Алабин Курти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alabin-kurti/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 20:52:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Алабин Курти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alabin-kurti/ 32 32 Харадинај вели дека Курти нема веќе да биде премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/haradinaj-veli-deka-kurti-nema-veke-da-bide-premier/ Thu, 14 Nov 2024 20:52:28 +0000 https://republika.mk/?p=837892

Според поранешниот премиер Рамуш Харадинај, Албин Курти повеќе нема да ја води Владата на Косово по парламентарните избори идниот февруари.

„Курти повеќе нема да биде премиер, веќе нема да владее (партијата на Курти) Движењето самоопределување. Да сум на негово место веќе би имал напишано говор како иден опозиционер. Би испратил сигнали дека нема повеќе да ја држам државата во заложништво“, рече Харадинај.

Тој му порача на Курти да не одолговлекува, бидејќи државата има последици од неговото лошо владеење и тие последици сé повеќе се продлабочуваат.

„Ние немаме друг избор освен да ги санираме овие последици. Поради оваа причина, го барам водењето на Владата, дали по пат на ротација, трите опозициски партии да се договорат, едната една година, другата друга година и третата трета година. Јас барам да ја водам Владата на почетокот на владеењето, за да ги вратам оние доверливи, договорни односи со САД и другите сојузници. Да ги завршам некои тешки работи, а потоа владеењето да биде вообичаено, за економски развој. Додека, останувањето на Курти на власт не е опција, тој дел е завршен“, рече Харадинај.

The post Харадинај вели дека Курти нема веќе да биде премиер appeared first on Република.

]]>

Kурти си легна на брашното: Го враќа динарот веќе следната недела? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-si-legna-na-brashnoto-go-vraka-dinarot-veke-slednata-nedela/ Tue, 26 Mar 2024 13:49:49 +0000 https://republika.mk/?p=758977

Аналитичарот Африм Хоти за Косово онлајн изјави дека очекува решение за српскиот динар да биде постигнато на следната средба, закажана за следниот четврток, меѓу преговарачите во рамките на дијалогот во Брисел.

Да, дефинитивно мислам дека на следниот состанок ќе се постигне договор. Според мене, проблемот со српската валута е преувеличен без никаква потреба и се чини дека и двајцата преговарачи, како од Србија, така и од Косово, изразија подготвеност да се најде решение. Тоа е дефинитивно итно потребно, пред се заради Србите кои живеат на Косово за да можат да ги уживаат своите права и да бидат рамноправни со другите граѓани. Политичкиот маратон меѓу двете земји ќе заврши следната недела - рече Хоти.

Тој посочи дека затоа е потребен притисок од меѓународната заедница.

- Неопходен е притисок, особено ако се земе предвид отсуството на комуникација меѓу двете влади, меѓу Србија и Косово. Досега веќе се покажа, без реален и сериозен притисок од меѓународната заедница нема да има договор. Во овој поглед, мислам дека западните сили се решени да ги преземат неопходните чекори за да ги убедат страните да постигнат договор - заклучува аналитичарот.

The post Kурти си легна на брашното: Го враќа динарот веќе следната недела? appeared first on Република.

Ескобар: Курти го одби предлогот за динарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eskobar-kurti-go-odbi-predlogot-za-dinarite-2/ Sun, 17 Mar 2024 10:58:08 +0000 https://republika.mk/?p=755554

Претставникот на Соединетите Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека не успеал да го убеди косовскиот премиер Албин Курти да одговори на загриженоста на Западот во врска со забраната за употреба на српскиот динар на Косово.

Потребно ни е решение. Затоа побарав од премиерот да ја суспендира одлуката додека ние, заедно со Европската Унија, односно со САД и Косово, работиме на долгорочно решение кое ќе ги задоволи вашите потреби. Тоа вклучува електронски трансфери во евра преку косовскиот систем. Но, сега мораме да направиме нешто итно. За жал, не успеав да го натерам да се посвети на тоа - рече Ескобар.

Специјалниот претставник на САД престојуваше во официјална посета на Косово, каде што оствари средби со државниот врв и претставниците на опозицијата. Тој се сретна со политичките претставници на Србите на Косово, со кои разговараше за проблемите со кои се соочува српската заедница.

На почетокот на посетата на Косово на 13 март, Ескобар се сретна со претседателката Вјоса Османи, по што рече дека во наредните денови „ќе се сретне со многу луѓе бидејќи има многу работа“.

Прашањето за динарот беше и тема на дијалогот меѓу Косово и Србија на 27 февруари во Брисел, кој заврши без конкретен резултат, а специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак изјави дека се потребни дополнителни средби.

