренар Лога на медумите кои поставуваа прашања на македонски јазик им кажа дека не сака да зборува надвор од темата на настанот, објави Макфакс
Настанот се однесуваше на отворањето на канцеларијата за бесплатна правна помош во Општина Боговиње. Претходно Лога, околу седум минути одговараше на разни прашања поставени од медиумите на албански јазик, а на македонски јазик одговор даде само на прашањето дали се размислува за нови законски измени затоа што Законот за матична евиденција е оспорен пред Уставен суд. Изрази очекувања дека Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата на Левица и законот ќе биде во сила понатаму. Веднаш потоа беше прашан за дигитализацијата на матичните книги, но одби да одговори, коментирајќи дека не сакал да го злоупотребува настанот за други прашања. По инсистирањето на новинарот да каже што може да се преземе, со цел поголема заштита при пренесување на податоците во дигитална форма, министерот само ги упати да се обратат до директорот на управата за матични книги бидејки тој немал такви информации.

The post Лога на албански јазик одговори на повеќе прашања, а за медумите кои поставуваа прашања на македонски јазик не сака да зборува надвор од темата appeared first on Република.

]]>
На Албанците им засметале Јане и Игор во албанските ученици, Шаќири ги смири: Има Арбен и Шкроњ во македонските https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-albantsite-im-zasmetale-jane-i-igor-vo-albanskite-uchenitsi-shakiri-gi-smiri-ima-arben-i-shkron-vo-makedonskite/ Mon, 12 Jun 2023 13:35:44 +0000 https://republika.mk/?p=650504

Родителите на децата кои учат на албански јазик во Македонија, по дистрибуцијата на новите учебници, се побуниле што во текстовите, задачите и примерите во учебниците на албански јазик биле користени македонски имиња, како Иван, Игор, Јованка и слично, а не албански.

За ова се побара одговор и од министерот за образование Јетон Шаќири, кој ја уверува абанската јавност дека и во учебниците на македонски јазик има примери со албански имиња, но и кај учебниците за други националности. Според Шаќири, ова е концептот на образование во Македонија.

Како што се Иван и Игор во учебниците на албанскиот јазик, така и Арбен, Илза, Шкроњ се во текстовите на македонскиот јазик. Можете и сами да проверите по математика, јас самиот сум проверил кога се покрена како прашање. Сам ги проверив сите е-книги, има преку 10 страници кои ги најдов. Апелирам и до вас, да видите дека во македонските учебници се земаат ученици Албанци за пример, да беше само Иван во албанските учебници, а Газменд да го немаше, дефинитивно ќе барав поправка, но тоа е ново прашање на подготовка на учебниците, има и имиња од турска националност и други кои се земени како примери, рече Шаќири, а пренесе ТВ21.

The post На Албанците им засметале Јане и Игор во албанските ученици, Шаќири ги смири: Има Арбен и Шкроњ во македонските appeared first on Република.

]]>

Родителите на децата кои учат на албански јазик во Македонија, по дистрибуцијата на новите учебници, се побуниле што во текстовите, задачите и примерите во учебниците на албански јазик биле користени македонски имиња, како Иван, Игор, Јованка и слично, а не албански. За ова се побара одговор и од министерот за образование Јетон Шаќири, кој ја уверува абанската јавност дека и во учебниците на македонски јазик има примери со албански имиња, но и кај учебниците за други националности. Според Шаќири, ова е концептот на образование во Македонија.
Како што се Иван и Игор во учебниците на албанскиот јазик, така и Арбен, Илза, Шкроњ се во текстовите на македонскиот јазик. Можете и сами да проверите по математика, јас самиот сум проверил кога се покрена како прашање. Сам ги проверив сите е-книги, има преку 10 страници кои ги најдов. Апелирам и до вас, да видите дека во македонските учебници се земаат ученици Албанци за пример, да беше само Иван во албанските учебници, а Газменд да го немаше, дефинитивно ќе барав поправка, но тоа е ново прашање на подготовка на учебниците, има и имиња од турска националност и други кои се земени како примери, рече Шаќири, а пренесе ТВ21.
 
The post На Албанците им засметале Јане и Игор во албанските ученици, Шаќири ги смири: Има Арбен и Шкроњ во македонските appeared first on Република.

