Албанска дијаспора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/albanska-dijaspora/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Oct 2024 19:04:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Албанска дијаспора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/albanska-dijaspora/ 32 32 Рама ја собра албанската дијаспора во Њујорк, следи Солун https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-ja-sobra-albanskata-dijaspora-vo-nujork-sledi-solun/ Sat, 26 Oct 2024 19:04:51 +0000 https://republika.mk/?p=831319

Го барам вашиот глас од Америка за да ја направиме Албанија членка на ЕУ во 2030 година и да го подигнеме знамето на Скендербег и Исмаил Ќемали, со сите други знамиња на големото европско семејство, рекол премиерот Еди Рама на средбата во Њујорк со албанската дијаспора во САД.

Додал дека „историјата не спречи да им се придружиме на земјите во ЕУ, денес е ден да направиме историја заедно".

Ова е ветување над сите ветувања, суштина на мојата мисија на чело на албанската влада, посветеноста на Социјалистичката партија од самиот почеток и нашата непроменлива заложба од три мандати, рекол Рама, барајќи ја довербата за четврти мандат.

Парламентарните избори во Албанија ќе се одржат напролет следната година, на кои, за првпат, ќе може да гласа и албанската дијаспора.

Социјалистичката партија, чиј лидер е Рама, триумфираше, последователно на трите изборни циклуси од 2013 година.

Отфрлајќи ги обвинувањата на опозицијата за монтирани политички процеси за да ја уништи опозицијата, изјавил дека „никогаш досега во нашата историја не бил истражен, суден и осуден поединец со висок политички профил од суд неконтролиран од политиката".

Сите оние кои претходно биле осудени, од министрите од времето на диктатурата до поранешниот премиер Фатос Нано, биле политички осуденици на правдата која, без разлика дали во комунистичката диктатура или во албанската демократија, била нарачана и манипулирана од владејачката партија, рекол Рама, индиректно обвинувајќи ја Демократската партија.

Посочил дека во неговата земја сега функционира независно судство чии реформи се реализирани со помош на САД.

По средбата во Њујорк на трети идниот месец, ќе се сретне со албанската дијаспора во Солун.

Серијата средби тој ја почна во Атина на 12 мај, по што на 26 истиот месец беше во Милано.

The post Рама ја собра албанската дијаспора во Њујорк, следи Солун appeared first on Република.

]]>

Го барам вашиот глас од Америка за да ја направиме Албанија членка на ЕУ во 2030 година и да го подигнеме знамето на Скендербег и Исмаил Ќемали, со сите други знамиња на големото европско семејство, рекол премиерот Еди Рама на средбата во Њујорк со албанската дијаспора во САД. Додал дека „историјата не спречи да им се придружиме на земјите во ЕУ, денес е ден да направиме историја заедно".
Ова е ветување над сите ветувања, суштина на мојата мисија на чело на албанската влада, посветеноста на Социјалистичката партија од самиот почеток и нашата непроменлива заложба од три мандати, рекол Рама, барајќи ја довербата за четврти мандат.
Парламентарните избори во Албанија ќе се одржат напролет следната година, на кои, за првпат, ќе може да гласа и албанската дијаспора. Социјалистичката партија, чиј лидер е Рама, триумфираше, последователно на трите изборни циклуси од 2013 година. Отфрлајќи ги обвинувањата на опозицијата за монтирани политички процеси за да ја уништи опозицијата, изјавил дека „никогаш досега во нашата историја не бил истражен, суден и осуден поединец со висок политички профил од суд неконтролиран од политиката".
Сите оние кои претходно биле осудени, од министрите од времето на диктатурата до поранешниот премиер Фатос Нано, биле политички осуденици на правдата која, без разлика дали во комунистичката диктатура или во албанската демократија, била нарачана и манипулирана од владејачката партија, рекол Рама, индиректно обвинувајќи ја Демократската партија.
Посочил дека во неговата земја сега функционира независно судство чии реформи се реализирани со помош на САД. По средбата во Њујорк на трети идниот месец, ќе се сретне со албанската дијаспора во Солун. Серијата средби тој ја почна во Атина на 12 мај, по што на 26 истиот месец беше во Милано.