Косово инсистира дека откажувањето на динарот е „техничка работа“ и оти не треба да се разговара за тоа во контекст на дијалогот за нормализација на односите, додека Србија бара политичко решение.

The post Ескобар: Курти го одби предлогот за динарите appeared first on Република.

]]>

Претставникот на Соединетите Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека не успеал да го убеди косовскиот премиер Албин Курти да одговори на загриженоста на Западот во врска со забраната за употреба на српскиот динар на Косово.
Потребно ни е решение. Затоа побарав од премиерот да ја суспендира одлуката додека ние, заедно со Европската Унија, односно со САД и Косово, работиме на долгорочно решение кое ќе ги задоволи вашите потреби. Тоа вклучува електронски трансфери во евра преку косовскиот систем. Но, сега мораме да направиме нешто итно. За жал, не успеав да го натерам да се посвети на тоа - рече Ескобар.
Специјалниот претставник на САД престојуваше во официјална посета на Косово, каде што оствари средби со државниот врв и претставниците на опозицијата. Тој се сретна со политичките претставници на Србите на Косово, со кои разговараше за проблемите со кои се соочува српската заедница. На почетокот на посетата на Косово на 13 март, Ескобар се сретна со претседателката Вјоса Османи, по што рече дека во наредните денови „ќе се сретне со многу луѓе бидејќи има многу работа“. Прашањето за динарот беше и тема на дијалогот меѓу Косово и Србија на 27 февруари во Брисел, кој заврши без конкретен резултат, а специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак изјави дека се потребни дополнителни средби. Косово инсистира дека откажувањето на динарот е „техничка работа“ и оти не треба да се разговара за тоа во контекст на дијалогот за нормализација на односите, додека Србија бара политичко решение.

The post Ескобар: Курти го одби предлогот за динарите appeared first on Република.

]]>
Курти на српски им се заблагодари на сите што „веруваат во подобро Косово“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-na-srpski-im-se-zablagodari-na-site-shto-veruvaat-vo-podobro-kosovo/ Fri, 08 Dec 2023 08:27:42 +0000 https://republika.mk/?p=720912

Косовскиот премиер Аљбин Курти им се заблагодари на сите, на српски јазик, за, како што рече, „вербата во подобро Косово“ и посочи дека од почетокот на ноември 3.260 сопственици на автомобили ги замениле регистарските таблички со табличките на Република Косово, како и дека бројот на барања за биометриски пасоши годинава е за 30 отсто поголем од лани.

„Со оглед на фактот дека над 3.260 сопственици на автомобили од почетокот на ноември ги замениле своите регистарски таблички со оние на Република Косово, забележуваме интерес за интеграција, а разбираме и знаеме дека истото е во интерес на секој граѓанин на Косово, сите заедно“, рече Курти во видеото објавено на социјалната мрежа Х.

Курти потсети дека оваа недела бил домаќин на посетата на Парламентарното собрание на Советот на Европа во врска со барањето на Косово за влез во Советот на Европа.

„Знаеме дека членството носи предности, особено за припадниците на немнозинските заедници во однос на пристапот до Судот за човекови права во Стразбур. Затоа, ние сме посветени на апликацијата за членство како најдобар начин да се обезбеди заштита на правата на сите во Косово“, рече Курти.

Тој додаде дека овие посети доаѓаат во време кога граѓаните на Косово го прифаќаат својот европски идентитет не само од аспект на владеење и општество, туку и со шанса физички да се зближат со европските соседи поради визната либерализација.

„Граѓаните на Косово кои сакаат да ги посетат своите семејства и од прва рака да ја видат културата на земјите од шенгенскиот регион, од 1 јануари ќе можат слободно да патуваат без визен режим“, рече Курти и изрази задоволство што „интересот за искористување на оваа можност се протега низ целата држава.”

„Во светло на ваквите неодамнешни настани, им благодарам на сите што покажаа верба во подобро Косово“, рече Курти.

The post Курти на српски им се заблагодари на сите што „веруваат во подобро Косово“ appeared first on Република.

Курти: Во текот на следната година на Косово уште 600 војници и 500 полицајци https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-vo-tekot-na-slednata-godina-na-kosovo-ushte-600-vojnitsi-i-500-politsajtsi/ Sun, 05 Nov 2023 17:01:08 +0000 https://republika.mk/?p=698509

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека се очекува во текот на следната година во Косово да има уште 600 војници и 500 полицајци.

Курти рече дека во 2024 година уште 600 војници и 500 полицајци ќе учествуваат во спроведувањето на, како што рече, законот и уставноста, за одбрана и безбедност на Косово, јавија косовски медиуми.