]]>
Османи ја понижува државата, Ковачевски молчи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-ja-ponizhuva-drzhavata-kovachevski-molchi/ Tue, 18 Apr 2023 06:35:14 +0000 https://republika.mk/?p=631594

Ковачевски целосно потчинет на ДУИ не смее ни збор да каже за криминалот и непочитување на државата, Уставот, но и на Рамковниот договор од страна на Бујар Османи.
Додека Османи се однесува недржавнички кон Македонија на средба со неговиот колега на Шпанија и ја понижува државата на меѓународна сцена, Ковачевски само посматра. Не смее ни да се дрзне да го осуди, камо ли да го санкционира, затоа што ако го стори тоа следниот ден ќе му падне владата, а така нема да може да се одржи ден повеќе на власт и да го краде народот, aнализира ВМРО-ДПМНЕ.

А додека Ковачевски се однесува како се, само не премиер, Бујар Османи не почитува правна држава и на официјална средба со министер од друга држава си зеде за право да говори на албански јазик иако согласно Уставот единствен службен јазик за меѓународна употреба во Македонија е македонскиот јазик.

Ковачевски молчи, а ДУИ и Османи се вадат на картата дека се предизвикува етничка нетрпеливост секогаш кога некој ќе побара одговорност за сторениот криминал, кршење на Уставот, законите или понижувањето на државата.

Османи е министер на Македонија и плата зема од Македонија и нејзините граѓани, затоа најмалку што може да направи е да се извини и да си поднесе оставка.

Ковачевски пак кој си го гледа својот интерес и молчи на сето ова, покажува дека не може ни да ја води владата, а ни државата.  Само избори се спасот од оваа криминална и недржавничка влада.

The post Османи ја понижува државата, Ковачевски молчи appeared first on Република.

]]>

Ковачевски целосно потчинет на ДУИ не смее ни збор да каже за криминалот и непочитување на државата, Уставот, но и на Рамковниот договор од страна на Бујар Османи. Додека Османи се однесува недржавнички кон Македонија на средба со неговиот колега на Шпанија и ја понижува државата на меѓународна сцена, Ковачевски само посматра. Не смее ни да се дрзне да го осуди, камо ли да го санкционира, затоа што ако го стори тоа следниот ден ќе му падне владата, а така нема да може да се одржи ден повеќе на власт и да го краде народот, aнализира ВМРО-ДПМНЕ.
А додека Ковачевски се однесува како се, само не премиер, Бујар Османи не почитува правна држава и на официјална средба со министер од друга држава си зеде за право да говори на албански јазик иако согласно Уставот единствен службен јазик за меѓународна употреба во Македонија е македонскиот јазик.
Ковачевски молчи, а ДУИ и Османи се вадат на картата дека се предизвикува етничка нетрпеливост секогаш кога некој ќе побара одговорност за сторениот криминал, кршење на Уставот, законите или понижувањето на државата.
Османи е министер на Македонија и плата зема од Македонија и нејзините граѓани, затоа најмалку што може да направи е да се извини и да си поднесе оставка.
Ковачевски пак кој си го гледа својот интерес и молчи на сето ова, покажува дека не може ни да ја води владата, а ни државата.  Само избори се спасот од оваа криминална и недржавничка влада.

The post Османи ја понижува државата, Ковачевски молчи appeared first on Република.

]]>
Недржавничкиот и понижувачки однос на Османи кон Македонија за МНР е доследно спревдување на Законот за јазиците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nedrzhavnichkiot-i-ponizhuvachki-odnos-na-osmani-kon-makedonija-za-mnr-e-dosledno-sprevduvane-na-zakonot-za-jazitsite/ Mon, 17 Apr 2023 11:53:52 +0000 https://republika.mk/?p=631441

Министерот за надворешни работи на средбата со министерот за надворешни работи на Шпанија Хозе Мануел Албарез ја преставувал Република Македонија на албански јазик, иако е јасно дека службен јазик за меѓународна употреба е македонскиот.

Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ смета дека со овој потег на Османи е недржавнички и со тоа министерот од ДУИ ги прекршил Рамковниот договор и Уставот на државата и побараа премиерот Димитар Ковачевски да го осуди. Сепак, осуда од Ковачевски и од Владата нема.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-bara-ostavka-i-krivichna-odgovornost-za-osmani-go-ponizhuva-makedonskiot-narod/

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева денеска побара кривична одговорност за Османи, и ги повика надлежните органи веднаш да поведат постапка за дела против нарушување на угледот на државата.

