Ал Шифа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/al-shifa/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Apr 2024 19:30:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ал Шифа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/al-shifa/ 32 32 Телата на стотици убиени цивили се пронајдени во болницата Ал Шифа по повлекувањето на израелските сили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/telata-na-stotitsi-ubieni-tsivili-se-pronajdeni-vo-bolnitsata-al-shifa-po-povlekuvaneto-na-izraelskite-sili/ Mon, 01 Apr 2024 19:13:26 +0000 https://republika.mk/?p=761051

Палестински медицински извори во Појасот Газа соопштија дека по целосното повлекување на израелските сили од внатрешноста на болничкиот комплекс Ал Шифа и неговата околина, западно од градот Газа, пронајдени се безживотните тела на стотици убиени цивили.

Локални извори потврдуваат дека претходно израелските сили целосно се повлекле од болницата Ал Шифа и околните станбени области и се движеле кон областите јужно од населбата Тал Ал-Хава, југозападно од градот Газа, пренесува палестинската новинска агенција Вафа.

Според очевидци, израелските сили ги запалиле сите згради на болницата Ал Шифа и ја направиле целосно неупотреблива.

Медицински извори објасниле дека израелската армија целосно уништила повеќе катови во зградата на специјализираните болнички одделенија, а го запалила и остатокот од комплексот, вклучително и одделот за итни случаи, уништувајќи ја целата медицинска опрема.

The post Телата на стотици убиени цивили се пронајдени во болницата Ал Шифа по повлекувањето на израелските сили appeared first on Република.

]]>

Палестински медицински извори во Појасот Газа соопштија дека по целосното повлекување на израелските сили од внатрешноста на болничкиот комплекс Ал Шифа и неговата околина, западно од градот Газа, пронајдени се безживотните тела на стотици убиени цивили. Локални извори потврдуваат дека претходно израелските сили целосно се повлекле од болницата Ал Шифа и околните станбени области и се движеле кон областите јужно од населбата Тал Ал-Хава, југозападно од градот Газа, пренесува палестинската новинска агенција Вафа. Според очевидци, израелските сили ги запалиле сите згради на болницата Ал Шифа и ја направиле целосно неупотреблива. Медицински извори објасниле дека израелската армија целосно уништила повеќе катови во зградата на специјализираните болнички одделенија, а го запалила и остатокот од комплексот, вклучително и одделот за итни случаи, уништувајќи ја целата медицинска опрема.

The post Телата на стотици убиени цивили се пронајдени во болницата Ал Шифа по повлекувањето на израелските сили appeared first on Република.

]]>
СЗО: Болницата Ал Шифа во Газа е „зона на смртта“, потребна е евакуација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/szo-bolnitsata-al-shifa-vo-gaza-e-zona-na-smrtta-potrebna-e-evakuatsija/ Sun, 19 Nov 2023 10:43:09 +0000 https://republika.mk/?p=703116

Светската здравствена организација побара евакуација на болницата Ал Шифа во Газа, која, наведува нејзиниот хуманитарен тим, стана „зона на смртта“, пренесуваат француските медиуми.

Организацијата соопшти дека нејзината мисија ја посетила болницата и во моментов го изготвува планот за нејзина евакуација.

Според СЗО, во болницата остануваат 25 здравствени работници, 291 пациент, од кои 32 бебиња во критична состојба, 22 пациенти на дијализа и двајца пациенти на интензивна нега. .

Хуманитарниот тим на СЗО ја опиша ситуацијата во болницата како „зона на смртта“ и „очајна“.

„Тимот виде болница што веќе не може да работи, нема вода, нема храна, нема струја, нема гориво, медицинските материјали се исцрпени“, изјави генералниот секретар на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на социјалната мрежа X.

„Со оглед на оваа очајна ситуација и состојбата на многу пациенти, вклучително и доенчињата, медицинскиот персонал побара помош за евакуација на пациентите кои не можеа да добијат спасувачка нега на лице место“, додаде тој.

Поголемиот дел од пациентите кои останале во болница имаат најмногу скршеници, ампутирани екстремитети, изгореници, повреди на градниот кош и абдоменот, а 29 пациенти имале сериозни повреди на ‘рбетот и не можеле да се движат без лекарска помош. Многу пациенти имаат сериозни инфекции поради недостаток на антибиотици и лоши хигиенски услови.

СЗО најави дека во наредните денови ќе бидат организирани неколку мисии за итна евакуација на пациентите. Тие ќе бидат однесени во болницата Насер и во Европската болница во Газа, иако и двете болнички установи веќе работат надвор од нивните капацитети.

Израелската армија, која во средата почна операција во самата болницата, тврди дека во неа се наоѓа команден центар на Хамас сместен во мрежата од подземни тунели.

The post СЗО: Болницата Ал Шифа во Газа е „зона на смртта“, потребна е евакуација appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација побара евакуација на болницата Ал Шифа во Газа, која, наведува нејзиниот хуманитарен тим, стана „зона на смртта“, пренесуваат француските медиуми. Организацијата соопшти дека нејзината мисија ја посетила болницата и во моментов го изготвува планот за нејзина евакуација. Според СЗО, во болницата остануваат 25 здравствени работници, 291 пациент, од кои 32 бебиња во критична состојба, 22 пациенти на дијализа и двајца пациенти на интензивна нега. . Хуманитарниот тим на СЗО ја опиша ситуацијата во болницата како „зона на смртта“ и „очајна“. „Тимот виде болница што веќе не може да работи, нема вода, нема храна, нема струја, нема гориво, медицинските материјали се исцрпени“, изјави генералниот секретар на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на социјалната мрежа X. „Со оглед на оваа очајна ситуација и состојбата на многу пациенти, вклучително и доенчињата, медицинскиот персонал побара помош за евакуација на пациентите кои не можеа да добијат спасувачка нега на лице место“, додаде тој. Поголемиот дел од пациентите кои останале во болница имаат најмногу скршеници, ампутирани екстремитети, изгореници, повреди на градниот кош и абдоменот, а 29 пациенти имале сериозни повреди на ‘рбетот и не можеле да се движат без лекарска помош. Многу пациенти имаат сериозни инфекции поради недостаток на антибиотици и лоши хигиенски услови. СЗО најави дека во наредните денови ќе бидат организирани неколку мисии за итна евакуација на пациентите. Тие ќе бидат однесени во болницата Насер и во Европската болница во Газа, иако и двете болнички установи веќе работат надвор од нивните капацитети. Израелската армија, која во средата почна операција во самата болницата, тврди дека во неа се наоѓа команден центар на Хамас сместен во мрежата од подземни тунели.

The post СЗО: Болницата Ал Шифа во Газа е „зона на смртта“, потребна е евакуација appeared first on Република.

]]>