„Кажете им на сите активисти и граѓани дека нема да можат да не спречат ниту на југ ниту на север“, рече Курти на партискиот состанок на движењето Самоопределување.

The post Курти: Во текот на следната година на Косово уште 600 војници и 500 полицајци appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека се очекува во текот на следната година во Косово да има уште 600 војници и 500 полицајци. Курти рече дека во 2024 година уште 600 војници и 500 полицајци ќе учествуваат во спроведувањето на, како што рече, законот и уставноста, за одбрана и безбедност на Косово, јавија косовски медиуми.
„Кажете им на сите активисти и граѓани дека нема да можат да не спречат ниту на југ ниту на север“, рече Курти на партискиот состанок на движењето Самоопределување.

The post Курти: Во текот на следната година на Косово уште 600 војници и 500 полицајци appeared first on Република.

]]>
Не е исклучен нов напад: Курти ги спореди Вучиќ и Радоичиќ со Милошевиќ и Аркан во 90-те https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ne-e-iskluchen-nov-napad-kurti-gi-sporedi-vuchik-i-radoichik-so-miloshevik-i-arkan-vo-90-te/ Sat, 30 Sep 2023 11:01:30 +0000 https://republika.mk/?p=686577

Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека нападот во неделата на северот на Косово не е граѓански отпор или дело на банди, туку напад на вооружени паравоени формации опремени и подготвени од Белград.

Во интервју за Ал Џезира, Курти наведува дека очигледно нападот бил извршен по наредба на Србија.

На прашањето дали косовските власти имаат разузнавачки информации за нови напади, Курти одговори дека има многу информации и дека тие „вооружени групи“, на кои, како што рече, српските вооружени сили им обезбедуваат опрема, оружје и муниција, постојано се вежбаат во близина на границите на Косово и „се подготвуваат за војна“.

Не е исклучена повторна агресија – рече Курти, додавајќи дека Србија сакала војната да започне во неделата, на 24 септември.

Тој го обвини Белград и вооружените групи дека сакаат да го повторат сценариото она започнувањето на војната во Сараево.

Според Курти, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, кои, како што рече, ја презедоа одговорноста за нападот на северот на Косово, се „Слободан Милошевиќ и Жељко Ражнатовиќ Аркан“, кои сакаат да го врати регионот во 90-тите.

Тој вели дека „паравоените групи“ во Косово се поврзани и со групи од Русија, како што е Вагнер, при што Вучиќ и Радоичиќ ги нарече „Путин и Пригозин“.

Косовскиот премиер го обвини Вучиќ дека „сака нова војна и геноцид, бидејќи сака Република Српска на Косово“.

Како што Русија на почетокот водеше хибридна војна во Украина, Србија тоа го прави против нас – изјави Курти за Ал Џезаира.

The post Не е исклучен нов напад: Курти ги спореди Вучиќ и Радоичиќ со Милошевиќ и Аркан во 90-те appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека нападот во неделата на северот на Косово не е граѓански отпор или дело на банди, туку напад на вооружени паравоени формации опремени и подготвени од Белград. Во интервју за Ал Џезира, Курти наведува дека очигледно нападот бил извршен по наредба на Србија. На прашањето дали косовските власти имаат разузнавачки информации за нови напади, Курти одговори дека има многу информации и дека тие „вооружени групи“, на кои, како што рече, српските вооружени сили им обезбедуваат опрема, оружје и муниција, постојано се вежбаат во близина на границите на Косово и „се подготвуваат за војна“. Не е исклучена повторна агресија – рече Курти, додавајќи дека Србија сакала војната да започне во неделата, на 24 септември. Тој го обвини Белград и вооружените групи дека сакаат да го повторат сценариото она започнувањето на војната во Сараево. Според Курти, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, кои, како што рече, ја презедоа одговорноста за нападот на северот на Косово, се „Слободан Милошевиќ и Жељко Ражнатовиќ Аркан“, кои сакаат да го врати регионот во 90-тите. Тој вели дека „паравоените групи“ во Косово се поврзани и со групи од Русија, како што е Вагнер, при што Вучиќ и Радоичиќ ги нарече „Путин и Пригозин“. Косовскиот премиер го обвини Вучиќ дека „сака нова војна и геноцид, бидејќи сака Република Српска на Косово“. Како што Русија на почетокот водеше хибридна војна во Украина, Србија тоа го прави против нас – изјави Курти за Ал Џезаира.

The post Не е исклучен нов напад: Курти ги спореди Вучиќ и Радоичиќ со Милошевиќ и Аркан во 90-те appeared first on Република.

]]>