Османи веднаш да поднесе оставка од позицијата министер за надворешни работи, тоа е најмалку што може да го направи по ваквиот недржавнички потег кој е понижувачки кон сите граѓани на Македонија. Срамен, недржавнички и понижувачки е односнот на Бујар Османи кој во својство на министер за надворешни работи на меѓудржавна средба не го користи македонскиот јазик како официјален јазик на Република Македонија.Од официјалната средба на Османи со министерот за надворешни работи на Шпанија преку прес конференцијата јасно се гледа дека Османи единствено го употребува албанскиот јазик, иако е јасно кој е службен јазик на Македонија за меѓународна употреба утврден со Уставот. Ова однесување е кршење на Уставот на државата, но и на самиот Рамковен договор. Османи да престане да биде лицемерен државник кој не пропушта прилика да нагласи како Македонија е почитувана земја од другите држави и конечно да почне тој самиот да ја почитува државата чиј државјанин е, а воедно и официјално именувано лице платено од парите на граѓаните рече Митева.

Од МНР, пак, ѝ одговорија на Митева, „воздржувајќи се да реагираат на Велигден“.

Во интерес на вистината, дозволете во целост да ги демантираме информациите за несоодветна примена на Законот за употреба на јазиците за време на средбите и/или прес-конференцијата со министерот за надворешни работи на Кралство Шпанија, Хозе Мануел Албарез Буено.

Примената на Законот за јазици на сите настани што се организираат од страна на Министерството за надворешни работи, кои патем се чести, јавни, и многубројни, е секогаш соодветно имплементирана. На секој настан министерот се обраќа пред домашната јавност на двата службени јазици дефинирани според Уставот и Законот за јазици, при што Министерството обезбедува превод, соодветно достапен за присутните медиуми.

Напоменуваме дека употребата на службените јазици на Република Македонија е материја која е регулирана со закон, каде прецизно е дефинирана употребата на службените јазици на земјава, и истата треба соодветно да се применува без притоа да биде предмет на политичка пресметка. Со оглед дека настаните и прес конференциите се јавна работа, ги повикуваме ВМРО–ДПМНЕ да ги поткрепат тврдењата со некаков доказ, запис или снимка; во спротивно, да покажат почит кон вредностите кои ги застапуваат и јавно да се извинат за непотребното создавање конфузија во јавноста на етничка основа“ се вели во соопштението од МНР.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mnr-za-napadite-kon-osmani-zachuduva-odnesuvaneto-na-opozitsiskata-vmro-dpmne-na-velika-sabota/

The post Недржавничкиот и понижувачки однос на Османи кон Македонија за МНР е доследно спревдување на Законот за јазиците appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на средбата со министерот за надворешни работи на Шпанија Хозе Мануел Албарез ја преставувал Република Македонија на албански јазик, иако е јасно дека службен јазик за меѓународна употреба е македонскиот. Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ смета дека со овој потег на Османи е недржавнички и со тоа министерот од ДУИ ги прекршил Рамковниот договор и Уставот на државата и побараа премиерот Димитар Ковачевски да го осуди. Сепак, осуда од Ковачевски и од Владата нема. https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-bara-ostavka-i-krivichna-odgovornost-za-osmani-go-ponizhuva-makedonskiot-narod/ Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева денеска побара кривична одговорност за Османи, и ги повика надлежните органи веднаш да поведат постапка за дела против нарушување на угледот на државата.
Османи веднаш да поднесе оставка од позицијата министер за надворешни работи, тоа е најмалку што може да го направи по ваквиот недржавнички потег кој е понижувачки кон сите граѓани на Македонија. Срамен, недржавнички и понижувачки е односнот на Бујар Османи кој во својство на министер за надворешни работи на меѓудржавна средба не го користи македонскиот јазик како официјален јазик на Република Македонија.Од официјалната средба на Османи со министерот за надворешни работи на Шпанија преку прес конференцијата јасно се гледа дека Османи единствено го употребува албанскиот јазик, иако е јасно кој е службен јазик на Македонија за меѓународна употреба утврден со Уставот. Ова однесување е кршење на Уставот на државата, но и на самиот Рамковен договор. Османи да престане да биде лицемерен државник кој не пропушта прилика да нагласи како Македонија е почитувана земја од другите држави и конечно да почне тој самиот да ја почитува државата чиј државјанин е, а воедно и официјално именувано лице платено од парите на граѓаните рече Митева.
Од МНР, пак, ѝ одговорија на Митева, „воздржувајќи се да реагираат на Велигден“.
Во интерес на вистината, дозволете во целост да ги демантираме информациите за несоодветна примена на Законот за употреба на јазиците за време на средбите и/или прес-конференцијата со министерот за надворешни работи на Кралство Шпанија, Хозе Мануел Албарез Буено. Примената на Законот за јазици на сите настани што се организираат од страна на Министерството за надворешни работи, кои патем се чести, јавни, и многубројни, е секогаш соодветно имплементирана. На секој настан министерот се обраќа пред домашната јавност на двата службени јазици дефинирани според Уставот и Законот за јазици, при што Министерството обезбедува превод, соодветно достапен за присутните медиуми. Напоменуваме дека употребата на службените јазици на Република Македонија е материја која е регулирана со закон, каде прецизно е дефинирана употребата на службените јазици на земјава, и истата треба соодветно да се применува без притоа да биде предмет на политичка пресметка. Со оглед дека настаните и прес конференциите се јавна работа, ги повикуваме ВМРО–ДПМНЕ да ги поткрепат тврдењата со некаков доказ, запис или снимка; во спротивно, да покажат почит кон вредностите кои ги застапуваат и јавно да се извинат за непотребното создавање конфузија во јавноста на етничка основа“ се вели во соопштението од МНР.
https://republika.mk/vesti/makedonija/mnr-za-napadite-kon-osmani-zachuduva-odnesuvaneto-na-opozitsiskata-vmro-dpmne-na-velika-sabota/