The post Рама ја собра албанската дијаспора во Њујорк, следи Солун appeared first on Република.

]]>
По Атина, Рама го пречекаа и илјадници Албанци во Италија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/po-atina-rama-go-prechekaa-i-iljadnitsi-albantsi-vo-italija/ Sun, 26 May 2024 16:16:44 +0000 https://republika.mk/?p=781846

Албанскиот премиер Еди Рама, со денешната средба во Милано, ги продолжува зацртаните активности со албанската дијаспора, што ги започна од Атина, Грција, пренесуваат албанските медиуми, за денешната негова посета на албанската дијаспора во Италија.

На почетокот на своето обраќање рекол дека се чувствува трогнат од величенственото гостопримство на своите сонародници, нагласувајќи дека „Албанците во Италија се главните и најзаслужните обединувачи на двата брега на Јадранот“.

Длабоко сум трогнат од вашето гостопримство. Прегратка за сите од оваа арена каде црвено-црните знамиња и италијанската тробојка сведочат за убавината и вечната поврзаност на два народа, кои историски ги обедини море. Вие, Албанците во Италија, сте најблескавата слика на авангардата на Албанците во унијата со Европа. Ниту политиката, ниту бизнисот, ниту медиумите, туку вие сте главните и најзаслужни обединувачи на двата брега на Јадранот, рекол тој.

Според него Албанците се соочиле со предрасуди, но со „примерот на нивната работа и талент успеале да ја сменат неправедно создадената перцепција“, наведувајќи примери од областа на културата и спортот, области каде Албанците се истакнале со своите подвизи и таленти во соседната земја.

Тој упатил пофалби за Италија и критики до Грција, што Албанците ги принудила да го сменуваат идентитетот, што ќе „остане голема дамка на срамот во историјата на демократска Европа“.

https://republika.mk/vesti/balkan/golema-albanija-srede-atina-edi-rama-pretstaven-kako-premier-na-site-albantsi/

Албанци во Италија не беа принудени да го сменат името, како што тоа го прават Албанците во Грција. Не ги сменивте имињата, како што трагично им се случи на нашите браќа и сестри во Грција. Ова ќе остане голема дамка на срамот во историјата на демократска Европа, обвинил Рама.

Се задржал и на бројот на Албанци во Италија, бизнисите како и оние кои ќе добијат пензија врз основа на билатералниот договор, кој веќе е ратифкуван во албанскиот парламент.

Речиси четвртина милион од вас се италијански државјани, 3/5 од вас се концентрирани на северот на Италија. Во италијанската држава има над 40 илјади албански претпријатија а 421 илјада Албанци ќе имаат корист од договор со Италија за взаено признавање на пензиите, посочил Рама.

Упатил апел до иселениците „не двомете се, вратетете се во вашата татковина, донесете го вашето знаење и заштеда за брзо да ја направиме Албанија она што треба, дојде доброто време на Албанија“.

Според медиумите, во спортската сала имало двојно повеќе присуство на иселеници, споредено со средбата во Атина а почнала со интонирање на албаснката и италијанската химна.

Бил регистриран и мал инцидент кога, додека зборувал Рама, група иселеници извадиле транспарентот на кој пишувало „сакам да гласам 2025“, кои се судриле со обезбедувањето, на набрзо биле извадени од салата.

