Ал Џезеира Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/al-dzezeira/ За подобро да се разбереме Sun, 05 May 2024 17:56:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ал Џезеира Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/al-dzezeira/ 32 32 Нетанјаху ја затвори „Ал Џезеира“ во Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/netanjahu-ja-zatvori-al-dhezeira-vo-izrael/ Sun, 05 May 2024 17:56:11 +0000 https://republika.mk/?p=774589

Додека светот го прославуваше Светскиот ден на слободата на медиумите, израелската влада ги затвори канцелариите на „Ал Џезира“, со што на јавноста и оневозможи пристап до нејзината содржина, игнорирајќи ги универзално признатите основи на слободата на изразување, соопшти денеска медиумската мрежа на Ал Џезира.

„Со измамнички и клеветнички потег, израелскиот кабинет, предводен од премиерот Бенјамин Нетанјаху, едногласно гласаше за затворање на канцелариите на „Ал Џезира“ во Израел. Тие, исто така, одлучија да ги повлечат акредитациите на екипите, како и да им забранат на давателите на медиумски услуги да ги емитуваат емисиите и да ги блокираат веб-страниците на медиумската мрежа „Ал Џезира“, се наведува во соопштението.

Медиумската мрежа „Ал Џезира“ „најостро го осудува овој криминален чин кој ги крши човековите права и основното право за пристап до информации“. Ал Џезира го потврдува своето право да продолжи да обезбедува вести и информации за својата глобална публика, додава медиумот.

Постојаното сузбивање на слободните медиуми од страна на Израел, што се гледа како обид за прикривање на неговите акции во Појасот Газа, е кршење на меѓународното и хуманитарното право. Директното таргетирање и убивање на новинари од страна на Израел, апсењата, заплашувањата и заканите нема да ја одвратат „Ал Џезира“ да известува, додека повеќе од 140 палестински новинари се убиени од почетокот на војната во Газа“, се истакнува во соопштението.

Мрежата жестоко ги отфрла обвинувањата на израелските власти кои сугерираат дека ги прекршила професионалните медиумски стандарди. Повторно ја потврдува својата непоколеблива посветеност на вредностите отелотворени во Етичкиот кодекс.

„Ал Џезира“ ги повикува сите организации за слобода на медиумите, организациите за заштита на човековите права и другите заинтересирани организации да ги осудат повторените израелски напади врз новинарите и медиумите и да ги повикаат одговорните на одговорност. Мрежата ќе ги користи сите достапни правни канали преку меѓународните правни институции во обид да ги заштити и своите права и правата на новинарите, како и правото на јавноста на информирање. Таргетирање новинари е кривично дело“, нагласува медиумот.

The post Нетанјаху ја затвори „Ал Џезеира“ во Израел appeared first on Република.

]]>

Ал Џезира го обвини Израел за смртта на новинарката на Западниот Брег https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/al-dzezira-go-obvini-izrael-za-smrtta-na-novinarkata-na-zapadniot-breg/ Wed, 11 May 2022 08:31:58 +0000 https://republika.mk/?p=500934

Ал Џезира денеска го обвини Израел за смртта на новинарката која беше убиена додека известуваше за израелски напад на Западниот Брег.

Како што е наведено, Ширин Абу Аклех, позната палестинска новинарка, била погодена со куршум во главата и набргу потоа починала.

Уште еден палестински новинар кој работи за Ал Кудс со седиште во Ерусалим е ранет, но е во стабилна состојба.

Катарската телевизија го обвини Израел и во соопштение објавено на својот канал ја повика меѓународната заедница „да ги осуди и да ги смета израелските окупаторски сили одговорни за намерното таргетирање и убиство на колешката Ширин Абу Аклех“.

На видеото од инцидентот се гледа како Абу Аклех носи син заштитен елек на кој јасно пишува „ПРЕС“.

Израелската армија соопшти дека нејзините сили биле цел на силен оган и експлозиви за време на операцијата во Џенин и дека возвратиле.

Се додава и дека „армијата го истражува настанот и ја испитува можноста новинарите да биле погодени од вооружени Палестинци“.

The post Ал Џезира го обвини Израел за смртта на новинарката на Западниот Брег appeared first on Република.

]]>

Ал Џезира денеска го обвини Израел за смртта на новинарката која беше убиена додека известуваше за израелски напад на Западниот Брег. Како што е наведено, Ширин Абу Аклех, позната палестинска новинарка, била погодена со куршум во главата и набргу потоа починала. Уште еден палестински новинар кој работи за Ал Кудс со седиште во Ерусалим е ранет, но е во стабилна состојба. Катарската телевизија го обвини Израел и во соопштение објавено на својот канал ја повика меѓународната заедница „да ги осуди и да ги смета израелските окупаторски сили одговорни за намерното таргетирање и убиство на колешката Ширин Абу Аклех“. На видеото од инцидентот се гледа како Абу Аклех носи син заштитен елек на кој јасно пишува „ПРЕС“. Израелската армија соопшти дека нејзините сили биле цел на силен оган и експлозиви за време на операцијата во Џенин и дека возвратиле. Се додава и дека „армијата го истражува настанот и ја испитува можноста новинарите да биле погодени од вооружени Палестинци“.  