Албанска академија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/albanska-akademija/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 10:19:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Албанска академија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/albanska-akademija/ 32 32 Не постои законска основа општините да финансираат Албанска академија на науките, вели министерот Перински https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-postoi-zakonska-osnova-opshtinite-da-finansiraat-albanska-akademija-na-naukite-veli-ministerot-perinski/ Sat, 19 Oct 2024 10:19:43 +0000 https://republika.mk/?p=828761

По најавите на четирите општини Тетово, Гостивар, Желино и Чаир дека ќе го финансираат работењето на здружението Албанска академија на науките и уметностите, Министерот за локална самоуправа Златко Перински вели дека законска можност за такво нешто нема.

Како што посочи тоа е строго опишано во Законот за локална самоуправа во членот 11 кој вели дека приходите на локалните самоуправи треба да се трошат исклучиво за надлежностите кои се утврдени согласно Законот.

„Што во превод значи дека Законот сака да каже дека сите средства што општината ги колектира по било кој основ, ги распределува преку усвојување на одлуки и буџети на седница на Совет треба да бидат исклучиво насочени за спроведување и реализација на основните законски надлежности на самата локална самоуправа.Во суштина во тие надлежности, Албанска академија на науките и уметностите не стои. Општината има можност да финансира здруженија и невладини организации, но и тие здруженија и невладини организации треба на некој начин да ги спроведуваат основните надлежности за кои таа локална самоуправа постои што значи дека ако точно се чита законот, законска можност за вакво нешто нема, истакнува Перински.

И Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изрази сериона загриженост за идејата за формирање на Албанска академија за науки и уметности и нагласи дека е категорично против етнички поделби во науката.

Идејата за Албанската академија на науките и уметностите е резултат на еволуцијата на нашето општество. Поради оваа причина, не треба да се гледа како закана, посочи вчера вицепремиерот Изет Меџити.

Македонија ја има единствената шанса да се организира како функционално мултикултурно општество и да ги претвори прашањата кои до вчера нè делеа во квалитети кои ќе нè обединат во нашата европска иднина, напиша вицепремиерот Изет Меџити во објава на Фејсбук.

The post Не постои законска основа општините да финансираат Албанска академија на науките, вели министерот Перински appeared first on Република.

]]>

По најавите на четирите општини Тетово, Гостивар, Желино и Чаир дека ќе го финансираат работењето на здружението Албанска академија на науките и уметностите, Министерот за локална самоуправа Златко Перински вели дека законска можност за такво нешто нема. Како што посочи тоа е строго опишано во Законот за локална самоуправа во членот 11 кој вели дека приходите на локалните самоуправи треба да се трошат исклучиво за надлежностите кои се утврдени согласно Законот.
„Што во превод значи дека Законот сака да каже дека сите средства што општината ги колектира по било кој основ, ги распределува преку усвојување на одлуки и буџети на седница на Совет треба да бидат исклучиво насочени за спроведување и реализација на основните законски надлежности на самата локална самоуправа.Во суштина во тие надлежности, Албанска академија на науките и уметностите не стои. Општината има можност да финансира здруженија и невладини организации, но и тие здруженија и невладини организации треба на некој начин да ги спроведуваат основните надлежности за кои таа локална самоуправа постои што значи дека ако точно се чита законот, законска можност за вакво нешто нема, истакнува Перински.
И Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изрази сериона загриженост за идејата за формирање на Албанска академија за науки и уметности и нагласи дека е категорично против етнички поделби во науката. Идејата за Албанската академија на науките и уметностите е резултат на еволуцијата на нашето општество. Поради оваа причина, не треба да се гледа како закана, посочи вчера вицепремиерот Изет Меџити.
Македонија ја има единствената шанса да се организира како функционално мултикултурно општество и да ги претвори прашањата кои до вчера нè делеа во квалитети кои ќе нè обединат во нашата европска иднина, напиша вицепремиерот Изет Меџити во објава на Фејсбук.

The post Не постои законска основа општините да финансираат Албанска академија на науките, вели министерот Перински appeared first on Република.

]]>
Филипче: Категорично сум против етнички поделби во науката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filipche-kategorichno-sum-protiv-etnichki-podelbi-vo-naukata-2/ Wed, 16 Oct 2024 19:57:37 +0000 https://republika.mk/?p=827403

Претседателот на СДСМ Венко Филипче објави дека е категорично против етнички поделби во науката по идејата за формирање паралелна академија за науки и уметности на Албанците.

-Загрижен сум и категорично се спротивставувам на идејата за формирање паралелна нова академија за науки и уметности. Преседан е создавање „етнички чисти” институции, а оваа иста идеја недвосмислено беше и претходно отфрлена од актуелните академици, напиша Филипче на својот фејсбук-профил.

Тој потенцира дека СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите.

-СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите. Науката не смее да се етнизира на ниеден начин и во ниеден случај. За СДСМ и за мене како претседател, ова е тенденциозна политичка порака која им служи единствено на намерите за поттикнување поделби кои носат огромна штета за граѓаните и општеството, пишува Филипче во реакцијата.

Како што вели, „жалам што оваа идеја ВМРО-ДПМНЕ ја одмолчува, а со тоа и ја одобрува“ и најави дека „СДСМ со сите расположливи механизми ќе се спротистави во општините кои треба да го финансираат овој проект“.

The post Филипче: Категорично сум против етнички поделби во науката appeared first on Република.

СДСМ е против отворање на Албанска академија на науките и уметностите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-e-protiv-otvorane-na-albanska-akademija-na-naukite-i-umetnostite/ Mon, 29 Jul 2024 10:44:36 +0000 https://republika.mk/?p=801248

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) треба да остане единствена институција во која членуваат реномирани научници од сите етнички заедници. МАНУ исто така треба да биде институција која не смее да се партизира или да се злоупотребува од страна на поединци за дневно политички потреби. Ова е нешто што се случуваше во минатотo, е ставот на СДСМ во однос на најавите за формирање на Албанска академија на науките и уметностите.