The post По Атина, Рама го пречекаа и илјадници Албанци во Италија appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама, со денешната средба во Милано, ги продолжува зацртаните активности со албанската дијаспора, што ги започна од Атина, Грција, пренесуваат албанските медиуми, за денешната негова посета на албанската дијаспора во Италија. На почетокот на своето обраќање рекол дека се чувствува трогнат од величенственото гостопримство на своите сонародници, нагласувајќи дека „Албанците во Италија се главните и најзаслужните обединувачи на двата брега на Јадранот“.
Длабоко сум трогнат од вашето гостопримство. Прегратка за сите од оваа арена каде црвено-црните знамиња и италијанската тробојка сведочат за убавината и вечната поврзаност на два народа, кои историски ги обедини море. Вие, Албанците во Италија, сте најблескавата слика на авангардата на Албанците во унијата со Европа. Ниту политиката, ниту бизнисот, ниту медиумите, туку вие сте главните и најзаслужни обединувачи на двата брега на Јадранот, рекол тој.
Според него Албанците се соочиле со предрасуди, но со „примерот на нивната работа и талент успеале да ја сменат неправедно создадената перцепција“, наведувајќи примери од областа на културата и спортот, области каде Албанците се истакнале со своите подвизи и таленти во соседната земја. Тој упатил пофалби за Италија и критики до Грција, што Албанците ги принудила да го сменуваат идентитетот, што ќе „остане голема дамка на срамот во историјата на демократска Европа“. https://republika.mk/vesti/balkan/golema-albanija-srede-atina-edi-rama-pretstaven-kako-premier-na-site-albantsi/
Албанци во Италија не беа принудени да го сменат името, како што тоа го прават Албанците во Грција. Не ги сменивте имињата, како што трагично им се случи на нашите браќа и сестри во Грција. Ова ќе остане голема дамка на срамот во историјата на демократска Европа, обвинил Рама.
Се задржал и на бројот на Албанци во Италија, бизнисите како и оние кои ќе добијат пензија врз основа на билатералниот договор, кој веќе е ратифкуван во албанскиот парламент.
Речиси четвртина милион од вас се италијански државјани, 3/5 од вас се концентрирани на северот на Италија. Во италијанската држава има над 40 илјади албански претпријатија а 421 илјада Албанци ќе имаат корист од договор со Италија за взаено признавање на пензиите, посочил Рама.
Упатил апел до иселениците „не двомете се, вратетете се во вашата татковина, донесете го вашето знаење и заштеда за брзо да ја направиме Албанија она што треба, дојде доброто време на Албанија“. Според медиумите, во спортската сала имало двојно повеќе присуство на иселеници, споредено со средбата во Атина а почнала со интонирање на албаснката и италијанската химна. Бил регистриран и мал инцидент кога, додека зборувал Рама, група иселеници извадиле транспарентот на кој пишувало „сакам да гласам 2025“, кои се судриле со обезбедувањето, на набрзо биле извадени од салата.

The post По Атина, Рама го пречекаа и илјадници Албанци во Италија appeared first on Република.

]]>
Груби, Османи и Ахмети рамо до рамо со Рама и албанската дијаспора https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grubi-osmani-i-ahmeti-ramo-do-ramo-so-rama-i-albanskata-dijaspora/ Fri, 24 Nov 2023 12:58:05 +0000 https://republika.mk/?p=715913

Викендов во Тирана се одржа Самит на албанската дијаспора.На него присустуваа политичари и иселеници од како што ги нарекоа сите „албански земји“ меѓу кои и Македонија.

Домаќин беше премиерот на Албанија Еди Рама а главни гости беа челниците од ДУИ, Али Ахмети, Талат Џафер, Бујар Османи како и Артан Груби.

Од Косово беше претседателката Вјоса Османи а од Црна Гора довчершниот премиер Дртан Абазовиќ.

 

The post Груби, Османи и Ахмети рамо до рамо со Рама и албанската дијаспора appeared first on Република.

