Алан Кривин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alan-krivin/ За подобро да се разбереме Sat, 12 Mar 2022 18:08:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Алан Кривин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alan-krivin/ 32 32 Почина иконата на француската екстремна левица, поранешен европарламентарец и кандидат за претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochina-ikonata-na-francuskata-ekstremna-levica-poraneshen-evroparlamentarec-i-kandidat-za-pretsedatel/ Sat, 12 Mar 2022 18:08:46 +0000 https://republika.mk/?p=471853

Иконата на француската екстремна левица и поранешен претседателски кандидат, Алан Кривин почина на 80-годишна возраст.

Водачот на троцкизмот во Франција, три децении беше лидер на Револуционерната комунистичка лига (ЛЦР), која тој ја коосноваше во 1974 година.

Сè уште те слушам како велиш дека најдобриот начин да се прослави споменот на починатите е да се овековечи нивната борба… Да се направи тоа без тебе никогаш повеќе нема да го има истиот вкус - објави на Твитер, Оливие Безансно, кој беше милитант на ЛЦР, а потоа заедно со Кривин беа во Нова антикапиталистичка партија (НПА).

 

Емоција и тага. Тажна мисла до неговото семејство и братски поздрави до целото троцкистичко движење - коментираше претседателскиот кандидат на Бунтовниците, Жан-Лук Меланшон.

Роден на 10 јули 1941 година во Париз, Кривин потекнува од семејство на еврејска ситна буржоазија, имигранти од Централна Европа. Во 1966 година тој беше еден од основачите на Револуционерната комунистичка младина (РКМ) и стана една од фигурите на мај 68, заедно со Даниел Кон-Бендит, Жак Соважо и Алан Геизмар. Неговиот активизам му донесе еден месец затвор и доведе до распуштање на РКМ.

Потоа беше номиниран од новосоздадената Комунистичка лига како кандидат за претседателските избори во 1969 година, при што освои 1,06 проценти гласови. Се кандидираше и во 1974 година, кога освои 0,37 отсто гласови.

Крвин беше новинар во неделникот „Руж“ (Црвени), и европратеник од 1999 до 2004 година. Тој поднесе оставка од политичкото биро на ЛЦР во 2006 година, но остана портпарол на движењето до неговото распуштање во 2009 година.

The post Почина иконата на француската екстремна левица, поранешен европарламентарец и кандидат за претседател appeared first on Република.

]]>

Иконата на француската екстремна левица и поранешен претседателски кандидат, Алан Кривин почина на 80-годишна возраст. Водачот на троцкизмот во Франција, три децении беше лидер на Револуционерната комунистичка лига (ЛЦР), која тој ја коосноваше во 1974 година.
Сè уште те слушам како велиш дека најдобриот начин да се прослави споменот на починатите е да се овековечи нивната борба… Да се направи тоа без тебе никогаш повеќе нема да го има истиот вкус - објави на Твитер, Оливие Безансно, кој беше милитант на ЛЦР, а потоа заедно со Кривин беа во Нова антикапиталистичка партија (НПА).
 
Емоција и тага. Тажна мисла до неговото семејство и братски поздрави до целото троцкистичко движење - коментираше претседателскиот кандидат на Бунтовниците, Жан-Лук Меланшон.
Роден на 10 јули 1941 година во Париз, Кривин потекнува од семејство на еврејска ситна буржоазија, имигранти од Централна Европа. Во 1966 година тој беше еден од основачите на Револуционерната комунистичка младина (РКМ) и стана една од фигурите на мај 68, заедно со Даниел Кон-Бендит, Жак Соважо и Алан Геизмар. Неговиот активизам му донесе еден месец затвор и доведе до распуштање на РКМ. Потоа беше номиниран од новосоздадената Комунистичка лига како кандидат за претседателските избори во 1969 година, при што освои 1,06 проценти гласови. Се кандидираше и во 1974 година, кога освои 0,37 отсто гласови. Крвин беше новинар во неделникот „Руж“ (Црвени), и европратеник од 1999 до 2004 година. Тој поднесе оставка од политичкото биро на ЛЦР во 2006 година, но остана портпарол на движењето до неговото распуштање во 2009 година.

The post Почина иконата на француската екстремна левица, поранешен европарламентарец и кандидат за претседател appeared first on Република.

]]>