албанска група Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/albanska-grupa/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Sep 2022 13:24:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png албанска група Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/albanska-grupa/ 32 32 Албанската полиција разби македонско-косовска група шверцери кои краделе скапи возила и ги продавале https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/albanskata-policija-razbi-makedonsko-kosovska-grupa-shverceri-koi-kradele-skapi-vozila-i-gi-prodavale/ Mon, 19 Sep 2022 13:24:37 +0000 https://republika.mk/?p=552277

Албанската полиција разби организирана македонско-косовска група чии членови краделе скапи возила во западно европските земји и ги продавале во Албанија.
Во акцијата насловена „луксуз” запленети се седум луксузни возила, уапсено е едно, а се трага по уште пет лица. Во полиција на распит се повикани и лица кои набавиле возила од оваа група.
Возилата кои достигнуваат високи цени на пазарот ги изнајмувале македонски и косовски државјани од агенции во различни земји на Европската унија, главно од Германија, а потоа ги внесувале во Албанија преку граничните премини „Ќафасан” на албанско – македонската и „Морина” на границата со Косово, соопшти полицијата.
Се додава дека за да избегнат следење пред да влезат на албанска територија го оневозможувале ГПС-от и автомобилите ги пријавувале за украдени. Процедурата за нивна продажба продолжувала со промена на бројот на шасијата.
Полицијата потврди дека оваа шема се користела веќе пет години и основано се сомнева дека во Албанија на овој начин се внесени над 200 луксузни возила.

The post Албанската полиција разби македонско-косовска група шверцери кои краделе скапи возила и ги продавале appeared first on Република.

]]>

Албанската полиција разби организирана македонско-косовска група чии членови краделе скапи возила во западно европските земји и ги продавале во Албанија. Во акцијата насловена „луксуз” запленети се седум луксузни возила, уапсено е едно, а се трага по уште пет лица. Во полиција на распит се повикани и лица кои набавиле возила од оваа група. Возилата кои достигнуваат високи цени на пазарот ги изнајмувале македонски и косовски државјани од агенции во различни земји на Европската унија, главно од Германија, а потоа ги внесувале во Албанија преку граничните премини „Ќафасан” на албанско – македонската и „Морина” на границата со Косово, соопшти полицијата. Се додава дека за да избегнат следење пред да влезат на албанска територија го оневозможувале ГПС-от и автомобилите ги пријавувале за украдени. Процедурата за нивна продажба продолжувала со промена на бројот на шасијата. Полицијата потврди дека оваа шема се користела веќе пет години и основано се сомнева дека во Албанија на овој начин се внесени над 200 луксузни возила.

The post Албанската полиција разби македонско-косовска група шверцери кои краделе скапи возила и ги продавале appeared first on Република.

]]>