]]>

Викендов во Тирана се одржа Самит на албанската дијаспора.На него присустуваа политичари и иселеници од како што ги нарекоа сите „албански земји“ меѓу кои и Македонија. Домаќин беше премиерот на Албанија Еди Рама а главни гости беа челниците од ДУИ, Али Ахмети, Талат Џафер, Бујар Османи како и Артан Груби. Од Косово беше претседателката Вјоса Османи а од Црна Гора довчершниот премиер Дртан Абазовиќ.  

The post Груби, Османи и Ахмети рамо до рамо со Рама и албанската дијаспора appeared first on Република.

]]>
Албанска дијаспора на стадион во Атина подметна транспарент „Косово е Албанија“ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/albanska-dijaspora-na-stadion-vo-atina-podmetna-transparent-kosovo-e-albanija/ Fri, 06 Oct 2023 07:11:50 +0000 https://republika.mk/?p=688373

АЕК и Ајакс одиграа нерешено во второто коло од Лигата на Европа со резултат 1:1.Сепак, играта остана во сенка на скандалозниот транспарент кој го истакнаа навивачите на грчкиот тим.

„Косово е Албанија“, пишуваше на транспарентот кој стоеше на трибината на која беа жолто-црните навивачи.

АЕК е познат по „братството “ со навивачите на Партизан па се претпоставува дека е „дело“ на албанската заедница во Атина која е бројна.

The post Албанска дијаспора на стадион во Атина подметна транспарент „Косово е Албанија“ appeared first on Република.

]]>

АЕК и Ајакс одиграа нерешено во второто коло од Лигата на Европа со резултат 1:1.Сепак, играта остана во сенка на скандалозниот транспарент кој го истакнаа навивачите на грчкиот тим. „Косово е Албанија“, пишуваше на транспарентот кој стоеше на трибината на која беа жолто-црните навивачи. АЕК е познат по „братството “ со навивачите на Партизан па се претпоставува дека е „дело“ на албанската заедница во Атина која е бројна.

The post Албанска дијаспора на стадион во Атина подметна транспарент „Косово е Албанија“ appeared first on Република.

]]>
Во октомври 105 малолетници Албанци без придружба побарале засолниште во Италија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-oktomvri-105-maloletnici-albanci-bez-pridruzba-pobarale-zasolnishte-vo-italija/ Fri, 09 Dec 2022 08:27:21 +0000 https://republika.mk/?p=583506

Според последниот извештај на италијанското министерство за социјална работа и прашања,  само во октомври годинава 105 малолетници од Албанија, без придружба, побарале засолниште во оваа земја.

Албанските малолетници се рангирани како најбројни по оние од Египет, Тунис, Авганистан, Пакистан и Гвинеја.

Вкупниот број на малолетни имигранти Албанци без родители во Италија годинава е 1.353 при што 43 од нив се девојчиња.

Јавна тајна е дека децата до Италија пристигнуваат со родителите по што тие се враќаат во Албанија.

Децата ги оставаат таму бидејќи според италијанските закони загарантирано им е згрижување и образование до нивната полнолетност, по што се вклучуваат во италијанскиот општествен живот.

Ваквата појава е присутна со години наназад, со различен интензитет, со цел, како што велат самите родители, да ги “спасат од сиромаштијата и да им обезбедат подобар живот”.

Албанската дијаспора во Италија брои над 400 илјади и е втора по бројност, по онаа во Грција.

The post Во октомври 105 малолетници Албанци без придружба побарале засолниште во Италија appeared first on Република.

]]>

Според последниот извештај на италијанското министерство за социјална работа и прашања,  само во октомври годинава 105 малолетници од Албанија, без придружба, побарале засолниште во оваа земја. Албанските малолетници се рангирани како најбројни по оние од Египет, Тунис, Авганистан, Пакистан и Гвинеја. Вкупниот број на малолетни имигранти Албанци без родители во Италија годинава е 1.353 при што 43 од нив се девојчиња. Јавна тајна е дека децата до Италија пристигнуваат со родителите по што тие се враќаат во Албанија. Децата ги оставаат таму бидејќи според италијанските закони загарантирано им е згрижување и образование до нивната полнолетност, по што се вклучуваат во италијанскиот општествен живот. Ваквата појава е присутна со години наназад, со различен интензитет, со цел, како што велат самите родители, да ги “спасат од сиромаштијата и да им обезбедат подобар живот”. Албанската дијаспора во Италија брои над 400 илјади и е втора по бројност, по онаа во Грција.