The post Недржавничкиот и понижувачки однос на Османи кон Македонија за МНР е доследно спревдување на Законот за јазиците appeared first on Република.

]]>
Чиј министер е Османи? На албански збoрувал со шпанскиот колега, иако е јасно кој службен јазик за меѓународна употреба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chiv-minister-e-osmani-na-albanski-zboral-so-shpanskiot-kolega-iako-e-jasno-koj-sluzhben-jazik-za-megunarodna-upotreba/ Sat, 15 Apr 2023 15:19:02 +0000 https://republika.mk/?p=631069

Бујар Османи во својство на Министерството за надворешни работи на Македонија на официјална средба со министерот за надворешни работи на Шпанија Хозе Мануел Албарез единствено говори на течен албански јазик иако е платен да ја преставува Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцираат дека на прес-конференцијата јасно се гледа дека единствено го употребува албанскиот јазик, иако е јасно кој службен јазик за меѓународна употреба.

Ова е и кршење на рамнловниот договор и Уставот на државата.

Бујар Османи да каже на која држава е министер за надворешни работи и од каде зема плата?

Дали на ова премиерот Ковачевски ќе реагира или ќе го осуди?

Бараме Бујар Османи јавно да се извини за овој блам, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму порачаа дека очекуваат реакција и од владата.

The post Чиј министер е Османи? На албански збoрувал со шпанскиот колега, иако е јасно кој службен јазик за меѓународна употреба appeared first on Република.

]]>

Бујар Османи во својство на Министерството за надворешни работи на Македонија на официјална средба со министерот за надворешни работи на Шпанија Хозе Мануел Албарез единствено говори на течен албански јазик иако е платен да ја преставува Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Потенцираат дека на прес-конференцијата јасно се гледа дека единствено го употребува албанскиот јазик, иако е јасно кој службен јазик за меѓународна употреба.
Ова е и кршење на рамнловниот договор и Уставот на државата. Бујар Османи да каже на која држава е министер за надворешни работи и од каде зема плата? Дали на ова премиерот Ковачевски ќе реагира или ќе го осуди? Бараме Бујар Османи јавно да се извини за овој блам, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму порачаа дека очекуваат реакција и од владата.

The post Чиј министер е Османи? На албански збoрувал со шпанскиот колега, иако е јасно кој службен јазик за меѓународна употреба appeared first on Република.

]]>
Беса со ново барање: Албанскиот јазик да важи и во меѓународните односи, и тоа гарантирано со Устав https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/besa-so-novo-barane-albnskiot-jazik-da-vazhi-i-vo-megunarodnite-odnosi-i-toa-garantirano-so-ustav/ Fri, 31 Mar 2023 14:53:13 +0000 https://republika.mk/?p=625878

Беса бара со отворањето на Уставот за вметнување на Бугарите во Преамбулата да се вметне и употреба на албанскиот јазик како службен јазик на ниво на цела територија. Според Беса сега е историски и важен момент за иднината на државата со кој како што велат, ќе може да се поправат историските грешки.

„Преку внатре-етничка и меѓуетничка кохезија, кои се направени преку неадекватна формулација во Уставот на Република Македонија и да се изгради устав кој ќе биде главен извор на мирот, толеранцијата и демократските вредности“ изјави   Фатмир Сабриу од Беса.

Од партијата посочуваат дека од предлагачот на уставните измени – Владата бараат во текот на составувањето на нацрт верзијата на уставните измени која ќе биде испратена за расправа до Собранието да се вметнат два амандмани.

„На целата територија на Република Македонија и во меѓународните односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик и неговото писмо“ е наведено во предлог измената на еден од членовите на Уставот.

Сабриу вели дека Беса не е против вклучувањето на бугарската заедница во преамбулата на уставот на државата, но инсистира да се смени амандманот V од уставот и албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик во Македонија.

