„Алаху Акбар“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alahu-akbar/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Sep 2024 16:32:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Алаху Акбар“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alahu-akbar/ 32 32 Албанец со мачета и извици „Алаху Акбар“ се обидел да влезе во полициска станица во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanets-so-macheta-i-izvitsi-alahu-akbar-se-obidel-da-vleze-vo-politsiska-stanitsa-vo-germanija/ Fri, 06 Sep 2024 16:32:42 +0000 https://republika.mk/?p=813904

Албански државјанин е уапсен откако во раните утрински часови денеска се обидел да влезе во полициска станица во Германија, во градот Линц, со мачета во раката.

Повикувајќи се германските медиуми, А2 Си-Ен-Ен, наведува дека настанот се истражува како терористички напад, бидејќи Албанецот, за кој се наведува дека има 29 години, кога се обидел да влезе во станицата извикувал „Алаху Акбар“.

Генералниот обвинител на Кобленц, Харалд Крузе, е убеден во тоа и ги истражува „преостанатите обиди за убиства“, објавија албанските медиуми.

-Албанецот, кој живее во малото гратче Линц (област Нојед/6500 жители), во петокот околу 02:40 часот тргнал пеш до станицата „Ам Конвикт“. Таму постојано извикуваше „Алаху Екбар“ и велеше дека сака да ги убие полицајците, рекол Крузе, пренесува телевизијата.

Она што мажот со мачета очигледно не го очекувал е дека за да стигне до полиција ќе мора да помине низ втора врата што може да ја отвори само чуварот.

Полицаецот успеал да ја затвори надворешната врата, при што Албанецот го заробил меѓу двете врати. Со струен удар бил неутрализиран и уапсен.

Првичните истраги откриле докази дека тој бил мотивиран од исламски радикализам, затоа случајот го презеде Централната канцеларија на државата Рајнланд-Пфалц за борба против тероризам и екстремизам при Јавното обвинителство во Кобленц“, додал обвинителот Крузе.

Според него по проверките во станот на Албанецот, на ѕид е пронајдено знаме на терористичката организација „Исламска држава“.

The post Албанец со мачета и извици „Алаху Акбар“ се обидел да влезе во полициска станица во Германија appeared first on Република.

]]>

Албански државјанин е уапсен откако во раните утрински часови денеска се обидел да влезе во полициска станица во Германија, во градот Линц, со мачета во раката. Повикувајќи се германските медиуми, А2 Си-Ен-Ен, наведува дека настанот се истражува како терористички напад, бидејќи Албанецот, за кој се наведува дека има 29 години, кога се обидел да влезе во станицата извикувал „Алаху Акбар“. Генералниот обвинител на Кобленц, Харалд Крузе, е убеден во тоа и ги истражува „преостанатите обиди за убиства“, објавија албанските медиуми. -Албанецот, кој живее во малото гратче Линц (област Нојед/6500 жители), во петокот околу 02:40 часот тргнал пеш до станицата „Ам Конвикт“. Таму постојано извикуваше „Алаху Екбар“ и велеше дека сака да ги убие полицајците, рекол Крузе, пренесува телевизијата. Она што мажот со мачета очигледно не го очекувал е дека за да стигне до полиција ќе мора да помине низ втора врата што може да ја отвори само чуварот. Полицаецот успеал да ја затвори надворешната врата, при што Албанецот го заробил меѓу двете врати. Со струен удар бил неутрализиран и уапсен.
Првичните истраги откриле докази дека тој бил мотивиран од исламски радикализам, затоа случајот го презеде Централната канцеларија на државата Рајнланд-Пфалц за борба против тероризам и екстремизам при Јавното обвинителство во Кобленц“, додал обвинителот Крузе.
Според него по проверките во станот на Албанецот, на ѕид е пронајдено знаме на терористичката организација „Исламска држава“.

The post Албанец со мачета и извици „Алаху Акбар“ се обидел да влезе во полициска станица во Германија appeared first on Република.

]]>