The post Во октомври 105 малолетници Албанци без придружба побарале засолниште во Италија appeared first on Република.

]]>
Британскиот министер за емиграција бара да им се забрани на Албанците да аплицираат за азил во Велика Британија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanskiot-minister-za-emigracija-bara-da-im-se-zabrani-na-albancite-da-apliciraat-za-azil-vo-velika-britanija/ Sun, 04 Dec 2022 16:11:36 +0000 https://republika.mk/?p=581701

На Албанците треба да им се забрани да аплицираат за азил во Велика Британија, бидејќи доаѓаат од „навидум безбедна земја“,  изјави британскиот министер за емиграција Роберт Џенрик.

Тој предупредил дека илегалната миграција најверојатно ќе биде проблем во следните неколку години.

Џенерик додаде дека таквите поединци треба да бидат „исклучени од правото да бараат азил“, бидејќи сегашното ниво на миграција во Обединетото кралство е неодржливо.

Тој наведува дека Албанците сочинуваат повеќе од една третина од 40.000 мигранти, кои во првите девет месеци од годинава пристигнале во Велика Британија со мали чамци преку Ла Манш и нагласи дека тие претставуваат „приоритет број еден“.

Неговите коментари уследија откако британското Министерство за внатрешни работи одби да ги коментира наводите на „Сандеј тајмс“ дека министрите работат на законодавство што би можело да ги спречи барателите на азил, кои нелегално влегуваат да се населат во Велика Британија.

Министерката за внатрешни работи, Суела Браверман, претходно побарала од премиерот Риши Сунак да ги поддржи плановите за спречување илегални мигранти по пристигнувањето.

Британската Влада е под голем притисок од пратениците од Конзервативната партија да се справи со трговците на луѓе кои користат мали чамци за да ги пренесат мигрантите преку Каналот.

The post Британскиот министер за емиграција бара да им се забрани на Албанците да аплицираат за азил во Велика Британија appeared first on Република.

]]>

На Албанците треба да им се забрани да аплицираат за азил во Велика Британија, бидејќи доаѓаат од „навидум безбедна земја“,  изјави британскиот министер за емиграција Роберт Џенрик. Тој предупредил дека илегалната миграција најверојатно ќе биде проблем во следните неколку години. Џенерик додаде дека таквите поединци треба да бидат „исклучени од правото да бараат азил“, бидејќи сегашното ниво на миграција во Обединетото кралство е неодржливо. Тој наведува дека Албанците сочинуваат повеќе од една третина од 40.000 мигранти, кои во првите девет месеци од годинава пристигнале во Велика Британија со мали чамци преку Ла Манш и нагласи дека тие претставуваат „приоритет број еден“. Неговите коментари уследија откако британското Министерство за внатрешни работи одби да ги коментира наводите на „Сандеј тајмс“ дека министрите работат на законодавство што би можело да ги спречи барателите на азил, кои нелегално влегуваат да се населат во Велика Британија. Министерката за внатрешни работи, Суела Браверман, претходно побарала од премиерот Риши Сунак да ги поддржи плановите за спречување илегални мигранти по пристигнувањето. Британската Влада е под голем притисок од пратениците од Конзервативната партија да се справи со трговците на луѓе кои користат мали чамци за да ги пренесат мигрантите преку Каналот.

The post Британскиот министер за емиграција бара да им се забрани на Албанците да аплицираат за азил во Велика Британија appeared first on Република.