The post Беса со ново барање: Албанскиот јазик да важи и во меѓународните односи, и тоа гарантирано со Устав appeared first on Република.

]]>

Беса бара со отворањето на Уставот за вметнување на Бугарите во Преамбулата да се вметне и употреба на албанскиот јазик како службен јазик на ниво на цела територија. Според Беса сега е историски и важен момент за иднината на државата со кој како што велат, ќе може да се поправат историските грешки.
„Преку внатре-етничка и меѓуетничка кохезија, кои се направени преку неадекватна формулација во Уставот на Република Македонија и да се изгради устав кој ќе биде главен извор на мирот, толеранцијата и демократските вредности“ изјави   Фатмир Сабриу од Беса.
Од партијата посочуваат дека од предлагачот на уставните измени – Владата бараат во текот на составувањето на нацрт верзијата на уставните измени која ќе биде испратена за расправа до Собранието да се вметнат два амандмани. „На целата територија на Република Македонија и во меѓународните односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик и неговото писмо“ е наведено во предлог измената на еден од членовите на Уставот. Сабриу вели дека Беса не е против вклучувањето на бугарската заедница во преамбулата на уставот на државата, но инсистира да се смени амандманот V од уставот и албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик во Македонија.

The post Беса со ново барање: Албанскиот јазик да важи и во меѓународните односи, и тоа гарантирано со Устав appeared first on Република.

]]>
Таравари: Отстранувањето на „20%“ од Уставот и да стои изрично „албанскиот јазик“ треба да се случи сега, со уставните измени кои предвидуваат внесување на Бугарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-otstranuvaneto-na-20-od-ustavot-i-da-stoi-izrichno-albanskiot-jazik-treba-da-se-sluchi-sega-so-ustavnite-izmeni-koi-predviduvaat-vnesuvane-na-bugarite/ Fri, 31 Mar 2023 09:33:11 +0000 https://republika.mk/?p=625752

Претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари вели дека отстранувањето на „20%“ од Уставот и да стои изрично „албанскиот јазик“ треба да се случи сега, со уставните измени кои предвидуваат внесување на Бугарите како заедница која живее во Македонија.

Претседателот Таравари вели дека дел од овој историски момент ќе бидат сите албански партии, вклучително и македонските партии, посочувајќи ги нивните лидери Димитар Ковачевски од СДСМ и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Алијансата за Албанците е среќна што сега дојде моментот кога политичките партии во Македонија ќе можат да ја изразат својата согласност албанскиот јазик да се именува како таков и повеќе да не се нарекува погрешно „20%“. Предлагаме оваа промена да се случи сега и сме убедени, не само во согласувањето на албанските партии, туку и на сите партии во Македонија“, оценува Таравари.

Според претседателот на АА, сите партии кои ќе учествуваат во оваа промена ќе бидат запишани во историјата како демократски партии, особено европски.

„Особено Ковачески и Мицковски ќе станат дел од овој важен момент не само за Албанците кои живеат во оваа земја, туку и за европската иднина на нашата заедничка држава. Со нетрпение го очекуваме моментот на официјалното објавување на ова сепартиско ветување“, нагласува Арбен Таравари.

The post Таравари: Отстранувањето на „20%“ од Уставот и да стои изрично „албанскиот јазик“ треба да се случи сега, со уставните измени кои предвидуваат внесување на Бугарите appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари вели дека отстранувањето на „20%“ од Уставот и да стои изрично „албанскиот јазик“ треба да се случи сега, со уставните измени кои предвидуваат внесување на Бугарите како заедница која живее во Македонија. Претседателот Таравари вели дека дел од овој историски момент ќе бидат сите албански партии, вклучително и македонските партии, посочувајќи ги нивните лидери Димитар Ковачевски од СДСМ и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ. „Алијансата за Албанците е среќна што сега дојде моментот кога политичките партии во Македонија ќе можат да ја изразат својата согласност албанскиот јазик да се именува како таков и повеќе да не се нарекува погрешно „20%“. Предлагаме оваа промена да се случи сега и сме убедени, не само во согласувањето на албанските партии, туку и на сите партии во Македонија“, оценува Таравари. Според претседателот на АА, сите партии кои ќе учествуваат во оваа промена ќе бидат запишани во историјата како демократски партии, особено европски. „Особено Ковачески и Мицковски ќе станат дел од овој важен момент не само за Албанците кои живеат во оваа земја, туку и за европската иднина на нашата заедничка држава. Со нетрпение го очекуваме моментот на официјалното објавување на ова сепартиско ветување“, нагласува Арбен Таравари.