Според СДСМ, она што треба јавноста да го знае е што ветил Мицкоски пред формирањето на Владата во однос на ова барање на ВЛЕН.

- Ова не е прв пат ВЛЕН и нејзините лидери да ја споменуваат aлбанската академија како проект, но Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно си молчеа. Кои други барања кои се неприфатливи за мнозинството граѓани, Мицкоски ги има одмолчано или ги има тајно прифатено? Најголемите патриоти Мицкоски и Димитриевски заради комотна позиција во власта изгледа се првеле глуви на овие барања на ВЛЕН, а сега се обидуваат да поентираат со некакво неприфаќање. Прашање е само што ќе биде цената за тоа и дали под маса има испорачано друго барање доколу академијата не помине, прашуваат од СДСМ.

Претставници и лидери на партиите кои ја сочинуваат коалицијата „Вреди“ викендов имаа средба со Здружението Албанска академија на науките и уметност во Тетово од која најавија дека општините ќе го финансираат ова здружение, а најавија и активности со цел да се оформи академијата како јавна установа.

The post СДСМ е против отворање на Албанска академија на науките и уметностите appeared first on Република.

]]>

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) треба да остане единствена институција во која членуваат реномирани научници од сите етнички заедници. МАНУ исто така треба да биде институција која не смее да се партизира или да се злоупотребува од страна на поединци за дневно политички потреби. Ова е нешто што се случуваше во минатотo, е ставот на СДСМ во однос на најавите за формирање на Албанска академија на науките и уметностите. Според СДСМ, она што треба јавноста да го знае е што ветил Мицкоски пред формирањето на Владата во однос на ова барање на ВЛЕН.
- Ова не е прв пат ВЛЕН и нејзините лидери да ја споменуваат aлбанската академија како проект, но Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно си молчеа. Кои други барања кои се неприфатливи за мнозинството граѓани, Мицкоски ги има одмолчано или ги има тајно прифатено? Најголемите патриоти Мицкоски и Димитриевски заради комотна позиција во власта изгледа се првеле глуви на овие барања на ВЛЕН, а сега се обидуваат да поентираат со некакво неприфаќање. Прашање е само што ќе биде цената за тоа и дали под маса има испорачано друго барање доколу академијата не помине, прашуваат од СДСМ.
Претставници и лидери на партиите кои ја сочинуваат коалицијата „Вреди“ викендов имаа средба со Здружението Албанска академија на науките и уметност во Тетово од која најавија дека општините ќе го финансираат ова здружение, а најавија и активности со цел да се оформи академијата како јавна установа.

The post СДСМ е против отворање на Албанска академија на науките и уметностите appeared first on Република.

]]>
Таравари за Албанската академија на науки и уметности: Oва засега е иницијатива во четири општини https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-za-albanskata-akademija-na-nauki-i-umetnosti-ova-zasega-e-initsijativa-vo-chetiri-opshtini/ Mon, 29 Jul 2024 09:47:08 +0000 https://republika.mk/?p=801280

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека нема несогласувања во владината коалиција во однос на нивната идеја за албанската академија за науки и уметности и нагласи дека тоа било програмска определба на „Вреди“ во текот на кампањата за претседателските и парламентарните избори. Според Таравари, сите идеи кои се однесуваат на науката и уметноста се добри и засега, како што рече, започнале како иницијатива во четири општини, а за понатаму сакаат да најдат решение кое е прифатливо за сите граѓани во земјава.

-Ние немаме несогласување, ова ни беше програмска определба уште кога беше кампањата пред претседателскит и парламентарните избори. Идеите, кои се однесуваат на уметноста и науката мислам дека се добри и убави. Засега почнавме како иницијатива од четири општини, а понатаму се надевам дека ќе најдеме решение, кое би било прифатливо за сите кои што живееме во Република Македонија, рече Таравари.

Во врска со реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која е и нивни коалициски партнер, дека науката не смее да се етницира, Тарвари вели дека се согласува и дека тие не ја етницираат науката.

-Науката никогаш не се етницира, таман работа, имаме повеќе универзитети, не ја етницираме и ќе имаме повеќе институции кои се занимаваат со наука и со уметност и да ги развиваме овие институции и што повеќе да ги поддржуваме, бидејќи секоја година кога се објавуваат резултатите на рангирањето на универзитетите, нашите за жал се за никаде. Сите да дадеме максимум од себе науката и уметноста на сите етнички заедници, кои живеат во Македонија, се повеќе и подобро да се развиваат, рече Таравари.

The post Таравари за Албанската академија на науки и уметности: Oва засега е иницијатива во четири општини appeared first on Република.

ДОМ: Формирање на Албанска Академија на науките и уметностите не води до интеграција, туку до поголема сегрегација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dom-formirane-na-albanska-akademija-na-naukite-i-umetnostite-ne-vodi-do-integratsija-tuku-do-pogolema-segregatsija/ Mon, 29 Jul 2024 07:49:35 +0000 https://republika.mk/?p=801211

Ставот на ДОМ е дека  иницијативата на ВЛЕН за формирање на Албанска Академија на науките и уметностите не води до интеграција и создавање на граѓанско општество со еднакви можности за сите , туку до поголема сегрегација .

Улогата  на МАНУ е да се промовора и негува науката и научните достигнувања како универзална вредност, која ги обединува сите етникуми не осврнувајќи се на политичките чинители во одреден момент.

The post ДОМ: Формирање на Албанска Академија на науките и уметностите не води до интеграција, туку до поголема сегрегација appeared first on Република.