]]>
Албанската дијаспора трета во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanskata-dijaspora-treta-vo-svetot/ Fri, 02 Dec 2022 20:50:39 +0000 https://republika.mk/?p=581144

Според извештајот на Обединетите нации Албанија ја има третата по големина дијаспора во светот, јави Топ чанел.

Според оваа листа, 30,7 отсто од албанското население живее во дијаспората.

– По падот на комунизмот во раните 1990-ти години, многу луѓе заминаа во потрага по подобри економски можности, на пример, Западна Европа, се вели во извештајот.

Денес, најголем дел од Албанците во странство се населиле во Италија, Грција, Велика Британија, САД  и многу други земји, јави дописничката на МИА од Тирана.

– Обезбедувањето подобар живот постојано ги турка Албанците масовно да си заминат. Младите и членовите на семејствата велат дека ниското економско ниво и немањето перспектива за иднината ги турка да најдат решение надвор од местото каде што се родени и израснати, пренесува телевизијата.

На второ место според овој извештај е Босна и Херцеговина, каде како резултат на крвавите војни, 34 отсто од населението живее во странство.

Ова се однесува и на Сирија, каде што околу 30 отсто од населението од 28 милиони сега живее во странство, како и Јужен Судан (21 отсто).

Списокот на земји со најголем процент од домородното население кое живее во дијаспората открива историја на војна и раселување, но и економска стагнација и недостиг на перспектива.

The post Албанската дијаспора трета во светот appeared first on Република.

]]>

Според извештајот на Обединетите нации Албанија ја има третата по големина дијаспора во светот, јави Топ чанел. Според оваа листа, 30,7 отсто од албанското население живее во дијаспората. – По падот на комунизмот во раните 1990-ти години, многу луѓе заминаа во потрага по подобри економски можности, на пример, Западна Европа, се вели во извештајот. Денес, најголем дел од Албанците во странство се населиле во Италија, Грција, Велика Британија, САД  и многу други земји, јави дописничката на МИА од Тирана. – Обезбедувањето подобар живот постојано ги турка Албанците масовно да си заминат. Младите и членовите на семејствата велат дека ниското економско ниво и немањето перспектива за иднината ги турка да најдат решение надвор од местото каде што се родени и израснати, пренесува телевизијата. На второ место според овој извештај е Босна и Херцеговина, каде како резултат на крвавите војни, 34 отсто од населението живее во странство. Ова се однесува и на Сирија, каде што околу 30 отсто од населението од 28 милиони сега живее во странство, како и Јужен Судан (21 отсто). Списокот на земји со најголем процент од домородното население кое живее во дијаспората открива историја на војна и раселување, но и економска стагнација и недостиг на перспектива.

The post Албанската дијаспора трета во светот appeared first on Република.

]]>
Албанските гастарбајтери од Италија, Грција, Швајцарија дома испратиле 376 милиони евра за само шест месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/albanskite-gastarbajteri-od-italija-grcija-shvajcarija-doma-ispratile-376-milioni-evra-za-samo-shest-meseci/ Sat, 17 Sep 2022 08:12:15 +0000 https://republika.mk/?p=551646

Парите што емигрантите им ги испраќаат на своите роднини во Албанија продолжиле да се зголемуваат во првите шест месеци од годинава, јави дописничката на МИА од Тирана.

Според платниот биланс на Централна банка на Албанија, во периодот јануари-јуни 2022 година дознаките на емигрантите изнесуваат околу 376 милиони евра, што е раст од 10,6 отсто во однос на истиот период минатата година.

-Ова е највисоко ниво на дознаки од 2010 година, соопшти Банката.

Италија и Грција водат како земји од кои доаѓа најголем прилив на средства, поради големиот број емигранти кои живеат и работат во овие земји, а потоа следат Англија, Германија, Швајцарија и САД.

Во Албанија секое четврто семејство добива приходи од свои блиски кои се во странство, што се покажува како единствен извор на егзистенција за огромното мнозинство од нив. Со овој приход живеат вкупно 220 илјади семејства, во отсуство на друг извор.

