Албанска полиција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/albanska-policija/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Oct 2023 18:50:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Албанска полиција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/albanska-policija/ 32 32 Уапсени 417 лица: Албанската полиција продолжува со операцијата „Темпули“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uapseni-417-litsa-albanskata-politsija-prodolzhuva-so-operatsijata-tempuli/ Sat, 21 Oct 2023 18:50:12 +0000 https://republika.mk/?p=693720

Албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала денеска објави дека во рамки на акцијата „Темпули“ (Храм) се уапсени и кривично гонети 417 лица.

Во објава на социјалните мрежи наведува дека „овие лица се уапсени и кривично гонети за дистрибуција на разни наркотични супстанции“, што е во рамки на зацртаните мерки за спречување на дистрибуција на дрога во и покрај училишта и кафулиња и други објекти каде фреквенцијата на младите е поголема.

– Секојдневно, во близина на секое училиште и на јавни простори, државната полиција будно следи и апси криминалци/дистрибутери на наркотични и психотропни супстанции. Националната операција „Темпули“ интензивно продолжува на територијата на целата земја и до сега уапсени и кривично гонети се 417 лица, пишува Бала.

Според статистиката која ја објавува Бала, запленети се 3,7 килограми кокаин, 150 дози хероин, 631 килограми марихуана, 50 литри синтетичка дрога, 37 возила, стотина мобилни телефони, 15 електронски ваги, неколку парчиња огнено оружје, поголем износ на пари во странска и албанска валута, како и дваесеттина регистарски таблички.

(МИА)

The post Уапсени 417 лица: Албанската полиција продолжува со операцијата „Темпули“ appeared first on Република.

]]>

Албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала денеска објави дека во рамки на акцијата „Темпули“ (Храм) се уапсени и кривично гонети 417 лица. Во објава на социјалните мрежи наведува дека „овие лица се уапсени и кривично гонети за дистрибуција на разни наркотични супстанции“, што е во рамки на зацртаните мерки за спречување на дистрибуција на дрога во и покрај училишта и кафулиња и други објекти каде фреквенцијата на младите е поголема.