Според експертите, зголемувањето на дознаките е фактор кој покажува дека во овие месеци економската состојба на албанските семејства се влошила.

The post Албанските гастарбајтери од Италија, Грција, Швајцарија дома испратиле 376 милиони евра за само шест месеци appeared first on Република.

]]>

Парите што емигрантите им ги испраќаат на своите роднини во Албанија продолжиле да се зголемуваат во првите шест месеци од годинава, јави дописничката на МИА од Тирана. Според платниот биланс на Централна банка на Албанија, во периодот јануари-јуни 2022 година дознаките на емигрантите изнесуваат околу 376 милиони евра, што е раст од 10,6 отсто во однос на истиот период минатата година.
-Ова е највисоко ниво на дознаки од 2010 година, соопшти Банката.
Италија и Грција водат како земји од кои доаѓа најголем прилив на средства, поради големиот број емигранти кои живеат и работат во овие земји, а потоа следат Англија, Германија, Швајцарија и САД. Во Албанија секое четврто семејство добива приходи од свои блиски кои се во странство, што се покажува како единствен извор на егзистенција за огромното мнозинство од нив. Со овој приход живеат вкупно 220 илјади семејства, во отсуство на друг извор. Според експертите, зголемувањето на дознаките е фактор кој покажува дека во овие месеци економската состојба на албанските семејства се влошила.

The post Албанските гастарбајтери од Италија, Грција, Швајцарија дома испратиле 376 милиони евра за само шест месеци appeared first on Република.

]]>
Цената на бојкотот ја платија Македониците – останаа 132.260 непопишани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/cenata-na-bojkotot-ja-platija-makedonicite-ostanaa-132-260-nepopishani/ Wed, 30 Mar 2022 12:27:51 +0000 https://republika.mk/?p=480856

Резултатите на пописот спроведен минатата година покажаа дека 132.260 жители останале непопишани. Многу врати останаа затворени поради повиците да се бојкотира пописот. На многу врати не тропнаа попишувачите од едни или други причини, но тоа не ги натера Македонците да заминат во пунктовите и да се попишат самите. Со други зборови, цената на бојкотот и на апатијата ја платија Македонците.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски на денешната презентација на резултатите од пописот како еден од факторите за тоа што не се попишале 7,2 отсто граѓани, ги посочи оние кои отворено повикуваа на бојкот.

Да не беа црните кампањите дека работиме надвор од стандардните на ЕУ, дека веќе претходно се сме договориле, ќе беше многу помала оваа бројка. Ќе сфатат тие што ја злоупотребија кампањата, дека згрешиле. Мое мислење е дека никој не треба да биде казнет што не се попишал. Не знаеме дали поради отворен бојкот не се попишале, изјави Симовски.

Тој додаде и дека во периодот на попис голем број граѓани биле и на годишни одмори.

Плажите беа полни во тој период, особено по една година во која никој не можеше да оди на одмор, наведе првиот човек на ДЗС.

Симовски додаде дека постојат и други фактори кои ја диктирале оваа бројка.

Луѓето беа по нивите, доаѓаа по 20.00 часот, тешко се наоѓаа. Имавме ковид, исплашени луѓе имаше од евентуално ширење на болеста иако ги презедовме сите мерки, додаде тој.

Сепак, не летуваа и не копаа само Македонците. На плажите и по нивите одеа и Албанците. Но, нивната политика не остана рамнодушна и не дозволи „исончаните“ да останат непопишани.

Со жестока кампања спроведена и во дијаспората и дома ДУИ ги повика сите Албанци да се попшат. Не се противеа и не бојкотираа ниту опозициските партии на етничките Албанци.

Со месеци Артан Груби, Бујар Османи и други влијателни членови на владејачката партија одеа од куќа до куќа и во Македонија, но и во Швајцарија, Албанија, секаде каде што живеат Албанци,, агитираа, а имаа поддршка од сите албански партии. Денес ги гледаме плодовите од таа работа.

https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-na-albanski-jazik-ja-povika-dijasporata-da-se-registrira-makedonskata-ne-e-informirana-za-popisot/

Секој ден се броеја попишаните од дијаспората и се објавуваа постери со бројките.

Со денови на јавни настапи функционерите на ДУИ одговараа на прашања кои можат да се појават како нејаснотии поврзани со пописот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-moze-da-se-popishat-i-tie-koi-se-otkazale-od-makedonsko-drzavjanstvo/

И како што велат албанските политичари наместо да се занимаваат со својот број, Македонците се грижат за бројот на Албанците. Всушност, на крајот гледаме дека Македонците не се гриже ниту за својот број ниту за својата држава.

The post Цената на бојкотот ја платија Македониците – останаа 132.260 непопишани appeared first on Република.

]]>

Резултатите на пописот спроведен минатата година покажаа дека 132.260 жители останале непопишани. Многу врати останаа затворени поради повиците да се бојкотира пописот. На многу врати не тропнаа попишувачите од едни или други причини, но тоа не ги натера Македонците да заминат во пунктовите и да се попишат самите. Со други зборови, цената на бојкотот и на апатијата ја платија Македонците. Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски на денешната презентација на резултатите од пописот како еден од факторите за тоа што не се попишале 7,2 отсто граѓани, ги посочи оние кои отворено повикуваа на бојкот.
Да не беа црните кампањите дека работиме надвор од стандардните на ЕУ, дека веќе претходно се сме договориле, ќе беше многу помала оваа бројка. Ќе сфатат тие што ја злоупотребија кампањата, дека згрешиле. Мое мислење е дека никој не треба да биде казнет што не се попишал. Не знаеме дали поради отворен бојкот не се попишале, изјави Симовски.
Тој додаде и дека во периодот на попис голем број граѓани биле и на годишни одмори.
Плажите беа полни во тој период, особено по една година во која никој не можеше да оди на одмор, наведе првиот човек на ДЗС.
Симовски додаде дека постојат и други фактори кои ја диктирале оваа бројка.
Луѓето беа по нивите, доаѓаа по 20.00 часот, тешко се наоѓаа. Имавме ковид, исплашени луѓе имаше од евентуално ширење на болеста иако ги презедовме сите мерки, додаде тој.
Сепак, не летуваа и не копаа само Македонците. На плажите и по нивите одеа и Албанците. Но, нивната политика не остана рамнодушна и не дозволи „исончаните“ да останат непопишани. Со жестока кампања спроведена и во дијаспората и дома ДУИ ги повика сите Албанци да се попшат. Не се противеа и не бојкотираа ниту опозициските партии на етничките Албанци. Со месеци Артан Груби, Бујар Османи и други влијателни членови на владејачката партија одеа од куќа до куќа и во Македонија, но и во Швајцарија, Албанија, секаде каде што живеат Албанци,, агитираа, а имаа поддршка од сите албански партии. Денес ги гледаме плодовите од таа работа. https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-na-albanski-jazik-ja-povika-dijasporata-da-se-registrira-makedonskata-ne-e-informirana-za-popisot/ Секој ден се броеја попишаните од дијаспората и се објавуваа постери со бројките. Со денови на јавни настапи функционерите на ДУИ одговараа на прашања кои можат да се појават како нејаснотии поврзани со пописот. https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-moze-da-se-popishat-i-tie-koi-se-otkazale-od-makedonsko-drzavjanstvo/ И како што велат албанските политичари наместо да се занимаваат со својот број, Македонците се грижат за бројот на Албанците. Всушност, на крајот гледаме дека Македонците не се гриже ниту за својот број ниту за својата држава.

The post Цената на бојкотот ја платија Македониците – останаа 132.260 непопишани appeared first on Република.

]]>